You are on page 1of 1

Љубовта може а го спаси светот од сите зла кои го демнат

Живееме во стереотипно општество во време на војни, пандемии, политички кризи каде


човекот е во постојана борба и го заборава најубавото чувство, она што не исполнува, кое ни го
прави животот посебен и единствен. Го зголемивме нашето богатство, но ни се намалија
човечките вредности. Зборуваме премногу, сакаме премалку и мразиме пречесто, научивме
како да преживуваме, но не и како да живееме. Го заборавивме она чувство кое може да ги
премине сите препреки и да стигне до својот сопственик. Да, тоа е љубовта.

Се сеќавам на една случка што ми ја раскажуваше мајка ми, но тогаш бев премал за да
ја разберам. Возејќи се во автобусот, се качило едно момче кое се однесувало агресивно и им
се заканувало на сите патници. Никој не можел а го смири детето. Од задниот дел на автобусот
една старица го повикала детето. Кога детето стигнала до неа старицата ја пружила раката и
детето клекнало до неа. Старицата почнала да го гали по главата и милно му зборувала. Солзи
му капеле од очите на момчето се додека не слегло од автобусот. Си мислев дека жената
имала некоја натприродна моќ. Сега знам дека е тоа така и дека тоа се вика љубов. На
момчето му требало само нежен допир и топли зборови.

Играјќи во паркот малото девојче се сопна на испакнатиот камен и лошо си ја повреди


ногата. Со насолзени очи, со поглед почна да ја бара нејзината мајка. Меѓутоа мајката веќе
трчаше кон неа. Силно ја прегрна и ја зема во раце. Девојчето веднаш се смири. Иако болката
не помина целосно, љубовта на нејзината мајка успеа да го смири исплашеното девојче.

Тука е и онаа романтична љубов која не ти дава да заспиеш, која не ти дава мир. Кога
нејзиниот лик како најбрза стрела се преплетува низ мојата глава допирајќи во моето срце, а
таму е таа сокриена тивко заспана во мојата будна душа. Која дава светлина на секоја темнина
и е причина за мојата среќа.

Љубовта на сите ни е родена но сите ние мораме да ја најдеме и а ја споделиме. Само со


љубов можеме да го спасиме и она малку што остана да се спаси, а дотогаш да се гушкаме
силно, да љубиме страсно, да плачеме гласно и а веруваме дека љубовта како лек ќе почне да
делува.

You might also like