You are on page 1of 13

1.ПРИНЦИПИ НА ДИЗАЈНОТ СЕ ДЕФ.

- Да започнеме од принципите на дизајнот, или


аксиомата на нашата професија(во математиката, конечен став кој не се докажува).
2.ДИЗАЈН ПРИНЦИПИ СЕ:
Ритам - со Повторување,Контраст, Рамнотежа – баланс, Хармонија – усогласеност,
Пропорција – сооднос на различни големини, Доминација – акцент и Единство.

18.РИТАМОТ-ја претставува правилната промена на ликовниот елемент или неговото


повторување во дизајнираната творба.
19.ГЛАВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА РИТАМОТ СЕ -Ритамот може да создаде двоен впечаток
за движење на елементите, како и да воспостави одреден шаблон (мостра), според
која се креира дезенот, но на тој начин да воспостави и одредена текстура на
дизајнираната површина.
3.И 4. ВИДОВИ НА РИТАМ:
1.Регуларен ритам- регуларниот ритам се појавува кога интервалите во промените помеѓу
елементите, но и самите елементи се слични по својата големина или должина.

-Регуларниот ритам се дели на:


Прост или едноставен регуларен ритам
Алтернативен регуларен ритам

-Во едноставниот регуларен ритам, формите се повторуваат една по друга регуларно, без
некои поголеми алтернации или промени во големината и формата.
-Во алтернативниот регуларен ритам формите се менуваат во својот облик и во својата
големина, со што на овој начин композицијата станува динамична, поинтересна.
2.СЛОБОДЕН ИЛИ ТАКАНАРЕЧЕН ТЕЧЕН РИТАМ - создава впечаток на движење и тој
честопати е ограничен со својата природа, односно има асоцијација на одредена
материја.

3.ПРОГРЕСИВЕН- тој ја прикажува секвенцијата или моментор, односно повторувањето и


редоследот на облиците или формите во различни степени и големини, кои се создаваат
по пат нивните прогресивни визуелни движења на дизајнираната површина.

5.КОНТРАСТ е синоним за спротивност, односно тој ја отсликува нагласената различност.


6.Потребно е најмалку два или повеќе елементи да ги поставиме да бидат во однос
еден спрема друг:
По пат на споредување, заклучуваме дека првите два триаголници во наведениот пример
се еднакви, потоа дека другите два триаголници се малку по изразено спротивни, додека
дури кај последниот пар различноста е доволно нагласена, за да може да говориме за
изразена или нагласена спротивност, односно за зборуваме за контраст во големините
помеѓу нив.

20.Во дизајнот може да разликуваме контраст на неколку елементи и тоа:


Контраст во Големина
Контраст во Валер
Контраст во Боја
Контраст во Фонт на букви
21. РАМНОТЕЖА- Балансот или рамнотежата се постигнуваат по пат на посматрање или
согледување на сликите или визуелните претстави кои ние ги гледаме, а воедно и по
пат на нивно проценување врз основа на нашето согледување и поимање на
таканаречената физичка структура на композицијата.
22. КАРАКТЕРИСТИКИ НА РАМНОТЕЖА- всушност еден вид аранжман или распоред на
објектите односно елементите во дадениот дизајн, во однос на нивната визуелна
тежина, што тие је имаат внатре во самата композиција.

22.-Според количините на вредности на обете страни, рамнотежата е


поделена на:
1) Симетрична рамнотежа
2) Асиметрична рамнотежа
3) Во ликовното и уметничкото изразување ја познаваме и таканаречената
Оптичка рамнотежа

7.СИМЕТРИЧНА-Симетричната рамнотежа се појавува кога тежината на композицијата


рамномерно е распоредена во однос на централната вертикална или хоризонтална
оска. Во нормални услови тоа подразбира идентични форми од двете страни на
оската. Кога симетријата се појавува како сличност но не и како идентичност,
формите тогаш се нарекуваат апроксимативни или слично симетрични. Покрај тоа
можно е да се создава композиција која е во рамнотежа во однос на централната
точка т.е. таканаречена радијално симетрична рамнотежа.

а) Огледална - пресликувачка симетрична рамнотежа


б) Симетрична рамнотежа по пат на Транслација
в) Симетрична рамнотежа по пат Ротација
23.АСИМЕТРИЧНА-Асиметричен баланс, односно асиметрична рамнотежа се појавува
кога тежината на композицијата не е рамномерно распоредена околу централната
оска. Таа го опфаќа аранжирањето на објектите во композицијата кои имаат
различни големини, така што тие меѓусебно се урамнотежуваат, се балансираат во
согласност со своите визуелни тежини. Асиметријата се создава со употреба на
елементи со нееднаква големина и тежина. Асиметричната рамнотежа делува
динамично и немирно.

8.ХАРМОНИЈАТА- го означува составувањето, сложувањето или усогласеноста, слогата.


9.Елементите во композицијата, по својата сличност, ниту се спротивни - контрастни, ниту
пак се еднакви односно еднолични или монотони. Хармонијата делува сталожено,
мирно опуштено. Во кругот на бои, соседните бои секогаш се хармонични.
Елементите во една хармонизирана композиција, можат да бидат слични по својата:
Форма, по својата големина, боја, по својата функционалност, симболика, па и по
својата асоцијативност.
Како предуслов за една хармонична композиција, елементите кои се наоѓаат во неа,
треба да бидат придружени еден кон друг во еден компактен збир или целина, која се
создава според некој заеднички именител, односно тие треба да бидат слични според
некое својство. Хармонијата всушност се наоѓа на половина пат помеѓу контрастот и
монотонијата.

24.ХАРМОНИЈАТА ДЕЛУВА КАКО ПРИНЦИП ВО ДИЗАЈНОТ СО -Хармонијата делува


сталожено, мирно опуштено. Во кругот на бои, соседните бои секогаш се
хармонични.
10. ПРИМЕРИ ЗА ХАРМОНИЈА:
ОБЛИКОТ НА ЕДНИОТ (ГЛАВНИОТ) ДЕЛ ОД КОМПОЗИЦИЈАТА ТРЕБА ДА ОДГОВАРА НА
ОБЛИКОТ НА ПРИДРУЖНИТЕ ЕЛЕМЕНТИ ВО КОМПОЗИЦИЈАТА.

-Просторот е сето она што не опкружува. Ликовен простор или простор во уметничкото
дело може да биде дводимензионален (хартија, платно) и тридимензионален
(скулптура, архитектура...).Просторот во сликата е дводимензионална површина на која
може да се создаде илузија на трета димензија (перспектива).

-Линијата е ликовен елемент, поточно елемент од композицијата која што има само една
димензија, а тоа е должината. Контурната линија ја оградува површината и
обликот(формата).Површините се дводимензионални бидејќи тие имаат само
должина и ширина. Формите - облиците можат да бидат дводимензионални и
тридимензионални. Телата се тридимензионални облици бидејќи тие покрај
должината и ширината, тие имаат и висина. И линиите и површините и облиците
завземаат одреден простор. Мерата која ја заземаат линиите, површините и
облиците во просторот, се нарекува големина.
- Големината е просторен елемент кој што се одредува по пат на мерење.Големината го
одредува просторниот интензитет на линијата, на површината или на обликот, во
однос на некои други линии, површини или облици во апсолутниот простор.
Големината на некоја линија, површина или облик, е релативна во однос на некоја
друга линија, површина или облик.
-Односот претставува споредување на две не еднакви мери, големини, количини или две
својства. Односот претставува мера на различноста поточно на не еднаквоста.Се
изразува сo: a:b, се чита a спрема b, или a во однос на b. Тоа можат да бидат
односи на едниот дел спрема целината, или однос на два дела, еден спрема друг.
12. ПРОПОРЦИЈА- претставува споредување на различните димензии.Таа ја дефинира
дистрибуцијата, всушност распоредот или распределбата на формите во една
композиција.
Тоа е пропорцијата на златното сечење или златниот пресек.
Пропорцијата претставува споредување на еднаквостите на некои два односи и се
изразува: a:b=c:d , што значи дека a:b (a спрема b) се однесува еднакво како и c:d (c
спрема d).Пропорционален значи да се биде со еднаков однос.Во уметноста
пропорциите ги претставуваат односите на големините на: линиите, на површините
или на облиците, кои се наоѓаат внатре во една ликовна композиција. Пропорциите го
развиваат, го афирмираат и го нагласуваат единството не една ликовна целина.
Добрата пропорција значи дека секој елемент од композицијата се наоѓа во одреден
хармоничен сооднос.
-ЗЛАТНОТО СЕЧЕЊЕ- Златното (божествено) сечење претставува однос на големини каде
што, помалиот дел се однесува спрема поголемиот, исто како што поголемиот дел
се однесува кон целината.Или пак обратно каде што, поголемиот дел се однесува
кон помалиот, како што и целината се однесува кон поголемиот дел. Помалиот дел
се нарекува minor (m), а поголемиот Major (M). Тоа значи дека односот на мајорот
т.е. на поголемиот дел спрема минорот или помалиот дел изнесува приближно
1,618 или пак обратно, односот на минорот спрема мајорот изнесува 0, 618.
Leonardo da Vinči го нарекол овој сооднос Златно сечење и пропорција, додека
точката на сечење која што ја одделува целината на идеални делови ја нарекол
точка на Златно сечење.
27.ЗЛАТНО СЕЧЕЊЕ КАЈ ЛИНИИТЕ-можеме пресметано да го добиеме така што вредноста
на должината на линијата ќе ја поделиме со 1,618. Добиената вредност го претставува
поголемиот дел – мајор. На кој начин можеме една линија како целина да ја
поделиме на два идеални делови, кои се наоѓаат во пропорциите на златниот пресек.
Најпрво линијата AB треба да се подели на два еднакви делови со користење на шестар, а
потоа:
1. Од точката B се повлекува вертикала BC со половина од должината AB, па точката C
треба да се спои со точката A.
2. Од точката C се повлекува лак со полупречник CB, од точката B до пресекот со AC во
точката D.
3. Од точката A се повлекува лак со полупречник AD, со почеток во точката D па до
пресекот со AB во точката S.
Точката S ја дели зададената должина AB на два дела AS (мајор – M) i SB (минор – m), чии
должини се наоѓаат во пропорции на Златно сечење.

13.ЗЛАТНО СЕЦЕЊЕ КАЈ ПОВРШИНИТЕ ( ЗЛАТЕН ПРАВОАГОЛНИК НАРЕЧЕН


АУРОН)-}Идеална правоаголна површина е онаа кај која, односот на должината
спрема ширината е еднаков на f = 1,618. Тоа е најхармоничен облик на правоаголник
кој најчесто се среќава и се користи и се нарекува Златен правоаголник или Аурон.
Златниот правоаголник се конструира почнувајќи од квадрат и тоа на следниот начин, кој
што е прикажан на примерот:
1. Треба да се конструира единичен квадрат (обележани со црвена боја).
2. Треба да се повлече линија – дијагонала од средината на едната страна, до
спротивниот агол.
3. Таа линија може да се искористи како радиус и треба да се нацрта лак кој што ќе ја
дефинира поголемата димензија на правоаголникот. 4. Потоа се конструира
правоаголникот.
11.ЗЛАТНА СПИРАЛА-Златната спирала е создадена врз основа на Фибоначиевата низа од
броеви и нејзиниот облик многу често се среќава во природата како што е: формата
на полжавот, распоредот на семките кај растенијата ...).

-ЗЛАТНО СЕЧЕЊЕ ВО УМЕТНОСТА- Секоја површина како целина, може да се подели на


две помали површини кои се наоѓаат во златно сечење. Теоријата, праксата и
експериментите докажале дека ако сликарското платно како целина, визуелно се подели
на помали површини кои се наоѓаат во златно сечење, тогаш делот каде што се сечат
двата златни пресека е идеален, а естетски тоа е најдобрата положба на објектот во
сликата, независно од обликот или форматот на сликата и од бројот на објектите кои се
наоѓаат во неа. Секој формат има 4 точки на златен пресек (десно горе, десно доле, лево
горе и лево доле) кои едноставно се конструираат со повлекување на дијагонала и на
нормала на нив.
Кога во сликата е само еден објект како главен фокус, тогаш тој треба да биде сместен во
горната десна положба на златното сечење.
Ако во сликата се два објекти, тогаш вториот објект се наоѓа на левата страна и тој е
симетричен со првиот заради постигнување на рамнотежа.
Уметници во своите дела го користат Златното сечење: Микеланџело, Рафаел, Рембрант,
Жорж Сера, Салвадор Дали Пит Мондријан и др.

-ПРОПОРЦИИ НА ЧОВЕЧКОТО ТЕЛО:


- Човекот уште од почетокот на наговото постоење, настојувал да ги утврди односите на
деловите на човечкото тело. Старите Египќани ја користеле широчината на
дланката како мерна единица за прикажување на пропорциите на човечкото
тело.Телото содржи вкупно 24 дланки. Главата содржи 3 дланки. До половина на
телото вкупно се содржат 12 дланки итн.

-Најпознат цртеж за пропорционалното одбележување на човечкото тело е оној на


италијанскиот генијален сликар, научник и истражувач од периодот на Ренесансата,
Леонардо да Винчи (1452 – 1519.). На тој цртеж човечкото тело е впишано во
кружница и во квадрат. Висината на човекот е еднаква на ширината на
раширените односно отворените раце. Со поставување на рацете и нозете во
дијагонала, човекот станува центарот на кружницата. Но до тие заклучоци
Леонардо не дошол сосема сам. Тој цртеж е всушност интерпретација на
дотогашните антички сознанија за пропорциите на човечкото тело, кои ги проучувал
и ги обединил римскиот архитект Марко Витрувиј – Markus Vitruvius (I век п.н.е.) .
-Витрувиј бил првиот кој го впишал човелкото тело во кружница, чиј што центар се наоѓа
во висината на папокот, додека рацете и нозете се во раширена положба.
Леонардо оваа постапка само ја изменува, на тој начин што рацете ги раширил во права
линија, додека нозете ги собрал.
Па така квадратот кој е впишан околу телото е пресечен со дијагоналите, а точката на
дијагоналниот пресек се наоѓа нешто над пубисот односно нешто малку под папокот.
28.ДОМИНАЦИЈА- всушност се однесува на варирањето во степенот на истакнувањето на
елементите во една композиција во дизајнот. Таа ја одредува визуелната тежина на
композицијата, го воспоставува просторот во композицијата и често пати одлучува за
тоа каде прво ќе се насочи окото кога ќе го посматра дизајнот.
14.Постојат три степени на доминација и секој од нив е поврзан со тежината на
конкретниот објект внатре во композицијата, тоа се:
-Доминанта: Кога на објектот му е дадена највисоката можна визуелна тежина, односно
кога тој е главен елемент кој го има примарното истакнување и кој напредува кон
предниот план на композицијата.
-Субдоминанта: Кога елементот или објектот има секундарно значење - истакнување, или
поточно тоа се елементите кои се наоѓаат во средината кај основата на
композицијата.
-Потчинета: Кога на објектот му е дадена најмала визуелна тежина, односно тоа се
елементите од терцијално истакнување кои треба да се губат некаде во позадината
на композицијата.

-Во примерот на оваа слика:


Дрвото ја има улогата на доминантен елемент.
Куќата и бреговите се секундарни елементи.
Планините се терцијален елемент

15.ЕДИНСТВО - концептот на единството ја дефинира релацијата помеѓу поединечните


делови во композицијата и нивниот однос во целата композиција.
16. ЕДИНСТВОТО КАКО ПРИНЦИП ГИ ИСТРАЖУВА АСПЕКТИТЕ -на зададениот дизајн кои
се неопходни за создавање и организирање на композицијата, како би се постигнал
впечатокот за целовитост, или пак различност, но со тоа на некој начин да се
постигне впечаток за разноликост во композицијата.
-Единството во дизајнот е концепт кој потекнува од теориите за визуелна перцепција,
кои се поврзани со психологијата посебно оние кои се занимаваат со тоа како
човечкиот мозок ги организира визуелните информации во одделни категории или
групи. Самите вакви теории се прилично обемни и сложени и тие се занимаваат со
различните степени на апстракција и генерализација на објектите и формите, но
некои од основните идеи кои потекнуваат од ваквите размислувања се доста
универзални.
30.ГЕШТАЛТ ПСИХОЛОГИЈАТА СЕ ДЕФИНИРА- Гешталт психологијата се обидува да ги
дефинира и разјасни законите за способноста да се забележат и препознаат
најзначајните перцепции кај човечкиот ум, во навидум хаотичена визуелна
претстава. Централниот принцип на Гешталт психологија е дека нашиот ум формира
глобални целини по пат на тенденција на самоорганизирање. Овој принцип тврди
дека човечкиот ум или перциптивен систем ја формира перципцијата на тој начин
што според него, целината има реалност сама по себе која е независна од нејзините
составни делови.

29.ГЕШТАЛТ ПСИХОЛОГИЈАТА СЕ ПОЈАВУВА-Гешталт [ɡеʃtalt] на германски значи облик


или форма. Тоа е теорија на умот која е произлезена од Берлинската школа создадена на
универзитетот во Берлин, каде што е формирана Берлинската лабораторија за
експериментална психологија во 1893 година. Творец на Гешталт психологијата е Max
Wertheimer.
17 и 32.ВИЗУЕЛНИ ПРИНЦИПИ НА ГЕШТАЛТ ПСИХОЛОГИЈАТА СЕ:
-ПРИНЦИП НА БЛИЗИНА-
Нештата кои се поблиску меѓусебе ги перцепираме како поповрзани отколку оние кои се
пораздалечени

.
-ПРИНЦИП НА КОНТИНУИТЕТ- Елементите поставени долж права или крива линија се
перцепираат како поповрзани отколку оние кои не се на линија.

-ПРИНЦИП НА СИМЕТРИЈА- Кога посматраме објекти ние имаме тенденција да ги


перцепираме како симетрични облици околу нивниот центар.

-ПРИНЦИП НА СЛИЧНОСТ- Елементите кои се движат во иста насока се прецепираат


како поповрзани во однос на елементите кои се статични или се движат во
различни насоки. Елементите кои се менуваат во исто време се групирани.
-ПРИНЦИП НА ЗАТВОРЕНОСТ
Кога гледаме во комплексна група на индивидуални елементи, имаме тенденција да
гледаме во една препознатлива шара (облик).

-ПРИНЦИП НА ОПКРУЖУВАЊЕ- Површините кои ги препознаваме како опкружени со


некоја друга површина, се однесуваат како некоја препознатлива фигура.

31.ПРИНЦИПИ НА ГЕШТАЛТ ПСИХОЛОГИЈАТА:


 ПРИНЦИП НА БЛИЗИНА – облиците кои се наоѓаат близу еден до друг се
здружуваат.
 ПРИНЦИП НА СЛИЧНОСТ – сличните облици меѓусебно се групираат.
 ПРИНЦИП НА КОНТИНУИТЕТ – Контурите кои течат во благ континуитет ги
перципираме полесно отколку оние контури кои имаат остри промени во
правецот. Окото на некој начин е натерано да ја прати контурата.
 ПРИНЦИП НА ЗАТВОРЕНОСТ – Човечкиот ум повеќе ги прифаќа визуелните
интерпретации кои на некој начин претставуваат „затворени“ отколку „отворени“
облици.
 ПРИНЦИП НА МАЛИ ПОВРШИНИ – Повеќе тежнееме да ги видиме или да ги
препознаеме малите површини како фигури, кога тие ќе се наоѓаат на поголема
површина односно позадина.
 ПРИНЦИП НА СИМЕТРИЈА – Симетричните површини тежнееме да ги согледаме
како фигури на асиметрична позадина.
 ПРИНЦИП НА ОПКРУЖЕНОСТ – Површините кои ги препознаваме како опкружени
со некоја друга површина, се однесуваат како некоја препознатлива фигура.

You might also like