You are on page 1of 4

НАСОКИ ЗА УЧЕЊЕ ПО ПРЕДМЕТОТ МАТЕМАТИКА ЗА VI ОДД.

04-10.05.2020год.

За оваа седмица планирани се следните наставни единици:

- Вежби од збир на агли во триаголник 04.05.2020


- Читање и внесување координати во сите квадранти 05.05.2020
- Вежби од читање и внесување координати во сите квадранти 06.05.2020
- Пресликување на многуаголник со осна симетрија,транслација или ротација 07.05.2020
- Вежби од пресликување на многуаголник со осна симетрија,транслација или ротација
08.05.2020

ЗАДОЛЖЕНИЈА:

●Во врска со часот „ Вежби од збир на агли во триаголник“ потрбно е да ги решете задачите
на следната слика

● Читање и внесување координати во сите квадранти: Да се потсетиме дека кординтниот


систем е добиен од две заемно нормални прави, кои ја делат рамнината на 4 дела. Секој од
тие делови се вика квадрант. За да се потсетиш за тоа како се распоредени четирите
квадранти,погледни го координатниот систем на страна 150 во учебникот. Секоја точка во
рамнината има своја местоположба и таа е определена со координатите на точката. Секогаш
првата координата е од x- оската (апциса), а втората координата е од y- оската (ордината).

За дома: Од учебникот на страна 150, задачи 1,2,3,4


● Вежби од читање и внесување координати во сите квадранти: Реши ја задачата на
сликата(стр. 126, задача 4 од збирката)

● Пресликување на многуаголник со осна симетрија,транслација или ротација:

- Осна симетрија е пресликување на дадена фигура во однос на дадена права. Правата


во однос на која го вршиме пресликувањето се вика оска на симетрија. Многу често оска на
симетрија може да биде и некоја од координатните оски во координатниот систем.

Значи, за да се изврши една осна симетрија потребно е да ни е зададена оската на симетрија.

- Транслација е такво пресликување, при коешто вршиме поместување на дадената


фигура со лизгање. За да се изврши една транслација потребно е да знаеме за колку
(квадратчиња) ја поместуваме фигурата и во која насока (горе-доле или лево-десно)
- Ротација е пресликување на дадена фигура со вртење. Тоа вртење или ротирање на
фигурата го правиме околу дадена точка на ротација, за даден агол и во дадена
насока (во насока на стрелките на часовникот и обратно од стрелките на часовникот).

За дома: Од учебникот на страна 151, задача 1

● Вежби од пресликување на многуаголник со осна симетрија,транслација или ротација:

Реши ги задачите на сликата: (од збирката на страна 133)

- Фигурите под а,б,в пресликај ги со осна симетрија во однос на y-оската


- Фигурите под г,д,ѓ пресликај ги со транслација:

г) за 7 квадратчиња во десно и 3 кв. надоле, д) за 5 кв. нагоре и 5 кв. во лево, ѓ) за 8 кв. во


лево и 6 кв. надоле
НАПОМЕНА: - При решавање на задачите потрбно е да ги нацртате и соодветните цртежи;

- Дадените задолженија треба да се завршат и испратат најдоцна до 10.05.2020год.

Наставник: Сашка Ефтимова

ВИ ПОСАКУВАМ ПРИЈАТНА РАБОТА!

You might also like