You are on page 1of 4

Бојн е роден во Даблин, каде што сè уште живее.

Неговиот прв расказ беше објавен од Сандеј


Трибјун и во 1993 година беше во потесниот избор
за книжевна награда Хенеси.[2][3] Неговата
диплома е од Тринити колеџот Даблин на англиски
јазик во 1993 година, [4][5] и последователно се
здоби со магистерска диплома на Универзитетот во
Источна Англија. Во 2015 година е награден со
почесен доктор на книжевност на Универзитетот во
Источна Англија. Тој претседаваше со жирито за
наградата Гилер на Scotiabank 2015 година.[6]

Бојн е хомосексуалец и зборуваше за тешкотиите


со кои се соочил додека растел геј во Католичка
Ирска.[7][8][9] Тој зборуваше за страдање од
злоупотреба во Теренур колеџот како студент таму.
[10]

Тој го смета Џон Банвил за „најголемиот жив


писател на светот“.[11]

Во август 2020 година, беше забележано дека


последниот роман на Бојн, Патник пред портите на
мудроста, кој се одвива во реалниот свет во 1
година од нашата ера, содржи дел во кој шивачката
се осврнува на состојките што се користат за
создавање бои. Сепак, наведените состојки беа
целосно измислени, преземени од видео-играта од
2017 година Легендата за Зелда: Здивот на
дивината, и вклучуваа предмети како што се цветот
„тивка принцеза“, „очното јаболко“ и „опашката на
црвениот лизалфос“. “. Грешката првично беше
објавена на Reddit, а откако писателката Дејна
Шварц го истакна сегментот на Твитер,
теоретизирајќи дека Бојн направил пребарување на
Интернет за „како да се обои облеката црвено“ и ги
користел резултатите од Zelda без да гледа во
контекстот, Бојн ја признал својата грешка. ,
велејќи: „Ќе го оставам како што е. Всушност
мислам дека е многу смешно и во потполност си во
право. Не се сеќавам, но морав да сум го барал на
Гугл. Еј, понекогаш само треба да ги кренеш рацете
и да кажеш „Да! Лошо мое!“[12]

Си била една убава и среќна фамилија.Се состоела од мајка татко, синче и


ќерка.Тие биле богати и живееле во убава луксузна куќа во Берлин.Сите биле
многу задоволни од куќата, а синчето Бруно имал многу интересни места кои
што можел да ги истражува во неа.Колку и да истражувал пак наоѓал ново
место, бидејќи таа имала пет ката и многу тајни на секој кат.Но еден ден се
се променило.Таткото на Бруно, кој бил генерал во германската армија и
морал да ја промени локацијата на работното место, го викнал него и
неговота сестра Гретел во неговата канцеларија.Таму им ја кажал тажната
вест дека тие ќе треба да се преселат во друга куќа далеку од Берлин.
Слугинката во нивниот дом, Марија почнала да ги спрема работите во
куфери па по неколку часа тие тргнале на пат.Бруно бил многу поврзан со
Марија за разлика од неговата сестра која се однесувала лошо со неа. Кога
стигнале во новата куќа, сите во душата ги стегнало тажно чувство, бидејќи
новата куќа не била толку убава како што очекувале. Оваа куќа имала само
три ката, внатре на секаде имало многу прашина и немало убава дневна и
кујна. А кога погледнале од прозорецот виделе нешто многу неубаво и
чудно. Имало една голема и бескрајна ограда а, позади таа ограда имало
камп и луѓе кои биле облечени во пижами на риги. Бруно и Гретел одма се
бунеле кај нивните родители бидејќи тие воопшто не сакале во таа куќа да
седат и сакале да се вратат во убавиот топол дом во Берлин. Но за жал
неможеле да се вратат. Како што поминувало времето Бруно се досадувал во
таа куќа се повеќе и повеќе бидејќи ништо немало што да се прави. И а ко
одел во уч ил и ште н емал друга рч и ња со кој што б и можел да си игра.
Еден ден тој решил да си направи една лулашка со јаже и стара гума. Павел,
нивниот кувар, му помогнал на Бруно да земе јаже кое го нашол во
подрумот. Кога ја направил лулашката изгледала добро и го држела, па тој
почнал да се ниша многу брзо и јако што потоа ќе се кае за тоа. Лулајќи се
одеднаш јажето се скинало и Бруно летнал главечки на земјата. Одеднаш му
се стемнило но за неколку минути се опоравил. Ногата и раката го болеле
многу, а кога погледнал во ногата да види што му е видел дека има голема и
длабока рана. За срека куварот Павел го видел настанот и брзо отишол да му
помогне. Павел му ја излечил и му ја средил ногата подобро од доктор. По
тој настан Бруно неможел ништо да прави. Одеднаш се сетил за неговата
љубов кон истражувањето па решил да оди до крајот на оградата, секако ако
стигне до крајот на денот. Тој се облекол и тргнал, стигнал толку далеку што
новиот дом во Аувиц неможел да ги види. Одеднаш од нигде и никаде
забележал како едно тажно и слабо момче во пижами на риги како седи до
оградата со скрстени нозе. Тој се приближил и му рекол "здраво". И момчето
му возвратило исто. Бруно му објаснил дека истражува и се претставил како
се вика и колку години има. Момчето му рекло дека се вика Шмуел. Тие
разговарале и Бруно за прв пат се осеќал среќен на новото место. Имал со кој
да зборува но неможеле да си играат бидејќи имало ограда. Така Бруно секој
ден го посетувал неговиот нов другар Шмуел. Еден ден Шмуел му објаснил
дека тоа место каде што бил, бил некаков камп и војниците земале луѓе и
таму ги носеле. Бруно и Шмуел толку сакале да се прегрнат и да си играат
што направиле план за како Бруно ќе може да влезе таму. Тие се договориле
и решиле Бруно следниот ден да дојде и да се протне низ една дупка во
мрежата. Истиот ден кога Бруно дошол дома видел дека тој имал
вошки,незнаел од што се но татко му му рекол дека треба да му ја избричат
главата за да се олесни работата. Тоа и го направиле. Следниот ден кога
Бруно отишол кај Шмуел му рекол дека сега никој ќе неможе да го
препознае поради избричената глава, сите во кампот биле избричени.
Шмуел му дал на Бруно пижами во риги за да биде како другите и да не го
препознаат војниците.Тој се пресоблекол и влегол така што се протнал низ
една мала дупка во оградата. Тие биле многу среќни, дека заедно можеле да
си играат и да се прегрнат. Така поминал еден час кога Бруно решил дека
време е да излезе за да не го фатат. Одеднаш војници се насобрале околу
Бруно и Шмуел и ги однеле негде внатре. Бруно незнаејќи што се случува не
паничел, одедаш вратата пред нив се затворила и се заклучила. Од тој ден
никој незнаел што се случило со Бруно ниту некој слушнал за него. По
неколку години фамилијата се вратила во Берлин без Бруно. Сите биле тажни
поради тоа, но немало решение, морале да се вратат.Бабата на Бруно, мајка
на неговиот татко се спротиставувала на приајателството на татко му со
Хитлер и Hа крајот тоа се i потврдило. За жал оваа е тажна приказна за
еврејско дете и дете на германски фашистички војник. Кои не знаејќи во
каква ситуација и каде се наоѓаат стануваат најдобри другари. Тоа двајцата ги
чини живот и трагедија на нивните семејства. Истовремено оваа приказна
буди чувства на радост и љубов за чистата детска душа Топло ви ја
препорачувам оваа книга да ја прочитате а потоа и да го погледнете филмот
за неа.

You might also like