You are on page 1of 8

НАРУШУВАЊА НА ФУНКЦИИ ВО

ОРОФАЦИЈАЛНИОТ СИСТЕМ
Тема 1: Етиологија и класификација на ортодонтски аномалии

Проф. Андриана Андреева-Остојиќ


Дишење на уста
◦ Нарушувањето на функцијата дишење може да настане од причини кои се
локализираат во носната празнина и доведуваат до опструкција.
◦ Индивидуите со пречки во носната празнина имаат промени во лицевиот скелет во
однос на позицијата на забите и во меѓусебниот однос на вилиците.
◦ Овие деца имаат ретрогена (дистална) позиција на мандибулата, а максилата е
тесна со протрузија на фронталните заби и има изглед на буквата V, високо
непце, усните се одвоени и хипотонични, јазикот ја исполнува целата усна
празнина. Перманентно отворената уста доведува до млитавост на периоралната
мускулатура и образните мускули кои го спречуваат растот на максилата.
Постои отворен загриз и зголемена долна половина на лице.
Дишење на уста
◦ Дишењето на уста без постоење на пречки во носната празнина ја сметаме како навика на дишење
на уста. Ваквото дишење го сметаме како наследна предиспозиција.
◦ Потребно е да се дијагностицираат причините за дишењето на уста. Доколку се тоа пречки во
дишните патишта, потребно е нивно отстранување и префрлување на дишењето од орално во
назално. Додека, ако тоа е лоша навика, треба истата да се елиминира.
Неправилно голтање
◦ Инфантилното голтање, доколку е присутно после втората година од животот, се смета за
неправилно голтање. Нарушената функција на голтање, доведува до појава на малоклузија.
Јазикот, потиснувајќи го болусот од усната празника во голтникот, се поставува помеѓу забите во
фронталната регија и воспоставува контакт со долната усна. Ваквото поставување на јазикот
доведува до отворен загриз во фронталната регија.
Неправилно џвакање
◦ Неправилната мастикаторна
функција влијае врз
самочистењето на забите, кое е
редуцирано, го зголемува
процентот на кариес, плак,
како и пародонталните
заболувања, и на тој начин
индиректно влијае за развој на
малоклузија.
Неправилна морфологија и функција
на усните
◦ Нормални усни во периодот на физиолошко мирување се во контакт без контракција на
периоралната мускулатура. Оваа состојба на усните ја нарекуваме компетентна
морфологија на усни – “компетентни усни”.
◦ Доколку во физиолошко мирување постои простор помеѓу усните, кои за да се спојат
потребно е контракција на периоралната мускулатура тогаш говориме за
инкомпетентна морфологија на усните – “инкомпетентни усни”.
◦ Инкомпетентните усни најчесто се наследни, тие се кратки во вертикала во однос на
коскените структури. Ваквиот однос доведува до неправилно поставување на
фронталните заби кои се во фаза на никнување, односно се инклинираат.
Компетентни усни

Инкомпетентни усни
ВИ БЛАГОДАРАМ НА
ВНИМАНИЕТО

You might also like