You are on page 1of 2

Легенда е фантастична приказна во која ликовите и случките кои се раскажуваат се заменети со

историја
Фантастична приказна е народен расказ исполнет со најнеобични доживувања на ликовите.
Реалистични приказни се мали епски дела во проза и во нив се раскажуваат случки од
секојдневниот живот на народот
Анегнота е хумористичен мал расказ во кој се раскажува за некоја смешна случка од животот на
позната личност
Приказни за животните-во нив главни јунаци се животните кои се олицетворение на некоја
човечка особина
Басни се епски дела во стих или проза во кои на алегоричен начин се опишуваат човечките
особини
Епска песна е епско дело во стихови во која се раскажува за една случка од животот на некоја
личност.
Расказ е епско дело во проза во кое се раскажува за една случка во животот на некоја личнос
Пословица е кус сликовит израз во кој е искажана некоја народна мудрост
Поговорка е вид народна умотворба со преносно значење
Гатанка е најчесто во една реченица или синтагма во која преку
метафора,алегорија,компарација..се опишува некој предмет или појава во која треба да се
распознае скриенето значење
Повест е средно епско дело кое опфаќа неколку случки од животот на една личност

Сонетот и сонетскиот венец датираат од времето на хуманизмот и ренесансата,односно од


италијанската литература.Нејзин основоположник е поетот Франческо Петрарка.Освен овие
форми други се канцона,магистрал,мадригал,овчарска песна..
*Сонет е лирска песна со утврдена поетска форма која се состои од 14 стихови групирани во 4
строфи од кои првите 2 се катрени(4стиха) а вторите 2 се терцини(3 стиха).Во мк. Сонети напишале
Лазо Каровски,Гане Тодоровски и Блаже Конески.
*Сонетен венец е најсложена лирска песна која е композиција од 15 сонети од кој последниот е
наречен магистрал.Магистралот е составен од сите први стихови од претходните 14
сонетии.Сонетите се испреплетуваат или надоврзуваат еден на друг така што последниот стих од
првиот сонет е всушност почеток на вториот сонет.Првите букви од сите сонети го даваат името и
презимето на саканата личност.Во мк поезија единствен сонетен венец е ,,мајка македонија”од
лазо Каровски

Романса е лирско-епска песна најчесто со љубовна содржина и среќен крај. Во почетокот со


романсата се прославувале подвизи на некои јунаци за да ја заштитат својата или честа на
саканата.Таа е дел од народната литература.
Поема е лирско-епско дело во стих каде поетот во епското раскажување вметнува лирски
расположенија, чувства и размислувања. За време на романтизмот, англискиот поет Бајрон ја
пишува својата поема „Странствувањето на Чајлд Харолд“, а во Македонија, можеби најубавата
поема е „Сердарот“ од Прличев.
Роман во стих е големо лирско-епско дело каде е прикажан широк круг на случки и ликови
напишано во стих. За време на романтизмот, рускиот поет А. С. Пушкин го напишал првиот роман
во стихови „Евгениј Онегин“.

You might also like