You are on page 1of 1

Во едно пиратско време, во мала куќа во Англија живеел еден човек по име Робинзон Крусо.

Робинзон Крусо бил мудар човек и голем авантурист. Тој имал долга и тенка кафена коса, голема
густа кафена брада, мали кафени очи, големи и густи веѓи, голем нос и големи уши. Тој бил
мускулест, јак и силен човек со долги раце и нозе. Кога бил мал Робинзон сакал да стане
морепловец. На татко му не му се допаѓала таа идеја бидејќи тој сакал Робинзон да работи во
местото каде што тој работел. Но Робинзон бил авантурист и еден ден со неговите пријатели
тргнале да пловат по морето.Тоа не била добра идеја бидејќи морето било немирно, ги фатила
бура па друг брод успеал да ги спаси. Робинзон бил тврдоглав човек и не сакал после еден неуспех
да се откаже и да престане да плови. Затоа тој решил да оди да плови сам. Тргнал да плови кон
Португалија и после долго патување конечно пристигнал. Робинзон бил работлив и вреден човек и
таму работел на фарма за одгледување на шеќарна трска. Бидејќи Робинзон имал немиран дух од
таму тргнал повторно да плови со неговите соседи. Додека пловеле тие биле зафатени од нова
бура по што бродот потонал. Преживеал само Робинзон и се нашол на тропски остров. Таму имал
многу авантури.Тој бил вреден и снаодлив човек кој успеал да направи куќа во која живеел, а
нашол и папагал кој го задржал како милениче. Спасил и еден човек кој го нарекол Петко. Петко го
научил да лови за него, а Петко и папагалот ги научил да зборуваат англиски. Еден ден дошле
морепловци кои Робинзон ги убедил да го оденесат назад во Англија. Така тој се вратил дома.
Никогаш не треба да се откажеме од нашите соништа без разлика колку ќе биде тешко, на крај
секој труд се исплати.

You might also like