You are on page 1of 1

Римска робовладетелска држава

Римската држава имала многу добро оранизирана војска во која богатите служеле
во коњаницата, а селаните во пешадијата. Војниците биле добро вооружени и
заштитени што резултирало со значително проширување на државата. Најпрвин,
Рим ги водел пунските војни кои завршиле со поразот на Картагина, а во третиот
век п.н.е. започнале воените походи на Балканот. Први на удар се нашле Илирите
кои воделе 3 војни со Рим, по што биле поразени во 168 год п.н.е и им биле
наметнати огромни даноци. Македонија во тој период била многу моќна и
привлечна земја за Римјаните и тие воделе 3 војни кога на крајот ја поразиле во
битката кај Пидна во 168год.п.н.е. Со освојување на останатите држави на
Балканот Римјаните вовеле големи даноци и заробиле голем дел од
населението. Балканските народи постепено ги прифаќале латинскиот јазик, и
римската култура. Во старите балкански градови Римјаните подигале нови градби
во римски стил: палати, театри, храмови, водоводи и бањи. На тој начин
започнала романизација на балканските народи. По успешните освојувачки војни,
нивниот бројoт многу се зголемил. Најмногу робови имале богатите Римјани и тие
биле слабо хранети и облекувани, а ги работеле најтешките работи. Посебен вид
робови биле државните робови- гладијатори. Тие биле силни робови, кои во
посебни школи учеле да се борат. Потоа за забава на Римјаните се бореле до
смрт меѓу себе или со диви животни. Со текот на времето поробените народи се
почесто се бунтувале поради својата тешка положба. Римјаните на почетокот
успевале да ги задушат бунтовниците, но потоа востанијата се повеќе и повеќе ја
ослабнувале државата.  Војниците не примале редовно плата и не биле
заинтересирани за војување, стопанството ослабнало, производството многу се
намалило, а државата водела одбранбени војни против варварските племиња.

You might also like