You are on page 1of 1

Баба Мулан

Белото Циганче е роман за деца од македонскиот писател Видое


Подгорец.Во овој роман се зборувало за едно дете, кое било оставено за време
на војната во некое село. Додека бегале од окупаторот, група Роми го
пронашле детето и го одгледале. Момчето се викало Таруно и немало никаква
врска со Циганите, но научило да ги почитува нивните обичаи, научило како да
преживее и да заработи за живот, плетејќи кошници.Детето се викало Таруно
но бидејќи живеело со циганите другите деца го нарекле Белото Циганче.

Човекот што го пронашол и земал Таруно се вика Баба Мулан,тој имал


жена која се викала Хенза и таа воопшто не го сакала Таруно.Таа му зборувала
на Баба Мулан да го остават детето во некое село но тој не се согласил и ја
избркал.Едно утро Баба Мулан ловел риби а Таруно почнал да го распрашува
за неговото минато и за неговите родители.Баба Мулан од мал го учел Таруно
како да се однесува и како да плете кошници за да може да заработува,и кога
биле да жнејат му објаснувал дека земјата е наша мајка.Баба Мулан го оставил
Таруно во селото кај некој селанец,тогаш Таруно бил под топол покрив и имал
убаво јадење но тој бил тажен.Таруно бил тажен бидејќи Баба Мулан иако бил
стар и е Циган тој многу го засакал бидејќи го научил на многу добри навики
кои ќе му помогнат во животот.Таруно повторно бил заедно со баба Мулан но
тогаш додека заедно береле лековити прачки Баба Мулан го каснало змија,и по
некое време починал.

Таруно останал сосема сам на светот. Тажен, избезумен не знаел што


да прави. После некој ден, седел со главата во дланките и солзи во очите.Тој
отишол во некој дом за сирачиња и така завршило детството на Таруно, било
затворено едно поглавје од неговиот живот и циганската черга.

You might also like