You are on page 1of 3

Лирика,лирски субјект,стих,ритам и рима

Лириката е најстариот литературен род кој творбите ги реализира исклучиво


преку стихови, а во нив се искажуваат чувствата, мислите и расположенијата
на поетот.Таа најпрво била дел од народното творештво,а подоцна станала
авторска.
1.Лириката е поетски текст напичан во стихови, во кој поетот на сликовит
начин ги изразува своите расположенија,чувства и размислувања.
2. Исповедноста во лириката се постигнува со пишување во 1 л.е. во
таканаречената ,,Јас,, форма
3. Лирскиот субјект е носител на лирските чувства, но не мора секогаш да се
идентификува со поетот
4.Стих е ритмички организиран говор, содржи ритмички стапки и цезура
5.Ритмичка стапка е целина од нагласен и ненагласен слог
6.Версификација е наука која ги проучува стиховите
7.Квантитативна версификација(античката версификација )слоговите ги дели
на долги и кратки,
а квалитативната (современата) версификација ги дели слоговите на
нагласени и ненагласени
8.Квалитативната версификација ги користи следниве ритмички стапки:

- ТРОХЕЈ 1`+2
- ЈАМБ 1+2`
- ДАКТИЛ 1`+2+3
-АМФИБРАХ 1+2`+3
- АНПЕСТ 1+2+3`
9. Рима е гласовно совпаѓање на слоговите од крајот на зборот.
10.Римата може да биде:
-ПАРАЛЕЛНА 1+2 и 3+4
- ВКРСТЕНА 1+3 и 2+4
- ОБРАДЕНА 1+4 и 2+3
11. Според бројот на слоговите кои се римуваат римата може да биде:
- МАШКА - ЕДНОСЛОЖНИ ЗБОРОВИ
- ЖЕНСКА - ДВОСЛОЖНИ ЗБОРОВИ
- ДАКТИЛСКА - ТРИСЛОЖНИ ЗБОРОВИ
12. Силабичен стих- со одреден број на слогови:
- четверец-шеснаестерец , се користи најмногу во народната поезија.
13. Тонски стих- еднаков или приближно еднаков број на акцентирани
слогови.
14. Силаботонски стих-еднаков број на слогови и еднаков број на ритмички
стапки.
15. Скалест стих-стих кој графички е искинат со цел да се засили чувството.
16. Слободен стих-нема групирање на стихови во строфи, ниту пак рима и
ритмички стапки
17.Строфа - целина од одреден број стихови со рима, ритам и интонација.
18. Видови строфи: дистих, терцина, катрена, пентина, секстина, септима,
октава, нона.
19. Строфи во кои има една ритмичка стапка се вика езометрична, а ако се
употреби различни ритмички стапки се викат хетерометрични.
20. Стилски фигури:
- СЛИКОВИТИ стилски фигури (ТРОПИ) фигури на значење:
* ЕПИТЕТ- уметничка определба на својство на предмет или лице.
* КОМПАРАЦИЈА -споредба по сличност
*МЕТАФОРА- вид споредба, замена на еден поим со друг според сличноста
*МЕТОНИМИЈА- замена на еден поим со друг кој е сраснат по своето
значење со првиот( ја открива двозначноста на зборовите)
*СИМБОЛ-сликовит израз за некој поим
*ХИПЕРБОЛА- преувеличување на човечки особини
*АЛЕГОРИЈА- преносно значење(зборуваш едно, а мислиш друго)
*ГРАДАЦИЈА- редење на мислите или чувствата по јачина
*АНТИТЕЗА-КОНТРАСТ- спротивставување на две нешта.
*СЛОВЕНСКА АНТИТЕЗА-3 дела : прашање, негација и одговор
*ИРОНИЈА- потсмевање
*САРКАЗАМ- навредливо потсмевање
21. Звучни стилски фигури :
*АСОНАНЦА-повторување на една самогласка
*АЛИТЕРАЦИЈА-повторување на една согласка
*ОНОМАТОПЕЈА-подражавање на звуци од природата
*АПОСТРОФА-обраќање кон лице или предмет без оглед на нивното
присуство
*РЕТОРСКО ПРАШАЊЕ-прашање на кое не се очекува одговор
*АНАФОРА-повторување на исти зборови на почетокот на стихот
*ЕПИФОРА- повторување на исти зборови на крајот од стихот
*СИМПЛОХА- повторување на исти зборови на почетокот и на крајот од
стихот
22.ЛИРСКИ ВИДОВИ:
*ЛИРСКА ПЕСНА-мало поетско дело во стих во кое се искажуваат лични
чувства и размислувања.
*ОДА-пофална песна со возвишени чувства посветени на јунаци и херои.
*ХИМНА-свечена песна придружена со музика во која се возвишува нешто.
*ЕЛЕГИЈА-тага поради некоја животна несреќа
*САТИРА- ги исмева недостатоците на поединците и општеството
*ХУМОРИСТИЧНА ПЕСНА-исмевање со благ хумор
*ЕПИГРАМ-кратка хумористично-сатирична песна насочена кон лични и
општествени недостатоци
*ЕПИТАФ- кратка надгробна елегична песна .
23. МОТИВСКА(ТЕМАТСКА) ПОДЕЛБА НА ЛИРИКАТА:
*ЉУБОВНА ЛИРИКА-љубовни чувства кон спротивниот пол
*ПЕЈЗАЖНА(ОПИСНА) ЛИРИКА-мотиви од природата и пренесување на
чувствата кои при тоа поетот ги чувствува
*ПАТРИОТСКА ЛИРИКА- песни во кои се говори за љубовта кон татковината
*СОЦИЈАЛНА ЛИРИКА- чувства на маки и страдања поради социјалната
обесправеност(АКО ПОВИКУВА НА БУНТ-РЕВОЛУЦИОНЕРНА)
*РЕФЛЕКСИВНА ЛИРИКА- размисли за метафизички теми (смрт, судбина,
зошто постоиме и сл)
24. ЛИРСКИ ПЕСНИ СО УТВРДЕНА ФОРМА-СОНЕТ
- 14 стиха, групирани во 4 строфи, од кои 2 се катрени , а 2 терцини.
*СОНЕТЕН ВЕНЕЦ- најсложена лирска композиција и содржи:
- 15 сонети кај кои последниот стих од претходниот сонет е почетен на
наредниот,
- последниот (15) сонет се вика МАГИСТРАЛ и е составен од првите стихови
на сите претходни сонети,
- повертикала почетните букви го даваат името на оној кому сонетниот венец
е наменет, значи содржи АКРОСТИХ.

You might also like