You are on page 1of 10

Универзитет „Св.

Кирил и Методиј“ – Скопјe


Медицински факултет

Семинарска работа по предметот Судска медицина


Тема: Огнострелни повреди

Ментор: Изработилe:

Тамара Анѓелкоска 17525

Беџет Сејфула 17567


 Вовед:

Дејството на проектилот испукано од огнострелно оружје на телото се манифестира


како огнострелна повреда.Тоа претставува механичка повреда а по дефиницја е рана која
настанува од динамичкото дејство на проектилот кој е испукан од оружјето. Оваа
дефиниција мора да се разбере условно,затоа што денес има проектили направени од
други матрејали. Чие дејство е слично, а понекогаш и повеќе деструктивно од класичните
проектили. Исто така, постојати рани нанесени од проектили од оржје кое не е
огнострелно.

Балистика е наука која ги проучува законите за движење на проектилот. Името доаѓа


од грчкиот збор бало што значи "фрли". Од своето основање балистиката, има
карактеристики на тенденцијата на постојан развој, особено поради важноста на развојот
на оружје и муниција, а подоцна и натаму ракетни проектили.

Балистиката е поделена на внатрешна балистика (проектил се движи во цевка на


оружје под влијание на кородирани гасови), надворешна балистика (проектилсе движат
низ медиумот, воздух) и конечна балистика(проектил се движи низ телото.)
 Балистика

Внатрешната балистика ги проучува феномените и процесите што се случуваат во


цевката, ефектот на гасови и движење на проектил под притисок. Неговата задача е да ги
утврди потребните услови за да се постигне максимална брзина на проектили во цевка, со
максимална вредност на притисокот на барелските гасови да не ја надминува
дозволената граница. Внатрешна балистичка вклучува термохемија на барут, пиростат и
пиродинамика.

Термохемиската карпа е дел од внатрешната балистика и ги проучува производите на


согорувањето на барутот. Примената на одредени лабораториски методи ги одредува
физичко-хемиските карактеристики потребни за изработка и производство на муниција.

Pirostatica го испитува согорувањето на барут во постојан волумен (куршум ) од


моментот на согорување до постигнување на притисок на барелските гасови што ќе биде
пуштен од проектилот (Форјсман). Процесот на согорување на шприцот започнува кога
ударната игла ја напаѓа капсулата, што предизвикува палење на иницијални мешавини.
Пламските капсули треба да имаат повисока температура од моментот на палење (175oC
за ситни беспилотни летала) и дека тоа е можно подолго истовремено да ги осветли сите
пробиени гранули што е неопходно за правилен развој на барел гасови и притисок.

Пиродинамиката е дел од внатрешната балистика кој го проучува движењето на


проектил во цевката под притисок на барел гас од моментот на принудување проектили
до излез од цевката. Таа го проучува движењето на проектил во променлив волумен.
Движењето на проектилот се состои од три периоди:
1. Првиот период е кога има пораст на притисокот на барутните гасови.
2. Вториот период трае од моментот на комплетирање согорување на барут додека
не излегува проектил од цевката.
3. Третиот период на пиродинамика е работењето на ископаните гасови на дното на
проектилот и по напуштањето на цевката, која постои на растојание од околу 2-3
калибар кажува за зголемување на брзината.
Фактори на брзина на движење на проектилот зависи од:
1. големината на кинетичката енергија на проеклот (Ek);
2. големината на аголот што ја затвора оската на проектилот и
ракетни патеки;
3. дизајн на калибар и проектил;
4. својствата на погоденото ткиво
 Класификација на огнострелните рани :

Според далеичината на проектилот се делат на стрелни рани од апсолутна близина,од


релативна близина и огнострелни рани од далечина. Во однос на длабочината на
навлегување во ткивото и излегување од него се делат на прострелни и застрелни рани.
Огнострелни повреди од апсолутна близина настанува кога постои близок контакт
меѓу устата на цефката и местото на продирање на проектилот во телото на моментот на
пукање.Кај овој тио на повреди барутните честички се наоѓаат во внатрешниот дел на
влезната рана и во почетниот дел од каналното оштетување. Кај влезна рана од апсолутна
близина дефектот од кожата е во вид на неправилна ѕвездеста форма,кружен облик или
овален облик. Ѕвездестиот изглед на влезната рана настанува ако влезот се наоѓа на
местото на каде што кожата директно налегнува на коската. При тоа барутните гасови
делумно се одбиваат од коската, таканаречено повратно дејство на гасовите и доведуваат
до раскинување на кожата околу влезната рана. Пречникот на влезната рана од апсолутна
близина е најчесто поголем од пречникот на проектилот. Рабовите на дефектот се
подлиени со крв, а крвта по боја е светло црвена поради тоа што хемоглобинот на тоа
место е врзано со јаглерод моноксид кој се ослободува во текот на барутното согорување
при што се формира карбоксихемоглобин. Нагмечениот прстен на влезот е уништен,
маскиран од длабоките раскини и дејството на останатите елементи на барутното
полнење. Околу влезниот дефект постои исчаденост на кожата потоа испеченост што
постои од дејството на пламенот и топлите гасови кои излегуваат од устата на проектилот.
Зоната која е изгорена е влажна по боја жолтеникаво-розеникава или засушена со тенка
кафеава коричка. Компонентата која доминира во создавањето на изгореницата се
врелите гасови што упатува на недостатокот на меурчиња кои не се наоѓаат кај
преживеаните лица застрелани од апсолутна близина. Околу влезот на раната на
испечениот дел од кожата може да се најдат густо групирани траги од барутни честички
но никогаш не се наоѓаат поединечни барутни честички кои пак укажуваат на пукање од
релативна близина. На влезната рана може да се најде отпечаток од устата на проектилот,
тоа најчесто се случува кога кожата е директно налегната на коската. И настануваат во
моментот на испукувањето на барутните гасови кои навлегуваат под кожата а дел од нив
се одбиваат од коската при што се враќаат назад и ја подигаат кожата и исто така од нагло
повлекување на оружјето при испукувањето на барутните гасови.
Кај огнострелните повреди од релативна близина најважен наод е барутната тетоважа
кој претставува протокалово-виолетова пребоеност на кожата а морфолошки е
миинимално нагмечување, крвен подлив настанат од ударот на несогорена барутна
честичка. Отсуството на овие честици може да не уведе дека е настанато постмортално.
Во тој случај збориме за лажна барутна тетоважа која има сиво-црна боја и е всушност
прост отпечаток на несогорените барутни мали проектили кои се со незначителна почетна
брзина но сепак со доволна тежина успеваат да продрат во кожата до некоја длабочина и
да направат нагмечување. Во зависност од растојанието на пукањето може да бидат
распоредени на поголема или помала површина на влезната рана. На блиско растојание
од 3цм овие честици патуваат како компактна маса.На малку поголемо растојание
просторот кој го зафаќаат околу влезната рана е поголем од внатрешниот прстен на
исчадувањето а со понатамошно зголемување на растојанието може да се прошират до
околу 8 цм околу влезниот отвор.Кога линијата на испукување е хоризонтална во однос на
телото влезот на барутните честици ќе биде под центарот на трагите на барутната
експлозија поради наглото повлекување на оружјето и следствено повлекување на устата
на цефката кон горе. Ако испукувањето е извршено под остар агол дејството на пламенот
и несогорените честици ќе биде најинтезивно на страната од каде доаѓа што доаѓа
проектилот.
Специфични места каде што се испитува присуство на траги на барутна експлозија се
рацете,лицето, облеката, предмети, возила. Прв и најважен фактор при испитување на
траги од барутна експлозија е времето. Студиите покажале дека кај такви луѓе трагите од
барутна експлозија се губат со времето. Затоа е најважно трагите за анализа да се земат
што е можно побрзо. Стандардни време кое е дадено во литературата е 3 до 6 часа.
 Докажување на барутни честички
За да се дознае далечината од која што е пукано освен што е карактеристичен
изгледот на огнострелната повреда се користат и техники за доказхување на
несогорливи честички од барутната експлозија. Несогорливите честички при
испукувањето добиваат кинетичка енергија и се исфрлаат од цевката на оружјето . На
одредено растојание тие може да ја пробијат облеката или површината на кожата . Во
завис од кое растојание е пукано тиа имаат различен распоред кој понекогаш може да
се види и со голо око но најдобро е стереомикроскопски да се види тетоважата на
огнострелната повреда . Густината и длабочината во која се расејани барутните честички
освен што може да ни покаже од која далечина е пукано , може и да ни го покаже
правецот на понекогаш и видот на оружјето .

Понекогаш проектилот може да наиде на некоја цврста материја кога ке биде


испукан и тоа да допринесе тој да се раздвои на повеќе парченца кој може да остааваат
впечатокна барутни честички па тоа да предизвика до заблуда за растојанието од коее
е пукано . Постојат анеколку методи со кој мозхе да се докажат барутните честички и
тоа :

1. Термичка проба - Барутните честички се ставаат на предметностакло и со помош


на вжештена игла се допираат една по една од нив, и доолку вистински се
работи за барутна честичка се забележува задимување .
2. Термичка проба со глицерин – На предметно стакло капка глицерин аа на неа
се става сомнителната честичка . Стаклото се става до температура на вриење на
глицеринот со что барутната честичка се раствара и се добива жолто зелено
пребојување . Потоа глицеринот се загрева до целостно испарување аа остатокот
се набљудува на микроскоп. Доколку е честицата од црн барут таа има форма
на многуаглени црни кристали, а доколку е од бездимен барут има темноциглести
до светлосиви кристали .
3. Дифенил- амински тест – Оваа е неспецифична метода која се заснова реаксија на
оксидација, а потоа се докажуваат нитратите во барутните честички . Пробата се
изведува така што на порцеланска чинија се става заситен раствор на
дифениламин во концентрирана сулфурна киселина во ова се става
сомнителниот матријал . При што доколку е позитивен честичките станува
темносино обоени и се забележуваат како огоени опашки . Методата не е строго
специфична бидејки и други материи како што се вештачките ѓубрива, потта
нарацете , изметот , урината и сл. Може да содржат нитрати.
 Докжување на барутните честички на делови од телото за
утврдување дали лицето пукало со огнено оружје .
Докажувањето на барутни честички се користи исто така за да се дознае дали некое
лице има пукано односко да се направи т.н. Парафинска ракавица како на
осомничениот така и на жртвата .При испукувањето од цевката излегуваат барутни
честички кој се таложат на околината и може да се најдат на раката од која е испукана
со огнострелното оружје . Хемиски се докажуваатнитрати на раката . Парафинската
ракавица треба да се земе веднаш , бидејки поминувањето на подолг временски период
ја намалува можноста да се најдат барутните честички , тие може да се отстраната со
миење или бришење . Најдобро е парафинската ракавица да ја земе на местото на
настанот судско-медицински експерт или крим – тахничар.

Начинот на земање е едноставен така што шаките на осомничениот се покриваат со


газа натопена во растворен парафин. По ладењето на парафинот ке се стврдне и требе
внимателно да се извади , потоа во лабараторија се третира со раствор на сулфурна
кисеина и дидениламин , на местото каде има барутничестички се појавува
карактеристично обојување во сина боја ,добиените ресултати се внесуваат во
подготвени скици , шеми.

Приговор што може да и се стави на оваа метода е тоа што методата е неспецифична
за докажување нитрати бидејки ги има и во други материи. Сепак овој метод уште има
своја приумена бидејки со него може да се поврзе логично распоредот на случката .
Распоредот на барутните честици е битен :

 Доколку има распоредено барутни честици на дорзалната страна на шаката


помеѓу палецот и показалецот , голема веројатност е дека личноста ракувала со
оружјето
 Доколку тие се забележат на воларната страна голема веројатност е дека лицето
го држело оружјето но не ракувало .
 Доколку имаменегативен наод тогаш постојат неколку можности

 лицето да некористело оружле


 барутните честички да се измиени или опаднати
 како резултат на нестручно вршење на увидот и несоодветно земање на
парафинската ракавица .
 Одредување на далечина на испукување на проектилот
 За време на обдукција на жртвата на влезната рана и околу неа се прават
парафински отпечатоци за докажување на евентуално присуство на нитратни
честички и одредување на далечината од каде е извршено испукувањето .Вака
направените примери се само тоеретски .
 Wolker –ова метода
Оваа метода била воведена од Wolker vo 1973 таа метода станала најдобра за
докажување на црн и бездимен барут .Предност на оваа метода освен спецфичноста е
дека не го уништува испитуваниот матрејал.Анализата се врши со помош на Lungeov
реагенс.Се испитува на тој начин што фискираната фотохартија се натопува со 0,5%
раствор на сулфанилна киселина во вода и потоа одново се натопува во 0,5 % раствор на
алфанафталмин во чист алкохол.Хартијата се приготвува непосредно пред уотребата а
реакцијата е специфична за нитратите кои се наоѓаат во барутните честички.Во слаб
раствор на оцетна киселина со нитрати овај реагенс дава јако црвена боја.Добиениот
диазонил сол се спојува си алфанафталминот во црвена боја.
 Заклучок:
Oгнострелните повреди спаѓаат во типот на механички повреди.Науката која го
проучува проектилот и на начинот на движење на проектилот се нарекува Балистика ,таа е
поделена на внатрешна,надворешна и конечна балистика.Огнострелните повреди може
да настанат од апслолутна близина и повреди од релативна близина и од далечина.Во
зависност од типот на повреда се делат на прострел,застрел и тангенционала
повреда,постоенње на влезна рана на местото на повредата и евентуално на излезна рана
.
 Користена литература:
1. Chase, Kenneth (2003), Firearms: A Global History to 1700, Cambridge University
Press
2. Di maio forensic medicine https://drive.google.com/file/d/1BWu8ISrYmoYIW4-
1w1wDODjaW-gkZoNt/view
3. Hand book of forensic patohology
https://drive.google.com/file/d/1IQGy1TreYt9S9YnyNg2l0Fd-ZFq9lpyz/view
4. Joseph Tejan M.D,Ronald W. Lindsey, M.D. Management of civilian gunshot injuries
of the femur injury 1998,29,suppl 1:18.22

You might also like