You are on page 1of 1

Име и Презиме: Давид Богоески Дата: 18/05/2021

Одделение: VIIа

Есеј за востанието на Скендер-бег


Скендер-бег или Ѓерѓ Кастриот се родил во 1405 година и потекнува од познатото
семејство Кастриоти и бил син на Ѓон Кастриот. Роден е во Кроја, денешна Албанија.
Семејството на Кастриотите по потекло било од Хас, но дедото на Ѓерѓ, побегнал од Хас и
станал господар на две села по долината на Црн Дрим. Ѓон Кастриот ги проширил имотите
на семејството до Јадранското море. Книжеството на Ѓон имало контрола на трговските
патишта во Албанија. Мајката на Ѓерѓ, Воисава била кнегиња од полошкото семејство
Трибалда или од благородното семејство Музака. Ѓерѓ бил еден од најмладите деца на
Ѓон и Воисава. Тој имал 3 браќа и 5 сестри.
По освојувањето на Кроја, османлиите му принудиле на Ѓон да го даде Ѓерѓ како
заложник. Таму Ѓерѓ го добил името Скендер и потоа бег поради постигнатите успеси.
Така Ѓерѓ учел 10 години во Ич-огланово училиште во Едрене. Ѓерѓ бил различен од
другите деца, бил острумен и научил неколку јазици.
Кога војсководецот Јанош Хуњади ги поразил турците кај Ниш на 3 ноември 1443 г.
Скендер-бег ја напуштил турската војска. Заедно со стотица војници придружен од својот
внук Хамза Катриот, се вратил во Албанија. На 28 ноември тој ја поразил османлиската
војска и во паника се повлекла, така тој го ослободил градот Кроја, а подоцна ги освоил
тврдините Петрела и Стелуш кај Мит.
Во 1444 година во црквата Св. Никола крај Неш се одржувала првата средба на албанските
кнезови и учествувале Скендер-бег, Ѓерѓ Аријанит, Андреја Топија со синовите, Ѓерѓ
Стрез, Балша, Никола и Пал Дукаѓини и други кнезови. Таму била освоена декларација
за задружување во сојуз, позната како Лешанска албанска лига. За водач на лигата бил
одбран Скендер-бег. Лигата одлучила да создадат заеднички фонд, што ќе се полни со
прилози од секој владетел. Со Лешанското собрание се направил чекор кон политичкото
обединување на земјата и создавање централна власт. Секој достоинственик го чувал
своето владеење и меѓусебе биле рамноправни.

You might also like