You are on page 1of 2

АНАЛИЗА НА ЛЕКТИРА

,,РОБИНЗОН КРУСО“ - ДАНИЕЛ ДЕФО

Робинзон Крусо“ е роман  на англискиот писател Даниел Дефо.


Прв пат е објавен во Англија во 1719 г. и се смета за првиот
англиски роман. Книгата е замислена автобиографија на
насловниот лик — Англичанец, кој преживеал бродолом и останал
да живее 28 години на пуст тропски остров во близина на
Венецуела, наидувајќи на староседелци , заробеници и
бунтовници, пред конечно да биде спасен.

Се верува дека приказната е инспирирана од вистинско искуство


на шкотски морнар Александар Селкерк кој живеел повеќе од
четири години на некој тропски остров во близина на Чиле.
Книгата го доживеала првото издание на 25 април 1719 г.
Нејзиниот целосен наслов бил „Животот и изненадувачките
авантури на Робинзон Крусо од Јорк, морнар кој живеел дваесет и
осум години сам на ненаселен остров на крајбрежјето на Америка,
близу до устието на големата река Ориноко; откако бил исфрлен
на брегот од бродолом, додека сите други загинале освен него. Со
осврт на тоа како најпосле чудно бил донесен од пиратите.
Напишано од него.“. Книгата веднаш наишла на позитивен и
универзален прием. Пред истекот на годинатa биле отпечатени
четири изданија, а неколку години постигнала поголема читаност
од било која книга напишана на англиски. До крајот на XIX век ниту
една книга во историјата на западната литература немала толку
изданија, преводи и адапции како Робинзон Крусо.

роман
Робинзок К.
епика Страдањата и животот на
Наратор пуст остров
Литературен род тема

Дание Дефо автор ,,Робинзон Крусо“ години- 28год

локализација

Англија
Ликови
Пуст остров Робинзон К., Петко
Човекојадците,пирати, морнарот

https://www.youtube.com/watch?v=mN3K_qXsor0

Погледнете ги доживувањата на Робинзон Крусо на следниот линк. За истиот роман има


снимено и филм, па споредете го со прочитаната лектира.

За домашна задача:

1. Лик јунак-помошник- противник ( поставете го Робинзон Крусо како лик јунак, а потоа
наведете ги ликовите кои му помагаат или му одмагаат)
2. Објаснете го начинот на кој Робинзон Крусо преживува на островот

You might also like