You are on page 1of 1

Со убави зборови до посакуваната цел

Убавиот збор железни порти отвара, гласи една поговорка и навистина е така. Оваа стара
поговорка се однесува на љубезното однесување и културниот пристап и израз во изразувањето
на дадени барања.

Зборовите се наjмоќното орудие што го совладал човекот низ иторијата.


Со силата на зборовите можеме планината да ја претвориме во море, а морето во небо.
Зборот е значајна причина за насмевката и тагата,...
Зборовите се тие што предизвикуват во нас разлилни чувства.
Зборовите можат да направат огромна љубов , но и омраза.
Играта со зборовите е таа што може да го промени светот или да го промени животот на еден
човек...во подобар или полош.

Со помош на убавиот збор можеме да дојдеме до посаувана цел.

Многу сакав да се дружам со децата што се собираат секој ден пред мојата зграда. Ми изгледаа
како многу добри и интересни деца. Но, навистина не знаев како да им пријдам. Ги гледав
секојдневно и ми се допаѓаа игрите што ги играа. Многу сакав да играам плочка, народна и
ластик. Знаев за тие игри од кажувањето на мојата мајка.

Застанав покрај нив. Ги гледав.

-Многу убави игри играте. – им реков.

Ти благодарм-ми се обрати едно момче. Сакаш ли да ни се придружиш – ме праша.Со


задоволство – му одговрив.

Бев пресреќна, што ме примија во нивната дружина. Ме научија да играм плочка и народна. Им
се заблагодарив бескрајно многу. И тие ми рекоа секој ден во 12 часот дека се собираат и дека
играат до 14 часот и потоа секој си оди дома. Многу се израдував што запознав нови
другарчиња. Добриот збор ми помогна да имам нови и добри друштвени другарчиња што знаат да
играат и да зборуваат.

Убавиот збор ме доведе до посакуваната цел.

Убавиот збор кон повозрасните луѓе ме прави среќна и насмеана мене, а и нив, тоа е мојата цел.
Секој повозрасен човек е среќен кога ќе се поздрави со: Добар ден!,- Како сте? –Ви треба ли
помош за торбите од пазарење?...

Убавите мисли и зборови не водат само напред во животот.


Денес животот е толку брз и
немилосрден што едноставно немаме време и можности за поправен испит. Не смееме да
дозволиме вистинските луѓе да изчезнат од нашиот живот. Позната ни е поговорката “убавиот
збор железна врата отвора”. Не заборавајте дека зборот “благоадарм” и нашата насмевка
можат да бидат нашата карта на патот до успехот.

You might also like