You are on page 1of 1

„Деспотизмот на чоррбаџи Теодос„

Карактеристично за периодот помеѓу двете светски војни е појавата на драмското


творештво и делата кој денес ја претставуваат нашата историја. Антон Панов, Васил
Иљоски и Ристо Крле се истакнатите македонци кои ги пишуваат битово-социјалните
драми во тој период. Инспирирани од традицијата, обичаите и битот на македонскиот
народ тие ги пишуваат драмите „Печалбари“, „Чорбаџи Теодос“ и „Парите се
отепвачка“.

Големиот чорбаџија Теодос кој се збогатил заради позајмувањето на пари на


сиромашните на кои подоцна им го земал имотот. Кој бил чист и педантен и не смеело
да му фали ништо. Постојано се поставувал над сите и никој немал храброст да му се
спросистави на ниту еден збор. Неговиот син Томче не смеел да ја земе сиромашната
Стојанка од „љубов“ туку требало да земе некоја богата и чиста девојка која ќе му
прилега на неговото семејство. На Теодос не му била важна среќата на неговиот син,
туку му бил важен угледот и продолжувањето на традицијата. На почетокот од
драмата со застанувањето на часовникот можеме да видиме колку неговата жена
Кева, синот и неговите слуги не можеле да соберат храброст да го разбудат
чорбаџијата. Затоа што можеле да го разбудат порано или пак подоцна, но ниту
едното решение не било добро знаејќи го карактерот на Теодос. За разлика од сите
други, тука го имаме и бакалот Арсо бил полн со животна радост и ведрина, умен и
итар човек кој нашол начин да го измами Теодос со подметнувањето на кумството на
циганите, го наместил прв да се појави кај циганите со што станал цигански кум.
Чорбаџијата пробувал да се спаси од тоа, но Арсо упорно пробувал да го стори
спротивното. И покрај големата педантност, Теодос бил приморан да се напие од
шишето од кое пиеле сите. Во меѓувреме доаѓа и син му Томче кој бил пијан и само
така собрал храброст да се спротистави на зборовите на неговиот татко. Теодос не
знаејќи како да се спаси од кумството се согласил неговиот син да ја земе
сиромашната Стојанка, а за возврат на тоа да го земе и умството на циганите. Тука
Теодосовата маска паднала бидејќи ем тој седел на исто место со циганите, но и Томче
ја земал девојката што ја љубел, а најзаслужено за ова била итрината на Арсо.

Во оваа драма отсликан е животот на луѓето во перидот меѓу двете светски војни. Како
таткото бил „главата на семејството“ , а другите не можат да кажат ништо што не е во
согласност со мислите на чорбаџиите. Сепак се тешиме со новите генерации и
подобрите сфаќана во кои го гледаме „подоброто утре“.

You might also like