Professional Documents
Culture Documents
Пропорција
Пропорција
a:b=c:d
а и d се надворешни членови, а b и c се внатрешни членови.
Секој член од пропорцијата се вика четврта геометриска
пропорционала за другите три членови
Вредноста k на размерите се вика коефициент на
пропорционалноста.
Во пропорцијата а : b = c : d производот од надворешните
членови е еднаков на производот од внатрешните членови.
Ако во една пропорција внатрешните членови се еднакви
(а : b = b : c ), тогаш членот што се повторува се вика
геометриска средина (или средна геометриска
пропорционала) за другите два члена.
Во продолжена пропорција збирот на сите први членови на
пропорцијата спрема збирот на сите нејзини втори членови
е еднаков на вредноста на кој било размер од
продолжената пропорција.
Размер
Размер е однос (количник) од мерните броеви на две
истородни величини. Во општ облик се запишува како а : b
и се чита ,,а спрема b”.
*а : b = k
*a и b- членови на размерот (а – прв член, b – втор член)
*k – вредност на размерот
*Пример 6 : 3 = 2
*Пример 14 сm : 7 сm = 2
*Вредноста на размерот е неименуван број.
*Пример 6kg : 15000g = 6kg : 15kg = 0,4 (или 6kg : 15000g =
6000 g : 15000g = 0,4).