You are on page 1of 11

Универзитет ,,Гоце Делчев’’ - Штип

ЗЕМЈОДЕЛСКИ ФАКУЛТЕТ

Проектна задача по

Предмет - Здраствена заштита на животните

ТЕМА: Дезинфекција за примарно сточарско производсво

Ментор: Изработил:

Штип, Мај 2015


Содржина:

Вовед....................................................................................................................3

Дезинфекција за примарно сточарство производство......................................4

Фази на дезинфекција..........................................................................................5

Видови на дезинфекција......................................................................................7

Превентивна дезинфекција.................................................................................7

Тековна дезинфекција .........................................................................................8

Завршна дезинфекција.........................................................................................8

Заклучок.................................................................................................................10

Користена литература..........................................................................................11
Вовед:

Сточарското производство како мошне значајна гранка на земјоделството


зазема значајно место во структурата на доходот на фармерите, но и во
целокупната економија. Способноста за конверзија на евтината растителна храна
(отпадоци и нус-производи од полјоделството и прехранбената индустрија) во
високо квалитетни производи за исхрана на хуманата популација му дава посебно
значење на сточарското производство. Според студијата на Европската
асоцијација за анимално производство (ЕААP) во долгорочниот развој и
перспективите на сточарското производство во Европа е оценето дека идниот
тренд на сточарското производство првенствено ќе биде условено од: еколошките
услови, традицијата на сточарското производство, обликот на користење на
фармите, како и економските фактори.

Одгледувањето на говедата, овците и козите во државата главно се


изведува од страна на земјоделските малосопственици, што подразбира
индивидуални земјоделски производители. Производството е насочено за нивна
сопствена потрошувачка, но дел од нив пласираат производи и до откупни центри.
Забележливо е и постоењето на одреден број комерцијално ориентирани семејни
фарми, како големи специјализирани сточарски производствени претпријатија, чии
број е во опаѓање.

Според податоците на ДЗС на Република Македонија во 2010 година


највисок процент од говедата, овците и козите (97,1 % од говеда, 95,8 % од овците
и 98,7 % од козите) се одгледуваат во индивидуалиот сектор, додека остатокот
отпаѓа на деловниот сектор.
Дезинфекција за примарно сточарство производство

Целта на чистењето (санитација) и дезинфекцијата е уништување на


микроорганизмите во просториите каде што се сместени добитокот, приборот и
опремата. Примарно треба да бидат уништени патогените микроорганизми,
бидејќи тие кај животните предизвикуваат заразни болести и различни видови на
инфекции (воспаленија), од кои животните заболуваат, а некои дури и умираат.

Пролетта е оптималан период за дезинфекција на трлата, приборот и


опремата во овчарските и козарските фарми. Потребата е поголема ако се знае
дека во овој период започнуваат интензивни подготовките за продажба на
јагнињата, а овците во овој период се најосетливи на болеста заразна кривотница.

За успешно одгледување на стока, односно осигурување на здраво и


продуктивно стадо, одгледувачите на ситен добиток (овци и кози) мора да се
запознаат со основните потреби за дезинфекција и начинот на кој треба да ја
спроведат дезинфекцијата во сопствената фарма. За да се постигне саканата цел,
спречување на заразни болести и нивно ширење во стадото, мора да се изврши
дезинфекција.

Разликуваме два основни вида на дезинфекција:

1. Превентивна дезинфекција - се врши најмалку еднаш годишно (напролет или


наесен) и има за цел да го спречи ширењето на заразата.

2. Интервентна дезинфекција - се врши после појавени причинители на болест и


има за цел да изврши уништување на причинителите на болеста. Оваа
дезинфекција предвидува темелно чистење на просториите, со изнесување на
целокупниот подвижен инвентар надвор од шталата, каде што ќе биде
дезинфекциран.

Постилката, сеното, сламата и другата храна со помала вредност треба да бидат


запалени или компостирани, за да се спречи ширењето на болеста.
Фази на дезинфекција:

1. Механичко чистење, кое се состои од темелно суво чистење, после што


просториите се наквасуват со ладна вода. Потоа, нечистотијата се струга со остри
четки и метли и се пере со ладна вода. Ако фармерот има услови, наместо
стругање, може да употреби апарат за високомлазен напон на вода.

2. Сушење на исчистените простории и опрема

3. Дезинфекција на просториите и опремата, која се врши со темелно


попрскување со раствор на дезинфициенс.

4. Сушење на објектот и опремата

5. Вселување на стоката

Изборот на дезинфециенси, кои ќе се користат, зависи од видот на


микроорганизмите кои сакаме да ги уништиме, како и од формата на
произведениот препарат.

- Најчесто се користат: хлорни препарати (Izosan G, хлорна вар), варно млеко и


жива сода (каустична сода) или

- Водени раствори од ладни дезинфециенси или топли дезинфециенси (60-70°C)


кои се нешто поскапи, но имаат поголемо бактерицидно дејство.

Нанесувањето на дезинфекционото средство е со распрскување, со помош на


различни прскалки и со предходно утврдување на оптималниот раствор. За точно
утврдување на оптималниот раствор на дезинфециенс треба да се пресмета
квадратурата на просторијата (под, ѕид, таван, хранилки, поилки) и да се следи
упатството на производителот на дезинфекционото средство.

За водени раствори (на 1м2 површина = 0,5 - 1 литар раствор)

Пример. За жива сода (каустична сода) (2-4% раствор) 2% раствор на жива сода =
100 литри вода + 2 кг жива сода , 4% раствор на жива сода = 100 литри вода + 4 кг
жива сода.
Најдобро е целата просторија и опрема двапати или трипати темелно да бидат
попрскани. После дезинфекцијата е забранет влез во трлото, се` додека објектот
и опремата целосно не бидат исушени.

За дезинфекција на земјен под каков што е најчесто е во овчарските фарми,


најпрво треба да се откопа површинскиот слој на земја (околу 10 см), а потоа да
се насипе здрава незагадена земја од друго место. Потоа подот треба да се
попрска со 20% раствор на хлорна вар или 2% раствор на формалин во доза од
20 мл/м2 .

Чистењето и дезинфекцијата мора да бидат совесни и стручни.

Брзата и површинска дезинфекција е само непотребно вложен труд, време и пари,


со мал или без никаков ефект.

Без добра дезинфекција нема успешно сточарско производство.


Дезинфекција на бариери (дез бариери) е од посебно значење, бидејќи тоа се
посебно припремени површини (садови, бетонски вдлабнатини, тло или корито)
преку кои мора да се помине со возило или пешки, пред да се влезе во трлото или
мандрата, за да се спречи внес на микроорганизми во објектите. Овие дез
бариери мора да бидат така поставени за да не можат да бидат прескокнати или
заобиколени. Бариерите треба да бидат со длабочина од 6-8 см и во нив треба да
бидат поставени:

- агресивни хлорни препарати, жива сода, карболна киселина или

- појаки раствори на дезинфециенси

Растворот во бариерите треба да се менува редовно, особено ако во меѓувреме


врнело дожд. Во помалите дез бариери наменети за луѓе, во мали корита се
постила синтетичка подлога натопена во дезинфециенс за дезинфекција на
обувките, која лесно се пере и повторно натопува со раствор. Пред секој влез во
објектот, треба да постои сад со дезинфециенс за дезинфекција на рацете.
Во помалите фарми препорачливо е да постојат барем дез бариери наменети за
луѓе.

Видови на дезинфекција

Во зависност од видот на микроорганизмите, времето и условите на


изведување, дезинфекцијата може да биде превентивна (профилактична), тековна
и завршна.

Превентивната дезинфекција претставува постапка за уништување на


микроорганизмите кои може да ги има на површините надвор и во објектите на
опремата и воздухот, а кои во одредени поволни услови за тоа, може да
предизвикаат болести кај животните и луѓето или да предизвикаат расипување на
храната. Овој вид на дезинфекција претставува составен дел од менаџирањето на
фармите и погоните во прехранбената индустрија. Така, на пример, оваа мерка
задолжително се спроведува по завршувањето на секој производен ден во
преработувачките погони на прехранбената индустрија. Изборот на средство за
дезинфекција треба да се врши врз основа на спецификите кои ги има
производниот процес, бидејќи секој преработувачки погон има своја
„микробиологија“. На тој начин, насочувајќи се кон правилен избор на средствата
за дезинфекција ќе се постигне и најдобар ефект. Меѓутоа, потребно е да се
имаат во предвид некои моменти. Така, долготрајната употреба на едно исто
средство за дезинфекција и во несоодветна концентрација, може да доведе до
појава на резистенција на микроорганизмите спрема тоа средство, па
дезинфекцијата да има слаб или никаков ефект. Затоа, потребно е по извесен
период да се промени средството за дезинфекцција. При подготовката на
концентрацијата на растворот за дезинфекција, треба да се почитуваат
препораките на производителот, затоа што на пример, зголемувањето на
концентрацијата не значи дека ќе има и подобар ефект. На пример, вообичаено
средство за дезинфекција при појава на вирусни болести е раствор на NaOH, кој
најдобар ефект има при концентрација 2–3%. Меѓутоа, 5%-тен раствор на NaOH
не го уништува, туку, напротив, го конзервира вирусот на лигавка и шап. Друга
работа за која треба да се води сметка е можното нагризувачко дејство на
средството за дезинфекција (киселини, бази). Употребата на такви средства во
месната и млечната индустрија, може да доведе до корозија и оштетување на
честопати многу скапите метални делови и опрема и да се предизвикаат
економски штети.

Тековната дезинфекција претстaвува санитарна мерка која се користи за


време на појава на заразна болест. Таа е строго насочена дезинфекција, бидејќи
во овој случај точно се знае видот на изолираниот причинител и неговата
осетливост спрема средствата за дезинфекција. Се врши за цело време додека
трае болеста, со зачестена апликација на дезинфициенсите. Овој вид
дезинфекција е пропишана со соодветни правилници. Особено внимание, како
дополнителни мерки кои го подобруваат ефектот на дезинфекцијата се
навременото и правилно отстранување, собирање, складирање и чување на
отпадните материи, пред сè, од органско, животинско потекло, бидејќи тие речиси
сигурно ги содржат причинителите на болестите.

Завршната дезинфекција претставува дезинфекција која се спроведува по


престанувањето на заразната болест, и тоа после истекувањето на еден до два
периоди на инкубација за изолираниот причинител, под услов во тој период да
нема појава на нов случај на заболување. И при оваа дезинфекција треба
доследно да се почитуваат препораките на производителот за концентрацијата на
растворот кој ќе се користи. По спроведувањето на овој вид дезинфекција на
површините кои се третирани, се врши тестирање на ефектот, при што
причинителот против кого е спроведена мерката не треба да биде изолиран.
сл.1
Заклучок:

Првите податоци за дезинфекцијата потекнуваат уште од старите Еѓипќани.


Меѓутоа, стручното значење се добило дури со откривањето на бацилот од
Пастер во 1861 година. Практичната примена започнува 1867 година, со
задолжителната примена на антисепсата за време на операциите кои ги
изведувал Листер. Дезинфекцијата претставува важна хигиенско–санитарна
мерка со која причинителите на заразни болести кај животните и луѓето се
доведуваат во неинфективна состојба. Оваа мерка се врши на живо ткиво, на
секрети и екскрети кои се излачуваат од болните животни во надворешната
средина контаминирајќи ја околината, површините и деловите од објектите и
опремата, кои претставуваат посреден (секундарен) извор на инфекција.
Микроорганизмите надвор од болните животни не се уништуваат веднаш, туку
зависно од нивниот вид и условите на околината, остануваат да бидат витални и
способни за инфекција уште извесно време. Токму во тој период потребно е да се
спроведе дезинфекцијата како мерка, која сепак претставува релативно
отстранување на микроорганизмите. Со дезинфекцијата се уништуваат
микроорганизмите врз кои средството за дезинфекција зависно од неговата
концентрација, времето на експозиција и условите на средината исполуваат
убиствен ефект.
Користена литература:

- Сtatus of milk production sector in Montenegro B. Marković, М. Marković, l. Rmuš.


Biotechnology in Animal Husbandry 27 (3), p 387-396 , 2011

- Оперативни податоци на Агенцијата за храна и ветеринарство

Зоохигиена со Дезинфекција Дератизација и Дезинсекција-Др Методија Б.Трајчев

http://www.zdravasrbija.com/images/zs_ZS_i1.jpg

You might also like