You are on page 1of 5

Лирски видови според мотивот

Литературата се дели на три рода: лирика,епика и


драма.
Лирска песна е куса,сликовита поетска творба
исполнета со многу чувства (радосни или тажни).
Мотив е основна мисла водилка-поттик што го тера
авторот да создаде песна. (motus – поттикнувачка
причина)
Во лириката мотив е сознанието на поетот, за нешто
што поттикнало чувства што тој ги опеал. (радост, тага,
среќа, воодушевување од природата, болка, патриотски
чувства – љубов кон татковината и слично).
Според мотивот песните може да бидат:родољубиви,
хумористични, љубовни, пејзажни, социјални и др.
1. Под лирика треба да се разбере поетско дело, кое
искажува мисли, чувства и расположенија.
2. Поетот секогаш зборува во прво лице.
3. Лирските песни секогаш се субјективни.
4. Според формата, лирските песни се секогаш пократки
од останатите литературни дела.
5. Лирските песни се пишуваат во стихови (постојат и
прозни форми).
6. Лирската песна е најстар литературен род.
7. Лирската песна не раскажува, таа кажува
Субјективна лирика:
• Интимна
• Љубовна
• Пејзажна
• Патриотска
• Социјална
• Рефлексивна
Возвишена лирика
• Ода
• Химна
Елегиска лирика
• Тажачка песна
• Елегија
• Епитаф
Сатирична поезија
• Хумористична песна
• Сатирична песна
• Епиграм
Лирски песни со утврдена поетска форма
• Сонет
• Сонетен венец+магистрал

You might also like