You are on page 1of 1

Eдна од најискрените и најгрижливите личности во нашиот живот е

секако мајката. Таа е нашиот најверен и најискрен пријател. Некој чија љубов е
неизмерна и потполно искрена. Затоа и нашата љубов спрема неа не се мери.

Мојата мајка има најубава внатрешна убавина и таа убавина не може


да исчезне. Нејзините топли зборови секогаш се вистински и искрени, а
нејзините совети можат да ги решат сите мои грижи. Племенитето срце на
мама е полно со нежност, разбирање, ведри зборови и смешни шеги. Топлите
очи на мама ги прифаќаат сите мои оправдувања и причини. И кога знае дека
не сум во право, се труди со убаво да ми укаже. Но таа знае и да се налути или
да ме искритикува, но многу брзо на нејзиното лице се појавува нежна
насмевка. Мајчината топла и широка прегратка прави да исчезне секоја тага и
грижа.

Никој не умее да ме посоветува како мама и да ми го покаже правиот


пат. Таа е мојата најголема поддршка, мојата утеха и мојата насмевка.

Сите можат да бидат со нас и да не сакаа, но мајчината љубов никогаш не


престанува. Љубовта на мајка ми нема цена, таа е бескрајна.

Мајка ми е извор на мојата среќа и целата убавина се наоѓа во ликот на мојата


мајка.

You might also like