You are on page 1of 4

ГОРЕН ПРВ СЕКАЧ

Горниот централен секач е првиот заб сместен во горната вилица непосредно до


медијалната линија.Овој заб е најголем од групата на секачи.Обликот на забот и неговата
положба во горната вилица влијаат на лицевата естетика. Мезио-апроксималната
површина на забот е во контакт со истата површина на другиот централен секач, сместен
од другата страна на медијалната линија, додека дисто-апроксималната површина е во
контакт со мезио-апроксималната површина на горниот втор секач. Негови антагонисти се
долниот прв секач и мезијалната половина на долниот втор секач (сл. 3.3.9).

Слика. 3.3.9 антагонисти на горниот прв секач

Коронката на овој заб има облик на длето или лопатче и на неа се разликуваат четири
старани и секален раб:

 вестибуларна (лабијална) површина – faciesvestibularis s. labialis


 орална (палатинална) површина – faciesoralis s. palatinalis
 апроксимални страни, мезијална и дистална – faciesaproximalis,mesialis et distalis
 секален раб – margoincisalis.
Лабијалната површина на забот е предната страна на забот која е во контакт со
усната и има облик на правоаголник (сл 3.3.10). Во целост оваа површина е лесно
испакната. Најголемото испакнување се забележува во вратната
(цервикална) третина, одејќи од инцизално кон цервикални и во
мезијалната третина (во правец мезијално кон дистално). Ова се
должи на постоењето на правилен карактеристичен белег на
испакнувањето. Средната и инцизалната третина претставуваат
рамни површина. Од секалниот раб поаѓаат две повеќе или помалку
изразени бразди кои се протегаат до средната третина на оваа
површина, делејќи ја на три приближно еднакви дела кои и даваат
брановиден изглед. Мезијалниот агол (аголот помеѓу инцизалната и
мезијалната граница) е по прав во споредба со дисталниот агол кој е
потап, позаоблен и повисоко поставен (сл 3.3.11).
На лабијалната површина се опишуваат четири граници:
цервикална, инцизална,
мезијална и дистална.
Цервикалната граница која
ја претставува глеѓно-
Слика 3.3.10 горен десен цементната граница има
централен инцизив

Слика 3.3.11 мезијален и


дистален агол на лабијална
површина
облик на лак испакнат кон апикално. Овој лак е лесно истегнат спрема дистално и
преминува во дисталната граница која е конвексна и нешто пократка од мезијалната
граница. Најголемото испкнување на дисталната граница е на преодот од инцизалната во
средната третина. Инцизалната граница е права линија (сл. 3.3.12)

Слика 3.3.13 карактеристики на горниот прв


секач

Слика 3.3.12 граници на


вестибуларна површина

Палатиналната површина на забот е свртена кон вистинскатаусна


празнина.Има триаголна форма со врв ориентиран кон апексот на забот и база во
секалниот раб. Инцизалната и средна третина на оваа површина се вдлабнати (конкавни)
(fovea dentis), додека цервикалната третина е претставена со едно испакнување
(tuberculum dentale s. cingulum) (сл 3.3.13). Ова испакнување го формираат два гребени
(мезијален и дистален) кои поаѓаат од инцизалната третина и конвергираат кон
цервикално. Туберкулумот е различно изразен, а неговата улога е во заштита на
маргиналната гингива од нагмечување со храна. Од него кон инцизалниот раб понекогаш
се протега помалку или повеќе назначен средишен гребен кој ја дели fovea dentisна два
приближно еднакви дела (сл 3.3.14). Цервикалната граница на палатиналната површина
е лак испакнат кон апикално и е пократка од истоимената граница на вестибуларната
површина. Мезијалната граница е по права во однос на дисталната која е позаоблена и
по кратка. Двете граници конвергираат кон цервикално. Инцизалната граница е права
линија која се совпаѓа со секалниот раб (сл.3.3.15).
Слика3.3.14 граници на Слика3.3.15 палатиналнаповршина:
палатинална површина 1.Цингулум, 2. Дистален гребен 3. Инцизален
раб 4. Средишен гребен 5. Мезијален гребен

Апроксимални површини се две на број – faciesaproximalismesialis et distalis.


Овие површини се со триаголна форма каде базата е ориентирана кон вратот на забот, а
врвот кон секалниот раб (обратно од ориентацијата на
палатиналната површина која исто така има облик на
триаголник). Мезио-апроксималната површина е подолга и
порамна од дисто-апроксималната која е пократка и позаоблена.
Поаѓајќи од вратот на забот овие површини дивергираат со што
на забот му даваат изглед на лепеза. Тоа придонесува забот да
биде потесен во пределот на вратот. Апроксималните површини
имаат три граници: цервикална, вестибуларна (лабијална) и
палатинална (орална). Цервикалната граница наликува на
латинската буква „V“со врв кон секалниот раб. Лабијалната
граница е силно испакната во цервикалната третина а потоа
речиси рамно се спушта кон секалниот раб. Палатиналната
граница има облик на издолжена латинска буква „S“ (сл.3.3.16).
Слика3.3.16 граници на
апроксимална
Контактните точки кај овој заб сместени се на апроксималните
површина површини во пределот на инцизалната третина.
Секалниот раб ( margoincisalis)е поставен косо кон усната празнина под агол од
45. Кај помлади лица можат да се забележат две сагитални вдлабнувања кои
продолжуваат на лабијалната површина, губејќи се во средната третина. Со ова
секалниот раб личи како да е составен од три лобуса (сегменти) во вид на мали тубери –
мамилони (сл. 3.3.17). Во текот на животот поради трошење на забната супстанција тие
се губат, а секалниот раб станува мазен и добива форма на права линија.
Секалниот раб претставува тесна површина (не линија) која е ограничена со
вестибуларна и орална граница (сл 3.3.18)
Слика3.3.17 мамилони

Слика 3.3.18 секален раб


Вратот (cervix, collumdentis)е 1 Најголемо испакнување на вестибуларна
претставен со затворена крива линија која површина 2. Секален раб (вестибуларна и ja
прати глеѓно-цементната граница. палатинална граница) 3. Дистален гребен на
палатинална страна 4. Цингулум 5. Мезијален
Горниот прв секач има еден гребен напалатинална површина
масивен корен чиј врв е дистално свиткан.

Карактеристики на горниот прв секач кои го олеснуваат препознавањето на


десен од лев заб:
лабијална површина подолга и поправа мезијална граница
позаоблен дисто-инцизален агол
палатинална површина цингулум поместен кон дистално
подолг мезиолингвален гребен

You might also like