You are on page 1of 22

УНИВЕРЗИТЕТ "СВ.

КИРИЛ И МЕТОДИЈ" – Скопје


СТОМАТОЛОШКИ ФАКУЛТЕТ - Скопје
Стручни стоматолошки сестри – орални хигиенолози

Катедра за стоматолошка протетика

Тема на дипломски труд:

ПРИПРЕМА НА РАБОТНО МЕСТО ЗА


ИЗРАБОТКА НА ПРИВРЕМЕНИ
ФИКСНО-ПРОТЕТИЧКИ
КОНСТРУКЦИИ

Ментор Изработила
Проф. Д-р Билјана Капушевска Ханифе Салихи
Број на индекс: 246

Скопје, Јануари 2020


С СОДРЖИНА

1. Вовед ................................................................................................................................3
2. Критериуми за привремено фиксни-протетички
конструкции.......................................................................................................................4
2.1 Механички критериуми..................................................................,.....................4
2.2 Биолошки критериуми..................................................................................,.......4
2.3. Естетски критериуми........................................................................................,...5
4, Припрема на работното место за привремени фиксно-
протетички конструкции...........................................................................................6
3. Прва фаза анатомски отпечаток....................................................................6
3.1. Избор на лажица за отпечатување......................................................................6
3.2. Подготовка на алгинат за отпечатување............................................................8
4. Втора фаза регистрација на меѓувилични сооодноси .....................10
5. Изработка на привремени фиксно-протетички конструкции....10
5.1 Класификација на привремените фиксно-протетички конструкции и
нивна изработка.....................................................................................................................10
5.2. Употреба на целулоидни коронки....................................................................11
5.3. Употреба на акрилатни заби од гарнитура заби за тотална протеза.............12
5.4. Употреба на копир систем.................................................................................13
5.5. Употреба на метод на блокче............................................................................13
6. Материјали за изработка на привремени фиксно протетички
конструкции....................................................................................................................14
6.1. Општи карактеристики на акрилатите.............................................................15
6.2. Класификација и состав на акрилати..............................................................16
6.3. Класификација на акрилати според начинот на иницирање на
полимеризацијата..................................................................................................................17
6.4. Класификација на акрилати според конзистенција........................................18
7. Трета фаза – проба на привремени фиксно-протетички
конструкции....................................................................................................................19
8. Четврта фаза – цементирање на привремени фиксно –
протетички конструкции........................................................................................20
9. Користена литература..........................................................................................22

Автор: Ханифе Салихи 2


1 ВОВЕД

Со зголемениот број на естетски интервенции и постапки кои секојдневно се


обавуваат во стоматолошките ординации, привремените фиксно-протетички
конструкции имаат не само естетска туку и дијагностичка вредност. Правилно
контурираните привремени фиксно-протетички конструкции го одржуваат
гингивалното здравје, го штитат пулпиното ткиво и служат како урнек за
стоматолошката лабораторија при изработување на дефинитивните фиксно-протетички
конструкции. Во оваа дипломска работа се обрабутуваат не само привремените
фикснопротетички конструкции, подготовката на работното место за нивна изработка,
начинот на нивната изработка туку и се дава акцент на тоа дека привремените фиксно-
протетички конструкции имаат подеднаква важност како дефинитивните фиксно-
протетички конструкции.

На привремените фиксно-протетички конструкции може да се гледа и како на


држачи на просторот за поставување на дефинитивните фиксно-протетички
конструкции. Тие му овозможуваат задоволителна функција на мастикаторниот систем
на пациентот се до оној момент на поставување на дефинитивните фиксно-протетички
конструкции. Старото непишано правило да не се посветува премногу внимание на
изработката на привремените фиксно-протетички конструкции и да не се изработуваат
беспрекорно поради што пациентот може да не се врати за поставување на
дефинитивните фиксно-протетички конструкции е веќе одамна напуштено. Денес,
современиот реставративен третман го напушта овој концепт и се фокусира на
привремени фиксно-протетички конструкции кои ќе бидат водич на пациентот,
клиничарот, стручната стоматолошка сестра-орален хигиеничар и стоматолошката
лабораторија до исполнување на дефинитивните цели на терапевтските постапки.

Целите при изработување на привремени фиксно-протетички конструкции се:

1. Да имаат улога на дијагностичка алатка која ќе ја одредува оклузијата,


оклузалната/инцизална рамнина, инцизалната должина, положбата на
усните и забите од пациентот;
2. Да ја фиксира положбата на забите носачи и да спречи промени во
оклузијата;
3. Да обезбедува естетика, функција и фонација;
4. Да овозможува формирање на гингивалните контури пред
дефинитивното протезирање на пациентот.

Исполнувањето на овие цели пред изработување на дефинитивната фиксно-


протетичка конструкција може да елиминира одредени пречки како и да помогне за
проценка на капацитетот зафункционален и естетски успех на дефинитивната фиксно-
протетичка изработка.

Автор: Ханифе Салихи 3


КРИТЕРИУМИ ЗА ПРИВРЕМЕНИ ФИКСНО-
2 ПРОТЕТИЧКИ КОНСТРУКЦИИ

За да можат да се употребуваат привремените фиксно-протетички конструкции


во стоматолошката ординација, при нивната изработка тие мора да задоволуваат некои
основни критериуми. Најосновно е дека привремените фиксно-протетички
конструкции треба да имаат добро адаптиран гингивален раб,физиолошки контури,
контактни точки, полирана мазна површина која нема да задржува дентален плак како
и доволна цврстина и издржливост. Привремените фиксно-протетички конструкции
исто така мора да задоволуваат одредени механички, биолошки, клинички и естетски
критериуми кои се взаемно поврзани.

Механички критериуми
Најголемиот притисок на привремените фиксно-протетички конструкции
постои за време на џвакањето. Пациентите не се во состојба да избегнуваат контакт со
привремените фиксно-протетички конструкции за време на оброците па затоа нивната
цврстина ќе одреди колкава ќе биде и издржливоста на привремената фиксно-
протетичка конструкција. Овој критериум е поважен кога се изработуваат поголеми
привремени фиксно-протетички конструкции со врски, членови и носачи кои го
пополнуваат беззабиот простор отколку кога се изработуваат соло привремени
коронки.
Привремените фиксно-протетички конструкции функционираат како лост и
колку е поголема должината на беззабиот простор кој се надоместува со членовите на
мостот толку е поголема и силата на превиткување која делува на мостот. Сето ова
води до зголемена сила на местото на спој помеѓу врските и членовите на
привремената фиксно-протетичка конструкција и може да води кон неуспех на
реставрацијата. Цврстината на полимерниот материјал од привремените фиксно-
протетички конструкции е помала отколку кај порцеланските изработки. Поради ова
напрeчниот дијаметар на врските мора да биде поголем отколку кај дефинитивната
протетичка реставрација за да не настане кршење на привремената фиксно-протетичка
конструкција.

Биолошки критериуми
Привремената фиксно-протетичка конструкција мора да го запечати и да го
изолира забот од неговата околина и на тој начин да ја заштити пулпата на забот од
повреди, а препарираниот дентин од секундарен кариес. Поради ориентацијата на
дентинските тубули во дентинот при препарацијата на забот се нанесува одреден
степен на траума при постапката на препарација на забот. Запечатувањето на
површината од дентинот со привремените фиксно-протетички конструкции треба да ја
спречи осмотска активност помеѓу дентинските тубули и оралната шуплина. На тој
начин ќе се намали осетливоста и иритацијата на забот после постапката на негова
препарација.
Пропуштањето на плунка од страна на привремената фиксно протетичка
конструкција е еден од факторите кој води до поголема осетливост на препарираниот
заб. Колку подобро одговара привремената протетичка конструкција на препарираниот
заби и

Автор: Ханифе Салихи 4


колку помала е растворливоста на цементот за привремено цементирање кој е
употребуван толку помала ќе биде и осетливоста на препарираниот заб до
поставувањето на дефинитивната фиксно-протетичка конструкција. Во најтешките
случаи неадекватната привремена фиксно-протетичка конструкција може да доведе до
пулпитис и потреба од понатамошен ендодонтски третман.
За да овозможи добра хигиена привремената фиксно-протетичка конструкција
мора да има добра адаптација, соодветно контурирање и мазни површини. Ова особено
доаѓа до израз кај случаи во кои рабовите на привремената фиксно-протетичка
конструкција ја поклопуваат маргиналната гингива. Ако рабовите на привремената
фиксно-протетичка конструкција се неадекватни или рапави тогаш елиминацијата на
плакот е недоволна и загрозено е гингивалното здравје. Колку е подолг периодот на
носење на лошо направената привремена фиксно-протетичка конструкција толку е
поголемо настанатото ошетување на гингивата од забот.
Привремените фиксно-протетички конструкции исто така треба да го одржуваат
забот во стабилна положба се до изработката на дефинитивна фиксно-протетичка
конструкција. Стабилна привремена фиксно-протетичка конструкција има помала
веројатност дека би предизвикала промена, екструзија или инклинација на забите
носачи се до дефинитивното протезирање. Било какво придвижување на забите носачи
пред поставување на дефинитивната фиксно-протетичка конструкција ќе бара
корекции на истата или ново изработување на дефинитивна фиксно-протетичка
конструкција.

Естетски критериуми
Изгледот на привремените фиксно-протетички конструкции е важен особено
кога се работи кај предните фронтални заби. Степенот до кој бојата на материјалот од
кој е изработена привремената фиксно-протетичка конструкција одговара на бојата на
соседните заби е од основно и примарно значење. Стабилноста на бојата од
материјалот влијае на изборот на материјалите од кои ќе биде изработена
привремената фиксно-протетичка конструкција. Некои полимери имаат поголема
тенденција на својата површина да собираат или да привлекуваат дамки што самото по
себе ја ограничува должината на периодот во кој може да биде употребувана
привремената фиксно-протетичка конструкција која е изработена од нив. Површините
на привремените фиксно-протетички конструкции кои биле исполирани до висок сјај
имаат помала веројатност за привлекување на бои од храната на нивната површина.
Некои полимери можно е да пожолтиуваат со текот на времето како резултат на
амините кои се во составот на катализаторот кој се употребува за нивна активација и
врзување. Ваквото пожолтување нема да биде проблем кај привремените фиксно-
протетички конструкции кои се употребуваат само за краток временски период.
Привремените фиксно-протетички конструкции често ја одредуваат естетиката на
дефинитивните фиксно-протетички конструкции и служат како урнек за
стоматолошките лаборатории. Привремените фиксно-протетички конструкции му
овозможубаат на стоматологот да направи нивна модификација интраорано при проба
кај пациентот за да се задоволат естетските критериуми кои подоцна ќе бидат
применети при изработувањето на дефинитивната фиксно-протетичка конструкција.
Кога пациентот ќе биде задоволен со привремената фиксно-протетичка конструкција,
таа може да се искористи за да се пренесе замислата на стоматологот и желбите од
пациентот на стоматолошката лабораторија.

Автор: Ханифе Салихи 5


ПРИПРЕМА НА РАБОТНО МЕСТО ЗА ПРИВРЕМЕНИ
3 ФИКСНО-ПРОТЕТИЧКИ КОНСТРУКЦИИ

Припремата на работното место за изработка на привремени фиксно протетички


конструкции го прави стручната стоматолошка сестра – орален хигиенолог во
зависност од фазата на работа во постапката за изработка и поставување на
привремени фиксно-протетички конструкции. Во постапката за приготвување на
привремени фиксно-протетички конструкции разликуваме неколку клинички и една
лабораториска фаза. При клиничките фази подготовката на работното место за
изработка на привремени фиксно-протетички конструкции го прави стручната
стоматолошка сестра или орален хигиенолог. Клиничките фази на припрема на
работното место за привремени фиксно-протетички конструкции опфаќаат: прва фаза
или анатомски отпечаток, втора фаза или регистрација на меѓувилични односи, трета
фаза или проба на привремени фиксно-протетички конструкции и четврта фаза или
цементирање на привремени фиксно-протетички конструкции. Лабораториската фаза
претставува изработка на привремената фиксно-протетичка конструкција.

4 ПРВА ФАЗА– АНАТОМСКИ ОТПЕЧАТОК

Припремата на работното место за изработка на привремени фиксно-


протетички конструкции, стручната стоматолошка сестра – орален хигиенолог го
започнува со подготовка за првата фаза односно земање анатомски отпечаток.
Задолжително за оваа фаза на работа е правилниот избор на лажици за земање на
отпечаток од страна на стручната стоматолошка сестра – орален хигиенолог (Слика. 1).
Лажиците се делат на пластични и метални, кои пак можат да бидат перфорирани (овој
вид лажици задолжително треба да бидат одготвени со леплив восок кој служи како
ретенција).

Пластични лажициМетални лажици Слика 1. Избор на лажици за отпечатување

Избор на лажици за отпечатување


Изборот на лажици за отпечатување е дел од припремата на работното место за
изработка на фиксно-протетички конструкции од страна на стручната стоматолошка
сестра – орален хигиенолог. Отпечатоците за привремени фиксни протетички
конструкции се земаат со:

Автор: Ханифе Салихи 6


✓ Цели или парцијални лажици за отпечатување, кои можат да бидат лажици;
земање отпечаток каде што постојат заби и комбинирани лажици, а другата поделба е
во зависност од материјалот од кој се изработени – пластични и метални (сл. 2 и сл. 3).

Слика 2. Пластични лажици за земање Метални лажици за земање отпечаток за


отпечаток за парцијални протезиСлика 3. парцијални проте

✓Честопати во практиката се употребуваат и полулажици за земање


отпечаток за привремени фиксни протетички конструкции, коишто
можат да бидат цели и перфорирани (сл. 4).
✓ Се одбира лажица со адекватни димензии според прекинатиот или
скратен забен низ.
Треба да се земаат 3 отпечатоци:
✓ Еден за изработување на работен модел за привремени
фикснопротетички конструкции пред и по препарација на забите
носачи (сл. 5);
✓ Еден за изработување на анатомски модел од антагонисти.

Слика 4. Пластични полулажици (цели и Слика 5. Лажица за земање отпечаток за


перфорирани) фикснопротетички конструкц

Автор: Ханифе Салихи 7


Подготовка на алгинат за отпечатување
При првата фаза од припремата на работното место за привремени фиксно-протетички
конструкции стручната стоматолошка сестра – орален хигиенолог треба да е спремна
за замешување на алгинат за замање на анатомски отпечаток. При оваа фаза за земање
анатомски отпечаток од агонисти и антагонисти, потребено е стручната стоматолошка
сестра – орален хигиенолог како припрема на работното место за привремени фиксно-
протетички конструкции да принесе алгинат и соодветен прибор како што се:
одмерителна лажица, шолја и шпатула (сл. 6).
Подготовката на алгинат задолжително се изведува по одреден редослед:
✓ Се аплицира одредена доза на алгинат и вода (сл. 7).

Слика 6. Прибор за анатомски отпечаток

Слика 7. Подготовка на алгинат

✓ Потоа во гумената шолја се додава вода и доколку се меша рачно, тоа треба да се
изведува со кружно движење на шолјата и мешање по нејзините ѕидови (сл. 8).
✓ Побрз начин на одготовка на алгинатот е со специјален апарат (сл. 9).

Слика 8. Рачно подготвување на алгинат

Автор: Ханифе Салихи 8


Слика 9. Подготвување на алгинат со апарат

ВТОРА ФАЗА РЕГИСТРАЦИЈА НА МЕЃУВИЛИЧНИ


5 ОДНОСИ

Регистрацијата на меѓувиличните односи е втора фаза од припремата на


работното место за привремени фиксно-протетички конструкции од страна на
стручната стоматолошка сестра – орален хигиенолог. Иако при изработка на
привремените фикснопротетичките конструкции меѓувиличните односи се определени,
сепак терапевтот уште при изработка на привремениот надоместок, треба да ги
регистрира. Во оваа фаза стоматолошката сестра како потребен инвентар треба да
принесе: розов восок за загриз, лампица или шолја со топла вода и ноже
Регистрацијата на меѓувиличните односи кај пациентот се врши кога се бара од
пациентот да загризе во положба на централна оклузија преку плочка од размекнат
розов восок (сл. 10).

Слика 10. Регистрација на меѓувилични односи за изработка на привремени фикснопротетички


конструкции

За да биде точна регистрацијата на меѓувиличните односи се користи вoсок за загриз


кој ги има следните карактеристики (сл. 11):
✓Состав: парафин, церезин и бои.
✓Форма: се произведува во вид на плочки, полуелипси.
✓Конзистенција: пластичноста е така приспособена што овозможува лесно и
прецизно земање загриз.

Автор: Ханифе Салихи 9


✓ Индикации за употреба: при земање загриз за одредување на меѓувилични
односи во фиксната и мобилна протетика, дијагностицирање на предвремени
оклузални контакти, за инфраоклузија и супраоклузија, за контрола на
оклузалниот допир при привремените и готовите протетички изработки.

Слика 11. Восоци за регистрација на меѓувилични односи и централна оклузија

ИЗРАБОТКА НА ПРИВРЕМЕНИ ФИКСНОПРОТЕТИЧКИ


6 КОНСТРУКЦИИ

4 Изработката на привремените фикснопротетички конструкции претставува


лабораториска фаза и за неа не е потребно стручната стоматолошка сестра – орален
хигиенолог да направи подготовка на работното место за привремени фиксно-
протетички конструкции. Изработката на привремени фикснопротетички конструкции
зависи од видот и начинот на изработката на фикснопротетичката конструкции па
затоа класифицирањето на фиксно протетичките конструкции во зависност од нивната
изработка го делиме во четири групи: употреба на целулоидни коронки, употреба на
вештачки заби за тотални протези, употреба на копир-систем и употреба на метод на
блокче.

Класификација на привремени фикснопротетички конструкции и


нивна изработка

Според начинот на изработка на привремените мостови постојат конфекциски

Автор: Ханифе Салихи 10


изработени мостови и индивидуално изработени мостови.
Конфекциски изработени привремени коронки или мостови се најбрз и
најлесен начин за изработка на привремени протетички конструкции. Можат да бидат
изработени од: метал, прозрачен целулоид и поликарбонати (сл. 12).
Индивидуално изработени привремени коронки или мостови (сл. 13) се
делат според хемискиот состав бидејќи на пазарот има различни материјали:
полиметилакрилати, полиетилметакрилати, епимини и хибриди (сл. 14)

Слика 12. Конфекциски елементи за изработка Слика 13. Индивидуално изработени


на привремени конструкции привремени мостови

Слика 14. Полимерни маси за изработка на


привремени конструкции

Индивидуално изработените привремени коронки или мостови може да се


изработуваат на неколку начини, бидејќи врските (котви, анкери) од тие мостови се
изработуваат со помош на: целулоидни коронки, од акрилатни заби од гарнитура заби
за тотални протези, по метод на блокче или копир-систем.

Употреба на целулоидни коронки

Целулоидните привремени коронки се полуиндивидуални бидејќи се фабрички


изработени во облик на прозрачни лушпи, за потоа да се исполнуваат клинички со
акрилатна маса и да се адаптираат врз забното трупче. Целулоидниот ацетат е
прозрачен материјал од кој се изработуваат прозрачните коронки (слика
15) кои по приспособувањето се исполнуваат со акрилатен материјал со одредена боја
избрана според клуч којшто постои за секој акрилатен материјал. По завршената
полимеризација, без разлика дали се врши со автополимеризирачки акрилат или со UV
светло, целулоидната лушпа се одвојува од привремената коронка и се фрла, а
коронката се цементира за забното трупче (слика 16). Можат да се најдат во облик на
инцизиви, канини и премолари (слика 17).

Автор: Ханифе Салихи 11


Слика 15. Целулоидни коронки

Слика 16. Употреба на антериорни Слика 17. Постериорни целулоидни


целулоидни коронки коронки

Употреба на акрилатни заби од гарнитура заби за тотални протези

Кога се користат овие заби, привремените коронки ги диференциравме како


полуиндивидуални привремени коронки. По завршената препарација кај изработката на
индивидуални мостови со гарнитура заби од тотални протези се избира соодветниот заб
од гарнитурата на заби (слика 18), да се совпаѓа со истиот заб кој бил препариран. Потоа
од избраниот заб се изработува само лушпа со состружување со насадник и соодветно
каменче. Следува употреба на акрилатен материјал кој не мора да биде со иста боја на
забалото. Со акрилатот се обвиткува забот од оралната и апроксималните страни, а
лушпата се поставува вестибуларно. По извршената оклузија и артикулација со паста за
привремено цементирање се аплицира привремениот мост.

Слика 18. Акрилатни заби од гарнитура за тотални протези

Автор: Ханифе Салихи 12


Употреба на копир-систем

Кај методот на копир-систем прелиминарниот отпечаток се зема пред


препарацијата на предвидениот заб за изработка на протетичка конструкција и на тој
начин се зачувува формата и обликот на природниот заб
Потоа следува методот на препарација и повторно земање на отпечаток по
предвидените фази и принципи за протетичка изработка. По препарацијата, а по сите
предвидени фази и принципи за протетичка изработка се започнува со избор на
акрилатен материјал но со боја која поред клучот на бои ќе одговара на забалото од
пациентот. Избраниот акрилат (слика 19) се замешува во потечна конзистенција и се
аплицира во отпечатокот земен по препарацијата. Истиот отпечаток се враќа врз
изолираните забни трупчиња во устата на пациентот. По состружување на
привремениот мост изваден од отпечатокот, извршената оклузија и артикулација се
аплицира во устата.

Слика 19. Акрилат за употреба на копир систем

Употреба на метод на блокче

Изработката на привремени мостови по методот на блокче е брза и едноставна, но


бара избор на акрилатен материјал соодветен со забалото на пациентот. Материјалот се
замешува со конзистенција на тесто и се аплицира како калап врз препарираното и
изолирано забно трупче (слика 20). Потоа следува состружување на привремената
конструкција со давање на анатомоморфолошки карактеристики од дадените заби и
празниот простор и нејзино цементирање (слика 21).

Слика 20. Калап од полимер во облик на Слика 21. Состружување и адаптирање на


блокче привремен мост

Автор: Ханифе Салихи 13


МАТЕРИЈАЛИ ЗА ИЗРАБОТКА НА ПРИВРЕМЕНИ
7 ФИКСНОПРОТЕТИЧКИ КОНСТРУКЦИИ

Материјалите со кои ги изработуваме привремените конструкции по овој метод


или пак по методот на копир систем се разликуваат по хемискиот состав (слика 22):
полиметилакрилати, полиетилметакрилати, епимини, хибриди. Привремените коронки
од полиметилакрилат (слика 23) по својот состав се слични на полимерите од кои се
изработуваат тоталните протези, со таа разлика што се обоени со пигменти во боја на
забите. Бараат висока температура на полимеризација и поради тоа имаат голем степен
на контракција. Стабилноста на бојата е добра, а можат да се изработат и добри,
високополирани рабови. Квалитетно изработен може да трае повеќе од неколку
месеци. Материјалот се состои од полимер прашок и мономер течност. Полимерот
содржи пигменти, активатор. Мономерот содржи инхибитор и вмрежувач за поголема
отпорност од површинска абразија. Привремените коронки од полиетилметакрилат
(слика 25) имаат пониска температура на

Слика 22. Акрилатен полимер и мономер Слика 23. Полиметилкрилат

полимеризација и поради тоа се помалку штетни за забната пулпа. За време на


полимеризацијата поминува низ гуместа фаза поради што е полесен за манипулација и
полесно се отстрануваат вишоците од забите. Имаат мала цврстина и мала отпорност
на абразија. Заради малата цврстина служи за изработка на привремени надоместоци со
краток распон. Привремените коронки од епиним (слика 24) имаат многу ниска
температура на полимеризација со многу мала контракција на полимерот имаат мала
количина на резидуален мономер. Хибридите претставуваат најразлични комбинации
од претходно споменатите материјали. Најчесто се работи за бис акрилатна композитна
смола. Има најголема тврдост. Се користат за изработка на привремени мостови
конструкции со поголем распон. Во материјалот лесно се јавуваат меурчиња поради
што впива вода од усната празнина и лесно ја менува бојата.
Акрилатите се полимерни соединенија или вештачки смоли, кои настануваат со
полимеризација на мали молекули т.е. мономери од акрилна, метакрилна киселина или
од акрилонитрати.

Автор: Ханифе Салихи 14


Полимеризација е процес на синтеза на поединечни мономерни молекули во
полимер. Како хемиска реакција може да биде со различен тек, но од интерес за
стоматологијата се адиционата и кондензационата полимеризација. Адиционата се
одвива без ослободување на меѓупродукт, додека со кондензационата полимеризација
се ослободуваат додатни продукти.

Слика 24. Епиним Слика 25.


Полиетилметакрилат

Општи карактеристики на акрилатите

Покрај сите свои карактеристики, акрилатите првенствено треба да бидат


биолошки прифатливи, односно компатибилни со оралните ткива. Бројните
истражувања покажале дека тие претставуваат биокомпатибилни материјали. Имено на
локално ниво воочена е инфламација на местата каде акрилатот доаѓа во контакт со
слузокожата во оралната празнина, а во одделни случаи опишана е контактна
алергија. Постои процент на респираторни нарушувања како резултат на поголеми
концентрации на метакрилна киселина. Потенцијално токсичните ефекти најчесто
настануваат од мономерот кој останал неврзан во текот на полимеризацијата, т.н.
резидуален мономер. Неговата количина зависи од видот на акрилатот и од начинот на
изведување на полимеризацијата. При претпоставка дека процесот на
полимеризацијата е изведен правилно, процентот на резидуалниот мономер кај
топлополимеризирачките акрилати се движи од 0,2 до 0,5% односно 1 до 2%. Кај
ладноврзувачките акрилати таа количина изнесува и до 5%. Према стандардите на ISO
максимално дозволената количина на мономер за топловрзувачките акрилати изнесува
2,2%, а за ладнополимеризирачките акрилати 4,5%. Освен резидуалниот мономер, како
потенцијално иритирачки супстанции може да делуваат и: формалалдехидот, бензоил
пероксидот, дибутил фталатот, солите на живата, кадмиумот и др. Овие продукти кои
доведуваат до иритација во оралната средина се повеќе од физичко-хемиска отколку од
алергиска природа.
За да се интегрира одредена стоматолошка изработка од акрилат во
стоматогнатниот систем потребно е, меѓу другото, да поседува и соодветни механички
и физички карактеристики. Акрилатите се материјали кои имаат задоволителна
транспарентност, мала специфична тежина, немаат мирис, ни вкус. Тие се едноставни
за репарација и обработка. Од особините на акрилатите кои може да се каже дека не се
на посакуваното ниво би издвоиле неколку: акрилатите ја немаат потребна цврстина и
тврдост, поседуваат нешто пониска отпорност на абразија отколку посакуваната, како

Автор: Ханифе Салихи 15


и мал модул на еластичност, што ги прави крути и полесни за кршење; имаат склоност
за незначителна апсорбција на вода (до 2%), при што последицата е ослободување
резидуален мономер. Апсорбираната вода делува како пластификатор и додатно ги
компромитира механичките особини на акрилатот; растворливоста во вода и во
оралните течности е слаба, но нема клиничко значење; потоа не се димензионално
стабилни материјали, а и порозноста на овие материјали е исто така непожелна.
Порозниот акрилат е склон на кршење, а може да влијае и на промена на бојата од
изработката, при што се намалува естетскиот ефект. Порите се предилекционо место за
ретенција на храна и микроорганизми, поради што иритативното дејство на акрилатот
може да биде нагласено (слика 26).
Без оглед на споменатите недостатоци, акрилатите сè уште се незаменливи во
своето индикационо подрачје, а од сите стоматолошки дисциплини најширока примена
имаат во стоматолошката протетика и ортодонција. Во протетиката претежно се
користат топлополимеризирачки акрилати (слика 27), додека во ортодонцијата
најчесто се користат ладнополимеризирачки акрилати.

Слика 26. Најчесто употребувани акрилати Слика 27. Топлотно полимеризирачки


акрилати

Класификација и состав на акрилати

Според основната хемиска


структурa овие материјали најчесто припаѓаат во естри на метакрилната киселина.
Акрилатите се двокомпонентни системи кои најчесто се состојат од течен и цврст дел
кој е во облик на прашок. Агрегатната состојба на компонентите зависи од степенот на
полиaмеризација на метилметакрилатот, т.е. течноста е неполимеризиран
метилметакрилат, а прашокот е полимер на истото соединение. Течноста покрај
метилметакрилатна киселина задолжително содржи инхибитор на полимеризацијата,
чија улога е да ја спречи евентуалната
непосакувана полимеризација која може да се иницира под дејство на топлината или
ултравиолетовото зрачење за време на чувањето на препаратот. Како инхибитор
најчесто се користи 0,006 % хидрохинон. Другите состојки се присутни само во
одредени видови на акрилати, во самиот мономер
(слика 28 ) н полимеризирана метилметакрилатната киселина, задолжително во својот
состав има иницијатор, пластификатор, аноргански супстанции и пигменти, кои се
наоѓаат во полимерот (слика 29). Иницијаторот го неутрализира дејството на
инхибиторот и ја започнува реакцијата на полимеризација. За таа цел најчесто се

Автор: Ханифе Салихи 16


користи бензилпероксид во количина од 0,2 1,5%. Дибутил и диетил фталат кај
акрилатите се додаваат во својство на пластификатори. Анорганските супстанции
како што се зрнцата од стакло, циркониум силикатот и алуминиум оксидот
придонесуваат за подобрување на механич ките карактеристики. Акрилатите се
безбојни прозрачни материи кои реба да се обојат за приближно да ги имитираат
ткивата и органите во усната шуплина кои ги заменуваат. Како пигменти најчесто се
користат соли од жива, железо, кадмиум и други. Акрилатите се класифицираат според
начинот на иницирање на полимеризацијата и конзистенцијата.

Слика 28. Мономер Слика 29. Полимер

Класификација на акрилати според начинот на иницирање на


полимеризација

Според начинот на иницирање на реакцијата на полимеризација, акрилатите се делат


на:
✓Топлополимеризирачки акрилати се оние кај кои процесот на полимеризација се
иницира и одвива под дејството на топлина во водена бања (слика 30);
✓Ладнополимеризирачки акрилати се полимеризираат на собна температура. За
разлика од топлополимеризирачките, содржат акцелератор кој го разлага иницијаторот
на полимеризација на слободни радикали, со што се активира процесот на
полимеризација (слика 31);
✓Светлополимеризирачки (фотосензитивни) акрилати се оние кај кои видливата
светлина делува како активатор на полимеризацијата. За потребите на
полимеризацијата се користат специјални апарати кои произведуваат светлосни
бранови со бранови должини во спектарот на видливата светлина со амплитуда од 380
до 760 nm (слика 32).
✓Микробраново полимеризирачки акрилати кои се зацврстуваат под дејство на
енергија предизвикана од микробранови во микробранова печка (слика 33).

Автор: Ханифе Салихи 17


Слика 30. Топлотно врзувачки акрилати

Слика 31. Ладно врзувачки акрилати Слика 32. Употреба на светлосно врзувачки
акрилати

Слика 33. Микробраново полимеризирачки акрилати

Класификација на акрилати според конзистенција

Според конзистенцијата акрилатите може да бидат:


✓ тврди (крути), односно
✓ меки (флексибилни);
Конзистенцијата на акрилатите зависи од количината на пластификаторот во хемиската
структура. Имено, меките акрилати покрај вообичаените компоненти, содржат поголем
процент на пластификатори, што е услов за нивната изразена флексибилност која трае и
по завршениот процес на полимеризација. Количината на пластификаторот во
зависност од материјалот може да изнесува и до 30%. Според времето на траењето на
еластичноста меките акрилати се делат на кондиционери и лајнери. Кај

Автор: Ханифе Салихи 18


кондиционерите, еластичноста трае неколку недели, додека кај лајнерите тој период се
пролонгира и до 3 години. Со текот на времето како резултат на испарувањето на
пластификаторите, акрилатот ја губи еластичноста и стануваат неупотребливи.

ТРЕТА ФАЗА – ПРОБА НА ПРИВРЕМЕНИ ФИКСНО-


8 ПРОТЕТИЧКИ КОНСТРУКЦИИ

Пробата на привремени фиксно-протетички конструкции претставува трета


фаза од припремата на работното место од стручната стоматолошка сестра – орален
хигиенолог. При третата фаза од припремата на работното место за привремени
фиксно-протетички конструкции стоматолошката сестра – орален хигиенолог ја зема
привремената фикснопротетичка конструкција од лабораторијата и ја носи кај
терапевтот во ординацијата. Во оваа фаза од припремата на работното место за
привремени фиксно-протетички конструкции, стручната стоматолошка сестра – орален
хигиенолог како инвентар го принесува следното: огледало, артикулациона хартија,
насадник и брусни телца.
Привремената фикснопротетичка конструкција во завршната фаза се проверува
уште на работниот модел (слика 34). Сестрата го поставува работниот модел на
работното место на терапевтот. Во оваа фаза таа на терапевтот му принесува
артикулациона хартија за проверка на евентуалните предвремени контакти. Доколку ги
има таа треба да принесе и насадник и соодветни брусни тела за состружување на
дозволените предвремени контакти.

Слика 34. Работен модел со изработена привремена коронка

Терапевтот прави проверка за ретенција и стабилизација. По извршените


корекции од страна на терапевтот, стоматолошката сестра на пациентот му дава
огледало на пациентот за да си ги каже субјективните впечатоци.
Кога е фаза на изработка и предавање на привремените фикснопротетички
мостови на пациентот му се даваат упатства за носење и одржување на хигиена во
оралната празнина до поставувањето на дефинитивни фикснопротетички конструкции.
Во оваа фаза неопходно потребно е претходна анализа на привремениот мост на
работниот модел (слика 35).

Автор: Ханифе Салихи 19


Слика 35. Работен модел со изработен привремен мост

ЧЕТВРТА ФАЗА – ЦЕМЕНТИРАЊЕ НА


9 ПРИВРЕМЕНИ ФИКСНОПРОТЕТИЧКИ
КОНСТРУКЦИИ

Приготвувањето на работното место за привремени фиксно-протетички


конструкции од страна на стручната стоматолошка сестра – хигиенолог завршува со
четвртата фаза или цементирање на фиксно-протетички конструкции. За цементирање
на привремените конструкции се користат различни средства, кои се исклучиво за
привремено цементирање, меѓу кои се (слика 36, слика 38, слика 39):
✓Пасти кои се приготвуваат во ординација ex tempore, како што се: ZOOK паста за
индиректно прекривање на забите, ZOE паста за функционален отпечаток, флечер и ZO
вазелин.
✓Другата група преставуваат пасти што се наоѓаат на пазарот: викотемп,
темпбонд, скута-бонд, реокап-бонд, вариолинк, провикол и др.

Слика 36. Цементирање на привремени коронки

Автор: Ханифе Салихи 20


Слика 37. Цементирање на привремени коронки по копир систем

Слика 38. Цементирање на привремени коронки по CAD CAM систем

Автор: Ханифе Салихи 21


10 КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА:

1. Капушевска Б. Стоматолошка протетика – фиксна протетика за стручни


стоматолошки сестри – орални хигиенолози, I дел, МагнаСкен, Скопје, 2018;
2. Капушевска Б. Технологија на фиксни протези (мостови), МагнаСкен, Скопје
2013;
3. Kapusevska B., N. Dereban, M. Popovska, J. Nikolovska, V. Radojkova, E.
Zabokova Bilbilova,A.Mijoska.Technology and use of the acrylics for provisional
dentin protection. Contributions (Прилози), Sec. of Med. Sci., MASA, ISSN 0350-
1914; 2013, XXXIV (3): 113-120
4. Мирчев Е. , Капушевска Б. , Гиговски Н. Изработка на заштитни коронки од
гарнитура заби за тотални протези. Макед Стоматол Прегл 1986,10 (1-2):27-30
5. Капушевска Б. , Мирчев Е. , Бајевска Ј. , Бундевска Ј. Сензитивен дентин и
можности за негова терапија при дефинитивно цементирање на фиксно-
протетски конструкции. Македонски Стоматолошки Преглед 1993;17(2):75-8
6. Craig RG, Powers JM, Wataha JC. Dental materials. Mosby: St. Louis, 2000.
7. Narva K. Fibre-reinforced denture base polymer. Academic Dissertation. Institute of
Dentistry, University of Turku, 2004.

Интернет извори :

1. https://www.dentalacademyofce.com/courses/1479/pdf/provisionalfixedrestorations.pdf
2. www.beogradskiosmeh.com
3. stomatologija.hr
4. https://www.google.com/search?q=temporary+crowns+and+bridges+pdf&source=ln
ms&tbm=isch&sa=X&ved=0ahUKEwjQjOLk_undAhXD_CoKHcs1B8UQ_AUIDig
B&biw=1357&bih=650

Автор: Ханифе Салихи 22

You might also like