You are on page 1of 1

Раскошот и богатството нудат површна среќа, љубовта е онаа, која што го прави човекот

вистински среќен

Живееме во стереотипно општество во време на војни, пандемии, политички кризи


каде човекот е во постојана борба и го заборава најубавото чувство, она што не исполнува, кое
ни го прави животот посебен и единствен. Го зголемивме нашето богатство, но ни се намалија
човечките вредности. Зборуваме премногу, сакаме премалку и мразиме пречесто, научивме
како да преживуваме, но не и како да живееме. Ова се денови на луксузни куќи, на уништени
домови. Го заборавивме она чувство кое може да ги премине сите препреки и да стигне до
својот сопственик. Да, тоа е љубовта.

Гледам на тротоарот контејнер за ѓубре. Над него млада жена со извалкан фустан која
сигурно памти подобри времиња. Гледам на некого му зборува и од контејнерот излегува
девојче со темен тен и кадрава коса, ја дига главата и и вели на мајка си: „Нема...“, а на лицето
сепак и стои насмевка. Мајката милно ја погали по главата и и рече: „Обиди се повторно“.
Девојчето се истопи под напливот на љубовта на нејзината мајка.

Во истиот момент во блискиот парк се слушаше раздразлив плач од друго дете. Го свртев
погледот и што да видам? Убаво облечено девојче само што го фрли јадењето и сокот на
земја. Реакцијата на мајката, застрашувачка. Толку силно го удри детето што нејзиниот плач
одекнуваше и по нивното заминување.

Парадоксална ситуација, рака на љубовта која го смирува гладниот и го прави среќен и рака на
лутината која го расплакува ситиот. Некои луѓе се само богати, а некои имаат само пари.

Тука е и приказната на израелскиот крал Соломон во животот стекнал огромно богатство.


Изградил величествена куќа, засадил прекрасна градина... можел да си има се што ќе посака
во својот позлатен замок. Удобниот живот му донел задоволство и среќа, но таа среќа не
траела долго. Со текот на времето сфатил дека е сам дека нема кого да го погледне во очи и да
се искапе во вистинска љубов. Да му затрепери срцето и да ја исполни празната душа, детска
љубов и смеа да ја нарушат тишината во раскошниот замок.

Раскошот и богатството носат површна среќа и ништо не вреди ако не се загребе под
површината, да се нурне подлабоко и да се најде тоа возвишено чувство-љубов. Само со
љубов можеме цврсто да ја фатиме среќата и да го спасиме она што малку остана да се спаси.

You might also like