You are on page 1of 1

Обработка на лектирата ,,Црни и жолти’’ од Славко Јаневски

Посетете ја следнава веб-страница каде ќе најдете дел од песните од стихозбирката ,,Црни и жолти’’ од
Славко Јаневски; прочитајте ја содржината поврзана за лектирата, а потоа прочитајте ги дадените
песни.
*Тие ученици кои ја имаат лектирата, да ја прочитаат целосно!
Веб-страница ( селектирајте го и копирајте го линкот (copy) и залепете го (paste) на некој пребарувач
пр. google):
http://rozemak-rozemak.blogspot.com/2014/02/blog-post_26.html

Домашна работа: Обработете ја лектирата во тетратките на следниов начин:

 Обработка на лектира бр. 5 ,,Црни и жолти’’ од Славко Јаневски


1. Белешка за авторот ( напишете најважни биографски податоци за Славко Јаневски од интернет)
2. Анализа на песните:
1. ,,Пошла прва камила-пошла втора камила’’ и 2. ,,Автара-бавтара’’
(анализирајте ги песните според следниве точки за анализа, но внимавај, една од песните е лирска,
а една е лирско-епска);
а) Мотив или тема (доколку песната е лирска пишувате само мотив, а доколку сметате дека е
лирско-епска пишувате и мотив и тема);
б) Вид на песна според род:
-Вид на песна според мотив:
в) Структура на песната:
-строфи:
-бројн на стихови:
г) Поетски слики: ( за двете песни);
-визуелни елементи:...............
-аудитивни елементи:................
д) Стилски фигури ( за двете песни: епитет, анафора и епифора- преку примери) ;
ѓ) * Содржина на песната ( само доколку сметате дека песната е лирско-епска, поделете ја на
целини и за секоја целина напишете по една реченица);
ж) *Локализација: (само доколку песната е лирско-епска)
-време:
-место:
з)* Идеја ( само доколку песната е лирско-епска).

*Изработките да се испратат најдоцна до петок, 8.5.2020 година.

Последна лектира која треба да се прочита оваа година е ,,Големи и мали’’ од Бошко Смаќоски, која
ќе се обработува последната недела од месец мај! За тие што ја немаат лектирата, во продолжение
следува линк од аудиоверзија!
https://soundcloud.com/nssrm/sets/qj0ops4eupyj

You might also like