You are on page 1of 8

Чорбаџи Теодос

Од Васил Иљоски
Вовед
• „Чорбаџи Теодос“ (оригинален наслов: „Нагазил човекот“)
— комедија на македонскиот драмски писател Васил Иљоски од
1937 година. Делото претставува комедија на интрига инспирирана
од анегдотата за присилното кумство. Првобитно драмата е
напишана на српски јазик под насловот Нагазил човекот, а потоа
самиот тој јазично ја преработува најпрвин на централните
македонски говори, а потоа и на скопски дијалект. Исполнета со
голем број на битови и социјални елементи. Писателот своите
тенденции ги насочува кон тоа на читателот односно гледачот да му
ја прикаже забранетата љубов на двајцата млади, како и да го
исмее надуениот чорбаџиски свет. Воедно јасно е прикажано кој од
ликовите е на страната на доброто, а кој на страната на лошото, кој
и за што ќе се бори, а против кого.
Дејство
• Дејството се случува во Скопје, во турско време. Драмата е
составена од три чина, а драмското дејствие е развиено во
четири етапи. Првиот чин е остварен како експозиција на
драмското дејство и се случува во домот на Чорбаџи
Теодос. Вториот чин го претставува заплетот на интригата
на Арсо и се случува на патот кон лозјата на Водно. Во
третиот чин на лозјата на Арсо, означен како простор на
јавната сцена, интригата на Арсо (Чорбаџи Теодос да стане
цигански кум) ја достигнува својата кулминација и воедно,
комедиографскиот расплет.
Ликови
• Теодос — богат трговец и лихвар
• Кева — неговата жена
• Томче — нивниот син
• Спиро — слуга на Теодос
• Наца — слугинка, жената на Спиро
• Стојанка — сиромашна девојка
• Ефка — нејзината тетка
• Арсо — бакал
• Поцко — христијански Циганин
• Петрија — неговата жена
• Ампо, Ѓорго, Ристе и Коле — нивните синови
• Цонка — нивната баба
• Панко — коџобашија
• Селанец
• Свирачи
Кратка содрзина(1 чин)
• Во првиот чин се запознаваме со внатрешноста на куќата на Чорбаџи
Теодос.Каде жена му Параскева требало да го разбуди Чорбаџијата за на
лозје ,но ѕидниот часовник застанал.Таа од страв што не знаела што да
прави ја викнала помошничката Наца.И заповедала да го разбуди
чорбаџијата но таа имала страв бидејќи ако пре рано ќе вика по неа ако е
пак касно уште повеке ќе викал по неа,па затоа тие го повикале
Спиро.Тој кога погледнал в часовникот видел дека е застанат па и тој не
сакал да го разбуди бидејќи и нему ќе му викал.Слугите од страв ја
напустаат куќата.Во тој момент доаѓа Ефка,тие заедно со Кева зборуваат
за Томче и Стојанка,Теодос не ја одобрувал љубовта помеѓу Томче и
Стојанка,кога си заминала Ефка Томче доаѓа мајка му го прашала колку е
часот ама и неговиот часовник бил застанат,му текнало на Спиро да оди
да го праша Арсо да види дали е тргнат на лозје.Додека тој оди Кева и
Томче за тоа дека Томче треба да зборува со Теодос.
• Теодос се буди и влегува во ноќна долга кошула со мрачно лице
на кое никогаш не се јавува ведрина, со студен поглед, веќе
разлутен што не го разбудиле, а гледајќи дека нема никој да го
пречека, тој избувнува. Тогаш, го погледнува часовникот и гледа
дека застанал, па почнува да вика по својата жена и слугите.
Тогаш, влегува и Томче, губејќи ја сè повеќе храброста што ја
беше собрал и уплашено, повторно се обидува да го услови
својот татко. Но, Теодос не само што ја одбива неговата молба,
дури и ја исмејува Стојанка.
2 чин
• Вториот чин започнува со разговорот на Томче и Стојанка која иако е силно
заљубена, како и Томче се чувствува навредена и загрозена така што со
нејзиното женско тактизирање го уценува Томче дека ако до вечер тој не
знае дали ќе ја земе, таа ќе оди за друг. Арсо пак, умен и итар до лукавост
кој го загубил лозјето поради долгови кон чорбаџијата, смислува начин како
да го задржи. Дејствието се префрла на група Роми кои бараат кум за
новороденото дете и како што е адетот оној што прв ќе помине тој треба да
им стане кум. Арсо ги догледува Ромите и се смее со израз на симпатија.
Смислува план како Теодос да стане цигански кум. Но, се појавуваат
неколку пречки односно, пијаниот селанец и слугата Спиро кои Арсо на
тежок начин но сепак успева да им го одврати патот. Тука конечно доаѓа
Теодос и паѓа во замката на Арсо. Доаѓаат Ромите, Теодос се наоѓа во
небрано, но никако не сака да прифати да им биде кум.
3 чин
• Дејството во третиот чин се одвива под еден разгранет орев, а до него
плиток бунар со камена ограда. Таму доаѓаат Ефка и Стојанка. Арсо, со
фалби за Стојанка се обидува да го премисли Теодос. Стојанка му носи
чаша вода на чорбаџијата, но тој ја навредува не прифаќајќи ја подадената
чаша. Се слушаат свирки од далеку и се приближуваат Ромите за да го
развеселат новиот кум. Арсо ја гледа загриженоста и одвратноста на
Теодосовото лице и уште за повеќе да го исмее го насамарува да се скрие
во колипката полна со слама и болви. А потоа им дава знак на ромите за
тоа каде е скриен чорбаџијата. Тие го наоѓаат а тој- кутриот од мака се
заседнува и прво пие од нивните чаши, а потоа од заедничкото шише.
Доаѓаат Кева и Наца, а потоа и Томче опијанет исто како и него решен на
било кој начин да го добие неговиот благослов за Стојанка. Теодос, сосема
очаен, не може да најде друг излез освен да ја прифати помошта на Арсо во
замена за лозјето.Тој му предлага да му дозволи на Томче да ја земе
Стојанка, но и да го земе кумството, а Томче поради преголемата љубов ја
прифаќа спогодбата. Теодос исмеан, дури и од слугите си заминува да се
скрие од срамот.

You might also like