You are on page 1of 2

Правни дела

1. Што претставува правно дело?


Правно дело е изјава на волја од еден или повеќе субјекти на
правото насочена кон настанување, измена или престанок на
некој правен однос.

2. Што е клучен фактор за создавање на правното дело?


Клучен фактор за создавање на правното дело претставува
изјавата на волја.

3. На кои начини може да биде изјавена волјата?


Волјата може да биде изјавена на следните начини:
-изречно (со зборови, писмено или усно)
-со конклудентни дејствија (со дејствија кои на јасен и
недвосмислен начин ја покажуваат намерата)
- со молчење

4. Кои се елементи на правното дело?


Елементи на правното дело се:
-битни (без нив правното дело не би постоело)
-природни (неизбежни се при исполнување на делото, не и
при склучувањето на правното дело)
-случајни ((важат само ако страните изречно ги предвиделе)

5. Видови правни дела


А) Според бројот на изјавените волји, односно бројот на
страните што учествуваат во создавањето на правното дело:
-еднострани правни дела (за нивно настанување доволна е
изјава на волја на една страна на пр.тестамент)
-двострани правни дела (за нивно настанување е потребно да
постојат две изразени волји на пр. договор за продажба)
-повеќестрани правни дела (настануваат со изјава на волја на
повеќе страни на пр. договор за ортаклак)
Б)Според карактерот на обврските односно дали се дава
противнадомест за тоа што се добива
-товарни или двострано обврзувачки правни дела (правото на
едното лице е поврзано со обврската на другото лице и кај
нив се дава соодветен надомест за она што се добива. Двете
страни имаат права и обврски)
-даровни или еднострано обврзувачки правни дела (не се
дава никаков надомест за она што се добива. Едната страна
има само право а другата само обврска)
В)Според временскиот почеток на правното дејство на
правното дело:
-правни дела меѓу живите (имаат дејство додека се живи
страните)
-правни дела по смртта (имаат дејство по смртта на давателот
на изјавата на пр.тестамент)

6. Договор е согласност на волји со кои настануваат, се


менуваат и престануваат правни односи. Договорот е вид на
правно дело. Нужен услов за полноважност на договорот е
согласноста на волјите.

You might also like