You are on page 1of 10

Филип II Македонски

• Филип II Македонски, бил крал на Античка Македонија ( 359-336г.п.н.е. )


и татко на Александар III Македонски, во бракот со Олимпија, и синот
Филип III Аридеј, во бракот со Филина. За време на неговото владеење,
започнува големио подем на античката македонска држава

• Филип, бил роден во Пела во 382г.п.н.е., како најмладиот син на царот Аминта III и царицата
Евридика. Во својата младост, бил заложник во Теба, водечкиот град на Грција, во тоа време.
Додека престојувал во Теба, се стекнал со грчко воено и дипломатско искуство од страна на
Епамонид, тебански генерал. По смртта на неговите браќа, Александар II и Пердика III, тој
застанал на кралскиот трон во 359г.п.н.е.
ФИЛИП II МАКЕДОНСКИ
А

• По доаѓањето на власт, извршил реформи, и вовел постојана платена војска со прочуената македонска
фаланга, основна единица, а притоа вовел и коњаница, направи за опсада на градови и фрлање на камења и
стрели!
• Неговите воени способности придонеле Кралството Македонија да стане и регионална сила.
• Тој војувал успешно, со своите соседи. Најпрво, во 358г.п.н.е. Го поништил отпорот на локалните
македонски племиња и ја проширил својата власт на север до Охридско езеро. Во 357г.п.н.е. Ја зазел
атинската колонија Амфипол, која управувал со рудниците а злато на пл. Пангајон.
• Тој го усовршил ковањето на парите, и ја зацврстил македонската монета, која почнела да се употребува и
во цела Грција, т.е. го вовел статерот – златна монета, која била пуштена во мѓународен опсег, за да можат
да ја користат Македонците, насекаде!
• Во 357г.п.н.е. се оженил со епирската принцеза Олимпија, а во 355г.п.н.е. го освојува градот Кренид, кој го
преименува во Филипи!
• Посериозен отпор, Филип II искусил против Атињаните во Термопили, 352г.п.н.е. Таа година, Филип ја
освоил Тесалија!
• Тој ја поттикнувал борбата меѓу аристократските и демократските сили, во Грција, со што при нивен судир,
Грција севкупно би ослабела, и би му го олеснила патот на Филип II кон освојување на самата Грција.
• Од 352 до 346г.п.н.е., тој не продрира јужно, него освојува кон источниот регион, доаѓајќи до р.Хебрус
• Во 349г.п.н.е., Филип ја започнува опсадата над халкидскиот град Олинт, отпрвин како сојузник, кој
подоцна преминува на страната на Атина.
• Атињаните, не го спречуваат овој напад, со што градот бил срамнет со земја, а неговите жители биле
продавани како робови, од страна на Филип II
• Потоа, тој започнува и опсади на Перинт и Византион, но и двете неусшени
БИТКАТА КАЈ ХАЈРОНЕЈА

• Неуспешните опсади на Перинт и Визант го загрозуваат влијанието на Филип во Грција. Сепак, набрзо
Филип, со придружба на 18-годишниот син, Александар III, ги победил здружените Тебанци и Атињани во
битката кај Хајронеја во 338 г.п.н.е.
• Во 337 п.н.е. на конгресот на грчките градови во Коринт, сите тие, освен Спарта, биле приморани да го
потпишат Општиот Мир диктиран од Филип II и ја формираат Коринската лига.
• Условите на мирот биле: да не војуваат меѓусебно, склучување на сојузи, менување на политичкото
уредување, стапување на служба во туѓи држави, објавување на војна на секој кој ќе го прекрши мирот.
• Иако со овој договор им давал автономија на полисите и не ги ставал директно под македонска власт тие
биле зависни од Македонската држава со бројните ограничувања и немањето на надворешна политика.
Филип бил избран за водач (хегемон) т.е. за политички и воен водач. Со Општиот Мир и обезбедената
заднина од можни востанија во Грција тој започнал големи воени подготовки за походот што планирал да го
презеде против најголемата тогашна империја - Персија.
Сепак, на жалост Филип II не успева да го поведе походот
против Персија, бидејќи во 336 п.н.е. бил убиен во Ајга за
време на свадбата помеѓу Александар I Епирски и
Клеопатра, ќерка на Филип од неговиот брак со Олимпија.
Убиец бил Павзаниј од Орестида, еден од неговите седум
телохранители. Постојат разни контроверзи, во врска со тоа
дали ова убиство било испланирано или не, а воедно и кој го
организирал, ако веќе претходно било организирано.
Македонската фаланга (пешадија), како една од 3-те главни реформи, кои ги
извршил Филип II, за време на своето владеење
256 војника по одред, секој држи остро копје долго 6метри, првиот ред насочен
директно кон противникот, додека преостанатите редови, насочени нагоре
Споменик на Филип II – Скопје, како еден од најбитните
личности во историјата на Македонија
Благодарам на вниманието !

ИЗРАБОТИЛ:
ТРАЈЧЕ ВАСИЛЕВСКИ,
II-6

You might also like