You are on page 1of 2

УПАТСТВО ЗА ИНТРАОРАЛНИ ЛАСТИЧИЊА

(ГУМИЧКИ)

Интраоралните ластичиња (гумички) кои ви беа дадени да ги носите денеска за одреден


период од вашиот ортодонтски третман се користат за да создадат блага, но континуирана сила
која помага при подредувањето на поединечни заби или на положбата на еден од забните лаци
према друг. Вашата шема за носење на интраорални ластичиња (гумички) е одбележана со
пенкало на Слика 1.

Слика 1. ШЕМА ЗА НОСЕЊЕ НА ИНТРАОРАЛНИ ЛАСТИЧИЊА

ПРАВИЛА ЗА НОСЕЊЕ ИНТРАОРАЛНИ ЛАСТИЧИЊА (ГУМИЧКИ)

Соработката и правилното носење на


интраоралните ластичиња (гумички) може да го забрза
времето на вашата терапија. Тоа значи дека побрзо ќе
ви бидат извадени протезите (фиксниот ортодонтски
апарат). Не придржување кон правилата на носење
или недоволно носење на интраоралните ластичиња
(гумички) може да го продолжи времето на
ортодонтскиот третман. Еве ги поважните правила на
носење интраорални ластичиња (гумички):

1. Интраоралните ластичиња (гумички) се Слика 1. Долна мобилна ортодонтска протеза


поставуваат според упатството кое ви го дал (апарат)
ортодонтот. Положбата на поставување на
интраоралните ластичиња (гумички) се
покажува еднаш во ординација, а потоа
пациентот треба да ги поставува во домашни
услови според предадената шема за
поставување од страна на ортодонтот;
2. Менувањето на интраоралните ластичиња
(гумички) со нови се прави во домашни услови
според упатството на ортодонтот и тоа
најчесто на 4 до 6 дена. При поставувањето на
интраоралните ластичиња (гумички) за куките
од ортодонтската протеза (апарат) може да се
користи чупалица за кубање на веѓи.
Внимателно се растегнува интраоралниот Слика 2. Поставување интраорални ластичиња
(гуми)
1
ластик (гумичка) меѓу куките на забите напишани во шемата од ортодонтот (Слика 2,
Слика 3);
3. Интраоралните ластичиња (гумички) кои ви биле предадени за време на ортодонтската
контрола треба да бидат доволни за периодот
од една до друга контрола. Доколку ви се
потрошат предвреме секогаш можете да ја
контактирате нашата ординација;
4. Интраоралните ластичиња (гумички) се
носат 24 часа, 7 дена во неделата без престан
или одмор. Во спротивно нема да настане
посакуваното придвижување на забите;
5. Најголемата ефикасност на интраоралните
ластичиња (гумички) се случува при сите
движења на долната вилица. Поради тоа ве
охрабруваме повеќе да зборувате додека ги
носите интраоралните ластичиња (гумички);
6. Се препорачува интраоралните ластичиња
(гумички) да се носат и при џвакање на A
храната односно при јадење. Сепак,
понекогаш тоа предизвикува непријатност
кај пациентот и тоа е скоро невозможно.
Поради тоа ве советуваме доколку ги
отстранувата интраоралните ластичиња
(гумички) при јадење, вратете ги на своето
место за најбрзо можно време;
7. Доколку пропуштите еден час на носење на
интраоралните ластичиња (гумички)
потребни ви се три часа носење за да го
надокнадите ефектот на дејството на
ластичињата. Доколку пропуштите еден ден
носење на интраоралните ластичиња
(гумички) тогаш ви се потребни три дена
носење за надокнадување на ефектот на B

дејството;
8. Носењето на интраоралните ластичиња
(гумички) може да предизвика болна
реакција на вашите заби бидејќи тие ги
принудуваат на забите да се придвижуваат во
одреден правец. Интраоралните ластичиња
(гумички) треба да се остават на своето место
и болката вообичаено ќе помине во текот на
неколку дена;
9. Доколку сте се придржувале на упатството
на носење и сте ги носеле интраоралните
ластичиња (гумички) редовно, тогаш ќе
имате чуство на неудобност и непријатност
секогаш кога нема да ги имате поставено C
интраоралните ластичиња (гумички) во
вашата уста; Слика 3. Најчести начини за носење
10. Доколку сте ги скршиле куките на вашата интраорални ластичиња (гумички) :
ортодонтска протеза (апарат), сте ги А. Класа I, B. Kласа II, C. Триаголник - класа II
загубиле, потрошиле интраоралните ластичиња (гумички) или имате дополнителни
прашања ве молиме побарајте не на 070/638-429.

You might also like