You are on page 1of 3

БЕЛОТО ЦИГАНЧЕ

     Циганскиот караван патувал низ некоја рамница. Напред на шарен коњ јавал Базел и пеел
циганска песна. Само што го искачиле благиот насип, на десниот брег на реката ги
пречекале ливади, опколени со врби и тополи.
     Преморен од патот Белото Циганче легнал на земјата до врбата љубопитно и слушал Мулон
и Хенза како тивко се препираат. Хенза барала од баба Мулон да го остават детето во некое
село. Хенза се заканила дека ќе го повреде детето, но баба Мулон и се спротиставил и ја
избркал. Таруно уплашен од нејзините зборови почнал да бега кон селото, но тогаш во ноќта
баба Мулон го викнал, го вратил.
     Следното утро додека баба-Мулон ловел риби, Таруно го потпрашувал за неговото минато и
неговите родители. Денот бил исполнет со убави моменти и измешани емоции.
Реката покрај нив им помагала за разладување и убивање на досадата. Децата често си играле на
нејзиниот брег или се бањале. Едно топло попладне на реката пристигнале група деца од селото.
Тие им се приближиле на Таруно и другарчињата и почнале да ги навредуваат, за на крај да ги
избркат. А пегавото дете го нарекол ,,Бело Циганче,, - Таруно.
     Таму покрај реката на Таруно му било многу убаво, затоа го замолил баба-Мулон да останат
на тоа место. Баба-Мулон му објаснил дека тие ромите не остануваат долго на ниедно место,, но
овде секако ќе останеле до есен додека да се ожнее оризот и не се ождере колибата Белка.
Таруно се радувал на помислата дека наскоро ќе работат, ќе жнеат.
     Таруно од мал му помагал на баба-Мулон во плетењето на кошници, за еден ден кога малку
подраснал и после долго вежбање и гледање, тоа лето успеал да ја сплете неговата прва
кошница. На која бил многу горд.
     Два дена ги нема лидено Насиха и Рапуш, своите другарчиња. Рапуш бил сирак. Единствен
роднина бил брат му Базел. Нивните родители биле убиени од фашистите. А рапуш како мал
бил повреден и го изгубил видот. Насиха живеела со мајка и Ажа, која била гатачка. Тие двајца
често оделе со мајка и на Насиха по селата додека таа им гатала на припростите селанки. Брат
му на Рапуш често бил отсутен зошто одел на пазарите, препродавал коњи.
    Другарчињата се радувале на нивната средба. Насиха му раскаѓала колку убаво свирел Рапуш
на виолината и како селаните му давале јадење и пари поради тоа. Таруно добил покана да оде
со нив во селотот и да просе ако сака. Тој се радувал на поканата, но морал прво да го праша
баба-Мулон дали смее да оде. Баба-Мулон не го пуштил да оде. Строго го искарал и му објаснил
дека просењето е за тие што не можат да работат, бидејќи тие се здрави и прави својот леб треба
да си го заработат со труд не со милостина и понижување.
     Едно утро баба-Мулон го разбудил рано во мугрите целиот радосен и возбуден. Таруно не
можел да погоде што се случувало. Кога видел дека Белка се ождребила и тој бил многу
радосен. Посебно кога баба-Мулон му кажал дека црвеното ждребе со бела нога ќе биде негово.
     Со нетрпение ги чекал неговите другари за да ја сподели радосната вест со нив, но тие веќе
го виделе ждребето и биле возбудени за него. Рапуш предложил да го крстат. Му го ставиле
најубавото име ,,Бреско,,.
    Додека се спремале за жетвата и ја расчистувале некоја рамнина за да направат гумно, една
ноќ фатило страшно невреме. Силниот дожд ги накиснал цели, а баба-Мулон му ги дал своите
алишта на Таруно и со своето тело го заштитувал од студот и дождот. Утре дента си ги сушеле
мокрите алишта на тревата, а баба-Мулон веднаш почнал да плете нова торба.
     Таруно отишол во селото  за да продава кошници. Таму ги сретнал Рапуш и Насиха, но по
кратко време им се прибрижиле и селските деца кој што ги вреѓале и напаѓале. За на крај да си
заминат тие тројца уплашени и тажни.
     Рано в зори баба Мулон го разбудил Таруно и двајцата отишле да жнеат ориз. Баба Мулон со
љубов и почитување му објаснил на Таруно дека земјата е наша мајка, нашиот живот.
     На селските гумна, околу големиот јавор на Мадра, допатувале цигани од разни краишта и
местото заличило на населба. Една вечер додека другарчињата го слушале Рапуш како свире и
пее, настанала страшна гужва. Се степале некој цигани од различни черги за една девојка. Еден
од циганите бил и Базел, брат му на Рапуш. Утредента слепиот Рапуш бил загрижен за брата си.
     Едно утро умрела Белка. Поради нејзината смрт баба Мулон и Таруно биле многу тажни, но
уште потажно било ждребето Бреско. Кое почнало да слабее и да пропаѓа. Сите се откажале од
него, но не и Таруно. Тој секој ден му давал да јаде и го носел на еловите орманишта и кории на
Мадра, во чија внатрешност имало мали полјанки. Тука го оставал Бреско и по неколку дена. Па
по кратко време Бреско успеал да си ја поврати силата и разиграноста.
     Селските деца, дружината на пегавото дете почесто доаѓале на гумното. Пегавото дете дури
му понудил на Таруно да се трампат, Бреско за магаре, но Таруно не сакал да го даде своето
ждребе. Веќе подолго време Бреско го немало никаде. Поради што Таруно бил тажен и
загрижен.
     Летото било при крај. Ноќите станале подолги и постудени. Со студот пристигнала и лошата
Хенза, молејќи го баба Мулон да ја прими назад, но залудно. Последната ноќ, таа рамнина,
додека се спремала чергата за да си оде, баба Мулон и некој селанец разговарале со Таруно,
дека тој не е циган и поради тоа треба да остане зимото во селото кај селанецот.
     Отишол Таруно со селанецот во неговата колиба. Таму ги пречекала неговата жена. Прв пат
во животот имал топла вечера и покрив на главата, но сето тоа не го правело среќен. Напротив
тој бил се повеќе тажен, а утре дента додека ги пасел овците, ја видел напуштената циганска
населба. се стрчал за да не ќе ги пресретне, но залудно. Тогаш некој човек му кажал каде ги
видел последен пат.
     Зимата се повеќе се ближела, ладните ноќи станувале подолги. Циганскиот караван се
движел во непознат правец. Им се придружил некој циган со магаре и мечка.
      Конечно стигнале до едно село. Надвор од селото имало напуштена штала, во која им било
дозволено да го поминат зимото. Конечно можеле малку да се опушатат. Покрај огнот се
раскажувале приказни за циганскиот бог Пенга, на мечакот и мечката.
     Ја преградиле пола штала за да ги сместат животните на топло, а за мечката, Демир изградил
посебно простор. Ковачот Демир им раскажувал како ја пронашол мечката и како ја дресирал.
     Пролетта пристигнала. Топлото пролетно сонце го растопило снегот. Ковачот Демир си
заминал заедно со својата мечка и магаре. Баба-Мулон почнал да плете кошници. Децата
уживале во пролетните цветови.
     Детските игри немале крај. Еден пролтен ден децата решиле да играат свадба. Таруно бил
младоженецот, Насиха невеста, а Рапуш свирач. Но само што почнала играта биле свикани.
Караванот спремен тргнал на ново патување. Ова патување ги донело до Мадра. Место полно со
спомени. Но овој пат не им дозволиле да се сместат под истата врба, како претходната година.
Па караванот тргнал кон селотот, под јаворот.
     Први посетители им биле селските деца. Тие му раскажале за некој див коњ, што цело зимо
го поминал во близина на селото. Коњот бил прекрасен. Селаните почнале да измислуваат
секакви приказни за него. Тарно долго време не можел да спие мирно. Постојано мислел и го
сонувал дивиот коњ.
     Само што го заборавил дивиот коњ, една ноќ тој дојдел блиску до нивната колиба. Таруно го
следел и трчал по него цела ноќ. Дури ни каливото мочуриште не го вратило назад, да се
откаже. Кога му се приближил на дивиот коњ целиот се наежил. За некое чудо тоа бил Бреско,
неговото ждребе. Таму на ногата под коленото стоел белиот белег.
     Бреско и Таруно биле повторно заедно. Сите се чуделе и се радувале на Бреско. Дури и
селските деца пристигнале за да го видат. Но среќата кратко траела. Една летна вечер на чергата
пристигнале полицајци со група селани, кој што жалеа дека циганите им ги украле коњите. Така
биле однесени сите коњи, дури и Бреско.
     За тагата да биде поголема, Таруно го снашла друга несреќа. Додека береле лескови прачки
баба-Мулон го каснала змија. За кратко време тој починал. А Таруно останал сосема сам на
светот. Тажен, избезумен не знаел што да прави. После некој ден, седел со главата во дланките и
солзи во очите. Кај него дошол Бреско, неговиот коњ. Додека тој плачел прегрнат со својот коњ,
им се приближил Базел. Се распрашал каде се наоѓа домот за сирачиња од војната и ќе му
помогнел на Таруно да се сместе во него. Така завршило детството на Таруно, било затворено
едно поглавје од неговиот живот и циганската черга.

You might also like