You are on page 1of 3

Постојат многу причини поради кои може да дојди до пожолтување на ноктите.

Kонтакт со
пигменти или бои, на пример, оние што се наоѓаат во цвекло или моркови, тогаш ништо не
го загрозува нивното здравје.

Ова може да се случи поради болест, недостаток на витамини, пушење или изложеност
на неквалитетни или светли лакови на ноктите. Во овој случај, ноктите добиваат жолта нијанса,
и ако се игнорираат проблемите, тогаш ноктите можата да станат и кршливи и слаби. Ноктите
можат да ја менуваат бојата од различни причини. Пожолтените нокти на рацете или нозете
може да укажуваат на присуство на габа.

Ако сме сигурни дека промените на ноктите не се резултат на здравствени проблеми,


тогаш можеме да се започне со белење на ноктите.

Жолти нокти, причини


Лакови со темни нијанси

Најчеста причина за појавата на жолти нокти е употребата на темни лакови, како црна, темно
сина, темно црвена. Овие лакови имаат многу поголема тенденција да ги пожолтуваат на
ноктите, за разлика од другите нијанси. Особено ако се применуваат често и подолго време.
Овие жолти дамки можат да останат на ноктите се денови или недели.

Формалдехид

Опасна и докажано канцерогена состојка особено ја има кај поевтините лакови, може да
предизвика пожолтување на ноктите. Во реакција со кератинот кој е составен елемент на
плочата на ноктите, тие ја прават кршлива и жолта. Не се препорачува употребува на лаковите
што содржат формалдехид

Пушењето

Најчеста причина за жолти нокти покрај лакирањето, е катранот и никотинот од цигари.

Показател за инфекција на ноктите

Многу поретко се јавува, но жолтите нокти може да бидат знак за појава на габична или друга
инфекција на плочата на ноктите, особено ако се пропратени со симптоми како што се
искривување и задебелување на ноктите. За овие проблеми треба да се препорача клиентот
да се јави на лекар.

Недостаток на хранливи материи во телото

Жолти нокти може да укажуваат на недостаток на хранливи материи во телото особено на


железо и цинк.
Здравствени проблеми

Болести на белите дробови, црниот дроб или тироидната жлезда, исто така може да имаат
симптом на жолти нокти. Ако се сомневате во овој проблем, мора да се јавите кај вашиот
лекар.

Превенција од жолти нокти, база за лак

За да спречи пожолтување на ноктите од користењето на лак за нокти, треба да се става


база за лак пред секое лакирање на ноктите. Базата делува како бариера која ќе го спречи
продирањето на пигментните на лакот во плочата на ноктите. Покрај тоа, ќе го продолжи
времетраењето и отпорноста на лакот. Не употребувајте ги лаковите што содржат
формалдехид.

Професионално белење
Многу козметички салони нудат услуги за нега на ноктите, вклучително и белење. Но, ова
може да се направи дома со помош на специјални препарати:

Лак за белење... Овој козметички препарат може да се користи и во домашни услови. Помага
да се избелат ноктите, помага да се маскираат несовршеностите, како и да се зајакнат и
залечат ноктните плочи. Се препорачува да се применува секој ден во траење од една и
пол недела.

Основа за белење на ноктите... Средство кое ги изедначува неправилностите и спречува


пожолтување на ноктите поради честата употреба на лакови.

Прашоци за топла бања... Се продава во кесички за една употреба. Нивната содржина се


става во топла вода, а потоа се стваат рацете во неа и се чуваат 10 минути. После тоа,
ноктите се чистат со четка. Постапките се препорачуваат редовно да се прават додека не
се добие посакуваниот ефект.

Маски за белење на нокти... Производот се нанесува во дебел слој на ноктите, се задржува


неколку минути и се мие. По употребата, се подобрува состојбата на ноктите. Тие обелуваат
и заздравуваат.

Молив за белење за нокти кој исто така може да се користи за да се создаде француски
маникир. Има бела боја и се нанесува во внатрешноста на плочите за нокти.

Како да се избелат ноктите во домашни услови?

Често пати се јавува потреба да се советуваат клиентите како да ги избелат ноктите во


домашни услови.
Хидроген 3%

Водород пероксид (Хидроген 3%) добро ќе ги избели жолтите нокти. Неколку домашни
препарати може да се подготват врз основа на тоа:

 Во неметален сад, се меша водород пероксид и сода бикарбона за да се формирате


густа смеса. Се нанесува на ноктите 3 минути, а потоа, се четкаат ноктите со мека
четка,.

 Во сооднос 1: 4 се меша глицерин со пероксид. Смесата се нанесува на ноктите не


повеќе од 3 минути. Се плакне со топла вода.

Лимон

Многу луѓе знаат дека со помош на лимон можете да го избели лицето и да се ослободи
од старечките дамки и пегите, но делува и на ноктите. Овошјето ефикасно ќе ги ослободи
ноктите од сите видови нечистотија и, со редовна употреба, ќе ја елиминира жолтината.
Може да се користи на различни начини:

 Да се истријат ноктите со со парчиња лимон;

 Да се подели лимонот на 2 дела и да се натопат врвовите на прстите во неговата


пулпа;

 Да се нанесе сок од лимон на ноктите и да се чуваат во сокот од лимон 1/4 час.

 Да се измешаат еднакви количини сок од лимон и маслиново масло, да се истријтат


ноктите и да се остоават 1/4 час.

Есенцијални масла

Маслото од јојоба се покажаа добро во белењето на ноктите. Се додаваат неколку капки


во топла вода и се потопуваат врвовите на прстите. Се препорачува полирање на ноктинте
плочи со етерични масла еднаш месечно. За постапката, се избира мека ткаенина од памук
за полирање.

You might also like