You are on page 1of 2

И како што се случуваат многу необјасниви промени

во душата на детето, така во мене се роди големата


необјаснива желба: љубовта.
Уште кога бев мал јас се заљубив во едно преубаво
девојче од селото. Таа изгледаше како да беше моја
возраст, и уште од првиот пат кога ја погледнав, јас
веднаш се вљубив во неа. Таа имаше долга руса коса,
која што можев да ја почувствувам како поминува низ
моите прсти, таа имаше сини очи како небото, во кои
што се губев секој пат кога ќе ја погледнев, а пак
нејзината насмевка беше толку топла што можев
топлината да ја почувствувам во моето срце. Секој
ден таа поминуваше покрај бунарот во селото со една
стомна во раката и прекрасна насмевка на нејзиното
лице. Јас секој ден ја набљудував од зад една голема
врба што беше насадена во непосредна близина на
бунарот. Секогаш кога ќе ја видев моето срце
почнуваше силно да чука и да трепери од радост.
Годините брзо изминаа, а јас никому не кажав за
мојата тајна. Наеднаш се се промени, кога слушнав
дека Марта ќе се мажи за некој богат човек од
соседното село. Јас бев многу тажен и срцето ми се
скрши на половина. Веќе моето срце не беше полно
со топлина од нејзината љубов, но полно само со
мрак. Го памтам тој ден како се тоа да се случи само
вчера, но штетата што ми ја остави тој ден, никогаш
нема да ја заборавам. И до ден денес си размислувам
можеби да не ја чував оваа тајна толку години,
можеби Марта ќе беше моја.

You might also like