You are on page 1of 30

Ментор: Изработиле:

Проф.Д-р М.Поповска Бојан Ангеловски 6070


Христина Пипонска 6083
,
Отстранувањето на трауматската оклузија, односно
трауматскиот контакт е составен дел од терапијата на
лица заболени од пародонтопатија.
Денталниот плак ја иницира првобитната инфламација
на гингивата, која подоцна благодарение на
трауматската оклузија се шири многу побрзо во
периодонциумот. На тој начин, пародонталните
оштетувања се одвиваат забрзано, што води кон брза
деструкција на периодонциумот и анатомска
дезинтеграција на овие ткива. Токму поради ова, во
терапијата на пародотопатија треба да бидат вклучени
и мерки кои ги опфаќаат пореметените оклузални
односи.
Индикации за примена на терапија за воспоставување на
оклузална рамнотежа:

Симптоми и знаци Пореметување во


на оклузален функцијата на
трауматизам на ТМЗ поради
пародонциумот трауматски
контакт
Пореметена функција на
мастикаторните мускули
поради трауматскиот
контакт
Со цел одстранување на трауматскиот однос на забите,
трауматската оклузија и воспоставување на добар
оклузо-артикулационен однос се применуваат:

• Стружење на забите
• Протетски мерки
• Ортодонтски мерки
• Хируршки мерки и др.
I. Воспоставување на добри оклузални односи со
селективно стружење на забите

- Најчесто применувана метода


- Подразбира стружење на оние места од поедини заби
за кои е утврдено дека се причина за трауматски (ран)
контакт.
- Пред оваа постапка потребно е да се елиминира
инфламацијата на пародонтот, посебно на
периодонциумот, бидејќи клеточната инфилтрација и
ексудација предизвикани од воспалителните процеси ,
можат да го екструдираат забот од алвеолата и така да
го доведат во трауматски однос. Ако тогаш се изврши
стружење забот ќе се доведе во нормална оклузија, но
по смирувањето на инфламацијата
- Забот ќе се врати во алвеолата и тогаш ќе го изгуби
контактот со антагоностите
- Пред стружењето, треба точно да се откријат и обележат
забите и на нив потребните места кои треба да се брусат.
Тоа најчесто се прави со артикулациона хартија
- Стружењето се изведува постепено, во повеќе наврати, со
мало одземање на забната супстанца, при тоа давајќи му
на забот анатомски облик
- Со стружењето не сме да се отстрани делот од забот кој е
одговорен за висината на загризот
- Со стружењето забите не смеат да се дезартикулираат
бидејќи ќе изостане физиолошката стимулација и појава на
атрофични промени на потпорниот апарат на забот
- За брусење се користат дијамантски борери со различна
форма и големина, а потоа избрусените површини се
зарамнуваат со карборунд каменчиња со ситно зрно и на
крај се полираат со гумички
Стружењето се изведува по следниот редослед:

1) Во положба на ретропулзија
2) Во пложба на централна оклузија
3) Во положба на протрузија
4) При протрузивни движења
5) При латерална положба и латерални движења
6) Отстранување на големи пореметувања на
оклузијата
1) Стружење на забите во положба на ретропулзија
Трауматскиот однос во оваа положба се јавува на
букалните и мезијалните косини на оралните
тубери кај горните бочни заби.Често се јавува и на
туберните гребени на тие заби и на забите од
спротивната вилица кои се во контакт со нив.
Цел: отстранување на трауматскиот контакт кој
оневозможува шарнирско затварање на вилицата и е
причина за асиметрично мезијално лизгање на
мандибулата од таа положба во положба на централна
оклузија. Треба да се постигне обостран контакт во
повеќе точки во положба на ретропулзија
2) Стружење на забите во централна оклузија
Цел : да се отстрани трауматскиот контакт на забите
и притисокот рамномерно да се распореди на сите
присутни заби.
- Се користи артикулациона хартија која се става во
устата на пациентот и тој затвара во централна
оклузија. Забите кои се во трауматски контакт се
интензивно обоени за разлика од другите заби.
-По потреба може да се стружат горниот или долниот
заб, но така што секогаш да се бруси површина, а
не врвот на туберите на забот.
Во положба на централна оклузија со селективно
стружење се отстранува трауматскиот контакт
од:
- Вестибуларните површини на букалните тубери на
долните бочни заби
- Лабијалните површини на долните предни заби
- Оралните површини на палатиналните тубери на
горните бочни заби
- Букалните површини на палатиналните тубери на
горните бочни заби
- Оралните површини на букалните тубери на долните
бочни заби
- Стружењето е завршено кога на сите заби ќе се добие
рамномерен слој од артикулационата хартија.
3) Стружење на забите во протрузивна положба
Цел: да се отстрани трауматскиот контакт во пределот
на предните заби.
- Се врши така што пациентот ја движи мандибулата
напред со што предните заби ги доведува во контакт,
и во таа положба се вметнува артикулационата хартија
меѓу забите. Ако некој заб е во трауматски контакт
тогаш трагата од артикулационата хартија ќе биде
најмногу изразена токму на тој заб.
- Стружењето се врши само на секалните рабови на
горните заби.
- Контраиндицирано е стружење на долните заби - ќе се
изгуби контактот со горните заби.
Во положба на протрузија не постои контакт меѓу
бочните заби, но не треба ни да се форсира,како и кај
предните заби (не треба да се форсира да се добие
контакт на сите секални рабови од горните и долните
заби) доволно е само контакт во неколку точки во
пределот на фронтот ,а да се тие рамномерно
распоредени лево и десно.
4) Стружење на забите при протрузивни движења
Цел: отстранување на трауматскиот контакт во
пределот на предните заби при движење на
мандибулата напред и да се овозможи несметано
движење на мандибулата напред - назад.
Стружењето се изведува на тој начин што
артикулационата хартија се поставува меѓу предните
заби во положба на централна оклузија, а потоа
пациентот ја движи мандибулата напред до
протрузивна положба при што секалните рабови на
горните и долните заби ќе бидат во конакт. Бидејќи
секалните рабови на долните заби се движат по
палатиналните површини на горните заби на нив се
појавува трага од артикулационата хартија .
- Се стружат палатиналните површини на горните
предни заби
- Стружењето се врши од секалните рабови кон
гингивата, со што најгингивалниот обоен дел од
палатиналната површина не смее да се струже
бидејќи тој дел всушност го претставува
контактот на забите во положба на централна
оклузија.
5) Стружење на забите при латерална положба и
латерални движења
Цел: оклузалниот притисок да се распореди
рамномерно на забите од работната страна и да се
овозможи несметано бочно движење на мандибулата.
Се стружат забите на работната страна и тоа:
- оралните косини на букалните тубери на горните
заби
- букалните косини на лингвалните тубери на
долните заби.
Палатиналните тубери на горните заби и букалните
тубери на долните заби не смеат да се стружат, бидејќи
тие се одговорни за одржување на висината на
загризот во положба на централна оклузија.
На балансната страна се струже само доколку постои
траумаски контакт на некој заб.
6.Стружење со цел отстранување на грубите
пореметувања во оклузијата

-тие го попречуваат затворањето на вилиците и движење на


мандибулата
-такви се: оштетени заби, заби во супраоклузија, изронети
тубери на забите, разлика во висина на соседните заби,
инклинирани, ротирани и малпонирани заби, фасети на
заби.
1) Оштетени ивици и скршени агли, кариозни лезии -
корекција со стружење, полирање или конзервативно или
протетско згрижување
2) Заби во супраоклузија ( оние кои ја преминуваат
оклуз.рамнина) – стружење, ако значително ја минува ат
оклузалната рамнина се девитализираат, оние кои се многу
екструдирани - се екстрахираат
3) Изронети тубери на забите (длабоко навлегуваат во
антагонистите и можат механички да ја оштетат
гингивата на спротивната вилица фаворизирајки
акумулација на плак) – треба да се скратат и заоблат
4) Разлика во висината на соседните заби – стружење
на високи заби и подигнување на висина на ниски заби
(конзервативни полнења, онлеи, коронки) или
комбинирана терапија
5) Инклинирани, ротирани и малпонирани заби – со
стружење, ортодонтски или протетски мерки,
екстракција на заби
Пример: Молар наведнат мезијално,неговиот мезијален
дел од оклузалната површина е под оклузалната
рамнина и надвор од контакт,неговиот дистален дел
од оклузалната површина ја преминува оклузалната
рамнина и е во трауматски контакт со антагонистите.

Се стружи дисталниот дел од оклузалната површина а


мезијалниот дел се доведува во контакт со изработка
на конзервативни или протетски надоместоци.

6) Фасети (влијаат на насочување на силата во


неповолен правец) – стружење на фасетите од
периферија кон центарот, при што централниот дел не
смее да се стружи поради одржување на висина на
загризот
7. Стружење како терапија кај
темпоромандибуларни пореметувања
- Такви се: отежнато движење во
тмз,болка,крепитација, тризмус и др.пореметувања.
- Кај пациенти со јака болка во зглобот и ограничено
отварање на мандибулата е индицирано стужење,но
прво потребно е да се отстрани болниот спазам во
мускулите за да може да се отвори устата, тоа се
изведува со аплицирање на топли влажни облоги на
кожата на лицето, спреј со хлоретил, седативи и
релаксанти (fenobarbiton tbl. 30 mg 3x дневно по 1
таблета).
Изработка на тераписка загризна плоча (акрилатна за
горна и долна вилица) која ѓи покрива во тенок слој
сите инцизални рабови и оклузални површини и
поминува преку вестибуларните и оралните површини
до екваторот на забите.
Непрекинато се носи 24 часа, се вметнува
артикулациона хартија помеѓу плочата и забите и
пациентот ѓи прави оние движења со вилицата кои
може да ѓи изведе. Најинтензивно обележаните места
на плочата се стружат, плочата се истенчува со текот
на посетите,симптомите во зглобот полека се губат и
се пристапува кон селективното стружење на забите
на вообичаениот начин со сите претходни движења.
Цел : се спречува неадекватниот допир помеѓу забите и
трауматски контакт, со што се прекинува
патолошкиот невромускулен лак кој доведува до
изчезнување на болката во зглобот и отварање на
устата и движење на мандибулата.
II. Воспоставување добри оклузални односи со
протетски мерки
-кај пациенти кои изгубиле голем број на заби и
џвакалните сили се насочени кон останатите заби
притоа зголемувајќи го нивниот интензитет.

Видови на Шини :
- привремени
- постојани
-мобилни
-фиксни
-екстракоронарни

-интракоронарни
Цел на изработка на шините:
-стабилизација на луксирани заби
-заштита на веќе луксирани заби
-распределба на оклузалните сили на сите заби
-задржување на забите по ортодонтско поместување
-спречување на патолошка миграција
Принципи на употреба на шини:
-претходно да се отстрани инфламација на гингива и
пародонтални џебови
-корекција на оклузијата и трауматските контакти
-треба да се вклучат 2x повеќе цврсти заби од луксирани
-да се избегнат забите надвор од забниот лак
-не смее да ѓи иритра гингивата, образите и усните
-добро да биде исполирана, едноставна за изработка
-естетки и функционални
-кога забите се луксираат и сметаат, луксирањето напреднува
1)Привремени шини
се фиксираат до 6 месеци со цел да ѓи стабилизираат
забите во соодветна позиција и да се процени дали
може истите да се сочуваат.
Индикации:
-луксирани заби кај пародонтопатија
-луксирани заби поради трауматска оклузија
-акутен пародонтит поради траума
-пред хируршко лечење на пародонтопатични заби со
луксација
Привремените шини кои служат за имобилизација може
да бидат фиксни или мобилни, а секој од нив може
екста или интракоронарни.
Фиксни привремени шини:
А) Жичана лигатура – екстракоронарен тип најчесто
употребувана за имобилизација на предни заби со еден
вестибуларен и еден орален лак поставени во
гингивалната/3, со пократки жици во интерденталните
простори.
Б) Акрилатна шина – екстракоронарен тип, се цементира
В) Акрилатна шина појачана со жица – интракоронарен
тип,на забите претходно се препарираат ретенциони места,
ретко се употребуваат.
Г) Шини од композит – интра и екстакоронарни,најчесто се
употребува по FELSTEIN (екстракоронарна) за предни
заби, А-шина (интаракоронарна) иста како акрилатната со
препарација на кавитети на палатиналните и лингвалните
површини на забите, Бескрајна А-шина е едниствена
мобилна привремена шина која имобилизира поголем бр
на заби.
2) Постојани шини
Се користат кога луксацијата е последица на делување
на физиолошка сила на ослабен пародонт на забите во
текот на пародонтопатија.
Мобилни постојани шини:
А)Мобилна лиена шина – за фиксација на сите
заби,одржување на постиганти ортодонтски
резултати,не се користат кај заби со тенденција на
миграција.
Б)Парцијална протеза – скелетирана протеза со
оклузални наслони е погодна,може да се надомести во
нив изгубен заб
Фиксни постојани шини:
А) Фиксни лиени шини по WEISSENFLUHU – се
фиксира со помош на интра или парапулпарни
колчиња
Б) Фиксни шини за бочни заби: постојат длабоки
п.џ.,ресорпција на алв.коска, луксација, кариозни
лезии и пломби во делот предвиден за имобилизација
се препарира МОД кавитет и се спојуваат меѓу
себе,се става подлога, амалгам и жица во кавитетот.
В) Мостови, коронки и инлеи
III. Воспоставување на добри оклузални односи
со ортодонтски мерки
Пред нивна примена потребно е да се отстрани
инфламацијата на пародонтот со цел да се воспостави
добар оклузо-артикулациски однос кај пациенти со
пародонтопатија и да се доведат забите во положба
каде нема трауматски контакт и дејство на штетни
сили.
При вакви мерки се користат умерени сили со
постепено поместување на забите и постојана
контрола.
Сите мерки се користат со цел да се урамнотежи
оклузијата како составен дел од терапијата на
пародонтопатија.
Оклузално урамнотежување за спроведува само ако
постојат сили кои предизвикуваат штетен ефект на
пародонтот .Тоа треба да обезбеди:
-хармоничен истовремен контакт меѓу сите заби во ц.о.
-при никакво движење да нема трауматски контакт
-при протрузија на мандибулата да има контакт на сите
предни заби или барем во повеќе точки
-движење на мандибулата латерално при што на едната
страна да има повеќе заби во контакт.
Благодариме на вниманието

You might also like