You are on page 1of 147

Пензионерски дневник IV.

дел

12.10.2020 г. Понеделник,

Започнува нова седмица и нов,четврти дел од мојов дне-


вник.Затоа ред е да напишам нешто и за мојов одличен и на
моменти најдобар пријател и другар,а тоа се разбира е овој
дневник.
Па добро,вака:

Дрaги Дневниче,

Ти сигурен сум дека знаеш,бидејки неколку пати сум напишал


дека посебно те ценам,и дека си ми еден од најдобрите другари
во мојов пензионерски живот.Жалам што порано,додека сеуште
работев,па дури и во младоста не ти покажав внимание и вооп-
што не се дружевме,бидејки во тој период бев многу зафатен и
преокупиран со други задачи и работи,како инженерска кариера и
пари,кои тогаш беа во прв приоритет.Штета.
Имав шанса досега,многу години успешно да се дружиме и
другаруваме,која за моја жал не ја искористив.Сега се обидувам
сето тоа да го надоместам,но се чини дека е тешко,дури и
невозможно.
Вчера според договорот со Леа и ќерката Сања околу 11 и 30
отидовме во Зоолошката градина.

Последен пат бевме со внуците пред 6-7 години и сега бев


пријатно изненаден од се што видов.
Се е солидно средено,како живеалиштата на животните,така и
пристапните патеки.Времето беше одлично,сончево и донекаде
топло.Зоолошката беше доста полна со посетители,во главном
млади брачни парови со едно или две деца.
Сабајлево времето е одлично.Сончево и ведро. Но, прогно-
зата на Интернет порталите за време вели дека денес ќе врне.
Од предвчерашната идеа за одење на Водно остана дилемата
дали има смисол денес да се оди во прошетка на Водно кога се
најавува дожд ??
На Националниот тв сервис,како што сакаат да се именуваат
новинарите од Македонската телевизија пред малку кажаа дека
денес претпладне ќе биде сончево и повремено малку облачно,а
попладне и навечер ќе биде врнежливо.
Оваа констатација,или поточно прогноза ни одговара и решивме
околу 11 часот да отидеме на водно и да го искористиме
предпладнево во пешачење,или поточно во прошетка по патеките
на Водно.

13.10.2020 г. Вторник,

По продолжениот викенд поради државниот празник дојде


и следниот ден,кој обавезно доаѓа по понеделник,а тоа е позна-
тиот вторник.Утро,како и скоро секое друго,но овој пат можеби
малку по темно и по тмурно.Веројатно поради темните,скоро
црни облаци кои надвиснале над мојов град. Да биде уште малку
поло- шо дува и ветер.Веќе е поминато 6 часот и полека се
разденува.
Во нашата дневна соба е пријатно.Ниту ладно,ниту топло. Чоко-
ладцето кое се топи во устата додека го пијам утринското риту-
ално кафенце многу допринесува да се чуствувам одлично,и
покрај лошиот надворешен изглед на Скопје кој многу полека се
буди.
Пред три дена на тв каналот 5 гостуваше поранешниот
Амбасадор Ристо Никовски.Со неговите тврди ВМРО- вски ста-
вови за сѐ во нашата земјичка воопшто не се согласувам,но
слушнав една и едина одлична мисла,поточно констатација, која
нормално ја прочитал некаде и која гласи:
,,Во секој од нас има три личности.Првата е како ние се гледаме и
доживуваме себеси. Втората,како други те гледаат и доживуваат.
А третата,можеби најважната,какви навистина сме.‘‘
Јас само би дополнил:
Ние сме нешто помеѓу првата и втората личност.

Секој од нас сака да биде првата личност,која е многу подобра во


секој поглед од втората,но и од вистинската.
Сите,или скоро сите се трудиме да бидеме по добри од тоа што
сме,но многу често нешто внатрешно не ни дозволува.Ако сме
истрајни,упорни,осветени и цврсти,тогаш имаме шанси да полека,
вистински многу полека, стануваме се подобри и подобри.
Често не сме задоволни од тоа како некои луѓе не
доживуваат,или подобро речено како не не ценат доволно.Тоа
нивно гледање е во голем дел основано од целата наша
личност,изгледот, понашање- то, говорот,па дури понекогаш и од
тоа што другите велат за нас.
Тоа е тоа,и не треба да се грижиме како останатите не гледаат и
доживуваат.Најбитно е како ние се гледаме и доживуваме себеси.
Сабајлево планирав да одам до апотеката во Супер
маркетот ,,Веро‘‘ за да купам ,,Спирулина‘‘.Госпожата изрази
желба и таа да дојде,за да се прошета малку и воедно со тоа да
испешачи малку.
Заедно отидовме до ,,Веро‘‘,купивме нешто и потоа на враќање
си купивме овоштие во новата Пиљарница наспроти кулата во
која живее ќерката и полека се прибравме дома токму пред
квизот ,,Слагалица‘‘ кој редовно го пратиме повеќе од две години.
Вчера на Интернет платформата ,,Грид‘‘ во колумна за фил-
мови и тв серии наидов на неколку серии кои средечно се
препорачуваат и денес ,,симнав‘‘ по две,три епизоди од три тв
серии за да проверам дали има превод.
Вечер се спремам да гледаме барем една епизода од некоја од
новите серии,и се надевам дека ќе ги бендисаме.

14.10.2020 г. Среда,

Стандарден делнички ден сличен на претходниот.Денес


според планот и распоредот треба да одам на забар,а утре на
Офтамолог да го проверам видот.
Утрово е одлично.Сончево,ведро и многу светло.Почетокот на
денов ветува.
Сенојка на тв каналот 5 во емисијата ,,Само интервју‘‘
гостуваше Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Кристијан Мицковски.

Знаев што се ке каже и што и како ќе зборува,но сепак сакав


да слушнам како ќе се однесува со што и како конкретно ќе го
напаѓа Заев и СДСМ. Откога стана прв човек во ВМРО само
продава ,,пувки‘‘,и приказни за мали деца и наивен и глуп народ.
Кога слушнав дека му бил асистент на кадедрата на татко му се
ме се доразјасни.Никаков морал ниту чесност,иако само за тоа
збо- рува.Само гол популизам,а основна цел му е да стане
премиер,да се ,,нафатира‘‘ за следните три,четри генерации и да
има апсолу- тна моќ.Потполно истата шема како и постоечкиов
премиер.
Времето е одлично и сабајле со точакот,со големо задово-
лство отидов до пазарот ,,Буњаковец‘‘.Уживав во возењето,а
потоа се вратив пеш со буткање на точакот.По пат застанав
пред ,,Универзалната сала‘‘ и поседов на една клупа која ја
грееше сонце.Се сончав,собирав витамин ,,Д‘‘ и слушав англиски
на мобилниот телефон.Уживав во буквална смисла,бидејки
учењето и слушањето англиски јазик ми е големо задоволство,но
и сончање на убавото не многу топло есенско сонце е вистинско
задоволство.

Просторот пред оваа сала е убаво среден,со нови клупи и среден


тревник.Додека слушав интересни лекции за англиската грама-
тика се ,,засладив‘‘ со 5-6 јатки од орасите кои претходно ги купив
на пазарот.Повторно,по кој знае кој пат помислив на фактот дека
за среќа не е потребно многу.секој може да биде среќен и со
многу малку и мали нешта.
Синојка околу 20 часот ја вклучив првата епизода од новата
серија ,,Моцарт во џунглата‘‘.

Дејствијата се одвиваат во главном во Њујоркската Филхар-


монија и нејзините музичари.
Бидејки и двајцата сме големи љубители на класичната музика со
задоволство ја изгледав првата,а потоа и втората
епизода.Интересни случки меѓу музичарите,љубовни афери и
романси,како и неизбежните интриги.

15.10.2020 г. Четврток,

Денес е посебен и свечан ден. Пред 28 години на овој датум


се венчавме со мојата животна сопатничка.Ноќеска многу слабо
спиев,што веројатно е последица на синоќешните случувања.
Како што договорила по телефон Госпоѓата Гордана отидовме во
ресторанот ,,Македонска куќа‘‘на презентација од
фирмата ,,Воолмарк‘‘ која продава разни луксузни и многу скапи
ќебиња, јастуци и прекривки од волна.
На иста ваква присаствувавме пред 5-6 години каде многу агреси-
вно се нудеа нивните производи кои се екстремно скапи за
нашиот стандард.Инсистирав веднаш да си заминеме што и
направивме.Имавме многу време до најавената посета на синот и
носење ручек за следниот ден,како и колачи ,,Падобранци‘‘ кои ги
направи Гордана за денешната годишнина,и свративме
до ,,нашиот‘‘ парк каде поседовме добри 30-40 минути на една од
многуте слободни клупи.
Околу 17 и 30 часот отидовме кај Мартин кој се спемаше да
вежба на статичен точак кој е комбинација од неговиот точак и
тренажер на местото од задното тркало.Се откажа од тоа и не
пречека,а снаата спремаше нешто во кујната.На наша и највеќе на
нивна среќа се е веќе средено во куќата сем трева во дворот која
треба деновиве да биде посадена.
Не задржаа на лесна вечера која се состоеше од Мафини и мезе
со ладно пивце.Внуците весело раскажуваа на наше инсистирање
за секојдневните нивни случки и учењето ,,он лајн‘‘ кое е многу
слабо и лошо.И образованието,за жал ни е исто како и останатите
области,слабо,анемично и со еден збор никакво.
Еден познаник пред извесно време многу добро рече:
,,Не не бива‘‘.
Со овие три збора,со кои многу убаво се илустрира нашава
македонска стварност се е кажано.Политичарите бесрамно го
лажат простиот народ кој делумно им верува.
Исто така еден голем дел од народот ,,се занесуваат‘‘ што би
рекле младите,и не ја гледаат вистината или не сакаат да ја видат.
Многу луѓе,мислат дека ако се возат во големи и скапи автомо-
били,од кои повеќето купени половни и доста амортизирани се
европејци и живеат европејски убав живот, што е голема заблуда.
Таа многу голема група луѓе воопшто не знаат што е убав и мирен
живот,ниту ги знаат вистинските вредности во животот.
За нив успешност во животот е ако имаш голема кола или џип,
ако се облекуваш модерно и одиш по скапи ресторани и кафеани.
Во последниве 30 тина години,за жал се променива на полошо
сите критериуми за животот и стварните вредности.

Повеќето млади луѓе денес,посебно на нашиов Балкан основни


вредности во животот им се: повеќе пари, добра кола,скапа
брендирана облека, добри женски и возбудлив провод.
За вистинските вредности ниту се заинтересирани,а многумина
воопшто не ги ни знаат.

За нашата годишнина стандардно купувам букет со


рози,најчесто црвени,бидејки како што е познато црвената
боја е симбол на љубовта.
Госпожата покрај омилените на сите колачи наречени ,,Падо-
бранци‘‘ направи само за мене и Шампити,бидејки знае дека
јас многу ги сакам уште од детството.
Пред пладне се јави синот и честита годишнина,но ќерката
сеуште не.
Сања дојде околу 17 часот со внуката Срна да честита лично
со допири на стегнати тупаници,но и неизбежен
подарок,украсна керамичка посуда со капак.
Одење на бербер и подстрижување е малку ризично,и
подобро е да се избегнува ако е можно.Моето верно
другарче Гордна за среќа знае да подстрижува.За
квалитетот нема да зборувам.Ако имам некоја ,,дупка" во
косата не е многу страшно.Во сегашнава ковид ситуација
никаџе не одиме сем кај децата,а тие нема да замерат ако не
сум солидно подшишан.За набавки во супер маркетите ќе си
носам шапка,а во посета само дeцата ни доаѓаат.
Се сетив на забарката каде одам еднаш неделно,но тоа е тоа.

Гордана зе надевам дека веќе се истренира бидејки ова


шишање е четврто оваа година.

16.10 2020 г. Петок,

Полека но сигурно дојде и петокот,како последен работен


ден за тие што се вработени.За студентите,невработените и нас
пензионерите не е воопшто битно кој ден во неделата е.
Прогнозата за денес е дожд и затоа побрзав порано да завршам
се што планирав низ градот.За секој случај понесов и чадор,
биде- јки времево наговестуваше дека само што не започнало да
врне дожд.Додека возев кон ,,Рамстор‘‘ каде често паркирам,кога
немам друг избор започна да врне.Набрзина купив се што плани-
рав,а дури и повеќе бидејки не можев да одолеам на одличниот
сладолед кој беше на акција и многу ефтин.Продолжив до
следниот супер маркет ,,Веро‘‘ кој е пред Поликлиниката ,,Ида-
дија‘‘ и таму купив зелнчук на скара за ручек.
Малку ме изненади продавачката која не го знаеше нивниот
телефон кој го побарав за да прашам идниот пат дали имаат тоа
што сакам да купам од готовите јадења.
За жал ниту касиерката на која ме упати претходната не го знаеше
бројот на овој супер маркет.Излегов без бараната информација и
повторно по којзнае кој пат заклучив дека стварно сме Западен
Балкан,односно прост народ.Се сетив на старите реченици кои
постојат уште од Социјализмот,а гласат:
,,Што јужније,то тужније‘‘, и
,,Јебемти Државу којој је Албанија запад.‘‘
Со овие духовити,но за жал многу вистинити реченици се е
кажано.Не треба ништо да се додаде.
Се вратив дома малку накиснат од дождот иако имав чадор и по
десетина минути ми се јави другарот Томче.Се пофали дека се
јавува од кафеана каде со некој пријател од Охрид јадат шкембе
чорба.
Тоа што се во кафеана и што јадат чорба е се во ред и ме радува
Што се дружи со пријатели,но не ме бендисува постапката што
секогаш,или подобро кажано најчесто ми се јавува кога е некаде
за да се пофали дека ете тој шета,се забавува и ужива.
Ниту е ноја голема работа седењето со некого во кафеана,ниту
јадењето чорба,но ете тој мој другар-пријател има голема желба
токму во тие моменти да ми се јави и пофали за било што.
Вакви по мене детски работи ме нервираат,но тоа е тоа.Ниту
можам,а уште помалку сакам да го променам неговото понашање.
За среќа сите сме различни и мене ниту на памет ми паѓа да се
јавувам некому од кафеана и да му кажам дека јадам шкембе
чорба во тој момент.Смешно и детски ми изгледаат тие глупости.
Шкембе чорба сакам и понекогаш било со него или со друг јадам
насабајле во некоја скопска кафеана.Но тоа е сосема обична
работа за која не треба реклама ниту било какво обавестување на
пријателите,а најмалку фалење.

Во последниов месец,но и во претходниот повеќе пати


помислував на ваква чорба која многу добро ја спремаат во
кафеаната пред ,,Зелен пазар‘‘, но се откажував од посетата
бидејки е мрсна и веројатно не се препорачува за тие што имаат
Гихт,како во мојот случај.
Во текот на денот стандардно си повторував англиски и
уживав во слушање и гледање видеа со текст од ББЦ на моби-
лнот телефон.Ова ми прави големо задоволство што посебно
многу ме радува.

17.10.2020 г. Сабота,

Започна уште еден викенд,но овој пат,за жал со многу


новозаразени граѓани од напаста која го зафати целиот свет.
Станав многу рано,околу 05 часот и веднаш на лап топ со
утринското кафенце пред мене.
Полека се разденува.Околу 6 и 30 часот е,а времето е тмурно и
облачно,а истотака како и вчера, малку студено.
Се мислам кога да излезам и купам некои работи неопходни за
јадење,а воедно и малку да пропешачам одејки кон некој од супер
маркетите во околината.
На мобилниот најдов повеќе видеа со разни вежби за
возрасни-пензионери,или како што ги викаат стари луѓе.
Овој збор стар во последниве години воопшто не го бенди- сувам
веројатно поради тоа што ме подсетува дека има и други,кои не
се стари, но за жал тоа е тоа.
,,Симнав‘‘ повеќе видеа и планирам да ги дледам покасно и да
започнам да вежбам според некое од нив.Досега вежбав по
неколку пати во денот според мене лично избрани вежби кои
можам да ги правам во кревет додека гледам вести или некоја
друга емисија.Одличив дека морам секој ден да ги вежбам
нозете,но и рацете првенствено поради слабата циркулација која
морам да ја подобрам инаку ќе морам во догледно време да одам
на васкуларна операција.

Вежбаењето ми преставува задоволство посебно што најче- сто


го правам заедно со уште некоја активност,како гледање нешто на
телевизија или слишање и гледање видео за учење англиски
јазик.
Од секогаш сум сакал да правам одеднаш по две работи,а сега на
оваа возраст посебно,бидејки животниот часовник ги отчукува за
жал последните години,а можеби и последните месеци.
Некој можеби кога ќе го чита ова мое секојдневно пискарање ќе
си помисли што пишувал овој дедо,но мене најбитно ми е во овој
момент што ова пискарање кое се вика дневник ми
причинува,барем засега големо задоволство.
Се надевам мој дневниче дека и ти го делиш ова мое мисле- ње и
чуство и немаш ама баш никаков проблем што пишу- вам се и
сешто,а понекој пат и досадни нешта.
Нормално,според мене некои нај интимни чуства и тајни не ги
пишувам,бидејки не би беле тајни ако може секој да ги знае и
прочита.Тоа е мое гледање на работите и длабоко верувам дека е
исправно.
Денот туку што започна и веројатно ќе има што покасно да се
регистрира и напише.
По делумно облачното рано утро времето почна да се поправа и
сонцето полека да ги победува облаците,кои распарчени и лути
си заминуваат.Си мислам.На ваков ден штета е да се седи дома и
прво што ми падна на памет беше Водно.
Зашто да не одиме на Водно и малку да пропешачиме и да се
освежиме од скопскиов воздух,кој не е за фалење.
Идеава Госпожата со радост ја прифати,и веднаш се јави на
кумовите.

И тие прифатија да шетаме по Водно заедно и според договорот


се најдовме на Средно Водно.
По кратко и слатко седење на голема и долга дрвена клупа,но и
муабетење на топлото есенско сонце тргнавме по рекреационата
патека која започнува од левата страна на ,,Шесте чешми‘‘.
Во нашиве години понекој пат поинтересно е да се шета во
друштво со пријатели со кои ни оди муабетот.Како и скоро
секогаш се поделивме,машки со машки,а женски со женски.
Ние си зборувавме за едно,машки музбети,а тие со водеа женски
разговор и по некое оговарање,да не биде без ,,ич‘‘.
Во последно време добар дел од разговорот го водеме во
главном за состојбата со вирусот и недисциплината на нашиот
народ.Неизбежни се и внуците како и нивниот ученички живот и
забави.
На вторите клупи за одмор застанавме и седнавме да се
одмориме малку,бидејки ние немаме толку кондиција како
кумовите,кои почесто се искачуваат на Водно.
И вој пат,како и во претходните заеднички пешачења Гордана и
Мира извадија разни работи за освежување.Испивме топол чај со
Рум,каснавме јаболки и наполитанки и низ интересен муабет
поседовме на чистиот планински воздух.
По околу 3 часа дружење се разделивме и секои со својата кола
тргна надолу.По пат се јавив во Ќебапчилницата ,,Мамбос‘‘ кои
припремаат скара на коло и нарачав 10 кебапчиња за носење.
Нивните ќебапи се многу големи,така да 10 се сосема доволни,па
дури и превише,бидејки јас внимавам со месото и јадам по две и
многу компирчиња.Гордана испржи компирчиња и со разни
салати и ладно пивце кое прекрасно се сложува со кебапчиња
и ,,Пон Фрит‘‘ имавме ,,Господски‘‘ ручек.

18.10.202 г. Недела,

Заврши доста успешно првиот ден од викендот и сега


тече вториот.Синојка на 5тв каналот ,,РТС1‘‘ започна
прикажувањето на тв серијата ,,Мема и тата се играју рата‘‘.Со
задоволство ја гледав првата епизода,бидејки полека станувам
се поголем љулител на серии,посебно драмски серии.

Во оваа серија се зборува за животот и проблемите на совреме-


ните бракови и современите семејства.Со одлична актерска екипа
и солидна режија од главниот лик првава епизода ветува добра
серија.Режисет и главен лик е познатиот и популарен србски
актер Гордан Кичич.

По тв епизодата случајно го најдов филмот ,,Поштарот‘‘ со


многу познатиот актер Кевин Костнер.
Филмот е одлична драма со многу добра режија и одлични
актери.Пораките се многу силни.Патриотизмот,лојалноста и
чесноста се основни пораки од дејствието на филмот.
Денес како и вчера и предвчера бројките со ново заразените
се поразителни.Повеќе од 400 заболени,а процентот во однос на
тестираните е над 20 проценти.
Многу голем проблем полека стануваат медецинските капацитети
во земјата,но уште повеќе и медецинскиот кадар,кој е веќе
уморен од многу напорната и одговорна работас во теков на овие
7 месе- ци од корона епидемијата.
Цел ден на сите тв канали се пренесуваше свечаноста по
повод прославата на 100 годишницата од постоењето на Бигор-
скиот манастир кој е посветен на светецот Свети Јован.
Во големата сала на Македонската филхармонија се одржа
свечан концарт на класична музика,но тоа беа класични
аранжбани на познати старо градски македонски песни.Меѓу
другите многу познати песни филхармоничарите ја одсвирија и
мене многу саканата песна Бор садила мома Евгенија. Секој пат
кога ќе ја слушнам оваа извонредна песна мислите ми летаат на
ликот на мојата сакана мајка Евгенија и нејзиниот живот и
судбина.
Повторно,по кој знае кој пат помислувам на нејзиниот тежок
живот во татко ми,кој имаше многу лош и многу тежок табиет,и
три деца.Нас практично таа не раснеше и се грижеше за нас во
целост.
Многу и беше битно да станеме чесни,образувани,да почитуваме
постари,да бидеме културни и искрени.
Беше голема домаќинка,и не беше вработена надвор од домот.По
струка шивачка со солидно знаење на занаетот,многу повеќе ос
сите нејзини три сестри.За да допринесе во домашниот буџет
шиеше разни хаљини,сукњи,па дури и костимчиња на многу жени
од околината,комшиките и роднините.
Многу често во последно време мислам на минатото,а во тоа
рамислување добар дел заземаат мислите и подсетувањето на
мојата мајка Евгенија која додека беше жива ме сакаше највеќе од
сите кои ме сакаат во животот.
Често се натажувам мислејки на неа поради мислата дека малку
сум направил за неа додека беше жива,а заслужуваше 10 тина
пати повеќе.За жал за многу работи во животот одпосле ни
текнува што и какотребало да се направи.Но тоа е тоа.😥😥
Околу 22 часот се сетив на квизовите кои ги има на
платформата ,,Ју Тјуб‘‘, а тоа се ,,Потера‘‘ на ТРСрбија,и квизот на
ХРТ ,,Тко жели бити милијунаш‘‘,како и квизот ,,Потјера‘‘ на истата
хрватска телевизија.
И двајцата уживаме во квизовите,а посебно во србските кои ни се
многу по блиски и не толку тешки како хрватските.

19.10.2020 г. Понеделник,

Почеток на нова седмица,слично како и претходната.


Од вчера,за жал повторно се јавија болки на десните
препони.Сеуште не можам да одредам со сигурност што е
причината,но претпоставувам дека е од долгото пешачење на
Водно за време на викендот со кумовите.
Обврската ( задоволството) за набавки го презема Госпоѓата,но
нејзе тоа и преставува терет и купува само кога мора и кога јас не
можам.
Останав дома во главном да лежам и одмарам за да ми поминат
проблемите со препоните.сеуште седењето дома илежењето не
ми се никаков проблем бидејки имам разни занимации почнувајки
од телефонот,потоа таблетот,но и лап топот во придружба на
некој од телевизорите.
Околу 11 часот се јави другарот Томче,кој редовно се јавува
еднаш неделно, а посебно кога има слободно време,и кога
го ,,чува‘‘ внукот кој е сеуште мал,и малку размазен за да седи
сам дома.На долго ина широко ми раскажуваше за нивниот
викенд за празникот кој го поминале во Охрид,во истите
апартмани во кои бевме и ние пред еден месец.
Имаше многу примедби на сместувањето и спиењето на фотљи
кои се отвараат за спиење.
Некои луѓе,меѓу кои спаѓаат и другарот со докторката,сакат за
многу ефтино сместување да добијат многу или како и во другите
луксузни сместувања.Тоа го сакат во принцип сите,но за жал го
нема никаде.
,,Колку пари,толку музика‘‘, се вели во народот.
Ме чуди зашто некои луѓе не сваќаат и очекуваат некој да им
понуди максимално добро сместување,а тоа да не го наплати.
Имунитетот е многу важен за нашиот организам,тоа сите го
знаат,но обично младите не му придаваат големо значење.
Во наши години,трето доба, стануваме свесни дека мораме многу
да водиме сметка за имунитетот.Посебно битно е во сегашната
ситуација со вирусот да се појача имунитетот за да се намали
веројатноста за заболување и компликациите.
Моментално користам суплемент ,,ИММУНЕ ФОРТЕ
ДИРЕКТ‘‘во прашак од Германската фирма Фарма Витал кој е
доста ефтин за разлика од претходниот кој го препо- рачува и
увезува во Македонија ,,Жан Митрев‘‘ клиниката кој е многу скап.

Интересно е дека по одењето во пензија,од 65 годишна возраст


повеќето интелектуалци,но и многу од останатите пензионери
започнуваат многу да се интересираат за подобрувањето и
одржувањето на здравјето,и додавање на разни суплементи и
други додатоци.
21.10.2020 г. Вторник,

Ме разбуди сончев и многу светол ден.Времево е


одлично,а така прогнозираат да биде до крајот на неделата.
Михољско лето или како што го вика нашиот народ ,,Циганско
лето‘‘.
Сабајле,додека месѕев кревет,што е моја редовна обврска
слушав на мобилниот телефон аудио од порталот ,,ВОА" за
допинг во спортот.Овој напис е изузетно интересен бидејки
зборува за многу актуелното земање додатоци од страна на
врвните спортисти со цел за добивање додатна сила и
постигнување уште поголеми резултати.

Неверојатно е колку е голема желбата и амбицијата кај некои


спортисти,кои свесни за штетното дејство на допинг додатоците
го рескираат своето здравје само да постигнат врвни резултати и
станат познати и признати во светски рамки.
Во 11 часот на тв каналот ,,РТС1‘‘ обично се прикажуваат
србски тв серии и затоа се префрлив на овој канал каде започна
епизода од тв серијата ,,Монтевидео бог те видео‘‘.
Оваа серија е снимена според истоимената книга која зборува за
учеството на србската фудбалска репрезентација на светското
првенство во Уругвај.
Со извонредна актерска екипа и одличната режија на познатиот
актер и режисет Драган Бјелогрлич оваа серија го освои
балканските простори,а во Србија беше многу популарна при
нејзиното прикажување.Со еден збор, тв серијата ,,Монтевидео
бог те видео‘‘ е врвна и многу професионално направена серија.

Често размислувам зашто нашиот национален сервис, Македон-


ската радио телевизија не снима скоро никакви серии,а камоли
вакви и слични големи проекти кои се снимаат во северниот
сосед.

21.10.2020 г. Среда,

Вчерашниот ден заврши стандардно и успешно во секој


поглед.Денес повторно имаме одличен,ведар ден, полн со
есенско сонце.Како и вчера и сабајлево веднаш по станувањето
немав никакви болки во десните препони,но покасно повторно
полека се јавија.Лежев во дневна соба уште од сабајле за да
пробам со мирување да ги решам.Сега по малку почнаа да ме
нервираат овие болки бидејки прво не знам поради што се
јавуваат,а второ што ме спречуваат да излегувам надвор и да се
шетам и купувам,што е препорачливо за мојата слаба
циркулација.Овие два захтеви се контрадикторни и тука е
главниот проблем.
Ќе морам да откријам од што се болките,што воопшто не е ниту
лесно ниту едноставно.
За жал драги дневниче сигурно приметуваш дека често пишувам
за моите проблеми со нарушеното здравје,но тоа е тоа.На мојава
возраст,со поминати 70 години скоро сите луѓе имаат по некој
проблем со здравјето.Ова е некаква утеха,но не ги решава
проблемите.😥
Додека лежев на троседот на ,,Феисбук" најдов статус-
краток напис за Шведската министерка за труд со фотка на која
таа Госпоѓа седи на клупа на перон од железничка станица со
сендвич во раката.Во текстот се објаснува дека таа секоја вечер
по работното време се враќа дома со воз,а претходно често си
купува сендвич.

Ме воодушеви тоа што го прочитав и со ова се потврди


моето мислење дека врвните политичари и министри треба да
бидат пример за останатите граѓани за чесност,морал и скром-
ност. Само во тој случај може да имаме доверба во личностите
кои ја водат државата и дека заслужиле да ја водат.
Оклу 19 часот се префрлив во спалната соба да лежам и
да се ,,лечам", а воедно и да напишам нешто.
Додека гледав нешто на мобилниот телефон,на ,,Ју Тјуб" видов
видео каде роботчиња служат во ресторан во Јапонија.
Го проследив видеото и по кој знае кој пат си реков:
,,Каде оди и отиде светот,а ние на опашката на Европа кадкаме
најмалку 100 години позади нај развиените земји.
Кај нас,за жал сеуште земјоделството е основна привредна гранка
каде во добар дел земјата сеуште се обработува на нај
примитивен начин,како и пред 60- 80 години.
На вестите од тв каналот ,,РТС1" во 12 часот поразителни
вести во однос на вирусот.Во Словенија во последните 24 часа
има 1500 новозаболени.Во Хрватска околу 1400 колку има и во
Маџарска.Експлозија на заболени на Балканов,неверојатно.До
перд еден месец словенујс беше пример за успешно справување
со вирусот,а сега рекордер со ново заболени.

22.10.2020 г. Четврток,

Времето си поминува, деновите се нижат како ѓердан,


што би рекол нашиот книжевен великан Коста Рацин.
Вчера,гледајки ја најновата епизода од реприза на
серијата ,,Моневисео бог те видео‘‘ посебно ме воодушеви
размислува- њето и монологот на детето чистач на чевли кое сам
си коменти- раше за соништата во врска со животот и соништата
на ликот Тирке-Тирнанич кој превише сонувал,и превише
нереално.
Многу интересни и импресивни размислувања за соништа-
та,желбите и амбициите на секој човек.
Повторно,по којзнае кој пат помислив на моите соништа и
амбиции од младоста,но и понатаму во животот и кариерата.
Се поставуа многу интересна и многу битна теза и дилема:
,,Дали е подобро да се биде голем сонувач со големи
нереални и неостварливи желби и амбиции или да се биде
по реален и да се сонуваат реални желби кои би можеле да
се остварат.‘‘
Тешко прашање и голема дилема.Ако личноста,сонувачот е
тип кој не се разочарува од неможноста да се остварат
врвни и многу високи целе,тогаш можеби е подобро да се
сонуваат големи и неостварливи работи и цели.

Како поминуваат годините и како што старееме соновите и


амбициите полека се намалуваат и спласнуваат ,за разлика
од младоста кога буквално секој има големи соништа и
амбиции,кои во нај чест случај малку и само делимно се
остваруваат.
Во трето доба,како популарно се нарекува возраста во
пензионерските години,соништата и амбициите,за жал се
минимализирани и полека стануваат доминантни сеќава-
њата - спомените на поминатите години и изминатиот живот.
Вчера конечно сварив сутлијаш,кој е мој специјалитет и
кој на моја голема радост сите го бендисуваат.
Внукот Филип посебно го сака мојов специјалитет,но и
останатите внуци и фамилија.Припремата е многу едно-
ставна,но сепак има ситни детали кои треба да се запазат.
Битно е покиснувањето на оризот во вода и начинот и
количината на секое додавање млеко.За да не се меша многу
често,што е голема зезанција неопхпдно е тенџере со дебело
дно, за да не се запече оризот на дното.Тоа е целата филозо-
фија со варењето сутлијаш,кој изворно е ориентален специ-
јалитет.Циметот е исто така неопходен за добивање
извонре- ден вкус,кој нормално на крајот се наросува на
горната површина.
Денешните бројки на новозаразени во повеќе
европски земји се фрапантни.Малку е чудно како развиените
и со голема традиција и дисциплина,многи по големи од
нашите не се придржуваат на мерките и сега имаат многу
голем број заболени.
Сите европски земји како Германија,Франција, Полска,
Чешка,Словенија и многу други по лесно ќе се справат со
витусот бидејки имаат мнпгу јаки здравствени системи.
Нашиот проблем со вирусот е многу по голем бидејки
нашиот здравствен систем е доста слаб и веќе сме на
граница со исполнетост на капацитетите во болниците.
Здравствениот кадар и обученоста е друг можеби уште
поголем проблем.
За жал,педимистички или подобро речено,ако гледаме
реално,црно ни се пишува во наредниот период ако не се
свести еден голем дел од нашиот народ.😥
23.10.2020 г. Петок,

Последниот ден од работната седмица повторно дојде


и не подсети дека времето константно си поминува иако нас
поне- когаш ни се чини дека многу брзо,а друг пат многу споро се
движи.
Госпожата,за моја жал, веќе ретко сака да спрема некои специја-
литети во кујната.Кога реално ќе размислам,потполно ја разби-
рам,бидејки спрема јадења долги 48 години.Од друга страна
големата страст,љубов и возбуда кон партнерот е намалена,а со
тоа и меракот за спремање нешто посебно убаво и вкусно.Ова се
природни и нормални чуства кај сите брачни другарчиња по
многу години брак.😥
Тоа е тоа.Живот.
Околу пладне се јави ќерката и не повика да се видиме во
соседното паркче.Времето беше сончево и делумно топло,па со
радост прифативме и отидовме до паркот.Тсму веќе не чекаше
Сања седната на една клупа.Се наприкажавме за се и сешто скоро
еден час,но највеќе за внуците,нејзините деца.

Околу 14 часот се разделивме и се вративме дома,за да спремам


ручек!!
Бидејки сум почетник и аматер во кулинарството се одлучив за
најпротото јадење,шпагети со рендано сирење и салата.За најпро-
стите јадења станав експерт,да речеме.
По ,,извонредниот" ручек и заблажување со сладолед нормално
следеше дремка од оклу еден час,или можеби малку повеќе.Кој
брине за време кога е одмарање во прашање.

24.10 2020 Сабота,

По вчерашниот празничен и сончен ден,денес викендот


започна со време кое е далеку од вчерашното.Сонцето,за жал
веќе го нема,а и постудено е од вчерашниот убав ден.
Додека го пиевме утринското кафе Гордана случајнонбнаиде на
многу интересна документарна емисија на ,,ББЦ" за една баба на
80 годишна возраст која живее сама повеќе од 20 години во оса-
мена стара куќа во Ирска,без струја и без вода.

Неверојатна приказна за животот на таа извонредна и


максимално самостална баба.Нејзината животна филозофија во
последните 20-30 години е посебно впечатлива и фасцинантна.
Внатрешниот мир и радост,среќа го нашла во самотничкиот
живот надвор од цивилизацијата и луѓето,кои во принцип ги
сака,но повеќе сака да биде сама и сама да си го шивее животот
со своите соништа,мали,ситни желби и мечтаења.
25.2020 г. Недела,

Вториот ден од викендов започнува стандардно.Кафенце и


отварање на лап топот. Полека,полека,за жал амбицијата и
страста за секојдневно пишување дневник,која ја имав
изминативе 6-7 месеци полека спласнува,што воопшто не мисе
бендисува.
Драги дневниче.Се нсдевам дека ме разбираш и дека не ми
зсмеруваш,бидејки во животот се што доаѓа по извесно време
поминува.Тоа е тоа. Се трудам и упорно продолжувам да
пишувам,но за жал се по тешко ми доаѓаат идеи за што да
пишувам сем обичните секојдневни рутини,кои по малку
стснуваат досадни.😥
Многу одавно сам си ги пеглам моите кошули и мајци со цел
да помогнам и да ја растеретам Гордана. Денес планирав да
пеглам и оклу 10 часот се фатив за работа и испеглав 4 кошули.
Со пеглањето немам никаков пролем бидејки паралелно гледам и
слушам некоја емисија на телевизија.

Околу 12 часот се јави внуката Леа и не подсети дека треба на ова


сончево време да се прошетаме во паркот или на друго место.Се
свестивме дека има потполно право и веднаш отидовме
во ,,нашиот" парк и поседовме на клупа облеани со есенското
сонце.Низ муабет и делумно сончање поминавме убави моменти.
26.10.2020 г. Понеделник,

Започна уште една седмица сосема обично и нормално за


пензионери. Времето е есенско.Облачно и наутро доста студено.
Многу сакам печена тиква уште од детството.Вчера ја испеков
претходно купената тиква,која за среќа не е лоша.Со сласт изедов
едно големо парче по ритуалното секојдневно кафенце.
Во последно време гледање и пратење емисии од
кулинарство многу ме интересираат и со радост ги следам.
Посебно салати,тестенини и други јадења,но торти не баш.За
среќа во последно време сите тв канали прикажуваат припрема
на разни јадења.На интернет платформата ,,ЈуТјуб" има безброј
разни видеа со припрема разни јадења и специјалитети од целиот
свет.За сега само ги гледам и ретко спремам некое едноставно
јадење.
Како и обично и денес ги следиме сите дебатни
емисии,како ,,Анализа‘‘ на ,,Тв 24‘‘, ,,Само вистина‘‘ на
Тв ,,Канал5‘‘ и ,,Топ тема‘‘ на Тв каналот ,,Телма‘‘. Бидејки
ситуацијата со вирусот ,,Корона19‘‘ е катастрофална и имаме во
последните денови околу 30% заразани од тестираните очекував
на некој тв канал да има повторно дебата со некој од познатите
епидемиолози и инфектиолози за оваа ситуација.

На еден тв канал дебата за односите со источниот сосед и негира-


њето на бугарските политичари на македонската нација и јазик.
Веќе не е интересно,бидејки во последниве денови на сите наши
телевизии многу се дебатира за ова прашање.На следниот тв
канал повторно дебата за економските мерки во оваа ситуација
со пандемијата и намалената економска активност,но на ,,Телма‘‘
имавме среќа.Во емисијата ,,Топ тема‘‘ гостуваше познат доктор
токсиколог од клиничкиот центар ,,Мајка Тереза‘‘, доктор Нико
Беќаровски кој е воедно и професор на Медецинскиот факултет
во скопје.
Поради пандемијата и превенцијата од можни зарази и повеќето
телевизии се практикува барем еден од гостите да биде преку
Интернет,односно да учествува во дебатата преку
програмот ,,Скајп‘‘.Овој пат учествуваше многу познатиот во
последно време епидемиолог доктор Драган Данаиловски,кој
доста често се јавува на скоро сите наши тв канали.
Дебатата беше многу интересна,иако некои работи сме ги слуш-
нале повеќе пати и беа повторно повторени.
И двајцата доктори многу реално и со многу логика и медецинско
искуство дискутираа за проблемите кои полека се засилуваат со
зголемениот број на ново заразени од ,,Корона19‘‘.

27.10. Вторник,

Сабајлево осамна нормален магловит есенски ден.


Нормален за мојов роден град Скопје бидејки секја есен и почеток
на зима маглите се сосема норнални и доаѓаат редовно во овој
период.Доста густа магла го покрила ,,Карпош‘‘ и низ прозорците
од дневната соба,каде моментално,и најчесто седам,се гледаат
смо бледите контури на кулите од ,,Капиштец‘‘.
Во лето кога е ведро истите се гледаат како да се на 50 метри,а
сега скоро да не можам да ги видам.
Во мугрите се разбудив и во полусон продолжив да дремам.
Низ мислите ми проаѓаа разни животни случки и по којзнае кој апт
ми дојде мислата на останатите-другите луѓе и нивниот однос
спрема мене.Веднаш се сетив на мислата која ја пласираше
на ,,Феисбук‘‘ некој непознат а во позадина на ликот од познатоит
и многу популарен во 80 тите и 90 тите години холивудски актер
Џек Николсон.

Мислата оди вака:


,,Воопшто не мие гајле што ти мислиш за мене.Јас воопшто не
мислам ништо за тебе.‘‘
Во суштина оваа мисла зногу зборува за мислењето на остана-
тите за нас и посебно лично за себе.
Многу голема и ,,јака‘‘ е пораката дека воопшто не треба да не
интересира што другите мислат за нас.Нај битно и основно е што
ние си мислиме за себе.

28.10.2020 г. Среда,

И денес денот почна стандардно.Внукот Филип полни 18


години,полнолетност и Госпожата Гордана направи одлична
торта ,,Бомба" по овој повод.Ја пробав пред да се состават
слоевите, филовите.Одлична е .Јас не сум голем љубител на
торти,повеќе сакам кочачи од типот на еклери,и слични типови
колачи.
Со тортата и поклонче ( 100 евра) во украсно поклон плико
отидовме кај ќерката и му честитавме понолетство,18 ти роден
ден на внукот Филип.

Нормално сите со маски,бидејки мораме да се штитиме од сите,а


посебно од младите и децата кои многу ретко се разболуваат,но
често се асимптоматски пренесувачи на вирусот.
Поради големиот личен имунитет младите скоро во сите случаи
ја поминуваат инфекцијата со вирусот без да знаат,но при тоа
заразуваат многу други со блиските контакти,ако не носат маски.
Најголемиов внук во последните години не сака никакво
сликање,но некако успеав да го наговорам во оваа прилика да
направиме неколку фотки.Прифати веројатно бидејки сите
имавме маски.
Додека се враќавме дома по оваа посета се подсетив на
моментите и годините кога тој беше бебе,а потоа мал дете и како
растеше заедно со родителите,но повремено и со нас.
Се подсетив на годините кога беше сеуште многу мал и јас често
го заспивав кога беше на гости кај нас дома.додека се успивавме
му раскажував разни згоди од младоста и служењето на воената
обврска, но често и му рецитирав и подпевнував некои песни.со
слаб глас и никаков талент за пеење добро ми одеа едино
песните од војничките и бригадирските денови.

29.10 2020 г. Четврток,


Четврток е најчесто сличен ден како и претходните,ако
не се сметаат изненадувањата кои можат да се јават во текот на
денот од било каква природа.Сабајлево се сетив на вчерашната
епизода на тв серијата ,,На пут за Монтевидео‘‘ и на хрватската
актерка Бојана Грегорич која ја игра улогата на млада бароница
од Хрватска.Оваа актерка плени првенствено со својот според
мене величествен изглед и шарм,а потоа со своите актерски
вештини и конкретната улога во оваа серија.

Вчера малку зборувавме со Гордана за оваа актерка која според


неа е сосема просечна,како во изгледот така иво глумата.Според
мене таа е изузетно атрактивна и згодна жена.Има некој посебен
шарм и харизма која ги плени скоро сите мажи.
Ноќеска,или поточно во мугрите,кога се разбудив и лежев
полу буден во креветот во мислите ми дојде моето проблемче со
малите болки во десните препони.Помислив дека можеби поради
слабата циркулација на долните екстремитети,односно крвни
садови веројатно се јавуваат овие болки кога стојам подолго или
седам на столица.За да ја потврдам оваа моја теза решив во
следните 5-7 дена да седам со подкренати нозе,или лежам и така
да откријам дали стварно тоа е мојот проблем.
Вакво лежење и седење во кревет не е никаков проблем во ова
современо време на преносни сметачи,лап топи со кои може да
се работи и во кревет.Тула се и таблетот и мобилниот
телефон,така да нема проблеми.
Наспроти мене во спалната соба обавезно е вклучен и телеви-
зорот.Често го исклучувам звукот за да куцам и пишувам,но ако
приметам некоја интересна содржина се разбира дека го
вклучувам и звукот.
Мислам дека многу луѓе сакат повремено да бидат сами и да
работат или размислуваат без присаство на други,во кои и јас
спаѓам.
По лесната вечера и гледање на дебатните емисии случајно
вртејки го порталот ,,Ју Тјуб" наидов на директен ,,онлајн" пренос
на балетот ,,Дамата си камелии" во изведба на нашиот
македонски балетски ансамбал.Веднаш го вклучив на ,,големиот"
тв апарат преку мобилниот телефон и со ужевање го гледавме
скоро целиот балет.Феноменален балет.Нашата првенка на
балетот Александра Мијалкова и првенецот од Грузија Чијашвили
кој многу години е член на нашиот ансамбал беа извонредни,како
и секогаш.Исто така и останатите балерини и балетани беа
одлични.Сценографијата и кореографија беа супер,така да целиот
впечаток ни беше фантастичен.😀😷👏👏

Ме радува што од пред извесно време започја по често


Македонската опера и балет,поради памдемијата да прикажува
балети и опери преку ,,Ју Тјуб" порталот.Ме радува што во
следните месеци поради ворусот- пандемијата ќе можеме од
дома да следиме убави претстави,како балети,така и опери.😀

30.10.2020 г. Петок,
Последен ден во работната седмица.Стандарден,обичен
ден.И денес не планирам да излегувам,со цел да се обидам да
дијагностицирам во врска со проблемчето со препоните.
Стандардно во полу лежечка положба со лап топот пред себе го
поминав добар дел од предпладнето.
Околу 20 чадот,по вечерањето и пиењето лекови се намрстив
во ,,лрсната" удобна нова фотеља,ги потпрев нозете преку две
јастучиња на мала столица и со далечинското барав некоја нова
серија за гледање.
Најдов интересен наслов ,,Пристаниште" на тв серија со две
сезони и доста епизоди и ја вклучив првата епизода.
Пријатно ме изненади содржината,темата и изведбата со
актерите.
Оваа серија е шпанска,но самата режија,актерската екипа како и
сценариото се одлични.
Изгледав две епизоди од првата сезона и нестрпливо чекам
вечер да гледам уште една или две нови.

Многу интересна приказна,специфична прељуба на сопругот со


друга млада сексипилна жена,но тој сеуште ја сака својата
сопруга. Соочен со две жени кои ги сака,слаб сонкарактер решава
да се самоубие и спаси од ситуацијата во која се наоѓа.Сопругата
која бескрајно го сака,на се помирува со фактот дека ја
мамел,имал љубовна афера со друга жена.
Истражува што е вистината.Во следните епизоди би требало да
се открива полека целиот заплет и вистината полека да излегува
на виделина.Многу интересна серија,барем за мене.Голема
дилема кај некои луѓе кои сакат две жени во исто време,а не се
сигурни дали тоа е воопшто можно.Главниот лик е во таква
дилема, растр- гнат меѓу љубовта кон две жени кои мисли дека ги
сака,но не е сигурен.Посебно возбудливо е што од епизода во
епизода полека се отвараат некои вистини кои ги открива
неговата венчана соп- руга, која неизмерно го љуби и никого друг
освен него.
Љубовниот триаголник е интересен на специфичен начин,бидејки
љубовницата со која мажот практично и живее повремено во тој
период има секс и со други мажи.Таа не гледа зашто не би смеела
да повремено си прави ќеиф и со други мажи,што за неговата
сопруга е несватливо и срамно.

31.10.2020 г. Сабота,

Денес утрото започна стандардно,со кафенце и вклучување


на лап топот.Нормално како и секој ден кафенцето е заблажено со
темно чоколадце во устата.На мојата Госпожа почна во последно
време скоро се да и смета,посебно тоа што јас го правам.Дали е
ова нормално меѓу секој брачен пар кој е во брак многу долго,или
поради биолошки проблеми со ,,машкоста‘‘ на мажот не можам да
дефинирам.Овој факт многу ми смета и по малку ме нервира.се
обидувам се да игнорирам,но не секогаш ми поаѓа од рака.
Повторно мислите ми одат кон огромните бројки на ново
заболени во последните денови кои вчера ја преминаа бројката
од 1000 заразени граѓани во Македонија во последните 24 часа.
Ако вака продолжи,а многу веројатно дека ќе продолжи ќе
колабира,ќе се сруши целиот наш здравствен систем,кој за жал
нема да може да поднесе толку многу пациенти по болниците,а
уште помалку со здравствениот кадар,кој веќе сега е многу
уморен од напорната дено ноќна борба со вирусот,а недоста-
суваат и многу доктори и медецински сестри.
Најголем терет во овие многу тешки времиња носат нашите
доктори и медецински сестри кои секојдневно рескираат да се
заразат од болните пациенти работејки непосредно и многу долго
со нив,и се обидуваат да помогнат и да ги излечат од овој огро-
мен и многу малку познат непријател.
За жал многу малку луѓе го сваќаат овој проблем,а уште помалку
ги интересира,особено младите момци и девојки.Штета.
Повторно и по којзнае кој пат се потврдува големата вистина дека
луѓето,барем повеќето од нив се неверојатно себични и ги
интере- сира само тоа што е битно и во тој момент интересно и
забавно,а за останатите баш им е гајле.Себичноста е нај изразена
кај луѓето, а посебно на Балканот каде религијата,црквата не е
толку влија- телна и авторитетна како во западните земји,но и на
далечниот исток.
Попладне Интернет порталот ,,Грид" ја проследи тажната
вест за смрта на познатиот и многу популатен актер Шон
Конери.Сите се сеќаваме на многу популарниот агент Џемс Бонд
007 и многу негови филмови.

Во младоста овој одличен актер беше многу шармамтен,а исто


остана и во подоцнежните години кога глумеше со проседа коса и
скоро бела брада.Шармот го задржа скоро до длабоката
старост.Ми беше многу симпатичен актер и како млад, но уште
повеќе по 60 годишна возраст.Денес починал на возраст пд 90
години.Длабока старост успеал да доживее.
Околу 14 и 10 часот снема струја.Среќа веќе завршивме со
саботниот ручек и веднаш си легнавме,да си починеме,како и
секој ден.Си помислив:
,,Струјата е многу големо откритие.Без неа би било неверојатно
тешко и досадно.Како само се живеело пред 150 години и пред
тоа,кога сеуште немало струја и сите благодети кои одат со неа."
Без струја нема телевизија,нема интернет.Блокада,катастрофа.
1.11.2020 г. Недела,

Втор ден од викендов драги дневниче.Гледаш не сум те


заборавил.Се трудам секој ден да напишам нешто.Сабајлево е
сончево и свежо есенско време.Веројатно така ќе се задржи и во
текот на денот.
Синојка се јави другарот Томче и ме викна заедно да одиме на
Водно,но за жал морав да го одбијам бидејки сеуште чуствувам
мноу малки болки во десните препони,кои се надевам дека до
утре,задутре ќе поминат.Штета.

2.11.2020 г. Понеделник,

Започнува нова седмица.Денес морам да закажам


во ,,Систина‘‘ на Урологија со сестра Јадранка која со професорот
доктор Лековски ме водат со моите уролошки проблемчиња.Ги
именувам во деминутив бидејки веќе одавно се канализирани и
под контрола.
Денес за жал има уште повеќе заболени од вирусот. Ситуа-
цијата полека многу се усложнува и отежнува лечењето на тешко
заболените.Вечерва гостува на тв каналот 5 Министерот за здра-
вство Венко Филипче.

Овие денови многу присатен на сите тв канали посебно поради


влошената ситуација со пандемијата и многу големиот број на
новозаболени,но и многу починати,кој број секој ден само се
зголемува.
Лично овој наш Mинистер мене ми е симпатичен од повеќе
причини.Настапува доста скромно,иако,сигурно е добар хирург.
Мудар,паметен и одмерен,според мене.Но по малку и тврдо-
глав,бидејки не споменува никакви,па макар и мали
промашувања
Во стратегијата и мерките за справување со пандемијата.Можеби
е поради тоа што саска,како и секој друг министер да остане што
подолго на таа убава фотеља која носи многу бебефиции и мож-
ности за брзо здогатување.Не веруван дека било кој друг да беше
на негово место во оваа многу комплексна и многу тешка
ситуација ќе имаше подобар и поголем успех.
На сите конфертенции за печатот и интервјуа многу смирено и
многу мудро одговара на сите провокации на нашите новинари.
За разлика од повеќето Министри од ,,СДСМ‘‘ и ,,ДУИ‘‘ кои се
поставени исклучиво по партиска линија и ретко кој ја заслуќува
министреската фотења, Филипче,според мене потполно одговара
за ова многу битно и важно Министерство.
Стоечки,цврсто и ,,машки‘‘ се носи со проблемите кои воопшто не
се мали ниту лесни.
Во доцните вечерни часови Госпожата најде една крими-
нална серија со многу познато име ,,Фарго‘‘.

Ја гледавме првата и втората епизода и впечатоците се


позитивни,иако на моменти е малку пренасилна со брутални
убиства и напади,кои во последно време ги избегнувам бидејки
најчесто ме возбудуваат насилства и потоа полошо спијам.Во
младоста немав проблеми со насилни и брутални филмови и
убиства,но во овие ,,позни‘‘ години изгледа дека сум станал
многу по сензитивен,чуствителен и возбудлив на груби и насилни
сцени.

2.11.2020 г. Вторник,

Стандарден секојдневен делничен ден.Ноќеска полу буден


по рутинско станување за мокрење повторно ми дојдоа во
мислите разни случки од животот.Можеби тоа е поврзано,
веројатно подсвесно и со вчерашните фотки кои ги висов
на ,,Феисбук‘‘ од колегите Милан,Чедо,Ванчо и Ставре,со кои го
поминав најголемиот дел од работниот век.Последниов отиде во
пензија и колегите го испраќале.

Со Ставре не бев нешто многу близок бидејки е 10 тина години по


млад,но и работеше во друг сектор.Со сите овие колеги имав
многу пријатни и понекој непријатен момент во текот на најмалку
20 тина години заедничка работа.Разни убави спомени ми доаѓаа
во мислите додека ја гледав фотката.
Во текот на работниот век преку многу контакри на работа и
пошироко запознаваме многу луѓе со многу различни карактери.
Некои ни се симпатични,а други,за жал не.Некој пат дури и по
изгледот,а често по тоа што зборуваат,мислат и коментираат.
Кога зборуваме делумно се открива нашиот карактер,иако
многумина доста вешто ги прикриваат своите вистински намери и
гледања на работите и случувањата околу нас.
Во ,,Раде Кончар‘‘ низ целиот работен век запознав стотици
разни луѓе,со разни карактери и различна интелегенција,како и
различно образование.Само мал број од нив ми останаа во убаво
сеќавање,како со нивниот однос спрема мене,но и спрема остана-
тите.Со годините и многу контакти низ годините за среќа научив
многу брзо да ги проценувам скоро сите луѓе,по мое мислење
доста реално и точно.
На памет ми дојде мислата која тука убаво се уклопува,а оди
вака:
,,Колку повеќе ги запознавам луѓето,толку повеќе го сакам моето
куче.‘‘
За жал голема вистина.Скоро сите луѓе во нашата околина сакат
да се дружат со нас само и само ако имаат некој интерес,било
веднаш или во иднина.Многу,многу ретки се пријателите кои се
дружат со нас исклучиво поради желбата да бидат во друштво
сонас,а не од некој скриен инерес.

4.11.2020 г. Среда,

Денес е доста битен ден во однос на здравјето.Во 9


часот трeба да сум во ,,Систина‘‘ на Урологија.
Стандардно,рутински веќе три години на околу 40-45 дена одам
кај мојот Уролог професорот доктор Лековски,кој според мене е
врвен во Македонија со својата специјалност.Има многу големо
искуство и се разбира знаење.Би требало се да биде во ред,како
и многу пати досега.
Сестрата Јадранка како главна сестра на Урологија,во главном
работи со Професорот.Секој пат е љубезна и ми помага во секој
поглед.Затоа денес носам мал подарок-бомбоњера за неа, и
пијалок ,,Узо‘‘ за докторот, како мало внимание и благодарност за
се што прават за моето здравје.
Со нетрпение се спремив уште во 8 и 15 часот и тргнав кон
клиниката ,,Систина".Се видов со сестрата Јадранка која набрзо
ме повика,авпотоа докторот Лековски рутински заврши работа.

Се помина во најдобар ред, како и многу пати пред тоа.


По краток одмор задоволен и расположен се вратив дома.
Многу интересно што болките во десните препони уште сношти
престанаа.Не сум сигурен,но можеби поради антибиотикот
Нолицин кој веќе три дена го пијам.Моментално се е во ред во
секој поглед,што ме радува и ми го подобрува расположението.😀

5.11.202 г. Четврток,

Деновите како и секој пат се нижат како ѓердан,што би


рекол Рацин.Денес е облачно и малку постудено.Пијам утринско
кафенце и се мислам дали воопшто има смисол да излегувам
околу 10-11 часот или се да оставам за утре.
Во моментов помислив на кумата Мира која е шампион за шетање
и ,,глуварење‘‘ низ Скопје,како што би рекол Момо Капор.Нејзе
можат евентуално да и конкурираат само нашата пријателка Јагна
и другарот Томче.Како и кумата и тие двајца само чекаат мини-
мална прилика и веднаш се спремни да излезат.Во суштина сите
тројца најчесто сами си измислуваат некакви 0бврски кои треба
да се завршат во,,град‘‘ и така си наоѓаат изговор за шетање и
завршување на некоја работа.
Уште од пред два дена планирав денес да го земам
пластичното буре за киселење зелка од кај другарот Томче кој го
складира во големите подрумски простории претходно наменети
за слривници,а кои сега не се користат за ништо.Но Гордана се
спротистави на купување и ставање зелка за киселење толку
рано,бидејки сеуште не е многу студено.

Предвечер ,,Госпожата‘‘ се слушна со синчето, ,,убав на мајка‘‘ и


покрај дугото и кажа дека пратат одлична тв серија со
наслов ,,Квинс гамбит- quins gambit‘‘ која многу ја исфали.
Нормално веднаш ја побарав на мојот омилен портал за филмови
и серии ,,Замунда‘‘ и за среќа ја најдов.
Под итно ја ,,симнaв‘‘ и со нетрпение ја вклучив првата
епизода,за да проверам дали има превод на србски или хрватски
јазик.Најдов преводи и симнав еден.
Потоа ја вклучив оваа епизода со превод на големиот тв апарат и
со ќеиф ја изгледавме.Серијата е одлична.Британците е шампи-
они за серии,дури подобри и од Холивудските серии,кои во
последно време се доста развлечени,за да има повеќе епизоди и
сезони.Пред спиење ги ,,симнав‘‘ и вградив преводите за сите 7
епизоди и вечер продолжуваме со гледање на втората,а можеби и
третата епизода.
На ,,феисбук‘‘ случајно наидов на еден имтернет портал за
нарачка на разни ,,гаџети‘‘ преку Интернет и испорака до дома.
Вниманието ми го привлече понудата на масичка за работа со лап
топ во кревет која е токму таква како што сакам јас,а и цената е
одлична.Намалена од 1300,оо денари на 699,оо.Сабајлево ќе се
јавам и ако сеуште ја имаат на лагер ќе ја нарачам.

На сликата изгледа солидно,а се надевам дека во стварност ќе


биде добра.На Интернет ја најдов истата,но од друга понуда,која е
доста по скапа.Би требало конечно да завршам работа со добра
масичка и да можам со поголем ќеиф да си работам во кревет.
Во последно време,делумно поради моите проблемчиња со
слабата циркулација и малите болки во препоните многу често
седам и работам-куцам на лап топот во кревет.

Многу ми одговара оваа ситуација од повеќе причини,од кои една


доста важна е што сум сам и можам на раат да работам и
повремено да гледам нешто на телевизорот,кога ќе ми збогтиса
пишувањето.

6.11.2020 г. Петок,

Завршува и последниот ден од работната седмица.


Денес морам да излезам уште сабајле и набавам намирници за
Мусака кој е во план за денешниот ручек.Потоа околу 13 часот ќе
треба да однесам најголем дел од ручекот на синот и неговите се
разбира,бидејки тој е многу зафатен со работењето од дома.Ова
воопшто не ми преставува никаков проблем бидејки по пат во
Фокусот слушам од СД-а снимени написи на англиски,било од
платформата ,,ВОА‘‘ или ,,ББЦ‘‘,а имам и од ,,Бритишкансл‘‘ кои
се исто така извонредни.

7.11.2020 г. Сабота,

Будејки се сабајле помислив на мојов днавник и за жал


констатирав дека полека губам идеи и со мслку интересни случки
полека станува рутина и по малку досадно.Повторно ми дојде
идеа да пишувам пи малку на англиски иако сеуште тоа за моево
ниво на знарње не е ни малку лесно и едноставно.
Затоа во следниве писанија ќе пишувам англиски независно што
ќе има доста грешки.
--------- So lets start write something what happen yesterday or
something else.😀😀😀😎
As I wrote the day before yesterday about a smal table fot lap top to
wotk in bed.I ohone a few times on number that was given in
komercial writing in ,,facebook", but nobady pik the phone.
About noon ring again and female woice answered.The comercial gorl
in call center kindly explain that there are still from those small table
on the stok and I orded one pise.Next week they will bring it at my
adres I gave them.Now I'm very exating how this small table will suit
me,or maybe not.Will see next week…..
8.11.2020 г. Недела,

Крајот на викендов е со регуларен и рутински почеток


на денот.Стандардно станување и пиење кафенце со вклучен лап
топ и чоколадце во устата кое полека се топи и создава феноме-
нален вкус заедно со убавото имногу јако кафе.Синојка гледавме
уште две епизоди од izvonrednata серија ,,куинс гамбит‘‘ или во
оргинал ,,quins gambit”. Низ епизодите каде се прикажува животот
на младата генијална шахистка многу убаво и впечатливо се
загатнуваат вечните дилеми скоро на секој човек,што после
постигнување на големите цели кои сите ги имаме во младоста.
Сега во овие години кога сум ги постигнал сите основни цели
како факултет,кариера,љубов и брак со саканата девојка од
студент- ските клупи,деца,нивно образование,свадби и внуци,на
моменти се прашувам што сега понатаму? Кои се моите цели за
понатаму, покрај големата и се поактуелна,здравјето и
одржување на истото во поднослива форма.
Со дилемата што понатаму,кога ќе се постигне големата цел,која
во серијата е освојување на светско првенство и добивање
титула ,,Најдобар шахист во светот‘‘, што потоа,што понатаму.
Неделите во последниве години ги користам,покрај
другите ,,големи‘‘ активности и за пеглање на мои кошули и
мајци.Така планирам да биде и денес предвечер,нормално со
гледање некоја емисија на телевизија.
Ме изненадија мајсторите кои градат зграда веднаш до
нашата со тоа што и денес,во недела започнаа уште од седум
часот да ги ѕидаат преостанатите ѕидови наспроти нашиот севе-
рен прозорец.Доста критички ги посматрам ѕидовите кои досега
ги созидаа и приметив дека во одредени делови малку фушерски
ѕидаат.Остават ,,дупки‘‘ во тесните делови каде треба да се
поплнат со тенко,скратено блокче.На тие места уфрлуваат мали
скршени делчиња кои потоа ги дополнуваат со цементен малтер
со кого ги работат,ѕидаат ѕидовите.
Сигурен сум дека кога би граделе на овој начин во Германија или
Јапонија ни во сон не би дозволил надзорниот инженер овие
тесни процепи да се пополнуваат на ваков начин.Но кај нас на
Балканот,за жал се е можно и дозволено.

Ги гледам ѕидарите и нивните полошници кои носат блокови и


мешаат малтер за ѕидање и си мислам колку многу разни зани-
мања има на светов.Кои се целите во животот на овие мајстори и
нивни помошници.
Одавно се канам да се јавам на доктор Славко,комшијата од
стариот стан,кој е исто пензионер.Пвеќе пати ми помигн во
последните неколку години и ред беше да се слушнеме и кога
немам плтреба од негов совет или помош.
Се јавив и направивме солиддн,долг разговор.Меѓу другото ме
посоветува обавезно да јадам брусници како превенција лд
проблеми и инфекции во уринрниот тракт.Веднаш по разговорот
трдбаше да купам некои рботи од супер маркетот на КАМ кој се
отвори пред ,,Веро" и купив 6 пакувања од по 100 грам брусници
кои тој ги исфали,но и поефтини од ,,Зелен Пазар". Сега веќе трет
пат јадам брусници и се надевам дека ќе помогнат барем
малму,но и тоа ќе биде ќар.
9.11.2020 г. Понеделник,

Започнува уште една седмица,во која да бидам искрен,не


очекувам нешто посебно и спектскуларно,сем,сега се сетив,
испораката на мала,масичка за работа во кревет која верувам
дека ќе ме израдува.За други очекувања,сем се полоши бројки на
заразени од вирусот,во моментов не ми доаѓаат на ум.
Утрово станав многу рано,околу 5 часот бидејки се расонив
во 4 и 30 одејки во тоалет,а потоа никако не можев да заспијам.
Не е голема штета,бидејки за среќа во последно време ретко
станувам пред 6 часот,а најчесто околу 7.
Како ќе биде во иднина ќе видиме.Никој не може да гарантира
ништо за иднината,а ние ветераните,да не речам старите човеци,
што би рекол Сројан Андов,уште помалку.
Надвор полека се раздени,но со многу голема и јака
магла.Зградите,кулите од ,,Капиштец‘‘ кои во бистри денови се
гледаат како на дланка никаде ги нема. Како да си отишле некаде
на друго место.Скопски магли,си помислувам.

Оваа година според мене и моето скромно чуство маглава дојде


нешто порано од вообичаеното време.Ќе се мачиме со неа до
нова година и некоја недела во новата.За сите е многу непријатна
и досадна,но за жал, посебно за нас кои си имаме проблемчиња и
со градите и дишењето.Тоа е тоа.никој не ние крив што сме се
родиле во Скопје и што сакаме до крајот на овој земен живот да
си живееме во родниот град.
Ќе помине и ова чудо,како и секоја година.Оваа година проблемот
е што ја имаме и оандемијава која полека стана многу досадна,но
и многу опасна.
Тоа е тоа,друго нема.Немаме куќа или викендица некаде во
планините или во селата низ Македонија,бидејки за жал,или за
среќа и двајцата сме од Скопје.Од друга страна не сме љубители
на селски живот,ниту на викендици така да и тоа го нема. Кога ќе
помислам како би било кога би имале некоја викендица било во
околината на Скопје или во Маврово на пример,ми доаѓа на ум
деновите кои би ги поминувале тамо,и не само 2-3 дена,туку
три,четри недели, биде- јки само за 2-3 дена,два-три пати во
годината нема никаков резон да се одржува викендица.Со
внуците некако би било забавно и интересно,но сами 20-30 дена
би било малку досадно,посебно за Госпожата,но и за мене
донекаде.Вака немаме викендица и немаме додатни обврски да
одиме постојано вонеа и да ја одржу- ваме. Во овие години,на
крајот на ,,филмот‘‘ одржувањето би ми било голем терет.

Без поседување на ваков ,,објект‘‘ можеме по желба,кога сакаме и


каде сакаме да одиме,и престојуваме колку што
сакаме.Единствен проблем може да биде здравјето,кое за жал
мене полека, повре- мено ме напушта.

Викендиците,според мене се за луѓе кои уживаат по цел ден


нешто да ,,чепкаат‘‘ и подработуваат во дворот и во самиот
објект.Тоа мене баш многу не ме влече.Повеќе сакам или да
шетам по околината,или да читам нешто,или да сурфам на
Интернет или слушам и учам англиски.Овие работи ми причи-
нуваат задоволство,а работа вовикендицата и оклу неа би ми
биле само терет.
Од никогаш не ме влечела земјата и работа околу неа и во
неа.Веројатно е поради тоа што сум урбано створење и што од
раѓање до денес живеам во Скопје и во станови.
Има некои луѓе кои многу често,а други постојано,воопшто
не го слушаат соговорникот со кого разговараат,туку само чекаат
момент да се уфрлат со својата приказна и нивното раскажување,
зборување и обајнување за се и сешто.
Ова од секогаш многу ме нервирало,но сега малку помалку
бидејки се сетив дека следниот пат треба по можност да се
избегнуваат вакви персони и проблемот ќе биде решен.
Можеби во тоа лежи и тајната зашто низ животот имам многу
малку,да не речам скоро да немам блиски пријатели и другари.
Леѓето во принцип воопшто не ги интересираат останатите и
нивните проблеми.Повремено глумат дека се загрижени за
останатите,а некои и воопшто не се трудат,или не им текнува да
прашаат да проблемите на нивните пријатели.
Во младоста,но и до скоро 60 години ми беше битно да има
повеќе пријатели за дружење и комуникации.Во овие години таа
потреба многу спласна и сега скоро да не мие воопшто битно
колку на број имам пријатели,туку дали се вистински.
Ова вистински е многу тешка категорија и многу тежок и ,,јак‘‘
поим.Некои луѓе на ова воопшто не обрнуваат внимание,но јас,за
среќа или за жал посебно пазам и внимавам на секој збор и гест
од секого.Тоа е до карактерот и тука скоро да не може да се
направи ништо,посебно на мојава возраст.Во младоста веројатно
можело,но сега е доцна за каење и големо менување во односите
со луѓето.
10.11.2020 г. Вторник,

Денес главна и најбитна работа ми е формалното


завршување со забарката.Веројатно ќе треба да одам уште 2-3
пати за ситни корекции,но тоа нема да биде никаков проблем,се
надевам.Немам никаков проблем со одење на забар,ниту во ова
време,невреме,кога скоро сите се штитат од вирусот,но кај
новава забарка нема проблем,бидејки таа многу добро-одлично
се штити со маска,очила и заштитен мантил за еднократна
употреба.Нормално и на рацете ракавици.
Нестрпливо ја чекам масичката за лап топ да ми ја донесат
на врата,но сеуште ништо.Веројатно во текот на наредните
денови ќе стигне.Ќе чекам.Немам друг избор.
Синојка започнавме да гледаме нова серија за бегство од затвор
во северот на Америка,која се вика ,,Еscape at Danemora ‘’, блиску
до границата со Канада.

Серијава не е лоша,според мои критериуми и вкус. Изгле-


давме две епизоди од вкупно 7 колку има првата
сезона.Денес,вечер планираме да гледаме уште две
епизоди.Дали и тие ќе бидат како првите ќе видиме.
11.11.2020 г. Среда,

Сабајле околу 5 часот ме разбуди тресење, љуљање,


кое за среќа не траеше долго.Земјотрес помислив во полу сон.
Гордана викна: ,, Мики земјотрес‘‘.
,,Добро де.Осетив дека тресе.Нема врска.Ќе помине.‘‘
Реков и продолжив да спијам.По природа сум ,,ладен‘‘ на било
какви возбудливи нешта,така да и земјотресите го прифаќам
сосема нормално,без трунка страв.
Околу 9 часот случајно Госпожата го вклучи тв каналот ,,Тв
Сонце‘‘, а на него ,,Буљашот‘‘ Илковски,познат како ,,Јади
бурек‘‘,според истомиената емисија која претходно ја водеше
долго на Тв ,,Сител‘‘.

Водителов,кој се замислува многу голем и одличен водител


органски не го поднесувам.Глуп е по ,,дефолт‘‘,а се замислува
многу интелегентен и паметен.По некој пат има одлични и
паметни гости кои вреди да се слушаат,но тој е катастрофа.

12.11.2020 г. Четврток,
Денес сабајлево ми започна со миење на синојка
исчистениот грав,сецкање кромид и приставување да се вари
гравчето.Ќерката нарача грав.а и синот не одбива,така да денес
сите ќе јадеме грав.Знаеме сите колку е здрав овој типичен
македонски специјалитет.По десетина и повеќе пати спремање
веќе одлично го истренирав спремањето,иако во принцип варење
грав е едноставен рецепт.Но,има едно но кое вели:
,,Ист грав 10 различни луѓе,готвачи и готвачки различно го
припремаат и нормално има различен вкус.

Сите го сакаме гравчето,но јас посебно.Веројатно тоа ми


останало од служењето воена обврска.Во војска нема војник кој
не го сака војничкото гравче.

13.11.2020 г. Петок,

Полека се ближи крајот и на оваа седмица.Вчера и


прекчера дефинитивно завршив со ,,ставање ‘‘ залка за киселење
во пластична каца и две мали кантички кои ги држиме во ходник
побрзо да се закисели залката.
Киселката зелка е идеална за балканскиот и нормално
македонски специјалитет САРМА. Класичната сарма се прави со
мелено месо,ориз и ситни парчиња сланина.Не верувам дека
постои македонец кој не сака сарма.Јас покрај сармата,се
разбира со чаша,две црвено вино,ја обожавам и салатата од
кисела зелка, посипана со црвен пипер одозгора и чаша чолта
ладна комова ракија.
Вчера на две телевизии одвоено гостуваше нашиот нај
познат и најдобар кардио хирург Доктор Жан Митрев.

Македонија има среќа што имаме ваков доктор-кардио хирург од


светски ранг кои има направено повеќе од 10.000 операции
на ,,отворено‘‘ срце,што е врвен успех и во светски рамки.
Меѓу другите битни работи околу оваа пандемија посебно ми
остави впечаток мислењето дека тој се чуствува како уплашен
оптимист.Тоа чуство го има поради големата непредвидливост на
овој вирус и сеуште малата истраженост и познавање на истиот.
Многу битна информација,покрај останатите беше и дека капаци-
тетот во неговата приватна клиника е пополнет и секој дневно
околу 30 пациенти чекаат да се ослободи слободен кревет за да
бидат примени на лекување.Ме радува фактот дека оваа модерна
и многу добро опремена клиника е во целост пополнета за да
делумно го намали притисокот на Јавното Здравство.Одлично е
за Македонија и македонскиот народ,посебно за нас ветераните,
пензионерите што имаме ваква клиника која е во врвот и во свет-
ски рамки.Пред да дојде кардио хирургот Жан Митрев и започне
со операции на ,,отворено‘‘ срце,кај нас во Македонија такви
операции не се работеа,бидејки се многу комплексни,тешки и
бараат многу добра опрема.Вчера докторката,стоматологот со
која ги израборивме новите протези,ги корегира малку и сега за
сега се во ред.Ќе видам во следните денови како ќе биде,но се
надевам дека проблемитевсе решени.
Овој месец имавме многу големи трошоци и сега мора драст-
ично да успорам сонкупувања намирници за јадење, за да не вле-
земе во ,,минус" на нашите тековни сметки.

14.11.2020 г. Сабота,

Крајов на оваа седмица полека завршува.Седмицата ми


беше доста успешна,првенствено поради успешно завршување
на работите со забите.Синојка ја вклучив театарската
претстава ,,Буре барут‘‘ која се прикажуваше многу касно
претходната ноќ.
Ова драмско дело го напишал нашиот познат драматург Дејан
Дуковски чии дела се поставуваат во повеќе театри на Балканов.
Драмата-театарската претстава е извонредна по сите критериуми.
Актерската екипа е многу добра,текстот одличен,како и сценогра-
фијата но и скостимографијата.Содржината го третира насил-
ството, лицемерството,љубовта и патењето во современиов
свет,посебно на Балканов.Преку судбивите на неколку главни
ликови многу сликовите и маштовито се преставени овие фено-
мени изузетно битни во животот на секој човек.
Дејан Дуковски,после врвниот Горан Стефановски,заедно со
Венко Андоновски спаѓаат во врвните драмски писатели во
нашата Македонија.

15.11.2020 г. Недела,

Мирно и многу тихо неделно утро.Станав малку


касно,околу 7 и 30 часот.Времето е за сега одлично.Ведро и многу
светло,но студено.Ретко поминува по некое возило
низ ,,Рузвелтова‘‘ на кој гледаат нашите прозори и врати.
Синојка гледав уште една епизода од србската современа тв
серија ,,Мама и тата се играју рата‘‘.
Сите епизоди се добри на свој начин,но оваа синокенашна
епизода,ми се чини дека е седма,посебно ми остави впечаток.
Во неа се прикажуваат на интересен начин повеќе случки во кои
се гледа мудроста и итроста на сопругата и мајката на ќерки-
чката,но и занесеноста и лесната емотивност на таткото актер.
Во оваа епизода,како и во претходните сликовито е преставен
животот на младите интелектуалци во денешниот,современ свет
кој е полн со разни предизвици,искушенија и дилеми.
И во минатото кога јас бев млад имавме разни предизвици и
дилеми,но тие беа од сосема друг карактер и облик.
И пред 40,50,60 години се разведувале брачните партнери,но на
сосема друг начин.Животот во тие времиња се посматрал од друг
агол,кој е различен од денешниот.Денес младите мајки веќе не
трпат тортура и малтретирање од мажите,како што правеле во
минатото.Многу брзо се решаваат на раскинување на брачните
стеги,а потоа доста често можеби и се кајат,но за жал предоцна.
Со младите мажи е доста слично.И тие сакат ,,слобода‘‘ мислејки
дека друга жена ќе им пружи повеќе нежност и љубов.
Набрзо по разводот веројатно сваќаат дека биле во заблуда,дека
проблемот не е во сопругата туку во нив,но тогаш е веќе доцна.
Ова се само размислувања на пензионер кој за среќа немал вакви
проблеми и кој донесува некакви заклучоци кои можеби и не се
многу точни.
Стандардно планот за денес е покрај редовното бањање,да
испеглам 4-5 кошули гледајки некоја емисоија на телевизија,но и
да направам пудинг кој покрај сутлијашот е мој омилен десерт.
Обично вакви меки слатки работи кои се конзумираат со лажичка
ги нарекувам ,,Лапни-голтни‘‘.
Секако дека постојат безброј разни вкусови на пудинзи,но мене
ми се омилени чоколадниот и вкусот на ванила.Овој едноставен
десерт заедно со сутлијашот ми останал уште од детството кога
времињата по скромни и слатките и десертите,барем за нас,не
беа толку обилни и скапи.
Сабајлево се јави другарот Томче првенствено да праша
околу зелката за киселење.Дали сум купил и од каде беше првото
прашање.Малку ме изненади неговата изјава дека нивната зелка
која ја купиле блиску до селото Бардовци,наводно бардовска
зелка била за никаде. Веќе по 6-7 дена многу омекнала и практи-
чно прст влегува внатре во залката.Изгледа дека веќе скапала
пред да ферментира.сега ќе ја фрлат и ќе купат нова,но од друго
место.Оваа фалена бардовска зелка која ја платиле по 20 денари
кило излезе никаква.По којзнае кој пат си констатирам дека денес
на ништо и никого не можеме ниту треба да веруваме.Се расипа
светот и народот.Истото цважи и за земјоделските производи.
Кој знае што се сипаат во корените и со што ги прскаат за да
созреат побрзо и да бидат поголеми плодовите.Нашата залка
барем за сега добро се однесува,но ќе видиме покасно по една
или две седмици.
На тв каналот ,,24 вести‘‘ моментално се врти реприза на емиси-
јата од кулинарството ,,Готвиме со Маја‘‘.Овие емисии се многу
полпуларни во последно време бидејки се многу економични и
лесни за снимање,а имаат огромна гледаност.Од сите кои се
емитираат по нашите телевизии оваа е една од моите омилени,
бидејки презентерката и куварка во исто време Маја е многу
инвентивна и интересна со своите идеи за разни јадења и десе-
рти.Работи доста брзо и не е досадна во кратките објаснувања.
Оваа емисија е сосема во ред ,според мои критериуми,за разлика
од другата која ја емитува тв ,,Алфа‘‘ многу години по ред,а ја
води и спрема пеачката Адријана Алачки.Во оваа пеачката многу
се лигави,споро зборува и објаснува како да ја гледаат мали
деца.
Емисијата ,,Готвиме со Маја‘‘ е сосема спотивна од таа на
тв ,,Алфа‘‘.

По гледање на репризите од оваа емисија за готвење се јави


снаата Сузе и не покани заедно да одиме околу пладне на Водно,
поточно кај манастирот Свети Пантелејмон.Се спремаме и чекаме
да тргнеме.

16.11.2020 г. Понеделник,

Започнува нова седмица.се надевам дека денес или утре ќе


стигне масичката за лап топ која ја нарачав пред околу 10 дена.
Станав доста расположен највеке поради убавото спиење и само
едно станување ноќеска.Со стандардно утринско кафенце и
чоколадце во устата,кое полека се топи додека сркам од извонре-
дното јако кафе започнав да ги куцам овие редови.
Пред станување,додека сеуште лешкарев во топлиот кревет
во мислите ми дојде вчерашното шетање околу
манастирот ,,Свети Пантелејмон‘‘ кој се наоѓа на Водно,над
селото ,,Нерези‘‘.
Времето беше извонредно.
Околината на манастирот и патеките околу него беа полни со
излетници и шетачи од различна возраст,од кои многумина ѓи
шетаа и своите миленици.
Нешто што ми падна веднаш во очи беше однесувањето на вну-
ците кое за моја жал беше доста воздржано и ,,ладно‘‘ посебно во
однос на мене.Сакам да верувам дека тоа се должи на слабата
меѓусебна комуникација во ова време на пандемија.
Порано,додуше тоа беше пред година,две внуците многу повеќе
се радуваа кога се среќававме одколку сега.Тогаш беа помали,но
и многу почесто бевме заедно.Можеби не би трбало да очекувам
да се однесуваат и сега како и пред неколку години.
Другата страна на ,,медаљата‘‘ во ова гледање на работите би
била:
Луѓето,односно скоро сите,се однесуваат кон останатите доста
љубезно и пријателски додека имаат некоја можна корист или
потреба од друштво.Во спротивно односот е сосема друг.Слично
е и со децата,но и со внуците.Индирекно и тие се многу пољубе-
зни кога имаат некаква корист од дедовците и бабите.Веројатно
тоа е нормално и природно однесување на луѓето,кое мене по
малку не ми се допаѓа,бидејки сметам дека дружењето не треба
да биде имајки на ум некаква корист.
17.11.2020 г. Вторник,

Вториот ден од седмицата започнува како и претхо-


дниот.Вчера дознав дека внукот Кике и неговата сопруга биле
позитивни по тестирањето за ковид 19, но сега веќе се добри, и
поминале без големи компликации.Секој ден бројките се се
полоши и по трагични за многумина од најтешко заболените.
Бројот на починатите,за жал секој ден е се поголем.Вчера слуш-
нав фрапантна бројка од 40 починати.Сега сме и ние во нешто на
врвот во Европа.
Овие страшни бројки се веројатно резултат на слабото здравство,
лошата организација и некои погрешни чекори на докторите кои ја
водат оваа страшна пандемија,се разбира на чело и со најголем
удел на Министерот Филипче.Синојка на тв каналот ,,Канал 5‘‘
гостуваше познатиот инфектиолог Вело Марковски.

Овој одличен стручњак за инфективни болести,во кои спаѓа и


овој нов и многу страшен вирус има многу примедби во однос на
чекорите во справувањето со пандемијата.Иако е од опозици-
оната политичка партија ,,ВМРО-ДПМНЕ‘‘ скоро сите негови тези
и
аргументи се во ред според мене и многу граѓани кои реално ја
согледуваат лошата ситуација и лошото справување со вирусот.
Тој покрај другите многу битни забелешки предлага заедно со
неговата партија да се формира нова комисија која ќе биде
стрикно само за справување со ,,Ковид 19.‘‘

За жал позицијата, односно ,,СДСМ‘‘ од каде доаѓа и актуелниот


Министер за здравство Филипче не прифаќа ваков,ниту било
каков друг предлог на опозицијата.Со тоа јавно би признале дека
досега лошо се справуваа со вирусот,а тоа што секој ден умираат
десетици и десетици граѓани за нив воопшто не е битно.
Кривицата ја префрлуваат исклучиво на дисциплината на
народот што е само делумно точно. И во соседна Србија народот
слично,скоро исто се однесува,но бројот на починати болни кај
нив е повеќе од 400% помал одколку кај нас.Овој факт сам по
себе зборува дека нашите мерки за борба со вирусот не се добри.
Здравствените работници,првенствено докторите и сестрите се
убиваат од работа веќе 8 месеци,а резултатите се сѐ полоши.
Како доаѓа зимата,за жал веројатно ќе бидат уште полоши.Многу
лесно може да колабира и здравствениот систем,што ќе биде
уште еден голем удар за граѓаните,посебно за возрасните и
пензионерите кои се највеќе загрозени.
Жалосно е што и во оваа многу тешка ситуација во која се наоѓа
Македонија политичките партии ги гледаат само и само своите
интереси,а народот кој го ферма.Интересен е само кога има
избори и кога е потребен нивниот глас да се победи во полити-
чката трка во освојување на власта.
Кога ги гледам пратениците во собранието било од едната или
другата страна се станува сосема јасно.Најголем дел од нив се
нереализирани во своите струки и најлесен,а најбрз и најлесен
начин да се стекне богатство и привилегии,во нашата мала
земјичка е преку политичките партии и Парламентот.Затоа,за жал
сме последни во Европа скоро во се,заедно со Косово,Молдавија
и Босна.
Од осамостојувањето полека,но сигурно се губеа вистинските
вредности и моралот и денес дојдовме на ова жалосно дереџе.
Здравството анемично,образованието никакво,правосудството
катастрофално и максимално корумпирано.Не е вопошто за
чудење што европската Унија вакви-никакви не не сака и само го
одложува почетокот на преговорите за прием во тоа друштво.
Од ,,авион‘‘ се гледа дека сеуште не сме дораснати,ниту
заслужуваме, за да бидеме равноправни членки во таа Унија.
Нашите политичари само декларативно повторуваат по сто пати
дека се за Европа и Европска Унија со што само се обидуваат да
добијат политички поени,а во суштина нив и вака супер им
одговара кога нема ниту ред ниту закон за ништо.
Денес не планирам да се шеткам низ маалото и низ прода-
вниците,маркетите од неколку причини.Прво поради се полошите
бројки на новозаразените низ цела Македонија,а посебно во
Скопје,а второ поради штедење и смалување на трошоците за
храна до примање на следната моја и пензијата на гоиспожата.Во
последно време не сакам да влегувам во минус на нашите теко-
вни сметки,иако казнената камата за 7-10 дена не е некој голем
износ бидејки би влегол во минус максимум 2 до 3 илјади денари.
Јеловникот,јадењето за денес е полнети пиперки со мелено
месо за гордана и фамилијата на Мартин,а за мене со
печурки.Нормално со салата која денес планирам да биде со
купечки печени пиперки од тегла и малку лут ајвар.Секако
ручекот залиен со чаша црвено вино ,,Вранец-Виларов‘‘,а можеби
и чаша и половина.Десерт веројатно по една бомбица од
феноменалните бомбици ,,Ферер Рошер‘‘ во колку сеуште
имаме.ако нема тука се ,,Ванилиците‘‘ од ,,Рептил‘‘ кои исто така
не се лоши.
Претходно ќе однесам од полнетите пиперки за фамилијата
на Мартин,со ,,Фокусот‘‘ се разбира.По пат како и секој пат ќе
слушам некои лекции англиски било од ,,ББЦ‘‘ или од ,,ВОА‘‘.

18.11.2020 г. Среда,
Среда е нормално среден ден во седмицата.Времето матно,
облачно и малку студено.Сосема нормално да половина на ноем-
ври.Вчера слушнав дека починал познатиот Србски актер Иван
Бекјарев.Се подсетив на некои тв серии каде тој глумеше,а посе-
бно на серијата ,,Бољи живот‘‘ каде глумеше директор на една
пропадната фирма.Сите луѓе,па и актерите ги паметам по некои
нивни особини, и можеби највеќе по впечатокот кој за нив сум го
стекнал со времето.Постарите граѓани на овие простори,но
нормално ина останатите,полека си заминуваат од овој свет,што
е сосема нормално.Никој не е вечен и еден ден секој ќе мора да
си замине од оваа планета на вечните ловишта.
Во главном сите ние,па и јас ,ги цениме луѓето соред нас и
нашите погледи и чуства во однос на останатите.Највеќе ги
бенди- суваме личностите кои се слични на нас во повеќе
категории,или такви какви ние сакаме да бидеме.
Тоа е само субјективно гледање на работите.Тука се подсетив на
убавата мисла која оди вака:
,,Ние не ги гледаме работите какви што се.Ги гледаме исклучиво
какви што сме ние лично‘‘.
Тоа е тоа.Сите имаме многу подобро мислење за себе од вистин-
ското,што не е лошо.

19.11.2020 г. Четврток,

И денешниот ден започна сосема обично и рутински.


Ноќеска се разбудив во некое време и по рутинската посета на
купатилото се обидував повторно да заспијам.
Во мислите ми дојде синоќешниот филм кој малку го гледав,а тоа
беше мојот омилен ,,Беше еднаш во Америка‘‘.

Феноменален филм,кажано со еден збор по многу основи и


критериуми.Една невозвратена љубов е многу суптилно прика-
жана,но најголем впречаток ми остави пораката за изневереното
големо другарство меѓу дваајцата главни ликови во филмот.
Практично украден живот од едниот актер кој покрај големото
богатство кое го присвојува ја ,,грабнува‘‘ и единствената љубов
на Ронерт Де Ниро како главен лик,од младоста.
Покрај љубовта и здравјето кои се на првото и највисоко место на
ранглистата на најбитни,најважни работи во животот, пријател-
ството-другарството е на трето место.Изузетно битно нешто,кое
за жал во одминатите години полека се намалува и полека ги
губиме пријателите.Штета.
Тука се подсетив на многу добрата мисла која гласи:
,,Пријателството е како парите.Полесно се прават одколку да се
зачуваат.‘‘
Многу интересна констатација која е потполно вистинита.

Филмов за кој пишувам го гледав само кратко бидејки пред


заспивање ме возбудува и отвара многу тажни мисли кои не
сакам да ги мислам при заспивање.Инаку целиот филм сум го
гледал 3-4 пати и сигурно ќе го гледам повторно.
Низ глава сабајлево,пред станување ми поминаа повеќе ликови
на пријатели кои сега веќе скори ги немам,односно се драстично
намалени врските и трешко може да се наречат пријатели сем
поранешни.
Сабајлево повторно случајно го вклучивме тв каналот ,,Тв
Сонце‘‘ каде на ,,Скајп‘‘ гостуваше познатиот епидемиолог Драган
Данаиловски кој е еден од најголемите експерти за епидемии и
пандемии.Многу убаво и многу стручно ги објаснува сите фено-
мени со пандемијава и моменталната состојба.
Една хипотеза која многу ми остави впечаток беше дека со моме-
нталната бројка на ново заразени,ако така продолжи Македонија
ќе добие така наречен Колективен имунитет на вирусов за околу 3
и пол месеци.По околу 100 дена би имале заразени околу еден
милион жители,што би било околу ⅔ од вкупното население во
нашата земја.Ова е една мала светла точка која се гледа на крајот
на тунелот во кој сме сега ставени.
Оваа оптимистичка хипотеза треба да не води понатаму за да
полено и без поголеми негативни последици се справиме со овој
невидлив и многу опасен непријател.
На тв каналот ,,Н1‘‘ моментално ја гледам утринската
емисија ,,Ново јутро‘‘ која денес ја води одличната новинарка
Наташа Миљкович, која супер изгледа иако последниве неколку
години доста се здебелила.Убавите жени се прекрасни и кога се
солидно пополнети,што важи и за моето најдобро другарче
Гордана.
Многу интересно е што во оваа емисија се спомна изборот на
најголемиот и нај ,,топ‘‘ збор во 2020 година.Некој мислат дека е
зборот КОВИД,но Наташа објасни дека нај зборот во 2020 година е
,,ЛОК ДАУН‘‘-заклучан.

20.11.2020 г. Петок,

Последен ден и од оваа седмица.Како и секој друг ден и


денес се надевам дека ќе помине успешно и убаво.
Седејки пред лап топот со шоља кафенце,чаша ладна вода и
локумче се сетив на една мисла која ја најдов на ,,Феисбук‘‘ и која
многу ја бендисав,а се води како мисла од најголемиот драмски
писател на сите времиња Вилијам Шеспир.
Извонредна мисла која секој ден треба да ја имаме на ум и според
неа да си го живееме животот.Во неа се вклопени многу битни
вистини за животот и начинот на кој треба да го водиме.
Првата мисла каде ја наведува среќата како една од најбитните
нешта во животот продолжува со констатацијата ,,Бидејки не
очекувам од никого ништо‘‘ е изузетно битна и
впречатлива.Токму така.Не треба од никого да очекуваме
ништо,па ни од најблиските.
Во спротивно само ќе бидеме секој ден се повеќе разочарани
дека не ни возвратиле ни делче од тоа што сме им го пружиле.
Но,тоа е животот.Некој само малку возвраќа,а повеќето ништо.
Случувањата во минатото и историјата се полни со безброј
примери изневерувања на очекувањата.
Многу често си ја повторувам оваа мисла околу очекувањата,не
очекувањето,и тоа често ми помага да се орасположам и да се
чуствувам подобро,повесело и донекаде среќно.
Во овој однос по сложената операција на ,,Отворено срце‘‘ која ја
имав во јануари очекував најблиските барем да се јават на теле-
фон и прашаат како сум,ако веќе не можат да ме посетат било во
болница или дома,некои од нив,за жал не се јавија ниту на теле-
фон.Тоа се кажува.Овие нешта ме налутија малку,но потоа ми
помина,водејки се со мислата дека барем сега знам кој и колку
сум му битен на некого.Секој има право да се лути за нешто,што
смета дека не било во ред, но оваа многу сложена операција беше
нешто сосема друго.многу лесно можеше да има фатален исход,и
затоа беше ред,барем сите блиски да покажат интерес за исходот
и да се јават.
Покрај класичните гробишта каде се погребани сите почи-
нати,јас си имам и свои интимни места каде ги погребувам сите
луѓе кои сум ги сметал за пријатели и блиски,а во повеќе наврати
се покажаче дека не се тоа.На крајот ги ,,отпишувам‘‘ од мојот
живот и ги ,,погребувам‘‘ на тие мои гробишта.За мене тие лично-
сти не постојат повеќе иако се живи и здрави.
Синојка се јави девијката од фирмата ,,Топ прајз" која ја
нудеше ,,он лајн" масичката за лап топ и ме разочара со веста
дека наводно се потрошени сите,а имаат друг тип,нешто
поскап.Ми испрати слики од новиот- друг модел кој е лош и не го
бендисувам.За жал,за сега останав без купечка масичка.

21.11.2020 г. Сабота,

Започнува и овој викенд на сосема сличен начин како


и претходните.Разликата,барем за сега наутро е дека денес е
големиот верски празник ,,Арханѓел Михаило‘‘. Овој празник до
пред 5-6 години го славев како именден и имавме многу гости,
како роднини,така и пријатели и колеги.Го прекинав славењето
највеќе поради здравствени причини.Денес во чест на празникот
Госпожата направи само колачи така наречени ,,Принцез крофни‘‘
кои внуците и децата ги обожаваат.Поради пандемијата чести-
тања ќе имља само по телефон,а колачи ќе однесам јас
лично.или ќе дојдат да ги подигнат.
Децата,посебно внуците јадат во едно послужување дури по 4-5
колачи,шти нас посебно не радува.
Се подсетувам на годините кога го славевме овој мој Именден и
во мислите ми се редат скоро сите гости кои ни доаѓаа.Скоро
секогаш имавме дваесетина гости од кои некои доаѓаа од
причини на некаков интерес или само да се дружат и најадат и
напијат,но само кај други луѓе,никако кај нив лично.Тоа од
секогаш ме нервирало.
Овие луѓе спаѓаат во групата на ,,земачи‘‘ кои во живо- тот
гледаат само како да земат нешто од другите,а да не дадат
никогаш ништо,ако е можно.Друга група се ,,давачи‘‘,кои за жал се
по редки и кои гледаат што повеќе да дадат одколку да земат.

Во вторава помала група ,,давачи‘‘ на врвот е ќерката Сања,која


оваа племенита особина мислам дека ја наследи од мајка ми
Евгенија.Таа низ целиот живот само гледаше како да
даде,наместо да земе од другите.Слична беше и сестрата,тетка
Магда,за разли- ка од останатите две сестри кои беа сосема други
и спаѓаа во првата група.
Помислувам и на себе,и се обидувам да бидам реален,а не субје-
ктивен и оценката е дека јас сум малку земач,малку давач.За моја
жал ни од далеку не сум тако ќерката и нана Евгенија.Но тоа е тоа.
Сите имаме свој карактер и колку да се напрегаме да бидеме
другачии,нешто од внатре не кочи и не дава да се однесуваме
поинаку.
Сабајлево по средувањето и миењето заби Госпожата ми го
честита именденот,нормално со бакнување во уста.
Времето е тмурно.облачно и прилично ладно.Температурата е
само 6 степени,но тоа внатре, дома не го чуствуваме,бидејки
парното греење за сега е одлично.
22.11.202 г. Недела,

Вториов ден од викендов полека,но сигурно започна,


но доста различно од претходниот.Прво времето е супер.Сончево
и светло,но сабајлево прилично студено.Во Скопје сега во 8
часот е само еден степен над нулата.За среќа во последниве
години, како и мемонтално парното греење е супер,а цената
малку ја намалија така да со греењето немаме ама баш никаков
проблем.
Последниве десетина дена секој дневно го проверувам
загадувањето во Скопје на Интернет Апликацијата ,,Мој воздух‘‘
каде има многу податоци за сите Општини во Скопје,но и за сите
градови низ Македонија.Кога е загадено и вредностите на ,,ПМ‘‘
честичките се над дозволените веднаш го вклучувам прочисту-
вачот на воздухат кој ги ,,собира‘‘ сите честички,како и прашината
која за жал ја има доста највеќе поради градењето на зграда до
нашата.
Синојка ,,симнав‘‘ две сезони со по околу 12 епизоди од
познатата тв серија ,,Фрејзер‘‘ кој беше до скоро многу популарна
во Америка и многу други земји во светот.Синот Мартин не
подсети на оваа сеија и ја исфали.
Се работи за животот и случките во фамилија каде заедно живеат
син и татко,а се вклучени повремено и другиот син и нивните
девојки,партнерки.Интересна комична серија која многу развесе-
лува со разни духовити досетки и примедби на сите
актери.Гледавме две епизоди,а денес треба да ,,симнам‘‘ превод
за уште две,три, а вечер планираме да изгледаме уште неколку.
Во тек е големиот ,,АТП‘‘ тениски турнир во Лондон каде учеству-
ваат првите осум тенисери од официјалната светска ранг листа.
Покрај србскиот тенисер Џокович кој сеуште е рекет број еден во
светот учествуваат уште 7 други врвни тенисери.

Сите натпревари се интересни на свој начин,бидејки натпрева-


рувачите се моментално најдобрите тенисери во светот.
,,Нашиот‘‘ како понекогаш го нарекуваме Новак Џокович,бидејки
потекнува од просторите на поранешната наша татковина
Југославија во последно време не е во врвна форма.Нормално
невозможно е да се биде вечно на врвот,ниту постојано во врвна
форма.Досега изгуби два меча во овој турнир од многу
помкладиот австријанец Доминик Тим и русинот Медведев.
Гордана е многу,,запалена‘‘ по тенисот и ги гледа скоро сите
натпревари,а ја делумно,само кога сум слободен.Кога е време за
одмор и дремка ги прескокнувам,а продолжувам по будењето.
Одморот и релаксирањето на мозокот и мислите ми се многу по
битни од пратењето на тенисот.
Вчера за именденот ,,Архангел Михаило‘‘ околу пладне дојде
ќерката Сања со внуката Срна лично да честитаат и ми донесоа
подароци.Комплетна тренерка и шише црвено вино.не очекував
подароци во ова време на пандемија и неславење на верски
празници,но ќерката како и секогаш само бара прилика да ни
подари нешто.За разлика од неа бициклистот не е толку галантен.
Веројатно влашката ,,жица‘‘ ккај него е по јака.
И синот дојде пред ќерката,но само на врата и нормално со
маска,честита именден и донесе голем страк Прас и кеса со
чистени ореви кои му ги нарачавме.
Прасот е нормално за неколку ручеци со свинско месо се
разбира, за нас но и за неговата фамилија.
Ова јадење е типично ,,зимско‘‘ и обично се спрема кога
надвор е достра студено и кога има многу помалку зеленчуци на
пазарите.

Овој зеленчук е многу здрав и корисен за организмот и доста се


користи на нашиве балкански простори.Покрај многу разни
јадења кои се припремаат со него,многуубава и вкусна е пита со
прас,како и маслинки со прас за мезе.
23.11.2020 г. Понеделник,

Првиот ден од оваа седмица го започнав со припрема


на гравче за целата фамилија.Страндардно чистење,миење и
сецкање две големи главици кромид, за 1,1 кг. грав.Нормално и
скоро два прста зејтин од сончоглед,како и 1,5 голема лажица
црвен пипер.се вари нормално на многу тих оган и пред крај се
додава зачин ,,Вегета‘‘ и се гмечат 5-6 супени лажици зрна од
гравот за да добие мала густина.Секој кој припрема некое јадење
има свој начин и постапка според која работи,која често е малку
различна од останатите за тоа јадење.Затоа секое јадење има
различен вкус,зависно кој го спремал.
Денешниот план е да ги заменам тренерките подасрок од
ќерката во ,,Рамсторе‘‘, трговскиот центар во
продавницата ,,Спорт Визн‘‘ каде добиле и помал број кој мене
веројатно ќе ми биде сосема добар.Потоа во 14 часот морам да
одам на корекции кај забарката-протетичар доктор Тања со која
работиме во последно време.Вечер по дремката по ручекот ќе
гледаме неколку епизоди од новата тв серија ,,Брекинг Бед‘‘ која
ја ,,симнав‘‘ пред два дена,а која ни ја препорача синот.За среќа
има преводи кои се супер,а првата епизода беше сосема
солидна,за наш вкус.

Оваа тв серија е многу полуларна во Америка и светот бидејки


сега веќе има повеќе сезони,а секоја сезона по 8 до 10 епизоди.
Поради моите повремени ,,напади‘‘ на ,,Гихт‘‘ еднаш или два
пати годишно морам да бидам многу внимателен покрај внима-
вање со црвеното месо, и со алкохолот,како црвеното вино,но и
со жестоките пијалоци.
Затоа пијам само по една чашка ж-та ракија на два дена со мезе
пред ручек.Деновите помеѓу по една чаша црвено вино или
лименка мало пивце зависно од јадењето.
Дисциплината и доследноста се многу важни во животот и
затоа максимално се трудам да почитувам се што е потребно и
неопходно.

24.11.2020 г. Вторник,

Седмицата си тече за среќа нормално и во оваа


ненормална ситуација со пендемијата.Ноќеска,веројатно во
зори,кога сите највеќе сонуваат,сонував повеќе работи на кои
скоро и да не се сеќавам.На ум ми додоа неколку ликови од фаб-
риката ,,Раде Кончар‘‘,но за жал не се сеќавамконкретно скоро на
ниту еден.Нејсе.
Не крајот од полу будната состојба,или сањарењето полека ми
дојде на ум сегашниот живот,сегашната моја состојба со здра-
вјето,но и сегашниот изглед.За жал си констатирав дека во сушти-
на животот си поминал и дека ова сега е само завршување со
последното кафе кое се пие по убавиот и обилен ручек.Некој го
викаат и ,,сиктер‘‘ кафе,а во овој случај би значело ,,сиктер‘‘ од
овој свет.Се подсетувам на некои луѓе кои се,или биле на мојава
возраст додека биле живи и ми се редат нивните животи и
животни патеки.Нормално дека секој си има свој живот и своја
животна патека,која делумно и не е во целост по негова воља.

Сите понекогаш си помислуваме дека ако не била оваа патека


можеби друга или трета по која би го поминале животот,би била
подобра,по убава и по возбидлива.Но,има секогаш едно големо
но,никој не знае што би било кога би било.Можеби подобро,но
можеби и многу полошо.Кој знае.Никој.
Среќата е покрај времето и љубовта еден од најголемите и
најспецифични феномени.Тоа што за еден е среќа,за друг не е,но
и обратно.
Секој има своја животна патека,која за оженетите е во главном и
најчесто иста со таа на партнерката.Во младоста имаме големи,а
некои и преголеми амбиции,што не е воопшто лошо.Тие ги водат
повеќето кон повеќе труд и напор за постигнување на замисле-
ните амбиции.

Секој од нас има многу дилеми и желби,посебно во младоста.


Најупорните и најдоследните скоро секогаш успеваат во испол-
нување на некои од своите големи желби и амбиции.
Се подсетувам на своите и по малку се чудам колку сум бил
амбициозен и истраен во своите намери и мабиции кога се запи-
шав на Електро техничкиот факултет во далечната 1968 година.
Знаејки дека е изузетно тежок факултет,со многу математики кои
за жал во техничкото училипште не ги учевме многу силно и
темелно,уште летото пред запишувањето ги купив книгите по
виша математика од хрватскиот математичар Борис Апсен,како и
неговата книга за елементарна математика каде на многу лесен и
сликовит начин се објаснети сите елементи на елементарната
математика.Преку летото 1968 годин убаво ја повторив
математиката од таа одлична книга и потоа во прва година нема
проблеми со пратење и положување на испитите по виша мате-
матика.Дури едно време бев и демостратор по виша математика,
бидејки се плаќаше,а мене ми требаа пари.
За моја голема среќа покрај енормните амбиции во успехот на
факултетот многу ми помогна и Гордана која ја запознав во
третиот семестар на студиите.Ме подржување во моето амби-
циозно спремање и полагање на испитите,а јас покрај неа
се ,,силев‘‘ да се покажам во што може подобро светло.

За овакви мисли и размислувања најверојатно сум пишувал


пред повеќе месеци,но веројатно во сличен или друг облик на
мисли.Кој ќе памти што се и во кој ден сум пишувал за размислу-
вањата и моменталните чуства.
Драги дневниче,се надевам дека не ми замеруваш што
понекогаш се повторувам и повторно пишувам за работи за кои
претходно еднаш сум пишувал.Кој ќе памети се што сум напиша
во овие околу 700 страници,се разбира заедно со многу,многу
фотки во нив.Ти ,,Хер‘‘ дневник си познат и признат по својата
стрпливост и лојалност.Така јас те доживувам и за тоа многу те
ценам и многу сум ти благодарен.
Состојбата со пандемијата е катастрофална и се обидувам
да не мислам многу на тоа бидејки само се нервирам.Бројките се
огромни,како на заболените,но уште повеќе на починатите.Многу
пати сум се прашал колку се ограничени,да не речам глупи,некои
од луѓето во нашава Македонија кои сеуште не веруваат во ова
светско чудо или огромен невислив непријател кој зарази повеќе
од 50 милиони луѓе и нема намера во скоровреме да се смири и
повлече.
Како капак на сите овие бројки и трагично лоша ситуација дојде и
големото згадување кое доаѓа во зимскиве месеци и не гуши со
големите бројки на малите честички згадувачи наречени ,,ПМ10‘‘ и
,,ПМ2,5‘‘.Дома се браниме од нив со постојано вклучување на
прочистувачот кој за среќа го имаме веќе неколку години,а
надвор со маски ,,Н95‘‘ кој штитат од овие многу ситно честички и
воедно од заразување со вирусот. И двајцата се снабдивме со
повеќе вакви маски кои ќе мора да ги носиме најмалку до пролет
2021 година,ако имаме среќа вирусот да се смири до тогаш.Кој
знае,ќе видиме.

25.11.2020 г. Среда,

Некој можеби ќе си помисли кога случано ќе прочита дел од


овие редови дека се и сешто се пишува,но мене тоа моментално
воопшто не ме интересира.Кој што ќе помисли е негова работа,а
не моја.Мене најбитно ми е што пишувањево сеуште ми причи-
нува задоволство. Додека е вака ќе се трудам да пишувам секој
ден по малку.Се надевам дека и ти дневниче се сложуваш со
мојава намера и мојава упорност.
Сабајлево на еден од тв каналите на Јавниот сервис на
Македонија ,,МРТВ‘‘ се прикажува реприза од ,,Гранд При‘‘ во
уметничко лиздање во Москва.

Уживам во гледањето и на извонредните млади танчерски двојки


и феноменалната музика според кој ритам танцуваат.И Госпожата
исто така ужива во гледање на овие спекталурарни преноси како
од Москва,така и од други ,,Гранд При‘‘ во уметничко лизгање кои
се одржуваат низ светот.
Додека ги пратам младите и прекрасни танчерки и танчери на
памет ми дојде мислата дека и нашите внуки,посебно Михаела и
Леа би биле одлични во танцување на мраз,но за жал сеуште не
пробале.Сите внуки имаат одличен осет за танцување и ритам,за
разлика од внуците кои не се многу по танцувањето,барем за
сега.
Русите се на самиот врв во танцување на мраз,и на секое такми-
чење во светот ги освојуваат повеќето од медаљите.И во овие
дисциплини како и во многу спортови русите се неприкосновени.
Ние сме многу мала земја ако гледаме во светски размери,но
сепак можеме да бидеме добри, а дури и одлични во некои
спортови ако имаме добра стратегија за развој на спортот што за
жал недостасува.Спортот,сем декларативно,кај нас е на четврто
или пето место во приоритетите,а можеби и уште подолу.Штета.
Сите големи и водечки земји во светот го имаат спортот високо
во приоритетите на земјата,а највеќе во образованието што е
повеќе кратно и знкорисно за создавање здрава нација и
зацврснување на младината како физички,така и ментално.Како и
за повеќето работи кај нас,за жал само површно се води сметка и
се третираат работите.Се се гледа низ призма на личен интерес,а
општото добро е во трет или четврт план.Штета.Токму поради
ваквиот однос скоро кон нештата не можеме да мрднеме од
последното место во европски рамки во основните
вредности.тука секако голема мерка има и моментот дека
слабо,анемично и неквали- тетно се работи во повеќето
сектори,бидејки сеуште не сме се отргнале од старото
социјалистичко правило да се забушава што повеќе и да се бара
работа без напрегање и големи обврски и јака ефикасност.Ќе
поминат уште десетици и десетици години додека не се научи
нашиот народ дека само со многу ефикасна и корисна работа
може да се просперира и потоа ужива во плодовите од својот
труд.
26.11.2020 г. Четврток,

Нов ден,нови планови, нови желби,но и нови обврски


и нови надежи дека ова огромно чудо наречено ,,Корона 19‘‘ поле-
ка ќе се намалува и дека во догледно време ќе успееме да се
справиме со овој невидлив и многу јак непријател.
Вчера околу пладне се јаво сваќата Ванѓа и низ разговор со
Гордана се распрашуваше за инвалиската количка која ја користе-
вме и двајцата кога имавме проблеми со одењето.Другарката од
проектанското биро на ,,Факом‘‘Јагна,каде заедно работеа повеќе
години секогаш е многу спремна да помогне во било што,а коли-
чката ја зема од братот.Гордана ја користеше кога го повреди
зглобот од ногата,а јас кога имав проблеми со исчашен зглоб.

Повеќе пати заклучив дека е одлична ,,направија‘‘,а посебно кога


лично ја користев.Интересно и жалосно се почуствував со поми-
слата дека и мене веројатно ме чека количка по извесно време.
Се надевам дека тоа ќе биде по 4-5-6 години ако пред тоа не
отидам изненадно на вечните ловишта.
Зборот изненадно многу ми се бендисува,посебно за моментите
на ,,заминување‘‘ и се надевам дека како и моите дедовци и јас ќе
си заминам напрасно,што би рекле во народот.Ни случајно не би
сакал тешкото боледување и заминувањето да биде долготра-
јно,како за мене,така и за фамилијата.
Но доста со ,,црни‘‘ мисли.тие само носат лошо расположение и
ништо повеќе.
Нешто многу по убаво на пример е мислата дека планирам
за ручек,или поточно пред ручек да испијам една жолта со мојата
омилена салата со кисела зелка и обавезниот црвен пипер.Се
надевам дека е веќе стасана бидејки при врткање на буренцата
доста мириса на зрела,закиселена зелка.
Сношти многу непријатно не изненади интервјуто на
Премиерот на Владата на Македонија кое го даде за бугарска
новинска агенција.Катастрофа.Комплетно улизување на буга-
рскиот нарпод и нивните врвни политичари дури и со зборување
бугарски.Да не е жалосно би било смешно.На ваков шарлатански
политикански однос не се надевав иако уште од неговиот избор
за Премиер и понатамошното негово владение немав добро
мислење за него како личност и за неговите морални и чесни
квалитети. ,,Господинот‘‘ Зоран Заев со ова подлизувачко
интервју многу го понизи маакедонскиот народ,како и Народно
ослободителната борба и многу жртви во неа.

На многу смешен и понизен начин ги амнестира бугарскиот


фашистички окупатор кој ја окупира Македонија во 1941 година и
кој го терозирираше народот до крајни граници.
Кога го гледав интервјуто се срамев од нашиот македонски пре-
миер.Тој треба што поскоро да си замине,но големо прашање е
кој ќе го замени.Мицковски кој би требало да стане премиер по
победата на ,,ВМРО-ДПМНЕ‘‘ е уште по лош во секој смисол.

Македонија има способни и чесни луѓе кои се бават со политика и


би сакале да и помогнат на татковината,но за жал не можат да
дојдат до израз,бидејки двете најголеми партии формално
правно го држат приматот и ситните,мали партии не можат ниту
да влезат во парламентот,а камо ли да имаат премиер.
Попладнево и вечерва скоро на сите нашитв канали имаше деба-
тни емисии за скандалозното интервју на струмичанецот кој ја
води нашата Влада.Целата македонска јавност,сем неговата
врхушка од десетина послушници од партијата е згрозена од
изјавите кои ги даде нашиот ,,Прв човек‘‘ во Владата и целото
интервју.Дури и новинарите кои се многу блиски до владеачката
партија истапија со многу остри критики и гнасење на се што кажа
Зоки,како што го викаат некои во нашава земја.
Со вакво поданичко однесување кон источниот сосед само се
потврдуваат сомнежите кои ги изнесе опозицијата дека сигурно
има претходно дадено многу ветувања на врвните политичари
кои имаат тесни врски со бизнис круговите во таа земја,а кои се
крајно корумпирани.Неговата фамилија,или поточно кланот на
Заеви има,како што тврдат Вмровците повеќе фирми во таа земја
која сега многу отворено не кочи во започнувањето на прегово-
рите за членство во европската Унија.

27.11.2020 г. Петок,

Оптимистички се надевам дека денес ќе бидат префрлени


пензиите на нашите трансакциони сметки,бидејки понеделник е
далеку.Веднаш по варењето на утринското кафенце и отварање
на лап топот се конектирав на сајтот ,,Е банка‘‘ преку кој
ги ,,отвараме‘‘ нашите трансакциони сметки,каде секој месец се
уплатуваат нашите пензии.Пријатно изненадување.Пензиите се
веќе на нашите сметки.Со ова конечно е ,,покриена‘‘ сметката од
48.000,оо денари за интервенцијата на ,,Госпожата‘‘.Сега одиме
понатаму и треба да одвојам 10.000,оо денари за подарок на
Мартин за новата куќа,како и 3000,оо денари подарок за роден-
денот на внукот Дарон.Како и досега,и овие трошоци ќе
ги ,,испегламе‘‘ од пензиите со мало ,,стегање на каишот.‘‘
Со големи и обемни планови заминав околу 11 часот кон
Трговскиот Центар ,,Сити Мол‘‘ за да ги купам посочените слуша-
лки за внукот Дарон,како роденденски подарок.На запишаниот
подсетник во мобилниот имаше повеќе ,,задачи‘‘ кои сакав да ги
завршам со едно излегување.Една од нив беше купување кинска
храна од малото ,,ресторанче‘‘ ,,Ѕвезден Океан‘‘,кое се наоѓа на
вториот кат од Трговскиот центар.

Кинеската кујна е една од моите омилени поради специфичниот


вкус на различни зеленчуци и различни мевца,но по начинот на
кој е спремена.Многу добро е познато дека оваа кујна се смета за
најдобра во светот.
Набрзина завршив работа со земање јадење за ,,носење‘‘ и по
купување лек за Гордана во апотеката на ,,Зегин‘‘ побрзав кон
продавницата на фирмата ,,Нептун‘‘ во приземјето на фудбал-
скиот стадион на клубот ,,Вардар‘‘ за да ги купам нарачаните
слушалки.За среќа ги чуваа посочените црвени слушајки и по
плаќање на истите веднаш се вратив дома за да не се олади
кинескиот ручек.
Со извонредно бело вино ,,Темјаника‘‘ од Винаријата ,,тиквеш‘‘ и
одлична салата имавме многу добар,барем за мене,ручек.
,,Госпожата‘‘ не е посебен љубител на кинеската храна,но оваа
денес ја бендиса.Едина примедба и беше дека има сосема малку
месо.Но заборава дека за 170,оо денари не треба да се очекува
многу месо.Обилниот ручек го засладивме со солидно парче од
колачот кој во текот на утрото за ќерката го припреми Гордана.
Задоволни и прилично сити си легнавме да си починеме како што
обично го прават шпанците,а богами и ние.
28.11.2020 г. Сабота,

Почетокот на овој викенд е тих и мирен,но прилично


студен.Надвор полека се разденува и личи како да ќе имаме
ведар ден.Ќе видиме.Се подсетувам на синоќешната
емисија ,,Само интервју‘‘ на тв каналот ,,3‘‘ каде гостуваше
поранешниот градоначалник на Општина ,,Карпош‘‘ Стевче
Јакимовски.

Овој многу искусен Градоначалник,бидејки ја извршуваше функ-


цијата во два мандата,но и искусен политичар секој пат има
интересни и доста вистинити оценки за политичката ситуација и
случувањата во Македонија.
Во еден мандат,додека беше ,,СДСМ‘‘ на власт пред 12-15 години
беше и Министер за Социјална политика,така да има големо
искуство и знаење од политиката,посебно од македонската.
Се шпекулираше дека многу се збогатил со давање дозволи
и ,,маркици‘‘ за градење стамбени и деловни објекти во
Општината за време на своите мандати,но досега никој не спеа
тоа да го докаже.Искусниот ,,Волк‘‘ знае како тоа се прави без да
може да се докаже во никој случај.За разлика од сегашниов млад
Градоначалник Богоевски кој го постави ,,СДСМ‘‘,а го изгласаа
граѓаните,симпатизери и членови на оваа партија,Јакимовски
направи многу значајни објекти и Инфра структура во нашава
Општина.Една од нај големите е шетачката и велосипедска патека
покрај реката ,,Вардар‘‘ која се протега од почетокот на Грдскиот
парк до мостот во населбата ,,Влае‘‘.
Овој искусен политичар ја тераше работата по познатата
максима ,,Пола пије,пола Шарцу даје‘‘.За наша жал сегашниов
сака само тој да пие,а за останатите скоро и да не мисли.Многу
слично,ако не и скоро исто владее и Градоначалникот на
Општина ,,Центар‘‘ ,но и на градот Скопје, ,,Господинот‘‘ Петре
Шилегов.
Го пијам утринскиот дел од лековите- апчињата,а на тв
каналот ,,Сител" го начекав интервјуто,гостувањето на нашиот
најголем гитарист и музичар Влатко Стефаноски.

Како гитариста,композитор и комплетен музичар спаѓа во врвот и


на балканските простори,а во Македонија на самиот врв.
Меѓу десетиците и десетиците одлични композиции мене највеќе
ми се допаѓаат: ,,Џипси меџик", ,,Чукни во дрво" и ,,Скопје".
Композицијата ,,Џипси Сонг" е компонирана за истоимениот филм
кој го режираше нсшиот познaт режисер Столе Попов.
Стефановски има многу интересни гледишта и мислење како за
музиката,но и генерално за животот и нештата околу нас.😀

29.11.2020 г. Недела,

Стандардно по сабота доаѓа недела.Разбира се,што би


рекол нашиот прв Председател покојниот Киро Глигоров.Времето
е студено и делумно облачно.
Синојка на еден тв канал започна да се прикажува
филмот ,,Девет‘‘.Бидејки започна со повеќе многу познати актери
и актерки го загледавме и не погрешивме.Многу добар
мјузикал,но со малку пеење и танцување.Поголемиот дел беше
претставен како драма,но со доста комични моменти.
Филмот го третира универзалниот поим и феномен СРЕЌА.

Ова кинематско дело е направено врз база на мјузикалот ,,Девет‘‘


кој бил поставен на ,,Бродвеј‘‘ во Њујорк и кој имал значаен
успех.Главниот лик Гвидо кој го игра Даниел Де Луис е познат и
популарен режисер кој има многу обожаватели, признанија,
љубо- вници и што ти не,но сепак не е среќен.Сите овие
признанија и благодети,за кои илјадници други само сонуваат за
него не се ништо и не го усреќуваат.Филмот завршува со
пораката дека сепак за жал феноменот среќа останува и понатаму
да биде еден од најголемите феномени и непознаници.Секој може
и треба да си го тумачи и верува во својата дефиниција за среќа.
По филмот го вклучивме забавното тв ,,шоу‘‘ или
забавна ,,Гала‘‘ музичка емисија ,,Луда Ноќ‘‘ која се емитува
секоја сабота на србскиот сателитски тв канал ,,РТС1‘‘.
Извонредна забавна музичка емисија со многу пеачи,водители,
такмичари и танчери.
Секое гледање на оваа забавна емисија помислувам на нашиот
Јавен сервис,како ја нарекуваат нашата Радио телевизија и си
констатирам дека вакво забавно ,,Шоу‘‘ како ,,Луда Ноќ‘‘ кај нес
нема никакви шанси да се сними барем за наредните 15-20 годи-
ни.

Сите елементи и делови од оваа забавна емисија се многу дета-


лно и убаво обмислени за да се забави целото гледалиште во
Србија,но и пошироко.
Оркестарот и изведувачите се солидни и професионални,и колку
и да се обидувам да ,,фатам‘‘ некоја грешка во интерпретацијата,
едноставно тоа не е возможно.Браво за Србската Радио Телеви-
зија.
Вчера,поточно синоја на Македонскиот Радио Телевизијски
канал ,,МРТВ‘‘ 1 се прикажуваше втората емисија од новиот тв
квиз ,, 20 секунди‘‘.Претходната вечер започна овој квиз со
првата емисија која исто како ивтората со голем ќеиф ја
гледавме.
Не очекував дека нашите ќе направат волку добар квиз.Нешто
ископирале од србскиот ,,Слагалица‘‘,а нешто и додале наше,што
комплетно гледано е сосема во ред.Многу одамна сите во светот
нешто копираат од другите.Во тоа посебно добри се Кинезите.тие
буквално се копираат што мислат дека вреди и треба да се напра-
ви сем нивните древни вештини и наследства кои само кај Кине-
зите се оргинални,а останатиот дел од светот ги копира од нив.
Во однос на нашиот нов квиз треба уште доста да се каже.Многу
ме бендисува што не е многу тежок и што секој може да се вклучи
во активно пратење и учествување во него од дома.
Да си го проверува своето знаење и незнаење од разни области,а
посебно од општата култура и образование.
Водител е познатиот наш актер од ,,Драскиот Театар‘‘ во Скопје
Дејан Лилич.

Според мене,со доста големо искуство во пратење и гледање


разни квизови на Балканов Лилич одлично го води овој наш,
според мене одличен квиз.Се прикажува секоја сабота и недела
по една емисија што е сосема доволно и солидно.
Не знам колку епизоди се планирани,но се надевам дека ќе има
повеќе од 15 емисии, а потоа дури и втора и трета сезона.

30.11.2020 г. Понеделник,
Започна нова седмица која можеби малку ќе се разли-
кува од претходната.Кој знае.Никој.Само претпоставуваме што
можеби ке се случи,но дали ќе се случи никој не може да биде
сигурен,бидејки иднината,едноставното утре,или најточно што ќр
се случи следната минута е сосема неизвесно и непознато.
Вчера слушнав многу добра шега,или виц, кој оди вака:
,,Ако сакаш многу да го изнасмееш Господ кажи му ги твоите
планови.‘‘
Тоа што секој од нас планира се само желби кои можеби делумно
ќе се остварат,а можеби и не.сепак нема ништо лошо во тоа да си
правиме планови и да сонуваме дека ќе се остварат.Тоа не води
оптимистички напред и ни дава надеж што е многу битен елемент
во животот на секој човек.Без надеж,желби и планови животот би
бил монотон и досаден.
Денес е ,,голем‘‘ ден,посебно за фамилијата на Мартин и
внукот дарон.Денес полни девет години.Поради пандемијата и
неверојатно лошите бројки на ново заразани и починати околу
пладне ќе одиме да му честитаме и да го предадеме подарокот,но
само на влезната врата и на безбедно расојание со обавезните
маски на устите.

Планирам кога ќе излезе пред нас да му ја испееме многу


познатата и популарна роденденска песна ,,Happy birth day” koja
редовно во последниве години се пее на роденденските
прослави кога се сече роденденската торта.
Сабјлево е тмурно,облачно и студено.Се размислувам дали
воопшто има смисол да излегувам предпладнево,сем нормално
што ќе одиме кај синот да честитаме роден ден.
Поради малото ветерче кое нежно дувка,загадувањето го нема
што е нормално.Со втерчето се врти и одувува загадениот воздух
и се носи нов од Водно,но и низ ,,каналот‘‘ кој се ствара по
должи- ната на нашата најголема река ,,Вардар‘‘.
Дали вака ќе остане до вечер ќе видиме.Не се знае.Ако се смири
ветерчето ќе се ,,врати‘‘ загадувањето и повторно по старо ќе
биде загадено.
Гледајки телевизија со едното око и куцајки ги овие редови
се подсетив на исхраната која ја практикувам во последните 4-6
месеци и запишувањето на се што јадам како и приближните
калории кое заедно со секојдневното утринско мерење на тежи-
ната даде одлични резултати.Целната тежина од 76 килограми ја
постигнав уште пред еден месец и сега успешно ја одржувам.Тоа
многу ме радува од повеќе причини.Првата е здравствената,
бидејки многу познато е дека со помала тежина здравјето е
подобро и поубаво се чуствуваме.Втората исто така битна е
потврдата на добра само контрола,што исто така многу ме раду-
сева.Цврстата воља и упорност секој пат дава добри резултати
во секоја област.

1.12.2020 г. Вротник,

Помина првиот ден од неделава и сега го живееме


и ,,возиме‘‘ во вториот ден.
Стандардно утро со кафенце,коцкичка темно чоколадце кое
полека се топи во уста со феноменален полу горчлив вкус кој
помешан со одличниот вкус на кафето дава убаво и пријатно
чуство.Синојка како што било договорено отидовме да честитаме
роден ден на внукот Дарон кој наполни девет години.Нормално
го врсчивме подарокот,црвени слушалки,пликче со 1500,оо
денари и големи,одлични чоколада за двајцата.Внукот многу се
израдува на подароците како и внуката со нашето присаство.Се
сликавме со внуците,но и со целата фамилија,нормално со маски.

Наздравивме со Виски и добивме по едно парче роденденска


торта.Посетата ја праѕеше и нивниот миленик кучето Бартон,кој
цело време се плеткаше околу нас,но и околу домаќините.
Се задржавме кратко,поради заштита од вирусот и потоа
задоволни се вративме дома.
Сабајлево додека го пиев кафето полека добив некое
чуство дека треба да бидам малку сам.Се префрлив во спалната
соба каде во последниве месеци многу често седам,го пишувам
дневников на раат и по малку ги вежбам рацете во главном со
две лименки од околу половина килограм во рацете.

Во последниве години сватив дека најдобро се чуствувам кога


повремено се повлекувам и нешто си работам и нормално
размислувам за се и сешто. Самотијата,за жал полека ми станува
се поубава и поинтересна,но кога знам дека ,,Госпожата" е во
близина,најчесто во другата соба.

2.12.2020 г. Среда,

Стандардно утро со кафенце и нормално отварање на


лап топот.Ноќеска доста слабо спиев.се будев неколку пати,а
сабајлево станав рано,околу 5 часот. Синојка решив денес да
сварам од мојот специјалитет сутлијаш и да однесам на децата на
внуците од Сања,бидејки Филип,посебно го сака мојот сутлијаш,
но и останатите.Исчистен и потопен во водауште од сношти,
саба- јлево веднаш на шпорет.додека ги пишувам овие зборови
мојот сутлијаш е скоро готов.

Ќе морам да почекам додека да стане Гордана и да си одвои


неколку порциички без шекер. Потоа ќе додадам шекер,нормално
ванилини шекерчиња,и по пет минути се ќе биде готово.
Ова ,,блачко‘‘ го сакам уште од дете,бидејки во тие скромни
години мајка ми често го спремаше бидејки беше нај ефтино,но и
многу вкусно и пријатно за заблажување.
Надвор полека се разденува.Некаде од исток полека се
појавува делумно ведар и студен ден. Вниателно и со ќеиф го
јадам првото сутлијашче оросено со неизбежниот цимер кој ме
дава посебен ориентален вкус.Мислите ми летаат во детството
кога со нетрпение чекавме да биде готов сутлијашот на мајка ми,а
потоа уште вруќ го јадевме со голем апетит и ќеиф.Бевме доне-
каде сиромашни и среќни.Најдобар дел од населението во тие
времиња по ослободувањето и втората ,,Петолетка‘‘ како што ги
викаа вторите пет години на обнова на разрушената татковина,
беа многу слични во скромноста како и ние.Многу ретки беа
богатите,кои дискретно внимаваа другите да не приметат дека тие
имаат скоро се. ,,Главешините‘‘ како што ги викавме другарите во
врвните позиции на политиката и Партијата имаа сѐ,но беа внима-
телни тоа да не го покажуваат дирекно.Вака стеа работите,според
мое скромно гледиште,бидејки имав неколку соученици чии роди-
тели беа на функции или народни пратеници.Повеќето од нив
малку направија во животот и кариерата,а еден мал дел амбици-
озни,вредни и паметни се вивнаа во дипломатијата и политиката
како нај атрактивни и нај уносни.Ние кои потекнувавме од скро-
мни фамилии со многу труд и амбиции завршивме факултети и се
запосливме по скопските фабрики незнаејки дека во нив е најте-
шко и најмалку се плаќа.Сепак со многу упорна работа и истрај-
ност успеавме да створиме нешто и да бидеме ценети во друш-
твото.Иако повеќето од децата на функционерите сега живеат во
куќите и на местата кои ги добиле нивните родители тие малку
направиле во животот бидејки скоро сите,според мене немале јак
разлог и мотивација да се борат и да ствараат.Во таа вистина
сакам да верувам.Дали е се така којзнае.Секој од нас си има свој
поглед на нештата, и животот го гледа од свој агол.Тие,децата на
функционерите веројатно другачие гледаат на нештата.Нивните
родители можеби другачие ги упатувале во тајните на животот и
успехот во животот.
Нас,амбициозните и скромни деца на занаетчиите,но со
големи соништа и надежи не учеа дека само со многу напорна
работа може да се направи нешто во животот.Додуше повеќето
од децата на занаетчиите,по стапките на родителите станаа и тие
занаетчии и не завршија факултети мислејки дека и средното
училиште е сосема доволно образование.За жал многу се изла-
жале,бидејки во целиот свет образованието е многу по ценето и
признато од било кој занает.Нормално,како и во секоја друга
работа има ретки исклучоци на занаетчии кои успеале да напра-
ват многу повеќе од останатите,но сепак си останале само
занаетчии и ништо повеќе.
Познато е дека образованието,читањето книги,патувањето и
учењето на се и сешто многу ги прошируваат видиците на секоја
личност,како и по реалното гледање на работите во животот и
светот,а тоа на повеќето занаетчии малку им недостасува.
Додуше има луѓе и со завршени факултети,посебно кај нас
на балканов, кои за жал останале не дооформени и ,,сакати‘‘ во
многу области од животот.Додека работев во ,,Раде Кончар‘‘
имаше повеќе инженери,машински и електро,но и од другите
струки кои и покрај факултетските дипломи останале полу писме-
ни,прости и без општа култура.Факултетското образование дава
знаење од некоја област,но не и општа култура и сознавање на
вистинскиот живот.Тоа се добива ,,на улица‘‘ како што во жаргон
се вели.Кој не го завршил и факултетот на улицата
останува ,,инвалид‘‘ во многу работи неопходни во животот.
Светот одсекогаш бил океан полн со ,,ајкули‘‘ кои само чекаат
наивни и помалку глупи за некои работи,рибчиња за да се иживу-
ваат со нив,да ги омаловажуваат,но и искористуваат.
Вакви примери има насекаде со илјадници.Од секогаш сум имал
сожалување за овие луѓе,и сум ги земал во заштита,но за жал
бруталните насилници кои се многу послаби и полоши од овие
јадници немаат милост. Во овој миг се сетив на една мисла која
одивака:
,, Ако некој те омаловажува-турка надолу,тоа само значи дека си
над него во секој поглед.‘‘
3.12.2020 г. Четврток,

Вчерашниот ден заврши како и повеќето претходни со


гледање некој филм на телевизија.Во последно време скоро секој
ден додека куцам-пишувам во дневников по неколку страници
веднаш го куцам следниот датум и ден кој нормално ќе дојде
утре.
Повеќе пати се прашувам зашто.Зашто толку брзам.Дали подсве-
сно сакам побрзо да заврши мојава живеачка на овој свет или
како и за сите други работи во животот многу сум брз и за жал
често и брзоплет,што не е баш добро.
Во телефонски разговор кумата Мира ја замолила Гордана
да ми каже да разгледам на ,,Интернет‘‘ околу прочистувачи на
воздух бидејки конечно и тие сакале да набават. Бодејки немав
некои итни планови за вчера сабајле побарав на брзина на ,,Гигл‘‘
што се нуди во Скопје.Ги најдов фирмите од кои набави Мартин и
ние,потоа Сања и уште една ,,јака‘‘ фирма која нуди скапи прочи-
стувачи.На кумот му испратив ,,линкови‘‘ од сите три и типови со
цени кои ги имаме сите мие.Кумата која е многу енергична за
се,па така и за купување кога ќе одлучи веднаш го натерала кумот
Коле да видат низ градот дали ги има посочените фирми и
типови.Го нашле типовите од фирмата ,,Хаоми‘‘ кои ги има
Мартин,но со пониска цена и ме консултираа кој да го купат.
Неблагодарно е да се предлага кој тип конкретно бидејки може да
се јави некој проблем и потоа да си помислат дека јас сум ги
зафркнал.
Ги упатив и на поефтиниот,но ина поскапиот кој секако е
подобар.На крајот купиле прочистувач од поновите типови и
радосни ме обавестија дека завршиле работа,а Мира дури и се
заблагодари за помошта.Интересно е што иако сме блиски со
кумовите уште од нашата свадба постои мало ривалство од
нивна страна кон нас што не ми е потполно јасно.
Бидејки нејзиниот татко како првоборец уште од пред 50 тина
години бил на разни раководни функции биле солидно ситуирани
во споредба со нас.
Ние сами сме стварале скоро се,бидејки моите родители немале
можности многу да не помагаат како нејзините.Сами сме наоѓале
работа по дипломирањето и сами со свој личен труд сме
напреду- вале,за разлика од нив кои татко и ги вработил во
фирми каде тешко се запослуваше без ургенции и ,,јаки‘‘
пријатели.
Низ животот ние воопшто не чуствувавме никакво ривалство со
нив,бидејки тоа воопшто не ни беше битно,ниту тогаш,а уште
помалку сега.Одприлика и тие и ние постигнавме скоро исто во
нашите животи.Во нешто тие повеќе,бидејки имале помош во
секој поглед, и биле по штедливи,а во многу работи ние,со многу
труд и упорност,но и снаодливост исто така.
Нашите деца се прилично успешни како во професиите и кари-
ерите,така и во животот и фамилиите.Нивните слично,иако
ќерката е одселена од Скопје и живее во Канада.
Едина покрупна разлика меѓу нас и нив е што ние ѓи учевме
нашите деца сами да се борат и создаваат во животот,што е
според нас нај правилно,а тие и порани,но и сега гледаат што
повеќе да им помогнат во материјален и друг смисол,со што,
според нас им прават лоша услуга.
Луѓето,младите кои се оставени сами да ,,пливаат‘‘ и да се борат
во животот,ако се способни секој пат постигнуваат многу повеќе
и се поупешни од другите кои се учени уште од деца да чекаат
некој друг да им помогне и заврши работа.Позната е мудрата
мисла која вели:
,,Дај му некому риба и си го нахранил за еден ден.Научи го сам да
лови риби и си го нахранил за цел живот.‘‘
Со оваа многу мудра мисла ние ги воспитувавме нашите деца и
покрај способноста и трудољубивоста ова многу им помогна да
успеат на сите полиња.
Вчерашниот ден,скоро целиот ми помина во слабо и анеми-
чно расположение,за разлика од денешниов кој започнува доста
ведро и расположено.Се надевам дека така и ќе остане до крајот.

Додека ја пратев емисијата од кулинарството на тв каналот ,,24


вести‘‘ која ја води Маја покрај другото слушнав од неа дека
едното нејзино синче има некоја болест на нозете и мора да се
движи само со инвалидска количка.Веднаш на памет ми дојдоа
нашите 5 внуци и радосно и среќно си констатирав дека ние
заедно со нашите деца и нивните фамилии сме многу среќни што
сите се здрави,паметни и со ,,сите нишани‘‘ како што би рекле
нашите родители.
Низ животот понекогаш забораваме дека најголема среќа е сите
во фамилијата да се во ред,здрави и живи,а останатото е помалку
битно.Често се нервираме и ни сметаат обични глупости,а ги
занемаруваме најважните нешта.Гардеробата,како и материја-
лните добра се само радост и среќа да кратко, а здравјето и
љубовта е трајни и најбитни нешта,кои скоро сите понекогаш ги
ставаме во втор план.

4.12.2020 г. Петок,

Полека завршува и оваа работна седмица.Времето е


феномен кој ниту може да се сопре ниту потполно да се
објасни и свати.Сабајлево со задоволство си повторував
англиски,а околу 10 и 30 часот отидов до супер
маркетот ,,Рептил‘‘ и купив некои работи за јадење.
Околу 13 часот се јави синот со прашање кога планирам да
одам кај нив со спемениот ручек ,,Мусака‘‘ и за нивната
фамилија.Спомна дека стигнал ,,смарт‘‘ часовникот кој го
нарачал уште пред 5-6 месеци од Кина за мене,и сака да ми
покаже некои детали и да го ,,среди‘‘ за работа со мојот
мобилен телефон.Бидејки имал ,,видео он лајн‘‘ состанок од
13 и 30 до 14 и 30 часот сугерира да одам покасно од
планираното.Веста за ваков часовник ме израдува бидејки
одавно планирав да нарачам ефтин ,,смарт‘‘ рачен часовник
кој брои чекори и се чита времето и во темнина што посебно
ми е интересно.
Отидов,го однесов ручекот,а Мартин ми ,,симна‘‘ апликација
за користење на ваков часовник и го ,,регистрира‘‘. Часовни-
кот е супер иако е доста ефтин.За квалитетот не може ништо
да се каже,бидејки не можеме да очекуваме голем квалитет
за мала цена.

Го бендисав часовникот и засега е се во ред.Колку ќе трае ќе


видиме.Многу битно е дека има големи бројки кои може лесно да
се читаат и ноќе,брои чекори, а има и доста други функции.
Гордана исто така го бендиса часовникот,а јас посебно.Доволно
е голем за да има големи бројки кои убаво ги гледам и во
темница. Класично елегантен со неупадлива црна
боја.Неверојатно е како успеваат тие феноменални Кинези да
произведуваат вакви и безброј други разни ,,Гаџети‘‘ како што
модерно се нарекуваат електронските уредчиња со разни
функции со толку ниски цени,а сепак да имаат заработка.Тајната
ми се чини дека лежи во ,,теори- јата на големите броеви‘‘. Секое
уредче се произведува во мили- онски серии за светскиот пазар
кој е огромен.Од друга страна и нивниот Кинески пазар е
огромен,така да и минимален профит помножен со милионска
серија дава солидна заработка.
По којзнае кој пат си заклучувам дека Кинескиот народ е светско
чудо во многу,многу области.Ги гледам и доживувам со огромен
респект и дивење бидејки генерално се многу скромни,вредни,
мудри и упорни.

Кај кинскиот народ веројатно основните животни вредности како


што се работата,упорноста,скромноста и слично, се длабоко
всадени скоро во секого уште од дамнешните времиња кога
нивните предци со голем труд и упорна тешка работа се бореле
да ги прехранат своите фамилии во сиромашната земја.
Многу одмна имам желба да ја видам оваа земја и нејзиниот
народ во живо,но за жал досега немав релна прилика да ја
посетам,ниту службено,ниту приватно.Штета.

5.12.2020 Сабота,

Викендов започна стадардно.Се сетив на ветениот ѕи-


ден часовник од службеничката на фирмата ,,Вардар градба‘‘ која
ми се јави и вети дека ќе го испрати по својата пријателка во
Гранапот каде што го видов ваквиот часовник.Денес планирам да
отидам околу пладне до продавницата за зеленчук и проверам
дали стигнал.Ноќеска практично го испробав новиот ,,смарт‘‘
часовник.Во темница одлично се гледаат големите бројки од
часовникот,што не беше случај со малите бројки од претходниот
кој го изгубив пред околу една година.Тие матно ги гледав и
тешко се читаа во сонлива состојба среде ноќ.
Ја гледам емисијата ,,Македонија наутро" на Јавниот
сервис ,,МРТВ1" и разговорот со нашиот млад оперски пеач Иван
Наумовски кој ја спомена нашата многу позната и феноменална
стара народна лирска песна ,,Си заљубив едни моме".текстот е
многу тажно романтичен и незаборавен,барем за мене.
Си заљубив едно моме
Си заљубив едно моме
од малечко до големо,
дојде време да го земам, оф аман, аман,
падна моме, се разболе.
Јас отидов да ја видам,
ми побара понудица,
среде зима бело грозје, оф аман, аман,
среде лето - жолта дуња.
Јас отидов во чаршија,
да побарам понадица,
среде зима бело грозје, оф аман, аман,
среде лето - жолта дуња.
Ко се вратив од чаршија,
сретнав моме на носилка,
двесто давам - спуштете ја,оф аман, аман,
тристо давам - да ја видам.

Македонското творештво на народни песни,посебно старите


песни е полно со тажни песни за несреќни љубови и неостварени
симпатии и љубовни желби и мечтаења.
Оваа извонредна песна е една од неколкуте најсакани мои
македонски песни.Иако моето либе од младоста е мојата сопруга
Гордана со која го поминав целиот живот е дијаметрално
различна од содржината и зборовите во песната,самата песна и
зборовите при секое слушање ме погодуваат право во срцето.
Предвечер се јави кумата Мира која редовно,скоро секој ден
си контактира со Гордана и спомнала за Британската
серија ,,Круна‘‘ која има три сезони.Првите две кои комплетно ги
просле- дивме беа одлични и со големо задоволство ги
изгледавме. Третата за жал е многу послаба,според нас и од неа
гледавме само две епизоди.Кумата спомнала дека веќе има и
четврта сезона од истата серија.Сака да ја гледаат ако ја имаме.Ја
барав на мојот екстерен ,,Хард диск‘‘ и не можев да ја
најдам.Затоа веднаш ја ,,симнав‘‘ од Интернет,но исто така и
четвртата сезона.
За среќа има певоди на Хрватски и Србски јазик и утре планирам
да ги комплетирам и да започнеме да ги гледаме и двете после-
дни сезони.

6.12.2020 Недела,

Традиционално стандарден ден за одмор и почивка во


целиот свет.Денес имам доста планови и задачи кои си ги поста-
вив за извршување.Планирам покрај уфрлување и корегирање на
преводи во серијата ,,Круна‘‘ да изпечам и тиква,нормално на
ефтината струја која ја имаме цел ден во недела.Покрај станда-
рдното бањање планирам и да испеглам 4-6 кошули,но и да
сварам и сомелам пченица која сите многу ја сакаме,нормално со
мелени ореви.
Станав малку рано,некаде пред 6 часот.Добро е што и денес
сум доста расположен,за разлика од пред неколку дена кога еден
ден стнав нерасположен.Овие денови,особено послњдните два
скоро да немам болки во препоните и тоа е можеби една од
причините за добро расположение.Други неколку мали причини
веројатно се ситните убави работи кои се случија овие денови.
Прво подарокот ,,Смарт‘‘ часовник од синот.Ефтин,ефтин,но за
сега врши работа.До кога ќе видиме.Друга ситна работа е ветува-
њето ,,Гратис‘‘ ѕиден часовник кој не е бучен,од службеничка на
Фирмата ,,Вардар градба‘‘ која воопшто бне ја познавам.Трета
е ,,симнувањето‘‘ на третата и чтвртата Сезона на
серијата ,,Круна‘‘.
Можеби има уште некоја ситница со која се дополнуваат горните
неколку.
Драги дневниче.Немој да мислиш дека малку сум те запо-
ставил,иало во последно време,морам да бидам искрен, малку
изгубив елан и амбиција за пишување,но сеуште терам,и се
надевам дека уште долго време ќе можам и сакам да пишувам.
Како што гледаш сеуште секој ден пишувам.Некој ден
повеќе,некој помалку,но ниеден ден не сум прескочил.
Многу ме радува што сега,по пишување на повеќе од 1700 страни-
ци,се разбира заедно со сите седум книги кои ги напишав пишува-
њето многу по лесно ми оди.
Сега речениците многу глатко и подобро,но и побрзо ги форми-
рам и пишувам.Мислата многу подобро и побрзо ми тече и се
преточува во реченица.

Пишувањето на дневников обично го правам наутро,веднаш по


станување со кафенцето пред мене.Најчесто станувам
пред ,,Госпожата‘‘,така да во дневната соба е тихо и мирно.
Нормално,тв апаратот не е вклучен,за да не ми го одзема
вниманието.За сега овој утрински секој дневен ритуал со пишу-
вање на две,три страници ми причинува големо задоволство.Се
надевам дека ќе потрае уште доста долго.Потоа ќе видиме.
Надвор полека се разденува.Часот е оклу 6 и 30 минути,а јас се
подсетив дека ноќеска кога се разбудив си ветив дека морам
повеќе да читам книги,кои за жал во последно време малку ги
запоставив.Гордана чита многу повеќе од мене,и тоа малку ме
подстрекнува и јас да продолжам малку по посветено да читам
книги.
Последниве години потполно се навикнав да читам книги или
на ,,Лап топ‘‘ или на ,,Таблет‘‘ бидејки повеќето книги кои ги
прочитав претходно ги ,,симнав ‘‘ бесплатно од интернет.
На памет ми дојде мислата кога во младоста доста патував со
автобус,како до работа,но и кон населбата ,,Ченто‘‘ каде
живеевме од 1977 до 1984 година.Многу често читав нешто додека
патував, бидејки имаше доста долго возење.
Читањето книги и било што останато е нешто посебно.познато е
дека со читањето се отвараат многу нови бескрајни светови и
простори.Тоа оплеменува,учи на многу нешта неопходни во
животот на секој од нас.Тие што многу малку или воопшто не
читаат остануваат полу писмени или скоро неписмени за многу
битни работи во животот и светот околу нас.
На овие вистини често се подсетувам и тоа веднаш ме тера многу
жестоко да се фатам за книга и да читам.
Многу по лесно е пасивно да се гледа телевизија како теле во
шарена врата,иако и на таа волшебна и понекогаш проклета
кутија има добри,едукативни,но најчесто само забавни содржини.
Толку за овој долг миг на утринско пишување.Брзам да ја
отворам книгата ,,Човекот од Петерсбург‘‘ од Кен Фолет која
започнав да ја читам пред околу два месеци.Чао дневниче.Ќе се
видиме и чуеме можеби уште еднаш во текот на денов.Кој
знае.Никој.
7.12.2020 г. Понеделник,

Започна нова седмица.Нов ден,нова надеж за сите,па


се разбира и за мене.Утрово е дожливо,барем за сега.По малку
врне,а за среќа не е многу ладно.Веднаш по станувањето и
врењето кафенце, го приставив гравот кој треба јас да го сварам
за целата фамилија.Се подсетувам на двете епизоди од
серијата ,,Круна‘‘ трета сезона,кои ги гледавме синојка.

Епизодите се содема во ред и мене ми се допаднаа.Не знам зашто


пред 7-8 месеци кога прв пат ги гледавме не ни се
допаднаа.можеби поради моменталната малку ,,тешка‘‘ психичка
ситуација по мојата доста тешка операција на срцето.Кој знае.
Планирам секоја вечер да гледаме по две епизоди,а во меѓу
време ќе уфрлам преводи и на сите епизоди од четвртата сезона
така да потоа ќе можеме и неа да ја изгледаме.
Ѕидниот часовник со рекламен испис на Фирмата ,,Вардар-
градба‘‘ уште вчера веднаш по зенањето од Гранапот каде го
испрати службеничката од оваа фирма го закачив во спалната
соба,така да сега во секое време можам да го погледнам и видам
колку е часот.Часовникот е сосема добар.Покрај големите бројки
во долнит дел има и два мали инструменти од кои едниот
покажува влажност,а другиот температура во просторијата.Тикму
ваков сиден часовник барав скоро две години во главном низ
центарот на градот,но никако не можев да најдам.Нај битно е што
е тих и не тропа при работа.
Секундарната стрелка се движи континуирано,а не со удари и
мала бука.Тоа е многу битно за во спална соба,инаку ќе смета
додека спиеме или се обидуваме да заспиеме.

Размислувам повторно за гестот на службеничката на оваа


фирма која ги дели овие зидни часовницисо испис на името на
фимата ,,Вардар-Градба‘‘ како реклама.Ниту ме познава,ниту
знае за мене,а по само еден љубезен телефоски разговор вети и
испрати еден ваков ѕиден часовник.Сепак и покрај изгубените
вредносни и морални вредности кај добар дел од народот во
последните 30 тина фодини,постојат за среќа уште чесни и за
респект вредни луѓе во нашава замја.Една од тие е секако оваа
службеничка.
Респект и почит за неа.
Сабајлево повторно прашања и примедби од ,,Госпожата‘‘ за
гравот кој го спремав.Зашто вака,зашто така.Разни прашања и
примдби кои во последните години ги има многучесто,а посебно
последниве неколку гидини.Полека излегува дека скоро се и
смета,и на се има забелешки и незадоволство.Ова е посебно
нагласено кгога ќе стане ,,на лева нога‘‘ како што се вели во
народот.тогаш и за најмали и ситни работи има за белешки и
негодување.И мне некои работи кои таа ги прави не ми се бенди-
суваат,но се обидувам да ги игнорирам и да се правам дека не ми
сметаат.Никој,па ниту ние сме перфектни.Таков човек не постои,
но некој ,за жал или тоа не сака да го свати или примедбите се
нешто внатрешно и појако од самиот карактер и желба да не се
прават забелешки.
Во младоста,па дури и до пред 10-12 години примедбите беа
многу ретки или ги немаше.За жал сега се секојдневни и многу
чести.Тоа е резултат веројатно за изгубената голема страст,или
љубов ало сакаме да бидеме по романтични која со годините
полека спласнува и бледее.
Синојка сварив пченица за цела фамилија и нормално
ставивме ореви.По ручекот околу 14 часот ги разнесов гравот и
пчениците и на Мартин и на Сања.И едните и другите сакат
мелена пченица со мелени ореви.
Попладнево се јави сестра ми Вита и меѓу другото ме
подсети дека на денешен ден пред 16 години почина мајка ми
Евгенија.Морам да признаам дека слабо паметам датуми,а уште
послабо датуми на умирање,но и раѓање на бебиња во фамили-
јата и пошроко.Во мислите веднаш ми дојдоа последните години
од животот на мајка ми,како и погребот.
Независно од денешното подсетување,често мислсм на мајка
ми,и секој пат на ум ми доаѓа дека сум можел и тррбал многу
повеќе да направам за неа,бидејки мама Евгенија највеќе
заслужуваше,а никој пат ништо од никого не тражеше.Максимално
се вложуваше во нас децата да не изведе на прав пат и да бидеме
на тој пат здрави и живи.Сега од оваа дистанца ова ми е
максимално јасно,а додека беше жива,за жал понекогаш немав
многу слободно време да и посветам повеќе.Штета,за мене
посебно.Сега е касно.Ја нема вдќе меѓу нас мама Евѓенија.Секој
пат кога помислувам на неа,а посебно кога пишувам многу се
натажувам и окривувaм што не сум бил подобар син,иако во
споредба со сите други синови кои ги познавам повеке сум
сторил за мајка ми.Таа е единствена кој безрезетвно и цел живот
максимално ме сакаше,за разлика од останатите.

8.12.2020 г. Вторник,

Вториов ден од оваа седмица започнува нормално и


обично.Се надевам дека и овој ден ќе помине доста успешно и
добро,но никогаш ништо не е сигурно.Сабајлево додека го
изведував рутинското вежбање со рацете и скромно со нозете
случајно на тв каналот ,,Сител‘‘ наидов на разговор со Министе-
рот за здравство Венк Филипче.
Нормално разговорот беше околу пандемијата и справувањето со
неа.Министерот многу добро објаснуваше се околу мерките и
справувањето со вирусот,иако новинарите од телевизијата често
поставуваа провокативни прашања.
Иако тој со својот тим,според мене имаше и грешни потези и
непотребни,лоши мерки,во целина солидно го води процесот со
справување со оваа напаст која го погоди целиот свет.Впрочем
многу Европски земји,но и Соединетите Американски Држави
правеа и сеуште прават грешки при справувањето со пандеми-
јава.Генерално,според мене се разбира,филипче е солиден
Министер и ја заслужува таа функција, за разлика од повеќето
други Министри кои воопшто не одговараат на Министерствата
кои ги водат.,,Господинот‘‘ Заев,како и сите претходни Пртемиери
министрите ги поставува според негови критериуми на подобност
кон неговите ставови и послушност,но и поради коалицијата
со ,,ДУИ‘‘ без која нема да може да состави Влада и да има мнози-
нство.Државата и народот се и овој пат на второ,или трето место.
Приоритет е да се остане на власт и да се спроведат своите пла-
нови во приватен смисол.Многу слично за жал беше и во мина-
тото.тоа е тоа.Ова е нашата Македонска стварност.
По вестите на тв каналот ,,Канал 3‘‘ во дебатната емисија ,,Само
вистина‘‘ го прикажаа интервјуто-разговорот со Сценаристот и
режисер на филмот ,,Трето полувреме‘‘ Дарко Митревски.

Разговорот,целата емисија беше инспирирана со денешното


одбивање, односно ставање ,,Вето‘‘ од Бугарската држава на
Разгледување и одобрување почеток на преговорите за прием на
нашата земја во Европската Унија.Оваа извонредна емисија е
снимена во 2011 година и во неа многу вистинито и со факти
авторот и сценарист,како и режисер Митревски ги прикажа
бугарските ставови кон нашата земја кои датираат многу одамна.
Изнесувањето на вистинските факти од страна на овој режисер на
многу екплицитен начин оставија јак впечаток кај мене.

Покрај нашиот најголем и најуспешен режисер Милчо


Манчевски,како и Столе Попов,Дарко Митревски според мене се
вбројува во врвните релативно млади и успешни режисери.

9.12.2020 Среда,

За денешниот ден сеуште немам некои посебни плано-


ви,сем да продолжам со читањето на книгата ,,Човекот од
Петроград‘‘ која за сега е сосема добра.Кога сум во спалната
соба,кога најчесто пишувам,го куцам дневников или само вежбам,
Обавезно често фрлам поглед на големиот ѕиден часовник и
секој пат се обрадувам на убавиот изглед и големите бројки.
Времето има големо значење за мене уште од стродно-школските
денови.
Тогаш многу често бразав да ги научам лекциите за следниот
училишен ден за да можам потоа да играм пинг-понг со кој бев
многу ,,запален‘‘ и многу сакав да играм.Скоро секое слободно
време го користев за играње пинг-понг.

Бидејки често играв станав прилично јак играч.Учествував на


повеќе натпревари,каде често освојував и награди.Сега,за жал
веќе не ме интересира овој спорт.Ништо не ме влече да одам
некаде и да играм како што правев во раната младост.
Времето денес е облачно и дожливо,но не е студено.Во
утринската процедура после кафето од предвчера вклучив и
читање книга што е доста интересно и убаво бидејки е тихо,
мирно,а и концентрацијата ми е поголема.
Книгата ,,Човекот од Петроград‘‘ е интересна,а посебно стилот на
пишување на мојот омилен писател Кен Фолет.Ја читам на лап-
топ,бидејки претходно бесплатно ја ,,симнав‘‘ од Интернет.
Во последниве години имам ,,симнато‘‘ десетици и десетици
книги
и веројатно тешко ќе стигнам сите или поголемиот дел да ги
прочитам.Но тоа не ме секира.Колку прочитам толку.
По којзнае кој пат се подетувам на многу познатата вистина дека
книгата е најголем и најдобар пријател на човекот.Ни стои на
располагање во секое време и насекаде каде одиме или престо-
јуваме.Спема книгите немаме никакви обврски,за разлика од
вториот најдобар пријател на човекот кучето.
Книгите ги сакам уште од детството,иако во одредени периоди на
досегашниот живот,на моменти читањето сум го намалувал
поради други приоритетни задачи,како на пример спремање
испити на факултетот.
Читањето мниги е една од најубавите работи во чивотот,бидејки
отвара нови светови,нови видици и носи невидено задоволство,
но и многу се учи и осознава.Предности има стотици,а за недоста-
тоци не можам да се сетам на ниеден.
Во посчледните години,за жал по читање на дваесетина страници
од штампана книга полека ми доаѓа дремка,што е веројатно пос-
ледица на мојот низок притисок кој го имам во последно време.
За среќа додека читам на лап-топ вакви проблеми немам.

10.12.2020 г. Четврток,

По вчерашниот стандардно поминат ден,се надевам


дека и денешниот ќе биде сличен.Последниве 3-4 месеци секое
утро по станување веднаш ја мерам тежината соблечен само
во ,,долна‘‘ облека.Прочитаната тежина ревносно ја запишувам во
табелата за лековите кои секојдневно ги пијам,но и во тетратката
каде запишувам што и колку храна јадам секој ден.Ме радува што
во последниов месец ја стабилизирав тежината на износ од 76 до
максимум 77 килограми што и беше и сеуште е моја цел.
Се подсетувам на синоќешното гостување на познатиот Микро
биолог докор Никола Пановски на тв каналот ,,Канал 5‘‘ во
емисијата ,,Само Вистина‘‘.Највеќе докторот зборуваше за
вакцината за лекување на вирусот ,,Ковид 19‘‘.

11.12.2020 г. Петок,

Повторно петок,и се надевам дека уште стотици пати ќе го


дочекаме овој ден.За среќа сабајлево станав релативно касно,
барем за мене. По станувањето околу 7 и 15 минути и утринското
кафенце седнав рутински на лап топов да напишам неколку
редови.Се подсетувам на синоќешната осма епизода од
серијата ,,Круна‘‘ трета Сезона,која ја гледавме после седмата.Во
оваа епизода доминира ликот на Принцот Филип,како сопруг на
акту- елната Британска кралица Елизабета втора.

Како што е добро познато тој е во втор план целиот живот,во


бракот и животот со кралицата Елизабета која е на тронот на
Кралствого голема Британија веќе шест децении.Иако има
буквално се,тој на моменти не се чуствува многу среќен,бидејки
не може да се бави со тоа што највеќе сака,бидејки како сопруг на
кралицата има многу протоколарни и други обврски кои често не
ги бендисува,но за жал мора да ги прави.Третава сезона,како и
претходните две се сосема добра,иако првите две беа малку
подобри.Не радува што има и четврта сезона која исто така
ја ,,симнав‘‘ и вметнав преводи,така да по десетата-поледна
епизода од третата ќе ја гледаме и четвртата сезона.
По легнување на тв апаратот во спалната соба случајно
го најдов филмот ,,Англиски Пациент‘‘.
Овој филм е еден од моите 10 омилени филмови во последните
20 тина години.

Оваа љубовна драма е ремек дело на мојот омилен жанр и со


феноменалните актери Ралф Фајн,Кристин Скот и Жулијет
Бинош,како и извонредната режија и сценарио преставува
феноменално филмско дело.
Филмов ,,Англиски Пациент‘‘ за прв пат го гледавме во
скоипското кино ,,Култура‘‘ пред дваесет и неколку години и
тогаш,како и сега бев одушевен од филмот.

Досега сум го гледал повеќе пати,веројатно 5-6 пати,и секогаш


откривам нешто ново и извонредно во некои детали од филмот
Кои претходно не сум ги забележал или не сум обрнал доволно
внимание.
Филмов има освоено девет статуетки ,,Оскар‘‘ во 1996 година,што
преставува огромно признание за квалитетите на ова ремек дело
на филмската уметност.Во приказната од филмот многу убаво е
преставен феноменот среќа,или несреќа.Главниот лик покрај
големата љубов со актерката Кристин Скот го напушта среќата по
падот на авионот во кој е тешко повредена неговата сакана.И
покрај огромните напори да стигне на време и да ја спаси
њубената не успева поради многуте незгоди кои му се испречу-
ваат на патот.Повторно и во овој феноменален филм се
потврдува познатата вистина дека сепак во животот треба да се
има доста среќа,бидејки без неа тешко се постигнува било што.

12.12.2020 г. Сабота,

Стандарден почеток на уште еден викенд.Пијам кафе и


се подсеувам на вчерашните мисли околу карактерот на секој од
нас.Се обидов по којзнае кој пат малку да го анализирам мојот
карактер.Иако секој од нас е доста субјективен,посебно кон својот
карактер заклучив дека за жал имам доста тежок и специфичен
карактер.Тоа.според мене се разбира е резултет на наследните
карактерни особини,но делумно и од воспитувањето во
детството
Знам дека имам многу ,,слаби‘‘ карактерни особини,меѓу кои е и
брзото лутење и за најмали ситници.Сигурен сум дека во многу
ситуации сум прилично арогантен,што исто е лоша особина,но
тоа е тоа.Се трудам најчесто да не биде така,но нешто внатре не
ми дозволува да бидам другачии.Зборувањето повеќе од неопхо-
дното е исто една од лошите особини,бидејки често кажувам
нешто што треба да се премолчи. Често низ животот,а посебно со
некои познаници кои не ги бендисувам кажувам некои работи кои
би требало да останат некажани.
Синојка продолживме со гледање на последните две епизоди од
третата сезона на серијата ,,Круна‘‘ која ја бендисуваме.Во овие
две епизоди доминира сестрата на кралицата Елизабета врора
Маргарет.
За разлика од кралицата таа е многу размазена,со раскалашно
понашање,многу дирекна и често безибзирна кон секого.Во
душата е љубоморна на сестрата Елзабета и смета дека таа би
била многу подобра и поуспешна кралица во секој поглед.Има
многу специфичен и тежок карактер.
Најчесто се однесува недолично за една дама,а најмалку за
принцеза чија сестра е кралица на британија.Многу е несреќна
како во љубовта,но генерално и во животот.
Низ прреставување на членовите од тесното кралско семејство
многу убаво е преставен еден од најголемите феномени,а тоа е
среќата.Принцезата Маргарет има буквално се,но и покрај тоа е
многу несреќна.
Вчера имавме убав зимски ручек,а тоа е прас со свинска
кртина. Нормално неизбежната салата која се состоеше од
цвекло, љуте- ница и корнишони.Пред обедот се ,,засладив‘‘ со
чашка прекрасна ладна ж-та ракија од најголемата и најпозната
наша Винарија ,,Тиквеш‘‘.со одличната салата чакијата
едноставно се ,,лизгa‘‘ низ грлото со голем ќеиф.Приметувам
дека во последните месеци пивото се помалку ми прави ќеиф,сем
со ќебапчиња.За разлика од него жолтата комовица се повеќе ја
бендисувам.
Денес одлучивме да јадеме ,,Тортелини‘‘ кои јас најчесто ги
спремам бидејки се наједноставно јадење.Секогаш ги спремам
со ,,Хопла‘‘ која претходно е сварена и се меша со
сварените ,,Торте- лини‘‘.На крајот ручекот се посипува по желба
со ситно Италијан- ско жолто тврдо сирење ,,Пармезан‘‘.
Попладне,по обавезното дремење вклучив една епизода од
србскиот квиз ,,Потера‘‘ кој го има на Интернет
Порталот ,,Јутјуб‘‘.
Двајцата сме големи љубители на квизовите и со ќеиф ја гледа-
вме вклучената епизода.
Како и во сите други квизови и во овој покрај забавата си го
проверуваме и своето знаење од ,,Општа Култура‘‘.
По него вклучив и една епизода од Хрвадскиот квиз ,,Потјера‘‘ кој
е во принцип истиот само од Хрватската телевизија.
На крајот си ја одгледавме и денешната епизода од нашиот нов
квиз ,,20 секунди‘‘ на нашата Македонска радио телевизија.
Вечерва беше ноќ на квизови бидејки гледавме три квиза едно по
друго.

13.12.2020 г. Недела,

Полека денес завршува и овој викенд.Сабајле за среќа


станав околу 6 и 30 часот доста расположен,што е одлично.
Можеби поради тоа што моментално немам болки,или поради
соништата на кои скоро и да не се сеќавам.Но,тоа не е ни битно
во суштина.Нај битно е дека сум доста добро расположен, и
моментално се чуствувам доста здрав.На подарениот ,,смарт‘‘
рачен часовник повеќе пати дневно го мерам притисокот.Според
резултатите кои веројатно се повисоки за 7-8 единици,притисокот
е во ред.Продолжувам сабајлево со читањето на
книгата ,,Човекот од Петроград‘‘ и по кој знае кој пат си ја
констатирам познатата вистина околу книгите и читањето
книги.Скоро да нема поголемо задоволство,сем сексот во
младоста и јадењето низ целиот живот од читање книги.Многу ме
радуваат моментите кога читањето одлично ми оди,бидејки
буквално уживам во тоа.
На моменти многу се радувам на фактот дека повремено добивам
страшна желба за читање.
За жал понекогаш доста се намалува.Оваа желба многу зависи од
содржината на самата книга што ја читам и нормално стилот со
кој е напишана.Околу читањето доста влијание има
и ,,Госпожата‘‘ која чита повеќе од мене,а јас често се трудам да ја
стигнам,а за престигнување не станува збор.
Повеќе пати сум помислил колку се ,,осакатени‘‘ во ментална
смисла луѓето кои многу малку или воопшто не читаат.
Повремено се чуствувам привилегиран од Господ кој ми подарил
желба за книги и читање.Тоа е многу убаво чувство и привилегија
која јас ја ценам како голема.
Синојка случајно наидовме на познатиот филм ,,Бабел‘‘ во кој
Играат познати Холивудски ѕвезди какоБред Пит,Кеит Бланшет и
Гвинет Палтроу.Започнавме да го гледаме,иако пред неколку
години сме го гледале,но и заборавиле.

Во ова време на пандемија кога во главном сме дома,посебно во


овие есенски денови,но и во тие што следат,најголема и главна
забава покрај читањето книги и лап топот е гледањето тв серии
филмови и квизови.За жал добар дел од времето поминува и во
слушање и гледање вести,а посебно информациите околу панде-
мијата.

14.12.2020 г. Понеделник,

Времето е најголемиот феномен кој многу тешко се


објаснува,но сепак на почетокот на секоја седмица сите малку
повеќе го чуствуваме биејки сакале или несакале гледаме и
сваќаме дека времето неповратно си тече и дека назапирливо се
нижат седмиците,месеците и годините.
Стандардно станување,кафенце со чоколадце и половина банана,
но и рутинско отварање на лап топот и програмот за
пишување ,,Докс‘‘ во кој го пишувам дневников.
Во последно време,поточно последниве години зборот станда-
рдно и рутински многу често ги употребувам.
Животот,за среќа во последниве-пензионерски години е рутински
и без поголеми проблеми ако се исклучат здравствените особено
кај мене.Но овие проблеми ги прифаќам како нормални за некој
кој е на возраст од 70 тина години и со понежно и послабо
здравје
Повеќе пати лично и само за себе во последниве години се
прашувам дали сум и сега среќен како што бев додека бев
помлад
Констатацијата е секогаш иста.Среќен сум и повторувам и ства-
рно тоа го мислам бидејки воедно и помислувам на многу мои
познати,колеги,пријатели и роднини кои немале толку среќа како
мене,од повеке причини.

Одсекогаш,а посебно во последниве години ја имам мислата која


ме води низ животот и која ме прави среќен дека треба да бидам
среќен со се што имам и што ми подарил Господ со доаѓањето на
овој свет.И сега се подсетив на на мудроста која оди вака:
,,Биди благодарен за тоа што го имаш,бидејки никој пат не знаеш
што ќе се случи во следниот момент.‘‘
Многу луѓе не мислат вака,и очекуваат скоро во се да биде како
во минатото кога биле млади.Тоа е за жал голем апсурд и малку е
смешно,според мене да се гледа така на животот.Тие што така
гледаат остануваат многу разочарани и незадоволни бидејки тоа
е чиста утопија.
Една од најбитните работи во животот,според мене е реално да
се познаваат своите способности и квалитети.Во спротивно секој
кој тоа не го осознал или не сака да го прифати ќе биде крајно
незадоволен и разочаран.
Во последно време приметувам дека проблемите со грлото
и градите кои ги имав досега во зимските месеци сега за среќа се-
уште ги нема.Дали е поради тоа што многу помалку излегувам
надвор, поради носење маска,или можеби поради појачаниот
имунитет со разните ,,Суплементи‘‘ кои ги пијам поради вирусот
незнам, но во крајна либија и не е многу битно.Нај битно е дека
сега сум многу подобар со градите и дишењето.

15.12.2020 г. Вторник,

Започнува вториот ден од седмицава.Покрај рутин-


ското утринско кафенце,чокочадце и чаша со ладна вода саба-
јлево имам и парче ,,Лења пита‘‘ со јаболки во моја аматерска
изведба.Ова ,,блачко‘‘ или поточно ,,Мрзлива пита‘‘ како што е
оргиналното име пребедено на македонски јазикм името вероја-
тно го добила бидејки е доста едноставна за припремање.

Ова беше прво мое правење пита со јаболки и нормално со ,,купе-


чки‘‘ кори и затоа ,,Госпожата‘‘ учествуваше со инструкции и
надгледување на целиот процес.За среќа,според мене излезе
одлично.
Додека седнував на мојата столица во дневнава соба,каде
најчесто ,,работам‘‘ на лап топот се двоумев дали прво да
продолжам со читање на книгата или прво малку да пишувам.
Морам да признаам дека сепак победи дневникот и овие редови
токму затоа сега ги пишувам.
Синојка продолживме со гледање на третата и четвртата епизода
од серијата ,,Круна‘‘ од четвртата сезона.Во овие епизоди во
главном се прикажува доаѓањето на индата принцеза Дајана
Спенсер во кралската палата позната како ,,Бекингамска палата‘‘.
И во оваа ,,љубовна‘‘ романса меѓу неа и принцот од Велс-
Чарлс,син на кралицата Елизабета втора се потврдува старата
вистина дека ниту богатството,ниту моќта,ниту славата не се
битни во животот ако нема љубов.
Таа станува голем предмет на интерес од Британската јавност
уште пред са венча со принцот Чарлс.
Дијана има буквалмо се, сем љубов која во сите облици е најва-
жната работа во животот.
Животот на кралската фамилија на кралицата Елизабета втора е
многу интересен,барем за нас двајцата.Сите нејзини најблиски и
таа посебно се многу интересни личности по своите карактери,но
и по сите останати лични особини.
Покрај кралското семејство многу импресивна личност е
премиерката Маргарет Тачер која посебно ја ценам,респектирам и
почитувам бидејки е една од ретките политичари, политичарки,
која личниот интерес е далеку позади интересот на Британската
Монархија,кралството ,,Голема Британија‘‘.

Со оваа извонредна политичарка и ледерка може единствено да


се споредува сегашната канцеларка-премиерка на Германија
Ангела Меркел.

16.12.2020 г. Среда,

Денес е малку посебен ден,бидејки треба да се јавам на


главната медецинска сестра Јадранка од клиниката ,,Систина‘‘ и
договорам контрола и мала рутинска интервенција за петок.
Станав малку подоцна што воопшто не е лошо,напротив.По
рутинско туширање обавезно пред контакти за одење или
договарање преглед седнав заедно со утринското кафе да си
напишам некоја страна во дневников.
,,Добро утро Дневниче.Се надевам дека си добар,бидејки сеуште
ме трпиш и без приговор прифаќаш се што ќе ти напишам во
забележувач кој го викаат ДНЕВНИК.Немој да се чудиш зашто те
ословувам со големи букви.Тоа е едноставно од почит и внима-
ние,бидејки како што знаеш изузетно те ценам и почитувам.
Кај мене имаш дури и преднпст пред читањето книги,за разлика
од ,,Госпожата‘‘ која преферира читање на сабајле веднаш по
станувањето.Некои читаат во кревет пред заспивање,но јас таква
работа не практикувам од неколку причини.

Основна е дека многу брзо заспивам кога читам во кревет ако сум
добро легнат,па дури и во полу лежечка положба.Тајмингот
читање пред спиење не ми одговара бидејки навечер се чуству-
вам малку уморен и полн со впечатоци и мисли од поминатиот
ден и немам добра концентрација,ниту желба долго да читам.
Трета причина е што редовно е вклучен тв апаратот кога си
легнуваме, за да ја успие по нежната половина така да и од оваа
причина не е згодно читањето во кревет.
Никој пат,ниту кога бев ученик,ниту како студент не учев,ниту
читав книги во кревет.Читањето ми оди само ако седам на
столица,а книгата ја држам во рака или е поставена на маса.
Синојка случајно на легнување,пред заспивање наидов на дел од
емисијата ,,Заспиј ако можеш‘‘ каде водителот Горан разговараше
преку ,,скајп‘‘ со нашиот познат режисер Дарко Митревски кој веќе
14 години живее во соединетите американски држави.

Веќе беше половина емисија одмината,но со апетит ја догледав.


Изнесе многу специфично и необично,но веријатно доста висти-
нито гледање на работите кои се случуваат во нашава мала
замји- чка.Раскажа многу нови за нас ртаботи,за кои не сум
сигурен кол- ку се точни,бидејки луѓето за кои зборуваше не се
повеќе живи за да потврдат или порекнат.
Митревски во разговор со Лазар Колишевски го прашал зошто
вистински се случила Резолуцијата на Информбирото во 1948
година.Според објаснувањето,зборовите на Колишевски Стаљин
и Тито се скарале околу Македонија.По 1945 година Тито,Ѓеорги
димитров и грчкиот водач во тоа време се договарале и сложиле
да се формира Балканска сојузна држава од Македонија,Бугарија,
Србија,Грција каде центарот ќе биде Македонија.Оваа идеја на ја
прифаќал Стаљин бидејки тоа би била силна и влијателна држава
покрај најголемите светски сили СССР,САД и Британија.
Стаљин идејата на Тито и Ѓеорги димитров со Резолуцијата ја
преасекол во корен и спречил да се реализира нивната идеа.

17.12.2020 г. Четврток,

Ново утро, доста стандардно и рутинско.Времето е


облачно,тмурно и ладно.Некако успевам сабајле пред куцање на
дневников да прочитам 10-15 страници од книгата која момента-
лно ја читам.За денес немам некој посебен план,сем молбата од
снаата да купам бои за колачи и ванилин екстрат од супер марке-
тот ,,Веро‘‘.Таа наводно нема време,а супер маркетот ,,Тинекс‘‘ е
на 150 метри од нејзината канцеларија.Ова не би било никаков
проблем да не сме во проблеми со заразата,со пандемијата,но за
жал повеќето луѓе тоа не ги интересира и гледаат да завршат
работа со нечија помош,ако е можно.Синот и ќерката се грижат да
не се заразиме од вирусот,а споменатата персона слабо.
Тоа е тоа,своја крв е своја,а туѓа е туѓа.Толку.
Синојќа повторно се вклучив пред спиење на тв
каналот ,,Алфа‘‘ и повторно наидов на емисијата ,,Заспиј ако
можеш‘‘ со вториот дел од разговорот со режисерот и сценарист
Дарко Митревски преку ,,Скајп‘‘.Во завршниот дел од разговорот
кажа отворено што ќе се случува со Македонија во следните
години,се разбира според негово мислење.
Разградување на државата,највеќе преку големо ојачување на
бизнисот со Марахуана,бидејки сегашниот Премиер си ја тера
полека но сигурно работата во тој смер.

По негово заминување од оваа фумкција тој бизнис со Канабис-


Марахуана ќе се појача максимално и полека неговата фамилија
на чело со него ќе стане најбогата и нај јак клан, или банда во
нашава ,,Оаза на мирот.‘‘
Според режисерот тој клан енормно ќе се збогати и ќе купува се
што ќе сака и што ќе треба,политичари,судство,и се останато.
Во однос на бизнисот со Марахуаната имам потполно исто
мислење со Митревски бидејки ,,Господинот‘‘ од Струмица јавно
зборува за легализирање на клубови низ Македонија каде слобо-
дно ќе се продава Канабисот исто како во Амстердам.

Жалосно е што добар дел од народот воопшто не реагира на овие


сулуди идеи и ноторни будалаштини.
По синоќешната интересна емисија и прилично црните тези за
иднината на нашава мала држава ноќеска и сабајлево во повеќе
наврати размислувам дали можеби по паметно ќе беше ако
заминевме во некоја западно европска или прекуморска земја
пред 20 или 30 години.Никој не може ниту да претпостави што ќе
беше со нас и нашата фамилија ако заминевме.Дали децата ќе
беа тоа што се денес,дали ќе имаа среќни фамилии,дали ќе беа
успешни и на крајот дали ние двајцата ќе бевме тоа што сме
денес,пензионери кои немаат проблеми со егзистенцијата сем по
некој проблем со здравјето,болестите и мал проблем со засите-
носта од моменталниот живот,кој повеќе е изразен кај ,,Госпо-
ѓата‘‘. Никој не знае што и како ќе беше.Можеби ќе беше подобро
за внуците кои ќе растеа и ќе се образуваа во демократски земји,
а за сите останати е големо прашање.Било како било и тука во
оваа наша мала и сиромашна земја може да се живее солидно
како што впрочем и живее целата наша фамилија.Како и
колку ,,лошо‘‘ ќе биде во иднина никој не знае,а може само да
прогно- зира и претпоставува.

Попладне по редовната дремка го вклучив тв апаратот во


спалната соба каде што редовно дремам и наидов на реприза од
синоќешната емисија со режисерот Митревски.Повторно го
слушав и гледав бидејки многу интересно заборуваше,а синојка
малку поспан некои работи бегло ги одслушав.
Повеќето негови тези да иднината на Македонија имаат логика.
Независно од него во последно време често се прашувам и
си давам одговори зашто лепотанот од Муртино толку многу се
труди да остане на власт кога неговата фамилија е многу богата
за македонски прилики.Имаат повеќе од 20 мали и средни фирми
кои вредат најмалку 15-20 и повеќе милиони евра.
Алчноста е позната и многу присатна кај скоро сите милионери и
милијардери во светот,а кај овие наши босови и желбата за
голема моќ и поседување на што се може повеќе од нашава мала
и сиромашна земја.
Додека ние донекаде чесни граѓани и образувани луѓе и пензио-
нери се задоволуваме со тоа дека пензиите ни стасуваат за каков
таков за македонски прилики нормален живот тие имаат цел ено-
рмно да се збогатат мислејки дека со тоа ќе ја постигнат нивната
животна мисија.Тоа е нивна голема илузија,но многу лесно наши-
ов народ таа илизија ќе ја осети на свој грб.
Овој клан каде припаѓаат тие не ја знае мислата:
,,Твое е само тоа што го подаруваш на другите.‘‘
Богатството и моќта се многу менлива и многу имагинарна
работа.
18.12.2020 Петок,

По вчерашниот малку возбудлив ден, денес осамна сосема


обичен последен работен ден од седмицава.Полека завршува и
ова недела,многу слично како и претходните.
Сабајле отидов на редовна и рутинска посета на Урологија кај
мојот Уролог Доктор Лековски.Се помина во најдобар ред и сега
за сега нема проблеми,а за во иднина никој не знае што и како ќе
биде со моите уролошки проблемчиња.
Синојка ја догледавме четвртрата сезона од
серијата ,,Круна‘‘,односно последните две епизоди,деветата и
десе- тата.Иако првата и втората сезона беа уште подобри,и
третата и четвртата се сосема солидни.
Оваа серија според мое мислење е една од најдобрите серии кои
сум ги гледал досега.
Убеден сум дека ќе има и пета сезона,а можеби и шеста.
Во последниве епизоди во главном се прикажува односот на
принцот Чарлс и сопругата Диана како и проблемите во владата
на премиерката Маргарет Тачер,и нејзините еконо- мски мерки и
економски политики.
Синот на кралицата Елизабета втора треба да го наследи тронот
од неговата мајка,но бракот со принцезата Дијана е обременет со
многу проблеми.Тој сака друга уште од младешките денови,а
таа,Камила е мажена и има деца со друг маж.Преку овој пример
на несреќен брак ќе се препо- знаат многу парови во светот,но и
во нашава замја.

Многу жени,мајки,или дури и мажи го одржуваат бракот само


поради децата,да не се растури фамилијата, а децата да добијат
лош пример за брачните односи и животот во брачна заедница.
Многу брачни заедници,посебно по изминати 10-20 години од
бракот кога страста и љубовта драстично спласну- ва кај
едниот,или кај двајцата партнери,се одржуваат само
формално,најчесто поради децата.
Во последните децении бракот како заедница на две лично- сти
од спротивен пол станува се по проблематичен во најголем дел
од земјите на западната култура.
Девојките најчесто се мажат од желба за фамилија,деца и
љубов,а момците најчесто од заљубеност и страст.Кога ќе се
изгубат овие атрибути пукаат полека конците кои го поврзу- ваат
бракот и тој станува формално заедничко живеење под исти
кров,без љубов и страст.
Погледнувам кон стаклената маса и масичките посд телевизорот
каде се урамените фотографии на секој од нашите пет внучиња и
се подсетувам на моето детство и стотиците амбиции,желби и
соништа.
Во тие години,во шеесетите,но и пред тоа, нај популарни беа
Холивудските ѕвезди од филмовите како Џон Вејн,Пет Бун, Пол
Њумен,Хемфри Богарт,Рок Хадсон,Ворен Бити.Од убавиците
Сузан Хејворт,Ким Новак,Натали Вуд,Елизабет Тејлор,Одри
Хепберн и многу други на кои за жал во моме- нтов не можам да
се сетам.
Скоро секој од нас се идентифицираше со некои од актерите,
а нормално обожававме и по некоја убавица.Убави беа тие
години,кога соништа и желби не ни недостасуваа.Живеевме со
надеж дека кога ќе пораснеме ќе бидеме убави,силни, шармантни
и дека многу убавици ќе не бендисуваат и ќе сакаме,и ќе не сака
некоја многу слична на нив.Соништа, соништа,слатки соништа.
За овие работи може многу да се пишува,но мислам дека за сега е
доволно.Што мислиш ти дневниче.Ти секогаш прифа- ќаш тоа што
ќе ти предложам,па макар тоа било и слабо и неразумно.

19.12.2020 г. Сабота,

Започнува уште еден викенд.Се надевам дека овој нема да


биде полош, а можеби и ќе биде за нијанса подобар од претхо-
дните. Кој знае.Никој.На нас пензионерите на кои основно гајле ни
е за жал здравјето ми останува само да се надеваме дека присто-
јно ќе го поминеме и овој викенд.Желбите не се големи,но со
обзир на некои здравствени проблеми и болести тешко оствар-
ливи.Тоа е тоа.Сите полека старееме.Никој не останал вечно млад
и убав.Чиста биологија.Некој мудрец рекол:
,,Штом ќе се родиме веднаш почнуваме да умираме.‘‘
Многу вистина во оваа филозовска мисла.треба да сме реални и
да го прифатиме овој факт за да ни биде малку по лесно во
староста,или како што сега модерно се нарекува во третото доба.
Вчера беше многу исполнет ден.Покрај успешното рутинско
одење во ,,Систина‘‘ попладне кумот Коле во повеќе наврати ми
испраќаше ,,линк‘‘ од првата епизода на тв серијата ,,Чернобил‘‘
која претходно ја фалеше.

Серијата драматуршки ја тртира катастрофата на нуклеарната


централа ,,Чернобил‘‘ во Украина,која се случи на 28.април 1986
година.По неколку неуспешни обиди за гледање на оваа епизода
во врска со испратениот ,,линк‘‘ на крајот успеавме.
Ја гледавме оваа-прва епизода која беше доста интересна.
Останатите епизоди од целата серија очекувам денес да ги
добијам и вечер да гледаме уште две.
Сериите се многу популарни во последните години и се гледаат
низ целиот свет.
Лично многу ги сакам тв сериите,посебно во последните години
кога имам време како пензионер секој ден да гледам по една или
две епизоди.Северните соседи,како што политичарите ја викаат
Србија снимаат многу серии,а највеќе драмски,кој жанр највеќе го
бендисувам.
Бидејки ,,Госпожата‘‘ го прочита романот ,,Убиството на
командантот‘‘ од Харуки Мураками кој има неверојатни за мене
околу 700 страници јас сакав да го најдам во електронска форма
и да пробам и јас да го прочитам.Книги по големи од 250 страници
воопшто не ги сакам,и ги избегнувам,бидејки ми стануваат малку
досадни,но оваа книга многу ја фалеше Гордана и затоа сакам да
ја читам.Дали ќе ја прочитам до крај е сосема друго прашање.
Во последните 10 тина години овој Јапонски писател е многу
популарен во целиот свет.Нормално тоа е како резултета на
неговите книги кои скоро сите љубители на пишаниот збор ги
бендисуваат.
Вчера потикнат од оваа фалена книга го побарав Мураками на
Интернет порталот ,,Балкан даунлоад‘‘ од каде најчесто беспла-
тно ,,симнувам‘‘ книги и ги најдов скоро сите негови книги меѓу
која и спомнатава,но за жал не можам да ја ,,симнам‘‘ бидејки има
некоја ,,зврчка‘‘ која сеуште не сум ја решил.По пат ,,симнав‘‘ 5
негови книги кои планирам да ги читам,но понатаму кога ќе ја
дочитам таа што моментално ја читам.
Гледајки ја мојата електронска пошта случајно го отворив
фајлот со колумна од новинарката Лејла Сабит за книгите и
читањето книги.

Оваа сосема солидна новинарка пишува за мој вкус многу добро


и интересно.Не раскажува да долго приказни,туку на кратко, сосе-
ма кратко пишува за суштината на нештата,секако според нејзино
субјективно мислење.
Содржината на колумната е многу суштинска и оправдано се
велича читањето книги и значењето на читањето.
Посебно добри се последните реченици.
,,За книга никогаш не е доцна, како ни за љубов.
Книгата не прашува за години, како и љубовта.
Затоа, читајте повеќе книги. Не само за да бидете
паметни. Добро е за срцето.‘‘

20.12.2020 г. Недела,

Втор ден од викендов,кој веројатно ќе биде доста сличен


на претходниот.Нормално денес покрај редовното бањање
планирам и малку пеглање кошули и мајци,се разбира со
паралелно гледа- ње некоја интересна емисија на телевизија.
Синојка легнав доста касно,дури пред 12 часот бидејки претходно
го догледав третиот квиз ,,Потјера‘‘ по гледање на првиот ,,20
секунди‘‘,потоа вториот ,,Потера‘‘.
По рутинските обврски во купатилото и варење кафенце,според
планот за денес ја исчистив тиквата и ја ставив во рерна да се
пече. Тиква е едно од моите омилени овоштија,ма да ги јадам и
сакам скоро сите врсти.
Ме заинтригира повторно Харуки Мураками и продолжив да ја
читам неговата книга ,,Летопис птице навијалице‘‘ која за сега ми
се чини сосема во ред.
Интересно и малку чудно е што по 10 до 15 страни почнува да ме
фаќа ,,сафра‘‘ од читање.Штета.Сакам да можам да читам барем
30,или 40 страни во еден дах,но за жал најчесто тоа не ми оди од
рака. Дали е поради тоа што многу не ме ,,влече‘‘ содржината или
поради нешто друго не знам.Добро би било да откријам во догле-
дно време.
И денес,како и вчера времето е тнурно,облачно и студено. Тихо
е.
Гордана сеуште спие,бидејки преку ноќ многу тешко заспива.
Зашто незнам.Можеби превише мисли на поминатиот дел од
животот со мене,но и пред тоа како девојка.И јас понекогаш имам
такви мисли и тогаш по тешко заспивам.

Најчесто ме спасува мислењето на мудрите мисли на англиски


јазик кои во последните години секој ден ги читам и си ги повто-
рувам.
Едноставно си ги редам во мислите и набргу заспивам не мисле-
јки на изминатиот живот.
Многу одавно сватив дека не е баш паметно да се мисли превише
на минатот.Што било било и поминало.Минатот може само да не
оптеретува и секира.Се сетив на многу убавата мисла околу
мина- тото која гласи:
,,Не ме обвинувај за моето минато.Не живеам повеќе тамо‘‘.
Изузетна мисла која кажува многу.Што сме можеле да направиме
наместо тоа што сме направиле е лоша споредба,бидејки не е
сигурно дали тоа воопшто сме можеле и дали воопшто би го
направиле.
Овие реченици подсетуваат на филозофирање,зар не
дневниче.Што мислиш ти за овие ,,тупења‘‘ со минатот и со тоа
што сме можеле,а не сме направиле.Глупости.Обични глупости.
Престанувам со ова,не се секирај.Повеќе нема да мислам и да
пишувам вакви работи,барем за сега.
21.12.2020 г. Понеделник,

Неминовно и природно по недела доаѓа понеделник,сакале


ние или несакале.Некои едвај го дочекуваат бидејки им била
досадна и ,,тешка‘‘ неделата,а други со тага мораат де го прифа-
тат бидејки треба да одат на работа и да работат дури до петок,а
потоа повторно да се одморат малку.
Од серијата ,,Чернобил‘‘ ни останаа за гледање уште последните
две епизоди.Во 20 часот седнавме со нетрпение да ги гледаме.

Последните две беа извонредни,како и претходните.Доста реа-


лно,според мене беше преставена катастрофата,сем сцените со
рударите кои копаа сосема голи тунел под централната зграда
поради големата топлина во тунелот.Малку се исмејуваа амери-
канците со руските рудари и рускиот народ со овие сцени,бидејки
многу по елегамнтно и по реално ќе беше ако сите рудари беа во
долна облека,а не сосема голи.
Споиред мене доста добро беше прикажан социјалистичкиот
систем во СССР пред распаѓањето.Многу убаво беше преставено
жртвувањето на многу луѓе за задржување на системот по секоја
цена.Многу импресивно беше прикажана голимите разлики и
илузии меѓу вистините и лагите за нештата во животот и случу-
вањата.
Вчера конечно реши ,,Госпоѓата‘‘ да ја наќити новогоди-
шната вештачка елка.Нормално сите вештачки елки како и
украсите за нив се кинески бидејки Кинезите се шампиони за
вакви и не само вакви украсчиња по прифатлива ниска цена.
Помогнав во монтирањето на елката,иако малку се помачив
околу составувањето.
Конечно светна нашата елка и сега свтлуцка убаво наќитена.По
многу години ќитење елка пред нова година сега на оваа возраст
елката стана сосема обична работи.Нема голема радост и
возбуда пред новогодишните празници.
Нема патувања во странство,ниту во нашите скујашки центри како
во минатото поради забраната од пандемијата.
Се подсетувцам на минатите 15-20-30 години.Скоро секоја година
Новата година ја дочекувавме во некој зимвки-скијашки центар.
Во Маврово каде скијавме на прекрасните терени на
планината ,,Бистра‘‘ или на Попова шапка каде исто има
феноменални терени за скијање.Дочеците беа посебна приказна.
Весели,возбудливи и со многу радост и среќа.Децата беа мали,а
ние заедно со нив многу среќни.Живеевме во помале станови,со
помали месечни примања и понизок стандард,но бевме многу по
среќни и по весели.Имавме многу повеќе и поголеми желби, наде-
жи и соништа.Сега имаме по голем стандард.Живееме во поголем
и поубав стан и немаме никакви финансиски проблеми,но,има
едно голено но. Сега сме многу постари.Имаме многу малку
желби и надежи,и што е жалосно помалку сме среќни од тие
денови во изминатите 20-30-40 години.
Дали е ова поради постигнатите основни и главни цели во
животот,или поради возраста незнам,и тешко дека некој друг
знае.Тоа е тоа.Живот.

22.12.2020 г. Вторник,

Вториов ден од седмицава започна стандардно и рути-


нски.Покрај кафенце рано сабајле и кратко пишување во днев-
ников останува да видам што ќе се случува до крајот на денот.
Кој знае можеби ќе има нешто интересно кое ќе заслужи да биде
напишано.
Според планот околу 11 часот Гордана започна да
спрема сарма,нормално со мелено месо и сланина.Киселата
залка е стасана и нема никакви проблеми околу основните
состојци. Сите во фамилијата сакаме сарма,така да
припремањето беше во најголемото тенџере.Околу 14 часот ги
однесов сармите кај Сања и кај Мартин.Претходно и ние ручавме
во сласт,залиено со црвено вино ,,Вранец‘‘ и прекрасна салата од
пречени пиперки од тегле со лук и магданос.

23.12.2020 г. Среда,

По вчерашниот обилен ден во однос на јадењето и


пиењето дојде и ден за релаксирање на желудецот во секој сми-
сол. Во последниве години ,,Госпоѓата‘‘ веќе нема некоја голема
желба да спрема разни нови јадења така да во главном спрема
стандардни и испробани претежно македонски.
Јас,со моето почетничко,аматерско знаење од кулинарството
знам да спремам прости јадења и мојот дијапазон е десетина или
највеќе 15 јадења меѓу кои кои се грав,леќа,грашак,боранија и
тестенини.Денес се размислувам да сварам шпагети и со сире-
нце да поминеме скромно по вчерашниот обилен главен обред.
Шпагетите со изрендано сирење ги сакам уште од детството и
младоста. Покрај нив исто така ги јадам и јуфките,но и макаро-
ните и тараната.Внуците исто како мене многу ги сакаат шпаге-
тите,но претежно со ,,кечап‘‘,нормално и со редндано сирење.
Утрово е ладно,малку тмурно и тихо.Бидејки сеште е пред 7
часот вработените сеуште се во многу мал број.Овде онде ќе
помине повремено по некој автомобил или ,,Пикап‘‘.
Сабајлево ме изненади мерењето на тежината кое го практикувам
секое утро веднаш по станувањето од кревет.Дигиталната
вагичка
покажа три пати едно по деруго вредност од 75,4 килограми.
Долна граница на мојата цел во однос на тежината е 76,о кг. Така
да оваа вредност е под неа што покажува дека целните 2100 кило
калории на мемонти ги проценувам по ниско од стварните.
Морам да се ,,поправам‘‘ како што би рекле старите барем едно
кило.За сега балансирањето со тежината помеѓу 76,оо и 77,оо кг.
солидно ми одеше.Верувам дека и понатаму така ќе биде.Веќе 4-5
месеци одкако запишувам колку и што јадам и тоа ми влезе во
навика што е добра работа.Пред тоа често се заборавав и се
прејадував,што сега скоро да не ми се случува.
Во последно време јадам количински 20-30 проценти помалку
што е сосема добро,а повеќе се ориентирам на овоштие и
зеленчук, што исто така е добро и по здраво од претходниот
начин на исхрана.Добро познато е дека храната заедно со
движењето како и менталното здравје се најважни во
животот.Материјалните добра се второ или трето степени.
За малку во овие мигови ќе ја заборавев среќата која после здра-
вјето и секако љубовта е на второ место,а на моменти и на прво.
Многу илјадници или можеби милиони луѓе во погршно време се
нашле на погрешно место и поминале многу лошо,загинале или
останале инвалиди.Многу од нив биле богати,здрави некои и
млади,но не им се погодил терминот,моментот во животот.
Има моменти кога буквално ништо не ми се
работи.Ниту пишување,ниту читање,ниту учење англиски,ниту
било што.За среќа тие моменти се многу кратки и веднаш потоа
се фаќам за нешто и се повторно се враќа во нормала.
Скоро сум сигурен дека кај секој човек постојат такви ,,бесцелни‘‘
моменти,но кај некои траат доста долго.За среќа кај мене траат
многу кратко,дури помалку од половина час што е одлично.

24.12.2020 г. Четврток,

Деновите си течат и се нижат како монистри од гердан.


Една од најважните работи во животот,како што е добро познато
е надежта и поставување на цели кон кои се стремиме да ги
испол- ниме во одредено време.
Секој ден буквално на сите тв канали покрај вестите и рекламите
кои се основни и обавезни, се ,,труби‘‘ и дискутира со разни ,,екс-
перти‘‘, доктори и слични кадри кои покрај професионалците за
епидемии и пандемии се обраќаат на гледачите низ нашата земја.
Скоро сите,сем профеционалците,епидемиолозите,и специја-
лности блиску до нив останатите доктори го повторуваат општо
познатото за вирусот и пандемијата.Веќе станаа досадни со
повторување на познати факти и податоци.
Сабајлево за жал времето е многу магловито и студено.
Скопје е познато по големите и долги зимски денови исполнети
со јака и густа магла наутро и навечер.Нормално кога има магла
ве- терот нигде го нема да ја растера.Мојов роден град во однос
на маглите е шампион,веднаш по Лондон.Оваа состојба трае
скоро два месеци со многу големо загадување на воздухот,со кое
исто така сме на врвот во светот.
Маглата е посебно лоша и многу штетна за возрасните кои имаат
проблеми со градите и отежнато дишење.

За среќа последниве неколку години додека има магла најчесто


не излегуваме,сем за многу итни потреби.Од друга страна
прочисту- вачот на воздухот е скоро цел ден вклучен,па воздухот
во станот ни е доста чист.
Денес планираме заедно да одиме на неколку места и да
завршиме некои работи,но тоа сигурно ќе биде околу пладне кога
ќе се крене маглата.
Синојка ја вклучив првата епизода од серијата ,,Гениус‘‘,која го
прикажува животот на генијалниот научник Алберт Ајнштајн.

Серијата е одлична,барем за сега.Животот на генијалниот ајнштај


е многу импресивен,а неговата теорија на релативитетот уште
повеќе.Со оваа теорија тој направи буквално револуција во
класичната физика која покрај другите основни закони се темели
и на законите на големиот Исак Њутон.
Со нетрпение чекаме вечер да продолжиме со гледањето на сле-
дните епизоди од оваа одлична серија.
Сабајлево по доручекот и рутинското средување на
спалната соба се почуствував доста слабо и со мала повремена
вртогла- вица.Ова не ми се случило многу месеци и затоа сега
седам во полу лежечка положба и чекам да ми се среди
состојбата.
Претходно ги наредив валканите садови,чинии,чинии и прибор за
јадење во машината за садови,но ,,Госпоѓата‘‘ и овој пат не
пропу- шти да најде забелешка на редењето и завземањето на
непотре- бен простор.Некои луѓе не можат а да не најдат
забелешка на се.
За жал ова во последниве години се јавува и јак моето верно
другарче што мене ме нервира,но џаме одговарам дека некој
многу наоѓа ,,мани‘‘.Нема корекција и воздржување од примедби.
Штета.Се обидувам да ги игнорирам,но често не ми успева.
За мојава слаба моментална состојба се мислев дали има
смисол да и кажам на Гордана и веднаш заклучив дека сепак не
треба да ја гњавам со моите проблемчиња.
И таа си има свои така да нејзините и се сосема доволни.На оваа
возраст скоро никого не го интересираат нашите или поточно
моите проблеми и затоа за нив на никого не му зборувам.
Ми дојде на ум многу импресивната мисла во врска со ова погоре
напишаното.Таа гласи:
,,Не ги кажувај твоите проблеми на никого бидејки 20% од лугето
воопшто не ги интересира,а останатите 80‘% ги радуваат твоите
проблеми.‘‘
25.12.2020 г. Петок,

Повотрно полека но сигурно стигна и последниот рабо


тен ден во седмицава. И денес сабајлево е многу магловито.
Кулите од населбата ,,Капиштец‘‘ кои се на околу 250 до 300
метри од нашата зграда не се гледаат низ прозорецот.Никаде
ги нема.Како да се загубиле во просторот и времето. Скоп-
скава котлина е потоната во магла и смог.Покрај Вардар, и
во ,,Аеродром‘‘ сигурно е уште по густа.Таму редовно има
пове- ќе магла одколку во центаров.Облачно е,тихо и
студено. Слично како и вчера,но со малку по јака магла.
Прочисту- вачот врти уште од сабајле.Вредностите на
загадувањето ,,пм10‘‘ и ,,пм2,5‘‘ на мобилната
апликација ,,Мој воздух‘‘ пока жуваат многу високи
вредности.

Самата место положба на Скопје,котлина со ретки ветерчиња во


овој период на годината и претрупаност со стамбени згради
посебно во центарот многу допринесува за големото загадување
во зимските месеци.Заедно со неизбежната магла воздухот во
овој период е катастрофа.Но тоа е тоа.Никој не ние крив што сме
одлучиле целиот живот да го поминеме во родниот град.
Скопската пролет и есен се фантастични како ретко кој друг град
во светот,но летото за никаде поради енормните вруќини,а
зимото исто така поради маглите и загадувањето.

Вчера на некој србски тв канал,ми се чини на ,,РТС1‘‘ објавија


дека во 18 часот ќе се пренесува преку Интернет театарската
претстава ,,Кад су цветале тикве‘‘ според истоимениот роман на
Драгослав Михаилович.

Оваа претстава како и романот биле забранети во времето на


социјализмот бидејки,како што велеле највисоките Југословенски
политичари, многу го оцрнувале тој систем.
Многу не заинтригира оваа претстава како и самата книга и со
нетрпение чекавме да ја гледаме на телевизија во 18 часот.За жал
нешто пред тоа случајно открив дека за да се гледа треба прет-
ходно да се плати,односно да се ,,извадат‘‘ влезници.Тоа ме
разлути и така се откажавме од гледањето.Ја најдовме истата
театарска претстава само од друг србски театар со непознати
актери.Ја вклучивме,но тонот беше многу лош,како и актерите,па
набргу се исклучивме.
На порталот ,,ЈуТјуб‘‘ ја најдов случајно аудио книгата,овој
роман и сабајле веднаш ја вклучив заедно со утринското кафе.
Морам веднаш да кажам дека ми се бендиса,како стилот на
пишување,така и содржината иако досега сеуште не сум ја дослу-
шал до крај.Сигурен сум дека и останатиот дел ќе биде многу
интересен.

26.12.2020 г. Сабота,

Започнува уште еден викенд со првиот ден за одмор,а


тоа нормално е сабота.Ова како што сите добро знаеме не важи
за нас пензионерите,бидејки за нас секој божји ден е сабота или
недела.Ноќеска солидно спиев.Дали поради тоа што пред спиење
солидно го прочистивме воздухот во дневната и спалната соба
со
Причистувачот кој повремено го вклучував на ,,Турбо‘‘ моде или
поради серијата-епизодата од ,,Генијалец‘‘ која ја изгледавме
незнам.Битно е да се спие добро.Како што е добро познато сонот
е изузетно битен за доброто здравје,но и за расположение.
Сега морам да прекинам.Извини мој дневниче.Ќ продолжам
покасно во текот на денот.Сега брзам да продолжам со книгата
која ја читам.Морам и денес да прочитам барем 15 ина станици.
Се гледаме покасно.Читав малку,но набргу ,,Госпожата‘‘ конста-
тира дека книгата која моментално ја чита е катастрофа, или како
што се вели во жаргон ,,тапа‘‘, ја остави и си го вклучи, ,,мртва
ладна‘‘ телевизорот.Тоа беше крај за моменталното мое читање,
бидејки не сакав да се објаснуваме и да барам да го исклучи
бидејки читам.Последниве години конечно сватив дека нема
резон да се расправам со никого,а најмалку со Гордана бидејки
тоа ме вознемирува поради мојата ,,природа‘‘ и специфичен
карактер.
Веројатно тоа е дел од гледањето и слушањето во детството,
бидејки ,,стариот‘‘ беше многу нервозен и задрт и често викаше и
се дереше на мајка ми,најчесто без некоја причина.
Сабајлево ја нема маглата,но за жал многу е згадено.Скоро
е исто како вчера и ноќеска.Денот е пред мене и верувам дека ќе
помине убаво и исполнето со интересни нешта.

27.12.2020 г. Недела,

Животот тече понатаму.И како што вели познатоиот


актер Драган Николич во еден филм каде глуми учител по
ослободувањето 1945 година:
,,Идемо даље‘‘.
Кратка но многу впечатлива и ,,јака‘‘ со само два збора,која
кажува многу.Времето тече и оди понатаму,а ние и со него.
По синокешниот дожд загадувањето го снема.Дождовните
капкучки го однесоа во земја,и новото исто така.Имаме чисто, не-
загадено утро.Магла исто така нема,веројатно поради
променетата атмосверска ситуација во скопската
котлина.Моментално солидна ситуација иако времето е облачно и
малку студено,но зимата започна пред шест дена и не треба да
очекуваме да биде топло.
На луѓето многу тешко може да им се угоди.Какво и да е времето
на едни им одговара,а на други не.Дедо Господ што и да направи
за да угоди не може на сите.
Пред станување полу буден си помислив на изминатава
2020 година и низ миалите ми пролетеа повеќето
случувања.Најважна и најголема случка беше операцијата на срце
во клиниката ,,Жан Митрев‘‘ која одлично се заврши,а се случи
пре 11 месеци.Се подсетив на луѓето и ,,пријателите‘‘
и ,,роднините‘‘ кои се ,,пока- жаа‘‘ во вистинското светло.Вопшто
ниту се јавија барем на теле- фон да прашаат како помина
операцијата и како се чуствувам.
За некои ,,пријатели‘‘ се потврди моето мислење за нив кон
мене,а за некои за жал беше ново откритие на вистината.
Полека,но сигурно се наближува новогодишната ноќ и доаѓа-
ње на новата година.Кај нас,а веројатно и кај скоро сите,сем кај
децата,не се чуствува никаква возбуда и радост што се
наближува 31 декември и дочекот на новата година.Тоа е највеќе
поради пандемијата и неможноста да се оди никаде,ниту да се
слави со најблиските роднини или пријатели.

Сите надежи и погледи ни се свртени кон доаѓањето на вакцината


против вирусов и нашето вакцинирање со што ќе бидеме
потполно заштитени од заразување.Денес официјално започна
вакцинирањето низ скоро сите европски земји членки на
Европската Унија.

Низ целиот свет се вршат припреми за вакцинирање и заштита од


заразување од овој многу опасен и непредвидлив вирус.Ме чуди
што низ светот моментално околу 35 до 40 проценти не веруваат
и се плашат од вакцината.Неверојатно е колку нашиот народ, но и
многу други немаат доверба на науката или тоа е можеби резуктат
на простотилук и неукост,да не речам глупост.

28.12.2020 г. Понеделник,

Започна последната седмица од оваа година која е на


заминување. По којзнае кој пат ја констатирам познатата вистина
која сите ја знаат,но не ја земаат за озбилно во младоста,дека
здравјето на човекот е нај битната работа во животот.
Синојака по легнување околу 23 часот започна по малку да
ме боли доле околу гениталиите и бешиката.Не беше многу силна
болка,но сепак толкава за да не мож да се спие.По лежење од час
или повеќе станав,сварив чај за вакви проблеми наречен ,,Уве
чај‘‘ и стоплив врела вода која ја сипав во термофорот.По
држење топло најмалку еден час на местото на болката и чајот
полека почна да се смирува.Веднаш си легнав и за чудо сум
заспал.
Додека пред тоа лежев буден со болка ми доаѓаа на памет многу
различно ,,лоши‘‘ мисли.Помислував на моите проблемчиња со
уринарниот трак и бешиката.Помислував и на евентуална опера-
ција во ,,Систина‘‘ која можеби ќе биде неопхпдна.Не се плашам
од никаква операција,но сепак ме ми беше пријатно да мислам на
вакви работи.Помислив дека можеби повторно се активирала
бактеријата која ја имав пред три,четри месеци и решив сабајле
да спремам мокраќа за микро биологија.Немав пластична тегли-
чка,така да утрово ќе морам да купам од ,,Зегин‘‘ и утре ќерка-
та,ако не е презафатена да однесе на анализа.
Повторно мислата исто многу позната дека парите се
само хартија која служи за купување на материјални добра и
храна,а здравјето за жал не може да се купи со пари ниту никакво
богатство.Парите сепак се добродојдени во зрелите години на
животот за евентуални интервенции и лекувања,бидејки за среќа
постојат и кај нас приватни клиники каде има многу по квалитетна
и подобра медецинска грижа, а кои не се нималку ефтини.
Ги имаме познатите клиники ,,Систина‘‘ и ,,Жан Митрев‘‘,како и
неколку други помали така да за скоро сите потребни
интервенции и опењрации не треба повеќе са се патува во други
западно европски земји.
Имам среќа што ме прифати како негов пациент еден од
најдобрите Уролози во Македонија проф.др.Лековски Љупчо и со
тоа сум малку по смирен во однос на моите ,,проблемчиња‘‘.

За разлика од повеќето доктори и хирурзи од оваа приватна


клиника,кои се доста комерцијализирани,овој доктор,барем
спрема мене, не се однесува комерцијално туку само како доктор.
Синојка стандардно за овие денови и викенди ја гледавме
деветата емисија на квизот ,,20 секунди‘‘ на ,,МРТВ1‘‘ и нормално
си го проверувавме знаењето и незна- ењето од некои дисципли-
ни на општа култура и нтелегенција.Потоа исто така една епизода
од одлиучната серија за животот на генијалниот Алберт Ајнштајн.
Сабајле за среќа бев сосема во ред во однос на болките и
околу 12 часот отидов да купувам разни потребштини за нова
година.
Гравчето кое го нарача ќерката веќе го направив уште во 10 и
30часпт така да одејки кон маркетот ,,Кам‘‘ го предадов на внуката
Леа.Малата Леа која полека израснува е итра и снаодлива.тоа го
осетив на свој грб,бидејки ми вети дека ќе слезе долу да го земе
ручекот за некоја минута,а тргна дури по 12-15 минути.Во меѓу
време ,,Госпоѓицата‘‘ си разговараше на телелефонот и не можев
да ја добијам и да интервенорам.во нормални ситуации чекањето
на внуците или децата не ми е проблем,но вчера внимавав да не
ги заморам нозете.
По гледање на уште една епизода од серијата ,,Гениус‘‘
го вклучив филмот ,,Деветата порта‘‘ кој го режирал Роман Пола-
нски.

Очекувавма добар филм бидејки Полански е познат светски


режисер,но излезе доста обичен е двај просечен филм.

Актерот Џони Деп кој исто така е многу познат во последните 10-
15 години беше одличен,но целиот филм во глобала беше многу
под нашите очекувања.Како љубители на филмската уме- тност и
секојдневно гледање барем поеден филм или епизода од серија
во последните 15-20 години го изоштривме критериумот за
оценка на квалитетот на филмовите.
29.12.2020 г. Вторник,

Се ближиме кон крајот на 2020 та година и ги одброју-


ваме последните три дена до новата 2021 ва година.Утрово
за среќа е горе долу добро.Нема загадувања,веројатно
поради малото ветерче или нешто друго,а нема ни магла.
Во далечината на исток сонцето се мачи да се пробие
меѓу разретчените облаци и полека но сигурно веројатно ќе
успее.Мојата состојба со здравјето сабајлево е нормална,а
тоа во моментов е основен критериум за добро располо-
жение.За претпладнево немам никакви планови,таска да ќе
можам да одмарам во спалната соба со лап топот пред мене
и по малку да правам разни вежби со рацете.Се обидувам на
тој начин да ги задржам рацете во нормална форма,бидејки
сем вежбите немам некои други физички напори.
Синојка се гледајки ги вестите на телевизија се
подсетив на внукот Филип.Уште три дена и завршува првото
полугодие од учебната година која за внуците беше ,,он
лајн‘‘ и во кое за жал сите ученици добија многу малку
знаење.
Уште едно полугодие,си помислив и нашиот најстар внук ќе
заврши средно образоцание.Тој е добар ученик,но во после-
дните години не е во најваките. Изузетно е интелегентен,а за
јазици посебно надарен,но не е многу амбициозан и не сака
да учи тоа што не му е интересно.Моментално планира да
студира надвор од Македонија,најверојатно во Германија.
Студиите во оваа многу развиена замја во секој поглед
сигурно нема да бидат лесни,како што се кај нас,но се наде-
вам дека се вклопи во тој систем на учење бидејки е многу
паметен и интелегентен. Последниве години не сака негови
фотки да се ставаат на социјалните мрежи,ниту да се слика,
па оваа подолу се надевам дека нема да ја види.
Сите внуци ги сакам подеднакво,барем така мислам,но тој е
прв внук и со нас помина највеќе време ако го споредуваме
со останатите.
Филип со скоро често велеше дека сигурно тој ни е нак
омилен внук,но ние двајца само повторуваме дека него
најдолго го сакаме,бидејки е најстар.
Можеби не е многу корекно што ја ставам оваа фотка без негово
одобрение,но основна причина е што сакам да ми остане во
вакво сеќавање внукот Филип.
На есен веќе нема да биде со нас тука,а како што вели,барем за
сега нема намера по завршувањето на студиите да се враќа во
нашава мала и скромна земјичка.
Секој од петте внуци си има свој карактер и е доста
различен од останатите.Карактерот на секој човек во главном се
гледа уште од детството кога сме најискрени и
нај+чесни,без ,,ракавици‘‘ во однесувањето кон другите.

30.12.2020 г. Среда,

Уште неполни два дена до дочекот на новата 2021


година.Во последните денови повеќе пати помислив на дочеците
на новата година во минатото,како и во студентските денови.
Припремите,списоците со учесниците во дочекот,кои и колку
девојки ќе поканиме и каде ќе ја чекаме новата година почнуваа
уште на крај од ноември.Во декември се собиравме во некоја
кафетерија и се договаравме околу сите работи.Тие собири
заедно со набавките и купувањата на пијалоци и храна за дочекот
беа во главном најинтересниот и најубавиот дел од дочекот.
На самиот дочек тие што имаа девојки и кои беа со нив по две,три
мелодии и неколку танга бараа да се угасат светлата и седнуваа
со своите девојки за да се љубат и милуваат седејки,или
танцуваа буквално залепени еден со друг.Останатите се обидуваа
да освојат некоја од слободните девојки и полека се опијануваа.

Со носталгија се подсетувам на тие прекрасни години и дочеци на


нова година.Не ми беше посебно битно,иако не бев равнодушен,
како ќе бидам дотеран за највеселата ноќ,бев радосен и среќен.
Посебно со радост се подсетувам на дочеците во зимските
центри во Македонија со кумовите и пријателите со кои се
дружевме во тоа време кога нашите деца беа многу мали.

Дали бевме сместени во најдобриот хотел или во некој друг


воопшто не беше битно. Најбитно ни беше дружењето,веселиот
дочек и секако скијањето на први и втори јануари.Тоа беа најуба-
вите и највесели дочеци на новата година.
Синојка добра вест.Бројките на новозаразени од вирусот
покажуваат солидно намалување,што посебно ме радува.Но,има
едно големо но.Тоа вели дека сепак демне голема опасност од
неводење сметка за можен пренос и заразување за време на
новогодишното славење и забавување,посебно кај младите,кои
потоа најчесто незнаејки ја пренесуваат на возрасните и остана-
тите роднини и пријатели.
Вчера додека работев нешто на лап топот на памет ми
дојде,незнам зашто мислата околу проблемите кои секој од нас ги
има во животот и начинот и успешноста на решавањето на
истите.
Се сетив на некои блиски роднини кои тешко,а најчесто никако не
ги решаваат битните проблеми во животот.Прво на ум ми дојде
братот Таки,кој често дали поради недостаток на храброст и
одлучност,или поради нешто друго слабо,а понекогаш и неуспе-
шно ги решаваше сбоите битни проблеми.Слично беше и со
братучетката Норче и уште некои роднини,но и колеги од ,,Раде
Кончар‘‘ каде работев заедно со нив.
Веднаш си помислив и на себе и мојот начин на решавање на
своите проблеми.Храброст и одлучност за среќа која никој пат не
ми фалеше и најчесто брзо се втурнував во решавање скоро на
секој проблем кој ќе ми се јавеше на мојот животен пат. По некој
пат првиот обид беше неуспешен,но повротно за среќа веднаш
одлучував да го преземам вториот корективен потез кој секој пат
беше успешен.Овие мои карактерни особини мислам дека беа и
сеуште се основа на моите достигнувања и успеси,но и на
неуспеси,кои за жал ги имаше во текот на животот.
Бегањето и нерешавањето на било кој проблем само го пролон-
гира неуспехот и страдањето.
Додека ги куцав последните реченици и се подсетував на
роднините и пријателите мидојдоа разни мисли на ум.

Сите знаеме дека господ не им дал многу ум и разни способности


на сите луѓе подеднакво.Некои се по умни, други имаат повеќе
талент за некои други делатности и уметност,а некои за жал од
повеќе работи по малку,а нешто воопшто немаат.
Од друга страна многу умешности и вештини се учат низ
животот,а посебно ако се дружиме со ,,јаки‘‘ и паметни личности.
Имав голема среќа што во работниот век работев со ,,јаки‘‘ и
многу способни директори и управители од кои многу научив.
Покрај нив имав и други бенефиции кои се доста битни во
животот.Тука е многу интересна мислата или максимата:
,,Ако си во кафез со лавови,ќе каснеш понекогаш и мевце,но ако
си во кафез со мајмуни цел живот ќе грицкаш само семки.‘‘
Оваа многу вистинита мисла кажува
31.12.2020 г. Четврток,

Конечно последен ден од оваа лоша,никаква година. Сите


чекаме што побргу да замине и да пристигне новата,во која
веруваме и се надеваме дека ќе биде многу подобра.Колку ќе
видиме.Последни докупувања на нешто заборавено и тради-
ционално печење свинско и секако обавезните сарми.Проверка
на вината,црвено за ,,Госпоѓата‘‘ и бело за мене,бидејки
омиленото мое црвено ми е забрането,како и свинското
месо.Штета.
Тоа е тоа.Морам да ги слушам препораките на докторите
поради опасност од повторување на мојот Гихт.

1.1.2021 г. Петок,

Започна конечно новата година и кај нас во 00 и една минута


ниќеска.Ја дочекавме според здравствените протоколи дома без
друштво како што не советуваа нашите епидемиолози и Мини-
стерот Филипче.Нормално со богата трпеза,сарми,свинско
печено и обавезната ,,Руска‘‘ и ,,Француска‘‘ салата.Се разбира и
со црве- но и бело вино.Далечинскиот упревувач час кај мене,а
потоа кај гордана.Така ја дочекавме многу очекуваната нова 2021
година.
Како и секоја година веднаш по 12 часот честитки од најбли-
ските,ќерката и внуците.Синот се јави и честита сабајлево,а со
другите внуци планираме денес да се видиме и да им ги преда-
деме подароците.
Стандардно во 11 часот започнавме да го следиме најпо-
знатиот и најпопуларен новогодишен концерт на Виенските фил-
хармоничари кој традиционално се одржува на први јануари
повеќе од пеесет години во Виена.
Оваа година,поради пандемијата концертот се одржува без
публика,а се пренесува преку интернет во повеќе од 80 земји.
Овој концерт и музиката од познатата фамилија страус која во
главном се изведува ме врати во минатото,поточно во младоста
кога сеуште живеев со родителите.И тогаш редовно го пратевме
овој феноменален концерт.

2.1.2021 г. Сабота,

Вториот ден од новата 2021 започна донекаде стандардно.


По не баш убавата или слатка ноќ и неспиењето од 03 и 30 часот
до 04 и кусур со ококорени очи,сабајлево за среќа станав околу 7
часот.Ноќеска,поточно одкога повторно заспав пред разденување
сонував лоши,или конкрестно многу возбудливи соништа.
Требаше да возам огромен автобус кој беше паркиран на некој
паркинг полн со автомобили во некој град.
Прво морав возејки го полека назачки да излезам на патот што
беше невозможна мисија.
Некако успеав со големи маки да го препаркирам подолу на
некоја косина.За среќа набргу дојде возачот на автобусот и ме
спаси од возење на истиот кон Скопје.

Сабајле размислував за сонот и на памет ми дојдоа мислите од


ноќеска во врска со бактеријата која ја имам моментално во
уринарниот тракт,за која конкретно ќе имам резултат во
понеделник.Оваа ситуација ноќеска ми се чинеше доста црна и
лоша.И досега повеќе пати сум имал некоја бактерија која со
антибиотици некако сум ја ,,средувал‘‘.

You might also like