You are on page 1of 2

Н.Н.

Занимливости

Н. Козаците – воинствен народ од степите

П.Н. Козаците долго време беа инспирации за романтичарите кои ги идеализираа како симбол на
слободата и отпорот кон надворешните власти. Збор „Козак“ значи „слободен човек“, а најчесто
војувале против Османлиското Царство и нивните сојузници, особено со Татарите од Крим.
Нивниот главен центар бил Запорошка Сеча на островот Хортица, на реката Днепр.

Козаците се познати како големи воини и јавачи на коњи. Историски гледано, тие биле
полуномадски и полумилитаризиран народ, на кои, додека биле под номинална власт на разни
источноевропски држави во тоа време, им бил дозволен голем степен на самоуправа во замена за
воена служба. Живееле на Понтско-касписката степа, односно во источна Украина и јужна Русија.

Збор „Козак“ значи „слободен човек“, а најчесто се занимавале со лов, риболов и со војување.
Војувале против Османлиското Царство и нивните сојузници, особено со Татарите од Крим.
Нивниот главен центар бил Запорошка Сеча на островот Хортица, на реката Днепр. Подоцна,
околу ова о јадро се собрала поголема маса украински селани кои во текот на 16 и 17 век постојано
кревале востанија против полската власт.

Козачката структура се појавила, делумно, како одговор на борбата против татарските напади.
Социо-економските случувања во Полско-литванскиот Комонвелт биле уште еден важен фактор за
растот на Козаците. Во текот на 16 век, крепосништвото било наметнато поради поволните услови
за продажба на жито во Западна Европа. Ова последователно ја намалило распределбата на
земјиштето на локалното население и слободата на движење. Покрај тоа, полско-литванската
влада на Комонвелтот се обидела да го наметне католицизмот и да го колонизира локалното
украинско население.

Во историјата, Козаците се споменуваат во 17 век во однос на украинската буна против Полско-


литванската унија, во која тие одиграле значајна улога. Со цел да создадат специјални јуришни
одреди а и штитеници на границите на Руското Царство, царот ги ослободил Козаците, со што ги
задолжил да му служат.

Козаците имале свои примања за разлика од другите т.н. закрепостени селани. Поради тоа, многу
селани пребегувале во козачките населби и се бореле за царот за да уживаат во некаква слобода, па
нивните броеви многу пораснале во наредните два века. Но цената на слободата била да се наоѓаат
во првите борбени редови во воените походи, а и да ја штитат границата на Русија. Така, тие
живееле специфични војнички животи, со генерации. Затоа и се одликуваат со храброст,
воинственост, лојалност, култ кон семејството итн. Нивните познавања во областа на јавањето
биле огромни, така што се сметаат за едни од најдобрите јавачи во светот.

Во 19 век тие станале препознатлив знак за руската царска армија. Во секоја битка најголем
проблем на противникот им претставувале брзите коњаници кои безглаво јуришале директно кон
нив. Учествувале во многу од војните во 18 и 19 век. За време на Руската граѓанската војна, голем
број се бореле на страната на белогардејците, зашто се сметале за должни кон царот, но некои од
нив се за Црвената армија. Козаците од Донската област биле главните противници на
болшевиците и главно оружје на белогардејците.

За време на Втората светска војна, голем број на Козаци се бореле на фронтот на страната на
советските сили. Но значајно е тоа што во германската СС имало и козачки одред составен од
Козаци кои се бореле против комунистичките војски, на страна на Германија. Поради тоа, а и
поради историското противење на комунизмот, Козаците биле угнетувани од страна на советскиот
диктатор Сталин.

Денес, помеѓу 3,5 и 5 милиони луѓе се поврзуваат со козачкиот културен идентитет ширум светот,
иако мнозинството, особено во Руската Федерација, имаат мала или никаква врска со
оригиналниот козачки народ бидејќи културните идеали, наследството и геномите во голема мера
се промениле со текот на времето. Козачки организации се активни во Русија, Украина,
Белорусија, Казахстан, Канада и САД.

You might also like