You are on page 1of 12

МЕЃУНАРОДЕН СЛАВЈАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ

„ГАВРИЛО РОМАНОВИЧ ДЕРЖАВИН“


СВЕТИ НИКОЛЕ – БИТОЛА
РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

ФАКУЛТЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСНО ИНЖЕНЕРСТВО

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ПО ПРЕДМЕТОТ ОСНОВНИ ПАРАМЕТРИ ЗА РАБОТНАТА


СРЕДИНА

ВОЕНИ ЕКСПЛОЗИВИ

СТУДЕНТ: ИВАН НИКОЛОВСКИ


БРОЈ НА ИНДЕКС: 2061055
МЕНТОР: ДОЦ. Д-Р НЕВЕНА ГРУЕВСКА

Свети Николе/Битола 2020


СОДРЖИНА

Апстракт.........................................................................................................................1

Вовед................................................................................................................................2

1. Видови експлозиви.....................................................................................................3

1.1 Иницијални експлозиви.......................................................................................3

1.1.1 Живин фулминат....................................................................................................3

1.1.2 Олово азид..........................................................................................................4

1.1.3 Олово тринитрорезорцинат.................................................................................4

1.1.4 Тетразен..............................................................................................................5

1.2 Бризантни експлозиви..........................................................................................5

1.2.1 Тротил........................................................................................................................5

1.2.2 Пиринска киселина..............................................................................................6

1.2.3 Третил....................................................................................................................6

1.3 Барути.............................................................................................................................6

1.3.1 Еднобазни барути......................................................................................................7

1.3.2 Двобазни барути.........................................................................................................7

1.3.3 Тробазни барути.........................................................................................................7

1.3.4 Композитни ракетни барути...................................................................................8

1.3.5 Црн барут....................................................................................................................8

ЗАКЛУЧОК.........................................................................................................................9

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА.......................................................................................10
Апстракт

Експлозивите се хемиски соединенија или мешавини составени од експлозивни материи.


Денешниот свет не може да се замисли без употреба на експлозиви. Експлозивите можат
да се користат за разни намени, и според методот на употреба и намената се поделени на
иницијални експлозив, бризантни експлозиви и барут. Иницијалните експлозиви се
користат за иницирање други видови експлозиви, односно давање почетен импулс со
палење или детонација, додека бризантните експлозиви се карактеризираат со голема
стапка на детонација, што предизвикуваат силна и огромна разорна моќ. Од производство
на експлозиви, нивна примена до уништување или разработката на употребата на
експлозиви може да го загрози здравјето на луѓето и да бидат со критични последици.
Задолжително е да се користи пропишаната заштитна опрема за лична заштита и со нив
секогаш треба да се постапува со внимание. Повеќето повреди и несреќи при употреба
експлозивите се јавуваат првенствено поради недостаток на знаење и небрежност на лица
кои тие се справуваат со нив.

1
ВОВЕД

Под поимот експлозив се смета секое соединение кое под наддворешни механички или
термички импулси преминува во гасовита состојба. При што за многу кратко време се
ослободуваат големи количини на гас и топлотна енергија.

Експлозивите во нивниот состав содржат супстанци кои при детонацијата ослободуваат


големи количества на кислород кој е неопходен за согорување. Затоа и експлозивите
можат да се активираат во затворен простор. Терминот согорување е фузија на
супстанцата со кислородот. Горењето може да биде бавно, брзо и бурно. Повеќето
експлозиви горат ако ги запалиме. Таквото горење кое нема врска со детонација се
нарекува дефлаграција.

Поимот експлозија е егзотемна реакција во која до која доага до нагло ослободување на


енергија на “насилен” начин, притоа има високо ослободување на температура и на гас.

Под поимот детонација се подразбира посебен вид на согорување. За време на


детонацијата нема горење. Кај детонацијата се создава ударен бра кој се шири со голема
брзина. Детонацискиот бран се шири со брзина од 1500 до 9000m/s, во зависност од видот
на експлозивот. Детонацијата во повеќето експлозиви неможе да се создади со палење,
туку со иницирање на специјални видови на експлозиви, кои се нарекуваат иницијални
експлозиви. Иницијалните експлозиви се наоѓаат во детонаторските капсули,
електиричните детонатори и други средства за иницирање.

При детонација на експлозивите настануваат две основни форми на енергија. Тие се


ударниот бран и гасната енергија. Ударната енергија е последица на високиот притисок
врз детонацискиот фронт и се шири низ експлозивниот полнеж.

2
1. ВИДОВИ НА ЕКСПЛОЗИВИ

Според хемискиот состав, експозивите се делат на чисти или на смеси.

Според физичките својства и физичката состојба, експлозивите можат да бидат:

 Во цврста состојба
 Смеси на цврсти и течни соединенија
 Течни експлозивни смеси
 Гасовити смеси
 Смеси на цврсти и течни со гасови

Според методот на употреба и намената, експлозивите најчесто се делат на:

 Иницијални
 Бризантни
 Барут

1.1 ИНИЦИЈАЛНИ ЕКСПЛОЗИВИ

Иницијалните експлозиви се користат за иницирање на други видови на експлозиви,


односно за давање на првичните импулси со палење или детонација. Тие се користат како
чисти или како смеси. Нивна практична примена е во сите видови на капсули, а некои се
користат и во производство на детонаторски прачки. Особина на овие експлозиви е тоа
тие што имаат поголема чуствителност на удар, триење за разлика од бризантните
експлозиви. Имаат помала брзина на детонација од бризантните. Исто така имаат помал
волумен на гас кој го ослободуваат и помала топлина него бризантните експлозиви.
Иницијалните експлозиви имаат поголема способност на иницирање за разлика од другите
експлозиви поради високата стапка на распаѓање. Тие се чуствителни на пламен, удар и
температура и исто така се користат за производство на ударни, детонаторски и
електрични каписли. Во иницијалните експлозиви спаѓаат живин фулминат, олово азид,
олово тринитрoресоринат и тетразен.

1.1.1 ЖИВИН ФУЛМИНАТ

Живиниот фулминат го синтетизирал Ј.К. вон Ловенстерн во 17 век. Составот го опишал


Е.Ч. Хауард, а А. Нобел го користел за детонирање на нитроглицерин. Живиниот
фулминат е кристален прав кој може да биде бел или сив. Токсичен е и нерастворлив во

3
вода. Кога е сув е многу чуствителен на удар, трење, и лесно се детонира со искра или
пламен.

Кога е сув нагло реагира со алуминиум и магнезиум. Споро реагира со бакар, цинк,
месинг, бронза. Кога е влажен одма реагира со алуминиум и магнезиум. Брзо реагира со
бакар, цинк, месинг, бронза. Со железо и челик не реагира ни во двата случаи. Во
капислите во кои се користи се изработуваат од бакар и се лакирани.

1.1.2. ОЛОВО АЗИД

Олово азидот за прв пат го синтетизирал Т. Куртиус во 1891 година со додавање на оловен
ацетат во раствор на натриум или амониум азид. За прв обид за да се користи олово азид
во експлозивната индустрија е заслужен Ф. Хиронимус.

Олово азидот е бела кристална супстанца. Нерастворлив во вода и отпорен на топлина,


влага и не е многу хигроскопски. Се добива со реакција на раствори на натриум азид и
оловен нитрат. Се користи како иницијален експлозив во производство на детонаторски
каписли. За да се подобри запаливоста се додава олово тринитроризорцинат. Посебно се
карактеризира со краток премин од согорување до детонацијата и затоа припаѓа во
силните иницијални експлозиви кои се способни и во мали количини да предизвикаат
детонација на бризантните експлозиви.

1.1.3 ОЛОВО ТРИНИТРОРЕЗОРЦИНАТ

Оловниот тринитрорезорцинат е опишан во 1914 година од страна вон Херц. Валбаум


утврдил дека е слаб иницијален експлозив во споредба со другите иницијални експлозиви.
Моисак докажал дека олово стифнат може да се користи како изолационен материјал за
оловен азид, т.е. обезбедува заштита од механички и хемиски влијанија и истовремено ја
зголемува детонирачката моќ на вкупниот понеж.

Олово тринитрорезоцинатот е кристален прав со портокалово-жолта или темно кафеава


боја. Практично е нерастворлив во вода и слабло растворлив во ацетон и етанол, а во
хлороформ, бензен и толуент е нерастворлив. Во главно се користи како иницијален
експлозив во смеса со олово азид. Најчуствителен е на искра и пламен, а помалку
чуствителен на удар или триење. Чуствителноста се намалува со зголемување на влагата
на кристалот.

4
1.1.4 ТЕТРАЗЕН

Тртразенот првпат го припремиле Хофман и Рот во 1910 година. Тие ги проучувале


неговите хемиски реакции и ја одредиле неговата структура. В.Х. Ринкебах и О. Буртон
вршеле обемни истражувања на тетразенот и го опишале неговото производство и и
неговите експлозивни својства.

Тетразенот е класифициран како иницијален екплозив, но неговиота иницијалност е слаба.


Структурата му е составена од кристали во вид на игла од безбојни до светло золта боја.
Практично е нерастворлив во вода, алкохол, етер, бензен и јаглерод тетрахлорид.
Настанува со реакција помеѓу аминогвандинската сол и натриум нитрит. Неговата
осетливост на удар и триење е еднаква живиниот фулминат. Разликата е во тоа што со
пораст на влагата не се намалува осетливоста на удар. Исто така е осетлив на пламен.

1.2 БРИЗАНТНИ ЕКСПЛОЗИВИ

Бризантните експлозиви се разликуваат од иницијалните по тоа што со пламен не се


предизвикува детонација. Ако се запалат тие само ке изгорат а нема да има детонација.
Нив ги иницираме со иницијалните експлозиви и нивната разорна моќ е многу поголема
од иницијалните експлозиви.

Денес имам голем број на бризантни експлозиви но само некој од нив наоѓаат примена во
вооружѕвањето. Основна група на бризантни експлозиви што се применети во
вооружувањето преставуваат нитро соединенија, како што се тротилот, пиринската
киселина и тетрил.

1.2.1 ТРОТИЛ

Тротил или скратено ТНТ прв го измисли Ј. Вилбранд во 1863 година. Подоцна произвеле
Кулберг, Белстаин, Тиман, но секој користел различни методи.По 30 години Хаузерман
почнува да го призведува индустриски. По 1901 почнува да се користи како воен
експлозив.

ТНТ е нерастворлив во вода, слабо растворлив во алкохол. Растворлив е во бензен, толуен


и ацетон. Се произведува со нитрација на толуенот со азотна и сулфурна киселина во
неколку чекори. Тротилот се користи за полнење артилериски гранати, бомби, мини и
торпеда.
5
1.2.2 ПИРИНСКА КИСЕЛИНА

Пиринската киселина ја проучувале многу хемичари, но нејзиниот идентитет го утврдил


А. Лаурент во 1841 година. Е. Трумпин во 1885 година е првиот што предложил да се
користи за воени експлозиви.

Пиринската киселина е токсична, растворлива во топла вода и лесно растворлива во


алкохол, етер, бензен и ацетон. Експлозивната моќ е нешто подобра од тротилот. Хемиски
е стабилна и се самозапалува измеѓу 300 и 320 степени целзиусови. Денес се помалку се
употребува поради штетното влијание на организмот на човекот.

1.2.3 ТЕТРИЛ

Тетрилот првпат го опишале В. Михлер и Ц. Мејер во 1879 година. П. Ван Ромбург и К.Х.
Мартенс ги проучувале неговите својства и ја докажале неговата структура. Не се
користел како експлозив се до Првата светска војна.

Тетрилот е токсичен, нерастворлив во вода, слабо растворлив во алкохол, етер и бензен и


полесно растворлив во ацетон. Моќен експлозив, се користи за производство на примарни
и секундарни полнења за детонаторски капсули.

1.3 БАРУТИ

Барутот е екплозивна супстанца која се карактеризира со брзо согорување при што се


ослободуваат гасови кои служат за да го исфрлат проектилот од цевката на оружјето и за
ракетен погон. Затоа се класифицираат како потисни и погонски.

Барутите се делат на:

 Хомогени
1. Еднобазни барути
2. Двобазни барути
3. Тробазни барути
 Композитни барути
1. Црн барут

6
1.3.1 ЕДНОБАЗНИ БАРУТИ

Еднобазните нитроцелулозни барути се изработени од нитроцелулоза како основа. Се


добиваат со растворање на високо нитрирана нитроцелулоза во соодветен растворувач,
при што се добива колидна маса која може механички да се обработи и да се добие
посакуваната форма т.е. зрната барут.

Чуствителноста на удар зависи од составот на барутот, односно од содржината на азот во


нитроцелулозата и големината на зрната. Друго важно од што зависи осетливоста е и
површинската обработка на зрната барут. Основни суровини за производство на
еднобазни барути се: нитроцелулоза, дефеламин, централит, динитротолуен, етанол и
други. Ендобазните барути се користат како за полнење на муниција за оружје и во
артилерија до калибар 57mm.

1.3.2 ДВОБАЗНИ БАРУТИ

Хомогените двобазни барути се составени од две активни состојки нитроцелулоза и


нитроглицерин. Во зависност од видот и намената на овие барути се додаваат и некој
други состојки. Двобазните балистички барути имаат околу 40% нитроглицерин, 3%
адитиви и околу 57% нитроцелулоза. Поради големата содржина на нитроглицерин, овие
барути имаат многу висока температура на согорување.

Двобазниот барут првенствено се користи кај оружје со мазна и кратка цевка како што се
различни минофрлачи. Артилерискиот двобазен барут се користи за разни топови и
хаубици. Сферичните двобазни барути се применуваат за оружје со помал калибар од 5,56
до 30mm.

1.3.3 ТРОБАЗНИ БАРУТИ

Тробазните барути освен нитроцелулоза и нитроглицерин имаат и нитрогванидин како


трета активна состојка. Се појавуваат во Германија на почеток на Втора светска војна како
полнење на артилериска муниција со долг дострел и голема почетна брзина на
проектилот. Основна карактеристика на овие барути е намалената температура на
согорување во споерба со другите и со тоа е намалена ерозијата на цевките.

7
1.3.4 КОМПОЗИТНИ РАКЕТНИ БАРУТИ

Во споредба со двобазните барути каде што има само две активни состојки нитроцелулоза
и нитроглицерин кај композитните има и атом на кислород и атоми на гориво.

Основни карактеристики на композитниот ракетен барут во споредба со двобазните


барути:

 Високи енергетски карактеристики, т.е. висок специфичен импулс


 Поголема густина на барутниот блок
 Добри механички својство во широк температурен опсег
 Добра хемиска стабилност
 Релативно едноставна и безбедна технологија за производство

1.3.5 ЦРН БАРУТ

Црниот барут е хомогена смеса составена од калиум нитрат, сулфур и јаглен. Стандарден
состав му е 75% калиум нитрат, 15% сулфур и 10% јаглен. Тој е многу осетлив на удари и
триење и особено се карактеризира со висока осетливост на пламен и искра. Поради
ваквите својства работата со овај барут бара примена на строги пиротехнички мерки за
безбедност. Денес се користи за изработка на спорогоречки прачки, при изработка на
некој пиротехнички смеси и кај аритлеријата.

8
ЗАКЛУЧОК

Експлозивот е хемиски спој кој под влијание на механички или температура преминува во
гас. Експлозијата е егзотермна реакција. Детонацијата на експлозивите е многу брза
реакција што развива голем притисок, сеизмички бранови, топлина и гасови.

Денес во светот се произведуваат многу експлозиви како за војската така и за пошироки


цели. Експлозивите кои се употребуваат за воени цели најчесто се поврзани со уривање,
уништување и со убиства. Ако не се почитуваат законите, прописите и упатствата за
работа, производство и ракување со експлозиви може да биде опасно по животот и
безбедноста на луѓето и животната средина.

9
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

Meyer R., Köher J., Homburg A.: „Explosives, Sixth, Completely Revised Edition“, Wiley-
VCH VerlagGmbH, Weinheim, (2007.), ISBN 978-3-527-31656-4

AMC Pamphlet: „Engineering design handbook – Explosives series properties of explosives of


military interest“, Headquarters, United States army materiel command, Washington. D. C.
(1971.)

Р. Смилески, Муниција и експлозивни материи-теоретски основи, Воена академија,


Скопје, 1998

https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%95%D0%BA%D1%81%D0%BF%D0%BB%D0%BE
%D0%B7%D0%B8%D0%B2

https://apps.dtic.mil/dtic/tr/fulltext/u2/764340.pdf

https://miningandblasting.files.wordpress.com/2009/09/explosives-6th-edition-by-meyer-kohler-
and-homburg-2007.pdf

You might also like