You are on page 1of 1

Печалбарските песни најчесто зборуваат за оние што печалбарот ги оставил во родниот крај

одколку за маките и носталгијата на печалбарите. Тоа е така бидејќи народниот пеач е секогаш
меѓу народот додека пак печалбарите без разлика колку е голем нивниот број се ширум светот.
Во особено тешка положба се наоѓаат младите невести бидејќи по обичај мажите заминуваат на
печалба веднаш по свадбата за да обезбедат леб за целото семејство а воедно и новороденчето
за кое печалбарот копнее да го види и најчесто таа желба нема да му се оствари ( “Печабари”,
Панов). Останати без закрилата на својот стопан младите невести ќе бидат и озборувани,
навредувани па дури и заведувачки погледнувани од другите мажи и донесени во искушение.
Единствено што им преостанува е да тагуваат, жалат и го чекаат својот сопружник. Обостраното
тагување и чекање на двајцата сопружници не е залудно бидејќи средбата по долгогодишното не
гледање е вистински триумф и радост почуствувана од двете страни. Но долго разделените
сопружници и не секогаш се препознавале. Многу пати печалбарот сакал да испита чесноста на
снаата низ разни игри, а во многу песни е опеана и алчноста на снаата и мајката што го чекаат да
се врати печалбарот па бидејќи не го препознаваат тие со интрига пробуваат да му ги земат
парите. Иако редок мотивот копнеж по родниот крај го има во народната поезија иако тој повеќе
е опфатен во уметничката. Печалбарството за нашиот човек носи трагични последици: многу
млади семејства се разорани, многу невести остануваат без пород, многумина се враќаат болни
или сакати, многумина не се враќаат од туѓина а многумина ги среќава лошата судбина по
враќањето. Со личните трагедии доаѓаат и општествените: масовното заминување од одредени
региони доведува до нивно запустување или како што е случајот со западна Македонија до
нарушување на националната структура на штета на македонската нација.

You might also like