You are on page 1of 8

БЕЛОТО ЦИГАНЧЕ

1.Еден летен ден караванот на чело со стариот коњот на Базел се движел по патот. Базел додека
јавал пеел и неговта песна на сите им се допаѓала. Во првата кола се везела Насиха, во втората
кола бил Таруно, заедно со слепото дете Рапуш кој бил брат на Базел. Рапуш многу ги сакал
песните на својот брат Базел, тој всушност многу ја сакал музиката, ретко зборувал , и многу
уживал додека свирел на својата цигулка. Зад колата пешачел баба Мулон и неговата жена Хенза
која била многу лоша.Караванот запрел кога паднала вечерта и кога пристигнале на една рамница
крај една река, покрај која имало полно врби.

2.Таруно кој билуморенод патот легнал покрај една разгранета врба. Неможел да зспиекога го
слушнал шепотењето помеѓу Мулон и Хенза. Нивното шепотење изгледало како да се караат.
Хенза не го сакала Таруно, и го убедувала баба Мулон да го осстави бидејќи тој не е циганин како
нив и кога тогаш ќе мора да ги напушти. Но, баба Мулон Таруно го сакал како свое дете и неможел
да го остави , тој го израснал од бебе и премногу бил поврзан со него. Таа сакала да го ослепи со
врела вода или да го отруе, Таруно бил многу уплашен, но тогаш баба Мулон многу се налутил и ја
избркал.Таруно од страв станал почнал да оди на кај селото мислејќи дека ке се спаси од лошата
Хенза. Но така преплашен слушнал некој глас како го довикува. Тоа бил баба Мулон,кој му ветил
дека тоа со Хенза никогаш веќе нема да се случи и да не се плаши. Таруно силно го прегрнал баба
Мулон и покрај него чувствувал голема заштита.

3.Утредента Таруно го разбудила песна на некоја птица. Стравот веќе му поминал. Додека другите
спиеле тој го здогледал баба Мулон како седи во реката. Тој го земал Таруно во својата прегратака
и почнал да го фрла нагоре. Го прашувал дали сака да порасне голем. Таруно много го сакаше
баба Мулон.Тој му беше се. Така разговарајќи Таруно забележал црвен пламен, тоа било раѓање
на сонцето, поточно изгревање на сонцето.Додека баба Мулон ловел риби Таруно му кажал дека
знае дека тој не му е татко. Баба Мулон потврдно му одговор дека вистината е таа дека тој не му е
татко. Таруно очекувал да му раскаже кој е навистина тој, но баба Мулон продолжил да лови риба.
Потоа Таруно го прашал зошто тој не е циган како и сите други кои се со нив.И му се пожалил дека
го викаат Бело прасе. Баба Мулон му одговорил дека е добро тој што не е циган и да не се грижи
гоиманего за што ида му затреба.Го прашал зоштотој нема мајка и татко. БабаМулон му одговор
дека кога тој бил бебе имало војна, во таа војна исчезнале неговите родители, баба Мулон го
нашол на некоја нива. Всушност на нивата го пронашол Базел покрај мртвото тело на неговата
мајка.

4. Реката не била многу длабока и децата секој ден се капеле во неа.Кога не се капеле седеле во
песок и правеле кули. Еден ден покрај реката дошле други деца да се капат. Во еден момент кога
ги здогледале пошле на кај нив и ги виклае цигани и ги навредувале. Едно нив кое на лицето
имало жолто кафеави дамки им рекло дека неможе да се капат во нивната река.Таруно се
побунил дека реката не е нивна, таа е ничија.Бидејќи тие биле повеќе деца, таруно со неговите
пријатели прифатиле да се капат подулу во реката.Детето со дамки на лицето почнало да вика на
цел глас дека Таруно не е циган дека е бел и го нарекле Белото циганче.
5. Станало август но логорот на циганите сеуште бил сместен на рамницата и на Таруно му се
допаѓало местото на кое биле сместени. Таруно уживал покрај реката и песокот. Му рекол на баба
Мулон дека сака засекогаш да остане таму. Баба Мулон му одговорил дека ќе останат до есен,тие
никогаш вечно не остануваат на едно место. Му рекол дека ке им помагаат на селаните да го
ожнеат оризовото поле. Во тоа време кобилата Белка била бремена. Таруно со нетрпение го чекал
денот кога ќе почне жетвата, за да спечалат нешто но и да нучи нешто ново да работи.

Баба Мулон кога не фаќал риби седел под врбата и плетел кошници од тенки прачки. Кошниците
баба Мулон ги продаваше на селанките во селото.Таруно му помагал во плетењетона кошниците.
Таруно изразил желба да плете но баба Мулон му рекол дека сеуште е мал, сега треба само да го
гледа и да помага. Од тие зборови Трауно се навредили се чувствувал бескорисен.Во тој момент
тој размислувал дека Рапуш е поголем иако му е врсник, бидејки многу убаво знае да свири на
неговата цигулка која му ја дал татко му и сите се восхитувале на неговата музика. Сепак Таруно
бил упорен и се обидел да спете кошница.Откако ја направил баба Мулон бил среќен и задоволен
од работата на Таруно.

6. Таруно веќе два дена не ги беше видел Рапуш и Насиха.Рапуш бил исто сирак какао Таруно но
за разлика од него тој го имал својот брат Базел.И неговите родители исчезнале во војната и биле
убиени од Германците.Базел успеал да побегне во некоја нива и да се скрие, а Рапуш бил бебеи
не го виделе во парталите во кои бил замотан. Тој можел да гледа како бебе, и за неговите очи
постојат неколку приказни.Некои се сомневаат дека во негова близина експлодирала бомба или
граната иод блесокот Рапуш го загубил видот. Други велеле дека дошла некоја лоша
циганка,можеби тоа била Хенза и ги попарила очите на детето со врела вода . Мајката на Насиха
велела дека тоа го направил вампирот Мело.Во една темна ноќ Рапуп залутал некаде и го
пронашол вампирот кој му ги извадил очите. Така Рапуш останал и без очи и без родители.Така
Таруно бил среќен што го пронашле во нивите инаку можеби итој би останал без очи како
Рапуш.Рапуш често се дружел со Насиха, а неговиот брат Базел често одел на пазар да гледа коњи
и магариња. Мајката на Насиха тетка Ажа често со нив одела во село да продава и им гледала на
рака со црвен конец на суеверните селанки или на карти, а за тоа барала нешто за јадење најчесто
грав.Често се загледувала и во Таруно и им предвидувала дека тој многу ќе семачи, но ќе биде
многу богат и среќен. Таруно се смеел на нејзините зборови. Насиха имала тркалезно лице со
чоколадна боја, крупни очи како на срна со кафеава боја.

Така откако се сретнале после два дена децата многу се израдувале. Насиха му кажала дека биле
во село и таму Рапуш свирел и сите биле восхитени од неговата музика. Таруно го фатил за раката
тоа им било како поздрав.Му рекла дека во селото децата прашувале за него дали е Циганин.
Рапуш му рекол дека тетка Ажа ништо лошо не кажала за негои дека таа смета дека тој е добар и
храбар. Таруно им го прекинал разговорот и им предложил да им покаже некој вир каде водата е
многу чиста.Но децата не сакале да одат тие сакале да одат во селото и таму да свири Рапуш за да
добијат нешто за јадење. Таруно прво отишол да го праша баба Мулон дали може да оди но тој не
му дозволил да оди и да проси затоашто тојне е циганин. Таруно го послушал баба Мулон и не
отишол со децата.
7. Едно утро баба Мулон со весел глас го разбудил Таруно. Таруно сонлив неможел да разбере
што се случува,помислил дека баба Маулон фатил некоја голема риба. Се обидувал да погоди што
се случува не неможелда погоди. Всушност нивната Белка родила ждребе.Таа била бела, а
ждребето било црвено. Предната десна нога од копитото до колемото му била бела. Изгледало
како да има белег. Таруно и баба Мулон биле пресреќни за новороденото ждребе. Баба Мулон му
го подарил ждребето на Таруно.

8. Таруно бил пресреќен за своето новоредоно белоного ждребе. Едвај чекаше да ги види Насиха
и Рапу и да им ја соопшти радосната вест. Но, Насиха и Рапуш кога се враќале од селото веќе го
виделе белоногото ждребе. Кога пристигнале до Таруно му радосно му честитале. Насиха му
рекла дека треба да верува во гатањето на мајка и Ажа,таа му рекла дека Таруно ќе биде среќен и
ете тој станал среќен. Но, Таруно не верувал во гатањата на татка Ажа.Рапуш му предложил на
Таруно да му дадат име на ждребето. Најпрвин мислеле дека тоа е многу лесна работа, но долго
време размуслувале кое ќе биде најубавото име за ждребето.Таруно предложил да се вика
Пламен или Црвенко бидејќи има црвена боја. Насиха предложила да се вика Бела Нога или
Мишко. Додека тие се расправеле Рапуш молчел и размислувал. Потоа дал еден интересен
предлог. Тој им раскажал за некој коњ што го видел Базел на пазар, бил најубав од сите
коњи.Коњот бил многу силен, црвен како пламен и брз како стрела. Коњот се викал Бреско. На
Таруно тоа име многу му се допаднало и така ждребето го крстиле Бреско.

9. Еден ден баба Мулон муја покажал на Таруно нивата која ја работел кога бил дете. Се
присеќавал на многу настани од детството и му раскажувал. На нивата имало едно големо дрво.
Сега повторно требало да работат на истата нива. Баба Мулон предложил да направат една
колиба покрај дрвото за да можат да се засолнат ако зврне. Но,тие започнале прво со работа на
нивата и не ја направиле колибата. Тој ден имало силен дожд и невреме.Многу грмело и Таруно
се плашел. Баба Мулон го гушнал за да го засолни од дождот и го покрил. Таруно бил загрижен за
Бреско, но баба Мулон му рекол да не се грижи тој ќе се снајде. Баба Мулон решил да се засолнат
некаде за да не седат на нивата бидејќи било опасно. Баба Мулон бил гол до појасо и со своето
тело го заштитувал од дождот Таруно. Тогаш Таруно си помислил колку е храбар, добар, голем и
непобедлив Баба Мулон. Утре дента откако престанал дождот Таруно отишол да го види своето
ждребе Бреско. Бил премногу горд што Бреско не се исплашил од невремето. Но, Белка тој ден
изгледала многу изморена и ослабната.

10.Еден ден Таруно пошол да продава кошници.Но селаните го гледале со презир. По пат ги
сретнал Насиха и Рапуш. За кратко време се појавиле децата од селото кои порано се распараваа
со нив во реката. Тие ги навредуваа дека дошле да крадат. Таруно имал свое достоинство и дрско
им одговорил дека тие не се крадци.Децата сакале да предизвикаат тепачка но Таруно не сакал да
се тепа. Дамковото дете му се обратило на Таруно дека е будала бидејќи тој не е циганин а се
дружи со нив. Но Таруно ги бранеше и велеше дека без разлика тие што се цигани сепак се луѓе.
Трауно, Насиха и Рапуш полека се оддалечиле од селските деца.

11. Едно утро Баба Мулон и Таруно тргнале да жнеат нива. Баба Мулон муобјаснил како се
оризови стебленца и започнале со работа. Таруно постојано се обидувал да го стигне во работата
Баба Мулон, но тој бил побрз од него. Таман кога почуствувал голем умор жената на стопанот им
донела ручек. Откако ручале,Баба Мулон му рекол на Таруно да одморат. Двајцата одмориле во
сенката под две врби. По одморот повторно продолжиле со работата. Тогаш Таруно забележал
колку многу Баба Мулон ја сака земјата,колку грижливо работина неа, како внимателно ги реди
плодовите –како тоа богатство да било негово.

12. Тие денови покрајреката се доселиле и други цигани. Есенската работа на нивите барала
повеќе луѓе за работа. Таа вечер Таруно седел со Насиха и Рапуш иразговарале какао им поминал
денот. Потоа Рапуш свирелна неговата цигулка. Кога Таруно ја слушалнеговата музика се чуствувал
убаво и опуштено. Но, тоа нивно задоволство ја прекинало ненајдена врева. Всушност група од
луѓе се тепаа помеѓу себе. Во таа група бил и Базел. Еден човек многу нервозен сакал да го убие
Базел затоа што неговата свршеница се вљубила во Базел и побегнала со него. Човекот успеал да
го повреди Базел и да му нанесе рана од нож на лицето. Утредента Рапуш бил многу исплашен за
својот брат, но Баба Мулон го утешил дека неговата рана на лицето не изгледа страшно ине треба
да се грижи за него.

13. Утредента кога се разбудил Таруно , забаележал дека Баба Мулон е мноху тажен. Кога се
доближил до него Баба Мулон му кажал дека нивната Белка починала. Бреско останал сам без
мајка.Сите го млатретираа,а Баба Мулон го бранеше.Идодека сите го гледаа со презир, Таруно не
се откажуваше од него.Тој длабоко во себе верувал дека Бреско нема да умре.Дека ке порсане и
ќе биде вистински коњ. Таруно го носелна една ливада каде имало убава трева и го оставал да
пасеи да ужива во тишината. Од ден на ден Бреско станувал се поубав и поубав. Таруно му често
го посетувал и го галел. Така станале најверни пријатели.

14. Една вечер Таруно повторно се сретнал со дамкавото дете. Почнале да серасправаат за Бреско.
Дамкавото дете го задевало Таруно дека Бреско е крастав и слаб. Но Таруно му одговорил дека
сега е оздравено. После три дена барање кога го нашле сите биле воодушевени од неговата
убавина. По неколку дена дамкавото дете дошло да се трампи со Таруно за Брескода му даде
магаре.Но Таруно не го давал Бреско. Насиха не се согласувала со Тарунои мислела дека треба да
го даде за магарето, но Таруно не сакал да слушне ниту за 10 магариња не го давал Бреско. Рапуш
дал предлог да го прашаат баба Мулон за милсење, но тој одговорил дека Бреско е на Таруно и тој
сам треба да одлучи.Потоа децата побарале мислење од Базел. Базелмуодговор да го чува Базел
и дека кога ќе порасне ќе биде преубав. Од тој ден Бреско го снемало, Трауно постојано го
довикувал на местото каде пасел трева но тојне се појавувал. Таруно бил премногу тажен.

15. Станало крај на летото. Сите цигани многу се плашеле од зимата затоа што немаат кров над
глава. Еден ден Ханза дошла кај Баба Мулон и го молела да ја врати назад за да има каде да ја
мине зимата. Но, Баба Мулон не ја примил назад. Вечерта пред да го напуштат местото Баба
Мулон разоговарал со еден селанец да го земе Таруно во неговата куќа да живее со нив. Да
непатува веќе заедно со нив затоа што тој не е Циганин. Селанецот немал деца и сакал да го чува
како свој син и да му даде работа да пасе околу 30 овци. Таруно не сакал , се противел и плачел,
не сакал да се оддели од Баба Мулон.На крај заради љубовта кон баба Мулон прифатил да оди кај
селанецот.
16. Кога стигнале во куќата со селанецот дома ги пречекала домаќинката. Таа му дала чисти
алишата.На Таруно се ми било чудно затоа што за прв пат се наоѓал во куќа,прв пат седнал на
кревет, во раката прв пат држел железна лажица. Иако чувствувал глад не му се
јадело.Домаќинката постојано гу нудела со разни јадења но Таруно неможел да јадел,грлото му
било стегнато. Откако му покажеле каде му е креветот за спиење ја зеле ламбата и го оставиле
сам во собата. Таруно неможел да спие цела ноќ. Тој бил навикнат да спие на земјата и да го гледа
небото, во собата воопшто не мубило удобно. Постојано мислел на Баба Мулон. На крај уморот го
софладал и заспал. Отакако станал ги однел овците на пасење во природата,и се надевал дека ке
го најде Бреско. Така одејки поминал покрај местото каде биле сместени покрај колибите.
Одеднаш почуствувал голема болка. Ги погледнал овците и решил да ги напушти и да тргне
побрзо по патот да го најде Баба Мулон.

17. По пустите ниво колоната на Циганите патувала да најде некое добро место за да презими.
Таруно воопшто нес е каел што побегналшто ги оставил овците и топлиот дом на селанецот. Баба
Мулон го убедувал Таруно дека сеуште не е доцна да се врати назад кај селанецот. По патот во
земјата Циганите копаа и бараа компири за да имаат што да јадат. Циганите се сметиле во некоја
стара колиба. Во колибата имале и три нови членови. Ненајдено им се придружил еден огромен
Циган кој имал магаренце и врзана со синџири една мечка.Мечката им била на сите интересна а
посебно на децата. Но меката била многу мирна. Го замолил Баба Мулон да остане со нив да ја
помине зимата. Баба Мулон го примил. Мечкарот се викал Демир и бил многу весел
човек.Мечката се викала Рашана и ја терал да игра и да им прави забав на Циганите. Често им
раскажувал на децата разни случки. Им раскажал и како ја фатил неговата мечка. Надвор врнело
много дожд и не било сигурно да се остане во колибата затоа Баба Мулон решил да заминат од
тоа место.

18.Циганите не се срамат да побаарат храна или да облечат нешто искинато, но никогаш не се


осмелуваат да бараат постела во туѓа куќа, тие сметаат дека невниот дом е под отворено небо.
Пред едно село наиѓле на празна штала, Баба Мулон ги испратил Базелдо селото да се распраша
во селото да им ја дадат шталата за да презимат.Селаните им дозволиле да живеат во неа. За
храна имале компири, ориз и грав.Додека циганките ишле во селото да ги продаваат своите
производи, децата останувале со Баба Мулон и Демир кои им раскажувале на децата разни
приказни.

Многу Интересна била приказната за богот и кралот на сите цигани кој се викал Пенга. Пенга имал
два бели коња кои ја влечеле неговата златна кочија.Пенга бил многу богат и не работел ништо.
Тој имал многу деца и ги качувал во својата цлатана кочија и ги шетал од небо до небо и гледал
што работат луѓето на Земјата. Еден ден едно тркало од неговата кочија се скршило. Тој не умеел
да го поправи и бидејќи колата не можела да се движи на три тркала тој од седмото небо паднал
на Земјата заедно со децата. Пенга легнал под некое дрво и чекал да дојдат да го подихнат и да го
однесат во неговиот дворец. Минале неколку дена но никој не дошол по него и неговите
деца.Чекајќи така на сонцето лицето на Пенга и на децата поцрнело . Од тоа време се сметало
дека циганите се црни и мрзеливи. Таму каде што ќе седнат не стануваат лесно,се додека не дојде
некој да ги избрка. Така Пенга од местото каде што лежел го избркале некои деца.Потоа некој
селанец кој бил сопственик на нивата. Селанецот не знаел дека Пенга е бог иако тој се обидувал
да му објасни, но селанецот не сакал да го слуша.Така Пенга станал со своите деца и почнал да си
го бара својот дворец, ама она што го загубил еднаш не се наоѓало лесно. Па така рекол Баба
Мулон затоа ние циганите ние циганите како Пенга постојано патуваме и бараме нешто.

Децата биле воодушевени од приказната.Децата го прашале каде отишол потоа Пенга? Баба
Мулон одговорил дека патувал по светот и кога сфатил дека неможе да го најде дворецот децата
веќе му пораснале.Ги собрал децата околу себе и им рекол дека вака неможе мора да почнат да
работат за да имаат што да јадат.Така некој станал ковач,некој свирач, ветеринар,џамбаз, плетач
на кошници.Двете најмали деца биле многу тврдоглави ине сакале да работат ништо, затоа тој на
еднотому дал торба и му рекол да појде по светот и проси, а на другиот му дал мечка и му рекол
да појде по светот.

19. Еден ден кога се рабудиле циганите надвор од шталата имало снег. Баба Мулон кажал и
животните(коњитње и магарето) да ги внесат внатре за да не смрзнуваат надвор. За да не ги
нападне животните мечката Демири направил едно заградено катче од дрвја за да и таа биде
внатре. Додека седеле така во топлата ѓтала Рапуш често им свирел на цигулката.Мечкарот Демир
често им правел смешки на сите во шталата. Една вечер Базел го задевал Демир.Го терал да им
објасни како ја фатил мечката во планината. Тој почнал да објаснува дека некогаш одамна бил
ковач.За да работи како ковач му требало ќумур па морал да оди во планина да набере дрва за да
направи ќумур. Така еден ден во планина видел мече. Така решил да го земе мечето и да го научи
да игра и да ги забувава децата пред ковачницата. Така кога дошол дома мечето го врзал за
некојколец и го ставил со нозете врз жар. Мечето не можело да стои на топлото и се дигнало на
задните нозе и почнало да игра. Така Демир го научил да игра.

20. Така полека поминала зимата и дошла пролет.Со пролета исчезнал и Демир со неговото
магаре и мечката. Баба Мулон почнал со плетење на кошници за да спечали нешто. Гледајќи
гонего и Таруно понекогашпо цел ден плетел кошници. Кога ќе му здосадело одел да се игра.
Рапуш свирел весели песни на својата цигулка. А Насиха берела цвеќе.

21. Додека скитале покрај реката децата измилувале разни игри во кои можел да учествува и
Рапуш. Така еден ден Насиха плетејќи венец од цвеќчиња предложила да направат свадба. Рапуш
да биде свирач, Таруно младоженец а Насиха невеста.Играта на децата им се допаднала. Таруна
јавнал една прачка како да е коњ. Рапуш свирел пред него и пошле по невестата да ја бараат од
нејзините родители. Насиха му ја бакнала раката на Таруно и му наредила на Рапуш да свири.
Додека играта како свадба траелаодеднаш викнала тетка Ажа по Нисахиа. Децата се стрчале
уплашено на кај неа. Кога пристигнале виделе дека колите биле подготвени за наредно
патување.Сопственицитена шталата им каже да ја напупштат бидејќи сакале да си ја поправат.По
патот наишле на местото на кое биле сметени минатата година. Циганите скалеповторно да се
сместат на истото место. Таруно се пристеил на Бреско и многу се натажил. Но и оттаму ги намвал
некој селанин и тие тргнале на кај селото.
22. На местотона кое се сместиле веднаш се сретнале со децата од селото,тоабиле дамковото дете
и неговата дружина. Во разговорот со децат Таруно разбрал дека во полето имало многу убав див
коњ.Но сите возрасни не верувале во приказната на децата.

23. Утредента додека спиел Таруно го разбудило необично шушкање од некое животно. Кога се
поткренал да види, пред него стол преубав коњ кол личел на дивиот коњ за кој зборувале децата.
Таруно несакјаки извикал Бреско и коњот се исплашил и побегнал. Таруно сакал да се увери дека
не сонува и тргнал по него да се увери дека тоа е жив коњ. Така Таруно успеал да го стигне на една
ливада и повторно кога го видиел извикал Бреско. Овој пат коњот застанал за момент и повторно
почнал да трча. Таруно чуствувал дека се многу блиску еден позади друг но неможел да го види
во темницата. Незнаејки како до ги викне решил да го вика Бреско и така неговиот Бреско веќе го
нема. Извикал неколку пати ,,Бреско еј Бреско! Коњот за момент повторно застанал и пак почнал
да трча.Таа ноќ Таруно неможел да го види коњот, легнал на сувата трева и заспал. Кога се
разденило покрај водата видел црвен коњ. Му се причинило како да се познаваат. Таруно
затреперил кога видел декакоњот на ногата има белег. Десната нога му била бела иста како на
Бреско. Тогаш Таруно сфати дека станува збор за неговит Бреско, кој пораснал во прекрасен див
коњ.Почнал да му зборува колку тагувал за него. Полека му се приближил у успеал да го
погали.Премногу бил среќен.

24. Првите денови сите се собирале да ја видат убавината на Бреско. Децата од селото го задевале
дека тоа не е Бреско, но Таруно имал доказ, затоа што овој коњ имал ист белег на ногата какО
БРЕСКО. Потоа им се приближил еден од селаните и му рекол на Таруно нему да му заблогадари
за Бреско. Тој го сочувал цела зима додека тие не биле тука.И дека луѓето измислиле секакви
приказни за него и дека е див коњ. Базел сакал да го измами Таруно и да му даде друг коњ за
Бреско но Таруно не се согласил.

25.Набругиу дојде и лето и повторно циганите се подготвувале за жетва. Една вечер Таруно многу
се вознемирил затоа што дошле дваица полицијаци. Тие дошле да бараат украдени коњи на
селани. За миг се створила голема врева кога ги виделе насобраните коњи и почнале да си ги
препознаваат. Во тој момент Таруно видел како еден селанец сака да го земе Бреско. Таруно
почнал да вика дека тоа е негов коњ. Баба Мулун се обидел да им објасни дека тоа е нивен коњ а
не на селаните, но полицајците не му верувале. Така селанецот кој лажел го земал Бреско.

26. После случката со коњите Таруно бил премногу тажен, а исто така и Баба Мулон. Всуѓност сите
цигани биле тажни за Бреско. Таруно за да не го види каде плаче се криел од другите. Баба Мулон
го тешел Таруно да не тажи толку зошто ке се разболи, но Таруно неможел да сфати зошто му го
зеле коњчето. Баба Мулонмурекол дека на циганите никој не им верува. Затоа треба да сфати
дека треба да се врати тамо каде му е местото а не меѓу циганите. Една вечер Баба Мулон рекол
дека утре ќе одат на една нива да сечат прачки се договорил со некој селанец. Работата се
одвивала многу добро. Но во еден момент Таруно го видел Баба Мулон како седи и бил многу
блед. Му рекол на Таруно дека го каснала змијаво рака. Таруно се вкочанил кога слушнал што се
случило. Едвај се довлекол до колибата и никој не можел да му помогне. Баба Мулон имал
огромни болки. Баба Мулон го викнал Таруно и повторно почнал да му дава совет. Му рекол дека
неговиот живот е при крај, дека Таруно мора да се тргне од циганите. Во градот имало дом за
сирачиња кои ги изгубиле своите родители во војната и да оди таму да живее. Му дал малку пари.
Таруно отишол да земе вода да му донесе, но додека да се врати Баба Мулон починал.

27. Таруно останал сам на светот. Многу му фалело присуството на Баба Мулон. Размислувал
сепак да го послуша Баба Мулони да појде во градот да го побара домот за деца без
родители.Едно утро имал големо изненудавуње само што се рабудил го чул Бреско.Таруно го
гушнал и почнал да плаче и да му кажува дека добриот Баба Мулон починал. Одеднаш го
слушнал Базел како го теши и му вели да не плаче тој е веќе големо момче. Базел се распрашал за
домот во градот и го нашол. Го терал Таруно да појдат во домот. Тажна била разделбелта од
циганскиот живот.Сите дошле да го испратат. Се збогувал со Насиха која ја нарекол сестра и Рапуш
кој го нарекол брат и пошол во градот во домот.Зад него останала циганската колиба.

You might also like