You are on page 1of 1

Печалбарството како опшествено зло

Карактеристично за периодот помеѓу двете светски војни е појавата на драмското


творештво и делата кој денес ја претставуваат нашата историја. Антон Панов, Васил
Иљоски и Ристо Крле се истакнатите македонци кои ги пишуваат битово-социјалните
драми во тој период. Инспирирани од традицијата, обичаите и битот на македонскиот
народ тие ги пишуваат драмите „Печалбари“, „Чорбаџи Теодос“ и „Парите се
отепвачка“.

Причината за многу преплакани ноќи, страдањата на мајчиното срце како и невините


дечиња кои немале можност да си ги запознаат татковците е печалбарството. Суровото
минато, но и светлата иднина ни го претставуваат како долгогодишна традиција. Од
една страна претставува можност за подобар живот, додека од другата неколку болни
години поминати далеку од дома. Тогашната свест на луѓето и што ќе кажат тие, често
не се завршувало со повратна средба. Дали неколу годишната претрпена мака на
печалбарите и на нивните семејства вреди, што тие добиваат, а што можат и да
загубат? Костадин е едно од децата кои го загубиле својот татко на печалба и никогаш
немал можност да се запознае со него. Неговата мајка Божана останала без својот
сопруг и биле принудена сама да го одгледува својот син. Заради преживеаната
траумна, Костадин не сакал да оди на печалба и сметал дека сите што заминуваат
имаат некој долг за подмирување. Бил заљубен во Симка, ќерката чорбаџијата Јордан.
Тој не сакал да ја даде својата ќерка само од љубов, туку зетот требало да оди на
печалба каде што би можел да обезбеди добар живот за неговата ќерка, па затоа
сакал да ја даде за Јован. Кога оваа вест стигнала до Костадин, тој ги собрал своите
другари и сакал да ја грабне Симка. За време на грабањето, се појавува Јордан кој не
му ја дава Симна и се сложуваат на тоа дека тој ќе му позајми пари кои подоцна
требало да му ги врати, затоа што Јордан не можел да се срами од озборувањата на
лиѓето дека ќераката не ја дал на човек кој немал пари да ја „купи“ неа. Костадин се
согалсил на тоа и ја зел неа и очекувале дете. Заради големиот притисок на Костадин
од страна на Јордан, бил принуден да замине на печалба од каде никогаш не се
вратил. Неговиот син останал без татко исто како и него, а неговата жена останала без
сопруг и без човек кој цел живот ќе биде со неа.

Со цел за подобро утре луѓето и денес се спремни да ја напуштат татковоната, да ги


остават семејството и пријателите и да заминат на неколку години работа во странство.
Свесни сме дека единстевната причина за тоа во денешното опшество не се само
парите, луѓето ме се задоволни со условите за живот кој им се нудат од сопстеваната
земја, тие се толку очајни што заминуваат, си го земаат семејството и никогаш подоцна
не се вараќаат да живеат во некогашниот „дом“.

You might also like