You are on page 1of 1

ФРАНЧЕСКО ПЕТРАРКА - КАНЦОНИЕРОТ

ФРАНЧЕСКО ПЕТРАРКА
Франческо Петрарка е најголемиот лиричар на предренесансата кој оставил длабока трага
во историјата на светската поезија поттикнувајќи и благородни влијанија врз идните
генерации поети, но и цели бранови на имитатори. Тој бил овенчан поет и почитувана
личност во своето време. Петрарка бил материјално обезбеден и живеел достоен живот. Тој
бил првиот вистински лиричар во европската литература, поет - индивидуа- лист свртен кон
сопственото лирско Јас во поезијата, исполнет со вербата дека славата природно му
припаѓа. Франческо пишувал како Данте, на латински и народен јазик и сметал дека со
слава ќе се здобие користејќи го латинскиот јазик. Но, напротив, неговата слава ја стекнал
со неговото дело Канцониерот напишано на народен јазик.

КАНЦОНИЕРОТ
Канцониерот содржи 366 песни од кои 317 се сонети, 29 канцони, 9 сестини, 7 балади и 4
мадригали. Воглавно, сите овие песни со исклучок на 24 кои спаѓаат во религиско-
медитативни, политички и сл. се љубовни според мотивот. Книгата глобално се дели на два
дела: првиот (In vitam) каде се опева дона Лаура жива и вториот (In mortem) ја опева својата
идеална љубов откако ќе почине. Неговото творештво е обележа-но со личноста на
идеалната жена (Лаура) која ќе стане опсесија на неговата поезија. Во поезијата на
Петрарка забележуваме постојани мотиви што се повторуваат: убавината на Лаура,
емоциоаналното доживување на природата, сеќавањето на средбите безнадежни соништа
за возвраќање на љубовта. Во неговата поезија можеме да согледаме еден поинаков судир
за разлика од неговите претходници, судир на чувствата. Тој е авторот според кој
италијанската верзија го добила своето име - петраркистички сонет. Сонетот е сотавен од
14 стихови(единаестерци) организирани во 2 катени и 2 терцети.

 Во сонетата од првиот дел „Животот на госпоѓа Лаура “ Петрарка ги изразил своите
искрени чувства спрема саканата и ја претставил како образец на добрината. Тој во своето
дело се задржува на нејзината убавина, опишувајќи и споредувајќи ја како божица. Убави-
ната, постапките и добрите особини на Лаура се опишани во многу варијации. Прекрасната
жена е недостижна за Франческо бидејќи таа е омажена и има повеќе деца затоа и неговата
љубов била безнадежна, проткаена со многу неспокојство,осаменост и тага. Петрарка, како
човек на новото време што доаѓало, не може лесно да се ослободи од моралите и верските
норми на средновековието и безрезервно да им се оддаде на својата љубов и занес. Во
вториот дел од ,, Канцониер’’ ǔ е посветен на мртвата Лаура. Во спомените на поетот
најзиниот лик се јавува во нова светлина. Канцонерот завршува со песната во која Петрарка
ја моли Богородица да побара од Господ прошка за него, бидејќи не може да се откаже од
својата љубов.

 Петрарка е поет на сонети, бидејќи тие биле најсоодветни на неговата инспирација. Малата
форма на сонетот бара стегнат израз, а неговата метрична правилност мислата ја
организира во цврста и едноставна целина. Сето тоа го постигнал Петрарка доведувајќи го
сонетот (како лирски вид) до совршенство.

You might also like