You are on page 1of 11

Зборовите се како пердуви

Еден ден, една млада жена ја навредила својата најдобра пријателка со тоа што се
однесувала неучтиво и грубо со неа. Таа веднаш зажалила за својата постапка, но веќе
било премногу доцна. Нејзината пријателка не сакала да и прости.  На кој и да било
начин да пробала да се извини младата жена, секојпат напорите и биле залудни.
Обидувајќи се да ја поправи сторената грешка, таа отишла кај највозрасниот и најмудар
маж во градот, барајќи совет. Старецот трпеливо ја ислушал за да разбере колку е
сериозна младата жена и колку сериозно посакува да и биде простено.
Тој и објаснил дека понекогаш, за да си ги поправиме грешките, треба навистина многу
да се потрудиме. Затоа ја прашал:
-На што се си подготвена за да ја искупиш вината?
Одоворот и бил дека е подготвена се да стори за да се искупи.
Слушајќи го нејзиниот очаен глас, старецот го почувствувал нејзиниот искрен копнеж
да ги поправи работите и затоа решил дека треба да и помогне не само да ги реши
проблемите, но и да си го промени карактерот.
-        Две нешта се потребни за да ја постигнеме саканата промена – рекол тој.
-        Првото е доста тешко. Земи ги најголемите перници кои се полнети со гускини
пердуви од твојот дом и на секоја направи и мал отвор. Потоа, дури да изгрее сонцето,
остави по еден пердув на секој прагот од секоја куќа во градот. Кога ќе завршиш со тоа,
врати се пак кај мене. Тогаш ќе ти кажам што ќе биде втората задача.
Младата жена набрзина отишла дома за да ја исполни задачата, макар што и било жал
за перниците затоа што биле доста скапи. И покрај тоа, таа цела ноќ лутала низ улиците
од врата до врата, борејќи се со студот и уморот и внимавајќи да не пропушти некоја
куќа. Прстите и замрзнале, а ледениот ветер и ги полнел очите со солзи. Таа трчала низ
темните улици, среќна што сепак постои начин да ја врати довербата на пријателката.
Со појавата на првите сончеви зраци, таа го оставила и последниот пердув.
Со изгревот на сонцето, жената се вратила кај старецот. Била истоштена, но среќна
знаејќи дека упорноста ќе и се исплати.
-        Перниците се празни, пред прагот на секој дом оставив по еден пердув.
-        Сега -рекол старецот, – врати се по истиот пат и повторно наполни ги перниците
со пердувите. Тогаш се ќе биде исто како порано.
Жената била потресена од тоа што го слушнала.
-        Тоа е невозможно! Секој пердув кој ќе го оставев пред куќата, во истиот момент
ветрот го разнесуваше по улиците! Ти не ми кажа дека ќе треба повторно да ги соберам
пердувите! Ако тоа е втората задача, тогаш таа е невозможно да се исполни и никогаш
нема да биде како порано!-        Во право си – рекол старецот. – Никогаш не заборавај
дека секој твој збор е како пердув однесен од ветрот. Кога еднаш ќе се изговори,
никаква сила, никаква волја, без разлика колку е голема и колку е искрена, не може да
го врати назад.
 Одбирајте ги зборовите и мислите разумно пред да ги изговорите, особено пред оние
луѓе кои искрено ги сакате.

 Песок и камен
Двајца пријатели поминувале низ пустина.
По некое време тие се скарале, и едниот го удрил другиот по лицето. Шлаканицата
била болна, но човекот не кажал ниту збор. Место тоа, тој напишал во песокот:
„ДЕНЕС МОЈОТ НАЈДОБАР ПРИЈАТЕЛ МИ УДРИ ШЛАКАНИЦА“.
Потоа продолжиле да одат и стигнале до една оаза. Решиле да одморат и да се освежат
малку. Додека се капеле во водата, оној што добил шлаканица почнал да се дави.
Пријателот го грабнал брзо и го извадил од водата. Кога се освестил, тој издлабил во
камен :
“ДЕНЕС МОЈОТ НАЈДОБАР ПРИЈАТЕЛ МИ ГО СПАСИ ЖИВОТОТ“.
Тогаш другиот го прашал:
-Кога те удрив, ти тоа го запиша на песок, а сега кога те спасив, на камен. Зошто?
А другиот одговорил:
-Ако некој не повреди, најдобро е таа навреда да ја запишеме на песок, за да можат
ветровите на прошката да ја избришат. Но ако некој ни направи добро, треба тоа дело
да го овековечиме на камен, за да им одолее на поривите на секој ветар.
 
Научете се болките да ги запишувате на песок, а направената добрина да ја
издлабувате во камен.

Морска ѕвезда
Многу одамна живеел еден мудар човек кој секое утро се шетал по брегот на океанот,
пред да седне да ги пишува своите книги.
Еден ден, додека се шетал по плажата, здогледал човечка фигура која изгледала како да
танцува. Тој се насмевнал при помислата за човек кој танцува сам покрај океанот сред
бел ден. Го забрзал чекорот за да види каква е таа работа.
Кога се приближил, видел дека фигурата е на млад маж. Тој не танцувал, туку земал
нешто од песокот и потоа многу нежно го враќал во водата.
-Добро утро – извикал мудрецот. – Што правиш?
-Младиот човек застанал за миг, го погледнал мудрецот и одговорил:
-Фрлам морски ѕвезди назад во океанот.
-Можеби требаше да те прашам зошто ги фрлаш назад во океанот?
-Сонцето изгрева и почнува осеката. Ако не ги вратам во водата тие ќе умрат.
-Но момче, оваа плажа е многу долга и целата е покриена со морски ѕвезди. Ти ништо
не можеш да промениш.
Младиот човек го изслушал учливо, потоа се наведнал, подигнал една морска ѕвезда, ја
фрлил во распенетите бранови и рекол:
-За оваа морска ѕвезда веќе направив промена.

Басна за волкот и чапјата


Еден волк се насладувал со месото од неговиот плен, кога наеднаш му застанала
малечка коска во грлото и тој не можел да ја голтне. За кратко време грлото почнало
многу силно да го боли, а тој виејќи од болка, избезумено трчал напред – назад, очајно
барајќи начин како да си ја ублажи болката. Кого и да го сретнел, го убедувал да му
помогне и да му ја извади коската.
-Ќе направам се што ќе посакате – велел тој, – само извадете ја коската.
На крај чапјата се согласила да му помогне. Му наредила на волкот на легне настрана и
да ги отвори челустите колку што може пошироко. Потоа го пикнала долгиот врат во
грлото на волкот и со клунот успеала да му ја извади тенката коска.
-Сега ќе ја добијам ли ветената награда? – прашала чапјата.
Волкот ги наоштрил забите и и рекол :
-Биди благодарна што ја пикна главата во грлото на волк и ја извади цела. Тоа ти е
доволна награда.
 Благодарноста и алчноста не одат рака под рака.

Басна за жабата и волот


Си живела едно време, една зелена жаба со црни и жолти дамки. Таа живеела на зелена
ливида до една малечка река. Си играла меѓу камењата, си прескокнувала од едниот до
другиот брег, скокала преку растенијата и цвеќињата, бркала и јадела малечки
инсекти…
Еден ден, додека се печела на сонцето, жабата видела едно многу големо животно. Тоа
бил бел вол со огромни рогови и долга силна опашка.
Жабата се приближила до него и го прашала:
-        Како си станал толку огромен, со толку голема опашка?
-        Бог ме создал таков- одоговорил волот.
-        А може ли и јас да станам голема како тебе?- продолжила да прашува жабата.
-        Пробај …
Жабата почнала да се дуе, телото и станало малку поголемо, а кожата и се тегнела се
повеќе и повеќе. Тогаш таа прашала:
-        Пораснав ли колку тебе?
-        Не! и одговорил волот.
Жабата продолжила да се дуе.
-        Ете скоро те стигнав.
-        Никогаш нема да пораснеш колку мене – и рекол волот.
Жабата продолжила да напнува, да се дуе, се додека на крај не пукнала и умрела. Тоа се
случило затоа што не можела да се прифати самата себеси таква каква што била.

Приказна за скараните браќа


Живееле некогаш во соседни фарми, двајца сложни браќа. Но еден ден тие се скарале.
Тоа им бил првиот сериозен конфликт помеѓу нив после период од четириесет години,
за кое време двајцата работеле рамо до рамо, си помагале, си позајмувале алатки и
машини и по потреба си помагале и со стока и работници. Но ете добрите односи се
расипале. Се започнало со мало недоразбирање, кое прераснало во сериозен спор и на
крај стигнало до размена на навреди проследени со седмици на молчење.
Еден ден некој тропнал на вратата на поголемиот брат Џон. Тој отворил и видел човек
со  столарски алат.
-        Си барам работа за неколку дена. – рекол странецот. – Дали имате некоја работа
која би можел да ја сработам?
-        Да. – одговорил големиот брат. – Имам работа за тебе. Погледни го оној ров кој се
протега до другата фарма. Во таа фарма живее мојот сосед, кој е мојот помал брат.
Минатата седмица помеѓу нашите фарми имаше ливада, но тој копаше со булдожерот
до нивото на реката и сега меѓу нас зее ров. Е, знам дека вака сака да ме налути, но јас
ќе му вратам со иста мера. Ги гледаш ли оние купчиња греди до плевната? Сакам да ми
изградиш ограда висока два метри за да не мора повеќе да му го гледам лицето.
 
-        Мислам дека разбирам – рекол столарот. – Покажи ми каде се шајките и чеканот и
сметам дека ќе останеш задоволен од резултатот.
Џон имал работа во градот, затоа само му помогнал на столарот да си ги приготви
алатите и материјалите и заминал. Мажот работел напорно преку целиот ден. Мерел,
сечел, ковал. Кога по задијсонце стопанот се вратил дома, мајсторот веќе ја
привршувал работата. Кога видел што е направено, Џон не можел да си поверува на
очите што гледал. Немало ни трага од посакуваната ограда. Наместо ограда, над ровот
се издигал мост кој ги сврзувал двата краја. Прекрасно изграден, со ограда и ситни
украси, а по него одел малиот брат со протегната рака.
-        Браво! – рекол тој. – Да изградиш мост после се што ти реков и направив?!
Двајцата браќа се сретнале на средината на мостот и си подале рака. Потоа му се
обратиле на столарот кој веќе си ги собирал алатите.
-        Почекај! Остани уште неколку дена. Имам и други задачи за тебе- го замолил
Џон.
Со задоволство – му одговорил столарот. – Но имам и други мостови за градење.

Големите камења
Некој професор по природни науки во некој универзитет, сакал да им демонстрира на
студентите една теорија.
Тој зел една тегла со широко грло и ставил внатре неколку големи камења.
Потоа го прашал студентите: Дали е полна теглата?, а тие во хор одговориле – да!
Професорот зел една рака помали камења и ги истурил во теглата. Малите камчиња се
наместиле помеѓу големите. Повторно ги прашал студентите: – Дали е полна теглата?
Овој пат некои замолчиле, но мнозинството одговориле потврдно.
Тогаш професорот извадил песок, го турил во теглата и прашал по трет пат: – Дали е
полна теглата?
Сега повеќето студенти решиле да не одговараат, но останатите одговориле со да.
На крај професорот донел чаша со вода и ја истурил во теглата. Водата се впила во
песокот.
Во тој момент професорот прашал:
-        Која беше смислата на овој експеримент?
Еден од поумните студенти кренал рака и рекол:
-        Без разлика колку цели ќе си поставите во животот, секогаш има место за уште
една цел!
Професорот му одговорил:
-        Смислата е дека ако не ги ставите први големите камења ,после тие нама како да
влезат внатре. Големите камења се важните нешта во вашиот живот: семејството,
пријателите, личната реализација во животот… Ако го исполните животот со мали
нешта како чакал, песок и вода, нема да ви остане време за суштинските работи.
И така, кои се „големите камења“ во вашиот живот?Да поминете време со децата,
родителите, сопругот, сопругата? Да се запишете на семинар или курс, каде што
можете да добиете нови информации или можност да се развивате? Да одделите време
за да си поставите нови цели или да си го процените досегашниот напредок? Колку
големи камења сте успеале да ставите во теглата на вашиот живот? Или сте собрале во
него премногу песок и не ви останало воопшто место за камењата?

Ехо
Татко и син се шетале низ планина. Наеднаш момчето паднало, се удрило и изикало:
„Ооохх“. На негово изненадување, се слушнало глас од планината кој му одговорил:
Оооххх!
Љубопитно, момчето прашало: – Кој си ти?
Добил одговор: – Кој си ти?
Потоа извикал кон планината: – Ти се восхитувам.
Гласот одговорил: – Ти се восхитувам.
Момчето се налутило дека некој постојано повторува по него и решило да го навреди: –
Страшливец!
И одговорот бил: – Страшливец!
Тогаш момчето го прашало татко му: – Тато што е работата?
Таткото се насмевнал и му рекол: – Сега синко слушај. – Потоа извикал: – Ти си
шампион!
И гласот одговорил: – Ти си шампион!
Момчето се изненадило, но сеуште ништо не разбрало.
Таткото му објаснил: Ова синко мој, луѓето го нарекуваат ехо, но всушност тоа е
животот. Тој ти враќа се што ќе направиш или кажеш. Животот ни е одраз на нашите
дејства. Ако сакаш на овој свет да има повеќе љубов, тогаш љуби повеќе. Ако сакаш
луѓето од твоето опкружување да знаат повеќе, тогаш самиот ти учи повеќе. Тоа се
однесува за се во животот.
Живот секогаш ти го дава она кое што ти си му го дал. Тоа не е случајност, туку
одраз на самиот себеси! 

Пакетче со бисквити
Една жена требала да помине неколку часа на аеродором, додека не дојде време за
нејзиниот лет. За да не и биде досадно, жената си купила книга и едно пакетче
бисквити, и додека си ја читала книгата, до неа седнал еден млад маж.
Тој ја подал раката и почнал да си зема бисквити од пакетчето кое било ставено помеѓу
нив. Една по друга тие исчезнувале во неговата уста. Жената решила да не се расправа
со момчето и не му рекла ништо, но започнала и таа да јаде од бисквитите со истото
темпо со кое јадел и тој. По некое време таа навистина се налутила и си помислила :
“Да не бев толку воспитана и образована, досега веќе сто пати ќе му залепев шамар на
овој невоспитан човек.”
Секој пат кога жената посегнувала по бисквита, момчето исто така си земало една
бисквита од пакетчето. Погледите постојано им се вкрстувале и дошол моментот кога
во пакетчето останала уште една бисквита. Жената била многу љубопитна како ќе
постапи бесрамникот сега. Тој ја зел последната бисквита, ја скршил на два дела, и ја
подал едната половина на жената, а другата половина ја изел. Таа ја зела налутено
половинката и си помислила : „Колку неблагодарен тип! Колку невоспитан! Дури ни
благодарам не ми кажа!“. Во тој момент го објавиле нејзиниот лет и таа со олеснување
воздивнала, станала и се упатила кон терминалот без збор. Дури не се ни завртила, ниту
пак погледнала кон бесрамниот крадец. Откако се качила во авионот, таа ја отворила
чантата за да ја извади книгата која ја читала. На нејзино огромно изненадување, таа
открила дека пакетчето бисквити си стоело недопрено во нејзината чанта.
-        Боже мој! – си помислила жената. – Ако моите бисквити се тука, значи оние кои
ги јадевме биле негови и тој ги поделил сите со мене!
Веќе било касно за да му се извини на момчето. И останало само со жал да признае дека
таа била невоспитана, бесрамна и крадец, а не момчето кое предвреме го осудила како
најголем никаквец!
Колку пати во животот ни се случувало да сме сигурни дека некоја работа се случила
баш по некој определен начин, за на крај да испадне дека воопшто не било така…
Треба да помислиме два пати пред да ги осудиме другите и пред да помислиме нешто
лошо за нив, да се посомневаме во сопствените претпоставки.
 
Некои нешта не можеме никогаш да ги вратиме:
каменот фрлен во океанот,
изговорениот збор,
вистинскиот момент за некоја работа,
саканиот човек кој си заминал
и пријателството кое завршило.

Басна за лавот и трите крави


На едно зелено, свежо пасиште, живееле три крави : бела, црна и кафеава. Многу убаво
си живееле и си се дружеле. Преку ден си паселе заедно, а преку ноќ спиеле една до
друга.
Еден ден, покрај пасиштето поминал еден лав. Тој бил многу гладен и барал  лесен
плен. Кога ги видел кравите, очите му светнале од радост, но немало начин како да ги
нападне и трите истовремено. Затоа седнал во заседа и чекал да се разделат.
Залудно чекал во заседа два – три дена очајниот лав. Кравите биле неразделни и дење и
ноќе, затоа што знаеле дека само на тој начин ќе можат да се одбранат од нападите на
грабливите животни.
Тогаш му светнала идеја. Се приближил до кравите, ги поздравил и им рекол :
-Како сте мили пријателки? Добри ли сте? Долго време мислев на вас, но бев премногу
зафатен за да дојдам. Но ете, денес одделив малку од моето време и решив дека е
крајно време да ве посетам.
Кафеавата крава му одговорила:
-Господине, Вашата појава многу не израдува и ни го развесели пасиштето.
Белата и црната крава се загрижиле од зборовите на кафеавата и се натажиле од
нејзината наивност. Се плашеле дека лавот може да ја излаже. А зошто воопшто
кафеавата крава му верувала на лавот? Не знаела ли дека лавовите ги гледаат другите
животни само како потенцијален плен?
Но со секој изминат ден, кафеавата крава станувала се поблиска пријателка со лавот.
Другите две пробале да разговараат со неа, но без некој успех.
Еден ден лавот и рекол на кафеавата крава:
-Ти гледаш дека бојата на нашата кожа е темна, а на белата крава е светла. Знаеш дека
светлото е спротивно на темното. Тоа значи дека би било правилно ако јас ја изедам
белата крава, за да нема разлика меѓу нашите бои и така ќе можеме посреќни да
живееме заедно.
Кафеавата крава ги зела зборовите на егоистичниот лав здраво за готово. Го одвлекла
вниманието на црната крава, за да може лавот да ја изеде белата, без никој да му пречи.
Додека двете крави биле внесени во разговор, осамената бела крава лесно била убиена
од лавот.
Поминале два – три дена откако лавот завршил со глодањето на последните коски од
белата крава. Повторно гладен и несреќен, тој лежел на тревата, додека кафеавата крава
пасела околу него. Тој ја повикал.
-        Да, господине! – извикала радосно таа.
-        Нашата боја е кафеава и црното не ни одговара. Би било прекрасно ако јас ја
изедам црната крава, па тогаш во шумава би останале само животни со една иста боја –
кафеава.
Кафеавата крава се согласила и се оддалечила. Лавот ја нападнал црната крава и ја изел.
Кафеавата крава била толку среќна, што не ја држело место од радост. Таа се тркалала
по тревата, мукала и си мислела : „Само јас имам боја како лавот…”
Неколку дена покасно дошол лавот и за’ржал:
-        Кафеава краво! Каде си?
Кафеавата крава се појавила, треперејќи од страв.
-        Да, господине!
-        Денес е твој ред – рекол лавот. – Припреми се, ќе те јадам!
Ужасната, кафеавата крава го прашала:
-        Ама зошто господине, па јас сум Ваш пријател? Правев се што ќе ми кажевте.
Зошто сакате да ме изедете?
Лавот одговорил бесно:
-        Не давам ни пет пари за твоето пријателство! Каде се чуло и видело, лав да е
пријател со крава!
Колку и да го молела и убедувала кравата, лавот не сакал да ја слуша и се нафрлил врз
неа
Тогаш кравата го замолила лавот:
-        Господине Лав, дозволете ми само да викнам три пати пред да ме изедете.
-        Добро, но само побрзо.
Кафеавата крава извикала:
-        Бев изедена тој ден кога беше изедена белата крава! Бев изедена тој ден кога беше
изедена црната крава! Бев изедена тој ден кога му поверував на лавот!
Лавот за брзо време ја изел кафеавата крава. Потоа си рекол:
-        Во оваа шума завршив работа. Сега ќе одам во други шуми да си барам пак некој
лесен плен.
Ете тоа е принципот на :“Раздели и владеј“.

20 Индијански правила
 

1. Разбуди се со сонцето. Моли се сам. Моли се често. Големиот Дух ќе слуша, само ако
ти зборуваш.

2. Бидете толерантни кон оние кои се изгубиле кон својот пат. Незнаењето, лутината,
љубомората и алчноста излегуваат од изгубените души. Молете се за нив да го
пронајдат патот.

3.Барајте се себеси, низ себеси. Не дозволувајте другите да управуваат со вашиот пат.


Тоа е твојот пат и само твој - Другите можат да одат со тебе но не можат наместо тебе.

4. Однесувај се со гостите во твојата куќата со многу внимателност. Послужете ги со


најдобрата храна,дајте и го најдобриот кревет, однесувајте се кон нив со почит и
праведност.
5. Немојте да го земате она што не е ваше, било да е од некои луѓе, заедница, дивина,
или некоја култура. Тоа не се заслужува и дава. Тоа не е ваше.

6. Почитувајте го сето она што постои на земјата, без разлика дали се луѓе или
растенија.

7. Почитувајте ги другите мислења, желби и зборови. Никогаш не прекинувај нечиј


говор и преговор. Овозможи му на секој човек да се изрази.

8. Никогаш не зборувај лошо за другите. Негативната енергија која ја испраќаш во


универзумот ќе ти се врати многукратно.

9. Сите луѓе прават грешки. Сите грешки можат да бидат простени.

10. Негативните мисли може да предизвикаат болест на умот, телото и духот. Вежбајте
оптимизам.

11. Природата не е наша, тоа е дел од нас. Тоа е дел од нашето свето семејство.

12. Децата се семе на иднината. Всадувај љубов во нивните срца и ги полевај ги со


мудрост и учења за животот. Додека растат, дајте им место да растат.

13.Избегнувај да повредуваш нелие срце. Отровот од таа болка ќе ти се врати.

14. Биди искрен во сите времиња. Искреноста е тест на наследството и конзистентноста


во рамките на овој универзум.

15. Држи се во рамнотежа. Своето умно Јас, Духовно Јас, Емоционално Јас и Физичко
Јас. Сите треба да бидат подеднакво силни, чиста и здрави. Зајакнувај го телото за да го
зајакниш умот. Расти богато со духовност, да  ги излечиш емоционалните рани.

16. Носи свесни одлуки, како, што ќе бидам и каков ќе бидам, како можам да
дејствувам и да се справам со своите дела. Биди одговорен за своите дела.

17. Почитувај ја приватноста и личниот простор на друг. Не допирајте ја туѓата


сопственост, особено не ги допирајте светите и духони реликвии. Тоа е забрането.

18. Бидете прво искрени со себе. Вие не може да бидете внимателен и да им помагате
на другите ако не сте внимателни со себе и не си помагате себеси.

19. Почитувајте ја верската припадност на другите луѓе. Не присилувајте ги другите да


веруваат во твоето.

20. Подели ја својата добра среќа. Подели и учествувај во давањето милостина.

Северно-Американски Индијански етички кодекс

You might also like