You are on page 1of 2

берија[уреди | уреди извор]

Главна статија: Иберија


Иберија е назив кој бил користен од страна на Стара Грција за денешниот Пиринејски
Полуостров (наречен и „Пиринејски Полуостров“). Овој термин бил користен и од страна
на Херодот. Проучувањето на Пиринејскиот Полуостров како географска целина се
одвивало доста бавно. Еден од факторите бил поради разделеченоста од античкиот
свет. Старите Грци и Фенекијците во однос на оваа територија ја користиле најмногу од
економски интерес, според кое се смета дека сепак овие народи ја познавале многу добро
Иберија, како по нејзиното крајбрежје така и во нејзината внатрешност.
За овој период од историјата на Иберија се знае дека во текот на 1 век,
кралот Мавретанијан Јуба II имал огромна библиотека која содржала текстови и книги
од Фенекија, и дека еврејскиот географ Марино од Тир поседувал материјали од таму кои
му помогнале да ја состави картата на тогашниот познат свет. Но, ниту Грците ниту
Римјаните не обраќале големо внимание на овие документи, така што голем дел од нив се
исчезнати.
Во античко време, терминот Иберија немал географска, туку етничка основа. Познато е
дека Ибериските племиња во 6 век п.н.е. живееле во околината на Монпелие, и дека во 5
век п.н.е., Есхил напишал „Рона тече покрај Иберија“.

Хиспанија[уреди | уреди извор]


Главна статија: Хиспанија

Римски мост во Кордоба


Хиспанија е име кое Римјаните го користиле за наименување на Пиринејскиот Полуостров.
Римското освојување на полуостровот траело вкупно два века. Освојувањето на
полуостровот било исполнето со крвави битки. По освојувањето на Хиспанија од страна
на Римското Царство, процесот на романизација на тамошните народи се одвивало без
поголеми проблеми. Рим продонел од една страна многу за развивањето на полуостровот.
Процесот на романизација започнал уште со победата на Римјаните над Картагина во
Втората Пунска војна. Еден од најзначајните моменти на процесот на романизација на
Хиспанија се случил во времето на императорот Веспазијан, кој доделил граѓанско право
на хиспанските градови во 74 година, овозможувајќи им да добијат статус на римска
општина. Тој статус им овозможил на Трајан и неговиот наследник Адријан, кои биле
родени во Хиспанија, да станат римски императори.
Со доаѓањето на римјаните на Пиринејскиот Полуостров, тие главно се населувале или во
постоечките градови или основале нови. Едни од најпознатите градови кои биле
создадени во тоа време се: Таракон (лат. Tarraco), денешна Тарагона, Италика
(лат. Italica), град во покраината Севиља, Емерита Августа (лат. Emerita Augusta),
денешна Мерида.

You might also like