You are on page 1of 5

ОД ПРЕЗЕНТАЦИЈАТА НА МАРКО СИМОНОСКИ

Поставување на фронталните заби


&Положба на горните предни заби
• Обезбедуваат естетика и фонација
• Лабијалните површини на центалните инцизиви треба да се паралелни
со профилната линија на лицето
&Статика на долните фронтални заби
• Надолжната осовина на сите долни заби треба да е насочена према
средината на алвеоларниот гребен
&Меѓусебен однос на горните и долните фронтални заби
• Оклузијата која ја имал пациентот пред губење на природните заби
-нормален загриз
-длабок загриз
-обратен загриз
-допирање со секалните рабови
• Вертикална димензија - преклоп (горните предни заби со секалната
ивица во должина поминуваат до 1mm преку долните предни заби)
• Хоризонтален преклоп (растојание од 1-2mm помеѓу вестибуло-
инцизалниот раб на долните заби и лингво-инцизалниот раб на
горните заби

Поставување на бочни заби


• Латералните заби го пополнуваат постоечкиот простор помеѓу
мускулите на јазикот и образот
• Поставување според нормалната положба на природните заби кои се
наредени во сагитален и трансверзален правец по оклузалната крива

1
• Правилна поставеност на бочните заби во однос на алвеоларниот
гребен ја одредува стабилноста на тоталната протеза
• Услов
• и на статика – горните бочни заби со своите централни
(сагитални)фисури треба да бидат поставени према средината на
алвеоларниот гребен, додека долните бочни заби со своите
вестибуларни тубери треба да се насочени према средината на
мандибуларниот гребен.
• Обезбедување простор за јазикот и жвакалната функција-вторите
долни премолари и долните молари
• Сагитална компензациона крива (Шпеова крива) овозможува
латералните заби да бидат во контакт со своите антагоности при
пропулзивни движења - со подигнување на катниците во однос на
ориентационата протетичка рамнина .
• Трансверзална оклузална крива – ориентираноста на оклузалните
површини на долните заби од лингвално и горните од вестибуларно,
овозможува да се зачува контактот помеѓу горните и долните заби при
латерални движења.
• Интеркуспидација (меѓутуберен однос на забите)- секој заб оклудира
со два антагонисти, освен долните централни инцизиви и третите
молари.
Техника на поставување на горни бочни заби
• Горен прв премолар 14,24
o Се поставува до канинот од неговата дисто-апроксималната страна
o Неговата надолжна оска е паралелна со сагиталната медијална линија
o Ориентационата протетска рамнина ја допира само со букалниот тубер
додека со палатиналниот одстојува 0,5-1мм
o Во однос на сагиталната рамнина горниот прв премолар зазема
вестибуларен нагиб

2
• Горен втор премолар 15, 25
o Неговата надолжна оска е паралелна со сагиталната медијална линија
o Ориентационата протетска рамнина ја допира со двата тубери (букален
и палатинален)
o Во однос на сагиталната рамнина горниот втор премолар зазема
вестибуларен нагиб

• Горен прв молар 16, 26


o Со неговата надолжна оска тој конвергира во цервикална насока т.е се
доближува кон медијалната линија (на тој начин се овозможува
формирање на сагитална - шпеова крива )
o Ориентационата протетска рамнина на долниот загризен бедем ја
допира само со палатомезијалниот тубер, а сите други тубери
одстојуваат од неа.
o Надолжната оска на забот со хоризонталната рамнина прави агол од
900
o Во однос на сагиталната рамнина горниот прв молар зазема
вестибуларен нагиб

• Горен втор молар 17, 27


o Со неговата надолжна оска конвергира во цервикална насока кон
линија медијана и тоа многу повеќе од првиот горен молар
o Ориентационата протетска рамнина не ја допира со ниту еден тубер
o Во однос на сагиталната рамнина горниот втор молар зазема
вестибуларен и дистален нагиб
o Во сагитално- дистален правец забот е толку навален што неговата
жвакална површина е паралелна со долниот алвеоларен гребен
3
o
Техника на поставување на долни бочни заби
 Долните бочни заби се поставуваат по поставувањето на сите горни
заби и долните предни заби.
 Во однос на редоследот на нивното поставување, се поставува најпрво
долниот прв молар, долниот втор премолар, потоа долниот втор молар
и на крај долниот прв премолар.

• Постава на долен прв молар 36, 46


o Оклудира со горниот втор премолар и горниот прв молар
o Конвергира кон сагиталната медијална линија
o Ја поминува и е минимално над ориентационата протетска рамнина
o Во однос на трансверзалната рамнина зазема лингвален нагиб(наклон)
• Постава на долен втор премолар 35, 45
o Со неговата надолжна оска е паралелен со сагиталната рамнина
o Ја поминува и е минимално над ориентационата протетска рамнина
o Во однос на трансверзалната рамнина зазема лингвален нагиб
• Постава на долен втор молар 37, 47
o Во однос на средината на алвеоларниот гребен поставен е вертикално
o Неговата надолжна оска конвергира кон линија медијана
o Ориентационата протетска рамнина ја поминува со сите свои тубери и
е над неа
o Во однос на трансверзалната рамнина зазема лингвален нагиб(наклон)
• Постава на долен прв премолар 34, 44
o Со неговата надолжна оска е паралелен со сагиталната рамнина

4
o ориентационата протетска рамнина Ја поминува и е минимално над
неа
o Во однос на трансверзалната рамнина зазема лингвален нагиб

You might also like