You are on page 1of 8

Кохлеарен имплант

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопјe


Медицински факултет

Семинарска работа по предметот: Оториноларингологија


Тема: КОХЛЕАРЕН ИМПЛАНТ

Ментор: Изработил:

Асс. Д-р. Марија Докоска Беџет Сејфула – 17567, Б-25

0
Кохлеарен имплант

 Содржина

Вовед........................................................................................................2
Што преставува кохлеарен имплант.....................................................3
Индикации на вградување на кохлеарен имплант...............................4

Рехабилитација и постоперативно следење ........................................5


Заклучок ..................................................................................................6
Користена литература............................................................................7

1
Кохлеарен имплант

 Вовед

Првото истражување што доведе до измислување на кохлеарни импланти е направено


во 1950-тите.
Бројот на клинички тестови се зголеми во доцните 70-ти и 80-ти.
Оттогаш истражувачките и студиите што се спроведуваат, со цел за развој на техниката
на кохлеарен имплант во корист на пациентот, отсекогаш имаа заедничка цел:: да им се
овозможи повторно слушање на луѓето со сериозно нарушување на слухот, па дури и
оние кои целосно го изгубиле слухот.
Кохлеарната имплантација е безбедна и докажана постапка што денес го подобрува
слухот на 300.000 луѓе ширум светот и го подобрува квалитетот на животот.

2
Кохлеарен имплант

 Што преставува кохлеарен имплант?

Кохлеарните импланти се електронски медицински помагала развиени за лица со


сериозна и тешка сензоневрална редукција на слухоткај кај кои вообичаени слушни
помагала немаат никаков ефект.
Слушните помагала примаат звукот, го засилете и го пренесуваат во нормалниот ушен
канал. Овие уреди, се наменети за лица со блага до умерена сензоневрална редукција на
слухот.
Слушните помагала не се доволно ефикасни кога станува збор за напредно и многу
сериозно редукција на слухот.
Кохлеарниот имплант ја надминува оваа пречка со испраќање на сигналот директно
до аудитивниот нерв. За разлика од традиционалните слушни помагала, кохлеарните
импланти ги заобиколат оштетените области на увото.
Кохлеарниот имплант го прима звукот, без да го обработи го пренесува и го стимулира
слушниот нерв електрично.

3
Кохлеарен имплант

 Индикации на вградување на кохлеарен имплант

Нарушувањето на нормалната функција на кохлеата, нарушувањето на трансдукцијата


на механичкиот акустичен сигнал во синаптичка активност на аудитивниот нерв, ја
прекинува врската на сложениот ланец кој го гради органот за слух.

 Кандидат за кохлеарен имплант ?

Кохлеарниот имплант е наменет за деца и возрасни кај кои поради тежината на


оштетувањето на слухот не се во состојаба да остварат слушање и со најадекватните
слушни помагала. Изборот на кандидати за кохлеарна имплантација се базира на
степенот на редукција на слухот, одреден преку аудиолошка евалуација. Бројни се
чинителите кои можат да влијаат на корисноста на кохлеарниот имплант но одлучувачки
се: двострано сензоневрално оштетување на слухот, возраста на која се вградува
имплантот, проодноста на кохлеата и проводливоста на слушниот нерв. Голем број на
глуви лица имаат доволен број на сочувани влакна од слушниот нерв, што е важен
предуслов и дозволува ваква интервенција. Освен аудиометриски и медицински
критериуми, базичната евалуација на кандидатите за кохлеарен имплант вклучува
анализа и на други фактори:

1. Да се одреди дали пациентот ќе има бенефит од кохлеарниот имплант

2. Да се утврдат реалните очекувања во однос на исходот

3. Да се проценат потребите и очекувањата на пациентот и неговата фамилија

Најдобри резултати се постигнуваат во најрана возраст и кај лица кои го развиле говорот
но по губењето на слухот веднаш се имплантираат. Иако критериумите за кохлеарна
имплантација се менуваат, целта останува иста- Идентификација на оние пациенти кај кои
имплантот ќе им овозможи подобар слух.

4
Кохлеарен имплант

 Рехабилитација и постоперативно следење

Кохлеарниот имплант по активирањето многу брзо овозможува слушање, но да се


развие свесност за слушањето и развој на говорот задолжителна е рехабилитација.
Аудиолошката рехабилитација произлегува од фактот дека слухот не може да се поправи,
па од тие причини е неопходно надворешните звуци доволно да се појачаат за да
пациентот може да слуша. Целиот технички напредок не е доволен, ако оштетувањето на
слухот не се утврди рано и ако веднаш со помош на слушните апарати не се спроведе
долготрајна, доволно стручна и адекватна рехабилитација. Кај децата, бидејќи сето тоа е
од посебен интерес, потребно е ова да се спроведе плански и тимски, каде различни
стручњаци даваат свое мислење и можности и тек на рехабилитацијата.

Рехабилитацијата се одвива по Верботонална Метода, а се изведува во Центарот за


кохлеарен имплант и Предшколскиот оддел на Поликлиниката. Во зависност од возраста
и развојот на слушањето и говорот, рехабилитацијата е организирана групно или
индивидуално. Целта на постоперативната дијагностика и следење е оптималното
усмерување на рехабилитација на секој корисник на кохлеарен имплант. 1

1
D. Savic, D. Cvejic, M.Kosanovic “Otolaringologija za studente medicine I stomatologije” Beograd, 1986

5
Кохлеарен имплант

 Заклучок

Бенефитот од кохлеарниот имплант е најголем доколку имплантацијата се


спроведе до двегодишна возраст, малку е помал ако имплантацијата се спроведе од 2 до
4годишна возраст, а на девет години детето нема шанси да го научи јазикот. Оваа
старосна граница постои заради постепеното губење на пластичноста на кортикалните
центри за слух. Мозокот се развива по раѓањето и ја адаптира својата фукнција на
сензорниот аудитивен инпут. Кога тој со години е отсутен, нема да дојде до формирање
на синапси и создавање на звучни слики, што е неопходен предуслов за развој на
говорот.2

Кохлеарниот имплант ја подобрува и предоперативната депресија и воопшто го


подобрува квалитетот на живеење. Во медицината малку се интервенциите кои го
подобруваат квалитетот на живеење, како што тоа се случува со кохлеарниот имплант.

Успешната имплантација е екстремно задоволство, како за тимот за кохлеарна


имплантација, така и за пациентите.

2
M.Давчева- Чакар и сор, Основи на отологијата и аудиологијата; Скопје,2014

6
Кохлеарен имплант

 Користена литература

1. M.Давчева- Чакар и сор, „Основи на отологијата и аудиологијата“; Скопје,2014

2. D. Savic, D. Cvejic, M.Kosanovic “Otolaringologija za studente medicine I stomatologije”


Beograd, 1986 

3. https://www.ses.com.tr/images/oticon-medical-brosurler/adim-adim-koklear-
implantasyon.pdf

You might also like