You are on page 1of 2

ГОРЕН ВТОР СЕКАЧ

Латински назив:dens incisivumsecundus (lateralis) superior


12-десен, горен, втор секач
22-лев, горен, втор секач
Горниот втор секач е вториот заб одејќи од медијалната линија. Неговата коронка
е помала во сите димензии во однос на коронката на горниот прв секач но, тие во
функцијата на сечење на храната се надополнуваат. Формата на овој заб варира повеќе
од било кој друг заб во устата. Коронката на забот како и кај останатите секачи има
четири површини и секален раб.
Мезијалната апроксимална површина е во
контакт со дисто-апроксималната површина
на горниот прв секач. Дисто-
апроксималната површина се допира со
мезио-апроксималната површина на
горниот кучешки заб. Антагонисти на
горниот втор секач се долниот втор секач
со својата дистална половина и долнот
кучешки заб со својата мезијална половина.

Лабијалната површина(facieslabialis) на горниот втор секач


во целос е конвексна (испакната) и заоблена. Кај овој заб
најголемото испакнување во мезио-дистален правец се наоѓа
во мезијалната третина од лабијалната површина, додека во
цервико-инцизален правец се наоѓа во цервикалната третина.
Лабијалната површина е ограничена со истите граници како и
кај другите секачи. Цервикалната граница претставува лак
конвексен кон коренот. Мезијалната граница е најиспакната
на преодот од инцизалната во срдната третина односно во
висината на контактната точка, додека дисталната граница е
целосно конвексна, со најголемо испупчување восредната
третина. Двете граници меѓу себе конвергираат со што
коронката на вториот секач во својата цервикална третина е граници на лабијална
значително стеснета во однос на инцизалната третина. површина; мезијален и
дистален агол
Инцизалната граница е рамна линија, ретко заоблена и
аголот кој го гради со дисталниот раб е позаоблен и потап во
однос на аголот кој го гради со мезијалниот раб. Меѓутоа мезиалниот инцизален агол на
горниот втор секач епозаоблен во споредба со истиот агол кајгорниот прв секач.

Палатиналната површина на горниот втор


секач има слична форма и граници како и кај првиот
секач.Туберкулумот (цингулумот) на забот е силно
изразен и средишно поставен. Под него се наоѓа
длабока јамичка т.н слеп отвор или foramen cecum
(ова е предилекционо место за појава на кариес).
Средната и инцизална третина на палатиналната површина се силно вдлабнати,
ограничени со два јаки гребени – мезијален и дистален. Овие гребени кои конвергираат
цервикално формирајќи го туберкулумот (цингулумот, tuber dentis) ја претставуваат
мезијалната и дистална граница на палатиналната површина.
Апроксималните површини (мезијална и дистална) имаат слична форма,
граници и меѓусебни разлики како и кај првиот горен секач. Контактната точка на
дисталната страна е сместена малку пониско.
Секалниот раб (margoincisalis) најчесто е рамна линија но, од средината кон
дистално посилно се извива, во споредба со секалниот раб на првиот секач.

Вратот на
2 fovea dentis, 3 дисто-палатинален гребен, 4 tuberculum (tuber) dentis, 5 мезио-палатинален гребензабот е претставен со
затворена крива линија
која ja прати глеѓно-цементната граница.
Горниот втор секач има еден корен кој по
должина е речиси идентичен со коренот на горниот прв
секач. Врвот на коренот е силно свиткан кон дистално.

дистално свиткан врв на корен кај горен втор секач

You might also like