You are on page 1of 1

Лектира Број 2

„Збунети Години“ од Велко Неделковски


Кратка белешка за афторот Велко Неделковски

Велко Неделковски е македонски раскажувач, романисиер, драмски писател, поет и сценарист.


Роден е на 28 октомври 1946, во Скопје. Работел во Македонската телевизија како драматург и
сценарист. Член е на ДПМ од 1980 година. Тој во своето литературно творештво ги негува речиси
сите литературни жанрови: расказ, сказна, роман, драмски текстови, поезија. Автор е на низа
сликовници за децата од градинките, како и на романот сликовница во десет книги „Зеленкапа во
шумата Еколо“. Негови литературни дела се збирките раскази „Леб за тате“, „Како расте Пенчо“,
„Срценца од ведро-а“, „Деници“, сказните „Пролетни авантури“, „Шоу под ведро небо“, „Чуденки
со Тимитар Итар“, „Смеантури во Намќорец“, „Бибисек од Крампонија“, „Корнет Лизи во
Шаренџам“, како и романите „Симчо“, „Втората Смена“, „Збунети Години“ и други.

Главни ликови: Борче, Димитар и Виолетка


Тема: Симпатијата на два пријатела
Порака: Не треба да служиш на некој за работи кој тој самиот може да ги направи, како писмето
што Димитар требаше да го однесе како поштар.

Кратка Содржина:
Во Збунети години се раскажува за животот на Борче и Димитар. Борче е осмооделенец кој
постојано ги задева и ги засмева девојчињата во училиштето. Симпатија му е Виолетка и преку
Димитар, седмооделенец и нејзин соученик, ѝ праќа љубовни писма. Димитар е исто така вљубен
во Виолетка, кој всушност попосле тој ги пишува писмата во име на Борче. Различни во поглед на
социјалниот статус, но и во однос на карактерот, сензибилитетот и физичкиот изглед, овие две
момчиња ќе се обидат да го освојат девојчето со плетенки, црвени образи и со симпатична
насмевка, Виолетка.

You might also like