You are on page 1of 20

Крумче Стефановски

Збирка раскази

СУДБИНИ

1.Родителство

Тоа летно утро низ малото кујниче замириса чај од штотуку набрана липа и отворена
тегла џем од сливи. Четириесет и пет годишен маж седеше и го подредуваше и
чистеше штотуку набраниот липов цвет.
Се напи голтка кафе од металното шолче и погледна во рачниот часовник, се
подзамисли и викна.
-Ајде нели ке доаѓаш на појадок,ми рече за 5 минути а еве касниш веќе 15 минути.
Ајде послушај го родителот,, Се насмевна тој.
По неполна минута вратата од собата се отвори, младо високо и разбушавено момче
подзамижано застана и рече:
-А родителот знае ли дека само што наполнив 16 години и ми треба повеќе сон,
наместо да ме однесеш во некој велеград полн со високи и убави кули ти ме доведе
тука во планинска колиба на викенд?!
Таткото одговори:
Ке имаш прилики се да видиш, сега оди изми се и да појадуваш.
Момчето неволно се упати во дворот кај чешмата мрморејки:
-Ајде послушај го родителот, послушај го родителот.. па речи послушај го татко ти тоа
исто е нели..
Таткото на тоа насмевна врзувајки ја кесата со исчистен чај, ја стави во ранецот и
испадна во дворот со крпа во рацете.
-Повели млад дечко избриши се, родителот ти донесе крпа, оди да јадеш веќе е 11
часот.
-Фала "стари,, и да ти кажам ми се јаде а не се ни сомневам околу храната сервирана
од тебе.
Момчето го чукна по рамо таткому и влезе во кујната додека тој остана во дворот и
запали цигара
. -Стари(извика момчето од внатре).
-Што мислиш денес да правиме, да ти кажам уште од сега дека пак на берење чај не
доаѓам.
Ете вчера беревме доволно е, денес може само да се одмори под сенка.
-Епа момче младо уклучи се на интернет и сурфај(се насмевна таткото)
-Стари ти ме зезаш мене, овде едвај сигнал има не па нет да има, ах старо старо..
-А така, ти на родителот машки твој му викаш старо? Ако ако..
-Е доста го употребуваш тоа родителот па родителот, исто ти е тоа со татко или мајка
само употребуваш пософистициран збор, Родител.
-Еее не е исто татко и родител, ете незнаеш.
-Како може да не е исто. Исто е.
Таткото извади од автомобилот еден стар весник и конец од сетот за прва помош и му
рече:
-Ајде да отидеме до пољанкава, блиску е на само 20 сетина метри, има и сенка, таму ке
ти покажам дека татко и родител не е исто.
-Хмм стари ме зачуди што земаш весник и конец баш да видам што може да направиш
и да се изнасмеам.
Се смееше момчето а и таткото се насмевна. Стигнаа до големото дрво на врвот на
пољанката, беше убаво и сончево време, дуваше слабо пријатно ветре.
-Е седи тука мали, еве да постелам чаршав, повели сок, има нешто овошје во ранецот
па послужи се.
-Ке ми читаш од весников нешто додека одмарам хаха се смееше момчето.
-Не, нема да ти читам, ке правам летало.. одговори таткото.
-Хаха хаха браво бе стари ме насмеа, и што врска има леталото со родителството, кој
незнае летало да прави, рече момчето.
-Точно така синко, секој знае летало да прави ама не секој знае да го лета, некој му
додава повеќе реси па леталото губи контрола, некој му пушта повеќе конец и леталото
се заплеткува.
Исто како со леталото така и секој може да биде татко или мајка, но родителството
бара умешност, љубов, трпение, жртвување...
Сега и тоа ќе ти покажам, одговори таткото...
Таткото почна полека да го прави леталото, прво ги провери страните дали се еднакви
и полека ја превиткуваше хартијата. Момчето го гледаше со благ насмев и му рече:
-Еее јас досега две ке направев, подај ми хартија да видиш.
Таткото му подаде хартија и момчето почна, го направи леталото, му стави конец, му
стави реси а таткото уште не беше ни до пола со своето. Момчето задоволно од својата
работа почна да прави и додатни реси, да биде неговото летало подобро од татковото.
Заврши и таткото со правење и му рече:
-Епа мали и јас завршив, ајде да ги полетаме.
На таткото леталото полета одма додека момчето се мачеше, се обидуваше еднаш, два,
пет пати, леталото не полета. Тогаш таткото му рече:
-Мали родителството е ова -Што има тука родителство во леталава стари, сигурно е до
ветрот.
-Не е до ветрот, слушај ме сега:
1.Твоето летало го направи доволно брзо, му додаде додатни реси па неспремно го
пушти на ветрот.
Родителот кон децата треба да се однесува внимателно и трпеливо, да ги припреми за
животот исто како јас што го правев и припремав моето летало полека.
Момчето сеуште се обидуваше да го полета своето летало.
-Мали, синко под број 2
На леталото не му ставај преголем терет, дополнителни реси, оти кога ке дојде време
за лет тоа не ке може да се ослободи од тежината. Родителот им дава на децата тоа што
им треба за да полесно полетаат низ животот, не премногу предмети и скапоцености
туку всадува воља и желба за лет.
Момчето ги откина дополнителните реси на своето летало и проба да го полета, и
успеа за миг но набргу се сруши на земја. Така помалку изнервиран му проговори на
таткому:
-И сега стари што е сега? Има исти реси со твоето и пак падна, што е тука
родителското?
-Смири се момче, ке ти кажам сега, ова
број 3
Моето летало го научив да лета со тоа што го има и да му биде убаво. Родителот го
спрема своето дете да оди низ животот со тоа што му е потребно, тоа што сам од себе
ке створи а не со додадено перје, тогаш детето мисли дека тоа што го добива од мама и
тато му следува и нема воља за лет.
Момчето полека се смируваше и замислуваше, се откажа од летање на своето летало и
седна до татка си, го гледаше неговото летало.
За миг леталото на таткото подзастана и спуштајќи се надолу момчето му рече: -Влечи
го конецот стари ке падне леталото, затегни го. На тоа таткото се насмевна и рече:
-Не синко, ако го затегнам конецот и леталото ке затегне и ке се скине, само малку ке
го сецнам и пак ке се подигне.
Така и се случи, со само едно замрдување на конецот од раката на таткото леталото
повторно леташе нагоре, тогаш таткото го погледна детето го фати за неговата коса и
му рече:
-Мали сега сме на лекција 4 и 5 од родителство, ако родителот премногу ги затегнува
своите деца ке се соочи со исто затегање од нивна страна, и нормално кинење на
конецот. Кога леталото подзастана, исто како децата кога ке подзастанат во животот
тука е родителот да даде сила, воља, поддршка, конецот е врската помеѓу децата и
родителите.
Момчето силно го прегрна татка си и му рече:
-Ајде да одиме, веќе сум гладен, ке си спремам пржени компири.
Таткото одговори:
-Добро ке одиме, ти подготви салата а јас ке ти испржам компири, леталото се лета од
што се сака, не се лета само на тој што го има конецот да му е добро и убаво. Така и јас
ке ти спремам ручек од што го сакам тоа за тебе да го правам, од што те сакам.
За миг бунтовниот тинејџер заплака и поита низ пољаната, таткото го стигна и го
прегрна, милувајки му ја косата му прошепоти:
-Мали еее, немој солзи, ај додека го правам ручекот да те замолам нешто, може?
Момчето со своите водени очи погледна во таткото и рече:
-Што тоа ст.. Што е молбата тато?
-Да ми приготвиш кафе, а за вечера ке одиме во рибниот ресторан што е во близина,
може?
-Со задоволство ке ти направам кафе татко, Родителу мој, а вечерва сакам да играме
шах во дворот, може а? Или се плашиш(се насмевна момчето)
-Договорено. рече таткото и прегрнати се упатија кон кукичката. Автор:Јас, ви
благодарам
2. ДОМАТИ И ЉУБОВ

"Месо купив, колбаси да, ребро да,зелка да, овошје да, а дааа домати ке
заборавев(мрмореше во себе висок маж во возрасни години со побелена ретка коса и
кеси во раката додека минуваше низ пазарот)

Ја здогледа тезгата со домати и се упати кон неа, во тој миг неговиот телефон звонеше
па тој се јави:

-Ало, еее синко како си шо правиш, ништо добар сум еве на пазар, вие добри сте со
Ивана, мхм, договорено ве чекам за викенд на ручек, поздрав, фала, чао чао.

Наближувајки се кон гајбите со домати тој го прекинуваше телефонскиот разговор и ја


пушти својата рака кон нив, да види дали се доволно тврди.

-Колку ти е доматот? (Го праша продавачот. -60 денари комши. (одговори пазарџијата)

-А овој розовиот.. Подавајки ја својата рака за да допре еден домат тој ја допре раката
на една госпоѓа која исто го држеше доматот, госпоѓата беше со долга црна коса, црни
очила за сонце и во ближни години на неговите.

-Овој домат Мајсторе..

Ох се извинувам госпоѓо јас го фатив доматот што го држите вие.. Извинете(се


извинуваше додека со рацете сеуште држеа ист домат)

Госпоѓата додека ги вадеше очилата за сонце и го погледна в очи проговори: -Нема


проблем господине, земете го доматот вие.

-А не, никако ви се молам, вие прва го земавте(и велеше човекот на кого очите гледаа
баш во нејзините кафеави очи)

Таа срамежливо го спушти погледот но никако не ја тргаше раката од неговата рака.


Тој и проговори:

-Земете го вие доматот а јас ке одберам други. Дамата му возврати:

-Еве јас во знак за извинување ке ви помогнам да одберете домати, кажете ми за што


ви требаат, за салата, за летна манџа, за пасирање...

-За салата госпоѓо ам.. (дамата го прекина со зборовите)

-Јас сум Ирена мило ми е(се насмевна благо сеуште држејки ја неговата рака и
гледајки го во очи)
-Мило ми е и мене јас сум Мирко(низ насмевка рече човекот) За салата ми требаат
сега за викенд, знаете имам дома за пасирање и летна манџа но немам овакви.

Пазарџијата возрасен чичко од околу шеесетина години се насмевна на цела таа


ситуација како возрасни маж и жена држат во рацете еден ист домат и разговараат
гледајки се без да трепнат и им го прекина нивниот поглед

-Мирко и Ирена еве јас честам по килограм домати за вас, какви сакате.

-За денес ти треба за салата Мирко(го праша Ирена)

-Не баш, всушност ми треба за во сабота, знаеш тогаш мојот син и неговата девојка ке
ми дојдат на ручек па сакам да биде се на ниво(се смееше Мирко додека Ирена
одбираше домати и со погледот шеташе и до неговите очи и до кесата каде што ги
ставаше доматите)

-Баш си грижлив, си купил и месо гледам во кесата, сигурно вашата сопруга ке зготви
убаво јадење(му рече Ирена додека му ја подаваше кесата на продавачот да ја мери)

-Јас ке готвам Ирена, ке го печам месото на скара и ке приготвам и салати(одговори


Мирко)

-Вие ке готвите! Браво, алал да и е на сопругата со оваков домаќин(рече Ирена)

-Знаеш Ирена, јас не стигнав да ти кажам, немам сопруга, се разведовме уште пред
многу години, имаме еден син студира на машинскиот факултет во Скопје па за викенд
ке ја донесе девојката конечно да ја запознаам па сакам храната да биде перфектно
подготвена(низ насмевка и срам одговори Мирко)

-Мирко јас ти се извинувам што те наведов на тој одговор (спуштајќи го погледот


продолжи Ирена)

И јас сум сама, мојот сопруг почина пред 6 години, имам една ќерка има 22 години и
сега е во Америка на студии, студира медицина, се гледаме често на вибер, секој ден
но еве две години не е дојдена(Додека зборуваше малку се натажи но се собра и
заврши со реченицата) ама еве уште 3 месеци и ке си дојде.

Продавачот го прекина разговорот:

-Повелете доматите господа(се смееше) тука има малку и повеќе затоа тебе Мирко ти
предлагам да ги земеш кесите и на госпоѓата и да отидете тука зад аголот има
слаткарница да ја почестиш Ирена кафе и благце, времево денес од утрово е жешко.

Мирко погледна во Ирена а таа со мала насмевка му возврати дека идејата на


продавачот е добра.

-Дали ке сакаш Ирена? Ја праша Мирко

-Па може на по едно кафе и баклава


. -Баклава!? Ирена па јас обожувам баклава, секаков вид со ореви без ореви, хаха
(Кажуваше Мирко додека Ирена и пазарџијата се смееа силно)

Што се случи потоа незнаеме, знаеме дека останале долго во слаткарницата.


Пазарџијата задоволен од пазарот и од непосредноста и смешната случка на двајца кои
држејки еден домат се држеа за рака, си го прераскажаа животот, и отидоа да се
почестат со уште пријатен разговор.

Веќе беше поминало пладне а тој ги собираше празните гајби од доматите кога
наведнувајки се ги здогледа на аголот од улицата, Мирко нешто чепкаше на телефонот,
го стави во џеб и и ја бакна раката на Ирена и се разделија...
3. НАДЕЖ, ВЕРБА И ЉУБОВ

Некогаш одамна на еден остров си живееле сите видови на емоции. Среќата, тагата,
знаењето и сите други, меѓу нив и Љубовта.

Еден ден се приближувала голема бура кон островот па така сите почнале да се
спасуваат а само Љубовта останала последна.

Како што бурата станувала се појака така таа решила да побара помош.Со својот
чамец поминувало Богатството па Љубовта го запрашала?

-Дали ке ме земеш да дојдам со тебе, бурата што доаѓа е страшна.

А Богатството одговорило:

-Неможам,нема место на мојот чамец, имам премногу злато и сребро во него и брзам
да ги засолнам.

Љубовта натажена од одговорот седнала на брегот додека дождот станувал се посилен.


Поминувал друг чамец тоа била Ароганцијата, кога го видела Љубовта замолила:

-Дали ке може да ме засолниш во твојот чамец, бурата е премногу силна. На тоа


Ароганцијата одговорила:

-Нема да можам, ти си накисната, водена па може да ми го натопиш чамецот, и таа


заминала а, поминала и Тагата и на молбата на Љубовта одговорила:

-Неможам ни јас да те земам, многу сум тажна и сакам да бидам сама.

Поминувале сите, и Горделивоста беше блиску до островот но кога ја здогледа


Љубовта веднаш го промени правецот мрморејки си:

-Неможам да ја поднесам вештеркава, сигурно ке ме моли да ја земам во мојот чамец а


јас не би патувала со неа никогаш.

Помина и Среќата но таа од среќа не го виде мафтањето на Љубовта, помина


Суетноста која само и дофрли со зборовите

"Помогни си сама,,
Така Љубовта ја наведна својата глава додека дождот се посилен паѓаше по неа.
Одненадеж слушна глас:

-Ајде повели Љубов качи се на чамецов ние ке те превеземе.

Таа се качи но од силното невреме неможеше ништо да забележи освен две сенки...

Патуваа без збор да проговорат и стигнаа на нов остров, сончев без бура со многу
зелени дрвја и бистра вода на бреговите.

Кога слегоа од чамецот Љубовта запраша?

-Кои сте вие што ми помогнавте, што ме спасивте(гледајки ги две прекрасни девојки
со бели лица и наметки исткаени како од сончевите зраци,со венчиња од најубави
цветови во нивните коси кои беа посјајни и од товарот со злато на чамецот на
Богатството)

Едната од нив одговори:

-Јас сум НАДЕЖ, а ова е мојата сестра ВЕРБА

Љубовта беше среќна и рече:

-Сите ги замолив и никој освен вас не ми помогна, ви благодарам многу, може ли и јас
да ви бидам сестра?

Кога го слушна ова од островот се појави РАДОСТА ги прегрна и им рече:

-Само НАДЕЖТА И ВЕРБАТА знаат колку голема и убава може да биде Љубовта.
4. ПРВА ЉУБОВ ПО ВТОР ПАТ

Се почна нормално тоа утро, како и секој ден, се разбудив пред да звони
будилникот,сопругата сеуште спиеше.

Станав, измив лице измив заби си приготвив кафе и излегов во дворот. Утрото
навестуваше жежок ден,Августовското сонце уште рано рано им ја диригираше на
птиците својата летна симфонија. Куќата ни е на споредна улица, тивка, со липи и врби
со убави дворови со многу цвеќиња. Тука обожувам да пешачам слушајки музика во
модерен начин, со слушалки хаха ееее светот напредна, а главната е на само стотина
метри, се ни е близу.

Јас сум Јован, имам 47 години, чиновник во адвокатската комора на Македонија,


оженет со Ивана која е помлада од мене 7 години. Имаме и син Михаил кој завчера го
испративме во Америка на студии(хаха не сум толку богат, одпатува со државна
стипендија).

Сопругата работи од дома, преку својот лаптоп, маркетинг агент за фирма од Англија,
често се оттуѓува во својата соба, јас со моите документи, се грижиме за синот, за
школувањето и да има подобар и поуспешен живот. Одамна престанавме да се
грижиме за нас, за тоа што е Љубов, функционираме само со зборовите Колку ти треба,
за кога, во колку часот и се така административно, спиеме во иста постела, близу а
никогаш подалеку.

Нашиот брак само наликува на брак, таа готви јас јадам, кога јас готвам таа јаде, без
комплименти и емоции околу приготвената храна, без воодушевување околу нечиј
професионален успех. Заедничка ни е борбата околу синот, да успее, да биде
самостална личност.

А во дворот, имаме двор со многу рози, трендафили,питунии и три големи бора што
прават сенка и ладовина.

Пиејки го кафето размислував за Михаил, го земав телефонот и отворив вибер, Аа еве


пишал:

Тато пристигнав, не грижи се, и пишав и на мама, Њујорк е поубав одколку ти што ми
го раскажуваше:

Се насмевнав додека читав и му вратив,


"Да ми купиш капче од Јенките NY.

Го оставив телефонот и се напив кафе, се чуствував среќно, заради него. Погледнувам


во часовникот

-Ааа веќе е 7 и 20,морам да тргнам.

Станав од летната масичка под сенка од борот оставајки на неа полупразна чаша од
вода и шолче од штотуку испиено кафе. Упатувајќи се кон вратата на дворот проверив
дали има одпад за да го фрлам во контејнерот кој е на аголот на улицата. Ги земав
тенките ракавици за еднократна употреба и кесата со одпат.

Движејки се ми зазвони мобилниот, жена ми штотуку станата ми порача да купам


хартија за печатачот. Разговорот ни беше краток, неколку секунди, нормално.. Ставајки
го телефонот во џеб наеднаш нешто ми ја кутна кесата со одпад наземја.

-Извинете господине, сега се ке соберам

Тоа го слушнав додека гледав наведната девојка како брзо ги става работите во кесата,
беше со долга црна коса, во светлопротокалова униформа и со црни работнички
нараквици, полека се исправаше и го здогледав нејзиниот лик.

Иако беше август почуствував благ ветар што ми го лади потното чело..

-Не е никаков проблем-Одговорив едвај гледајки го нејзиното лице со бакарна боја


добиено од сонцето, нејзините подиспукани усни како врвови на снежна планина во
пролет, нејзините црни очи, поцрни и од судбината на питачот..

Онемев..

-Ајде Ајше тргнувам, готова ли си.. Прозборе глас од белиот камионет што собираше
одпад.

-Ајше, Ајше се вика(мрморев во себе низ глава додека гледав како се оддалечува)

-О Боже мој(си велев во себе) зар јас не сум повеќе јас, па јас сум женет и веќе одамна
нит давам нит сум примил љубов, за мене се е административно, без емоции,чувства...

Го забрзав мојот чекор додека се упатував кон работната канцеларија која беше близу.

-Ајше, Ајше, колку само беше убава, мила, слатка, а сепак улична собирачка на
отпадоци(цел ден помислата на нејзиното име ми носеше насмевка, онаква како при
првото заљубување. Се прибирам дома обидувајки се да го сокријам блесокот во моите
очи.

-Добар ден, се вратив(и прозборев на сопругата)

-Ми купи ли хартија-рече таа


-Оо извини, заборавив, многу работа(мрморев правдајќи се дека имав премногу
работа)

-И сега јас кај да барам во ова време, сигурно се затворени, офф маки мои со тебе, ете
имаш вечера во кујна, јади ти сам јас веќе јадев, ке одам в соба имам веб состанок за 10
минути... А да се јави Михаил, добар е, те поздрави, ти купил капче од
Јенките(зборуваше сопругата додека јас ја гледав и мислев на тие 4 букви, на Ајше)

Капче од Њујор јенки обожавав, знае и син ми колку го сакам тој бренд и колку често
носам капчиња заради мојата фризура лабава, тенка, разретчена хаха.

Лав е мојот син лав(така расположен тргнав да се пресоблечам во спална, легнав на


креветот со раскопчана кошула и прозборев:

Ајше, Ајше..

Во тој момент сопругата минејки низ ходникот што води до нејзината работна соба
слушна и застана пред прагот на вратата.

-Што ти е тебе, Ајше, хаха земи полиј ги розите во дворот оти вака бладаш(гризејки
јаболко и со смеење замина во собата)

Зар моите мисли дојдоа до устата, станав и веднаш ја облеков маичката за дома, слегов
во кујната си направив кафе, не бев гладен, и отидов во дворот под борот, додека го
пиев

Утрото станав многу порано, уште во 5 часот, полека се искраднав од постела да не ме


сети сопругата. Се симнав долу во дворот, ги погледнав розите, беа подзатворени,
изгледаа добро но сепак решив да ги полеам за да изгледаат посвежо.
Букет ке правам за Ајше, бев возбуден како осмооделенец.
Го извадив цревото од гаража го поврзав на чешмата и оставив да тече во розите.
-Имаш време Јоване, уште е рано, сега право на туширање и на спремање(си велев во
себе додека се мотав облечен сеуште во пижами)
Се истуширав, обриков, нанесов парфем, полека од плакарот во спалната извлеков
убава кошула(плава со бели линии) си спремив кафе, вода со лимон и излегов во
дворот.
Го оставив кафето и чашата вода на масата и одам да ги проверам розите. А а а убави
се, расцветани, ми треба ножица за да исечам неколку и да ги врзам во буќет(си мислев
така расположен. Ги одбрав најубавите и најмиризливите, ги врзав и резултатот е
преубав буќет, го оставив на масата и тргнав да го вратам цревото и ножиците во
гаража. Додека се упатував кон масичката за да седнам и пак го погледам букетот
погледнав на часовникот.
-6:25 е имаш време Јоване...
-Јоване, Јоване што правиш(гласот на женами, поспана и по пижами стоеше на прагот
на вратата)
-Јааас, Јасс ништо Ивана, ништо(збунето одговарав, леле што правам, што да кажам..
Многу рано си станала(едвај изустив)
-Да рано е сеуште, да те потсетам да ми земеш хартија, неможам денес да излезам
имам мн..
Леле па ти се гледаш ли бре човеку, нагоре си со убава кошула, си ставил на тебе тон
парфем а надоле си по пижами, хаха што ти е, ваков трапав помнам беше на првиот
наш состанок, ти беа погрешени чорапите, хаха ее Јоване да не се заљуби ти(ми рече
така изненадена од гледката и смеејки се, а и стварно сум заборавил да облечам
панталони)
-Паа, па прибирав нешто во гаража, сега ке се облечам(тргнав во правец на вратата
додека не се сретнавме на прагот, јас за внатре а таа за надвор)
-Јоване ауу Јоване што е ова на масата(се движеше кон масата, седна на едно столче и
го зема буќетот в раце и го помириса)
-Опаа браво Јоване, многу убави цветови, ке го носиш на работа на колешката(се
смееше додека јас се качував горе да облечам панталони)
-Е браво бе, браво.. Сега буќетот за Ајше е во рацете на женати, море облекувај се веќе
е 7 и 15(мрморев во себе, се облеков а заборавив дека ни кафе не пиев, слегов и си
направив набрзина и испаднав во дворот)
-Наздравје кафе, гледам ова на маса ке ти е второ(ми рече сопругата со малку
збунувачки тон)
Леле па јас заборавив дека веќе си направив кафе и го оставив, си велев во себе додека
одев кон масата и одговорив)
-Па тоа е за тебе(уфф само да се извадам од кашава)
-За мене? Си ми направил кафе, чаша вода со лимон и овој прекрасен буќет, Се е за
мене? (беше видно изненадена, тоа одамна кај нас не се случува, се помалку време си
посветуваме, речиси ич)
-Да, да се е за тебе(морав да се вадам.
-Баш сум пријатно изненадена од тебе, (стана од столот се доближи до мене ме
прегрна и бакна во образ)
Имај убав работен ден и те молам не заборавај за хартија(ми рече додека се движев
кон излезната порта целиот збунет и возбуден, дали заради бакнежот кој одамна не го
помнам каков бил или поради буќетот што сакав да и го дадам на Ајше, излегувајќи без
да ме примети си го допрев лицето каде што ме бакна, се уште ја чувствував топлината
и нежноста)
-Ее Јоване, не губи се, на работа одиш, погледнав на улицата но немаше ниту
камионет ниту улични чистачи. Тој ден имав повеќе работа од вообичаено, останав
некаде до 17 часот, од многу работа немав време да мислам ништо, само знам дека
неколку пати се присетив на бакнежот од сопругата. Се упатив кон книжарница да
земам хартија, пред книжарницата ми зазвони телефонот, вибер повик, тоа беше тој,
Михаил
-Ало млад дечко, како е во Њујорк, има ли сонце(му реков со смеење)
-Има, има, ама тука е утринското, утре ке одиме во Централ парк, ке ти сликам, знам
дека многу го сакаш Њујорк, ти каде си, што правиш(ме праша)
-Еве пред книжарница да си купам лектира за 6-то одделение, оти почнав така да се
понашам хаха(се смеевме)
-Да, хаха те фатил пубертетот, и мама ми кажа за твоето чудно однесување, без гајле
ке ти мине(се смееше) Туку купи што треба и дома те чека изненадување
-Изненадување? Зар пристигнало капчето од Јенкс Је је, тенкју мај сон(му одговорив
весело смеејки се)
-Не се вели сон, алоо пубертетлијо туку Сан, а сон се пишува, слабо енглескиов хаха
-Знам бе мали, те зезам, је је је, ајде одам во книжара, тенкју аген
-Момак после книжара правец дома и да ми пуштиш слика од изненадувањето(се
пошегува со мене и исклучивме.
Купив хартија и се враќав дома, размислував за се, за детето, радосен и среќен бев што
е добар и среќен, помислив на бакнежот од Ивана, помислив и на Ајше..
На се..
Влегов во портата и движејки кон влезната врата приметив како масата во дворот е
покриена со шушкавец, прозорот беше отворен и викнав;

-Ивана, се вратив, ти купив и хартија, а зошто е масата покриена, да не врнеше(обично


кога има дождови ја покриваме)
-Јоване, оди пресоблечи се, истуширај се и дојди надвор ке те чекам нешто да
разговараме(слушнав само глас а не ја видов на прозорот) Ништо изгледа за Михаил ке
разговараме и ке го видиме на вибер, ги соблеков чевлите и се качив горе да си најдам
алишта за после туширање.
Се истуширав, облеков и слегов долу,веке беше замрачено 8 и 30, се упатив кон
излезната врата што води кон дворот и пробав да и кажам на сопругата дали ги полеала
цвекињата.
-Ивана.... И уште не дореков здивот ми подзастана, така стоејки на прагот имаше што
да видам, на масата го немаше оној шушкавец повеќе туку имаше поставено две чаши
за вино, две црвени свеки што гореа, две чинии со сервирана храна, шпагети со сос, а
од блесокот на светлината од свеќата ја забележав и неа, со убав светло плав фустан,
носеше бел бисерен гердан околу вратот, усните и беа со дискретен црвен кармин,
лицето и светеше заедно со темнокафејавите очи, а нејзината руса кратка коса
блескаше.. О Боже..
-Дојди,седни,но најпрво дојди да те бакнам(се приближував кон неа како збунето
детенце кое го фатило првата љубов, ее прва, прва ама мене ме фати по втор пат)
Се бакнавме кратко, седнав и прашав
-Што значи ова, за кого е? За нас?
-Да Јоване за нас, за нас ке биде и од сега, знаеш низ секојдневните работни обврски
човек заборава дека љубовта и љубениот треба да не се забораваат, а ние по навика
мислиме дека тој што е со нас треба да не сака и без секојдневно внимание, по
автоматизам да добиваме љубов, без влог, она што ти го направи утрово за мене, оној
буќет, кафе, тоа ме потсети дека треба да си даруваме секој ден внимание и љубов.
Оф Јоване Јоване си велев, што ли мислев до вчера, зар мојата љубов толку беше
заспана, еее Ајше ја разбуди, Ајше не врати повторно на слатката љубовна патека,
Ајше.(си мислев во себе додека со очи го впивав секое движење на Ивана..
-Тотално си во право Ивана, јас сум збунет и немарлив, и помалку срамежливо ке ти
признаам дека сеуште сум вљубен во тебе..
-И јас во тебе Јоване, и благодарна сум на таа виша сила што не спои повторно
-Вишата сила се вика Ајше(промрморев)
-Ајше? Хаха што
-Велам има една песна таква(хаха се насмевнав).
-Е кога сме кај песните чекај(од зад нејзиното столче ја извади гитарата) Повели сакам
да ми ја запееш онаа прва што ја слушнав, онаа пред 20 години што ја пееше кога се
запознавме на летување
-Ее ама Михаил ми рече да му се јавиме, да видел нешто(реков поземајки ја гитарата)
-Баш ова да го види, да не види среќни заедно, за нас, за него.. (Уфф повторно изгубив
здив, Љубов Јоване, Љубов
-Може, звони му(реков спремајки се да ја свирам и пејам "Кој да ти каже Ивана,,
-Ало ее мамо се прибра ли пубертетлијата(се смееше)
-Тука сум мај сон(хаха) А капчето од Јенкс кога
-Ке го пратам во понеделник а сега дај отсвири ја таа песна со која сте се запознале со
мама.
-Океј мај сон..
Почнав да свирам и пеам додека ноќното ветре ја галеше насмевката на мојата Ивана
со светкави очи, ее луге мои прва љубов по втор пат..
"Кој да ти каже Ивана
Како те сакам и ти се враќам,
Кој да ти каже Ивана....
5. БИБЛИОТЕКА

Беше тоа во почетните години од 21 век.


Штотуку оддолжен на државата со служење воен рок, побогат со нови пријателства и
дисциплина но и со жар за нови цивилни авантури во летото кое следуваше.
Мојот град изобилува со излетнички места, токму на едно такво запознав една девојка,
од ист град но не се знаевме лично дотогаш.
Се чувствував многу добро и пријатно,дотогаш ми се допаднале девојки но никогаш
на ваков начин. Заљубување пријателе. Размислував дека не е баш време одма да и се
отворам дека ми се допаѓа, бар не по само неколку дена дружба.
Од ден на ден се убедував дека има време, битно се дружиме па ке дојде и тоа, а колку
повеќе го преќутував тоа толку повеќе се зацапував во Љубов, ваљда тоа е она кога од
самата помисла на некој ти се појавува и главоболка и радост. Хм ама кој да собере
храброст тогаш. А таа беше студентка на еден факултет во една соседна држава,
повисока еден прст од мене, долга плава коса, лице бело со очи како Жад. Зелени.
Летото поминуваше а јас ке ја сретнев понекогаш ке направевме здраво, малку муабет
и се разидувавме а јас останував да гледам во правецот каде што се движи. Кратко
беше времето на тие средби за да и кажам тоа што многупати го вежбав дома:

"Знаеш Мирјана, нешто важно да ти кажам, не не така, многу ми е грубо.


Хмм здраво Мирјана денеска си преубава
Не, не, идиоте, па уште од првиот миг ти е преубава,,
И секогаш малку фалеше ама и остануваше да фали.
Еден ден ја сретнав нејзината сестра(во тие неколку "случајни,, средби често ги
среќавав заедно па така се знаевме)
-Здраво Виктор како си? Ме одпоздрави и праша.
-Добар Данче, како си ти(морав прво да прашам како е она а цело време сакам за друг
да прашам)
-Еве добра и ја, малку со Мирјана бевме на пазарење па ми ги даде кесиве да ги носам
јас.
-Хм а значи сама те оставила да носиш(Каде ли отишла? Да не нашла дечко? Уфф така
ти е кога ќутиш и чекаш)
-Остана во библиотека, спрема испит
Уфф колку ми олесна, набрзина се поздравив со оправдување дека треба некаде да
одам и се упатив кон библиотеката.
Зграда на 2 ката, знаев каде се наоѓа како објект но никогаш не сум влегол. А имав
мотив да влезам. Среќа моја па не лутав многу со погледот додека здогледав наведната
глава со плава коса врз книгата. Таа е, и сенката и ја знаев, таа е. Ајде Виктор сега
машки полека без паника(си велев во себе)

-Ее здраво Мирјана, како си, што правиш(прашав онака неспретно додека стоев до неа)
-Оо Викторче каде си ти(ми рече а мене срцето 135 отчукувања во минута, лебдев) Еве
спремам испит а ти што наваму, бараш некоја книга?
-Паа ааа јас често идам само членарината ми поминала па дојдов да ја обновам(ме
замрзна со прашањево а во мојот библиотекарен картон стои дека само 1 книга сум
земал последните 5 години) Барам Мирјана митови и легенди, божества и такви
работи(незнам колку испаднав смешен и сплеткан, ама заљубените се такви)

-Ете провери на оној ред, таму има митологии (ми рече и повторно продолжи да чита
од огромната книга)
Отидов до полиците со книги и ја земав онака поради дебелината(најмалата) грчки
митови и легенди, земав едно столче и седнав до неа.

-Многу си зачитана, што имаш во план за викенд(ја прашав гледајки ја)


-Еее каков викенд Виктор, види ги книгиве, имам испит(со загрижен тон одговори и
продолжи да чита)

Уфф ми падна таванот врз мене, неможам никако да разговарам со неа нормално,
многу чита, хммм ок, изгубена битка Викторче оди си дома.

-Епа ај да не ти пречам ке одам, само ја подигна главата ми климна и пак ја наведна.


Сигурно не е до неа, она сака со мене дружби муабети само изгледа многу тежок е
испитот(се тешев во себе) Ај вечер ке ја побарам на телефон(мобилни немаше многу
само неколку луге на прсти што се бројат) Не, не е добра идејата да и звонам одма.

Другиот ден нешто се прекрши во мене, се дотерав се намирисав и правец библиотека.


-Добар ден извинете ми треба една книга.
-Да, повели момче која од кој автор(ме праша библиотекарката)
-Дали ги имате Идиот од Достоевски и Тврџава од Меша Селимовиќ(Единствено што
успеав да видам покрај тоа што ја гледав Мирјана цело време видов и што чита)
Среќен ја напуштив библиотеката, е сега оди дома Викторче и читај, читај за кога
"случајно,, ке ја сретнеш Мирјана во библиотека да можеш да разговараш со неа
гледајки те во очи.

И успеав, ги прочитав книгите во експресно време и одев да ги враќам повеќе


пати(пред да влезам погледнував дали Мирјана е таму, ако не беше се враќав назад со
книгите, и така неколку дена и се случи и тоа да биде таму)

Долго време разговаравме за Идиотот на Достоевски, за Меша Селимовиќ, за


Дервишот и Смртта, таа ме гледаше во очи и ми раскажуваше за случките опишани во
книгите а јас ги впивав нејзините зборови, очи, насмевки....

Можеби немав храброст да и изразам љубов, од страв дека би се изгубило


другарството, но таа ми ја покажа љубовта, онаа кон книгата, одтогаш сум вљубеник
во Меша, Достоевски, Пушкин, Гане, Блаже.... А таа?
Таа е некаде во Канада, мажена но сеуште истата, можеби и ова ке го прочита и ке се
сети, ако чита да и кажам фала за тоа што ми даде. Љубовта кон книгата.
6. ЛЕЖАЛКА

Тоа лето решивме да летуваме во нашите летувалишта, автокамп Градиште, јас и жена
ми, им дадовме на децата пари веќе се возрасни, близнаци Благој и Благица.
Добри ученици и добри деца(јас велам така додека жена ми хаха) Таа е домакинка и се
грижи за домот а јас за сите потреби за домот.
Во брак сме повеќе од 20 години, баш онака традиционално зачинет со по некоја
караница која трае 5 минути . Децата ни се солидни студенти, медицинар и архитект
и дома секој ден ни е весело..
-Ајде Жарко мрдни човече, па кога ке стигнеме овака, уште не си спакован(ми рече
женами малку вознемирено)
-Ее па чекај гледаш проверувам масло, вода на колата, не оди тоа така(одговорив и
продолжив да прашувам)
-Тренерки ми зеде, куси пантолони, блузи..
-Де бре човече само на 5 дена ке одиме, да не сакаш пола плакар да го земам за тебе..
-Да, да а за тебе се собра, 3 куфера, мора мадам Славка да биде со топ мода..
-Аман да тргнеме.
-Добро, само да заклучам, влегувај во автомобилот.
Тргнавме но ние не сме ние ако не се закачиме и за музиката.
-Леле Жарко дај пушти ми друго, несакам Бело Дугме да слушам, пушти нешто од
Неда Украден, Сања Долежал, Селин дион,...
-Им се јави ли на децата, каде се Славке децата, музиката е супер(и реков)
-Им се јавив да, супер се, Благој бил во Струга, а ја сретнал и Благица и таа била во
близина со другарки. Стигнавме се распакувавме, нормално ја сум главен носач, Жарко
донеси ми ова, донеси ми она.. Така изморен од послужувањето на мојата госпоѓа и
реков.
-Дали е се во ред ваша висост(хаха)
-Жарко ај те молам остави ме да одморам, не се шегувај
-Во ред женичке ја ке одам да ги растегнам нозеве..
Излегов од настрешницата на кампот и тргнав да прошетам, беше веќе 4 часот после
пладне, жешкото сонце ги тераше лугето да се разладат во вода, не размислувајќи за
секојдневието и уживајки во прошетката поминував покрај два реда лежалки, не ги
забележував лугето но погледот во еден грб ме стаписа, младо момче со црна кратка
коса лежеше странично на лежалката и разговараше со убава девојка приближно на
негова возраст.
Тој е, тој го познав, Благој, нели сте Струга бе мајкин(си велев во себе додека
скшнував десно да се скријам да не ме види) Сега му го гледам и лицето, тој е, ахх деца
деца, среќа оваа мојава му нема кажано каде сме.
Ги набљудував, се смееја, разговараа опуштено, отидоа заедно на капење.
Хмм девојка имал а ќути, чекај можеби не му е девојка, па не се држеа за рака, не се
бакнаа, цело време се на дистанца.
До лежалката на девојката имаше уште една лежалка која беше последна во редот, а на
неа друго момче што гледаше упорно во девојката со која Благој разговараше.
Ги исчекав да влезат сите во вода, и непознатото момче влезе но не разговараше со
нив. Сега ке те спасам од конкуренцијата Баже.
-Добар ден, извинете колку е изнајмувањето на лежалкиве, сакам да земам една за 5
дена(Го прашав момчето што беше во еден шанк)
-Да господине ке може да изнајмите, цената е..
Не ме ни интересираше цената, платив и брзо отидов му ја оставив крпата на песокот и
ја земав лежалката. Тие испаднаа, Благој и девојката си ги земаа крпите и легнаа на
лежалките, а другото момче откако виде дека му ја нема лежалката се оддалечи од нив.
Жалам но син ми е заљубен и должност ми е да му помогнам.
-Леле Жарко кој ти рекол да земеш лежалка, па имаме бре човеку(негодуваше женами)
Па ни следуваат две лежалки, ене ги пред кампот
-Добро де Славке ке ја вратам на другата плажа
-Оди врати ја и дојди јас ке приготвам салата да ручаме па да прошетаме заедно. Се
упатив на плажата што се наоѓаше лево од нас, со лежалка во раце, го прашав
шанкерот и ми рече дека можам да ја вратам. Само што ја спуштив на земја блиску до
другата и исправајки го погледот ја видов неа.
-Ауу Благица, што бара тука, брзо Жарко сокриј се, знаеш како веќе искусен си, таа
испаѓаше од водата заедно со нејзините другарки, се упатија кон лежалките, легнаа но
таа јас што ја вратив остана празна.
Не планирав да останам да ги гледам доколку не го забележав момчето она на кое му
ја земав лежалката како се упатува кон онаа истата, сега празна. Застана, нешто
проговорија со Благица и таа низ насмевка нешто му одобри, леле он седна до неа на
другата лежалка и почнаа да разговараат...
Леле Жарко браво,син ти го спаси од конкуренција а на ќерката на тацна и донесе
момче, ах требаше да ја однесам во кампот.
Така со поматен ум тргнав кон кампот наш оставајки ги налево керката и момче кое го
оддалечив од симпатијата на син ми а несвесно го приближив до керками.
-Жарко ајде арно што дојде, спремен е ручекот и салатата, сакаш пиво или
вода(расположено ме праша женами)
-Дај ми една ракија Славке, да ручаме и ке шетаме во Охрид, кампов не е пријатен за
шетање, има трава, можеби има и змии(употребив нешто од кое се плаши)
-Ауу не тука тогаш, ке шетаме во Охрид, и да ти кажам јас во вода не влегувам, што
ако има водни змии. Испадна подобро одколку што очекував. Ручавме и заминавме на
прошетка...

-Жарко! Жарко брзо станувај нешто ми шушна, сугурно е змија, станувај и


провери(Испаничена женами ме извади и од сон и од ум)
-Де бре Славќе неможе човек ни да спие, нели шетавме низ Охрид и од умор одма сум
заспал, спиј ајде нема змии тука(и реков полузамижан и се свртев на другата страна, а
таа тресејки ме за рамото повторно ми ја зема дремката)
-Како нема бре, па ти ми рече имало?
-Ааа змии ли, да да јас мислев за друго(уф незнам што сум кажал, сега Жарко мрдни го
задникот и стани оти на секое шушнување ке те будат, си мрморев во себе додека
станував.
-Не се секирај, сега ке одам ке видам, ти спиј си(ја смирував додека облекував маица и
испаднав од кампот)
Излегов надвор запалив цигара и уживав во гледката како месечината трепереше и си
пловеше по езерските бранови, нешто ми шушна и мене, се свртев кога што ке видам
кутре си игра со празна хартиена кеса, сигурно е гладно, влегов внатре да земам нешто
да му дадам, Славка спиеше, земав еден колбас и му го дадов, се смири кутрето и се
оддалечи од кампот, а јас се вратив да се доспијам со мисла утре пак да ги побарам
Благој и Благица.
-Ее со кого ли јас дојдов на одмор(зборуваше Славка додека го вареше утринското
кафе)
-Ајде Жарко станувај, како адолесцент си, спиеш сеуште а 9 е часот(подвикна по мене)
-Ммм ми се спие затоа спијам, еве доаѓам ако има кафе(одговорив отворајќи ги
неволно очите)
-Има, го приготвив.
Станав се измив лице, се облеков и испаднав под стреата на кампот, седнав на едното
столче на другото седеше женами и почнавме да го пиеме кафето, а таа ме праша
-Што направи ноќеска, змија ли беше тоа што шушкаше
А јас уште сонлив како од пушка одговорив
-Мало беше, му дадов еден колбас и замина
-Мало змииче, си и дал колбас? Како бре Жарко колбас и змија?
Леле се вплеткав, ај сега вади се Жарко(мислев во себе додека го спуштав кафето)
-Еее па не беше само змија, додека барав со што да ја удрам видов едно маче, да маче и
него му фрлив колбас накаде што беше змијата и ја избрка, леле да видеше борба(леле
Жарко прекини човече уште толку тонеш)
-Аа денес каде ке одиме да се изладиме, сакаш на плажата на Свети Наум(ја прекинав
со прашање оти ова со змијата ја оплескав)
-Па може, таму сигурно нема змии
-Нема нема таму, тука само, ама ете незнаев(Уфф добро е, си велев)
-Па можеме да одиме само за ручек се враќаме(ми одговори)
Отидовме на таа плажа, останавме до ручек, а мене ми се спиеше, добро е Славка влезе
во вода, се надевам фобијата ке и исчезне, но ме копкаше што се случило со
децата.Дојдовме до нашиот камп и измислив приказна.
-Славке ти почни да подготвуваш ручек а јас ке одам до шанкот подолу да земам ладно
пиво(сакав да ги проверам лежалките, дали се таму овие моиве)

Се доближив до шанкот гледајки наоколу, барајки познати луге на лежалките но не го


видов Благој, се упатив на другата страна но и таму не ги видов, се упатив кон кампот
на ручек и попладневен одмор.
Вечерта седевме пред кампот со Славка додека на левата страна на плажата нешто се
случуваше, некој весел собир, и предложив да прошетаме покрај крајбрежјето.
Движејки се забележав логорски оган и седнати во круг млади луге, се вративме назад.
Легнавме, долго време не спиев и мислев како да се откраднам од постела, сум заспал
кога ме разбуди истиот глас од предходната ноќ.
-Жарко, станувај пак ми шушка нешто, стани(вознемирено ми рече славка.
-Добро, еве ке одам да видам дали е змија(се облеков и земав мало парче месо останато
од ручекот, знаејки кој шушка, кога испаднав од кампот веќе го видов истото кутре,
хаха си го знае времето за храна, му дадов и се упатив кон она место каде што имаше
собир околу логорски оган).
Се прикрадов од задната страна помеѓу дрвјата и ги видов и Благој и Благица, едната
добра гледка додека другата не баш за машки родител. Благој седеше прегрнат со
девојката од плажа а оноа момче кому што му ја земав лежалката ја прегрнуваше
Благица беа весели и среќни, брат и сестра со своите летни љубови.
Ах Жарко што направи со таа лежалка, не, ке и речам на Славка да си одиме утре да
бидат гулапчињава на раат, леле уште да ги види сите заедно ке и биде премногу хаха
се смешкав додека се враќав во кампот.Утрото се разбудив пред да стане Славка и
приготвував кафе, таа се разбуди.
-Оо добро утро, рано си станал, браво, чекај, чекај да те видам, ауу кај си ја кинел
маицата бе Жарко? Ти ноќеска змии бркаше или лавови(и стварно се погледнав
маицата ми беше изкината, а знаев од каде би можело тоа да биде, кога се криев помеѓу
грмушките синоќа)
-Ауу стварно, синоќа имаше 2,3 змии и морав да ги бркам до грмушките и можеби сум
се закачил некаде(се правдав)
-2-3 змии ли! Леле Жарко да си одиме денес, во три дена одмор само со страв седам
-Да Славке имаш право, да пиеме кафе и да се пакуваме(излезе полесно одколку што
мислев)
Си дојдовме дома, седевме во дворот едно попладне кога Славка ми рече:
-Знаеш што има ново, утрово се слушнав со Благица супер си минеле во Струга, се
сретнале и со Благој, запознале нови другари, многу беше среќна и весела.
-Да, да убаво е во Струга, сигурно таму нема змии, и баш убаво што си запознале
другари, сигурно на лежалките се имаат запознаено(ах другари што се гушкаат и
бакнуваат не се другари Славке, сакав да и кажам но преќутев уживајки во кафето.
И така помина нашето летување, летување во кое и создадов страв од змии на женами,
одземав лежалка да може син ми да биде сам со девојка и со таа истата лежалка и
донесов момче на керками, А да ке заборавев, и три вечери хранев кутре со колбаси
хаха, на женами уште не и е јасно каде ни исчезнаа..

You might also like