You are on page 1of 11

Филип II

ИЗРАБОТЕНО ОД ДОНЕ АНГЕЛОВ II-8


Кој е Филип II
 Крал на Македонија, Филип Втори станал познат во историјата како освојувач на соседна
Грција. Тој успеал да создаде нова армија, да ги консолидира напорите на својот народ и
да се прошири овластувањата на границата. Успехот на Филип II бил тој кој ги создадел
сите предуслови за големите достигнувања на неговиот наследник. Тој бил наследник на
династиjата Аргеади, син на кралот Аминта III. На 23-годишна возраст станал крал на
македонската држава. Се стекнал со слава на генијален стратег, храбар војсководец и
одличен дипломат. Во бракот со Олимпија се родил синот Александар III Македонски, а
од бракот со Филина синот Филип III Аридеј. Како македонски басилевс спроведува
воени реформи, создава професионална војска, пешадија (македонска фаланга) и од
придружниците и другарите на кралот благородничка коњица (хетајри). Ковал златни и
сребрени монети (филипики и статери).
РАНИТЕ ГОДИНИ
 Филип II Македонски е роден 382 година п.н.е. Неговиот татко, македонскиот крал Аминта
III и мајка му Евридика, имале уште два сина и една ќерка, Александар, Пердика и
Евринеја. Филип имал уште три полубраќа Архелај, Архидеј и Менелај, родени во вториот
брак на кралот Аминта со Гигеја. Неговиот татко, умрел кога Филип имал 12 или 13
години, а неговиот најстар брат тогаш станува крал на Македонија како Александар II.
Македонија во овој период се соочувала со сериозни предизвици во однос на нејзината
безбедност и опстанок. Тебанскиот војсководец Пелопида во неколку наврати ќе му нанесе
порази на македонскиот крал Александар II и на Птоломеј, а како гаранција дека
постигнатите договори ќе бидат почитувани од страна на Македонија си обезбедил
заложници. Меѓу нив бил и Филип, кој од 368 п.н.е до 365 п.н.е година минал како
заложник во Теба.
 За сето време поминато во заложништво Филип се стекнал со образование по филозофија и
други науки кои ги изучувал кај питагорејски филозов, но најмногу престојот во Теба
влијаел врз војничкиот развој на Филип кој ја согледува потребата од кординираното
дејство на пешадијата и коњицата.
Доаѓање на власт
 Во меѓувреме, на чело на македонската држава дошол неговиот брат Пердика III кој бил
подржуван од Теба, а во 365 г.п.н.е. со неполни 18 години Филип бил вратен во
Македонија. По враќањето во Пела, брат му доделил кнежевство на управување. Филип
како докажан и храбар борец против Илирите ја имал подршката на македонската војска.
Се смета дека соочени со опасноста од нова офанзива на Илирите, во зимата 359 година
п.н.е., Собранието на Македонците под оружје, во Пела, го избрале Филип за македонски
крал, како Филип II.
Македонија за време на Филип II
 Древната македонска држава доживеела подем во времето на Филип. Тој ја согледал
разединетоста на гричките држави и одлучил да ја искористи таа слабост за да ја освои
Грција. Тој почнал да се подготвува. Во тоа време Македонија немала војска туку само
старешините по потреба за одбрана на државата собирале војска.
Оклопот на Филип Штитот на Филип
 Со добро организирана војска Филип II можел да води војни. Прво тој ги покорил
Тракијците во северниот дел на Македонија. Ги зазел областите се до Охридското
езеро. Големи богатства добивал од деловите кој ги освојувал на егејска
Македонија. Со добиените ресурси тој изградил голема војска и морнарница.
 Откако ја проширил државата, Филип II започнал да го остварува планот за
доминирање на Грција. Во разидинените држави нашол и свои приврзници.
Особено бил поддржан од богатите робовладетели. Некои пак го поддржувале
очекувајки дека неговата помош ќе го запре внатрешното слабеење на грчките
држави.
 Некои пак биле приврзани за демоктритаја и биле за борба против против Филип.
Најголем противник бил Демостен. Тој успеал да ги убеди Атињаните да се борат
против Македонија. Така бил создаден сојуз, на чие чело застанала Атина.
Војната со Атина
 Филип II не бил задоволен од овој сојуз и тргнал со голема војска да ја уништи Атина. Одлучна била
битката кај Херонеја во Грција 338 год. п.н.е. Филип извојувал победа. Наскоро тој свикал општогрчко
собрание во Коринт каде што се прогласил ,,општ мир”. Според договорот Филип се обврзал да им
даде незвисност на сите полиси и да ги заштитува од побунетите и безземјашите. Бил создаден
општогрчки сојуз на чело со Македонија. Целта на овој сојуз е заштита на интересите на
робовладетелите и да се уништи Персија која била голем противник на Македонија и другите држави
на Балканот.
 Кога во 336 год. п.н.е. Се готвел за војна со Персија кога ненадејно бил убиен од неговите непријатели.
Негов наследник бил Александар III македонски кој многу ја проширил македонија.
Круната на Филип II

Гробницата во Вергина(Кутлеш)

You might also like