You are on page 1of 2

УПАТСТВО ЗА НОСЕЊЕ ФИКСНИ ОРТОДОНТСКИ ПРОТЕЗИ

(АПАРАТ)

Фиксната ортодонтска протеза (апарат) е направа која се


користи за исправување на кривите заби и подобрување на оралното
здравје. Фиксната ортодонтска протеза (апарат) делува на забите
преку нанесување на континуирана сили или притисок во подолг
временски период за да ги премести забите во одредена насока. Во
текот на целата терапија фиксната ортодонтска протеза (апарат) не
се вади од местото на нејзиното поставување на забите, контролите
се вршат секој месец, а целокупното времетраење на терапијата е
најмалку една и пол година.

ОДРЖУВАЊЕ НА ОРАЛНА ХИГИЕНА КАЈ


ПАЦИЕНТИ СО ФИКСНА ОРТОДОНТСКА
ПРОТЕЗА (АПАРАТ)

Пред поставувањето на фиксна ортодонтска протеза


(апарат) потребно е да се поправат сите заби бидејќи
одржувањето на оралната хигиена е отежнато и постои
зголемен ризик од настанување на кариес. Четкањето на
внатрешната површина на забите може да се прави со
хоризонтални движења над и под поставената фиксна
ортодонтска протеза (апарат), како и со вертикални
движена на внатрешните површини од забите. Со
движењата на четката треба да биде опфатено и непцето
над или под забот (Слика 1). Ваквото чистење е сосема
доволно. Пациентите кои чувствуваат дека не можат да ја
одржуваат доволно оралната хигиена на овој начин можат
да користат специјална четка за пациенти со фиксни
ортодонтски протези (апарат) кај која во средината на
влакната се наоѓа жлеб. Ваквиот жлеб служи за пациентот
полесно со помош на хоризонтални движења на
специјалната четка да ги чисти надворешните површини
на забите, без влакната на четката да го допираат
ортодонтскиот апарат. Специјалните ортодонтски четки
можат да се купат во секоја аптека. За чистење на
просторите помеѓу забите и ортодонтската жица можат да Слика 1. Одржување хигиена на фиксна
се користат специјални интердентални четки или дентален ортодонтска протеза (апарат)
конец кои исто така можат да се купат во секоја аптека.

ИСХРАНА КАЈ ПАЦИЕНТИ СО ФИКСНА ОРТОДОНТСКА ПРОТЕЗА


(АПАРАТ)

Пациентите кои носат фиксна ортодонтска протеза (апарат) можат да се хранат исто како и пред
нејзиното поставување со тоа што треба да внимаваат на начинот на јадење и да одбегнува конзумирање
на определени видови храна. Постојат неколку правила при исхраната кон кои пациентите можат да се
придржуваат со цел поефикасен ортодонтски третман:

1. Првите неколку дена после поставувањето на фиксната ортодонтска протеза (апарат)


пациентите може да јадат помека храна додека да се навикнат на настанатата промената;
2. Цврстата храна треба да се сечи на помали парчиња со нож и виљушка и во мали залаци да
се џвака со задните заби;

1
3. Никогаш храната не смее да се
гризе со предните заби. Поради
тоа, кога се јаде храна како што е
на пример јаболко, круша, пченка
со кочан, ребро, крилца или било
какво месо со коска, тие треба
прво да се исечат на парчиња и
потоа да се џвакаат со задните
заби. Цврстите колачиња, коцки
мраз, корките од леб, цврстите
зеленчуци, бејк ролс и сл. треба да
се избегаваат или кога се јадат да
се кршат на парчиња и да се
џвакаат со задните заби (Слика 2);
4. Карамелите, гумените бомбони,
цврстите бомбони, лижавчињата,
кикирики, ф’стаци, семки,
индиски ореви, леблеби,
мастиките за џвакање не смее да
се ставаат во уста без никаков Слика 2. Режим на исхрана со ортодонтски фиксни протези
исклучок (Слика 2); (апарати)
5. Работи кои не се храна како што се моливи или пластични лажичиња не смее да се ставаат
во устата (Слика 2).

МОЖНИ НЕПРИЈАТНОСТИ КОИ МОЖАТ ДА НАСТАНАТ ЗА ВРЕМЕ НА


НОСЕЊЕ НА ФИКСНАТА ПРОТЕЗА (АПАРАТ)

1. БОЛКА БЕЗ СПЕЦИФИЧНА ЛОКАЛИЗАЦИЈА


Причина: Фиксниот ортодонтски апарат брзо ги поместува забите и при тоа ткивото околу
забот испраќа пораки до мозокот кои тој ги толкува како болка.
Што да се превземе: Болката без локализација може да се намали преку плакнење на устата со
раствор од сол во топла вода. Растворот се подготвува така што една кафена лажица сол се меша
во една чаша претходно затоплена вода. Доколку тоа не е доволно за да помине болката,
пациентот може да се напие аналгин. Болката и без интервенирање спонтано ќе престане после
3-4 дена.

2. ЗГОЛЕМЕНА ПОДВИЖНОСТ НА НЕКОЈ ЗАБ(И)


Причина: За време на терапијата пациентот може да ги чувствува некои заби како разлабавени.
Тоа е очекувано и нормално бидејќи забите прво мора да се разлабават за да бидат поместени.
Забите повторно ќе бидат цврсто фиксирани во новата положба на крајот од терапијата.

3. ПАЃАЊЕ НА ДЕЛ ОД ФИКСНАТА ОРТОДОНТСКА ПРОТЕЗА (АПАРАТ)


Причина: Фиксната ортодонтска протеза (апарат) дејствува на забите со континуирана сила или
притисок. Кога оваа сила или притисок ќе ја надмине физиолошката способност на забот да го
издржи тој притисок, делот од фиксната протеза кој е одговорен за тој заб автоматски ќе се
откачи од забот како осигурувач за струја кога струјата има превисок напон. Причина за
откачување на дел од фиксната протеза може да биде и непридржување кон гореспоменатите
правила на исхрана од страна на пациентот.
Што да се превземе: Никогаш со прст не допирајте ја фиксната ортодонтска (протеза) апарат.
Делот којшто паднал внимателно зачувајте го во некое помало кутивче и обратете се во нашата
ординација во работно време или на телефон 070/638-429 за да биде повторно сместен на своето
место.

4. БОЦКАЊЕ НА ОРТОДОНТСКАТА ЖИЦА ВО ОБРАЗОТ


Причина: Поради движењето на забите понекогаш се појавува вишок ортодонтска жица која
може да боцка во образот од пациентот.
Што да се превземе: Никогаш со прст или некој инструмент не допирајте ја жицата, во најбрзо
можно време посетете ја нашата ординација во работно време и ќе го отстраниме вишокот на
жица или побарајте не на телефон 070/638-429.

You might also like