You are on page 1of 4

УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА

Terra Biosa (Pro Bios) 


кондиционер на почва

Универзално микробиолошко средство произведено врз база на живи култури од


пробиотски бактерии.
Го подобрува квалитетот и здравствената состојба на сите биолошки системи.
СЕ УПОТРЕБУВА ЗА:
кондицонирање на почвата, интензивно распаѓање на вегетативните остатоци послe
берба и собраниот принос, уништување на патогените материи во почвата, со
аплицирање на овој препарат во почвата се овозможува зголемување на хумусната
материјa во почвата и подобрување на PH вредностa, подобрување на воднo-
воздушните својства во почвата и нејзината структура, со што се зголемува можноста
за подобар раст и развој на растението.
СОСТАВ:
Млечно-киселински бактерии, квасец, фотосинтетски бактерии, меласа од шеќерна
трска, екстракти од 20 билни растенија и чиста нехлорирана вода.
Со систематската употреба на препаратот се намалува користењето на хемиските
средства и вештачките ѓубрива во земјоделските посеви дури до 50%. Препаратот се
препорачува за употреба и во конвенционално и во органско производство и
значително ги намалува трошоците за целокупното земјоделско производство.

Се применува исклучително како раствор со нехлорирана вода, се нанесува со чиста


добро промиена прскалка или атомизер.
(доколку во опремата која се користи за аплицирање претходно се користени хемиски
средства, тогаш истата треба добро да се промива, препорачливо е со топла вода).

УПОТРЕБА:
Еесенско третирање на почва:
- на 1 ха земјоделска површина се користи 30-40 л препарат растворен во 300-
400 л нехлорирана вода.
Пролетно третирање на почва:
- на 1 ха површина се користи 10-25л препарат растворен во 300-400л
нехлорирана вода.
Третирање на семенски/саден материјал:
- за 100 кг семенски/саден материјал се користи 1-1.5 л препарат растворен во
доволна количина нехлорирана вода за да се прекрие семето или потопи
кореновиот систем на садниот материјал.

Препаратот најдува примена и за хигиенизација на престојувалишта на животни –


штали и за интензивна ферментација на арско ѓубриво.
За штали:
 1л од Terra Biosa растворен во 10л нехлорирана вода се распрскува низ
шталата на површина до 200 м2 со прскалка.
 Се распрскува до оросување на цела површина алатите и опремата.
 Се прска целокупниот амбиент во шталата: ѕидови, под, тавани и самите
животни. Да се избегнува прскање врз алуминиумски површини.
 Во првите три седмици се прска два пати во седмица, а потоа се тетира еднаш
во седмица.
За третман на арско ѓубриво:
 Растворот на препаратот со нехлорирана вода треба да биде во сооднос 1:10
или 1л Terra Biosa растворен во 10л нехлорирана вода на 1м3 арско ѓубриво.
Се нанесува со распрскување.

Производот не е генетски модифициран и е целосно безбеден за луѓе, животни и


растенија.

Внимание: Се употребува исклучително како раствор со нехлорирана вода, се


нанесува со чиста добро промиена прскалка или атомизер.

Доколку во опремата која се користи за аплицирање претходно се користени хемиски


средства, тогаш истата треба добро да се промива, препорачливо е со топла вода.

Третманите со препаратот се вршат во попладневните часови од денот кога UV


сончевите зраци се слаби и тогаш аплицирањето е најефективно. Потенцираме дека
UV сончевите зраци ги уништуваат микроорганизмите.

При дозирањето доколку се додаде поголема количина од препаратот не доведува


до никакви несакани последици.

You might also like