You are on page 1of 6

Содржина

Koристена литература

Вовед
Имплантација е вградување (инсерција) на објект или материјал, како
алопластични супстанции или друго ткиво (парцијално или тотално) во телото од
терапевтски, дијагностички, протетички или експериментални причини.
Целта на имплантацијата е хируршка и протетичка рехабилитација. Затоа со
години се трагало по надоместување на забите што фалат.
Имплантација односно всадување на забни импланти е еден од начините за
решавање на проблемот на изгубените трајни заби. Во основа, тоа е хируршка
постапка со која се врши всадување на специјално колче (метално или керамичко)
во коската на вилицита на местото на изгубениот заб. Ова колче ја врши улогата
што ја има коренот на забот и на него подоцна се изработува коронка или се
користи за прицврстување на мост или протеза.

Овој начин за надоместување на изгубените заби за многу пациенти е метод на


избор затоа што по зараснувањето на коската околу имплантатот, чувството на
преносот на притисокот при џвакањето е скоро како кај природните заби.Исто така
и естетиката е на високо ниво со што, покрај воспоставувањето на изгубената
функција, се враќа и природниот изглед на вилицата и забниот низ.

Со оглед на тоа дека се работи за хируршка операција која најчесто се одвива


во две фази, имплантацијата е препорачлива само кај пациенти во добра општа
здравствена состојба, иако во денешно време случаите каде таа не може да се
изведе стануваат се поретки.

Пред изведувањето на операцијата се вршат детални прегледи на општата


здравствена состојба, се санираат евентуално другите заболувања во устата
(кариес, периодонтални болести) и се вршат испитувања со цел да се утврди дали
виличната коска може да биде подложена на ваков третман.

Имплантите кои се поставуваат денес имаат планирана трајност од 10-15


години. Тоа не значи дека некои импланти нема да издржат и повеќе (постојат
импланти кои се поставени и во 1970-тите години) но најчесто и тука после повеќе
години се гледа стареењето на ткивата изразено како повлекувањето на гингивата
и губитокот на коска околу имплантите.

Грижата за имплантите бара беспрекорна хигиена, четкање на забите после


секое јадење, користење на забен конец и испирање со водичка за уста. Ова е
важно за да се одржи во добра здравствена состојба ткивото кое ги држи
имплантите прицврстени а со тоа и да се продолжи векот на нивната употреба

2
Материјалите кои се користат во имплантологијата се поделени на: материјали
од кои се изработени имплантатите и материјали од кои се изработени
протетичките супраструктури.

Материјали за изработка на имплантати


Во имплантологијата се користат следните материјали:
 Биотолерантни: висококвалитетен некородирачки челик, легура на кобалт-
хром-молибден, златна легура
 Биоинертни: титан, тантал и алуминиумоксидна керамика
 Биоактивни: калциумфосфати, биокерамика и апатит

Tри главни типови на легури за изработка на имплантатите


 Легури на кобалт-хром-молибден
Легурите од кобалт-хром-молибден се составени од приближно 62% кобалт,
28% хром и 6% молибден. Се употребуваат првенствено за изработка на
имплантати со постапка на леење. Отпорноста на корозија на овие легури во
биолошка средина е многу подобра отколку кај не рѓосувачкиот челик.

Сл. бр.1 Кобалт-хром-молибден

 не рѓосувачки челик
Не рѓосувачкиот челик содржи 18% хром и 8-12% никел. Тоа е т.н. 18/8 не
рѓосувачки челик. Имплантатите се изработуваат со постапка на леење или
штанцање. Главна предност на не рѓосувачкиот челик му е тоа што го има во
доволни количини. Трошоците за изработка на имплантатите се мали, бидејќи за
нив нема сложена постапка за изработка. Ладно направените имаат извонредни
карактеристики, особено во однос на заморот на материјалите. Главен недостаток
му е слабата отпорност на рабна корозија.

3
Сл. бр.2 Нерѓосувачки челик

 титан
Титанот кој се употребува за изработка на имплантати е легура од титан која
има значајно подобри механички особини од чистиот титан. Тестовите покажале
дека титанот има извонредна отпорност на корозија во биолошка средина.

Сл. бр.3. Титан

Имплантите исто така може да се изработат и од:


 Биокерамика
 Алуминиумов оксид
 Биојаглерод.
Керамичките материјали опфаќаат голема група на материјали со слични
особини, но со различна структура. Tие се состојат од сложени комбинации на
метални и неметални елементи. Нивната структура содржи јонски врски и може да
има долга или кратка кристална структура.
Керамичките материјали се тврди и лесно кршливи. Овие материјали можат да
бидат чисти кристални оксиди, како што е алуминиумоксидот, или смеса од
оксиди, како што се стаклото или порцеланот. Иако, како резултат на лошите
механички особини и потешкотии кои се јавуваат кога треба да се произведат
сложени облици, керамичките материјали имаат голема можност за употреба како
имплантациски материјали поради нивната глатка површина и поради поволната
рекција на ткивата. Се употребуваат за изработка на ендоосеални имплантати.

4
Со внимателна и контролирана карбонизација може да се произведат
јаглеродни влакна слични на стаклото. Овој материјал има голема тврдост и
отпорност на корозија. Главен недостаток на овој материјал е неговата кртост.
Исто така, тешко може да се моделира во саканиот облик откако ќе се произведе.
Се употребува како т.н. монокристал за изработка на трансдентални имплантати.

Сл. бр.4 Вграден имлант

Материјали за изработка на протетички супраструктури


Со изработка на различни видови на супраструктури над вградените
ендоосеални имплантати, се подобрува функцијата на џвакање, естетиката и
фонацијата кај делумно или тотално беззабни пациенти.
Со употреба на биокомпатибилни материјали за изработка на супраструктурите
се заштитуваат преостанатите орални ткива, а со добрата ретинираност и
стабилизација на протетичките супраструктури се постигнува естетска и
функционална копија на природната состојба на забите во усната празнина.
За изработка на различни видови на протетички супраструктури се користат
сите расположиви материјали за соодветни клинички и лабораториски фази.

5
1.

You might also like