You are on page 1of 176

ЖИВКО

ЧИНГО

ГРОБ ЗА ДУША
ГРОБ ЗА ДУШАТА
ПЛАЧИТ ЗЕМЈА
БРАЌАТА БЛИЗНАЦИ

Кога тргнавме на пат, тне што по долги години


повторно се враќаа во длабоките пазуви на родната земја
се веселеа како деца. За тоа си имаа и причина, - повеќето
беа оттаму, ова враќање ги разбуди заспаните души, кај
сите нив роди нежно чувство - ех што занесно, слаткичко,
толку неочекувано дел од тој прекрасен сон да ви се
возобнови во мислите, пролетното небо со сета своја
чистота и височина длабоко задржано во детските очи,
барем на час во занеста повторно чуен глас од птиците
што се враќаат од далечните земји, барем за миг
повторно да се почувствува топлата земја од браздите,
трепетот на заплодените полиња, ех тој трепет, тој силен
здрав мирис на родната земја... некои во занес раскажаа и
чуден расказ за првата љубов, чудесен, незаборавен сон...
Но по пат од двесте, триста километри, ах, поѓаволите,
кој ги фалеше „Волгите", по ова патување не само
стомавот што ќе ви настрада туку и видот и мислите
полека ќе ви се изгубат, ви се чини некој страшно ве
осакатил, тешко ве разболел. Тогаш, во истиот миг, како
пред тоа лекомислено што сте се предале на пријатното и
слатко чувство за прекрасниот излет по нашите патишта,
така веќе бргу, горко сте се покајале и, како што му е во
природата на нашиот човек, бесрамно ќе почне од коренчето
до пупулчето, пцуе сѐ живо и сѐ мртво, наоколу веќе не
гледа ништо убаво, каде да му се запре погледот сѐ нешто го
боцка, ужас, ужас, пекол, ах, оваа ли е таа убавица, тој
веднаш ја проколнува, бидејќи господ ни дал доста талент за
тоа, ќе ја најде најтешката клетва, со најпогрдни зборови ќе ја
поцрне, ќе ја искали. Ништо убаво, ништо среќно не гледа.
Единствен спас би бил враќање назад во Скопје, кој ѓавол го
тераше, што му требаше, како се прелага, та зар некогаш
било поинаку, - како смеел толку многу да им потклекне на
лажните чувства? Кога еднаш Македонецот ќе стане
мислител, кога еднаш ќе ги искорни тие лоши струи во себе,
кога ќе стане како другите народи, расудлив, мудар, ах,
проколнат сме ние народ, - се тешите горко. Но господи
поможи, полошо е кога ќе се вратиш од пат, патот има некоја
чудна моќ да примамува „Чекај де", тихичко, нежно ти
говори, „стрпи се, брате, ајде поотвори ги очите, погледни, е
ене таму, на југ, погледни, ех!" Во општата штама на
околината, во пустиоТ и безбоен пејзаж, црн, кога ништо
добро не очекувате, ете, „некаде, таму далеку" како бела
грива на заитан коњ, како молскавица пред очите болснува
големата вода на езерото, овој неочекуван пресврт го враќа
патникот во расположба, тој час е веќе готов да ја изрече и
најскриената мисла, та тој ноќи, денови страдал за овој час,
копнеел, горел, сонот тоа му бил, - но каде е тој маѓичен
предел? Можит прелага, уморните очи измислуваат,
проклетие чувство... Кога ќе се погледа како што треба,
патот е кривулест, нерамен, на овој пат постојат само две
прости нешта, - час се качувате, бескрајно се качувате по
некои ритчиња на кои не им го знаете ни името, ни
презимето или пак како камен фрлен во вода се давите во
некоја дупка полна прав, не гледајќи крај како ќе се
извлечите од тој пекол. Но вие најубаво ќе си го
замислите нашиот пат ако дознаете дека патот од
гратчето до селото, осумнаесет километри, со „Волга" го
минуваме за сатипол.
„Е, добар пат", ви велат оние што ве пресретнуваат
весело вјавајќи на своите магариња.
Ете што ти се нашиве патишта, најпрво те
подмамуваат со нешто чудно, необично, а потоа сосема те
запустуваат, - таман си мислите, - еве го селото, сте стигнале,
пред очи ви се првите куќи, кога пред вас како рог од лошо
прче се испречило малото мосте од само две-три метри
должина и толку би требало да е широко, но ајде
поминете го ако сте мажи! Гледате - го соголиле,
останале уште две гредичиња, една во должина, друга на
ширина, колку за илач, „па крст не ќе им треба", слушате
како си говорат рамнодушните патници. Запирате со
лутина, со јад, пред да тргнете на овој казаматски пат се
случи оној фантастичен лет околу месечината, си
спомнувате, се разбира, седнати спроти телевизорот на
фотелјата... Сѐ тоа никако не се споредува со оваа
страш- на глетка, одвај ги задушувате во вас бунтарските
зборо- ви, туку, колку за да се истушите, резигнирано
можеби ќе си речете, благо, попустливо, - „колку сме ние
назад, тука сѐ уште се живее по старо, колку одовдека е
далеку прогресот, зар овдешниве луѓе нешто знаат за
епохал- ните... не, не, сигурно не! Ова е темница, ова е
зандана", па, ете, на една мисла се врзува друга,
најдувате причина малку политички да посредувате,
немилосрдно на нишан ја земате провинциската власт.
„Па добро, живеат ли тие со проблемите на својот крај,
што работат по смрдливите канцеларии, сигурно по цел
ден не лупат јајца, (тоа бидува за појадок, изутрина, па со
сласт си спомнувате за најубавото канцелариско време,
од десет до десет ипол, одредено по правилник), - а тие
пак и никогаш не навраќаат ваму, можит воопшто не
наминале со години"... Ѓавол ќе го знае, како да се излезе
на пат, да се побегне од ова проклето место?
„Да беа со коњи ќе можеа", мудрува еден убавец
рус, со завеана долга коса, чиниш, со години нестрижен, -
но, тој не е толку глупав, секој ден оди в град, сака да
личи на градските момчиња.
„Па колата им служи како коњ", одговара вториот
и со рака си ја собира насмевката, попристојно се
однесува
„Нека рипне де", велит првиот, „ќе им дадам едно
јагне за да си го испечат на извор."
„Можит ќе рипне", вели вториот одвај в грсти до-
држувајќи си ја смеата.
„Мојов", вели првиот, „жими мојов ќе рипне."
Се превиткуваат од смеа, многу им е смешно, ги
тераат своите мршави добичиња црни како катран и си
умираат од смеа Потоа се задржуваат на мостето, едниот
на едната греда, другиот на другата, седнуваат за да си ги
понишаат нозете, да си направат цигара од качак, за да
нѐ погледаат, полека тутунот го жулкаат меѓу прсти,
очевидно, не им се брза, развеселени се до немајкаде, -
пак првиот го праша вториот: „А да беше коњ, нели ќе
поминеше", вториот истото му го одговара, тоа што пред
малку му го рече, првиот тоа уште повеќе го засмејува и
пак се фаќа за својата машка работа, бесрамно ја нуди.
„Ќе сакате ли да ни помогнете, другарчиња", шо-
ферот Иван Кузмановски со необичен нежен глас им се
обраќа, ги знае тој овие ѕверови, одовде се и неговите
шуреи, душата му ја изедоа. Му врие во душата но што
да прави, и рацете и срцето си го уби возејќи по таков
проклет пат, а сега кога се најде пред непремостлива
пречка, мораше да биде внимателен со дрските, бушави
момчиња.
Тие двајцата како да не чуле: си ја тераа својата ра-
бота, од нивните усти туку слушаш најнељубезни, нај-
безобразни зборчиња.
„Плаќаме", со службен глас им соопшти шоферот.
„А колку", рамнодушно рече тој што изгледаше
малку поумен, што си ја ставаше раката на уста кога се
смееше.
„По петстотки!" рече Иван Кузманоски.
„По петстотки," се почеша поумниот по тилот: тоа
истото како по договор го направи и првиот и прсна во
силна, незапирлива смеа.
„А што пари, по ѓаволите, ви се молам", - во раз-
говор се вмеша и вишиот научен соработник д-р Панте-
лески, другарот Пантелески, - „тоа е бесрамно, по ѓаво-
лите, ви се молам, што е тоа - пљачка, зар е тоа хумано,
човечки кога човек ќе се најде на пат... тоа ви се молам,
се казнува, тоа е еден вид криминал, по ѓаволите,
морален престап... Не, не, ве молам, од принцип не се
согласувам на давање пари, - што пари, зошто пари?! Ако
сме земале за сѐ така пари, ви се молам, ехе, каде ќе ни
беше крајот... зар само за пари, ви се молам, живее
човекот! Па ние сме пристојни луѓе, ви се молам, не сме
разбојници, по ѓаволите, отсекогаш му се помагало на
човек во мака, на патник, ви се молам!"
„А ете не ќе сакаме никакви пари", рече првиот и
скокна од мостот. По него тргна и вториот.
„Другар Пантелески, ви се молам", беспомошно ре-
че шоферот, „со нив ѓаволи, ви се молам, не разговарајте
така... Та, тоа е моја работа, моја грешка нели, јас ќе им
запалам, душо слатка, другар Пантелески... Еј, а што
велите за по една цела! Секому по една, двајцата две, а?
Зар е тоа малку, како на пат да сте нашле по една цела а,
слаткичко ви е така, одненадеж, во правта по една
рударска, а, што ќе речите на тоа, пријатели?"
Прашањето го ислуша само поумниот, потоа кон
него се врати и бушавиот, поумниот сериозно, тихо му ја
објасни шоферовата понуда. Првиот, додека слушаше, се
муртеше, како да велеше: за што нѐ имаат - за Цигани,
зар за такви им личиме, изгледаше многу сериозно; се
виде, длабоко беше погодена неговата суета, о, ѓаволот,
што чувствителен, што тенок ти бил, се виде, тој беше со
свое чувство и не толку без мозок како што се
преправаше.
„Види ги ти нив ганчовци", рече очигледно многу
озлобен, „илјадарка, пфуј! А со една само две ликерчиња
во крчмата точат и тоа со мува во шишето, зар за две
ликерчиња вреди човек..."
„Па тоа, бателе", се јави вториот, „таман колку за
белја, да ти ја растопи прашината во грлото и да те
отруе!"
„Што се две ликерчиња", праша првиот, „зар
житото со едно ведро вода се мели, ама ганчовци!
Држете си ги парите, ај со здравје!"
„Ами колку", немоќно промрморе Иван
Кузманоски.
Но браќата на тоа воопшто не реагираа, се држеа
какс стари, умни кучиња, со пуштена опашка те чекаат на
заб.
„Ако ви речиме по пет, по десет, ќе ви се види
многу", рече мрзеливо поумниот, „ами, подобро си ја
гледаме работата, од тоа што живееме".
„Сја ајсја, Мартинка", бесно се развика првиот по
добичината „а-а, ќе те пикнам в дупка, не ќе излезеш од
неа, ќе дади господ, хе те јади волкот, ај ајсја!"
Тогаш шоферот не издржа, сиот пат, сета мака ја
истури на момчињата.
„Ами вие сте биле нелуѓе, сосема без човечко чувс-
тво, ами јас, што мислите, за колку работам? За колку
мајчина се толчам по патиштава, а? Колку ми е мене де-
нот, зошто теглам јас? Никогаш не се знае мојот живот,
каква одговорност имам, а дома сум оставил дечиња, - со
што сум ги оставил, а? Изедници низаедни, што мислите,
кај мене течат, колку земам јас! ?"
„Па ти не вози ги за толку, остави ги", рече поглу-
павиот и веќе не се смееше. Мислеше дека рекол некоја
умна работа, нечуена, голем совет. Со тоа тој конечно и
дефинитивно одби, сакаше да појде. Неочекувано, тие се
повратија кога видоа дека од колата ги вадиме магнето-
фоните и другата чувствителна техника што ја носевме
заради работата, - зашто ние, покрај ловот, сериозно се
занимаваме и со нашето минато. Собиравме приказни,
легенди, бајки... Ненадејно на нив овој момент многу
повлијаа, за час престанаа да се смеат, а нивните мургави
лица, што пред тоа можеше да му ги наденеш на шијата
од најлошиот сој пцишта, добија сосем друг израз, благ,
нежен, добродушен, а гласот им прозвуче мило, наивно.
Место горделив и дрзок тон слушавме покорен и слаб
глас да ги сожалите, да си помислите: кутрите, несреќни
момченца како скитници низ полето, гладни, изгорени,
допевкани.
„Другарче", тихолко, молбено двајцата во еден
глас му се обратија на Иван Кузманоски, „она старчено,
бателе, со бела коса, што седи во количето, да не е
докторот од Германија?"
Иван Кузманоски мрко, непријателски ги погледна,
не сакаше да ги слуша. Но тие како кучулиња одеа по
него и џавкаа: „Зашто еден требаше да дојди веќе, за
третата тура, ама, еве помина доста време уште не е
дојден... јавено беше за осумнаести уште оној месец, а
еве и овој месец помина... Таму се насобраа луѓето, така
беше јавено, слегоа од планината, од секаде се собраа,
ама док- торот не дојде, можит нешто го спречило, а?"
„Еве вакви глупости", рече шоферот и излажа
претставувајќи го постариот научен соработник како
Германец, лекар. „Нема ни едно мосте на патиштата
„арамии низаедни", ги прекори Иван Кузманоски, „се сте
искрале!"
„Вистина е, вистина тоа што го зборувате", признаа
браќата.
„Стап за вас, тој златникот е од рајот" Иван Кузма-
носки воопшто не ги жалеше момчињата, немилостиво
им заплатуваше. Сега шоферот си даде одцив на своите
чувства, што се вели, ги имаше в седело, ги фати како
пилчиња, можеше и главата да им ја скине, а тие само да
аминуваат.
„Ами вие зашто не рековте веднаш, бателе", покај-
нички рекоа браќата, „кажете дека доаѓал докторот, што
пари, ами сигурно човек парите го родиле, а пак што се
денешниве пари, да ми простите, слама за бришење на
поганиот, што се вели, како бидувало така, луѓе сме,
денес ти мене, утре јас тебе, што се вели, човек за човека,
инаку што би било, господ да чува, како стоката би
станале без никакво разбирање, што се вели, а ние сме
луѓе, имаме човечко разбирање... Ами што е ова, играчка,
еве вака, ќе потурнеме малку в лево, малку в десно, и оп,
еве каде е селото, што има - триста метра.. Ами јас и брат
ми тоа за едно минутче ќе го свршиме, додека изброиш
до три, вели вториот, поумниот. Ами брат ми, сега за
Ѓурѓовден, од пет села ги свитка сите јунаци, како
сомунче ги стопи, најсилен беше брат ми, еве погледајте
го каков е тој силен, а во камен пак фрлање никој не
можеше да го натфрли, вака како од шега со едно фрлање
сите ги победи, ами да фрлаше до трипати како другите,
ами аку се расфрлаше, сѐ живо ќе отепаше... и на ортома
брат ми најјунак се погоди, брат ми на вршот, а другите,
да ми простите, учкурот си го врзуваа, е-ехе, тоа се велит
качвење, брат ми аман не им даде, ами да имаше пови-
соко дрво брат ми и таму ќе се искачеше, до небо, ела
некој да го втаса, ами аку сакаше, да ми простите,
можеше и да ги повади озгора, ами пак со коњи трчање
со брат ми никој не се зафаќа и во војска беше
коњаница... Па прашајте во селото, секој ќе ви кажи, -
прашајте, живи господ, речете му што луѓе се
близнацине, ами така нѐ викаат, ами зашто така сме
родени... Секој ќе ви кажит што сила е брат ми, ќе видите
со кого сте се сретнале, со кого сте имале работа.. Ами
брат ми и со мечки и со волци и со секаква дивина е
борен... во бунар двајсет метри е влезен и однатре има
извадено дете, детето на Велета Крстаноски, ами жив е
Веле, ами и детенцето го спаси... Ами, погледнете го, сам
можит на раменци да ја кренит и да бегат"...
„А ти, каков си ти", вториот, брборливиот, го
праша некој од екипата. Момчето како да не го
очекуваше ваквото прашање, збунето замолче, поцрвене
до уши. Се виде, тој беше понежен, послаб, со тенки и
треперливи усти, со лице како кај девојка.
„Него мајка, бог да ја прости, го викаше Ќерка",
ре- че првиот и којзнае зошто повторно прсна во силна
смеа „Тој да ти запее, умот ќе ти летне", потоа го пофали
на- говарајќи го да пее. Бидејќи тоа беше дел и од нашата
работа, и ние сите како 'ртки наваливме на кутрото мом-
че.
„Ама што да пеам, како да пеам", се бранеше
братот, „не чини, мајка, лесна ѝ земја, пред шест месеци
ја за- копавме".
„Пеј, пеј", му рече постариот брат, „мајка сакаше
да те слуша, бог да ја прости".
„Ама срамота е од луѓето, се бранеше помалиот,
песнопоецот.
„Жити мене", неочекувано, толку нежно го заколна
поголемиот, „да ти пукнам, ако не ме почуеш".
„Каква сакате", рече немоќното момче, се виде,
клетвата силно го обврза, „сакате од преку радиото што
се пеат или народни?"
„Наши, наши", му командуваше постариот брат,
„викни ја онаа од срика Јона, - таа од срика Јона!"
Тој не почна веднаш со пеењето, некое време како
изгубен се шуткаше лево-десно, избегнувајќи ги нашите
љубопитни погледи, се чинеше како нашето присуство да
му го задушува гласот. Отпрвин запеа тихо, тихо... мр-
морливо, испрекинато, со несигурен глас; очевидно со
напор вадејќи од себе дел по дел од песната
„Пеј Ќерка, пеј!" го храбреше поголемиот брат,
„Пушти ја Сушица, Ќерка!"
Тогаш неговиот глас одненадеж стана поѕвонок,
посилен, а мелодијата пријатна, примамлива. Но колку
одминуваше времето, неговиот глас беше послободен,
неочекувано прсна со сила на пролетната вода, го покри
целото поле, целата околина. Отпрвин ние бевме вчудо-
видени, изненадени. Но за него сега како никој да не
постоеше освен тоа широко поле, потаму езерото, сигурно
тоа беше во неговите очи, јужното небо, толку високо и
толку блиско, темниот и таинствен венец на дебрчките
планини, во неговиот глас како да беше илинскиот извор,
непресушлив. Еден час потоа песната како да се одцели од
момчето, како таа да доаѓаше од полето, од далечината на
езерскиот брег, од планините... и тоа беше најубавиот сон
што го видовме, прекрасниот заборавен сон на детството,
се било вистина, пролетното небо, гласот на птиците над
родните полиња, топлата земја од браздите, трепетот на
заплодените полиња, ех, тој трепет, тој силен, здрав мирис
на родната земја.. и ти знаеш, длабоко го чувствуваш тоа -
таа, милата, добрата, родната земја е жива, раѓа..
„Пеј, Ќерка, пеј!"
Кога заминавме, тие нам ни мафтаа со рака, прија-
телски, а потоа, присетувајќи се за доаѓањето на лекарот,
како две силни планински кучиња се вдадоа по колата
давејќи се во црната прав. Оние што ги пресретнуваа,
заинтересирано ги распрашуваа браќата им кажуваа за
докторот и со несмалено темпо трчаа по колата напати
цоближувајќи ни се само на неколку цесетина метри. За
малку време по нас можеше да се види огромен куп луѓе,
постари и помлади. Тие што беа во градините ја оставаа
работата и се приклучуваа кон оние на патот.
Шоферот Иван Кузманоски, за да ја исправи
својата грешка, мораше најбрзо да ја гони колата, што
побргу да нѐ нема од селото. Тој сега возеше лудо,
безумно, оставајќи притоа на патот огромни облаци прав,
покривајќи ги луѓето. Но по гласовите, се гледаше, тие
доаѓаа во сѐ поголем број, неуморно следејќи нѐ ...
Далеку од селото, земајќи малку душа, здивнувајќи, Иван
Кузманоски тихичко праша: „Трчаат ли уште пците?".
ПЛАЧИТ ЗЕМЈАТА

Плачит земјата - Февруари месец, прикрај


февруа- ри, од што дуваше топол ветер од езерото
расцутеа сите дрвја во долииата пасквелска. На тоа
многу се радуваше народот, имат спас, - говореше, -
божја е земјава наша, ја чуват златен свети Климент. На
прва марта удри Север и колку за четири прсти падна
снег, се измеша снегот и цветот, се створи една невидена
слика во природата. На трета марта угреа едно многу
силно сонце и го стопи снегот. Сегде наоколу плач, се
чинеше како многу народ да тежи, а тој глас идеше од
дрвјето, се топеше снегот, паѓаше цутот. Плачит земјата,
велат луѓето, плачит родот. Сите градини, сите лозја,
сето поле би црно како гламна.
Без чпиунство немат живот - Денеска свети Три- пун
пијаница, голем празник, кој знае и кој верува. Луѓето
пливнале во нивјето, градините, лозјата. За да порежат по
едно парче, за да се роди на земјата, за да е убо, за да е за
живот, питомија. Ама од полпат се вратија бидејќи дојде
докторот што ги прегледуваше работниците за Германија. Се
собраа на сретсело, пред месната канцеларија И ги имаше
околу двесте, триста, колку една војска. Дојдоа и од други
села, - од Лескоец дојдоа, од Рамне, од Велестово, од Плаке,
од Сирула, од Речица, од Велмеј, од Злести, од Вапила, од
секаде каде што зафаќа- ше неколку.
Чекаа во редици, построени еден по еден.
Докторот ги гледаше брзо и како коњите на пазар, - му ја
зинвит устата на чоекот и му ги броит забите. Згора на
тоа со едно клече чепкат ваму-таму по вилицата да не
имат гној. Тие што имаа расипани и гнојави заби одма ги
одбиваше. Многумина од тој к'смет си ги извадија сите
заби и нови си ставија.
Во прегледот стана убивачка. Талаша Бач го уби
Се- кулета Калески, прв братучед, од две сестри деца.
Талаша Бач лошо се изразил за германскиот доктор,
рекол: - За ѓупскиов брут докторов малку да ме чепнит,
ихи, - така рекол Талаша Бач, - туа да ме чепнит не прост
работник туку за палир ќе ме пернит. Тоа му рекол
Секулету, а Секуле одма го чпиунирал на толмачот од
бирото, а толмачот го чпиунирал кај докторот.
Германецот во прво време не разбра како требит, чудно
му беше што е тоа „ѓупски бруг" тој можеби си мислеше
нешто смешно, зашто луѓето кога чуја сите од ред се
смееја, - толмачот од бирото му пообјасни, - да ми
простите, господине докторе, по нашински, тоа е стап,
Германецот пак не сврзвеше, - што е тоа стап, а Секуле
недугавиот му покажа што е - како е, докторот остана
многу навреден и не се смееше повеќе ами рече: Талаша
Бач никс Германија! Талаша Бач го молеше за да му ја
простит грешката, пет усти дома. Даница Талаша,
жената, пред шест месеци го роди шестото, а пред една
недела на Даница Талаша ѝ го извадија левиот бубрег,
нож до коска. Докторот не сакаше да ги прегледвит
другите, - луѓето со најлоши зборој го истераа Талаша
Бач. Будала, прост, орјат, рекоа, му пцуеја мајката. Го
истера. Талаша Бач појде во кафеаната „Рудо јагне",
сопственост на Трпета Јолески и испи три шишиња ликер
крушковец бидејќи многу благ му се виде. Во кафеаната,
кај мрачното, господ го донесе и Секулета Калески,
братучедот на Талаша Бач. Талаша Бач, за правината,
најпрво му даде ликер. Пи, бре, Секуле, му рече крв нека
ти се стори, пи бре, братучед, на што Секуле му ја
отфрли раката на Талаша Бач. Тоа малку го здоболе
Талаша, рече: оваа работа да ми ја направиш пред луѓево,
ама пак голтна, го молеше да пиет, пи, бре Секуле, пи,
бре, роду, го понудуваше така можит до тринајсетпати.
Толку. На тринајсеттиот пат му рече - крв ти ебам
расипана, чпиунска, дедо ти Петре чпиун, срико ти Косте
чпиун, срико ти Спасе чпиун, татко ти чпиун, ти чпиун и
му удри тринајсет ножа што пак ги броеше - еден, два,
три и изброја токму тринајсет. Што се рекло вистина
било, на овој ден нож или друго сечило не фаќај в рака
оти сам глаата ќе си ја отсечиш.
На пат - 7 април, од се села се собраа во град
Орид за да одвет во Германија. Ама рекоа - во зорите, во
трите, во четирите и скраја градот за да не прават пречки
во сонот на мирните граѓани и не причинват лоши слики
пред очите на народот, зашто тоа власта многу е
возбудвит. Испративме братучедот Гластон и имаше
уште пет автобуси. Луѓето од секаде, Македонско,
Турско, Арнау- ти, секаква раја. Сиромаштија. Најповеќе
беа Македонци и сите млади, кој осумнајсет, кој двајсет,
кој четириесет, во најубајте годино. И беа од Велмеј,
Скебатно, Курошишта, Шум, Радожда, Лахочереј, Злести,
Ботун, од сета Дебрца и дебрчани и мало и големо ја пееја
песната - славна Дебрца оган ја горит, - пееја за инет од
властите. Од бирото наредија први да тргнат дебрчаните.
И отидоа: Белески Ристо, Белески Борис, Белески
Благоја, Белески Панде, Белески Димитрија, Белески
Нестор, Белески Јонче, Белески Крсте, Белески Трајан,
Белески Панде, Димитроски Кузман, Димитроски Злате,
Којоски Климе, Крстаноски Иван, Крстаноски Благоја,
Крушаноски Владе, Крушаноски Андреа, Крушаноски
Темелко, Наумоски Илија, Трајкоски Крсте, Аврамоски
Васил, Аврамоски Трајан, Аврамоски Крсте, Аврамоска
Марица, Аврамоска Љубица, Илиев Димитрија, овие се од
пошироко семејство, Аврамоски Димитрија, Лврамовски
Темелко во Белгија, Аврамовски Трифун, Алексиески
Ангеле, Алексиески Ристо, Алексиески Владг, Алексиески
Климе, Алексиески Сисоја, и тие се од блиско семејство,
Бајмакоски Јован, Бајмакоски Мате, Бајмакоска Алтана,
Бајмакоска Велика, Јован во Австралија, а Мате, Алтана и
Велика во Соединетите Американски Држави, фамилијарно,
Балтоски Стојан, Попоска Иванка, Балтоски Владе, Балтоска
Трајана, маж и жена со деца, Бујароски Славе, Бујароски
Владе, а Бујароски Благоја во Западна Германија, брат на
Владо, и уште од родот на Бујаровци - Бујароски Томе,
Бујароски Спасе, Бујароска Спаса, Бујароски Стефан,
Бујароска Велика, жена на Стефана, а пак Бујароска Благуна,
нивна ќерка, во Јужна Африка, Јоханесбург град, Бујароски
Божин, Бујароски Костадин, Бујароски Сандре, овие се сиве
Бујаровци, Бујароски Ѓорѓи Лазаров, Западна Германија,
Бујароски Стојан, Бујароски Ѓурчин, Бујароски Ѓурчин
Богоја, Бујароски Јонче Стојан, Бујароски Лазаров Ламбе,
фамилијарен со жена си Весела и неговите деца, Бујароски
Богоја, Бујароски Ламбе, браќа, Белески Благоја, Башукоски
Ристо, Бујароски Илиев Стојан, уште од Бујаровците,
Бујароска Велика, Бујароски Илија, Бујароска Трајанка,
Трајанка и Илија фамилијарно, како и неговите браќа
Бујароски Глигор, Бујароски Раде, негов син, Бујароска
Цветанка, жена на Радован, Бујароски Кире, Бујароска
Фроска, Ќире брат со Илија, Фросина жена и Ќире,
Личерески Благоја, Личерески Владо, брат на Благоја,
Личероска Цветанка, жена на Владо, Цветанка и Владо со се
деца се отидени, Војданоски Томе, Војданоски Паунче,
Војданоски Александар син на Паунчо, Војданоски Михаило,
Ристо Војданоски брат на Михаило, Војданоски Стефан и тој
брат, Гошоски Спасе, Гошоски Димитрија, Гошоски Борис,
Каланоски Тодор, Каланоски Трајан, Каланоски Симон,
Каланоски Ангеле, Карафилоски Владо, Димко, Калески
Петко, двајцата Калевци браќа, Карамешиноски Димко,
Карамешиноски Никола, браќа, Карамешиноски Ѓоре,
братучед, Карамешиноски Најде, син на Ѓоре, Костески
Владо, Ковачески Дојчин, Коваческа Танаска, жена на
Дојчин, Ковачески Божин, син на Дојчин со својата жена
Коваческа Наумка и нивните деца, Ковачески Петар и овој
син на Дојчин, Коваческа Саветка, жена на Петар, Ковачески
Крсте, син на Петар, Коваческа Наумка жена на Крсте,
Ковачески Никола син на Петар, Ковачески Стојан, сродство
со Ковачевците, Ковачески Богоја, брат на Стојан, Лабоски
Ѓорѓија, Ковачески Науме и Ковачески Костадин, тројца
браќа, Ѓорѓија, Науме и Костадин, Ковачески Климе,
Ковачески Ристо, Крцкоски Ристо, Крцкоски Петре,
Крцкоски Саве, Ристо и Саве браќа, Крцоски Димитрија, внук
од подалечна роднина, Крцоски Божин, Крцоски Силјан,
Крцоски Симон, Симон и Божин браќа, Кузманоски Димко,
Мартиноски Ангеле, Мацкоски Јонче, Мацкоски Дуко, брат
на Јонче, Мазенкоски Петре, Мазенкоски Крсте, Мазенкоски
Цветан, сите тројца Мазенковци браќа, Мицкоски Темелко,
Николоски Лазар, Нечкоски Тодор, со синојте Нечкоски
Науме, Темелко и Нечкоски Пере, Николоски Сандре, со брат
му Николоски Љубе, Николоски Науме, братучед,
Николоски Душан, брат на Љубе и Сандре, Николоски
Косте, Николоски Јонче, Мечкоски Перо, Попоски Вангел
Петар, во Шведска роден во 1946 година, Пискулоски Андон,
Попоски Крсте, Попоски Димитрие, брат на Крсте, Димитри
со својата жена Попоска Ивана, Полканоски Стојан,
Полканоски Петре, блиска своина, Радичевски Ристо, еднаш
беше се вратил, поседа една година и пак појде, Радически
Димитрија, Радически Лазар, Радически Ѓурко кој ја позеде и
жена му Менка и ќерка му, Секулоски Стојан, Стрезоски
Михаило, Стрезоски Стојан, Стрезоски Панде, Стрезоски
Милан, Стрезоски Михаилов Стојан, Стрезоски Гулабин,
Стрезоски Климе, син на Карафил Стрезоски, Стрезоски
Богоја, Стојаноски Кирил, Стојаноски Илија, браќа,
Стојаноски Стојан, Стојкоски Љубомир и тие двајцата браќа,
Србиноски Наум, Србиноска Марица, жена на Никола, во
Аргентина, Стрезоски Никола, со жена му Стрезоска Велика,
синот Стрезоски Димитрија, Стрезоски Ламбе си ја позеде
жената Славка, синот Крсте, Тодороски Ефтим, Трајчески
Јонче, Тутуроски Климе, Тутуроски Милан, Тутуревци браќа,
Тутурески Илија, сосед, Тутуроски Лазар, брат на Илија, кој
сега во оваа година 68 ја позеде својата фамилија, жената
Цвета, синот Најде и другите деца, Тупанчески Стојан,
Тупанчески Симон, брат на Стојан, Тупанчески Сисоја,
Тупанчески Кузман, Тупанчески Стојан, Тупанчески Никола,
Тупанчески Јордан, сите рода, Чулукоски Шишман, Упески
Илија, Целоски Стојан, роден 1942 година, Целакоски Ките,
Чорбески Сандре, Чорбески Илија, кој е позеде својата жена
Чорбеска Божидарка, Чорбески Иван, брат на Илија кој исто
ја позеде својата жена Чорбеска Марица родена 1937 година
во село Мешеишта, Тупанчески Сидор во Аргентина,
Срезовски Николов Ристо, Крстаноски Божин, Чулчески
Илија, Горески Миленко Науме, младо дете родено 48 за
информбирото, Блатоски Петре Крсте, исто 48, Бујароски
Стефанов Димитрија, роден 1948 отиде сега 1969 година
А колку со земјите вака стоиме - како прва Австра-
лија, како втора Западна Германија, како трета Австрија,
како четврта Белгија, како петта Јужна Африка како
шеста Шведска, седма Аргентина, осма Америка и уште
многу други...
Ѓаволот одит по земјата - Селаните избркаа поп
Божина, црквата му зеде свештенскиот чин зашто овој
лошо ѝ спроведуваше светите работи. Ама на желбата
негова бидејќи млад и како многу ги привлекуваше вер-
ниците и како таков, многу корисен за верата, го казнија,
- го пуштија во едно село кад пиле не пеит за да си го
соберит умот. Кај Божина не е сета вина, се жалит и дру-
гиот поп, поп Благоја којшто имат и жена и дете и голема
чест, - нападвет жените, велит, немат дерман. Ѓаолот сега
одит по земјата, тој царува.
Свадба - Властите секој ден предупредвит и големо и
мало за да не се ветреит, да се земит во умот и в куќи да не ѝ
прибервит тие што со лимузини дојдват, во селото. Секакви
букалишта, пустикуќи, бандити, арамиишта го лажат
простиот народ и прават големи несреќи по населението.
Одат од село на село и ги мамат кутрите жени. Што сте
дошле, бре, синој, ги опитват жените, а тие тогаш пуштет
силна музика од колите и говорат - за веселба сме дошле
тетке, по невести сме дошле одавде сме дошле, оданде, само
наше моме да си земиме, наша крв, друго е нашето, нигде
како нашето. Говорат како проповедници, сѐ лажат.
Изгорените жени им верваат и ѝ носат дома кај своите
ќерки. Се најадвет и напивет преку гуша и згоре на тоа барет
да спијат со девојката тој час оту сега таков бил адетот на
тие работи сега младите многу не истрпват. Си свршет
работа и ајми со здравје на другиот ден ја дувнале, ни
нишан, ни траг, такви ми ти свадби. Ама жените пак се
мамат и прават истите будалштилаци.
Ида се имат на ум - Кога поминвите низ полските
села и кога гледате во куќите, во прозорците што се за-
градени со железа, да не си помислите минвите низ тур-
ски села, ами да си знаете, тоа се наши куќи, железата се
кројат од маки што народот веќе не знаит како да се
одбранит од многуте арамии кои пљачкаат низ селата.
БЕЛО ГРОЗЈЕ, ЦРНО МОРЕ

Ќе ви раскажам за Турчинот Ќани, мој другар од


детските години. За нашата разделба Врагот да го земеше,
како не издемнил, одевме во темни зори. Во студено, есенско
утро. Никогаш до тој час за тоа не сум размислувал, што
било-било, детски години, поминале. Но сега, сега веќе не
беше можно за тоа да не се размислува, тоа само доаѓа!
- Е-еј, попче! Попче Најденко! - некој глас идат по
мене, ме задржува на патот. Кога се свртив по гласот, кого ќе
видам, - гледам низ лозјата како споулавен трча Ќани.
Чуварот на лозјата. - Сакаше да ми побегнеш, ќерата, вреска,
- е, не те пуштам јас така, живи дината!
Во една црвена шамија полна до врв, ми носи бело
грозје, што го брал низ сите лозја
- Земете браќа, - ни дава Ќани од грозјето, ги чести и
другите - земете за добар пат, со касмет да ви биде патот,
господ кувет да ви дај здрави и живи да стасате... Брзо да
спечалите и во своја земја да си се вратите.
- Море Турчине, - му велит брачедот Јоне Трпчески, ти
ни кобиш, за душа ни го даваш, неверо!
- Од местово да не се мрднам, бате Јоне, - се колнит
кутриот другар, и каков што си беше плачлив, во истиот час
неговите крупни зелени очи, слични на очите од кротко
добиче, се наполнија со солзи. - Срцево ми изгоре, - велит
Ќани, - кога гледам како секој ден си оди народот, се делит,
грдо било без луѓе, жими дината! А убаво си поминавме,
најубаво, бериќетврсан, сладок леб јадовме, многу убаво
проживеавме, како браќа. Свети Климент златен во рацете да
ве имат! Живи Алах!
-Што доживеавме, - велат луѓето, - Турчин да жалит
Македонец. Ејди живот будалски, копачки! Ова ниту се чуло,
ниту се видело, да се паметит!
Ќани е мој другар, брат. Како деца заедно ја пасевме
стоката в поле. Се сошил крај мене како јагне домашарче,
сака да ме испраќа до полето. Тоа е тоа, јас не сакам, го
враќам, го молам да се врати.
-Ете, се видовме, - му велам, - сега врати се, чувај ги
лозјата!
- Жити дината, кауре, - ми велит, - не терај ме, како
Алах ти се молам. Цела ноќ око не сум склопил кога чув оту
ќе се делиме, са ноќ сум плачел.
И почнува на глас да реди. Таков е, слаб. Ќе морам да го
оставам да се исплачи, ќе морам да го оставам да ме испрати
до полето. И тука, на две ми се пресече патот.
Си спомнувам за едно многу жешко лето. Јужно,
пеколно. Црно. Тоа беше по жетвата, по вршачката, - кога
целото поле од крај до крај е слободно. Чиневме ќе изгорит
земјата, толку беше жешко тоа лето. Стоката ја имавме
истерано длабоко во полето, за да сме малку понастрана од
очите на газдата. Таму можевме и да си поиграме, котка,
долгамагарица, - малку да бидеме послободни, побезгрижни,
тоа беше една капка радост во нашиот мачен, слугински
живот.
Тој ден во полето начекавме една помлада Циганка со
детенце на грб како собира класје по нивјето. Само што ја
видоа момчињата и веднаш се запалија, почнаа многу да
мислат на онаа работа В час скроја план како да ја кутнат,
како да ја легнат. Целото попладне момчињата, а со нив и
ние помалите, како гуштерици лазевме низ стрништата
следејќи ја циганката. Ако нѐ види, се плашевме ќе ни ги
открие нашите намери и ќе избега. Чекавме малку да се
смрачи, да дунит малку ветерче од Езерото, тогаш
момчиштата убаво ќе ја легнат. Едни ќе ѝ се фрлат одзади,
некој ќе ѝ ги рашират нозете, најголемото момчиште прв ќе
се качи.
Момчињата беа заѕверени до таму, како јануарски
волчиња чкртаа со јаките заби. Ќе ја изедат жива, на пар-
ченца ќе ја издробат, како киселица ќе ја изобат. Охо, ќе биде
тоа нешто најслатко, најубаво!
Квечерината пак некако невидено ни се изгуби Ци-
ганката. В миг како да се стопи. Овде, онде, никаде ја нема
женава. Сите како полудени се растрчавме по полето за да ја
пронајдеме. Попусто беше се, жената исчезна, навистина
како да се стопи. Само нејзината темна, маѓепсна сенка ни
остана в очи; в глава. Тркалеста, наведната над земјата,
убава, преубава како некоја сочна зрела љубеница
растркалена низ полето, како намерно пуштена од небото за
да нѐ олади малку, да ни ја скрати преголемата мака Нашата
црна жед. Само малку врвчето да ѝ го допреш на мазното,
топло корупче и веднаш целата ќе пукне, доста ќе беа само
тоа очите да го видеа Како магнет нѐ влечеше. Изгореа
момчиштата, очи ќе си извадеа меѓу себе, почнаа да се
удираат да се дават, како избудалени да врескаат на сиот
глас, липајќи викаа:
- Каде е! Кај се скри?
Никој не знаеше што се случи со Циганката. Каде,
како исчезна? Сон. Ужасно ни беше на сите, и на големи и на
мали, почна да нѐ тресе најсилна треска. Бевме избезумени,
воопшто не се жалевме. Решивме уште еднаш ќе го
пребараме целото поле, секоја бразда Секое грутче, секое
сламче да се превртит. Беше жално, најжално како
поѓолемите момчишта расплакани, искрвавени во рацеве, во
нозе почнаа да ја бараат дури и во малите куќи на мравките.
Се плашеа таму, во подземните мравни ходници да не се
испикала А од кога не ќе ја најдеа ги газеа мравалниците, -
потоа се газеа, се убиваа каде што мислеа дека можела да се
искрие ѓаволската Тогаш најголемиот од момчињата,
најстрашен, најпијан, избрливен, спулавен, своите матни,
крвави очи ги задржа на Ќани. Заздивано, со пена во устата
како бесно куче, давејќи се во сопствениот здив рече:
- Ти, Турчине, ќе ни платиш за Циганката Слечи се!
Потоа сите до еден го заградивме Турчето, му не-
маше спас. Со тресливи раце кутриот мој другар одвај си го
одврза сиџимчето од панталоните, потоа без збор,
преплашен, како уловено врапче, без да знае што треба да
работи како кученце послушно седна на земјата Седи на
стрништето и од што го боцка пее една турска песна. Пее,
леле мајко, како оца на цамија. А детиштата наоколу да
рикаат од смеа. Се колнам, не оти го чепна некој тоа пеењето
ме избудале. А и без ум бев, летното сонце сигурно ми го
имаше испржено умот. Кога го чув како пее, се наведнав над
него, кој знае зошто, сакав да му го видам лицето, очите.
Сакав да бидам близу до мојот другар.
- Сакаш и ти, - пијаното оро врескаше наоколу, -
остави го, инаку и ти ќе добиеш како Турчинот!
Лоши ѓаури. Браќа, братучеди. Иста крв. Погани.
Расипани. Таа вечер со Ќани се вратив, каркараш ми стана,
еден господ ми е сведок. Турчинот ми стана брат. Седевме
како врзани на темното, боцливо стрниште. Еден крај
друг, неми, преплашени. Сами.
Веќе беше длабока ноќ. Летна, топла. Јужна, кур-
винска Рамнодушна, самобендисана, грда Сиот небески
свод ми се виде таков грд, јалов. Јалово небо јалови ѕвез-
ди. О, боже, можеби јалов е целиот наш живот - уште
повеќе се исплашив. Од тој мир, од таа јаловост на ноќта
По стопати го молев и го преколнував да стане и да си
одиме; најпосле, сѐ тоа беше пијана работа, смеа. А тој
болно, непрестајно повторуваше:
- Пе, не сакам да сум жив! Не, не, не!
Таа ноќ, по којзнае кој пат, пак си спомнав на онаа
несреќна, самотна ѕвезда на југ, што луѓето ја кажуваа
како вечернача Онаа ѕвезда што вечерно прва се јавува
на небескиот свод. Прва и последна што гасни, таму над
Езерото. И ја видов. Стоеше точно над Езерото, тоа беше
тоа јужначката скитничката Шчо оти небото трепереше
како цутена черешна, шчо оту илјада јата мали ѕвездички
светкаа кога таа како слепа бегаше настрана, сама Секо-
гаш сама! Старите по стопати во летните ноќи со прст ни
кажвеле на неа како опомена за животот! - „Ова и тебе те
чекат да знаеш, мало човече, на нишчо добро ногу да не
се радвиш, во нишчо убо да не се заљубиш, зашчо вака
пуст, самотен, ќе бидеш да си знаеш, вака!" Кој знае,
можеби затоа што прва се раѓаше беше толку лошо
колната, зарем и беше така речено вечно да биде прого-
нувана, вечно да самува! Што згрешила ѕвездата? Во тој
час мојот другар Турчин многу ми заличи на таа колнета
ѕвезда Целиот наш живот.
Крај е и на полето. Сега ќе се разделиме.
- Не плачи, - реков, - доста, не сум мртов!
- Само по мене, пречесни, - ми велит, - мои очи да
не видат такво нешто. Тој збор уште еднаш не вели го,
пресвети жити дината! Не чинит таков збор кога е човек
на пат. Ајде да си напрајме некој убав, весел муабет, а!
Се сеќаваш ли кога крадевме недозреано грозје, а!?
- Се сеќавам, - му велам, - како да не се сеќавам!
- Ама беше слатко, - велит Ќани и како река тргна да се
смее, - признај, послатко грозје не си јал!
И почнавме на глас да се смееме, ќе умревме во смеа.
Кој ќе нѐ сретнеше се крстеше. - На каков пат тргнале,
будаливе, пак се смејат! Кој знае што им е пишано, - говорат
луѓето и нѐ гледаат подзинати, во чудо.
- Што правите, бре, што се смејте толку многу, - не
прашаат луѓето.
- Крадиме грозје, - му велит Ќани.
- Какво грозје, бре, Турчине низ полево!?
- Недозреано, им велам на луѓето. - Тоа што е најслатко!
Ќани ќе летне од радост.
- Такво, такво грозје јадиме!
- Ај Турчинов, велат луѓето ама и на попчено господ му
го зел умот. - Овој свети, - велат други, - овој е полош од
ѓаволот! Беше прв партиец на времето во месната
канцеларија на Баска работеше како народен матичар,
партиската него го направи поп, не е од господа! Во него е
сето безверие зар не сте чуле за баскиот поп, за тој гробарот,
три жени му се умрени, една не му веква! Господе, прости
им, што се слепи, што очи имаат, очи немаат.
Се смееме - што да правиме?
- Збогум, Турчине!
- Збогум, ѓаур! - велит Ќани и брзо бега низ полето,
назад за да не му ги видам очите. Како сакато кученце, - сам,
веќе со забележителна грба - како блиската смрт да му се
обесила на вратот, можеби денес, утре ќе умре и никогаш
повеќе не ќе се видиме - се исплашив од оваа мисла што без
да ја барам дојде во мене - пак ми светна онаа самотна,
јужна ѕвезда, - никој да не ме чуе, си реков:
- Боже, кој е за погревој, тој или ние?
Потоа ја чув песната, трчаше некаде низ полето и
пееше како оџа на џамија.
СЕМЕЈСТВОТО НА ДУКО

На Димитар Солев

Веќе немаше каде Дуко Колески, старец. Синовите еден


по еден му се иселија во Австралија. Прво тие, а потоа си ги
позедоа и жените и децата. Одеднаш куќата на Дуко се
испразни, остана пуста, глува. Одден наден како му се делеа
луѓето, така душата на стариот Дуко Колески почна да капи,
во него се всели длабока есен. Во човекот влезе еден
страшен, тежок сон, како црвец почна да го подјадува.
Тоа најпосле го исплаши Дуко Колески, тој сон.
Еднаш, во претпролетна, налуничава приквечерина што му
се јави, што му се кажа како црн признак за судбината на
неговиот дом. Седеше на троножно столче крај огниште,
земен од пријатната топлина на огнот, опиен од мирисот на
дабовото дрво, - неговото слабо, трошно тело со најголема
наслада го впиваше во себе тој убав мирис на дабот, -
сонуваше чудесен сон, јаздеше на бел, силен коњ, во пролет,
низ светли млади шуми, низ зелено поле, јаздеше меѓу
цутени градини, и, ете на тој пат нагладно го запре оној зол,
раноутрински глас на кукавицата. Кога се тргна од сонот се
најде коткосан, склупчен како утка на троножното столче.
Мраз. Огинот догорел, жарта беше сторена пепел, а од
таванската греда, што беше над неговата глава, повторно му
се јави гласот на тоа проклето пиле. Во ноќта, во глувата ноќ.
Отпрвин не поверува, си ги протри очите со коткосаните
прсти, - птицата беше над неговата глава, гледаше право
во него, му се виде како да го демне.
- Што сакаш во мојава куќа, проклетијо, - ја праша,
- а таа испуштајќи го оној тих, ужасен глас во часот не-
видливо се искри некаде низ куќата.
Така почна таа ужасна борба меѓу таткото и
кобната птица За да ја изгони од својата куќа реши и ден
и ноќ да стражари, стар војник беше Дуко Колески.
Потоа во секое време старецот можеше да се види како
лунѕа низ куќата, де горе, де долу, де наоколу, како
сениште, како вечна стража. И тоа траеше со денови, со
ноќи.
- Куку, татко Куку! - в лице му се потсмеваше
нај- малиот син, бесрамниот Колка.
Најпосле реши да појде дури до комитетот. Беше
решен да се бори до крај, во стариот борец Дуко Колески
се роди нова сила, овојпат, од кога и да било поголема.
Крупните. сини очи на Дуко единствено нешто ве-
село во неговото лице, внимателно гледаа во младиот
секретар на комитетот, другарот Иван Василески. Секре-
тарот можеше да има дваесет и осум, можеби триесет
години, прилегаше на допадливо, весело ергенче. Таа
слика многу ја дополнуваше и начинот на неговото об-
лекување, спортски, модно, ниско потстрижена коса,
долгите бакембарди, а особено неговите под сиџим из-
влечени тенки мустачиња. Беше скоро дипломиран еко-
номист, извлечен од службите на општественото книго-
водство. Пушеше филтер, на виенско бело чибуче што 80
насто го задржува никотинот. Не изгледаше дека во
часот би умрел за идејата, но очигледно, човечки и со
разбирање го слушаше расказот на таткото.
- Прво беше со Петре, мојот најстар син,
насмевнувајќи се рече Дуко, како да се насмевна таткото.
- Така, прво беше со него. Ми беше наследник во
работата, на вовчето. Убава му беше работата, работеше
на Пресека, горе. Но тој враг, малото вовче, по некое
време се укина. Здравје, рековме, сигурно за нешто
поубаво. На Петрета му дадоа три месеци за да се
изјасни, - ќе појди Скопје на работа или ќе си потпише
доброволно напуштање на работното место. На Петре
есапот за Скопје никако не му излегвеше, каде со жена и
шест деца, а без никаков стан. Не беше Петре за Скопје,
природно. Би што би, поминаа тие три месеци, - потпиша
Петре доброволно напуштање на работата. Здравје, се
пријави во трудовото.
Сега-сетне, овде-онде, помина година, влезе и
втората, ја истера и втората, човекот се најде сосема за
никаде, што се вели, парица нема ни за сол. Гледам тонит
Петре, пропаѓат, нем е, од него веќе убав збор не
излегвит, не е веќе тој Петре! - Синко, му велам, што е
ова со тебе, да не си болен нешмо? - Уште полошо,
татко, велит, бо- лен сум од што не знам што да работам,
ќе споулавам. - Немој, му велам, држи се, работа се
најдува, здравјето ако го изгуби човек не се враќа Гледај
си го здравјето, нека ти се живи жена, деца! - Сѐ ми е
криво, татко, велит, и жена и деца и самиот се замразив,
не си го сакам животот! - Тоа Петре мој, другарче. Синот
мој, синко.
Никако не можев да го запрам. За вистината, јас
са- миот сум најголемиот виновник за Петре, јас му
реков: - Што плачиш, бре, што корист од плачење, му
велам, човек си, се пушти сега светов, оди, види го!
Будалче едно, му велам, зар вака ќе скапуваш овде. Оди,
оди! Овде-таму, каде било, човек си, живеј! Уста да ми
занемеше, што бев јас што го реков тој збор, зар ѓаволот
така сакаше, - стана оттука Петре, го извади паспортот и
летна. Веќе не го видов.
На трите години чекаме да се врати, - кога Петре
пушта гаранција за сето свое семејство. И жената и де-
цата Петре си ги позема. Нема каде и жената и децата
исто, решени да одат кај Петре. Ги испративме најубаво,
со здравје. Збогум. Во град Перт, Австралија.
Така ет, се случи со Петре. Значи вака, Петре, прв,
жена му двајца, дечињата шест, сите осум. Тоа беше со
Петре, се дели една куќа.
1965 година, во реформата, останав без Павлета,
вториот син. Се нашол Павле повеќе во работата. Ајде
остана Павле ни ваму ни таму, за никаде, прост
работник. Здравје, ќе се пријави во трудовото. Ќе земе
малку помош, петнаесет, шеснаесет, колку да врти душа.
Кога чув дека се нашол под бирото како змија да ме
касна в очи, ах, реков, ојде, ќе го голтне црното, ќе го
најдит братовото. Истото, една година се метка без
работа. На годината се реши, ќе оди и ништо друго, - му
пиша на брата му Петрета за гаранција - Немој Павле,
немој синко, да го молам, да го колнам, немој, дете, еве,
пензичкава моја, ќе имаш пари додека се снајдеш,
издржи уште мал- ку. - Не, татко, велит, чувај си ја
пензијата, јас веќе сум решил. Не можам да ја гледам
оваа мизерија, нервно ќе се разболам, живците ми се
искинаа. Усвитен сач, татко, велит, како да ми стоит над
главава.
Појде во Фест Австралија. Петре на еден крај, Пав-
ле на друг, во Фест Австралија А зона, во рудниците. Во
прво време и Петре беше таму, поработи во рудниците.
Зашчо во рудниците дупло се плаќа, а згора на тоа јаде-
њето и спиењето на сметка од компанијата. Сѐ добро,
убо, ама едно, - во Фест Австралија А зона дожд еднаш
годишно паѓа, другар секретар, таква е природата, чурук.
Еднаш годишно и тоа врел, да те попарит, како за пра-
сиња репање. Пустиња, сѐ пустиња, бело. Океан. Таму
кој ќе останит повеќе од две години се смеквит во умот, -
овде во тилот, нешто го удират човекот и потоа оди како
пијана кокошка. Павле издржа токму две години, на
двете години појде во Перт за да го бара брата си
Петрета Се сретнаа на влезот од еден бар. Павле влегвит
за да се напиет едно пиво, а Петре излегвит. Двајца браќа
се судрија на вратата и не се познаа веднаш. Петре не
можел да го препознае брата си Павлета, да ми простите,
на Павлета веќе ремен не стоел. Кога се сопнаа на
вратата, Петре, бидејќи не знаеше кој е човеков, што се
џбуркат, си помислил, некој побунет, на тамошен јазик
му велит, - мистер, нешто да не си ќор, ако си ќор купи
си наочари! Павле пак, ни пет ни шест, на нашински му
рекол: - Еба ти мајката фашистичка, остави ме на мира,
доста ми е темница во очиве! Тогаш Петре веднаш по
зборот го препознал Павлета, - го гледат, го гледат, го
студират, тој е. Павле, брат му! - Абре, Павле абре брату,
- му велит, - абре ти си или не си, јас сум брат ти Петре,
ќе поминевме, ќе заминевме, не ќе се видевме! Потоа три
дни го затвориле барот со некои наши Македонци,
лумпувале. Се здоговориле сега и Павле ќе остане во
Перт, ќе купат заедничка куќа, а и тој ќе си ја поземи
жената и децата. Писание, што се рекло, пишано и
свршено! Бр- зо, брзо ете ти ја гаранцијата од Павле,
како црна депеша од фронт.
Ами колку станаа сега, другар секретар. Ајде да
броиме: Петре прв, Петрејца два, децата од Петре шест,
два и шест осум, плус Павле, жена му два, четири
дечиња, два и четири шест. Осум Петреви, шест Павлеви
рамно четрнаесет, другар секретар. Здравје, ќе си рече
човек, тоа не се враќа.
Дома ами, на катот, што ми беше свиена уште по-
лута змија, - имав ќерка на седумнаесет години. Данче,
Данчето, таа ми отвори уште подлабока рана. Ех, дете,
дете! Ваму-таму, момичево ми остана дома, женско, за
никаде, што да се прави? Маж каде да се најде, не е сега
тоа време, го немат со злато да го купиш. Вене Данчето,
ќерката моја, ѝ гниет млацоста, гледам јас, не сум слеп, -
пропаѓа детето. Бев решен сета стока да ја продадам за да
ја задомам. Со мајка ѝ секоја ноќ во солзи се давиме таа
да плачит, јас да плачам, што, што да се прави? Скокнаа
сите, тетки ѝ , стрини ѝ , вујни ѝ , под дрво и камен ќе
бараме маж за Данче. Некој се јавил од Ресен, ајде носи
ја во Ресен на згледвање, не излегол пустиот касмет"
Ајде во Битола се рече, во Кича еднаш, ајде во Струга, во
Охрид, ами пустиов касмет што ја неќе мојата Данче.
Бегат од неа, бегат! Едно време се јави тетка ѝ Марица
Гошеска од Скопје, ни пиша едно писмо, испадна една
сигурна прилика, еден милиционер вдовец, само со едно
детуле, другар на Гоше. - Коли ме, тетко, велит мојата
Данче, веќе не одам никаде на згледвење, доста ме
носивте како ајванче за на пазар. Сама ќе си решам,
татко, велит. Како ќе си реши сама, природно се
пријавила во трудовово. Без да се кажит, без да ја
видиме, без збогум, така, појде во Германија. Беше
истрамена многу, испонижена во младата душа, честа ѝ
беше урната на моето Данче, другар секретар. Избега,
така...
Во 1969 година појде и Андрија Тој што беше со
мене, врзан за селската работа. Од мене, од тебе, слушам
Андрија тајно вадит документи за Австралија. Нишчо,
молчам јас, се правам оту нишчо не знам. Испадна при-
лика оравме, сејме. - Ајрлија, бре Андрија, му велам, -
што ти е покусо, јадење, пиење, кој ѓавол ти влегол во
мевот! Ајде Петре имаше причина, донекаде и Павле,
што ти фалит тебе, бре, синко! Полни амбари, полни
џепој, газда си, речи ми што ти фали! - Ништо, татко,
велит, од таа страна сѐ ми е убо, ама сакам да си ја
видам среќата и јас сум човек. Се мислам многу сум мал
што не сум прошетал. Сигурно цел живот не ќе останам
со волојве, со стоката... Денеска и најпростиот го разбра
животот, татко. И слепиот виде оту врвел, оту не чекат
многу, што ме држиш, велит, сакаш да умрам како што
сум се родил, вол. Зар мене ќе ме чекат животот или ќе
ми дојдит, кога ќе го видам, на куковден. Подобро да ме
убиеш од колку да ме задржиш, - толку решен Андрија,
плачит будаличката моја, ме молит, ме колнит, ми ја
бацуват раката, - абре, Андрија, сакав да му речам, што
ми ја бацуваш, земи секира одсечија од раме белки ќе ми
поминит и силата, - многу, многу болело делењето, - не
се пирај ме, велит, остај ме додека сум помлад и јас
нешто да осетам од живото, многу ти се молам! О, боже.
Андрија! Андрија! Што да правам, природно, оди
Андрија, среќен ти пат, синко, и мирно море! Го
испративме со свирки, со тапани, со големи веселби,
како одново да го женевме!
Колку станаа сега, другар секретар, чекај, отпрвин
да ги пребројме: Петре и Петрејца осум, Павле и Пав-
лејца шест, четрнајсет, Данчето петнајсет, Андрија шес-
најсет, Андрејца седумнајсет, четири деца од Андрија,
дваесет и еден - сите од Дуко Колески. Толку.
Замолче. Со мака позеде душа како во грлото да
му имаше засганато леб од јачмен. Рече:
- Сега сета надеж ми е во Колката, најмалиот син.
Еве шест месеци како е вратен од војска и тука се шутка,
никако да се најде работичка. Има учителска диплома,
пуста работа за учител немат. Гледам детево молчит,
нешто таит, бегат од куќи, секакви шпиуни се размно-
жија, му велат: - И Севишниот, Колка, не може да ти
најде работа! А и тој во последно време не знае што
зборува, - Ех, стари, велит, за ова ли се бореше! Остави
ја борбата, Колка, му велам, тоа беше голема работа. А
тој мене, ни пет ни шест, в лице: - колку, татко! Ми се
потсмева, ме навредува песот. Што да се прави во ваков
случај, голема беља да не ми стане во куќата, другар
секретар. Тој е млад, осетлива е душата, - мразеници ме
фаќаат да не го подмамат чпиуните и некако против да
го направат...
Потоа му требаше повеќе време за да отвори уста
- За тоа дојдов, другар секретар, каква било рабо-
тичка! Јас за сите овие години првпат за лична работа
доаѓам в комитет, - едноставно промрморе. - Еве ја пар-
тиската книшка, од борбата сум член, на пругата уште
кога работев, погледнете, повелете, проверете дали
некогаш друг пат доаѓал Дуко Колески. Јас сум стар
партиец, синко, комунист, - ја подава црвената книшка, а
слабите, работнички раце му се тресат. - Еве, еве,
погледајте! На крајот јас имам право, велит стемнет како
есенски облак, - зар јас немам никакво право, зар ќе се
дозволи да останам како кукавица, - и тогаш не издржа
стариот борец, на неговото темно, старечко лице светна
тешка, родителска солза.
Тихо, сосем тихо, како да се плашеше некој да не
го чуе - заплака таткото Дуко Колески. - Проштевај,
синко, мрмореше исто така тихо.
совети без пари
СОВЕТИ ЗА КАПАТА

Најмило мое Батенце, снегулче бело, го добивме


вашето бевцено писмо, тенкју феримач. Од истото,
сполај богу, научивме како сте биле во голема мисла за
да тргнете на пат, среќата да си ја пробате, баш многу
умно, гут лак. Арно умчето ви велело, нема што, ви
честитам на светлото, ни повеќе, ни помалку, туку само
три работичиња ве интересирале така, демек, барате
некое советче без пари, бјутифол. Прво и прво, значи,
патот ве интересира, морето, рибите, бранојте, бродојте,
умно; второ, работата и бизнисот, печалбата, зелените
паричиња, колку мани, што мани, уште поумно; трето,
елбете, како и што е со живеачката и друзите заебаиции,
најумно, баш со ова многу ме задоволивте, ме
ќејфлесавте. Велите, таму, во стар крај, јес, од луѓето
слушате секакви муабети, гласишта, ова било, она било,
та не знае човекот кој пат да го фати, сори, што е и која е
вистината, и ова арно сте го издумале, фери гут. Затоа,
мило мое Батенце, кога сте веќе толку цврсто решени,
бет лак, вие немојте секого да слушате, финиш. Тука ми
ти е Батево, накриви капа, ич да не ми се сакалдисуваш,
Батево е на местово и за подробно ќе ми ти стори абер,
ич, да ми бидиш кукурек. Господ кувет на кумана Љуба,
ние за се подробно сега ќе ви напишеме, лак, сега и
работничката ми е таква ујгун, така, мераклиско нешто,
кралско, царско, имам слободно време и за писма и за
сѐ , само здравје. Ах, сега како ми се ујдиса живеачката,
како се наместија рабоќето, што се вели, кој е како мене,
Мистер Бејби. Во два-три збора да ти речам - работа ми е
бјутифол, работам како прв градинар во Кинг хоспитал
фри ментал, по цел ден си режам трендафилчиња,
цвеќиња, сори, што не мирисаат, а едно време низ целата
Австралија сум ловел и врапчиња, вистина, после, кога ќе
запрашам, ќе исплевам, кога цементираниве патеки ги
заливам, со еден збор, ќејфичин работа Натинг за
хоспиталов имам многу да ви пишувам, јест, до каде
втасавме, збор беше за патот, до никаде не втасавме,
појаваш, уште не сме ти тргнале. Јес, пред да тргнеш
Мило мое батенце, бајченце, само за едно многу ќе ве
молам, ова врзи си го в крпче, веднаш штом го добиеш
писменцево и штом го протолмачиш со твоето умче, јес,
во истиот момент, не губи ни секунде, ами да си го
крениш газот и со вјасање да одиш на пазарот во Баска и
од таму, од кај Илчета Плоскоски, да си купиш една
шарена капа. Ова, мило мое, немој нешто да си изумил,
сакан, поарно без глава, не дај боже, од колку без капа
човек да тргне на таков пат, бет лак. Аман, по секоја цена
ќе си купиш капа и тоа гледај од оние со амајливчиња,
лични како турско благо, на средина со па пуче, бјутифол
капче. Аманет, к а п а, оти ние сега сме ти некој гаталци,
туку, вистината да ви ја кажеме препаталци, гледаш, мојт
и така да се кажит, сори. Ние згре шивме што згрешивме,
Батенце, тргнавме без оглав на пат, јурија, како онаа
запустена стока, што се велит безстопанска, аман, повеќе
таа грешка не треба да се пов тори ни со тебе, ни со некој
друг, пријател или душман, така Да го речиме и тоа, пак и
олку кога нѐ дочува Господ е многу, ама, сори, пред се
благодарение на капата од Џан, аир и бериќет, мир во
коските таму каде што лежи, ти велам, бериќатврсан на
капата од Џан, здрави и живи втасавме до Морето, ајрлија
ни беше патот, лак. Јас, за тој истиот Џан ви кажувам,
Батенце, за тој авантурата, најголемиот расипник, пуста
глава, на кого, ете, ние со исти таков ум, негов брат, за
ефтини пари сме му ја продале братучедата Арбулка,
нашето несреќно невестулче, како што сум ги продал
овците на татко, што е вистина, за комар и крчми, нејсе,
после ќе ги видиме и тие рабоќе, сега да не заборавиме за
капата. Ех, понапред да си го имав овој ум, Бате, збор
било за капа, бати капата, идат зброт, ќе купев сто,
илјада капи, едно вреќе, ќе го покриев целиот океан, бет
лак. Смејата настрана, Батулче, сите што си имаа капа на
главата, гут лак, најубаво си го поминаа патот, холидеј
му се виде веков, многу сори, само што бргу помина
времето, велеа, што се четириесет дена, барем триметири
месеци да беше, бјутифол! Но ни морската болест ги
фати, мудно едно водата веднаш го позна, ги прими, ни
нешто апетитот, не дај боже, да им се расипа. Братумедот
Николе Буџакоски за тие четириесет дена осум ипол кила
се поправи, кога му светна таа лика, кога му се измазни
таа снага, јуне три- годишно ќе ти кутнеше, ела познај го
ти сега Николета наш, оној од нивјено, од гумењето, од
вршењето, сори, наеднаш стана Мистер Ник, на лице
место, ама за цело време не извади капа од главата Таа
капа сонце грее на него, сиот народ да се чуди, еден
Мистер, не знам колку мани му понуди за да ја купи. Но,
му вели Мистер Ник, со никакви пари не може да се купи
ова капа, аманетлиска е оваа капа, му вели, од дедо
прадедо, аманет, до четириесет години ќе стои на мојава
глава, после можеме да правиме пазар, Мистер, Јес,
вистината да ти ја кажам, на кој јазик се разбираа не
знам, а се разбираа, со сите народи се измеша Мистер Ник,
заедно со сите се капи во базенот, се сонча, денцува, со
талијанскиот поп се побратимија, на свадби, на венчавања,
на крштевања секаде Мистер Ник прв, кум, ама капата на
глава. Ќе руча со југословенската колонија, ќе го викнат
Талијаните. Не ми се јади, велит, ама за атер, атерот да не
им го расипам, ќе руча со Талјаните. Либијците или
Полјаците ќе го викнат, сите со ред го викаа, го бараа, што е
ова работа, Апетитот, бре му го отворам, велит, со мене и
нив му е слатко, бјутифол, ама капчето како што рековме,
аманет. А тие кутри, како мене лесни во умојте, на пат што
си тргнаа гологлави, леле, леле, тоа трагалиште ниту на
душманот да не му го даде Господ, што велат, мајчиното
млеко им излезе на нос, бет лак.
Јес, рековме, аку не беше Мистер Џан, тој крвникот,
колачот, најголемиот ганстер на веков, господе, научиме да
го познам човекот, така се молам јас сега Батенце, без лак,
велам, да не беше таа негова пуста, насмеана душа, од кај му
идаше т о а, зар така роден, што велат, од благото, мајчинско
млеко, јас, аку тој на толку луѓе не им ги поделеше сите свои
капи, бет лак, што катастрофа, што народ ќе одеше фира по
морето, какво слатко младо мевце ќе се изнакркаа рибите,
бјутифол. а и вие, Батуле, не знаејќи ништо од веков, така со
голем апетит ќе нѐ ручавте во некоја конзерва, после чуди се
од кај ти е маката на душата, од што ти се снеарнило во
моментот, кутар, да не знаеш оти си го јадел братовото
мевце, трабул. Се смеам, Батенце, да се насмејме малку, што
друго, толку народ, толку луѓишта, кај наши, кај други, сори,
само нашиот македонцки контингент броеше над
четиристотини души. Господ реков, Господ кувет на кумана
Љуба, а меѓу нив само неколцина повозрасни луѓе, сори,
многу сори. Еден беше од кичевските места, Бачушка го
викаа, ловочуварот од Кича, тој по годините можеше татко
да ни бвде на сите, после Тетин Бое, нешто што беше
повозрасен, Калач, и имаше еден Тоде, од Прилепско, од
Мариовско, кој бог да го прости, тој за инает од домашните
беше тргнат на пат, без смеење таков инает и кога ќе видиш и
разбериш, пак да речам бог да го прости, инаетот му беше на
место, човечки. Толку, јагнуле мое бацино, сите други, кој од
кого, што велат, која мајка го изгубила синот, бет лак, росна
салатичка, од седумнаесет до триесет години, сила - сила до
триесет и некоја. брате. Некој слуган, некој неслуган војска,
таков прокопцан закон се донесе, фри, сите фри, и слугани и
неслугани војска, фри, во најубавите, во најраните години,
фри, во првиот цут, фри, сѐ под брич, многу да ми простиш
на зборов малку што ќе се поизразам, да си и б и ш мајката
од фри, овде така се кажува за слободата, фри. Имаше, за
право, Џан доста капи, не знам колку му текнало, доста капи,
не ги продаваше скапо, по иста цена, рече, а од мене, ете, не
зеде ни стопаре. За атер од братучедати, оти невеста, да се
ќердоса, овој збор го рече, се смееше, пред луѓе, пред нарот,
пред сите а и вам брзо брзо ви втасал аберот, пред да стапиме
на суво, господ да гува, така, за една капа братучедата сум ја
фрлил во најдлабокото, бет лак. Нејсе, кој имаше среќа купи
од капите на Џан, се спаси, ама народ голем, Бате, за кого
побргу, најпосле и неговата од глава му ја зедоа, па самиот си
остана за никаде, без капа, истрижен како прле, како
регрутне, а се смее, ела тргни му ја таа жива, светла, божја
насмевка што му беше на устите и во очите, бет лак. Ништо
друго, Бате, ни тешката работа, ни авата, ни живеачката,
натинг, од се бил појак човекот, само тоа најповеќе ми го
изгоре срцево, најпосле еве и до ова дереџе ме донесе,
најповеќе тоа ме уплаши, никако не можев да си
објаснам што се случи, кој и како му ја избриша таа
човечка смеа од лицето на Џан, тоа! Тоа нешто најповеќе да
си го ставиш во умчето, бате, арно, како името на мајка да го
запаметиш, таа да ти биде прва молитва кога ќе напушташ
таткова куќа, (стариот јас со најчисто срце си го сакам, ако
тој отсин ме направил) слушај мило, вака да си се помолиш,
Господе, од сѐ покусо, ова да си го речиш со широко срце,
од душа, што се вели, Господе, од се покусо, од животот, од
богатствата, од младиве години, од ќејфојте, од радоста, дури
и од умот малку, орајт, од се покусо, само во е д н о Господи,
така ќе се помолиш, само во едно, вочовечкотоне куси ми,
амин! После од ништо и од никого око да не ти трепнува,
капата на главата и гут лак, добар пат и мирно море... после,
не Австралија, отаде Австралија оди си и свиркај си, прави се
ѓамити многу ти се свирка, бјутифол!
Ете, што ќе заборавев, учи се да пиеш пиво, еве ти
праќам пет долари и почни да тренираш со пивото, маш- ки
стегни ги јајцата, немој да се срамиме пред светов, жив човек
после да не може да се прибере крај тебе, да му удираш како
мрша, сори, зашто ти си ми најмалото, најубавото, јагнето,
цицалчето на Бате, сакам да го видам светов со исплазен
јазик кон благојноста твоја... О, боже, кога втаса тоа дете за
пат, си мислам, сори јас уште ми те гледам, така, раскречено,
со голо куре, на градите на мама, бет лак. Ех, тоа наше небо,
високо, најубаво, најсветло, најчисто, најшумно, што ми
направи ти со вашето мило писменце, батенце, секој збор по
стопати го бацувам, жими бога, сега дури сосема ќе го
изгубам умов, сори, ќе си бидам таман без приправање,
таман за местово каде што сум, многу сори, немој да имаш
некое шубе од дамкава, од разлеаново на писмово,
неосетно ми се откинала една солза од душава и така,
којзнае како ми се растркала, капна на писменцево, бет
лак. А јас си думав веќе се е суво, пресушено во мене
финиш, а еве солза ми се родила во срцево, лек, сега цел
свет ќе ми е мал, Батенце финиш. Отвори очи, Мило,
отвори срце, душа, уши, сѐ , сакај го животот, будалче,
не плаши се, ич не плаши му се, слушај го будалиов
пушти го да влезит во секоја твоја жила и жилче, нека
болит, отвори ги жилите, ба ми ти жилите детински,
кога втаса, кога се стори маж, бет лак. Аман, Батенце,
аманет, и не заборавај го тоа за капата и пивото, мочај,
бласоена да ти е водата!
На крајот, едно поздравче искрено за јасичињата
од Стојне Илческа, за оние бели, тенки и како
невестулчиња горе кај Водноно место, знаеш каде, таму!
Така, Бате, тоа најмногу ме плаши, од таму не дај боже,
од дома да не се исплеткаат сите рабоќе...
УМИРАЧКА

О, батенце, пиленце, ме прашуваш мило, што се


случило, а јас и не знам се што беше и како беше.
Еднаш сето тоа ми се покажува како грозен, смешен
сон, а после, кога малку подлабоко ќе размисли човек,
таква работа ни сонот не може да нарисува, гледаш тоа
ти било нешто многу поголемо и од сонот. Некаде пред
ден, во раните зори, нё пробудија кокошките. Некои од
нив запеаја како петли, и тоа се случува, а кога
кокошките пејат како петли зло време ни доаѓа, таква
неарна мисла живее во душата на народот. Како змија
да ни влегла во седелото, сите на штрек се пробудивме,
не знаеме што сме, кај сме. Тогаш умниот Мистер Ал
рече:
- Ах, Џане, - што беше оваа сила, чудо, што стори,
кокошките ги престори во петли, да биде за арно!
- А каде е твојот Џан, - праша братучедот Бил, -
каде е тоа јуначиште, сега?
- Та т а м у, - рече братучедот Арбуле и со рака
покажа на големиот народ, веќе бевме втасале до базата,
местото од каде што агентите од компаниите ќе нё по-
земаа за далечниот пат. - О, Џане, Џане! - повика како
да го довикуваше, како да го бараше со таа негова
широ- ка, радосна насмевка.
Лак, тоа малку од малку нѐ тргна од кокошкиното
бунило, се гледаме, тие сме луѓето, истите, братучеди,
братучетки, тетинчиња, стричиња, се бројме - токму сме
на број, а тука се и кокошките и јајцата, влакно од
главата не ни фалеше, лак. А и тој голем народ тува,
собрани како во регрутен центар, како повторно во
центарот на вежба. Насекаде наоколу гледаш луѓето
променети, и како споменичиња мирни на земјата Некои
беа со капи а повеќето гологлави, со ниски кондурчиња,
оти таму кај што одевме снег и зима немало.
- Петре, кај ти се опинците, златните опинци!
- Остај ме, лебати, не чепкај ме, не гори ми душа, -
одговара Петре.
- А претни де, опри, биди маж!
- Кај ќе претниш, - велит Петре, - ми се умори
душава од многу кревање, калдисав!
Се познавме, се најдовме, тука се растоваривме. А и
друг голем народ со пеење, со блеење слегуваше, како
сите рекички, суводолици да се наполниле и сите
наваму течат во регрутниов центар.
- Ееее, беее, - слегуваат Иштанци, нив ги познаваш
по одењето, малку странично одат, никогаш цело лице
не можеш да му видиш, значи, тие биле таму згора над
долот што блееле, што пееле. Идат и други, и трети, а
некои се тука од пред неколку дена, тука се најдовме со
многу познати, другари, пријатели, што велат, како што
рекол калгијата, ова во турско време, братенце, сечи ор-
манот, рекол калгијата, од главата си имал тескере. Идат
народов и како што идат сите тува во регрутското дво-
риште, во блатиштето, во снежиштето закопани, ни по-
вака ни потака, само уште не знаеме кога тука на
вјасина Мајкино Стојанче, крчмарот, отворил крчмарски
пункт во една барака, во некогашното складиште, каде
што се чуваа метите и војнички материјали. Затоа се
чудевме од каде толхава силна музика, бет лак.
Арно се разденило, сега веќе гледаме и небото
преврнато, очистено, модро, високо и не како да е
декемврија, зима, туку болснува едно силно, радулкаво
сонце, чуда божји. „Се тони снегот, капајците капат, од
дрвјата (багреми имаше и јаболка, костени) лисје суви
паѓаат, капки- плас, како петарди пукаат на земјата, кај
да се оди. И сѐ , и во воздухот и на земјата бучит, како
во пролет кога сите суви реки и поточиња оживуваат,
така сега сите заборавени патчиња и патишта беа под
нога, ти се чини сиот народ тргнал на пат, машко,
женско, сите си одат, ги гледаш нив и во истиот час на
местото каде што стоиш гледаш гроб пред очите ти се
отвара. Станете мртви да влезиме живи, како целиот
свет во бездна да одеше и видов тува едночудо луѓе
како за едно око трепнување ги голтна земјата, а кусо
пусто време, не можеш да ги изжалаш, друго понатаму се
одделува и друзи луѓе во бездна одат.
- Еј, дете, ми велит Џан, - Џан или братучедот, кој
беше, сеедно, - еј, дете што гледаш, кај си летнал! Без
гајле, здрави и живи ќе втасаме, уште малку, тува сме!
Се измеша денот, времето, голема тревога стана во
природата, ела бори се со времето, со најздрав ум да е
човек ќе ослаби, времето како да беше поулавено, не мо-
жеш да му го фатиш благиот крај, многу шарено и не-
сигурно време, не знаеш кога ќе те стемне, кога ќе те
обдене, сѐ се помеша, сѐ ничкум, тумбе, велат луѓето, зи-
ма е или пролет, капајците си молзат како во пролет, мај-
ката, плачит земјата, велат луѓето, черна земја, черни лу-
ѓе, черни води, сѐ наоколу. Одиш, а на местото си, што е
оваа чудо и чудесија отсекаде се побунија луѓето, велат:
- Ојме или не ојме, браќа!
- Ојме или не ојме! Едни велат ојме, други велат не
ојме, трети велат зошто ти дал господ ум и разум, оцени
сам, види, отвори очи, уши, ќе видиш чуеш, ќе разбереш
дали ојме или не ојме.
- Времето побудале, мајче му ебам, велат луѓето.
- Види бре, и пилцине ни се смеат, велит друг, го
познаваш на чисто баски јазик.
Пред крчмата, таму каде што беше регрутската менза,
илјадници мали, оцкавај, жолти полски врапчиња и,
наместо да си чепкаат по сметиштето, тие кренале глава,
зинале и црв-црв-црв, се мајтапираат со нас, а на неколку
јасики, три-четири, печестина, колку беа, ах, на тие јасики,
на врвот, чавки, гаврани, страчките пискотат ли пискотат
наоколу, ниско, стопанката, над глава ти летаат како
лазарки шарени, гласој, гласој, гласој, велат луѓето, а уште
сме во Мачедонска земја.
- Никаде сме, - рече Талаша Бач од Горна Баска, ба ти
земјата, ки-ки!
- Не зборувај така, - му вели братучед му Крстан,
Бабичот Бабичевич што го викаа, не пцуј, мајката, ог-
ништето си го пцуеш!
- Баму огништето, - вели Талаша, ки-ки-ки, баму
огништето згаснато!
- Не вели така, татково, дедово ти е, родно огниште,
брат! Тука ти си прогледал, очи си добил, врвцата од па-
пукот ти ја секле, на ѓерамитка те грееле, тува си задоен со
млекото мајчино!
- Очи, бати очите, ки-ки-ки, прогледав!
- Ки-ки-ки, прогледавме сите, - вели тајфата од Та-
лаша Бач.
- Папукот, - велат, - бати папукот подуен, ки-ки-ки!
- Вошка да скршиш на него, ки-ки-ки!
- Берикатврсан, да ни е жива слободава!
- Слободата, - вели Талаша, - ки-ки-ки, бати сло-
бодата!
- Аку некој земит пушка, јас вториот ќе бидам!
- Трудна е работава!
- На босилок мириса!
- Мириса на смола, на гној!
Имало од лошо полошо, кокошкиното бунило на
луѓето им се префрли во човечко бунило, сори. А тоа не
беа многу штогодни, несврзани, непечени муабети, а не беа
пријатни за луѓето од власта, се побуни и човекот од
Бирото, тој што правеше ред.
- Што се, бре, овје муабети, свесни сте или не, - велит
другарот од Бирото, - што будалите!
А наместо човечки одговор Талаша Бач ја наду гај-
дата и со тајфата почна да пее.
- Тие песни, нови чудни, непечени, - прашува чо-
векот, - какви се овие несолени песни?
- Душевни!
- Замислени!
- Какви душевни, какви замислени, берете умот в
глава!
- Срамота е, греота е, што велат, слободата за очи ќе
нѐ фатит!
- Кој рече лош збор за времето, - вели Талаша Бач -
кој изустил такво нешто, ко гајдата сите ќе ве истушам,
вака! Нејќам да чујам штогоден збор за времево, а пак за
слободата - мајче мајчино! Бави орјатите, бави простите,
бави прстиштата, бави устиштата, бави забиштата, бави
магариштата, бави другариштата, бави ушиштата!
- Ки-ки-ки, се смее негов братучед, - бави нозриш-
тата!
- Со мене, ќе се фаќаш, бре, ти прост! Метафори мене
ќе ми продаваш, ржанко низаедна!
- Бати слободиштата, бати будалиштата, бати иди-
отиштата!
- Ки-ки-ки!
- Да си го посопниш јазик, му вели братучед му
Крстан, собери си го умот!
Виде не виде, државен човек, си сврте со листот, друг
начин виде оти не ќе ги вразуми, в ред, рече, а сите да ве
видам в ред, сега, во моментов постојани! Море магија
збор, батенце, само што го рече зборчето и си влезе во
канцеларијата Толку требаше, ела некој сега нешто да
изусти, збор да рече, се знае, и неслуганите тоа го знаеја,
штом си во редот не се пејт, ни збор смејт да се изустит.
- Ред, ред, ред!
- Златен ред!
- Бати го редот!
- Редот го пцуеш, бре недокрстен!
- Во еден ден сме родени, во една вода сме крстени,
брачко!
- Се срамам, - велит, - да кажам оти сме брачеди!
- Се срамиш, гадно!
- И тоа многу, - велит, - многу се срамам!
- Доцна ми кажуваш, - му вели.
- Не, таман е на време, сега требаше!
- Аха, се срамиш, многу те усрамив!
Некои рекоа дека од овој збор, од ова нешто стана тоа
што стана, други велат од друго, и внатре пред доктурот се
фатиле в гуша, дотука дојде работата А тука бргу се
смешаа луѓето од тајвата.
- Е де, - рекоа, - како за сите и за нас, не си во право
Талаша, арно ти вели Бабичот! Еби му мајката, редот си е
ред!
- Ај така нека биде, - велит, ама грутка му остана в
срце, - бати таката, бати маката! Здравје, ќе видиме, сум го
посрамотил човекот, бре, граматичар, бре метафори ќе ми
продава пред бировциве!
Нејсе, застана во редот, најпосле застана во редот,
еден ред што се направи, милина да ти е да го гледаш, само
да пулиш и од пулење ќе ти се наситат и очи, и срце. А
најповеќе го смири човекот зад него, некој Тодорче
Менчин, не се знаеја, тува се запознаа во моментот,
гусинец, во вратот како вишна.
- Да се позаватам малку до тебе, брат, - му рече, -
нешто ми се сврте малку во умов, зер од пролетното сон-
це!
- Зафати се, му вели, секогаш се сматува во пролет,
здравје!
НА ЧОВЕКОТ ЕМ МУ СЕ ВРТИ УМОТ, ЕМ МНО-
ГУ НЕШТО САКАТ ДА КАЖИ, ШУБЕ ГОЛЕМО ГО
МАЧЕШЕ.
- Не, - рече после, - не ќе ми е од сонцево пролетно, си
знам, од друго ми е, з г р е ш и в! Голема грешка направив,
туку дали ќе можит некако да ја исправиме работата? Не
знам умов не ми пресекува, а и вака не ќе можам, со шубе
не се патува! Ај, беља, ај беља голема!
- Што е работава, бре, пријателе, - го праша Талаша, -
што толку нешто голема мака гледам имаш на душата!
- Мака, - рече човечето, теа не е мака, свеселенска
мака имам, - велит човечето и туфкат леле мајко, свев-
селенско туфкање. - Па да ти кажам, - со тивко, слабо
гласче, како жуборливо поточе, си зборуваше, - да ти ка-
жам што стори овој будалава Тодорче Менкин, тоа му
беше името, каков грев, каков човечки срам! Тиф, тиф,
тиф, заборавил свеќа да му запали на гробот од Саботна-
ја, најарниот човек на веков.

- Опусти свеќата - рече, - и му трепери гласот, кашла, се


дави.
- Остави, - му велит Талаша, - почниси, не заебавај!
- Слушај, - велит, - најмилото да ми пукнит аку те
заебавам, слушај! Отруен лежит во гробот, а јас зами-
нувам и ниту да се сетам, ниту свеќа да му запалам,
ниту гробчето да му го очистам, брате! Вака и вака, -
вели, - жив човек закопавме, брате, жив! Нему морат
боженствено чист гробот да му се одржува, ние двапати
во неделата одевме таму, а сега заборавив!
- А кој беше тој?
- Саботнаја, - рече човекот.
- Какво е тоа име, - праша.
- Заебанско, - рече, - тоа е веќе заебанција, луѓето
му го измислија! Не друг ден туку во саботата, во сло-
бодниот ден, тој мораше да се јави во работничката ам-
буланта кај докторот, па затоа го викаа Саботнаја Сите го
викаа Саботнаја, оти си земаа боледување од сабота до
другата сабота, знаеш, па кој има таму куќа да прави, кој
ако беше времето за косење, треба и да се сврши, житото,
лебот да се собере, селски луѓе, работни, тоа е саботнаја.
Па така, во една сабота и ние бевме таму, нешто не бевме
најарно со нервниот систем. Но попрв беше дојден
Саботнаја Борис, па тој секогаш така некако прв и луѓето,
природно, реагираат. Се нервираат, а тоа се пренесува и
на докторот. Колку дена ви требаат, Саботнаја? Докторот
не сакаше да разговара, тоа беше сиот преглед,
работничка амбуланта, а што може тој тука, ќе ти дојде
бригадирот Барбутов со тајва, нашол арна работичка таму. А
ќе му ја ебам, вели, со опроштение, и тој Барбутов, да видите,
доктор над докторите, специјалист. Пишете, вели, ангина
пекторис и сосема докторски се изразува. Пиза Јотов, значи,
ангина пекторис. Тоа е мошне тешка болест. Па толку да му
пишеме. Па за да се излечи како треба, велит, ќе му требаат
најмалку девет- десет дена, а после на десеттиот за контрола!
Најмалку толку ќе му требаат. Што мислите вие, Кур ми
пуца, велит Јотов, пишете, брате, не ми пишете, а на контрола
секако ќе се видиме. Збогум! Втор кој е од тајфата на
Барбутов, Тајоски. Е Тајоски, па што му е на Тајоски,
чеканчето му е в рака. Психичка, нервна болест има Тајоски.
Луѓе сме, господ да чува, го вади шишето, го брише со рака
озгора, а прстиштето му е предебело за да го пикне во
устинчето, нејсе. Повелете, па наздравуваат. Болниов ќе мора
малку да шлокне. Нека шлокне малку, ама не многу оти со
апчињата не чини! Е да, велит Тајоски, и арно потегнува, од
истите апчиња ве молам, му вели. Па тие беа за ногата,
стомакот. Сега, сполај богу, таа болест помина Најарен ми е
стомакот, ама пак вие некако препишете ми ги тие апчиња...
А мене, вели Барбутов, пишете ми, молам, Израстоци на
стопалата, шилци, бодликави глогој, трње, Ох, ох, не можам
да стапам на нога и тој тука одигрува едно театарче, едно
комедиче, многу штета, надарен човек! Така, што останува,
та не рече нешто и лошо докторот, само праша, го праша
Борис Саботнаја колку дена му требаат, ништо друго, сѐ
културно, никаков навредителен збор. А Борис запнал со тоа
негово срце, велит:
- Срцето нешто ме стега, докторе, ќе ми препукне
срцето!
- Ајде, - велит докторот, - со мајтап, се шегува, што да
прави, - срцето ве стега, Саботнаја!
- Да, - велит Саботнаја, - а врзан, чист човек, чист,
чист човек, брат, срцето го стега, го боли, ќе му препукне.
- А што чувствувате вака, саботнаја, кај ве боли, како?
Расположен нешто беше Иванчето, така го викаа
докторчето, сполај богу, па зар лесна работа е докторска-
та во тие коњски, работнички амбуланти. Зар само Бар-
бутов беше и тајфата, а тука имаше големи заебанции, да
бев малку пописмен, бога ми, библија ќе составев.
- Што чувствуваме, - му велит Борис Саботнаја, -
некоја голема тежина, мака, некое стегање, како бочкар
некој да ми ги гори жилите, да прави буренце од моето
срце, чувствуваме триесет и три обрачи.
- Да - божем серјозно, а со заебавање, со смеење, со
чинење.
- Да, - само Борнс Саботнаја не се шегува, - тие
обрачиња да се најди некое чаре да ми се поотпуштат, тие
обрачиња некако да се откопчаат, особено тој обрач овде
што ми е, - покажува на градите, кај срцето.
- Тука, - вели докторот.
- Тука, и овој во нозеве, под коленициве, особено тие
две обрачиња ме стегаат!
- Стегаат, - вели докторот.
- Стегаат и начисто срце ќе препукне, ќе експлодира!
- Ајде, Саботнаја, - најпосле серјозно му се обраќа
докторчето, - и з м и с л е т е некоја друга болест брате,
чесно да биде работата, Саботнаја!
- Чесно, - му вели Саботнаја, - тие обрачиња да ми се
попуштат и ништо друго!
- Молам, - вели докторчето, - тоа не е чесно, ѓавол да
ве земе, доста ќе бидат седум дена, девет, колку?
- Не ми верувате, - вели Саботнаја, - не веруваат,- ја
ниша главата, излегува, а ливчето не го ни погледна.
- Збогум, вели, кога не ми веруваат, пукни си, вели,
трес- ни си срценце, не веруваат!
- Чуден човек, - вели докторчето и гледа во мене, што
е со вас, другар Шумолески, така ме имаа прекрстено, ви
реков, нервна болест, не знам што болест, ќе седам така
крај машината, особено во втората смена, во глувата ноќ,
да, а не ќе знам од каде и како ќе ми зашуми изворчето од
дедо Тодора, горе, на Рамни рид, да не ве заморувам, ми
шуми, шуми, боже мил, па тогаш немав друг спас, капата
на глава, имав шкодиче, сега го продадов, и ептем, демек,
се самоуправував, оставав машина и сѐ , бре луѓето да
трчаат, стражите, боже мој, таква една сила, една голема
енергија, кој ќе ме запре, силна фантазија, летав, дури
некаде утрото ќе се најдев на патот, пак никогаш не го
грешавав патот, чудна работа, сѐ ќе се најдам на тој пат
што води за родниот крај... Се разденува и полека, полека
шумењето се губи и јас дури тогаш гледам кај сум и што
сум сторил. Шумолески, таман ми го изнајдоа името
другарите. Еднаш, двапати, трипати. Измислете нешто
човечко, велат, долторот и дисциплинската комисија. Не
заебавајте Шумолеску со тоа изворче, измислете нешто
што може да се толкува! Дојде работата и до партиската.
Ние пред партиската искрено, човечки, комунистички,
будалска, грешна работа Боже, гледам, гледам, не ќе се
најде ли некој човек, комунист, од мајка роден, другар,
пријател, да поверува Гледам, гледам, па не знам како
очите ми се задржаа на Борис Саботнаја, му велам:
- Борисе, другар, ја погледајме в очи, те молам, многу!
- Те гледам, - вели, - што! Ви верувам, нема што,
имате голема мака, чесно!
- Аку, багабонска работа, Саботнаја верува! Ки-ки- ки!
Пту, се растркалало капачето си го нашло грнчето
саботнаја - петочнаја! Пту!
- А зошто нѐ плукате, Барбутове, како се осмелувате!
- Јас секого ќе плукам, и плукам, јас сум искрен човек!
- Не, - вели пак здржано, - можеби сте човек, ама сте
направени од многу тежок материјал, ѓубриште!
- Барбутов ѓубриште? Пту! Пту, пту, сита партиска,
Пту!
Борис: сите сте ѓубришта!
А тие: Пту!
Секретарот, кушеријата, така го викаа луѓето, куше-
ријата: Повлечете си го зборот, Борисе, пту!
Нејсе, не беше тоа ништо, брате, сврши, а утрото, не
саботата, неделата, бевме договорени да одиме на риби,
заради срцето, нели, со шкодичето, не беше голем трошок,
а и мене арно таму крај реката за нервите, си ловевме риби.
За ова бевме договорени. Ова ни беше секоја недела. Па јас
тој ден можеби поранко сум станал, не бев при сон, а
шумолења, празно глуво, глуво, тик-так саатот, бавно,
бавно ми врви времето, мачи се да заспијам, уште полошо,
не доаѓа сонот.
Е, па утрината, колку за беља, сум заспал после големо
душевно т р з а њ е, да не речам кинење, оти партали ми
беше душата, партал партија, што велат, па толку колку
што сум мигнал, едно минутче, едно такво соне, на никого
досега не сум му го кажал, не! А веќе на трипати го
сонувам, што ќе биде таа работа? Ќе сакате ли да ви го
раскажам сонето за Саботнаја, оцко е, колку ноктево!
- Кажувај, - му вели Талаша, - око да не ти трепне!
- Ќе нѐ нашпиунира некој, - велит, - враг да го земе!
- Баш тоа го сакам, некој да ме нашпиунира, кажувај.
- Не ќе може без тоа, - велит, - или тоа или ај со време
арно да се покараме, се разбира, се смеам, ќе разберете.
- Разбирам, - велит Талаша, - вие само кажувајте.
Умирам да го чујам тоа соне!
СОНОТ ЗА БОРИС САБОТНАЈА
- Кусо е, ви реков, ќе имаме трпение.
- Повелете, - му вели.
- Благодариме, - одговори, - па вака, вели, во фаб-
ричкото двориште сум се нашол, свет голем, како сега
вака, чудно, и на сонот снежеше, благ, парталав снег. На-
род, народ, пискаат и коли, несреќа, пожар, болнички ко-
ли, сето раководство, народ, познати и непознати, игла да
фрлиш нема каде да падне. Од каде до мене се најде
возачот, сврзан човек. Е ре, ми велит, како ти се пулит
нишанов, Што се случи, Како што се случи, му велат, му
судат на Борис Саботнаја, ова му е не знам којпат како
задоцнува на работа, срцето, ебига, срцето, вели, аку му е
од срцето нека се оперира, сега оперираат. Па тоа ме
погоди, се истуркувам, со лакти, одам напред, а таму на
чисто, маса и биро и се како што треба, преседател на
дисциплинската Барбутов, а кој друг, нели, и Борис, го-
логлав, поправо капата ја држеше в раце и ја стиска. Пак ли
срцето. А не, рече, срцето ми оздраве, сполај богу! А што,
Часовникот ми се расипа, имам доказ!
- Ѕвонењето му се расипа, а еве како си е токму
нагодено на времето, ѕвонењето му се расипа Го вади од
пазува и му го подава на Барбутов! Ѕвонењето, вели, му се
расипа, па да провериме, Јотове, му вели, ја подајте ми го
чеканчето, молам! Јотов, се разбира, му го подава
чеканчето, а Барбутов со онаа негова силна, работничка
рака тап, тап по будилникот од Борис Саботнаја, тап, тап,
со чеканчето, а тоа некако како живо отскокна од масата,
се растркала, долу низ нозете, кога стана еден лом, една
тревога, да пискоти, да завива како сирена, а гологлавиот
Борис до него се вдаде, исфрли капа Другари, вика, газат
луѓето, газат, газат. Другари, тоа е моето срце, другари!
Моето срце, луѓе, а луѓето газат, газат и...сирена, тревога,
народ надојде, а тоа на снежето престанало да ѕвони...
Борис Саботнаја, ни мртов ни жив, го врти лицето, едниот
образ варосан и окото олкаво, отфрлено, бело...како белиот
снег на дрвјата...
Замолче, позеде душа.
- А тогаш умре?
- Не, - рече, - ова беше тоа соне, во онаа сабота кога ќе
одевме на риби, велат, не се исполнале, по вода оделе
саботните сониња. Ви реков, јас во поранкото, тогаш така
сум мислел, а времето си било таман... А темница, про-
зорчето не ми свети, почекав прилично долго сум го че-
кал, го чекав, нејсе, реков, тој ден сам отидов на реката оти
почна многу да ми бучи во ушиве, во душава, во прстиве,
во сѐ ... Тоа беше во понеделникот, да во понеделникот
Саботнаја не дојде на работа, а никој не знаеше зошто.
- Не, се знае, се знае, - вели Јотов, - како не се знае!
- Критикувај го, онади го Саботнаја, кур му пуца, тој
своето, обрачи ќе направи!
После разбравме за болеста и јас, истиот ден, по работа
свратив кај него во болницата. Е што е работата, не знам,
вели, болчиња, црно болче по сето лице, по сета снага, по
вратов, очите затнати. Од што вака Никој не знае, велат,
можеби нешто отровно сум каснал, сега крвта ми ја
испитуваат... Здравје, ќе биде, ќе помине... А не помина,
може ли така, може ли, ти велам, жив човек ставивме в
земја, жив! Со непреспана вода треба секој ден да му се
перит гропчето, боговетно чисто да му бидит душата,
чиста, чисто душа...
Талаша не го сети кога престана да зборува, во мо-
ментот му летна некаде умот, почнаа гласој, гласој. Што
сте се заковале на место, редот го кварите. Редот, редот,
редот, а да се мрдне од местово, нешто како да имаше
заковано за земјата, заврзано, осети на левото раме голе-
ма, голема тежина.
- Абре овој умрел, умрел!
- Кој умрел, - рече Талаша.
Како бајче, така на Талаша на раме му заспа Тодорче
Меткин, бог да го прости. Редот го зафати длабока, тажна
тишина, како во некое непознато време да живеевме, се
јавија сите реки, сите извори му забучија.. Беше несвесен
оти стоеше во редот и дека е дојден редот да се најде пред
германскиот доктор за преглед, сори.
ПРЕГЛЕДОТ МНОГУ НЕ БОЛЕШЕ, БЛАГА РАБОТА.
АМАНЕТ МРАВКИТЕ

- Орајт, - рече Мистер Бил - добро, се разбравме,


политики, ова, она, не ви требаат, ни овде ни по патов, ни
таму, орајт, Мистери! - Братучедот Бил со новата капа од
кога ја стави на глава многу, многу се изуми, на арно се
измена, почна да зборува инглиш и секој збор токму на
место, а почна да нѐ подучува уште од дома по некоја
дума инглиш и за некои друзи важни работи раскажа. -
Орајт, Мистер Чесно го праша како највозрасен, како
тетин.
- Што Мистер, му вели Чесното, тетинчето, ајрлија
Мистер!
- Во првото сум сигурен, Мистер Чесно, а за името ќе
видиме на лице место. Чесно, но, но тешко се спелува,
Чесно, мојт да бидит Мистер Чен или Мистер Чан!
- Од кај знаеш за сиве овие работи, Биле, праша
Бибиле, праша Чесното.
- Мистер Бил, тетинче, навикнете за добро ваше, оти
без мистер немат живот, слушајте што ви вели овој
будалава Мистер Бил!
- Од кај изучи олку, де!
- Ми писа Мистер Ро, рече Мистер Бил, Мистер Ро,
најсреќлија!
- Кој беше тој, прашуваат луѓето.
- Мистер Ро, - се зачудува брачедот, - Не го знаете
Мистер Ро, јес, о кеј, Сега е така прекрстен, Мистер Ро,
баџанакот Роме Лескоски, бре! Ихи, Роме од тетка Ефти-
мија Лескоска, бацанакот мој, значи, жената негова и же-
ната моја, две сестри, хи! Сите Мистер Ро сега се кажуват,
сите се прекрстени. Крстан Илкоски, Мистер Крис,
презиме не постои во австралиските рабоќе луѓе, тоа да си
го знаете, нешто после немој да ве чуди, за Крстана
рековме, Мистер Крис, Димче од тетка Благуна сега се
прекрсти во Мистер Цим, ти братучед, му вели на Дим-
чета Арбулеску, исто така ќе бидеш Мистер Џим, сите ќе
бидете некако, со нови имиња.
- А јас какво име ќе имам, му вели Нелко Трпески,
ајде погоди!
- Мистер Нел, - како од без мислење погоди Мистер
Бил, а мојт Мистер Нелсон, мојт и така, како ќе ти го
запаметат луѓето, така ќе се викаш.
- Друго што ти пиша Роме, што кажвит за патот,
живеачката, за работата, за парата, прашуваат братучеди-
ве.
- Но велит Бил, Мистер Бил, сето тоа многу зборој, тоа
мојт во мачедонскиот, таму се ти е собрано во едно зборче:
и живот, и работа, и пара се кажува вака: б и з н и с! Ова
зборче многу да го запаметите, речете по мене, Бизнис,
Мистер!
- Бизнис, Мистер!
- Бизнис!
- Но, бизнис!
- Бизнис!
- Јес, бизнис!
Си врне снежето како видовме, од вечерта преблаже
времето, едно дветри педи снег, полека си клинкаме како
ајванчиња со тежок товар, а одавде-оданде туку ќе ни се
јават луѓе, познати, непознати од ова место, од она место,
каде што поминувавме и туку слушаш гласој:
- Ееј, со здравје!
- И с т о!
- Ееј, со Господ напред!
- Бееј, исто!
Бегајте, по патиштава не се одит мирно, велит умниот
Братучед Бил, туку дајте ние кестерме да ватиме, удулу,
удулу низ долон, право на раскрсницата ќе излезиме, а
таму треба да се сретнеме и со еден мој пријател побратим,
со Џан од Долна Баска! Бееј, најумно му рече братучедот
Бил, низ долот удолу, се спасивме од луѓиштата, од тие
гласишта, сега на мирно, на раат си продолживме со
муабетот, и сите го слушавме како првиот урок што сме го
слушале од учителот Љупчета Јандрикоски, бог да го
прости!
- После, братучед, го прашаат брачедиве.
- После, б р а т у ч е д и , да имам некое зрно пченка и
на коленици да ве ставам во ќошето цел ден, да имам една
прачка дренова да земам и по тие рачињата да ви фркнам
по дваесет и пет, после да ви ги земам тие ушињата да ви
ги вртам, да ви ги вртам, вртешка да ви станит умот,
слушате што зборувам или не, ја понаместете си ги капите,
отворете уши! Братучед, немат братучед, сори, разберете,
немат ни тетинче, сори, финиш тетинче, имат тоа што
имат, Мистер и до кој збор запревме, Бизнис, му текна,
теквало негово, сите нѐ зачуди, сите нѐ расположи, не ни
се виде оти до појас сме газеле во снегој низ долот.
- Арно, му велат, де, одма влегвело в глава, на кој
години сме, кој ум, учи-учи тиква бучи! Орајт!
- Е, така, орајт, - тогаш ѝ влезе ѓаволот и на
Братучедата Арбулка, пак таа праша како таа ќе се вика, не
сака да се прекрстува, колија-бесија таа мајчино и татково
име не си менува, тоа му го пишала и на момчето.
- Сакала, не сакала, Мисис, ќе бидеш Гелс, Мисис
Гелс!
- Мисис Гелс!
- Јес, Мисис Гелс! И повеќе муабети да не прајме, оти
да видиме што стана со Мистер Ро!
- Тоа, рековме, Тоа со Мистер Ро!
- Абре да му ебиш мајката, велит Мистер Бил, точно
било она што го рекол народот, роди ме со среќа, фрлиме
на буниште! Роме Лескоски, демек, баџанакот мој, демек,
човече за мерак. Кога чувме оти се спремат за пат, сите
блиски, далечни на крст се ставивме, свеста ни се зеде.
Аман, каде бре, кој Роме, немојте луѓе, аман те, двапати не
е излезен од местово, патар си беше кутриот, со торбулето
и лопатата по цел ден. Останат занаетов аманет од дедо-
прадедо, сите Лескоски луѓе патари, сите дрвја, јасики,
сите тие со своја рака ги имаат садено, патарска работа.
Последен патар што беше - тој сиромавиот беше. Аманте
бре, скокнете, вразумете го, оти сите му ја знаеја маката,
првпат кога излезе за војска, веќе до возот со автобусот го
однесе братучедот Филип, казна плати, се стори додека не
го намести во возот, додека не тргна од местото, дури кога
го виде седнат, со куферот на коленици, малку од малку
камен му падна од душата За кралева гарда што велат
беше, за Белград, па со здравје да си служит. Ваму, таму,
господ еден ќе знае како станало, што станало, било
квечерина, братучедот Филип оди во Битола со автобусот,
од каде што ќе земал патници, Господ го научил... порано
втасал колку за еден саат од возов, конкуренција силна, тој
попрв, ќе втаса, летат брачедот Филип... Е, нешто, Орајт,
му зажеднала душата, едно пиво во крчмата, си го пиет
пивото и многу арно му дошло кај од пивото, кај од
пријатното ветерче што дувкало од Пелистер, еден убав
есенски ден, септември, чудесија една. Едно време бап на
масата едно мажиште, едно јагне, Друже јел могу на ваша
маса да попием едно пиво и - куферот на коленици.
Мајката, си рекол брачедот Филип, умот му се свртел,
мајката, или сум болен или ќе се разболам, војничево како
познато ми идет, пак не избрзал, шофер, имал работа со
секакви луѓе, орајт. Го пијат пивото и така се гледаат,
мајката, тој е или не е тој. Кој си, бре, синко, маж, му
велит. Овој одма мирно, остави пиво, а куферот в рака, Јас
сам редов Роме Ромевиќ Лескоски, тоа од дедо му му
имаше останато, учено. Ја мајката, редов Ромевиќ, со
опроштение не издржа, да ти го серам дедото, рече, кај ти е
капата бре пезевенк, кај си тргнал гологлав по патиштава,
по фронтиштава! Капата, мака, а капата в рака цело време
да му бидит, а да се чудит кај му е, што му е. Абре кај си?
У Београду, кралева гарда Сори, каков Београд, каква
гарда, ова ти е Б и т о љ, братучед! Битољ, Битољ, што
правиме, јас жив дома не одам, што е ова срам, што е ова
грев, иемаше каде братумедот Филип, конкуренција не-
конкуренција, го сврте автобусот назад, правац Београд,
цела ноќ да возит никаде да не застане, токму на време
утрото да го предаде. Шуќур и војничката капа му се по-
годила, некоја таква аманетлиска, пак да видиш среќа, на
секои тричетиримесеци наградно си иде Мистер Ро, нај-
бољи стрелац, вамте тамте, за две години војска, кај ре-
довното, кај наградното, си ги сврши сите работи, дец-
сорај. Ем војник, ем се жена, ем додека слугаше му се
родија две дечиња, и третото веќе му беше на пат, така,
два-три месеци по војската му се роди и т о а, кутро, жен-
скурија, бет гут лак. Уште тогаш нешто му се скрши во
душата, не го имаше тој ќејф, дотогаш човек по патот да не
застане со Роме, шоферите сите исто така ќе застанат за
среќен да му е патот, имаше човечко создравје, добре-
дојде, дури и милиционерските коли застануваа, ќе се
поздрават, после ќе продолжат со потерата, за секого ајр-
лија му беше зборот, бет лак. Пак горе-долу се држеше,
правеше гајрет, Море ќе истерам еден син, баџо, ми ве-
лит, пак кај не било! Е, шестото кога му го даде господ
веќе бацанаков сосема изгуби надеж, бити, не е веќе тој
Роме. Аман, велит стрина, мајка му, Ти и господ Биле, тебе
не како баџанак туку како брат те имат, веќе од збор не те
остават, се во уста, во мисла му си, Како баџоно мој немат
човек на светов, не го давам за ништо, бјутифол човек,
демек, се поштуваме, вистина се сакавме, што ќе делиме
тоа што беше за делење го делил господ, што трици ќе
јадиш, ќе си го сакаш, ќе си го поштуваш баџанакот,
сестри се, маки. Изгорев и за шурнајка ми, како ти е алот,
мори, шурнајке, а прашај ја - грне солзи, дождој матни
течат, Не прашај зете аман жити најмилото! Леле, реков
ојде шурнава, ојде баџанаков, ојдоа децата, мајка му кутра
се поништија Ромевци, такви луѓе, такви гревој Бет лак,
бет лак!
- Еееј, со здравје!
- Еееј, блееј!
- Исто!
- Со господ напред!
- Бре, кај нѐ најдоа и во долов, - велит Мистер Бил,
гледај, како врани, гаврани, туку онадат низ местава, како
пијани кокошки, кај одат пак оние стари луѓе, жени, деца,
од кај да се свртиш туку како јата чавки ќе ти полетаат
страчки, ќе ти сторат абер, ќе заштракаат, Еееј, со здравје!
- Ај што е господ, - велит луѓето, ај убав ни беше.
После што стана со Мистер Ро?
Мистер Ро еден ден го најдов на џадето, бајаги така
патот ме донесол, ама нарочно поминав. Ајрлија баџаначе,
му велам, искрпи патот, можеби не ме чу, главата в земја и
со лопатката си фрлат песоче, камчиња, после со едно
дрвено тупале, сам си ги правеше тие работи, аманети,
удират, си удират на едно место, една дупка затинат, друга
отворат.
- Што правиш, што работиш бре, баџо, - ојдов веќе до
него, вака, грев ми падна многу.
- Што правам, гробот си го копам, велит.
- Аман, бре!
- Тоа што чу, што ти реков, што чу! За мене немало
бел ден, црно ми било пишано!
- Аман бре, што црно, златна жена, најубај дечиња,
работичкава најарна, што е толку црново!
- Бати, велит, најарното, какво арно во куќа секој што
мојт да ти ја отворит портата, да ти ја пцует куќата,
темница ми стана веков, ми идат видвиделија да фатам, очи
да не г л е д а е т!
- Аман!
Тој сиромав имал голема мака, седнавме под сливчено од
кумана Љуба, она најубаво сливче, цутено, тоа беше
времето, едно седнување од кај се најдоја толку врапчиња
на сливчето, на црешните, на јаболкниците, абре како од
цела Баска да сетија оти седнавме тука малку да си го
завршиме муабетот, многу му тежеше, не можев да го
оставам така, лак, но, но, сори, кога поннаа тие врапчиња,
кукајчиња, црв, црв, црв, увото, мозокот да ти го рушат,
црв, црв!
- Ги слушаш, баџо, рече. Ги виде, ги слушаш!
Сори, што да му одговорам, и самиот на крст се ставив,
занемев. Гледам повеќе врапчиња на бандерите на
винџалите, на жиците отколку цутој, црнила од тие пилиња
кукајчиња и само црв, црв.
- Ова е, рече, катаден, катаноќ, свршено, ќе се згре
шам во умов, до тој степен сум дојден!
Бет лак, ја фрли лопатата, под мушамата матилиште
мушамено патарско, што ќе видам, пушка, аман бре,
пушката ја грабна, бам, бум, имав научено за ова нешто,
ама не верував, муабети, си думав, оти знаев што човек,
што душа е, пиле не заколуваше, а со пушка шетал и
убивал врапчиња, најголем врапчар станал. Господе, гос-
поде, колку е човеков силен и слаб, бам, пушката, летаат
жици, винџали, пердуј, цутој, се згрешија и луѓе и небо, и
патишта, и с е ш т о. Австралија стана веков, сѐ наопаку,
тоа го терало! Но, немаше друго чаре, ни психолозите ни
никој не му ја откри болеста. Немат чаре, многу ме заболе
тоа што го видов, ќе одиме во Битола, во Десово, кај
десоецот.
- Отидовте, прашаа брачедите.
- Гут лак, велит Мистер Бил, од местото, само абер
сторив дома и не чекав ни една секунда, ме слушаше за се
кутриот! Народ, бизнис, бизнис, ама кога ќе имаш среќа,
рековме, преку толку народ, луѓе, толку гревој, кој за очи,
кој за уши, кој фатени во нозете, кој вџашени, стра-
шилиште, р а ј а, болен народ како во ратно време. А
Десоецот, видовит човек, ние последни на опашката, не нѐ
виде, не нѐ знаеше. Еј, велит на луѓето, истргајте се,
сторете му пат на последниот, на оној желниот, тој ми е
најболниот, најнесреќниот, најгревота, најчесниот, нему
направете му пат, тој прв кај мене да дојди. Кој, кој,
прашуваат луѓето, нас не гледаат, нормални луѓе, ни рака,
ни нога, ни око, ни уво, Кој, се чудат, толку болен,
несреќен, назад веќе немат кој друг, Тој со баџанакот што
дојде патарот од Баска!
- Знаеше и оти сте баџанаци и патар!
- Јес, погоди!
- После, Мистер Бил?
- После Мистери, лекот е петпари ама кога ќе се
погоди, три збора рече и сите пилиња од умот се изгу-
бија, опа, светна ликата, повторно дојде на себе. Ти имат
спас, му велит, пат ти кажват пилињата, голем пат, мор-
ски! м о р с к и! Тргај во часов, спаси глава!
- Еееј, со здравје!
- Бееј, Бееј, бре!
- Со господ напред!
- Исто!
Тие луѓе, тие гласој како од земјата да никнеа, што се
велит, наврнати, побелени од снегот, ни лице, ни очи му
гледаш, само тие гласој. А снегот, еден снег, една убавина,
Бате, уште ми се в очи оние трнчиња, покриени, диви
трендафили како да процутеле, пак оние со црвени
плодчиња, шишарки, трненки, п о б л а г о нешто не ми
остана од таа блажина во душава, аку уста собираат, аку се
киселки, паленки, бет лак, најслатко, најслатко нешто, а
сега кога ќе ми падне на ум за тие трнчињата полудувам,
никако не можам да си објаснам како тие толку ми
останале и зошто во умов и душава, и снегот благ, ептем
разблаже времето, велит Чесното, снегот благ како шеќер,
еф, толку да имат едно грутче и сева жештина, врелина ќе
ми излезит од рацеве, нозеве, од забиве, од косава, сѐ ми
жежи.
После, Мистер Бил, после што стана со Мистер Ро?
- Писано, Мистери, - велит Мистер Бил, - писаното и
во Австралија и преку Австралија, во мајчина ти, што
велат сори, ќе те најде, чкртнато. Како денеска, ние ќе го
испраќаме баџанаков, елбете, прв човек што ни појде од
местово, ќе одиме на испраќање, како за војник, како за
војна да го испраќаме. Со леб, со што дал господ, страшна
работа, Дојде времево ќе оди, се чу, се разбра Бацанакот си
се поврати, до последниот ден, до вечерта работеше на
џадето. Камјони се наредија, луѓе, шофери, полиција, се
штрајкуват, свршено... Леб се месит, со солзи лебот се
меси, секое јадење, солено, палено, со човечки солзи
зготвено, куќава мала, премала да ги соберат луѓето.
Куќата, само неговата, од ослободувањето наваму си
остана таква каква што беше, немачкана, со гол плитар и
однадвор и однатре, Нејсе, за таков човек, местото ќе ги
собери сите луѓе, се шират темеливе, се зголемува куќава
Дојдоа шофери, патници, пазарџии, турско, ѓупско,
арнаутско, патарски луѓе, народ, народ, свадба, митинг,
претседател ќе го правиме Ромета Лескоски, бет лак. Не
знам колку дена народов го испраќаше Мистер Ро, а
утрото, рано, тој ден кога заминуваше, како што е адетот
на пат да не тргне гладен, да не го разбие пилето, по еден
залак се стави софра, што дал господ, по еден залак за
добар пат, за добри абери. Кому се отворала уста да јади,
вели Бил, туку колку за адетот, за зборот, за лак, зедовме
по парче леб. И сега, велит Бил, таа слика ми е пред очи,
само што зедовме леб по масата, од лебот, од софрата, од
ѕидојте, од секаде туку почнаа да излегуваат мравчиња,
мрави, мрави, едни како во полето во житно време, ајде
црни сиџими мрави, отаде, отаде, мрави, мрави, а мајданот
на мравите како да беше куќава на баџанаков. Црнила
лебов, мрави, рацеве, мрави, мрави...
- Ах, црнила, - рече некој, што кажуват мравите?
- Црнила, што кажуваат, гајлиња!
- Не, рече еден стар шофер, Беќар шоферот, мравите
се ксмет, бериќет, пара, богатство! Жими Алах!
- Почул те господ, Беќире!
- Ич да не берите гајле, мравите се голема среќа во
куќава! Да видиш змија не чинит, змијата е големо гајле,
шарена ќе ти излезе работата, никако!
- Војна кажуваат змиите!
- Скакулците и жабите прво излегуваат, велит Беќир,
гладијата, немаштијата, црно време тие кажуваат.
- А жабите?
- И жабите гајле носат, зелено, јад нешто, ама не толку
колку змијата! Змијата е најстрашна, војна, зло меѓу
луѓето, до војна може, омраза, до војна, до покол, ом-
јазнина, до чуда може да дојде!
- А мравите, мравите се касмет! Голем касмет те чекат
Роме, жими Алах, ич без мерак да си одиш и се најубаво ќе
ти бидит!
- Е, господе златен, - се крстит, каков касмет, ја вадит
капата а кутра стрина, - Аман капата, се прекрсти, брзо
врати си ја на глава!
- Не плаши се, мори мајко, еднаш ја заборавив, уште
еднаш тоа не ќе ми се случит, ич, биди си без гајле!
- Како без гајле, бре, луѓе, тие пусти деца и шурнајка
ми кога ги видоа мравите се испотресоа, црни, мали,
вражиња, пак чудни мравки со оцканѕај роџиња, како од
некаде дојдени, како од ветерот донесени, солзи, липаат,
душа не остана во нив, тие липаат, солзичките им се ронат
по лицето, а мравчињата како булучиња овчиња, такви
мали булучиња се множат, се полнит куќата, не можеш да
згазиш, да станеш од местото.
- Аманте, да не ми ги згазите, да не ми ги убиете! О
кутрите, о душички, пак во едно кутивче колку на едно
касајче ги имаше, му ги дава на одењето, а м а н е т, му
вели, чувај ги, стави си ги в пазува, на сигурно, аманет од
мајка, аманет мравиве. Го испративме како тој со че-
тириесет зрна просо и четириесет бродови, гут лак.
- Е, како му испадна, што кажаа мравиве, како по-
мина по патот?
- Гут лак, ич не видел море, не сторил дикат, со
мравчињата ич никаква мака не видел, не мислел, умот се
во мравчињата, во аманетот, ама, за правината и многу сега
гледал на капата, Е, сори, ќе заборавев, тоа за патот е
вистина, не видел, ич не сетил ни море, ни вода, ни риби,
натинг, ама на крајот, ете, му се подзгреши работата Кога
втасаа, на пристаништево, слушат бучотии, тој си бил уште
во кабината, со мравите, баш време доручек беше, лепче
им дробеше, наместо вода од радост една солзичка ќе им
пушти витаминска, бучотии, сирени, што е работава. Сиве
излезени горе, голем народ, Бродов втаса, е што радост е тоа
ќе видите, е што веселби, со музики, како генерал те чекает,
одваму народ, оттаму народ, башибузук работа, е, едно време
се чудит што се овие викотници, пискотници, бет лак, си го
зел кутивчето со мравчињата в пазува и излегува - кога ќе
види што ќе види, слегуваат луѓето. Другариве кај се? Е,
Роме, Роме, викает оттаму, а тој низ народот, а да ги втаса,
а да ги втаса и ќе ги втасаше, ама во туркањето некако
некој му ја запна пустата капа, му падна, да се понаведи за
да ја земи не може, ќе го изгазат волој, како во трло волој,
и ела наведи се, ама уште при арна свет се досети - тап
ногата и ја цапна ногата капата, ја држит под нога и на
местото се фати за едно железо и ни лево ни десно, туку,
додека истече сето народиште. Ама толку што народ
помина го изгази, го искрши, и од водата сега одблиску
што ја виде, не го фати морската ама му се посврте умот,
стои и со двете раце се држит и со ногата стегат. Во бродот
останаа само тие што треба да го чистат, да го спастираат,
го гледаат човеков, сонцето, водата, Лак, еден наш тука
што метел, отпадоците, чудата што ги собирал гледат
човек, ни мрдат ни претат, тој кутриот уште мислит луѓево
врват и ја стискат капата, ја чуват.
- Френч, му рекол, гуд бај! Френч!
- Што му рече, Мистер Бил?
- Ова му рече, ќе ви протолмачам зборче по зборче,
Френч, пријателче, на нашински, Френч, значи прија-
телче, му рече, гут бај, со здравје да си одиш, добродојде,
со здравје да си одиш!
- А овој сирот што му рече, Мистер Бил?
- Капата, пријателе, аман не чепкај ми ја капата, остај
ми ја капата!
Човеков, море добро што не бил поган човек, се
насмеал, се досетил, к а п а т а, ја гледат, што капа, ле-
пешка, смола, од дедо прадедо ромеска капа во илјади ќе
познаеш, само во корилот да ја видиш, еден прст црна
генералска врвца околунаоколу колку што му е главата,
толкава црна капеуанска жолта врвца. Му ја даде и му го
покажа патот, гут лак. По скалите за качвење не се уплаши
толку, ама за слегувањево многу страв јаде, мислеше сѐ во
водата удолу го носат, да не го задржеше некој од тие,
удулу, удулу во водата, ќе го јадеа рибите, гут лак. Виде
човеков колку е работата, го слезе како дете, го зеде за
рака, ај покроце покроце, ај го слезе, го остават.
- Седни на она железното столче и не мрдај се оттука,
му рече човекот, јас да ја свршам работата после ќе се
видиме, ќе правиме некое чаре.
Седна на тоа железното столче и уште еднаш само
погледа во водата и уплав го фати, целиот пат ни страв ни
ништо, а сега го фати уплавот, си се сврти погазечки, со
поместување, со дикат, некој да не го види, мислеше оти
сите тука во него гледаат, леле, леле, така со дикат се сврти
да не гледа ни брод, ни вода. Веднаш да му текнеше на
мравчињата, ама како ќе му текне од напарата што му се
случи на бродот, капата в рака ја стегнал и не му текиња да
си ја стави на главата, бет лак. Што правам, мајката, си
рече, луѓето ги изгубив, капата одвај ја спасив, ама луѓето
ги изгубив, човекот ми рече ќе дојде, ама еве ноќ фаќа, не
се дени, ноќ се стемнува, а јас овдека вака како будала си
седам на железново столе, народов да си гледат сеир и
потсмев да им бидам на луѓето. Бет лак, а една дума не
знаеше, ни Мистер, ни сори, ни плис, демек, извини,
натинг, ништо! Три думи да знаеш да врзиш, толку ти
треба цела Австралија да ја поминиш и од главата влакно
да не ти фали, накриви си ја капата, гут лак! Мака, што не
ги знаеше тие три думи, а ноќта веќе наголемо фати! Бити,
рече, ме заборај човекот, ме подлага, скот. Арно тогаш се
сети за мравчињата, си ги истај мравчињата, кога ги виде
му светна лицето, сами пусти солзи му дојдоа, си плачит и
си прајт најсладок муабет со мравчињата.
- Втасавме, сестрички мили, ама кај втасавме да ми
кажете, кај сме, што сме, али ќе имат спасувачка или овде
на железново столче ќе останеме до века! Да имат некој од
мајка роден, да ми тргнит една клоца в газ, белким ќе ми
дојде теквалото.
Со муабетот малку му е пораат душата, а и некои луѓе
што шетаат кога видоа со мравите да си муабетит, се
присобраа, од збор на збор, се најдоа, а во тоа време дојде
и човекот од Бродот. И тој го гледат со мравчињата, се
смее, ама кисело, му велит:
- Од кај си бре, брат?
- Од Баска, да ти кажам право!
- Од најубаво место си бил, бравос!
- А, остај лебати, не отворај ми ги раните на душава!
- Орајт, му велит, туку скри ги мравите, жити бо-
городица
- Аманет ми се од мајка, да ти кажам вистината!
- Но, му велит, овде го немат тој обичај, мајка, татко,
ќе те видит некој шпиун, ќе повикат полис, ќе те направат
нетокму, сори и после мајкиното млеко, ќе те носат кај
грешните. Тие работи прави си ги со дикат, насамо! Орајт!
- Орајт, беше првиот збор што го рече Мистер Ро, тука
човекот го прекрсти. Така требит, го праша Роме, Така,
Мистер, Добро Мистер, Орајт.
- Чаре, потоа умно го праша Мистер Ро Мистерот од
бродот.
- Чаре, - рече, - гледај ваму, овде е Австралија, чарето
е едно, веднаш да почниш со бизнис, не се разбраа му
кажа: бизнис, работа
- Орајт, рече Мистер Ро, затоа сме дојдени, - таа мака
нѐ натерала, не му ја кажува човечката, другата мака, о в
а! Прај како ќе правиш, спаси ме!
- Си имал касмет, рече, пак си имал касмет. Одов-
дека вечерва на полноќ токму треба да тргнеме на една
работа малку подалеку одовдека, вака, е, кога ќе ти речат
малку подалеку, знај си три дена и три ноќи пат, врзете го
ова в крпче, ами ти знаеш овци да чуваш, да потстри-
жуваш, го праша.
- Патар сум, да ти ја кажам правината, му рече, од
дедо прадедо, не сме биле некој имотни луѓе овци да
имаме, на државата сме ѝ слугувале, така поарно слуга на
државата одошто на овчарите, велеше дедо, бог да го
прости.
- Остај ја таа работа, овде не се одбират, заборај го тоа,
овде сѐ мора да научиш, секаква работа, немат одбирање.
Орајт. Најарно вечерва да одиш со луѓето, кај овците, ќе
научиш, велит, дури да го понаучиш јазикот таму, оти без
ниедна дума овдека вака немат никаде да те примат лесно
на работа, освен во стилворкот, кај опонерите, Ќе изгориш
и ништо не ќе сториш, туку ти оди си со овците, слушај ми
го зборов.
- Мојт тоа да ми е касметот, овцата домашно жи-
вотно, најмирно, најумно, најмило, бајчиња ќе си паси, а
тој си мислеше оти ќе си паси како кај нас со крлук, со гуна
и со кавал и кај јаворине, кај изворине после ќе меризват.
Е, Мистери.
- А како се пасат, како се чуваат?
- Како се пасат, Мистери, сега ќе ви кажам. Едно трло
во Австралија е колку целава Мачедонија и поголемо, ајде
сега со нозе доварди ги толку овци. Со количиња, со
лимузинчиња, со ципчиња, со радио, со телефони, со
телевизори, на кадро, овциве ги гледаш, така во Авс-
тралија овците се чуваат и пасат.
- А за молзење? - го праша тетинчето.
- Не ги молзат, и месото не му го јадат, Мистери!
- Ајде, бре! Ами за што ги држат толку овци?
- За волната, волната им е како кадифе, австралиската
волна, најдобра, фери гут волна! А се стрижи со
електрични машини, како на бербер, токму берберска
работа.
Се прекрстивме, на снегот згора, господе златен, што
земја ќе биде, што чуда, што планини, со лимузини овци да
се чуваат, овчари бербери, гут лак.
- Но, рече, како тепсија е рамна целата Австралија,
затоа е малку потопло, ги немат овие наши долчиња
златни, долчиња и вршиња, тумбиња, сѐ е таму рамно,
бело, очи да ти побелат, Мистери!
- Еааај, со здравје!
- Исто!
- Господ здравје!
- Беееј, Бееј!
- Токму тоа баш ни беше муабетот, бееј!
- Ојде, - прашаа братучедите, уште така се викавме,
грешававме, кога Мистери, кога брачеди, а најнезгодно ни
беше со тетинчето и со Мисис Арбулка, од братучеда
наеднаш некако туѓа, мисис, сори, да не се изразуваме.
- Значи, се реши, појде!
- Со господ напред, рече, што е пишано, тој не ми-
слеше интимно веќе да се врати, што да се враќам, рече,
што гревој да гледам, со лопата не се мират шест свадби,
да се продадам не ќе можам сите да ги намирам, да ги
мажам, очи да не видат, таму, кај овците!
Што е Господ никој не е, голема работа, си мислеа,
овци да се чуваат, четириесет овчарчиња беа, сите млади -
зелени, така тие си мислеа како кај нас ќе чуваат овци, со
гуња, со крљукот од дедо, со тагарчичето, со кучето и со
шареното кавалче, гут лак. Кога втасаа на местово че-
тириесетте овчари и заедно со нив бацанакот Мистер Ро,
после три дена пат, што ќе видат, дали се тоа трла или
војнички логори, немат овци, немат ѕвонци, само авјони,
хеликоптери, камјони, лимузини, голема војничка спрема,
пушки, радио, телевизија, чуда. Кај се овциве! Ќе видите,
тука се овците, му рече босот, Мистер Томас, еден Шкот,
стар фармер. Прво вие да се научите да возите авјониве,
камјониве, да се разбирате на радио да зборувате, после
овците сами ќе ви се кажат, а аку сте толку мераклии
веднаш да ги видите овците, плис, им вели и ги однесе во
една голема просторија, трпезарија што им беше за
овчарите и им стегна на копчето на телевизорчињата и
тука се појавија овците, си пасат, која си пасит, која си
лежит замислена како овца и си идит филмчево, а овците
се чакарат, со олкавај очи и една кадрава волна, како
Марика Ботеска, кадрава и бела во главата, баџо, така ми
пишува Мистер Ро. Овци видовме тука колку и полиња,
колку сето место од Балканските државички, гут лак.
Нејсе, патарското многу му помогна, научен од дете на
сонце и врело, на коли и ајвани и луѓе, на коли и авто-
мобили, баџанакот бргу го научи овчарскиот занает. Стана
пилот овчар, а во стрижењето подобар од секој бербер на
веков, оти што е берберот кај нас половина доктор, тоа
овчарот е цел бербер во Австралија, се со машини, со
електрика ги стрижеа. Бјутифол работа, а јадење, спиење,
живот, се фри, чиста пара, али само можеш да есапиш, ем
се возиш со што душа ти сака, ем радио слушаш - во ушите
ти е, да не се мачиш, ем пари печалиш, здравје поарна
работа. Мравите навистина му беа касмет, еве мравите што
кажале, баџо, ми пишува, кој да мисли уште каков касмет
ме чека, оти тоа не било, туку после било со мравите што
ќе биде. Многу му се замили работава, а и босот Мистер
Томас многу го засака баџанакот, и, како добар гут
работник, чесен, и како човек што му беше оставил се во
раката божја. Се запознаа поарно по еден случај, летаа
заедно и авјонот нешто им се расипа, мораа да слетаат
далеку од базата. Слетаа на едно место така плодородно, во
една тревичка зелена, подалеку едно рекиче, рајско
местово, уморни после седнаа, првпат вака близу, Босов
извади дринг, пие и псуе, оти и радиото тешко се
разбираше, а баџото на нозете тука најде, му излегоа, доста
мрави. О, златните, о милите, го гледат босов, ги извади и
своите, се запознаа, лебот што го имаше касај не касна,
сиот леб им го даде на мравките и полна душата од тоа
како мравчињата креваат од трошките, а на босот да му се
радуваат срце и душа. Беше среќен како да си ги видел
дечињата, оти сега многу го печеше тоа што постапи така
со децата и жената, единствена скриена болка и мака со
тежина што ја чувствуваше на душата, дури неосетно му се
одрони и солза
- Што е, Мистер Ро, - го праша Босот, Мистер То-
мас.
- Што е, Мистер Томас, - му одговори баџото, - по-
добро да не ви кажувам.
- Кажи де, - рече, - ти си гут човек!
- Не ќе ми верувате, - рече, - своина ми се мравите,
вака, и вака, и вака, а м а н е т од мајка, и зеде, имаа доста
време, од конца до монца му раскажа за се и му го подаде
кутивчево со нашите мравки, такви мравки чудотворни
Мистер Томас немаше видено, австралискиве беа
малку поголемки, море коџамити поголеми, ама мравки. Ја
одврзаа душата, му раскажа за сѐ , а солзава ми е, рече,
поради децата, вака и вака и вака, голем грев си имам на
душава
- Ти си гут човек, Мистер Ро, - пак ќе му рече.
- Но, му велит, Мистер Ро, јас ти сум никаков човек за
срамота, не смеам да се кажам оти сум човек! Овде
требаше да дојдам да видам колку сум грешен, будала!
И додека го водеа овој неутешен, човечки разговор, од
секаде овчињата, овци како биолици, помаливе со играње
како на кавал се насобраа околу нас на некој митинг,
слушаат што зборуваат босот Томас и Мистер Ро. Го п о з-
н а а пустиве овци што не блееле, кога се разблеаја, Во
живот мене не ми се имат случено ова чудо, Ама баџото
почна и со прсти на празно ама како да има кавалче да им
свири, такви ора, такви чуда, Од кога сум роден, бој олку
не сум се смеел, му вели Мистер Томас, тој кутриот мислел
сув е роден, и тој не знаел оти во него имат толку токму
такво нешто, му се пуштила душата. За ова нешто, рече,
боледувал од сушна болест и сега му помина вчасот, за она
што ме излечи, рече, што сакаш да ти дадам, да те
наградам, Ништо, му велит Мистер Ро, што ќе ме
наградиш, што ќе ме честиш, Мене немат што да ме
наградиш и честиш, јас не ти сторив ништо, не те спасив,
туку овие златни, овие мили, та многу те молам, и ти си гут
човек, Мистер Томас, аку можит да бидеме луѓе,
пријатели, гледам и вам ви е д е л е н а душата, да ме
остајте да ве слушам кога навечер свирите на гајда. Оти
шкотот, кога ќе му дојдеше нешто, ја земаше гајдата и ќе
оди ќе свири, и не сакаше човек крај него, да оди... Тоа, аку
не ви го расипува ќејфот... Орајт, рече Мистер Томас, и од
авјонот ја зеде гајдата, почна да оди и да свири, забораја
едни полиња, едни треви, едни ѕвездени ноќи. Како немало
ѕвезди на австралиското небо, баџанак, какви арни, светли,
убај, големи светли ѕвезди. А и тоа да ви го кажам, не сети
многу мака со времето, од првиот ден ноќта му беше ноќ,
денот ден, патар, испечен човек, и немаше писмо за но-
ќите и ѕвездите да не ми пише, велит, само тие ми се
најголемата утеха, кога ги гледам како ми се смеат како да
сум дома, истото небо, истиве ѕвезди, бет лак. Толку што
се спријателија со Мистер Томас, прв човек рисјанин,
нашинец, за католичкиот божик што покани дома, Мистер
Томас, тоа беше Мистер Ро. После тоа од браќа поблиски
станаа, тој кутар осум, девет ќерки да ти имат, дваесет и
три мачки, дваесет и нешто кучулиња, кога ојдоа домаму
сѐ само мачки, кучиња и женска челад, гут лак. И жената
му беше на породилно, секој момент се чекаше да се
породи. Аку му е син, му рече Шкотот, ќе ми бидеш кум.
Што стана, како стана, веќе баџанакот за таа работа не ми
стори абер, ама и набргу судбината ги раздели, бет лак.
Мистер Бил после го раскажа ова:
Еден ден, Мистер Ро, така, го фатил меракот, а не му
бил редот, го зел количето, со количе од поблиску да видит
дали имаат крај овие полињава, дали може да ги добројат
австралиските овци тргнаа без никому да се јавит. Ми пишит,
по патот толку секаде пријатно и добродушно го пречекувале
овциве, со блеење, со пеење, така што го тргнал радиото од
уши, оти многу му квичело, како прасиња да колеле во цела
Австралија, се заборавил од пред една недела што ги
потсетил Босот, радио од уши да не ваѓаат, да ги слушаат
вестите, оти се очекува големиот, страшниот, морски, некој
таков австралиски ветар, што дувал од океанот, од која страна
немат океан и вода, Баџо. Постојано за тој ветар им
зборуваше босот, немојте ова од ум да сте го извадиле, не
бре, како од ум, најтешко му беше од се во работата тие
радија да се разберат. Ветерот, пак малку му дојде во умот,
будал, баџо, будала или такво било писаното, ветар, голема
работа, што ветар ќе биде тоа, ќе дува, ќе дува и ќе престани,
та е какви ветрој, виулици видел, оти секогаш бил на
отворено, на пат, пак еве, со господ напред, кај втаса, до кај
дојде, ветар, не се исплашил. А тој австралиски ветар кога ќе
фати, Мистери сѐ што е на пат, на отворено, човек, коли,
овци, дури и куќи креват и носит, сори. На баџанакот ич умот
да му даде некој лош нишан, возит и за вистина гледа малку
како се креваат пред колата, зад колата, како риби му пливаат
овчињава, ама си рече, си играат, силни, бесни, немолзени,
јака, хранета стока. Ајде, не оти сети кога го крена од
седиштето, го крена и не сети ништо, заедно со овците во
небото си пливат. Море, сонувам, рече, сигурно сум
задремал на воланов, а да отворит очи, сори, што ќе видит,
по небото високо пливат над него, под него, од едната
страна, од другата страна овчиња и како диви гуски во
зимно време така раскрилени си летаат, си блеат, блеат,
блека небото и тој си летат. Мајката, рече, големиот сон да
не ме фатил, се упулува удулу, ништо не може да види,
летат со голема брзина, шуќур што една мушама
раскрилена го носит како да беше во падобран, меко,
полека паѓаше надолу, како што ветрот попушташе така се
подолу и подолу паѓаа, а овците се му се губеа од пред очи,
тие како бомби падни овде, падни онде под него, и полета
уште колку за полсаат време и даде господ падна долу на
земјата, ама падна малку незгодно, наместо каде што
леташе да падне на раце, струјата него го сврти и падна
токму, со опроштение на газ и на нешто потврдо, малку го
заболе. Мајката, рече, тепсија, пусто место, кај сум, рече,
во вакво пусто, пепел земјата, црвенка, сонцето крв се
наоколу, ами на ова рамно место, кај се погодив на
камчиште, едно камчиште тука и на него да си го скршам
газов. Ама, пак, бргу се поврати, Немој, си рече, не лути му
се на бога, мравите го научија, од вакво паѓање морат човек
или глава или нешто друго да си скрши, пак те љубел
господ, бет гут лак. Седи, гледа, џин- џан, пустина, место
кај што петлите не пеат, среде некоја пустина се нашол, кај
дивуите, кај абориџинелите. Кој пат да го фати, а обиди се
да стане, не може, си мислеше се повредил, и од тоа не му
мрдат златниот, абре, абре, не го пуштат нешто, како да му
го соши нешто, Аманте, бре, сестричке, бре мравчињата,
велеше, Господе, рече, аку не за мене, јас не заслужувам,
знам, ама на мравчињава смилувај им се, и нив ги зедов на
душа, ах мака, ах кај ќе ми оди душава! Оваа молитва за
мравчињава многу му помогна, стана, и гледа во каменот,
гледа и се чуди, не камен, ами една голема мравја грутка,
со исти такви црни, мали мравчиња ама посветли во
очињата, како тогаш родени, цап, цап, како ѓаволчиња му
светат, му намигаат, како солзички да ронат, му се молат,
да не ги остава А, рече, без гајле, аманет сте ми од мајка, ќе
ве земам, ако гинеме заедно ќе гинеме! Ај море, што е
господ, по патов му се јави еден глас, ти си бил најсреќен
човек, најголемото богатство си го стави во торбето, б л е к
опал. Си се мајтапираше со себе, така мислите да ги чува, О,
сега побогат од мене немат, за мравјава грутка, си правит
муабети, лак, што не беше на сон, да беше на сон, бити, ќе
останеше без ум. После го заробија аборицинелите, заробен
шест месеци. Јавија тогаш, п и ш а н о вака и вака, ветрот го
однесе, го голтна ламјата, вие да сте живи, деца, голем
трабул стана, тринаесет овчари дадоа душа и не знам колку
овци, ама на сите државата голема оштета ќе им плати од
по дваесет и пет илјади фунти, и доживотна пензија за
децата и жената. Го добивме куферчето, Кажи тетинче,
човекот кај ми е, што ќе закопуваме, куферот, во куферот
алиштата! Е, колку децава гроб да знаат од татко, баш се
погоди тогаш земјотресот во Скопје, нејсе, го закопавме,
сите редој ги направивме, девет дена, четириесет дена, три
месеци, парите втасаа, писмо од Мистер Томас, многу
жална работа Парите кога втасаа како уште еднаш да го
погребуваме, А оган да ги изгори и мравите, арно рече
стриче, црнила се, гајле, сори.
- Ееееј со здравје!
- Здравје да имате!
- Добар пат и мирно море!
- Исто!
- Ееееј!
- Беееј, беееј!
- После Бил? Како се спаси, што се спаси, - го пра-
шувавме, а едно снеже, еден мерак што врне, цапаме по
долот надолу и сите занесени во урокот што ни го рас-
кажа Бил. После, Мистер Бил?
- Што после, долга и широка е, на шест месеци ед-
наш тука идаше авјон, носеше мраз, мраз наместо вода се
продаваше, едно ќесенце - еден долар, а имаше од цел свет
луѓишта што бараа опал во пустината. Тука го сретна
Чатлеки, по патот што се најдоа, од Прилеп. Што е, бре?
Вака и вака, му кажа. А што имаш во торбето, имаш нешто
за јадење. Имам, имам нешто сирењце, како овчар, круша и
една м р а в ј а грутка Мислеше оти се мрднал.
Е дај да видам од сирењцето, крувче ми е душата.
Аман, било збор, ја вади раката и кога ја извади целата
беше поцрнета од мравчињата, тоа го спаси господ. Не-
мој, не убивај ги со дувкање. Со кратко ги очисти, ги спаси
мравите, и не преопита, рече навистина овој со мравја
глава, полни му се и торбено и главата со мрави. Му кажа
за аманетот, и нему од конца до монца еден збор да не го
излажи, а колку повеќе на овие будали денешни луѓе им ја
кажуваш вистината, тие уште толку не ти веруваат и те
мислат за грешен. Мистер Мрава, го завикаа.
Што ти е планот? Да си се вратам на фармата кај
Мистер Томас, никаков друг план немам, најарно ми е со
овците. Видоа оти човеков си е за кај овците и не го чекаа,
ќе го видат со мравчињата си муабети и го баталија, благ
будала, како благ будала живеа шест месеци. Нејсе, дојде
авјонот, летнаа го донесе првпат во градот, но не знаеше по
кој правец од аеродромот, одцалечен пеесетина милји, ќе
втаса до градот. Аку е пеесетина милји, со господ напред,
ноќта чиста, гола, австралиска, в чешма да го пиеш небото,
а ѕвезди, ѕвезди... Даде господ утрото, Само крај водата, за
тој пат држи се, му рекоа, ќе излезиш. Покрај морето едно
благо ветерче, радосен што се спаси, брзат, брзат душата
таму кај овците, а не му текнало да седни едно писмо да
напиши, толкави трошкој задуша ваму се даваат, се
раздава, аман. Сори, не знаел ни град, не влегол ич, ни
писмо кај се продава, ни пошта кај да бара, затоа си рекол,
да втасам до фармата пак оттаму ќе напишам писмо.
Забрзан си одит крај морето со една кувет, со една сила, а
да го погледнеше изгорен, небричен, нестрижен, немиен,
немат вода за миење, крвта што ќе се бијат, колат, додека
сонцето не им ја испере не се чисти, лак што патуваше
ноќно време. Во мугрите, во првата зора, лево, десно, по
патот, бег лак, излезе на истото место од пред годинаипол
кај што дојде, на портов, го позна по железното столче.
Немаше каде, ојде и повторно седна таму, седна на студен
камен, уште постудено железново столче. Море писано,
рече, пак на истово место! Уште истиот човек сега да си го
сретнам, најдобриот, и како мене ќе нема среќен човек на
веков! Ама беше многу рано, а веќе изморен и дремката го
фати, лак. Човекот тука го најде заспан, не ќе го познаеше
ама капата, се поврати, капата и по некое мравче по челото,
по рацете му лазеше. Море, рече, овој да не е Човекот, тој
сиромавиот, јас кај го испратив, тој кај се најде сега пак
овдека вака! Го пробуди, се познаа, Брат, рече, небрат, да
ме вратиш на фармата кај овците, кај Мистер Томас, ништо
немам оваа добрина да ти ја платам, ваков сум каков што
ме гледаш, аку си каил најдов една мравја гру гка, ќе ти ја
оставам за спомен, многу малку од касметов мој, да знаеш
оти касмет голем, тие ме спасија! Мораш од мравчињата да
земиш, аку неќиш многу - едно грутче, едно грутче
мравчиња, А сиромав, се згрешил, и не е чудно кога толку
л е т а л од Запад до Норд во пустините, со авјон сега, ти не
плаши се за тоа, секој први јас одовде испраќам по
четириесет овчари, за некој ден ќе се сврши работата!
Дојди сега со мене додека не дошла п о л и с да не те види
ваков како див, аман, дојди во бродчено мало, имал собиче,
тука спиел, кога чистел, како бродска стража, го зел, го
избричил, го дотерал, го облекол во едни морнарски
алишта, кошула, капата, не капата, арна ми е, не гологлав.
За ова добро, дај едно кутивче, едно тегличе, рече, да ти
оставам од мравчињава за спомен да те чуваат во водава,
како мене што ме исчуваа во сувото, во пустината. Виде
човеков, не виде, три дена, до последниот ден го моли, ајде
рече, дај од мравјата грутка, остај ми едно грутче мрави. Е
сега, знам оти ме сакаш и оти си ми искрен пријател,
Господе златен, ме напрај најбогат човек на светов, си
добив двајца пријатели на веков, овде пријател да имаш,
еден босот, Мистер Томас, Шкотот, и еден морнар,
далматинец, Мистер Стивен, од Далмација, Најбогат човек,
се крстит, тој се крстит а старецот, морнарот се чудит,
Море Френч, му велит, ти навистина си станал најбогатиот
човек на веков, Сум, му вели, да ми кажиш друг што за
една година двајца такви пријатели си нашол во туѓа земја,
сега и да умрам не жалам, ќе умрам со мисла за
пријателите, лесно душата ќе ја предадам Богу! Се
загледал морнарот и очите ќе му истечат, цел живот тој
акал по тие пустини, еднаш сонувал таков б л е к опал и од
сонот за малку што не се згрешил, а сега о п а л о т од
сонот го држеше в раце, со зинати очи и уста
- Виде колку се убави, земи ја сета грутка, сите за-
држи си ги, му велит, знам оти ќе ги чуваш исто како мене,
доста ми се мене овие од мајка! Но се созеде човекот, Твое
е ова, бој, чекај, му вели, седни малку, не вјасај, седни, ама
седни! Знаеш што си нашол, бој, не мравја грутка, му вели,
Знам, мравја грутка, јес, а нема веќе никаде да одиш, рече,
туку со мене и збор од тебе да не излезе до Национал бенк,
си го нашол најголемото богатство во Австралија, ти си
сега најбогатиот и најпрочуениот човек на цела
Австралија! Аман, бре, стриче, аман, остај, дај ми го ти
мене само билетот, кај овците да ме вратиш. Но, рече
Човекот, сега ќе ме слушаш мене, се што ќе ти речам јас
тоа ќе правиш, ајде со мене, ќе одиме во Национал бенк!
- Лак, лак, - рече Мистер Бил, - родиме со среќа и
фрлиме на буниште. Кога втасаа писмата, сликите, сликан
на еден кар, пред н а ш а т а куќа, велит, кога ги виде жена
му тие слики, тие чуда, тие пари, лак, лак! Ајр да не стореа
и мрави и се, но не докажа, а веќе поизлеговме од долот и
немаше место за друзи муабети оти од сите страни луѓе,
луѓе, жени, деца, старци, млади, мајки, татковци, голем,
растурен, распилкан народ, тоа најмногу ме уплаши.
А уште ова го рече братучедот Бил додека го при-
чекувавме Џан од Горна Баска, ова:
- После си ја позеде жената, шесте ќерки, му се родија
уште две. Но, баџанакот Бог да го прости, лесна да му е
земјата...
- Што у м р е? - праша некој од братучедите.
- Беше еднаш умрен и оживе, рече тажно братучедот
Бил. Еднаш можеби може, ама двапати од таму немат
враќање. Друг е тој муабет, ајде сега да го погледаме сне-
гов, оти во Австралија не ќе певкаме по него. Во сѐ толку
умно што ни кажа, во сѐ му поверувавме, ама во најголе-
мата вистина што ја рече не му поверувавме, бет лак. Мој
совет - нарадувај му се на снегот, Батенце, нарадувај му се
на животот, аман!
ИЗГУБЕНИТЕ ЗАГАРИ НА ЏАН

Братенце, сега веќе навистина не знам што се слу-


чува со мене, мејби побудалувам, сосема ми ослабе ду-
шава, потенка ми е од цигарен чад. Соништа, соништа што
ми се јавија, бет лак. Немирни и како водата, но едно од
тие сончиња во целост ми остана во главава. Во Бродот сум
се нашол, не најдов човек кој не го сонувал тој пат, колку
чудни, колку измешани соништа сонуваа луѓето, често, од
сред сон, во глуво доба, како пиле избезумено што пишти
кога во седелото ќе му влезе змија, така од сон луѓето се
будеа во страшно бунило и мака, така што требаат неколку
минути, а понекога и повеќе време за да се соземе кутриот.
Секој го интересира што го пробудило, што сонувал.
Бродот, ќе ти рече. Бродот го сонував. О, сиромав ти, ќе
речат луѓето. Стани тогаш, ајде прошетај се малку крај
морето или подобро оди во кујната земи залак леб, лажиче
шеќер, направи си блага водица О. кутар! Штом бродот си
го сонувал денеска поарно не оди на работа. А каква беше
водата, мирна или имаше бура. Не знам, не беше ни толку
мирна, ни толку голема бура, така едно ветерче и
мрешкање на водата, бели таласи. Белким не ќе биде голем
трабул, земи си шеќерче! А небото, жити бога, какво беше
небото, чисто или со облаци? Небото, не, тој не го видел
небото, надолу гледав, не го видов небото на тоа тркалезно
прозорче од кафезчето, тешко беше од луѓето да се дојде
на ред до тоа спасоносно место, многу луѓишта. Како олку
луѓе се собраа, кај се најде место во кафезчето, ќе испукаме
за воздух, воздух ми требаше, ги барам другарите,
брачедата, братучедите, Тетинчето, а нив ги нема, луѓето
скрснозе поседнати на душемето и како Турци да биле со
чалми како пајажини околу главата, и сите тутунции,
пушат, неми, уста не отвораат. Мириса на тутун, темница,
со секира да го сечиш тој чад, темница, се обидов да ја
запалам светилката за да се најдам, а светлото расипано,
светилката прегорена. Во голема темница се најдов и меѓу
толку окркушени луѓе и, ти велам, неми, без збор и одгор.
Кај сум, Алах, Алах, на турски во Бис мимлаи, на сонов
почнав турски молитви да пејам, Бис милаи, геч миш ола,
демек, со лес, гузун ајдан, ами не фатија турскиве молитви
фат, даде господ турскиве молитви фатија, си играше
ѓаволот, ме испробуваше мојата вера во човечност, и
Турчин бидвам и сѐ , до човек да втасаш и коноштип треба
да станеш, нејсе, горе, долу, се поразмрдаа луѓево и еден
пак не со збор, скап е зборот кај умниот османлија, секој
збор повреден од алтан, туку така со ишарет ми покажува
на тоа прозорче, с в е т л о, слабо светло, колку кандилце,
ама далеку, далеку чини ми се, како ќе втасам до таму, на
тој најблиску до мене што беше му велам. Кој е патов. Бис
милаи, толку рече човеков од што со сигурност заклучив
дека сум меѓу Алија и четириесетте разбојници, криви
сабји на појасите, криво седи право суди. Нејсе, тргнав, не
знам колку пат проодев и се најдов, гледам, на тоа
прозорче, а од морето, разбранувано малку, еден син до
темен, а еден сосема црн трчаат, трчаат и нешто како по
мене да идале, абер, глас да ми донесат... А кога дојдоа
сосема блиску до прозорчето така, на една педа од
цамчето, боже, што ќе видам, загарите на Џон, близнаци,
со една опашка и две глави. Две кучешки глави а толку
слични на ликот од Мистер Арч. Целата глава ми стана
водена и обилна вода течеше од неа, сори.
- Џан, загарите! Братучед, загарињата! Ги прогону-
ваат, прогонуваат, прогонуваат, прогонуваат, боже!
- А кое е тој е Џан, што се случило со загарите, КОЈ
прогонува, - по некој ден од таа несреќа ме праша Мисис
Дизделен.
- Сори, Мисис, - ѝ велам, - луда, ненормална ра- бота,
Нѐ прогонуваат, нѐ прогонуваат, нё прогонуваат...
- А што се случило Бејби?
Што се случило, батенце, се ребрам да ѝ кажам,
смешни работи, сори. Не сакам са сум неискрен, ѝ кажу-
вам тоа што ни го раскажа Мистер ал, господ ќе знае што е
вистината, кој е тој Џан. Така, значи, тој ден пред
тргнување, а се помнат тие часој, тие минутки, сѐ друго
после се заборава, ама тој ден на разделбата кај секој чо-
век беше длабоко врежан во душата. Паметам во хотелот,
па и во работата, ќе зборуваат луѓето за едно, за било што
да зборуваат, пак некако разговорот ќе се сврти на таа
страна, за тие деној, за тие часој, за тие минути и секунди.
Тоа беше четврток, нели петокот веќе треба да тргнеме,
четврток кога падна првиот снег, ете тој ден, некако на Џан
му се изгубил сонот, му побегнал некако, така рече Мистер
Ал, па врти се, превртувај се, некако да го намами сонот,
но сонот не доаѓал. Не знам точно кое време било, но тихо,
и тој снег си редел, некој глас однадвор го повикал,
мајката, рекол, зар сум заспал, дошло време за тргнување,
навјасина станал и само за малку го пуштил, потпуштил
светлото на скратената ламба, и со ламбата в раце така,
бос, необлечен, излегол на чардаци, и само што излегол
нешто му ја дувнало и му згаснала. Тихо во ноќта и никој
нема, празно с о п ч е т о ламбата на полојна светка,
скусено светка, младите си спијат како бајчиња, сполај
богу, се прежени стариот - тоа што го намисли и го стори,
рече. Одете, одете вие сите, јас сам не ќе останам, првиот
ден се женам се фалеше, даде збор оти повторно ќе нареди
тринаесет сина и петшест ќерки, колку ќе му даде господ,
близнаци, близначки, одете. Можеби му се причина, а
снеже го удира в лице, му ги полни очите, еден снег, една
убавина. Да не излажам, рече Мистер Ал, ама тој тука на
место како дулец се стори, не му текиња да се врати назад.
Најпосле кога малку се созеде, кога веќе се сврти за да се
врати во сопчето, г л а с о т пак му се јави, сега толку го
штрекна и брзо се сврти, а една снежинка како светулка му
светка пред очите и помина и на неколу чекори, токму крај
средниот дирек на куќата з а с т а н а на нозе.
- Дуфке, душо! - рече и на местото остана како гром
да го удри што велат, - Дуфка, душичко, дојде!
- Да не видеа очи, и мене некој да ми го кажувал ова,
братучеди, не ќе верував.
- Како, - праша братучедата, зар Дафка не беше мртва!
- И тоа од кога, братучедо Мисис, рече Мистер Ал.
- Ами како му се јави, праша.
- Да не видеа очи, право да ви кажам, и јас не ќе
верував, ама штом очи видоа, ич не се премислуваше, друг
не можеше да биде, само Дуфка Илкоска!
- Аман бре, братучед, лажи ама со дикат, рече Мис-
тер Ник.
- Јас од првиот збор му верувам, мојт да имат таква
работа. После, братучед?
После, рече и си ја понамести капата, кажувам за оние
што веруваат, додаде. После, нему, толку вџашен,
замрзнат, побелен од снегот, како бел човек, таква среќа
повторно му блика, таква радост во душата, ела сега зап-
ри го, - Дуфка, ѝ вели, тргна кон неа. О, божји бестелесни
признаци, ги бацува нејзините мали, слаби рачиња.
Оздраве, ѝ вели, што, здрава си, не вели ми оти не си
здрава машала на обравчињата, ти се очистиле раничи-
њата, болките, лицето чисто ѝ свети, а целата беше по-
сипана од црни болчиња и на лицето и на снагата, и очите
ѝ се затворија! Боже, здрава, боса по чардакот како по
веленце да оди а не по снегот, сори.
- Раните навистина малку ми пооздравеа, - му велит,
Цане, му рече, - ама тоа згора што ми беше, даде господ, се
очисти, ама, пусто, не знам како сето внатре во душава ми
се пресели, така нешто внатре ме изгорува, душо.
- А како не ќе ја изгорува внатре, бојс, рече брату-
чедот Ал, што не претрга, каков срам и понижение, за
чесниот човек тоа е голема мака.
- О, рече Џан, разжалостен, јас те зедов на душа, јас те
упропастив, јас те убив, простено да не ми биде!
- Толку искрена душа, праша
- Толку, рече братучедот.
- Каква душа, бре, будали, рече братучедот Ник, ќе
поулавам, со кого сум тргнал на пат!
Братучедата имаше едно невестинско благо лепче и
му го даде. Јади Ник, му рече, и не прекинувај нѐ во
муабетот, те молам!
- Зар имат поголема мака и болка од понижението, од
страдањето, братучед.
- Многу, одговори братучедот, и тоа ја донесе до тоа
дереџе. А ми се живее Џан, му вели, просто ми се живее,
ми се чинит да мојш да најдиш една рака г л о г и н к и. Од
тие дивачиња да ми се сварит едно чајче и ќе ми поминит,
ќе оздравам.
- О, глогинки, велит Џан, да се на крај светот и ќе ги
најдам, рече, влезе, се облече набрзина. Аку е тоа лекот, на
крај од светот, железни опинци ќе ставам, само да ми
оздравиш, да ми бидеш најздрава, најлична, највесела, како
што ми беше, најубава невеста. Повторно со стројници ќе
те барам, повторно свршувачка и нов прстен ќе ти купам!
- О, Џане, му рече, не ќе ме излажиш, пак да не ме
излажиш, душо, немој, ми се живејт!
- Во гробот од мајка ти се колнам, Дуфка Илкоска, -
рече без да помисли.
Сите овие големи муабети ги разбудија младите, сори.
Треба да се каже, рече Мистер Ал, Старецот и Џан немаа
муабет цела година. О, лага, злобни се тие муабети, не
беше кавгата за младата, Џан знаеше уште на че-
тириесетте дена, Џан знаеше оти Тате ќе се жени и на тоа
не се противеше, Од кај знаеше, знаеше, имаше такви
нишани, секој ден штом почна да оди на гробишта, и тоа во
време кога жените и кокошките се пред куќи, кога толку
тагуваше на глас и да чујат сите. Не, старецот ќе мора да се
женит, штом на буниште ќе видеше петел качен на
кокошката под окото солзи, а другото му се смее. О,
стариот ќе се жени, збор да нема. Не, не се скараа за тоа,
туку не можеше да прости за Тодорчето Шапкароско, за
крчмарката, за копилката, Џан што му ја презеде пред сиот
народ, а сега тоа ги скара, но поради г р е в о т тоа никој не
го изустуваше. Сега по цела година непроговорени, првпат
си проговорија. Старецот со ламбата излезе, со ќуркот на
раменици и со тој негов црвен појас околу половина, без
појас не се појавуваше, не излегуваше, пак, крв, син, ќе се
делат. Го слуша стариот муабетов, зборовје, ама никако не
може да ги врзе.
- Што е Џане, што си се разврескотил!
- О, татко, рече Џан. О најголем татко, прошка!
- Прошка кога ќе дојди денот, далеку сме до чист
понеделник! Прашувам што е ѓурултијава, Џане?
Штом стариот излезе, таа леко, баш како снежинка
излета долу низ скалите и зар таму притаена го чекаше, -
Знаеш кој ни дојде, рече тивко. О, татко, Дуфка се врати,
ќе даде господ, ќе се спаси, една рака глогинки! Што се
една рака глогинки! Ќе појдам горе.
- Која Дуфка, бре, недокрстен, му велит, абре што
родив јас од тебе!
- Дуфка Илкоска, татко!
- Аха, Дуфка Илкоска, рече, а кога дојде, каде е сега?
- Тука е, рече, овде, баш овде, еве ги стапалкиве!
Гледај!
- Гледам, велит, гледат со ламбата, навистина на
снегот мали, боси, прибрани женски стапалчиња, а тра-
гата водеше по скалите. - Еве, рече и појде по стапалчи-
њата, - Една рака глогинки! - и тргна по неразгазениот
снег, преврнало, се појави дури и месечинче.
- И месечинче, праша, Ник, најпријатна зима со снег,
со месечинче!
- О, рече Братучедата, во таков час човек во грев
душата да си ја стави, мојт и да се потурчит.
- Се потурчи кутриот ами што, - рече, - ај појде што
појде, го измами призракот, ами штом малку се поодалечи
од куќата, од дворот, жално, многу жално зацивкаа
загарите. Ај, рече, да ги пуштам, загарот како човек е слаб
за слобода, ги пушти и тие како поулави тргнаа напред, а
тој по нив и го фати патот за планината
- О, Дуфка, тува, си кај си!
- Тува сум, ајде!
- Идам, биди си без гајле, ама немој нешто да ми се
изгубиш, аман, ми текна кај ќе најдеме глогинки, одма ми
текна!
- Каде, му велит.
- Таму, кај што ги беревме, како деца, во малечкиот
дол, тој правец држи го, оти ќе ми требаш да ми ги по-
држиш ветките.
Загарите пред него, по него, целиот пат, сори. Прв
горе во планината го сретна шумарот Илија Јанкулоски.
Арлија Џан, му велит, без чифте, без пушка, а тој и не го
виде, си помина, си замина. Мајката, кај оди човекот, што
мака има Го гледа кон мечкиниот дол оди и како на млад
коњ да јава Удолу, удолу, се растркала како топка, долу
снег и мраз, смреки и папрати, како топка од која децата си
прават снешко. И летно време кога излегува мечката е
опасно во долот, тој сега ѝ одеше право в уста на гладната
и излошена мечка, оти истрошена, слаба, а мечињата
сакаат цице, ништо не ги заситуваше. Како беше-беше,
слезе, баш мечкава тогаш беше омечена и си береше
глогинки за задојување, е дно врше имаше свиткано, и тој
со сиот ум:
- Еееј, мечката, бре! - Озгора, од работ на долот, рака
му мафтат, а бела, тенка, му се стори н е ј з и н а т а рака. -
Ич не плаши се, рече, триста мечки да влезат сега не ќе ме
запрат! Мечката кога чу што му е маката, се исплаши, ѝ се
стресе душата и тогаш еден трн ја боцна и мртво ковче ѝ
се јави на левата рака. Рикањето на мечката целата планина
го чу. Мечка рика, човек рика, и едно минутно квичење за
загарите! Тоа го чуја шумарот и ловџиите, а после долго
тихо и молк, како што си е тајна и чудна планината во
зима. Се искачи горе, го гледаат, тој ги гледа нив и со
очите бара некого, мислеа загарите, рече:
- Еве, рече, да е жива мечката, некоја добра разбрана,
ќе оздрави, - ги покажува глогинките. - Каде е, кај отиде,
ги праша луѓето, а ич не помисли за загарите, а тие мислеа
ги прашува загарите, ајрлија, зар загари со глогинки ќе
лечи!
- Еднаш чувме квичење на загари, еднаш рикање,
долго рикање на мечка и еден глас човечки, друго ни
чувме, ни видовме!
- А таа, ги праша, каде е таа, браќа!
- Која? - му рекоа тие.
- Како која? - им одговори, Дуфка Илкоска!
И не дочекувајќи одговор тргна по најнепреодните
места каде што само диви свињи и вепрови можат да одат...
Ги помина сите извори и изворчиња, ја бараше од утро до
првата квечерина, помислувајќи дека можеби се вратила
назад, зеде пат за назад и поудолни места со тркалање
слегуваше како снежна топка, и што ќе запнеше за него -
суви лисја, гранки, камчиња, земја, сѐ лепеше на себе, и
пак гут лак се чувствуваше, а на Ридот кога стигна -
застана и таму на сиот глас почна да вика, да ја бара:
- Дуфка, О Дуфка!
Долу, од укалото, од Свети Петкината рака, му се
враќаше сопствениот глас, а нему му се слушаше како
нејзиниот, како таа да му враќаше:
- Џан, О, пусти Џан!
А пред тоа шумарот, не, ама некој од ловџиите го
чпиунира Тате и му раскажа што се случило со загарите. А
кога Тате чу оти се изгубија загарите, тогаш од чардакот
нишанејќи пукна трипати, даде знак за тревога, знак за
сите негови пријатели; Не Австралија, му рече, отаде
Австралија, ќе те гонам, или загарите или твојата глава... А
тој, кутар Џан, не ти знаеше за никакви загари.
- О, Дуфка! Дуфка Илкоска!
Носеше цело врше глогинки и крв му бликаше од
прстите.
А укалото му се одзиваше:
- О, Џан, ме оздраве! Лош си, не те сакам, ама крвта
ти ја сакам. О, Џан!
Баш беше време, тој час, на вечерна молитва во ма-
настирот и слабо звоно празнично, разиграно биеше.
- И сега ми е во умов тоа камбанче, Мисис, ѝ велам,
толку тие звуци се спелуваат со се наоколу. Толку се чуј-
ни и радосни...
Мене, несакајќи, ми се истркала солза и, чудна ра-
бота, не со крпче туку Мисисот, бате, со своето раче ја
дочека и ја баци, Сори, Мисис, сори, многу сори, колку ми
жал аку и таа побудале, бате, едно шише масло однеси во
Света Петка и моли се за душата од Мисисот...
- А после, што стори Џан? - прашаа
- Јес, појде по гласот, а тој глас право го однесе во
црквичето и кога го видоа молитвениците, и пријатели и
непријатели заборавија на своите молитви, сите од ред
мало, големо се молеа за спасот на Џан. Само со таков
благослов, Мисис, тој можеше да си зачува глава на ра-
мења и, како што видовте...љубовта победи, Мисис, љу-
бопта, душата човечка ќе победи. О, Мисис колку лак,
колку лајф ми требат, колку сум јак, силен.
Така еднаш, двапати, не знам колкупаги, се преврте
душа во мене и се спасив од мокрите загари на Џан, само
одвреме навреме слушам слабо цивкање, ама тоа е на-
тинг!
- АВСТРАЛИСКИОТ ВЕТАР

- Во почетокот мислевме ш е г а , сигурно така мора


да биде, природно. Стануваше збор за о н а а работа, ве-
лиме, нормално, сигурно ќе помине. Но главата сс повеќе и
повеќе почна да боли, те фаќа некое слепило, а што беше
најстрашно во тебе в н а т р е нешто силно те изгорува и
гледаш човекот се престорил во куче, бесно куче што
лунѕа, јури од стрит од стрит. Сѐ е оган, гори, асфалтот
врие, се пораѓа, коњски мравки, од ведро небо секавица,
бела, црна, жолта жена, црвен ветар, австралискиот ветар
кој не се гледа, не се слуша, што како невидлив пожар
влегува во градовите и ќе познаете само по избезумените
луѓе коишто трчаат кон океанот. Мртви води. „Правете пат,
Роме Лесков од Македонија поминува!" И човекот е малку
врел, природно. На рамето му застанало океанско пиле
бездомно. Празните кондури пред него брзаат, а тој бос
парадно чекори. Се огледува од мостот, - тој е или некој
друг? Беше во недоумица.
- Многу се измачивме, пријатели, крваво. Овде е су-
ша, пустина. Окото не може да види осотче, а не на неш- то
убаво да му се израдува. Никаков мирис да немал цветот,
никаков вкус да немал плодот, чудо. Жеништето мое од
овде како таналва ми изгледат, суво грозје. Судбина - Нема
друг спас, моравме да тргнеме по тие патишта, црно
писание. Од скоро се запознавме со еден менаѓер,
битолчанец, во саботите, по работното време, по едно- две
парчиња да ни носи во кемпата О кеј, на човекот тоа му е
работата, се занимава со таков бизнис, природно. Но и тоа
лошо, пријатели, многу лошо, не си навикнал. Ништо убаво
ништо топло, никаква милост и човештина. Навистина
прост човек си, гурбетот ти е целата култура, ама нели
знаеше нешто за љубовта што се вели, таа и на каменот му
ја отвора душата, на дрвото му дават глас, ти го покажува
слаткото разденување на земјата. Нешто најприродно,
пријател, нешто најобично. А наместо тоа што добиваме
ние, посно следување, сува храна за два дена марширање.
Десет долари за едно качување и тое без бацување или
нешто друго! Аку пак малку ја гадулнеш по градите,
веднаш ќе срипа, тен долар, тен долар казна уште десет
долари. Најпосле и парите глава нека кршат, макар што и
тие лесно не се печалат како што кажуваа, но најповеќе тој
однос те попарува, ти го убива сето чувство. Природно.
Остануваш како во стапица, кутрото маже гледаш го
облила студена пот, лицето му станало како на мртовец.
Вистината да ти ја кажам, првите седум-осум месе-
ци војнички се задоволувавме, нашински. Будали луѓе, ќе
печалиме пари, Македонче, ќе се снајде тоа некако по-
евтино, бадијала Секој ден по работа се бањавме во фаб-
ричките бањи. Едни бањишта, една црна робијашница, -
само во стилворкот работивме 8000 Македонци, - и така,
пријателе, истуркај се како овци в трло и бањај се, пусти
се, ужаси. Искриј се во тие вжештените облаци нечистотија
и а ј д е, стенкај, црно препотувај се, гори, ослепувај, блеј.
Најстрашното беше кога ќе почнеше да врие, да клокоти во
тие бањишта. Човек по човек да се губи, пред очи нешто го
зело, туку го снемало, како некоја страшна бездна да ги
голташе луѓето. Само слушаш некое далечно мрморење,
гласови, бунило, бладење како во сон. Некое кршење,
кинење, некое тешко ѕунење. Набргу тој стигнал,
поклопува се, единствен останува, во тебе е, ти навестува
за нешто неминовно за нешто страшно што ќе се случи. О,
јест, о, јест! Тогаш од вжештената пареа се јавува големиот
што го викаат бик, огромниот, челичниот џин Мистер
Стил. Иако толку голем тој чекори баво, безшумно не трпи
никаков глас. Молк. Минирање на печките, тиха
експлозија... рикнува огромна, страшна река. Лава. Во
Јордан река Исус е крстен, луѓе „Стеја Чали! Стеја
Атанасоски! Внатре!" Во стилворкот си се нашол,
пријателе, на ред да влезеш во фурната. Проста работа, со
обично метличе само да пометиш малку, да ги очистиш
туличињата што испаднале при експлозијата Тешко е да се
опише тоа, френч, како во нагорена фурна леб да те
фрлаат, јагне, за едно минутче мозок ќе се сториш. Цон
Конго весело, шеретски пее: Стил за Чали, Стил за Чали,
Стил за Чали, о, бејби Роме Лесков! Тоа многу го
развеселува Мистер Стил и тогаш како што се јавил
безшумно, така безшумно и се изгубува. Гледаш во
бањиштето си, малку ти лекува. Тоа трае само едно
минутче, две, тоа е онаа неизбришлива слика од првиот ден
на работа во стилворкот. Ете толку силно тој миг се врежал
во свеста на луѓето, останал како глогов трн, како
неизлечива треска, па те буди среде ноќ, те штрекнува во
најдоброто расположение, насекаде те следи, никако не те
испушта, природно.
И така се бањаме. се пустиме... Океан од сапуница,
разни детерцени, да искористиш да се поиспериш, плитко
море, мртво. „О, о, ој", - рече тоа бањиштето. - „Поздрав на
милата ми жена! Стојна еее! Чекај ме, на! Ха!" И во таа
темница, во таа лудост некој ќе се пошегува и со што не
треба, безумникот вика: „Поздрави ја мајка, најмногу
поздрави ми ја мајка!"
М а ј к а! Пак се изгубува Роме Лесков. Не знае каде
е, во Македонија или далечна Австралија! Се најде во
мала, селска куќа, приземна, како отровна печурка Темна,
полна со чад, полна со свет, жени, деца старци. Кожуви,
гуњи, чулавки, врани, гаврани, мечкари волци. Разговараа
тихо, кратко како на мртовец. - Кој умрел!" Божем како тој
да умрел, го завиле во едно волнено веленце и го
испружиле среде куќата Потоа од камарчето, каде што
квачеше една бела кокошка, се јави едно мало човече се во
свила срма светеше како сонце. Се престави за пратеник на
Филип и Александар Македонски. „Добро ни дојде, царев
пратениче, кај ми те чекаме", еден кожуф се јави. - Доаѓам
лично од Александар Македонски за да ви ги покажам
запретаните богатства, зашто вие Македонците сте
деветтото Филипови колено и единствени вистински
наследници! „Вистина" рекоа гуњите. „Тоа е нашата
историја, славна!" „Тргнете по мене, пријатели, во
расипаниот град Роман ќе ве носам на половина саат од
тука, таму има еден змијарник во едни камења, таму се
кријат големи антики, бакар, сребро, злато. Глигор Тасев
нашол и едно куче од мермерот плетварски! „Ѓавол, а
говореше како светец, се тоа беше вистина, тој расипан
град Роман. Но и селанецот сега не е толку глупав, може да
се рече воопшто не е глупав денешниот селанец, јаде леб
на струја, градски. Потврдува, одобрува ама не верува, -
едно мечкариште кришно им даде знак на жените да
запалат малку темјанче, нека помириса, тогаш вистински
ќе му поверуваат. И навистина, веднаш штом се осети
темјанот, пратеникот на Александар Македонски почна да
кива, да ја затина устата, носот, очите му излегоа, немаше
каде, се претвори во глувче. Тогаш уште посилно навалија
и жени и деца и старци, сите од ред да трчаат, да газат, да
удираат, да викаат, да корнат и кога виде ѓаволот оти му
нема место на земјава, се престори во чад и избега преку
оџак. А тоа луѓето многу ги развесели прснаа во смез и
толку се смееја што се заборавија. И така не видоа кога се
смалија, почнаа да лазат, се сторија мрави. Природно.
Не ќе беше и тоа големо зло, ако секој час не се
очетсуваше да пристигне претставникот од бирото за вра-
ботување во иностраните земји. И навистина стигна тој
човек, вака да го гледаш од страна, изгледаше многу се-
риозен и чесен граѓанин. Чесен збор, сосема на место беше
човекот, просто да ти падне жал што го пуштиле по
планиниве, по дивиниве. Се обидоа да го подмитат, но тој
беше ти бил неподмитлив човек! Се обидоа со арно, со
лошо, со сешто, но тој само едно, - како е по законот!
„Прво на буквата А, Австралија!, рече доста строго и
прочита, - „Роме Илиев Лесков!" „Кај ме најде мене прв",
само тоа му беше мака на Роме и не се јави, му беше срам,
оти мрава. „Роме Илиев Лесков!" Виде не виде мораше да
се јави, рече: „Извинете многу, како да речам јас сум, ама
мрава сум!" И почна да објаснува Роме Лесков на долго и
на широко, како нечистиот сите за одмазда ги престори во
мрави. „Глупости!", рече службеникот - „Важно е дали
имаш паспорт!" „Паспорти имаме!", се јавија во еден глас
сите мрави. Ги прелиста службеникот, сѐ беше во ред,
рече: „Без разлика што се мрави, што се однесува до тоа
можете да сте спокојни, ништо не е важно кога имате
паспорти!"
Добар пат и мирно море, гракнаа гуњите радости,
веселби. Свадби. Песни, свирки, игри. Скока и машко и
женско, млади и стари, сватови. Големи свадби. И гледаш
угоре, удолу низ темните, студени ридишта, низ шумите,
низ стариот снег, низ камчиштата лазат црни, мали,
небројани. „Климе еее, о, синко! О, о, Ој!" лелекаат
долините. Збогум, збогум! „Врати се, мори мајче, жити
мене", ја моли Роме Лесков мајка си, а таа најсилна од сите
мравчиња лаза, лаза по тие патчињата, по тие трњето. „Не,
не враќај ме, синко, мајка сама си знае!" И таа ситна,
стопена работничка рака, мајчина, направена веќе како
крилце од пчела, тенко, зема малку земјица, ја завива в
крпче и на синот му ја става во пазувата, вели: „Аку, мајке,
аку! За да не си го заборавиш крајот, огништето!" Ете таа
рака, таа молитва, тие светли, мали мајчини очиња, т о а
најповеќе го изулаве Роме Лесков. Рикна: - Чија мајка, бре,
пес, спомнуваш на ова место, мај те убил!
Вџашен, избезумен, со нечовечко лице, капка крв не
му останала во образите, оди низ тоа бањиштето со сапун в
раце, чиниш анџар зел и ќе коли. - Кој спомна мајка, - липа,
- јас ќе го научам да молчи, ќе му ја затнам устата, сапунов
ќе му го пикнам в грло, уште еднаш да не му текне! Во
часот шегата се претвара во најстрашна, најкрвава
расправија. Уморените, изгорените луѓе, со две смени во
Фурните за топење железо, премалени, ослепени,
излошени, подивени, луѓе, нелуѓе, гледаш се нафрлиле
едни врз други, се фатиле в гуша. Во темничиштето, во
смрдеата, во пареата, во црната, во жешката вода, човечки
раце, глави, гледаш како летаат, како се тркалаат, како
лазаат, како горат, како се борат. Ѕверишта. „Крвта ќе ти ја
излокам, бастер!" Браќа, другари, пријатели, - во тој миг
чиниш бањиштето се претворило во страшно, крваво
борилиште, ад, Пекол: Природно.
Дури после тоа дојдоа на себе, го прашаат Роме
Лесков: „Што ти би, бре, другар што изулаве?" - „Не мо-
жам, вели Роме, слаб сум кога ќе се спомене мајка. Кога ме
испраќаше за малку рејзот што не ја изгази. Туку истрча
одеднаш пред рејзот, на раскрсницата, тука да чекаат,
кутриот шофер одвај закочи. Проста жено, ќе те изгазев, ја
кара шоферот. Таа сиротица една рака ореј вади од
пазувата, заборавила да ми ги даде. Боже, рече шоферот,
мајка, пуста мајка, за една рака ореј ќе одеше в гроб. Ме
болит тоа мене, браќа, многу ме боли! И со тој збор
чепнува во голема рана, рана што се крие, тешко што се
лекува. Наеднаш опусте тоа бањиште, како да задувал
австралискиот ветар, гледаш се испопаѓало наоколу, како
фатени луѓето седат на бетонот, купишта. Прв станува
Роме Лесков, вели: - Другари, браќа, ај да ојме кај океа-
нот, ај таму да се искапиме!"
Се тетерави, оди.
,... Тоа се береше, Чали, се береше и мораше да пук-
не. Степан достоја на зборот, стигна во саботата кај плад-
нето. Гледаме лета една црвена широка лимузина право
доаѓа кај нашата барака. Тој е, јавуваат стражарите, - три
дни не се јадеше, не спиеше, воопшто како да не беа ис-
тите луѓе. Сите споулавеле од радост, скокаа, врескаа, се
гушкаат, се борат сите се на нога, чиниш дошол ветерот од
пустината, фуртуна. А Степан бастерот, не застанува,
веднаш, возит околу барака, туткат и туку викат:
- Нашинци, сакате гелс, сакате женско, мис!
- Чекаме, чекаме, - му одговараат луѓето, - добро ни
дојде!
- Ова е најубавата, најсимпатичната гелс во цела
Австралија и Окејанија! Мис на Пацификот од 1959 го-
дина!
- Хало, бој, - мисисот на задното седиште испружена
како риба, убавица - Хало бој, ни испраќа бакнежи.
Природно, уште повеќе нѐ палит. Летнавме по
колата, колку гласот ни држит викаме:
- Застани, Степане! Запри!
Ех, Чали, пријателе, како псишта навалија нашите,
природно. Еден врз друг, Чали, глава ќе си искршиме, како
слепи, како пијани, како нешто најдолно, френч. О, Чали!
Од тоа немало ништо полошо, како во војска што сме се
ределе на казан за чорбица така сега мораш да застанеш на
ред за таа работа. Уште труба трубеше, Чали. Белата да
биде поголема, од десет повеќе не прима, толку ѝ е
нормата, природно! Сега што правиме, велат луѓето, - сега
во кое море ќе се давиме, се избунија луѓето.
- Кој како ќе стигне, велит Степан, ништо не приз-
навам, на ред! Морат да биде со ред!
Ти ги знаеш нашиве луѓе, Чали. И Крстета и Дим-
чета и Колета и Никола Кроткион и Сандрувчета и Стојка
Смокот и Борчета и Климчета и Немицана и Нелосконо и
брачедот Андрија Колески, да се живи, што се вели, сите
рогој, ете будалиот господ во тоа го дарвал, секој си имат
по еден нишан. Ајде сега нека им излезе некој пред очи, да
засенит на патот, да ги задржи! Очи, очи ќе си извадевме
кој попрв да застане на редот, природно, секому му се сака
Како во коложега кучињата во сурија што трчат по кучка,
така ние сме се оштеле, сме трчале, сме се давеле по таа
женска Боже, Чали, што не си рековме! Јас не знам од кај
се најдоа од кај дојдоа толку лоши и гнасни зборој, зар тоа
те прави толку зол, нечовек!? Уште што не зедовме ножој и
да се исколиме. О, господе Света Петко мајко! Браќа
братучеди, другари, пријатели, во една вода крстени,
кумоштини, најблиска рода, ќе се изубиевме, земја не ќе нё
земаше. Аку е пак прв брачедот Андрија Колески, тогаш
чекај си до утре сабајле, кини живци, тој едно качвење го
правит ден и ноќ, многу, многу можит да издржит. Среќа
го разбраа и менаѓерите, - сори, - сега не му даваат прв -
Сори, ти ќе причекаш пријателе, му велат, а згора на тоа му
ја зголемија цената, му ја направија дупло, тродупло, два-
есет долари, го слекоа природно.
Женската беше некоја Иркиња, Чали. Богу душа,
некоја многу фина женска. Во панталончиња, во зелено
блузиче, така спортски тип. Многу ѝ беше симпатично
главчето, мис! Лицето ѝ беше некако толку мило, слатко,
тоа кутрото убаво да го нахраниме, да е одморено како што
треба, би станало херувимче ангелче. Толку мило, со едни
кафени дамчиња, ситни - ситни, меки, убај, некако светли,
како да ти велит, - зар не ме познаваш, јас сум, јас! И очите
ѝ беа такви светли, убави, зелени, така како првата
тревица во меѓите, едни очиња така скриени, болскотни,
капка, да ги исцицаш. Со прв поглед ти дават исчав,
веднуш како слама те запалвит! Целосно, Чали, женската
беше мис, убавица Ама оставале ѕверој! Бев дури седми,
чекајќи во редот наеднаш ми попуштија живците. Не, не
можев повеќе да издржам, верувај ми, како змија во август
почнав да се тресам, френч. Како некој да ме фрлил од
високо, да паѓам на главечки, осеќам како се губам, како
нестанувам, како тонам во некоја страшна бездна Сѐ , сѐ
може да се најде за мени, Чали, љ у б о в, вистинска љубов
нема! Натинг! Натинг! Одвај се додржав, што ти е будала,
некој ме колка, што сакаш, да не сакаш јагне печено, одам
полека крај бараката, се влечам и кога малку се истргнав
настрана како будала почнав да бегам, да бегам!
Одам, а не знам каде... Крај еден милбар, кафе бар,
кафе со млеко, некои типој покажуваат кон мене и се
смејат. - Зошто ми се смејат, - си мислам, ми доаѓа да
појдам и да се фатам в гуша, еден ќе удавам! Запри Чали,
пак некој поумен ме задржува, - ќе те претепаат, будалче,
гледаш, типојте сигурно бараат разонода! Се направив дека
не сум ги видел, не сум ги чул, потсвиркувајќи заминав од
другата страна на стритот. Излегов на една долга улица,
права, чиниш, нема крај. Ниту знам каде води, ниту знам
зошто одам, Чали. Така одам, природно. Каде, каде да се
оди, никаде место не ме зема, мала ми е цела Австралија!
Чудна работа, зар нема едно мирно местенце во олкава
пуста земја за тебе човече, си мислам, едно мало сенче за
да те спаси од овој оган наоколу...

Што ќе пипнеш, Чали, сѐ жежит, сѐ те изгорува.


Не, не давај се, некој допевкан како мене ми шепна на уво,
некој како познат, како непознат. Но, но, свирит тие
лимозините, но, но, целиот град како да станал против
тебе, те ловат. Ами малку, само еден миг да позастанеш, да
си починиш малкунѕа крај она оградчено, да прибереш
малку душа, но, но, внимавај Чали, ќе те видат низ про-
зорецот, ќе те заклучат и по телефон ќе повикаат полис и
ќе те однесат во хоспитал, кај ненормалните, нормално.
Но, не, нема каде да одиш, право, само право до каде очи
ти гледаат... Тоа си свесен, Чали, и тоа најповеќе те боли те
изгорива. Но мој френч, гледаш ти си заробен во овој пуст
град. Вчера по трагедијата со Андреја Петрески, братучед
му Ристо Петрески, како избезумен почна да корка по
луѓето, рече:
- Робијаши! Робијаши! Да си знаете, ние сме ро-
бијаши!
Еве одам како осуден, одам како најцрн роб, што оти
немам синџири на нозеве, на рацеве, тие ми се во душава,
срцево ми го оковале. Зар од тоа имат поголема, поцрна
робија, Чали. Но, мој френч! Како кутриот осуденик што
секиден и дење и ноќе, секое мало минутче си жеднее за
пуста слободица, за она виделина на хоризонтот што со
ништо не се измерува, што вечно ќе остане неизмерена,
така јас Чали сум певкал лутајќи низ стритовите. Сам со
себе сум мрморел, можеби и молитва сум пеел, сум го
молел Бога да ме престори во некоја тишка, лишка, обично
врапче, ќоро врапче, да одлетам, некаде далеку да
одлетам... Да не беше океанот, Чали, ќе си земев едно
стапче, една чутурица, ќе го фрлев торбето преку рамо и ќе
тргнев!
Сѐ наоколу е бело, чинев влегувам во вода, а тоа
само така да ми се присторува,бело. Сонувам на јаве, Ча-
ли! Соништа, соништа, ќе ме побудалат... О, мој френч!
Наеднаш сум се нашол во центарот на градот, ќе ти рас-
кажам за да се насмееме малку... Сум се замешал со едни
музиканти, банда. Војна музика, парада! Ме зеде матната,
си мислам, марширам, одев со луѓето низ градот и така не
го знаев, за да го запознам. Се туркав, се џбуркав низ тоа
народот, внкаат тие, викам и јас! Најпосле застанавме крај
еден споменик, се полагаа венци, се држеа говори, се
свиреше химната. Сите стоевме мирно. Гледам луѓе со
многу одликувања на градите, сигурно некои херои,
команданти. По химната народот запеја некоја песна, пејат
тие, пејам и јас! Природно. После некое време народот се
растури, а јас продолжив да одам... Одејќи се најдов пред
едни високи светли шуми, прекрасни, некако како златни
шуми. На тие дрвјата по гранките виѓавам секакви птици,
птици со златни крилја, птици со зелени очи, птици што
говорат, птици што и на сон не сум ги видел, Чали. А долу
под големите сенки, во тишината се шетаат секакви
животни, од сите бои, од сите шари што имаа на кожата.
Едно време, гледам, животните се собираат околу едно
високо дрво, близу мене, се собираат од сите страни и
гледам некако чудно, потсмешливо се загледуваат во мене,
како да ми се смејат исто како оние типој кај милбарот! -
Зар и животниве, - сосема ми се запали душава, решен бев,
Чали! - Застани, будала! Кај си тргнал, ова се царските,
кинговите паркој, - исплашено ми се јавува тој зарипнатиот,
допевканиот човек, што по гласот малку ми идеше како
познат. - Застани, не мрдај, - велит. - Ај да ти плукнам и на
животот, си реков, - што да застанам кога самиот господ ме
донесол на местово...

И така, мој френч, ти се најдов среде царските пар-


кој. Природно.
*
* *
...Мелбурн Хералд, 14. 3. 72, вести, Мистер Лич,
министер на националниот сервис, а етплојмен е чисто
национален сервис, Чали, етплојмен не е национален
сервис, Мистер Лич, министерот на националниот сервис
изјави дека Џенералс мотор Холден во Мелбурн испушти
2000 работници, а до мај ќе испушти уште 1500... чекај си
генерален штрајк, Чали... Шпиунот Дејвит Џонс
Бенгам на 31 година е осуден на 21 година робија
зашто му дава на Русија сино писано за царската морнарица
и за припремањето на системот на подморниците. Кога ќе
излезе од затвор Дејвит Џонс Бенгам ќе има 52 години... Лош
бизнис, Чали! И со нас е така, пријателе, нашиот човек овде
го викаат гутфорнатинг, што на наше ќе значи добар за
ништо... Најлош бизнис, Чали... Се предвидува убаво време
за Мери мумба... ќе се бират мис на Пацификот, Чали...
Од вторникот градот се спрема за парада.. Лези Клукас на 21
година од Бендарод од силно сонце падна на плеќи пред да
почне парадата.. Таа е сега во царската болница во доста
лоша состојба... земена и здрвена.. Свршила работа Чали...
Лези Клукас, Лези Клукас, чинам, нема такво име кај нас
Чали... Но, но, но! Јас сум еден најголем гутфорнатинг,
пријателе! Дојдов до заклучок дека животот е ужасен...
Работам, работам, а ништо, натинг! Понекогаш еден
глас ми се јавува, како некој познат човек на увце ми
говори, така, обично пријателски - Зошто си се родил
човече!? А јас ете не знам да му одговорам, не знам
зашто сум се родил, Чали! Из- безумувам, станувам
лош, зол, нечовек, а што е најстрашно изгрубува во тебе
фелингот, пријателе... Како човек се осеќаш никој, -
Зошто, зошто!? речиси тоа ме брка од првиот час... уште
од дете...
Не ме сака мене животот, Чали! Што можев, френч,
кога не те сака и финиш! Будала во туѓина сакав да
станам човек, имав преголема желба да се докажам, да
се извлечам... Гутфорнатинг! Уште на самиот почеток се
сопнав на првиот чекор... Проклет да беше часот кога се
запослив во стилворкот, Чали. Уште на влезот, како во
затвор да одиш, на робија, камен, камен, со прст ме вика
еден полисмен ме носи во офисот кај службениците...
Почнаа да ме прашуваат за нешто, а јас не ги разбирам.
Ме прашале за сосема прости, познати работи, име,
презиме, кантри, земја кој си, што си ама кога не
разбирам. Ете кога не го знаеш јазикот не си го знаеш
ни името, природно. Како детуле си, френч, се учиш да
зборуваш, се учиш да одиш по улица како за инает ќе се
погоди да одиш на ронг сајд, на погрешна страна... Тој ти
вели ваму, ти како слепец одиш таму... Службениците
почнаа да се лутат, да врескаат, гледам, како со грешен се
однесуваат, еден ме влече ваму, друг таму, еден ми вели
едно, друг друго, ништо не разбирам... Боже, нека се пусти
и работа и сѐ само да се извлечам од овој кафез,
куртулвачка да имат, да излезам надвор од капијата, ми
доаѓаше да ги земам нозете под мене и да ја спраштам,
магла, да ме нема... Уште малку и мислев ќе се задушам,
осеќам воздух немам, Чали осеќам оти се губам... Ме спаси
господ, не можев повеќе на глас кога викнав: - Југословен,
Југословен! И тие малку како да смекнаа, Чали, повикаа
еден толмаш, ми вели:
- Што си ги исплашил луѓево, бре нашинче?
- Јас сум ги исплашил луѓево!?
- Јест, ми велит, речи с о р и оти никоја матна не ќе те
собере!
- Како да речам, го прашав.
- Соори! Така ќе речиш, ќе се извиниш!
- Сори, им реков.
- Луѓето фино, културно те прашале како ти е името,
рече нашинецот.
- Името! Тоа ли зборуваат толку време, му велам, за
тоа ли е врескањето... Јест, ми велит нашинецот, а мене
тогаш што ми дојде една смеа, нешто ме терат на смеење
толку да бидит, Чали! Господе, се смејам!
- Море нашинче, ти здраво си во умот, ми велит
толмачот, престани оти овие не знат многу смеење, ги
гледаш вака културни ама кога ќе те каснат како змија за
срце да те каснала!
Престанав да се смеам, Чали. Се погоди и името да ми
биде лошо, многу македонско, па никако не се спелува во
австралиското. Во таков случај ќе мораат да те прекрстат,
ми велит толмачот, така е во Австралија, нашинче, штом
не се спелува името, босот те прекрстува, тој ти дава име!
Отпрвин интересно ми беше, како ќе биде сега возрасен
човек да крстиш, да прекрстуваш... Ајде да го видиме и тоа
пријателе, си мислам. Ме одведоа во една голема хала, тоа
како менза, работничка менза.. Беше пауза, холот беше
полн со работници, јадеа.. Нашинецот од некаде донесе
едно кофиште полно со вода и едно савче за чај му го зеде
на работникот што јадеше во близината, алуминиумско
савчуле... Со тоа босот те прекрстувал! Човекот од кого
толмачот го зеде савчето, веднаш престана со јадењето,
гледам во торбулето си го бери лебчето и грозјенцето. Како
под некоја команда и другите престануваат со јадењето, кој
што има си прибира в торбиче. Полека светот се
приближува, се собира наоколу... Гледаш веднаш се
наоѓаш од сите страни затворен, заграден од тие неми,
чудни луѓишта. Тогаш босот, мистер Батли, нацрпи со
савчето од водата и тоа ти го турива врз главата, како Исус
во реката Јордан, до три- пати така, три савчиња ти турива
и на третото ти дава име, ми вели:
- Ју Чали! Ти си Чали!
- Чали!
- Гут Чали!
- Бој Чали!
- Чали! Чали! кога наеднаш гракнаа тие луѓишта
наоколу, Чали, Чали, Чали!
- Чали, блумен бастер! Крваво копиле, Чали!
- Ха-ха! Чали! Природно и јас се смеев, пријателе. И
јас се дерев: - Ју Чали! Ха-ха!
Тогаш и не ме болеше толку, френч. После, кога ми
помина жешкото, кога остина малку, гледаш оти како тел
ти го изгореле срцето, те свиткале, во душата ти нап-
равиле голема, преголема рана Сѐ некако поминува,
френч, поминувало и маките и тешката работа и челичните
фурни ги забораваш, ама ете тоа савче со вода, тој миг, тој
момент потоа со денови, со ноќи не ви излегува од
главата... Кога ќе си спомниш на кој начин си прекрстен, -
Еј, јас сум Чали, - во сонот викаш, корниш, твојот глас
како крик на исплашена птица во ноќно време ги
пробудуваш сите луѓе. а ти несвесен продолжуваш да
викаш: - Јас сум Чали! Јас сум Чали! Што избезумуваш,
нашинче, велат луѓето, прибери се, не е тоа ништо, како
болва да те каснала ќе помине, легни, спи, не е само со тебе
така! Легни спи, ајде де спи! Не не, никако не можеш да
заспиеш, поткосници те фаќаат од таквиот сон. Потоа со
часови како будала зуриш во ноќта, во која ни пиле, ни
петел се слуша Во таков еден час некој познат- непознат ти
се јавува, чиниш како близок, како пријател, а тој со своето
шепотење сосема те доизгорува, - Зошто си се родил,
човече, прашува и се кикоти, - Зошто!? Тогаш човек
избезумува, станува зол, лош, а што е најстрашно
изгрубува во него фелингот, нема чувство, нема ништо...
Натинг!
Не, не, пријателе, сега цел свет ќе ми биде мал...
Збогум, Збогум!
КОЛКУ КИЛА ТЕЖИШ И КОЛКАВА ТИ Е
ЦЕНАТА

Кучето на Бате, тоа веќе ми летнало за ваму, гут лак.


Но, Батенце, чекај, појаваш, што велат, број до три па
рипни ја реката сори, нешто не сме се разбрале, како што
треба, мило, та ќе морам уште едно советче да ти дадам без
пари. Арно што си отишол на пазарот во Баска, лак, што си
го нашол мајсторот, Илчета Плоскоски, сигурно оту ќе
почекаш за капата, не многу, една-две недели време, не се
тоа туку капи, ами како, тие се специјални глави, бет лак.
Многу ме смири за пивото, бравос, сигурен бев оти не ќе
ме срамиш, ама пак, ајде реков, да не не знаеш, а ете ти си
го знаел тоа, си го разбрал од порано, орајт. Но, батенце не
сме се разбрале, ич не сме се разбрале, душиче, пари за
патот ќе се најдат колај работ за пари, рековме, туку
вистината, неа пустата некако како да ја втераме во
умчињава наши меки, кажи ми тоа нешто како да се
спечали. Нешто грешно сме се разбрале, Бате, ми честиташ
за работата, но гледаш, ти не знаеш ништо, не си ме
сфатило, сори, натинг. Навистина јас сега овдека вака
живеам, таа ми е фирмата и работата. Прв градинар во
Кинг хоспитал фри ментал, бет лак, гледам оти ќе морам
зборче по зборче секое нешто да ти го толмачам, децорај.
Кинг, на арно само да излезе, на наше е крал, цар, и вака, за
уво не звучи лошо, хоспитал пак, ова зборче ти кажува
болница, кога ќе ги спелуваш арна работа излегува,
Кралска, Царска болница, како сакаш, сигурно оти тоа не е
мала работа. Да видиме понатаму како стојат работите,
третото зборче веќе јас ти го објаснив во писмото, фри
кажуваат слобода, а ментал ум, кога ќе ги спелуваш,
бјутифул испаѓаат работата слободен ум, ама сѐ на сѐ
кога ќе му го удриш калемчето добиваш едно нешто,
лудница Дом за умоболни, за грешни луѓе, бет лак сори.
Ич не ти ојде умот зошто те молев писмава да ми ги
испраќаш до нашето попче, бет лак, што мислиш бунт,
револуција да направиш ти овдека вака, та некој само
полуд и од најлудиот може на човек во вакво место да му
пишува писмо, многу сори. Како дојдов, како стана што јас
се најдов на ова место, не вјасај, имат време, за се
подробно ќе ти напишам, а сега толку за ова, бидејќи
знаеш со каков страв и криење ги пишувам писмава, колку
труд и мака ми треба за секое писменце, луд, се кашкам со
книжишта, како пердуј листиштава летаат во собчево, не се
погодува секогаш зборот, едно сакаш да кажиш, друго
испаѓа, а доста сум ти слаб во точките и запирките, бет лак.
Советчето што сакав да ти го дадам е ова, бидејќи за
две недели пак ќе одиш на пазарот за да си ја земиш капата,
значи по мера ти ја шиет, лично за твојата глава, алшколсум,
арно сте ја ујдисале со мајсторот, велам, бидејќи ќе си на
местото, што велат, со еден трошок та нема многу да те
кошта, скокни, лебати, до касапниците, тука ти се, не се
далеку и како знаеш ќе го побараш Горета Касапчето, така го
викаат, со него ние малку поработивме во кланицата овдека,
вака, многу поздрави го од Балево, здравоживо, и замоли го
да те мерит на тој кантарот касапски и да ти кажит токму
колку кила тежиш и да ти изесапит колкава ти е цената, сори,
и без да си ја знаеш ц е н а т а немој да тргнуваш на пат, не
летај со умот. Не се смеам, Батенце, не се ова никакви
заебанции, пак и да се насмејме арно ќе биде, и тоа си го
сакат животот, да се насмејме, што друго.
Ај за да се насмејме, куре мое весело, едно нешто
најсмешно да ти кажам. Еден ден, ноќ беше, аку не и
полноќно време, во хостелот стана ваква смејурија, бет
лак. Недокрстениот Павловски, Мистер Рик, значи, на
наша Ристо Павловски, сори, направи најголема сме-
јурија. Уште бевме тазе дојдени, првиот, вториот месец,
а јас него го запознав уште на Бродот и тој навистина си
беше малку недокрстен, беше страв и трепет за луѓето,
секој мораше да ја почитува неговата команда, децорај. И
самиот за себе, тој, чудна работа, не си имаше којзнае
какво мислење, напротив, велит, од мене, деца, многу ве
молам да се вардите, немојте со мене многу да имате
работа, оти кога ќе ме фатат мајките, можам чудо да
направам. И не само што не се фалеше, тој такви груби и
страшни работи си правеше, воопшто во него не
живееше, мислиш, чувство за човечност, со еден збор,
напуштен човек со запустен ум, од кого, сигурно, и мај-
ката и таткото со време кренале раце. Бог да го прости,
чуден човек, тој ни кон себе не беше ништо поарен, аку
му засметаше прстот, прст ќе си скршеше, аку нешто но-
сот му додеваше, носот ќе си го искинеше, аку заб го
чепкаше, три со клешти ќе си извади, сори. На крајот на
месецот ги прими парите и после три дена воопшто не
одеше на работа и, чудно, беше добар, сите нѐ зачуди,
три дена да истрае никого да не чепне, да не се скара,
некоја пакост да направи, тоа веќе не личеше на Мистер
Рик Павловски. Дали славеше нешто или за мајка му
спремаше задуша, не знам, после разбравме што била ра-
ботата, подоцна за тоа, тој ден дојде со такси полно со
гајбиња пиво, замисли, колку што бевме луѓе во кемпата,
четириесет, толку сори, толку бевме, толку гајбиња со
бокси пиво донесе и едно коше мали рипчиња, бјутифол.
Без наредба луѓето ги растоварија гајбињата со пиво, им
нареди да се стават во фризите, а самиот првпат отиде во
кујната и цела ноќ ги гушеше рипчињата, иако не спиел
цела ноќ. Што прави, кој е маж да го праша, сите чекаме и
ќе видиме, тој самиот ќе си каже, таков чуден човек.
Инаку, тој никогаш не влегуваше во кујната, се други си
имаше дежурни, како ратајци, како снаи да му бевме, освен
со Џан што не се чепкаше, тие дали се знаеја од порано или
не, не знам, но двајцата, барем отворено, никогаш не се
чепнаа, н љубел господ, како нив, така нас, бет лак, тогаш
ќе мораше цела Австралија да гори, без претерување.
Други го переа, пеглаа, кондури му чистеа, воопшто многу
пак држеше каковгоден и што годен да не излезе, бјутифол
изгледаше кога ќе се костумосаше, вистински Мистер. Во
тие први месеци, организмот ненавикнат, оти на нашата
душа и тело ноќта им беше ден, како денот на работа што
ни беше ноќ, од што во прво време станаа такви пакости и
несреќи крај машините, малку само да те земе сонот и си
свршил човекот, го рушил волкот, што велат, та, со дватри
збора и тоа да ти го кажам, кога ќе работиш, ќе гледаш
умот да не ти заспие, не тој сори, не тој да ти командува,
туку ти нему, батенце, умот ќе ти рече. Тоа е, слепец,
твојата лева рака, лева Да јадиш лајна, ќе му речиш ти,
овде е Австралија, шупелко низаеден, ова ми е десната,
финиш.
Нејсе, тоа за работата уште рано, имат време, да ви-
диме со рипчињата до кај втасавме, па не се заспива дол-
го во ноќта и тие се најтешките саати, сѐ ќе се заборајт,
ама таа страшна несоница, бате, затоа пред зора некаде,
веќе истормозен умот од секакви мисли, па човек сепак ќе
отспие час, два, колку-толку на работа да не одиш без
никаков сон. Орајт, баш во тоа време, нё пробуди тој си-
те, слатка миризба на пржени рипчиња, беше ги испржил
мајсторски, па така, ги наредил во чинивчиња во
трпезаријата, за секого по едно чинивче, а имаше и цела
војска да нарани, сори, и пред секого по една гајба пиво.
- Па, повелете, велит, како денеска ѝ паѓа годината
од смртта на нашата другарка Ратка Кажиеска, издавач и
книжар скопски, која за македонското национално дело,
точно на овој ден си го положи својот живот во Др-
жавната болница во Скопје, па по тој повод, молам, рече,
за нејзината преблага душичка, повелете за задуша по еден
касај, тоа што дал господ!
Со ова тој многу нѐ изненади, па како е редот, ама
пак со пусто ребрење, не ќе биде ли некоја ујдурма, зад
сево, непредвидлив е човеков, понесигурен од водата, бет
лак. Да ѝ дејдиса, демек, како што се вели рековме, а тој
на сите човечки, така, со голема пристојност ни враќа,
Амин, во рајски градини да ѝ оди душата, А што, сестра да
не ви беше Ратчето, прашуваат некои будали, Не, за такви
работи во друг ден тој ќе те земе преку светила, ќе ти речи,
Што зборуваш штогодни работи, научи се прво како човек
да зборуваш, па после повели, да разговараш со мене, Ова
за ум, за ум ќе те остави без здравје, сполај богу, во
фрижидерите секогаш држевме мраз, сори, ќе те акне по
браќата и финиш, а ќе си ставиш малку мразче и орајт, си
ги спасил биљбилчињата, лак. Но овојпат, тој, ете,
поднесуваше и такви лесни муабети и без разлика колку
тие да беа празни и беспредметни, тој ќе ти одговори
мирно и сосема човечки. Не, брате, ништо не ми беше, баш
нешто нарочно не ми беше, така се познававме од работа.
А, од работа, што вие бевте книжар, писател, издавач. За
писател, треба дома да си седиш, тоа си е друга работа, а
ние си немаме таков дар. Е, да, велат луѓето, за сѐ си
сака дар. Да ѝ дејдиса, Мир во коските, и сѐ најубаво,
Колку пиво да се напиеме, Колку што ви се пиет, велит,
можете да си го оставите и за вечера, цел овој ден е
задуша, Па навистина да ѝ дејдиса.
Чуден ми беше кусиот разговор што го имаа по тој
повод со Џан, разговараа сосема на нивни дијалект, сори.
Џан вака му рече: - Значи, у м р е, му рече, Бог да ја
прости, Јес, умре, му одговори Мистер Рик, - Која беше по
ред, пак праша Џан, Седма, му одговори Павловски, Седма,
рече, бет лак, Сите бог да ги прости, рече Џан, А тие
к о п и л и њ а , пак праша Џан, Тие копилиња сум овдека,
му одговори Рик, - Бог да те благослови, рече Џан, со сета
почит кон покојната, примете го нашето искрено
сочувство, Павловски! Овој разговор, сериозен, машки
разговор, кај Лимпета од Стругав, Мистер Ли, еден
недоквакан, едно непечено во умот, предизвика гргорица,
се насмеа. Боже, кога му светнаа очите на Рик, кога му
светнаа искри како сите свитулки на веков да беа во
неговата глава, за едно секунде целата кемпа се наполни од
тие искри, светулки, чудесно нешто, какви кочници тој
тогаш си стави не може со збор да се доискаже за да не го
поништи, толку требаше - само со здивот ќе те удави
човекот, финиш. Значи, тие кочници биле во него, нас сите
вистински сега ова нѐ замисли, што човек е Мистер
Павловски, што душа? Но тој не издржа многу, ама пак
отпрвин сосема човечки рече: А зошто не сакате да речите,
човече, Да ѝ дејдиса на Ратчето, ве молиме!
Па, овој се збуни. Добро де, аку ти е таква по кејфот!
За каков кејф зборувате, Мистер, кога и како со прстот
како секавица му помииа крај левото око не виде никој, но
на подот толку се чу, ме уби, браќа, окото! Тука веќе
немаше помош, едното око се испразни, финиш. Па така
доста мачно се заврши тоа утро, тој остави се, батали, а
веќе беше време да се тргне на работа, гут лак.
Вечерта до доцна тој не беше уште вратен, којзнае
кај скитал низ градот, бет лак, дојде, како што реков, не-
каде кон полноќ, дојде и со глава ја отвори вратата, ја
отвори и вратата летна, а и не беше од прво качество,
нашите мајстори тоа уште првиот ден го сторија на дикат,
Ни дрвото, ни работата не им е првокласна, рекоа, но за
хостелот тие работи сега да ги оставиме за подоцна. Влезе
и право од врата вика, Мистер Ву, Еј Мистер Ву, еј Гаду, еј
Никој, Еј Ѓубре македонско, Еј најдобар човеку на светов,
Господине Мистер Ву, сакате ли да спасите една нашинска
душа, еден голем бедник, можам да речам најголем, еден
најлош човек што го родила најнесреќната мајка. Еве,
велит, сѐ ќе ви се плати во готово, Мистер Ву, направете
го тоа добро! И последниот си има цена, е па да видиме
која е мојата цена.
Мистер Ву, пак, батенце, си беше посебна, ако може
така да се рече, особена сорта човек, бет лак. Тој беше
староседелец, меѓу првите што дошле во Австралија, уште
порано, пред р е ф о р м а т а , како што повели еднаш тој
самиот да се изрази, така, уште пред таа тој ја намирисал
работата кон каде оди, бет лак, си седнал еден ден, си
размислил арно, го направил есапот и - магла, си рекол,
бегај со време Вангеле. Умниот Вангеле, па оттука Мистер
Ву, спасувал глава, но неговата човечка приказна секако
заслужува да се соопшти, децорај. Тој сега беше повратник
во хостелов, нешто пред нашето доаѓање беше се вратил од
Норд, си мислел каде да оди, па кога пресметал, есапот му
покажал дека е најдобро повторно да се прибери во
хостелот и аку тој, таму си имаше и своја куќа, издадена
под кирија, се разбира. Толку да кажам, ретко, многу ретко
некој кој еднаш живеел во хостелот, посакал уште еднаш
да се врати на тоа колнато место, таквите луѓе веќе
воопшто не ги сметаа за луѓе, гутфорнатинг, си живее, се
разбира, но никој веќе не му прави чест како на жив човек,
натинг. Тој таму во Норд беше си спечалил една тешка
болест на белите дробови речиси секој ден го чекавме, а
зошто живееше и зошто бог не го земаше, што сила уште
го држеше, тоа навистина никој жив не би можел да ми го
каже. Тоа беше нешто грандиозно, како тој толку со таква
мака проживеа толку месеци, така повели да се изрази
нашиот поп при закопот, бог да го прости. Трипати
запаѓаше последниот месец и трите пати којзнае кој Бог го
оживе, трипати Попот дојде да го исповеда, а тој само така
со зинати очи и без збор го гледа Најпосле, зар му се сма-
чи, таков човек, па вака му вели на Попот: „А за која ра-
бота ќе ме исповедате, Господине Попе, што грешка сум
сторил во животов, никаква, никаква грешка не сум нап-
равил ни кон бога, ни кон човека. Ќе умрам, без гајле, само
уште малку причекувам децата да ги видам, тие ми се на
пат во морето!" Ете што го држело, но не дочека, умре една
недела пред да втаса жената со децата, таман на седумте за
деветте дена. Тука тој како повратник, рековме, живееше
сосема понижен и мизерен живот, а бил силен и мошне
вреден работник, работел и секакви работи и освен во
недела, секој ден во две, во три смени, бет лак, имаше
спечалено доста пара, па и сега повеќе т о а го јадеше
отколку ракот, што, ете, плуе тука.
Не само тој, ретко некој да преболе ден да остави без
работа, каква било работа, колку и да е платен, само да не
се пропушти денот, цент - цент, берикатврсан. А не му се
чепкаше ни во спечаленото, бет лак, никако не му
излегуваше есапот, па аку беше до тоа тој ќе одеше и во
хоспитал, можеби ќе се залечеше, но преесапил, ако легне
во хоспитал ќе му оди сета заработувачка, па уште еднаш
ли ќе се роди повторно да ги спечали тие пари, финиш. Та
за да не чепка во тоа, а сепак да проживее некако, тој се
вратил и во хостелот, тука ако не заврне ќе капне, така си
му рекол есапот и не го излагал, а многу не му требаше,
речиси ништо не му требаше, колку за нај ќе се најде некој
да му подаде од обинно човечко милосрдие едно канче чај,
за не знам какво човечко чувство тука не може да стане
збор, но тој тоа поубаво го знае од нас, и боже чувај, такво
нешто да прими. Но, велит, ве молам, на овој начин многу
ќе ме навредите, немојте, нема потреба, а една чаша вода
може, за тоа би ви бил многу благодарен, за друго сполај
ви многу! Но, ако земе, е па чакај, вели, кога си толку
добар, чекај, да се одборчиме дај јас да ми ти преесапам
колку те платиле и како те платиле, бидејќи босовите се
многу расипани луѓе, а и не го знаат најарно есапот, не им
оди, нив дај им само буре пиво, во есап многу не се
разбираат. За оваа о с о б е н а услуга тој, велам,
наплатуваше по многу ниска цена, а најслатко му беше при
пазарот за пари, цент, цент, чист да ни е есапот. Со овој
бизнис тој си стекна голем број муштерии, та кој од нас по
таква крвава работа, блакем вастер, не се чувствуваше
поткраден, оти сепак нешто се згрешило, му скусиле, пците
босови. Рака на срце, брате, тоа многу ретко се случувало,
во тоа луѓето беа орајт, но грешки се случуваа, ама ни тоа
не беа којзнае колкави пари кога човек би бил цел во умот.
Но, на гурбет центот е позначајна работа и од милионот. За
милион и да те излажат, натинг, ама ако те излажат во
центот, страшна работа. Не ми е за парите, вели човекот,
ама зошто така зошто да ми коби, ујгун после да ми оди
работата! Во тоа беше мајсторлакот, на такви есапчии
какви што беа австралијанците некој да им излезе каршија,
бет лак, да им ја најде грешката, полезет центи од тие
човек да не знае. Аир и берикет, колку влакна на главата,
сори, а тоа можеше само еден меѓу сите нашинци во цела
Австралија, само Мистер Ву. После јас видов дека тој како
математик, есапчија, им беше познат на сите луѓе и сите
чесно, за таа негова дарба зборуваа со почит. Можеше да
му дадеш девет броја и што сакаш, на саат гледај, ќе ти ги
изесапи за едно секунде, побрзо од машините во Австрален
бенк, бјутифол мозоче. Јес, без претерување, колку што
другото здравје му беше за никаде, мозочето му работеше
како саат, таков голем математик, и во зборојте можеше да
го познаеш оти е таков чуден, чудесен дар. Го слуша
човека, а после како во загатка ќе одговори, ќе рече на свој
диктат, Погрешен ти е есапот, брате, еден и еден ти си
мислиш оти се токму два, А колку се, мајката, ти ме
правиш будала, еднаш така се спречкааа со Николета наш,
Николе како Николе, ем Мистер, си Николе, Ај вели да ги
прашаме луѓево, да видиме кој ќе биде прав, Луѓево -
многучислено е тоа нешто, му одговори Мистер Ву, а
Николе, тогаш заврти со глава, На кој диктат зборува,
господ да го разбере, Еден и еден, колку се, брачет, еден и
еден, не се два? Сори, не знам на кој начин изесапуваш
Мистер Ву, и првпат дознав колку голема работа ти бил
есапот, еден и еден не се два, бате.
Нејсе, бидејќи Мистер Ву не можеше ни на нозе да
стои, Мистер Петрески клекна крај неговото зглавје, па
така сега тихо, човечки, аку напиен, вџашен, со врел јазик
му вели, - Мистер Ву, еве, ги гледате овие мани, сиве ќе
бидат ваши, цела рака му беше полна со доларчиња,
сигурно се тоа пари добиени на комар, сиве пари велит,
крваво се спечалени, жими бога!
- А што сакате, кутар, исто така тихо, со полојна душа,
што се вели, му одговори Мистер Ву, што ви е маката,
човече? Па тоа, Мистер Ву, тоа, многу ве молам да ми
пресметате колку е цената за еден човек, ваков како мене, не
за поарен, туку како за ваков последен, тоа ми треба вечерва,
не вечерва, сега, овој момент да го знам, оти ако тоа веднаш,
моментално, него разберам, верувајте ми, за мене веќе немат
живот, свршено! Верувајте ми, за мене веќе немат живот,
свршено! Финиш! Ајде, му велит мирно Мистер Ву, ве
молам, Петрески, Мистер Рик, соземете се, не сме деца, тоа
е, богати, мајтап, брате, не е човечки! Какви се тие
мангуплаци, за срамота со болен човек па тоа е гревота,
најдолно нешто, човече. Па колку чавките да ви го испиле
умот, пак не бидува дотаму, каква цена, брате! Ве молам,
Мистер Рик, не подбивајте се со болен и стар човек! Болен
да, ама колку беше стар Мистер Ву, па тој немаше повеќе
од четириесет и шест- седум години, а изгледаше како
старец од сто години, бет лак. Не, тате, му велит Павлоски,
јас сега ви давам човечки збор, не е тоа никаков мајтап,
овде тоа ми е, внатре, ме дави, ќе ме удави, имам голема
мака, барем спас, ви давам збор! Превртлив карактер ти
беше, но кога ќе речеше ви давам з б о р, тогаш никогаш,
никогаш не постапил поинаку, толку до тоа држеше, до
зборот. Еве ви пари, колку сакате, барајте уште, еве, рече,
ќе земам капа и ќе просам, ќе соберам, вие само прееса-
пете ми го тоа, молам, никого досега, и тоа да го знаете, не
молел Павлоски, ова ми е првпат. Но, ќе ве излажев, еднаш
Ратчето сум го молел за прошка, еве, вистина, првпат ми
беше тогаш! Еве земете ги доларчињава, ваши се сите! Не,
не, живи бога, како така туѓа пара, ајрлија! Слатко е само
тоа со пот што ќе го спечали човек, Мистер! Па ајде
преесапете, заслужено земете си ги, молам! Пардон, за тоа,
многу сори, вие само преесапете! Но, но, вели, не ќе може
тоа така, а после јас од подамна сум излезен од стар крај,
не ги знам цените на животните намирници, погрешен ќе
ни излезе есапот! Ние сега сме дојдени и арно ги знаеме
цените, без гајле, вие само прашувајте, без гајле за тоа!
Очигледно со голем напор, му поверува за маката, а
можеби тој веќе тоа го преживеал еднаш штом попушти,
штом се сложи на такво бесмислено нешто. Па ајде, рече,
да видиме вака на пример, сега колку ќе чини еден
килограм овчо месо во стар крај. Во овој страшен есап,
батенце, полека сите се замешавме, боже, да ми кажуваше
некој ќе го сметав за некој нечовек, а бет лак, и самиот во
сето тоа учествував! А, еден килограм шеќер, Тос шеќер
или калапчиња, Па и едниот да видиме и другиот, Ајде да
видиме колку му е цената на калапчињата, На калапчињата
толку му е цената, напамет ја знаеме сите, жени, сори,
вистински жени, ами килограм телешко, Аха, килограм
телешко значи толку, а килограм јунешко, Аха, тоа горе
долу толку нејсе, а килограм леб, Лебот си остана по стара
цена, Гледаш, браво, а овде се пренесе оти и лебот го
прекрстиле арна работа, ами едеи динар наш колку одит
спрема марката или зелените пари, тоа тој го знаеше но
повеќе го праша за да нё испита, како добар учител што им
го пренесува знаењето на учениците, Е, бравос, така,
батенце, тој сите тие цени и килограми ги стави во својата
глава, промеша таму, помина доста време, а ни збор ни
одгор, сори. Па каков е есапот, праша со растреперен глас,
тој глас не ни беше познат кај Мистер Рик, како испадна,
колку ми е цената? Но, не знам, рече и после толку време
најде сила и стана од креветчето, па така нога за нога, како
месечар почна да шета низ кемпата, скраја да е, како да се
зеде во умот, каков голем ум имало во нашите луѓе, бате.
Трабул, проклето! А по него големиот Рик, Што, не знаете,
ме лажете. Како ве лажам зар би се откажал од бизнисот,
не спомна пари, не сори, ми застана умчево, финиш! Гут
лак, ајде спијте, у т р е нѐ чека работа, нов ден, што велат,
нов касмет, Ајде легнете си сите, гут лак, ќе помине, без
гајле! Нога за нога тој повторно си се врати во креветчето
и со мака, како ранет пес, се свитка, а лично со своја рака
од глава до петици го покри и тоа со голем дикат лично
самиот Петрески, и така со липање на глас му вели, ви
дадов збор, мене веќе ми нема спас, збогум! Еј, будала,
викна тогаш Мистер Ву како струја да го фати, еј, лудо,
каде, чекај! Кажете ми ја цената, Мистер Ву, како бога ве
молам, која мие цената, човече! Цената, сега се распали и
Мистер Ву, како да му се пушти гласот, па како, му велит,
како јас имам срам, јас имам човечки срам, бесрамен
човеку, разберете, не ми дава срамот! Речиси се задави, ќе
го удавеше кашлицата, но без оглед на сѐ , нешто го
тераше со пена и крв да го рече тоа што го велеше, Срам,
како може т а к а, велит, еден човек да биде подолу на
пазарот од една овца метлива, бет лак, бет лак! Јес, значи,
толкава ти е цената, Мистер Павловски, бет лак! Но, после
речиси крестеше, беше како оние изгубени ноќни птици,
Но, крестеше Мистер Ву, Орајт, Орајт, и тогаш многу му се
снеарни Орајт, Орајт, Орајт, велеше Мистер Рик и цела ноќ
му престоја над главата, а утрото лично се погрижи не
само за поп, туку со попот донесе и лекар. - Проштевајте
деца, аманте проштевајте, овој збор никогаш не излегол од
Мистер Ву, не памтете го тоа што го реков.
Гласот сосема му беше пуштен, бет лак, како да му се
очистиле градите, умираше. Па ретко, кој ваму меѓу луѓе,
со луѓе да испушти душа, будали, дури тогаш видовме
колку точен му бил есапот што повторно се вратил во
хостелот, финиш.
Гут лак, мило батенце, прави што ќе правиш, не
заборави да одиш кај Горета касапчето, ти само поздрави
го од мене и тој арно токму ќе те измери, ќе си ја видиш
цената
невестата и океанот
Писмава се автентичен дел од огромната преписка
што секојдневно ја врши Матицата на иселениците на
Македонија со нашите сонародници во Австралија. По- буден
од литерарен интерес прочитав повеќе стотици од овие
писма. Морам веднаш да признам, зад невештите и рапави
редови на овие писма, пишувани од работничка - печалбарска
рака, сретнав нешто што не сум го нашол во многу наши
убаво, украсно печатени книги. Под сувиот регистарски знак
почувствував едно живо, едно неразделено срце од својата
татковина кое бие, што буди. Мојата работа беше
незначителна, чувствував човечки и писателски долг, дел од
овие содржини да ги пренесам како што јас ги видов и
почувствував - освен две писма кои се лични, за сите други
строго се држев за нивната автентичност.
Живко Чинго
ПИСМА ЗА ТАТКОВИНАТА

Тричетирипати прекрстен - Во турско време ме


викаа Ѓорѓи Јордана, а на школо Јорданов. Дванаесетта
година дојдоа Србите, станав Јордановиќ. Избегаа Срби-
те, дојдоа Бугарите - пак Јорданов. Се вратија Србите, пак
Јордановиќ, И, ете, до денеска Јордановиќ. Досега моето
име четирипати е прекрстено.
Пак ќе речам се гледа срцето какво е, а не името. Да
ви пиша има многу за кажување и за турско и за бугарско и
за српско, - ја Ѓорѓи Јордановиќ, од село Слатино,
Охридско, што од тој себап четириесет и една година не
сум ја видел мојата мајка Македонија Поздрав од далечна
Австралија на милата татковина, незаборавниот стар крај.
Се родив и ќе умрам Македонец - Драги пријатели,
ви се јавувам од далечна Австралија каде што живеам
повеќе од четириесет години. Уште од мал сум запознат со
борбата за ослободувањето на македонскиот народ. За
Македонија и дедо ми и татко ми си ги оставија коските.
Јас сум роден во турско и Турчин не станав, сакаа да
ме направат Грк и тоа не станав. Се родив и ќе умрам
Маќедонец. Во Австралија дојдов 1927 година. Десет го-
дини работев за една фунта неделно. Живеев во беда. Не се
вратив дома од срам, да не речат селаните, - гол отиде
уште погол се врати. Дома оставив невеста и мало дете,
ќерка ми Лена. Но како и да е, Македонија за сево ова
време не ми излегвеше од умов, дење и ноќе на неа ми-
слев. А и денеска за тоа се борам. Полн сум од радост дека
еден дел од Македонија е слободен, дека се учи и пее на
нашиот јазик, дека имаме наши школи, универзитет и
црква Што да ви речам, мили браќа, срцево болно ми беше
и оздраве. Сега со уште поголемо чувство верувам дека
никој не може да нѐ уништи. Ми се роди во мене старецов
сила и желба да не умрам дури Македонија не биде
насекаде призната.
Ние овде посилни сме од сите што сакаат да нѐ от-
кажат. Во местово каде што живеам, Квинбиен, има мно-
гу наши луѓе и сите ние заеднички, со сето срце работиме
на нашето дело. Црквата ја купивме. И мене и на сите
срцата со радост ни се исполнети зашто знаеме, - она што
го правиме го правиме за нашата Македонија. Топли
поздрави до милата земја Поголеми успеси и уште
посветла иднина на Македонија, ве поздравува Ѓорѓи од
Австралија.
Кога Австралија спиет - Четвртокот, (4. 5. 67), де-
сет часот, навечер, по австралиско време. Ја читам кни-
гата што ми ја испративте. Драги пријателе, срцево ми
трепери за таму, за нашата убава земја. Се извинувам ако
оваа дописка не е добро составена, и нема толку точки и
запирки, али мислам ќе можете да прочитате, голема е
љубовта за родниот крај. Поздрав до сите во стариот крај,
ваш Ангеле Мангалоски, до гледање.
... Не сум некаков поет, ниту некој добро што го знае
нашиот македонски литературен јазик. Јас сум едно просто
дете од Македонија, што пораснав во туѓина Зборовите на
мајка ми и татко ми ги произнесував со страв, со трепет во
срцето да не би допрат до ушите на оние кои нѝ забранаа
да си говориме на наш мајчин македонски јазик. Колку е
тоа голема срамота на нашиов век! Ваш сонародник Ѓорѓи
од Шепартон, Австралија, роден во село Буково, Битолско,
Македонија.
... Драги пријателе, дознав за драгата Историја на
македонскиот народ, а за што најповеќе ме интересира Ќе
ве молам штом го добиете ова писмо да ја ставите цената
колку ќе кошта за да ви испратам пари за да можам побогу
да ја добијам милата книга, - со нетрпение чекам. Значи,
така било со нас во минатото! Македонија како проскура
делија на еден, на друг, на трет, а не Македонија на
Македонците!
Ајде сега здраво, со здравје да ве најдит писмово,
благодареи на оние, две убави книги што ми ги отворија
очиве - Цветан.
... И друго, да ми испратите некоја книга како е соз-
даденаМакедонија, ваш сонародник Божин.
... И тукашниве весници пишаа за бугарските писа-
тели што не сакаа стејтменот да се направи на македон-
ски и ние останавме многу задоволни од нашите маке-
донски писатели. А исто и грцките весници овде не знаат
што пишат, како да нѐ наречат. Ќе биде подобро ако на
календарот ставите една мапа од целокупна Македонија, да
си го видам моето родно место Буф, Леринско, Васил.
... Мил пријател, нема ништо посилно од своето,
поубаво, тоа човек овде најубаво можит да го видит. На
оваа голема далечина, преку морските и океанските води,
далеку, многу далеку од родното огниште. За тоа можит
овде животов е таков тежок, што сме многу далеку од
Македонија, што нѐ гризит мислата дали ќе се вратиме...
Топли сонароднички поздрави, го поздравувам и ко-
лективот на Радио-телевизија Скопје и целиот македон-
ски народ ваш сонародник Никола Петрески од Мелбурн,
Австралија
Писмото од Крис - Драги пријателу, се извинувам
што си земам за слобода да ве прашам нешто, а можеби и
грешам. Пред извесно време прочитав во еден австра-
лиски весник да Австралија и Југославија склучиле до-
говор за уселување на 60000 (шеесет илјади) Југословени, -
а тие верувам повеќето ќе бидат Македонци. Дали тие
наши луѓе што ќе дојдат во оваа далечна земја се запознати
со работата, климата, животот и општо со сѐ во оваа
земја?
Многу млади си мислат Австралија сјај и богатс-
тво, лесна работа и многу пари. А кога ќе дојдат ваму се
тепаат по глава Оти многу обратно ќе биде. Треба луѓето
пред сѐ убаво да бидат запознати, - да ние Југословените
ги работиме најпоследните и најтешки работи. А
навредите, пцовките и понижувањата што ги примаме за
незнаењето на англискиот јазик се без број. Ја запознав
Австралија добро. Видов повеќе пропаднати наши
Македонци кои немаат патот да си го платат за да се
вратат. Робови стануваат на западниот живот, ги грабнал
во канџите и тешко ќе се отргнат. А исто голема тешкотија
на Македонците ни причинуваат четничките, бугарските,
усташките и разни други партии, ги има безброј. Како цел
свет да станал против нас, како окото да му го ископавме
некому. Да не ве замарам, Македонец сум, прилепчанец, и
сакав само да им објаснам на нашите луѓе кои сакаат да се
населат во оваа земја. Ваш Крис.
... Не, не заборавам за Македонија Долго време по-
мина од кога ја напуштив милата татковина, родната ,
убава Македонија, - за која на нас печалбарите срцето ни
плачи. Ние сме се одвоиле од нашите браќа и сестри и
пошле во далечен свет за живот и среќа, да заработиме
корка леб. Тешкиот живот нас нѐ натера на емиграција, на
секојдневно иселување на сите страни по светот. Нека се
срамат тие што ја донесоа до таму работата, јас не се
срамам што сум Македонец. Каде било да се најдвиме ние
сме од Македонија. И се гордееме што сме нејзини синови,
- Костадин.
... Првин би сакал да ви го преставам моето име, се
викам Старкоски Благоја, роден 1946 година во село Јан-
коец, Ресенско. Иселен сум пред две години. Сега се на-
оѓам во градот Камбера, Австралија. Работам на мојата
професија што ја стекнав во стариот крај - дограмаџија.
Независно што сум се иселил од мојот роден крај, моите
мисли до ден-денеска се таму, постојано ја сонувам уба-
вата, цутена Преспа, Преспанското и Охридското езеро, а
исто и сите наши полиња, планини и реки. Сонувам, и само
сонувам, што ќе бидит оваа работа! Далечни поздрави до
целиот македонски народ, до гледање.
... Го добив писмото со поканата за 25-от јубилеј за
слободата на нашата татковина Македонија. Од колку што
ми беше во срцево мајка Македонија досега, уште толку
повеќе сега ми отворивте рана за НЕА. За жал, моите
работнички финансиски средства не ми дозволуваат толку
голем мастраф. Ви ги пуштам моите и од мојата фамилија
најсрдечни поздрави и ѝ пожелувам на нашата мајка
Македонија најголеми успеси во иднина соединета од сите
страни, гордост за нашата историја и нашиот народ. Сполај
ви за поканата и со срдечни поздрави, секогаш ваш другар
Петре.
... Мили браќа, ако е возможно да ми испратите карти
од целокупна Македонија, да ги растураме по на- шиве
луѓе за да си ја видат мајка Македонија. Зашто имат луѓе
од нас Егејците што не си ја виделе цела Ма- кедонија. Ако
можит да се наштампаат и тие села што се бришани од
картата како Банчар, Д'мбени, Косинец и многу други од
Костурско и Преспа.
... И едно прашање: колку ќе чини да ми испратите
неколку илјади? Одговорете ми, мили браќа, Ваш Ристо.
... Драги браќа, да ви кажам, ме престрашивте, еве
решив да дојдам и да си ја видам нашата родена Маке-
донија за првпат по триесет и две години од како сум
дошол во Австралија. Ќе се видиме пак! Поздравете ми го
Миајлета и Миајлица и ќе му кажите баш нему лично ќе му
кондисам некој шест месеци, та сакал ме, та неќел. Да си
знае вака, што ќе прајме да се насмејме малку... Сега сакам
да ве поздравам сите таму до нашето пристигнување,
Крсте, До гледање.
... Драги пријателе, твоето писмо го примив денес.
Истото ми причини мошне голема радост. Вие и самите
знаете дека јас не сум достатно писмен човек и дека за
мене не е лесна работа пишувањето на писма. Сакам да ми
верувате дека за мене мојот престој во стариот крај
значеше и значи навистина многу. Длабоко во мојата ду-
ша носам мили и топли спомени од среќавањата со наши
сонародници и од она што го видов и чув во нашата род-
на земја. Макар што не пишувам често писма, сакам да ми
верувате дека спомените се многу живи и дека имам силна
желба со секого од нашите луѓе тука да поприкажувам за
она што го видов и чув во нашиот роден крај, Ваш Ристо.
ЗА ЖИВОТОТ, ЗА РАБОТАТА

Ниту на земја, ниту на месечина - Сакам со некол-


ку зборовн да ја искажам милоста за мојата татковина
Македонија, која е осеќам во бескрајност! Сакам уште
нешто да напишам, а тоа се маките што уште првиот ден
кога дојдов овде ме пречекаа многу горко, како пелинот.
Прво во заглавие пишав милоста и радоста кон мојата мила
Македонија, но, се извинувам, маките не ме оставаат прво
да ја напишам милоста.
Како вчера да беше, а еве се сторија две години во
пуста туѓина. На другиот ден кога стигнав во Австралија се
запослив, тоа беше 27 јануари 1965 година. Само малку со
ред да почнам, како беше. Сабајлето на 27 јануари, требало
прво на десно раме, ме зеде еден милиционер, - ајде Ристо
да видиш што е печалба. Како регрут од капија ме однесе
во една канцеларија за да ми земат податоци. Ми зборуваат
нешто, ништо не ги разбирам, викаат, се лутат... И ми се
смееше и ми се плачеше, така се одвиваше моето
запослување, како со ненормален човек, како со будала да
имаат работа. Потоа милиционерот ме однесе во еден
голем магацин на фабриката и тука ми дадоа нешто и во
војска што не сум имал. Железни чевли, глежнаци
војнички, капа железна, маска за прашина, мантил нарочен
да не гори и наочари. Кога се ставив на мене и кога се
погледнав на едно прозорче си реков, - на месечината да не
ме пуштет?
Ела ваму, ми велит милиционерот, и ме носит во
една фурна за топење на железо и тука ме предаде на еден
службеник. Пред два саати железото беше дотекло од
фурната и нас нѐ натераа да влезнме во неа и тулите
надвор да ги извадиме. Влеговме во фурната, не постојавме
две минути и избегавме. Аку имат пекол, што го кажват
старите, тоа беше пекол. Неиздржливо нешто, не-
опишливо. Ужас. И сѐ така, со извинение, влези-излези,
сѐ дури ја доисчистивме фурната.
Потоа слеговме долу за чистење канали каде што
пламенот одит под земја. И ете, тука, во тие канали се
имам топено како сланина што се топи на оган. Чевлите
вода ми се наполнија, не пот, вода, пријателе, како низ
реки, езера, мориња, како во најдлабоко да сум газел. Ете
тука осетив како се топи човечкото тело под притисок, ете
тука ја преколнав Австралија и тука половината здравје ми
се одзеде од животот.
Издржав петнаесет месеци, колку што ми беше до-
говорот. Не можев повеќе, избегав. Појдов во Перт да ба-
рам работа. Еден месец седев без работа. Перт е најжеш- ко
место во цела Австралија. Никако не може да се види ни
дрвце, ни трева, се е пустина Цешко. Безброј луѓе паѓет во
несвест, туку го гледаш од добро стоење се свиткал како
погоден од куршум. Ја не знам какви се овие топломери
нивни, ме збунват, покажват 163° Ц. Оваа недела беше
неиздржливо нешто, се прекина сета работа за седум дена.
Спиевме во едни големи фрижидери.
Од градот сме отстранети 1300 милји, со авјон од
градот до ова пусто место идев 6 саати. Морам овде, во
градот платата е мала, 18-19 фунти, од кои десет само за
стан, ништо не останвит. Многу се пишманиме сите,
особено оние што си ги донесоа жените и децата. Многу се
плачат, сега нема каде!
Се сеќавам на онаа приказна што ми ја кажувал Де-
до Ристо, по негово име сум крстен, онаа приказна за
Силјан Штркот, што залутал по светот. Тој Силјан, јас
Ристо, си мислам, исто. Пусто да останит! Сево ова пи-
шано е накратко, има уште големи маки и патенија,оке-
анов душава не можит да ми ја разладит, џежит внатре,
цежит уште од првиот ден. Ваш Ристо од далечна Авс-
тралија.
Петнајесет Македонци под број - Петнајесет души
Македонци сме се собрале под број и се веселиме со две
гајди стари, овчарски. Каде и да одиме домородното си
влече, ако даде бог пак ќе се вратиме, бидејќи самото род-
но место како магнет го тргат човекот. Еве ќе ви ги на-
ведам под број сите:
- Јованоски Јордан
- Јованоски Науме
- Јованоски Крсте
- Петроски Науме
- Петроски Кице
- Петроска Нада
- Петроски Коле
- Терезијани Готе
- Крстаноски Ило
- Колески Сандре
- Лажоски Ило
- Дуклески Коле
- Жупаноски Ѓорѓи
- Рембоски Димитри
- Рембоски Спасе
Кога пејме македонски песни срцево ми е полно,
големи поздрави до милата земја од нас петнајсет Маке-
донци од далечна Австралија.
... Драги пријателе, милно и топло те поздравувам,
јас Коле од далечна Австралија. Научи, тоа што не ти
пишав бев болен. Паднав од една скала како што пентев
(бојадисување). Сполај богу, сега можам и да се движам.
Сум имал касмет, останав жив.
Мил мој пријателе, ми пишуваш да си дојдам, доб- ро
ми велиш ти, а и јас тоа го мислам, да си дојдам со целата
фамилија и децата да ја видат Македонија, да си ја запознат
татковата земја, но сега за сега не чекај ме... Ти испраќам
пет долари да се напиеш некое пиво, поздрав до тебе мил
пријателе и до целиот македонски народ. Со милост, твојот
пријател од далечна Австралија, Никола.
... Драги пријателе, ве молам, веќе не ми го праќајте
милото списание на мојата адреса туку на мојот пријател
Коле. Јас се поболев и го изгубив видот, од таа причина, ви
се молам, Ристо.
... Мили мои сонародници, јас сакам да ја напуштам
оваа земја и да се населам во Скопје, - до колку можам да
најдам работа Сакам децава да ми завршат кај нас
училиште и факултет. Поголемото ет трети клас гимназија,
а малава четврто основно. Сакам поопширно да ми
одговорите на овие мои прашања. До колку имат шанса да
знам, одма ја продавам куќата овде, парите в џеп и за таму!
Сакам да бидат таму мојве деца, јас убо ја видов
Австралија, ја знам, Драган.
... Желбата моја никогаш не може да изгасне за
родниот крај. Затоа ви се обраќам со неколку прашања.
Овде работам во една голема железарница како високок-
валификуван машинобравар. Читав во Скопје се изгра-
дила железарница, - дали можам во скопската железара да
се запослам како висококвалификуван? Дали Југославија
ги признава австралиските стручни квалификации? Дали
можам да купам стан во Скопје, Ваш сонародник од
далечна Австралија Илија.
... Драги пријателе, го примив вашето писмо и се
разбрав што ми пишувате. Сполај ви за се! Еве и јас сега да
ви напишам едно мало писменце со кое накратко ќе ве
запознаам со мојот живот, што вас многу ве интересират.
Две години овде сум, уште не знам кај ми е умов, како
виножито ми се кажвит Австралија, ми се вртит во главата
Ваму не сакам моето старо куче да дојдит и да живее.
Пустиња, Сахара Уште првиот ден кога се запослив во
овие цешки фабрики луто проколнав, а и себеси! Кога ме
одведоа во фабриката каде се топи железото, тогај почна и
душава и телово да ми се топи, најголема беља да сторев во
Југославија олку не ќе бев осуден. Не се сметам сам себе
на печалба, на слободен живот, туку на најцрна робија.
Затвор. Сол и леб да си макал, остани си дома со дечињата,
твој Коле.
... Здраво пријателе, ти пишувам од најдалечните
македонски колонии на Австралија. Можит ќе те ража-
лостам, ама, верувајте, ова морате да го знаете, некако дг
се ставн крај на овие срамотилаци што ни го валкат на-
шето чесно, работничко име. Македонецот е секаде баран
работник, аку нѐ пцујат, многу се грабет по нас. Но има
поедини македонски печалбари кои по цели ноќи се
спроведуваат во баровите, хотелите, кафеаните, а зората ги
најдува по улиците полегнати како просјаци. Многу е
жална таа слика. Се противат со властите, идат во сукоби,
никого не признаваат, прават секакви нереди. Тие воопшто
не мислат веќе за своите мили во Македонија што можеби
од нив чекаат касај леб, тие општо го срамотат нашето
чесно име македонско. Ова многу ме жалости кога го
гледам со свои очи и затоа реков да ти пишам, извини, Со
другарски поздрав Глигор.
Брат брата не рани - Драги пријателе, мил прија-
теле, ова што ти го пишувам е најскапа работа за мене. Ако
ми се сврши, не знам со што би можел да заплатам, мислам
немат такви пари.
Работата е во тоа што јас некогаш имав брат, а се
изгубивме, сега немам никого, го барам брат ми, во тоа е
работата. Помогнете ми да го најдам, драги пријател. Вака
беше:
Мајка породи во село Вапила, Охридско, тогај се ро-
ди брат ми. Од денот на породувањето мајка беше жива
уште шест дена На шестиот ден му рече на тако ми: - Носи
ме во болница оту осеќам голема тежина на снагава. Мојот
тако ја однесе на шестиот ден по пороѓајот, мајка на
седмиот ден умре. Доктор Шорко и доктор Милосавлевиќ
биле заедно во болницата и му рекле на мојот татко: - А
сега на детево што да му правиме? Татко им одговорил: -
Ене, близу е езероно и фрлете го! На ова докторите многу
се изнасмејале, а татко ја зел мртва мајка за закоп. Детето
останало во болницата во Охрид. Оттука го пренесле во
дечиот дом во Скопје, а по некое време управата на дечиот
дом го понудила татко ми за да си го земит мојот брат, ама
мојот татко не бил способен да платит 150 илјади динари и
така мојот брат останал таму и се изгуби.
Јас бев шест години и шест месеци кога умре мајка
Што сум можел? А исто и писмово кога го добивме од
Скопје јас бев слуга, слугував за едно парме леб и така..
Сега имам пари, сиве пари што ги спечалив ги давам само
некој да ми го најдит брат ми. Кај не пишав, пишав секаде,
во Косел, во бившата општина, во Охрид, во болницата, во
Скопје, во дечиот дом, од никаде немам одговор. Мил
пријателе, душо братска, научете ме како да си го најдам
брат ми? Ваш Николоски Вељан, од Грингила, Австралија.
... Здраво пријателе, поминуваат ден за ден, долги
денови. А тагата голема. Секој печалбар мисли за назад.
Ох, земјо моја! По три месеци ја напуштам Австралија и
одам за Канада ! Каде уште ветрот ќе нѐ носи? Големите
пролетерски штрајкови ме направија во голема замисла.
Останавме без работа, без пари. Пропагандата е голема,
лакомоста незаситник. Човек бил човек со татковина, што
сме ние? Птици селици, летај низ океанот... Нѐ мразат, нѐ
гонат, но, сепак, знам, мораме да издржиме! Многу е
далеку, далеку, мили браќа, ваш Живко од Порт Кембела.
ЗА КНИГИТЕ, ЗА ПРАЗНИЦИТЕ

Убаво што сте згрешиле - Драги пријателе, го при-


мив вашето писмо од 22 мај, а во врска со моето писмо
испратеио од 12 март оваа година, - кое се однесува за
комплетот на Историјата на македонскиот народ кој по
грешка беше двапати испратен до мене. Веднаш да ви
речам, убаво што сте згрешиле не сакалдисувајте се, не
гинат, во сигурни раце се. Не плашете се и за парите, мили
браќа, еве сега вака ќе направиме: јас со ова писмо ви
праќам по пет фунти инглиш да ја измирите вашата сметка
и за вториот примерок. А за понатака вие не мислете што
ќе правам со комплетот, дали ќе го продадам, дали ќе го
поклонам, дали ќе си имам две истории, моја работа. Со
најголем почит Јован.
...Драги сонародници браќа, и сестри, многу ви
благодарам што ми ја испративте Историјата на маке-
донскиот народ. Никогаш да не ги заборавиме нашите
големи маки и тргалишта, страданија. Сега веќе се осло-
бодив, не мислам веќе никогаш да ни исчезнит нашиот
роден КРАЈ. Аку не е срамота, знајте, како мало дете
плачев кога ја прелистував Историјата. Сполај ви многу!
Ви благодарам и на крајот многу ве поздравувам и ви
пожелувам успех во работата во нашата мила татковина
Македонија. И ги поздравувам сите сонародници по це-
лиот свет, ваш Крсте од далечна Австралија.
...Нашето златно македонско писмо многу ме уте-
шува и не само мене, туку целата наша емиграција. Коп-
нежот е неизлечлив за родниот крај. Само тој што е многу
оддалечен од својата земја, одделен со илјади километри
од својата татковина, само тој знае каква радост може да
предизвика секоја средба со се наше, македонско, родено.
Нашите желби се секојпат едно, да ја видиме и чуеме
потполна, слободна целата македонска земја, - пуштајте ни
кннги, мили браќа, - срдечни поздрави од вашиот
сонародник Гоце Ѓорѓиески од Њукастел, а роден во Лева
Река, Преспа.
...Драги мој пријателе, не оставам збор македонски по
неколкупати да не го прочитам. Тој е за мене најголемата
љубов кон татковината. Силно се чувствувам Македонец.
Ваш сонародник Климе, од далечна Австралија.
...Како второ, пронајдете ми ја и испратете ми ја, до
колку сакате, брошурата „Историско-политичка ин-
формација по македонското прашање", издадена во но-
ември 1968, објавена во списанието „Разгледи" бр. 2. На-
пишете ја цената на истата На крајот примете топли
поздрави, ваш Трајан, До гледање.
...Би ве молел, праќајте и книги, списанија, сѐ Ма-
кедонско за да се учи малата Билјана, кога ќе се вратиме во
стариот крај да го знае мајчиниот јазик. Ако не го научи, за
нас ќе биде голема срамота. Таа е мала, од шест години, а
ние се ќе платиме, не жалиме фунти. Среќа и живот на
сите, Тихомир.
...Што се случува со македонските филмови? Дали ќе се
испратат до нашите општини или ќе се продаваат на Џон
Павлидис? Ние има една година немаме добиено.
Павлидис ги купил, (кој му ги продал нему), - тој прави
бизнис на наша штета, да не испаднит со наши камења по
наша глава. Народот чека да види свој, македонски филм.
Сигурно треба да оди на грчките или бугарските!
...Сте имале некоја Историја на Македонија* , во ме-
ки корици еден долар, а со јаки два долари. Еве ви ис-
праќам осум долари, сакам да добијам за сите пари. Кога
читам за нашата историја ми се чинит оти сум таму, во
Македонија. Исто му честитам на докторот Филиповски
Ѓорѓи на успехот во Братфорд, Енглеска. Таа радост ја
делиме сите способни Македонци. Со поздрав ваш сона-
родник, Бане.
...Сакана, убава татковнна Македонија, на први мај
добив една убава книга и на корицата е снимена рибарска
мрежа што е фрлена во убавото Охридско езеро. Оваа
книга ја гледам секоја вечер; ми истагува срцево за Езе-
рото и златниот песок, во село Пештани. Да ви се
претставам, Биткоски Ангеле, од село Пештани, а сега на
печалба во далечна Австралија, град Камбера.
.

..И те молам една книга од полниот живот и полни


болести да ми испратиш, колку чинит ќе си платам, твој
Борче.
...Здраво браќа, Македонци, Вашите книги ги доби-
вам и многу ви сум благодарен. Сега ред е да платам, како
сакате, да ви пуштам живи пари, долари, или во чекче?
Ваш Цветан.
Писмо од Мелбурн. - Сега ние тука во Мелбурн се
приготвуваме за јака борба против бугарската пропаганда
која ја изопачува историјата на македонскиот народ и вика
што сме ние сите Бугари итн., со милост Танас.

*Раѓањето на македонската нација, од Драган Ташковски.


...Драги пријателе, сега сме во една голема работа, се
донесе решение од народот македонски што работат во
Rockyalе, околу три илјади души сме, да се распрајме со
некои бугарски агенти. Нашите луѓе повеќе не можат да ги
гледаат Тони Пизаров Малков и Васил Бошков како ги
продават Македонците на бугарските агенти. Им ги даваат
имињата и нашите адреси за да ни пуштат разни списанија.
Нашиот народ не сакат бугарски списанија, сака наши и во
тоа нема попуштање, или тие или ние. Засега толку, а во
другото писмо малку поопширно, со поздрав Јоне.
...Драги пријателе, имам една голема молба, рабо-
тата е околу списанието Славјани од Бугарија, аку можете
да ме спасите - во тоа е работата. Ми доаѓа бесплатно и
редовно на мојата адреса. Јас од нив никогаш не сум барал
списание, па ниту сакам да го читам. Знам, го праќаат само
за да ме нервирет. Како да се спасам од оваа лигава работа
на Бугарите? Веројатно и на некои други вака му идет, та
затоа ќе ве молам, јавете им, нека не ми го праќаат
Славјани. А сега, со ова писмо ви испраќам и десет долари,
пет за претплата за нашето списание Македонија, и пет за
негово зајакнување. Ајде сега здраво, поздрав до сите
Македонци, Јован од Перт, До гледање.
Исус воскресе - Драги пријателе, Велигденските
празници оваа година беа уште повесело пречекани. Сите
сме горди со тоа, а и властите оваа година за првпат ни
излегоа во пресрет. Испратија неколку полициски коли и
го запреа сиот сообраќај по улиците низ кој поминувавме
неколку илјади Македонци во часот на Исусовото
воскреснување. Минатата година одевме по тротоарите, а
сега ни беа слободни улиците.
...особено сакам да го потцртам успехот на црков-
ното дело. Изборување за црквена самостојност на сите нас
во светот ни создаде неизмерна радост, тоа нѐ поттикнува
никогаш да не си ја заборавиме нашата татковина
Македонија.
Илинден во Куеанбиен - Драги пријатели, вие и ние,
заедно, македонското име да го чуваме како црнката во
окото. Браќа и сестри, со ова писмо и ние се вклучуваме во
нашата македонска прослава на Илинден и ако нѐ делат
илјадници километри од нашата мила татковина. Илинден
ќе биде прославен најсвечено и во Куеанбиен, ќе бидат
евоцирани спомени за нашите паднати синови, борци за
Македонија. Борбите и тешкотиите што ги претрпуваше и
ги претрпува и ден-денеска нашиот народ од некои
антимакедонски елементи нѐ соединуваат во едно. Да
останеме доследни на мислите од Гоце Делчев, да го
продолжиме неговото дело за доброто на нашиот македонски
народ. Топли сонароднички поздрави за посреќна иднина на
нашата мила Македонија, Ваш Ѓорѓи.
Илинден во Перт - На свечената академија по по-
вод нашиот празник Илинден, што се одржа во салата на
Македонската православна црква „Свети Ѓорѓија", се
донесе еднодушно решение да им се врачи едно писмо на
одговорните фактори во нашата земја и до целиот ма-
кедонски народ со најискрени поздрави и уверувања дека
националните идеали на македонскиот народ живеат и во
нас чедата на Македоннја што сме распрскани по целиот
свет. Сакаме да знаете дека сите постигнувања што ги
прави слободниот дел на нашата земја за нас претставуваат
голема радост и патриотска гордост. Постигнувањата на
полето на науката и уметноста, застапувањето и безрезервно
заложување за конечното изборување на црковните права
на нашиот народ, како и посестраното ангажирање за
одбраната од најразлични страни, сето тоа нё исполнува со
вера дека не е далеку денот кога ќе се стави крај на сите
посегнувања кон нашата земја.
Ние сакаме, драги наши Македонци, да им се заб-
лагодариме на сите оние што се заложуваат да се испра-
ќаат за дипломатски претставници во странските земји и
Македонци, а особено таму каде што живее поголем дел од
наши иселеници, - и да ве увериме дека со тоа се подига
патриотскиот дух на Македонецот во странство и неговата
вера во денешните раководители на Македонија, ваш
сонародник Ристо Алтин.
Едно лошо - Драги пријателе, едно лошо, ви пи-
шувам во врска со прославата на првата година од осно-
вањето на Центарот на Македонско-австралиската опш-
тина во Перт. На банкетот имаше 400 души, а по банкетот
за игранката дојдоа уште 100, сите над петстотини. Радост
беше голема, се играа, се пееја македонски песни... Но едно
многу лошо остави црна дамка на веселбата. Македонците
од Вардарска Македонија не дојдоа, моментално сме
поделени. Зло. Друго што да ви пишам, здрав сум, жив
сум...
ЗА ПРЕТСКАЗАНИЈАТА

Претсказание за Скопје - Драги пријателе, ова пис-


мо ти го пишувам и те замолувам да ми одговорите на
нешто необично. Можеби е чудно, но ние како синови на
Македонија, во кои и овдека течи македонска крв, не
можеме да бидеме спокојни од она што овде се шири, за
некое црно претсказание за Скопје. Тоа нас нс вознеми-
рува, - знај мила земјо, сето она што те прави тажна, да
плачиш, нас силно нѐ погодува, синовите кои се наоѓаат во
туѓина Никогаш нема да биде заборавен земјотресот во
Скопје и Дебар, а сега пак црни вести слушаме за Скопје,
драгиот наш град.
Разбравме дека на некој дописник, некој од важни-
те скопски редакции, пред неколку месеци, заправо,
зимските, во една права, страшна зимска ноќ му се слу-
чило нешто необично со некоја женска особа која умрела
од пред две години. Дописникот на времето, додека таа
била жива, имал тајни љубовни врски бидејќи таа била
млада девојка, невина, чиста, а тој женет човек, фа-
милијарен. Девојката била многу заљубена во овој до-
писник и дали се убила или од природна смрт умрела тоа
не знаеме, - ама милоста им била голема. Но во таа
страшна, зимска ноќ, кога дописникот се враќал од не-
каде, можеби од работа, што знаеме, девојката му излегла
пред него и го запрела. Тој премрел од страв, но девојката
му ја ставила раката на уста и го успокоила. - Не плаши се,
му рекла, за кратко сум дојдена, за да ти кажам нешто
многу страшно, пак ќе настрадат Скопје и тоа повеќе
отколку во земјотресот! Тоа му го рекла и се изгубила во
снегот, в час ја снемало.
Потоа дописникот како пијан во ноќта одел низ це-
лиот град и ја барал девојката, кого ќе сретнел му рас-
кажувал за необичниот настан и ги прашувал сообраќај-
ните милиционери и други луѓе дали ја виделе девојката.
Така било...
Дали е тоа само изигрување на некои неодговорни
луѓе и душмани на нашиот народ за нанесување паника,
бол на саканиот град или пак вистински постојат во жи-
вотот (ако дозволите така да се изразам) некои божји
претсказанија? Дали се знае името и презимето на до-
писникот, дали тој е се уште жив? Дали тој за оваа работа
може да напише еден допис во „Нова Македонија", или
било каде - да се разбере вистината со мртвата девојка?
Дали навистина му ги рекла тие црни вести? Драги
пријателе, ова многу би нё интересирало да го дознаеме.
Разберете, мил пријателе, љубовта кон Македонија е
голема и затоа од името на повеќе Македонци ве пра-
шуваме со надеж дека ќе ни ја кажете вистината. Еве ви
праќаме еден долар за одговорот на нашето писмо. Поз-
драви од далечна Австралија до саканиот град Скопје и
целиот македонски народ, ваш сонародник Иван од Би-
толско.
Претсказание за животот на Борче - Драги брачко,
црно ми се претскажвит, многу црно. Битисвам! Свршено е ,
ме фатија лунките, сега цел свет мал ќе ми бидит. Туку да
почнам со ред, - стануваше збор за онаа работа. Вистината
да си ја кажеме овде е суша, пустина. Окото не може да
види осотче, не нешто цветче, господ да чува! Жеништето
мое одавде како таналва ми изгледат, суво грозје. Јас сега
видов колку сум грешел душа кон жената Таа да моли, јас
прави се важен, сврти ѝ го грбот, таков ти маж! Овде таа
работа без парица, да умриш не ќе ја добиеш. Мораш да
платиш ако сакаш малку душа да си разладиш. Само на тој
начин.
Перт, гратчето каде сум јас, гледај си една најго-
лема светска касарна црна војска Работници од секаде,
Италијани, Грци, Шпанци, наши, сѐ само она што не ми
треба. Работам во една фабрика, железарница. Тешко е, но
за онаа работа понекогаш кога ни притекне ни изгледа сета
работа илјадапати потешка. Поврзано си е тоа сигурно со
човекот, не можит одделно. И ако овде не ја имаме таа сила
што ја имавме таму, сѐ осеќа човек, изгубена е таа златна
сила, ја нема Каде, и природава е овде друга, пуста. Суша.
Друго е на Исток, Петрино кај лединкине, Свети Никола на
изворине, Свети Илја, горе, да се врзиш со наша ракија,
друго е под ова сонце, без ниедно дрвче, без сенка. Таму
можев, да не се фалам, а и ме знаеш, бука од корен да
превртам, а сега се нишам кога одам, да ми се тресат
нозеве. Туку нејсе, кога дојдит тоа доаѓа. Ние сме луѓе со
таков темперамент, не можеме без онаа работа, не можеме
да живееме на суво, без таа златна водица Сигурно ти
текнува на што мислам!
Вистината да ти ја кажам, првите осум месеци вој-
нички се задоволував, ќе печалам пари. По работното
време, како скот скриј се во бањите, бањај се, пусти се,
мизерија. Многу се измачивме, особено нашиве другари,
што ги знаеш. Од скоро се поврзавме со еден менацер
битолчанец, во сабота, по работното време, по едно-две
парчиња да ни носи во бараката. Човекот тоа му е работа,
се занимава со таков бизнис. За едно качвење зема десет
долари, без бацување или нешто друго природно. Ако ја
пипнеш малку по градите уште пет долари, а рака се за-
пирала да не појди секаде, да не помилува. Исто така и
бацвењето се плаќа пет долари, отрув. Како гледаш, ем ќе
платиш, ем никакво пошироко задоволство. Таа работа не
оди без слободно да си се пуштиш во ливатчето, малку да
си поткосиш, малку да си собереш цвеќе, ова, она, ехе, и
ова е казна!
Човекот, за вистината, достоја на зборот и една до-
несе во саботата. Имало и нешто полошо, како на казан во
војска за чорбица се редиме во ред. Бељата да биде
поголема од десет повеќе не прима, кој како ќе стигне.
Толку ѝ е нормата. Ти ги знаеш нашиве, и Димчета и
Колета и Никола и Крстета и Ќороно и Немицана, очи ќе
си извадевме кој да застане на редот. Секому му се сака,
нормално. Ќе се издавевме меѓу себе, како во јануари
кучињата по кучка. Што ие си рековме, јас не знам од кај
дојдоа толку лоши и гнасни зборој, зар тоа те прави
нечовек, уште што не зедовме ножој да се поколиме. Ако е
пак прв Нелоскион, тогаш чекај до утре сабајле, кини
живци, тој едно качвење го прајт ден и ноќ, можит многу
да издржит. Среќа го разбраа и менаѓерите и не му давет
сега прв, а освен тоа нему му ја зголемија и цената, му ја
направија дваесет долари или триесет, го слекоа
Женската беше некоја Иркиња една фина женска за
право. Во панталончиња, во зелено блузиче, така спортски
тип. Многу ѝ беше убаво лицето, мало со кафени дамчиња
ситни-ситни, а очи имаше уште поубави, зелени, светли,
исти како тревата во пролет по меѓине, така едни очиња
меки, светли, да ги исцицаш. Ама оставале ѕверој. Бев дури
седми, чекајќи во редот, ми попуштија живците, не можев
да издржам, избегав. Темница ми беше, појдов низ градот
како будала Пуст градот, ќе летнит по некоја лимузина ќе
намине по некој човек...
Еве што ми се случи... Се мував ваму таму, гореш-
тина напи се пиво и пак на улица, нервозен, никаде место
не ме зема Гледам некој типој во едно кафе-млеко, се
смејат, ми ида да се бијам, ќе ме претепаат, продолжив низ
улиците, не знаев каде да кршам глава Тоа си свесен и тоа
најповеќе во моментот те боли, немаш каде да одиш,
затворен како да си во овој пуст град. И не речи судбина
како што си одев така битисан, кај скверот удрив во некој
човек, прво помислив да му се извинам, нема да му се
извинам, реков, а што знаеш пак ако е жена, ме штрекна,
жена беше! Летнав по неа, една црнкиња, не толку црна, од
оние што се жолти, боливач. - Чекај, реков сакам да се
извинам, таму на скверот се чукнавме! Ме гледат со тие
очи големи, зачудени како кај кравче, а на устите й се
јавува едно тајно, убо насмевче, - О, јест, ми велит, јас сум
крив, госпоѓице, јас исцело! О јест, велит, јас тоа сакам да
ви го наплатам, госпоѓице, повелете на една бира О јест,
мистер, ми вели. Малку да се расположиме, госпоѓице, ѝ
велам. О, јест, мистер, ми вели, две бири и две печени
кокошки му иарачав на келнерот, да ја врзам, гледам, ако
ме напушти ќе умрам, ќе полудам! Џентлмен, ми вели,
мистер Џентлмен, Италјано, но госпоѓице, Југословен! О,
јест, вели така велит и паѓа во смеа не може бирата да ја
пие, што се смеете госпоѓице. - Југословен, велит, о, баста
флакер тоа, драги бачко, на нашки значи, гол курец, Ама
јас сум Македонец, ѝ велам, ќе ти ебам чантата, О, јест,
мистер, гледам веднаш ја смени плочата, природно осеќам,
но курвински, ми ја зеде раката во нејзините и не ми ја
пушташе. (Сигурно со некој наш имала работа, ѝ оставил
добар спомен, ја задоволил), полни се баројве со наши, ич
не жалат. Таков е нашиов човек - сув леб и лук ама кога
удри! Почна и да плаче, изгорена е од некој наш, се убивам
ако не е така! Ама јас неќам да ја чепкам, убаво ми е и
мене, уште едно, уште две пива, направивме девет, и мене
ми се разнежи душава ми се пушти, и мене ми се плачит.
Се врзав малку одвај се присетив како требаше да ја
прашам.
Фри, госпоѓице, ѝ велам значи слободни сте госпо-
ѓице, Фри бој, фри мистер, ми вели таа, значи слободна
сум злато, слободна сум драги господине, да не имате
нешто бој, ја прашав, Но, ми вели, имав, но тој си отиде!
Неќам да ѝ скоривам рани само толку и веднаш преминав
на главното, ја прашав: Кванти коста, доларес, госпоѓице,
за колку време ми велит, една гала, ѝ велам, една ноќ, јас и
ти друг никој, сами јас и ти! О јест, ми велит, тоа е добро,
тоа е најдобро, ти знаеш, Македонец, џентлмен, Да се
погодиме, ѝ велам, тогаш ја згрешив, сакаше уште нешто
да рече, О јест, ми велит со бес во гласот, аку си сјоди,
реков, ќе пцојсам како пес, ќе се фрлам под некој автобус,
бев загреан, врзан од пијачката, од Иркињата, од сѐ ! - 70
долари, мистер, велит, Многу, ѝ велам, тричетириесет веќе
скршија глава, попушти малку, ќе земам пијачка и за во
хотелот, потоа и кокошка, - Добар си, ми велит, пак се
расположи, многу си добар, ајде! Осеќам сега можам да ја
искористам и без пари, срцево пак не ми дава, извадив и
цели ѝ ги тутнав в чанта, аку сака нека избега!
Драги братучед, такви усти, такво тело уште не сум
љубел! Не знам дали спиевме или не спиевме, таа ни за
едно минутче не се одлепи од мене, како да бевме си-
јамски близнаци, душата ми љубеше, тоа што никогаш не
сум го доживеал таму со ниедна жена овде во овој пуст
град го доживеав. Дали сакаш да те носам во Македонија, -
ѝ велам, ме тераше ѓаволот земен сосема, О јест, ми вели,
Но, но! почна да вреска, видов, јас плаќав за некој друг
Македонец Сигурно ме љуби и за него, помислив, како што
сме будали, љубоморни, ѝ ги зедов и парите и се и ја
истерав! Тоа сме ние брачко, да знаеш. Ќе одам, рече, ќе
одам, биди мирен, бој! Кутрата. Си ги зеде чевлите в раце и
така боса, полека, со она тајно насмевче, долго гледајќи ме,
најпосле се изгуби од вратата.
Можит ќе ми се смееш, драги братучед! Ќе речиш,
сакаш да ти го земам лебот, фантазирам! Ти знаеш колку
ми одеше книгата, колку сакав да чујам за такво нешто, -
али тогаш, во тој момент можев роман да напишам.
Излудев.
На крајот ова сакав да ти го кажам, драги брачко, за
луѓе како нас не е печалба. Ќе битисаме, нема спас, мо-
жит така ни е пишано, од пишаното не се бега, ќе ни врви
на главата. Оваа жена ми се виде како претсказание за
мојата црна иднина. Збогум, драги брачко, збогум!
Невестата и Океанот - Драги пријателе, после дол-
га ургенција на разни места во град Мелбурн, решив и вам
лично да ви се јавам. А случајот е овај:
Пред три неполни години се потпишав како жирант
на еден човек, што мене лично не ми беше никаков
роднина, ами пријател на мојот шура. Човекот на кој јас му
бев жирант се викаше Митре Јанкулоски од Прилеп, а
истиот си ја земаше жена си, која се викаше Паца Јан-
кулоска исто од Прилеп. Јас од сожалување се потпишав
како жирант на горе споменатиот Митре, а истиот тогаш
беше на работа во Кинг Камба, околија на Мелбурн. Кога
требаше да му пристигне жена му, бродски, со бродот
Патрис, грчка компанија, Митре ми се обрати со писмо,
молба, да спремам се за пречекот на неговата жена и јас
тоа го сторив, - ми пишува кога он ќе дојдит ќе се пла-
тиме.
Но, во меѓувреме, еве што стаиа со него. Во очи на
тој ден, вечерта, од радоста што му идет невестата се
провеселил со другарите и утредента сабајлината со своја
кола тргнал за Мелбурн. Одејќи така на 15-20 километри
направил инцидент. Ја тој ден се бев спремил и го чекав
пријателот да пристигнит, кога после 12 часот ми
телефонира полицијата од Кин Комба дека лицето
направило инцидент и се наоѓа во најблиската болница во
градчето Олбори.
Јас бев приморан да му ја пречекам невестата, - ис-
тиот ден бродот во Мелбурн пристигнуваше некаде после 6
часот вечерта. Јас заедно со жена ми Стефка, која беше во
положение, и зет ми Никола, со мојата кола излеговме на
бродската станица. Пошто јас лично не ја познавав Паца,
го направив следното: на бродската станица се обратив до
полицијата, која ми овозможи преку разгласна станица,
штом застане бродот да се побара наведената жена. И јас
лично, преку ред влегов во бродот и невестата ја донесов
во бродската станица Паца одејќи ме праша - Каде е мој
Митре? А јас ѝ реков: - Он сигурно имал некоја важна
работа, та можеби ќе дојди вечер да те поземи, - и така ние
сите пристигнавме во мојата куќа.
Во меѓувреме, мои домашни добија телеграма од
болницата во Олбори, дека човекот што направил инци-
дент е мртов, а на мојата мајка Спасија и мојот татко Веле
Секлески им беше многу незгодно да ѝ кажат дека мажот е
мртов. Ами после вечерта околу 10 часот мојата мајка
Спасија ѝ вика: Пацо, пошто момчето така се закасни,
сакаш ли мои синови Данчо и Ѓорѓи и јас со наша кола да
те одвезиме до таму. И таа од радост не осетивши никаков
умор од едномесечно бродско патување веднаш се сложи
да одиме. Така ние околу 10 - и 30 минути тргнавме кон
гратчето Олбори, односно болницата По долго патување,
после 6 часа вожња, од голема замора невестата во колата
заспа. А ние се согласивме да молчиме се дотогаш додека
самата не го види мртвиот. По нашето пристигнување
таму, ние се обративме прво во полициската станица каде
дежурниот ни ги даде неговите работи и ни рече дека
лицето се наоѓа во градската болница. Ние веднаш се
упативме таму и одговорно болничко лице нѐ одведе во
болничката капела, во мртвачницата. И тогаш жена му
Паца виде дека нејзиниот маж Митре е мртов, односно
погинал во сообраќајна несреќа.
Истиот ден со согласност на полицијата и власта од
болницата Митре беше пренесен во Мелбурн со болничка
кола. Неговата жена Паца само едно сакаше, - лешот на
својот маж Митре да го пренесе во град Прилеп -
Македонија.
Сега јас бев приморан да не одам на работа како би
ѝ помогнал на несреќната жена, а веднаш се обративме до
власта и со ондашниот наш поп Гогов од Штипско, кој
многу придонесе со неговата ургенција, преку нашето
претставништво, тоест, конзул во Камбера, да ѝ се одобри
на несреќната жена носење на лешот во Македонија.
Овдешната австралиска власт се противеше на тоа, дури
преку Емигрејшин во Мелбурн ѝ понуди на жената работа,
стан и оштета за настраданиот сопруг од 5000 или 6000
илади долари само лешот на нејзиниот маж да го закопа во
Мелбурн. Како жената на ова не се сложи - судбината ми
била, рече и после 5-6 недели да се одобри нејзиниот
повраток и лешот на нејзиниот маж да се пренесе во
Македонија, така да државата за неа ги платит патните
трошкови, а за лешот таа лично.
Јас и нашиот поп Гогов, кога видовме во каква по-
ложба се најдува жената, та јас лично појдов да барам
помоќ од свои роднини, пријатели Македонци, знаени и
незнаени. И така собравме 1000 долари, ѝ го плативме
превозот за покојниот Митре, а останатите други пари 500
долари направивме чек во банката и ги дадовме на жена му
Паца да й се најдат за патот кога ќе го носи лешот на својот
маж. Сега што од сево ова останува, јас како жирант на
покојниот Митре за да си ја земе жена му Паца од Ма-
кедонија во Австралија град Кинг Комба, останав да го
платам точниот трошок за нејзино несреќно доаѓање...
Иначе, јас се викам Дончо Секлески, од село Смилево, а со
стан во град Мелбурн, далечна Австралија.
клетвата на мајката
ГРОБ ЗА ДУШАТА

СРЕЌНО ЗАМИНУВАЊЕ И МИРНО МОРЕ, со овие зборови,


мајките, татковците, жените своите најблиски ги испраќаат за
за Австралија

За закопи биет камбаните - Сега, низ селата кога


поминиш ти се чинит низ пуст друм одиш. И патот веќе не
е пат, се испружил како мртоец, долг и нем. Одиш-о- диш а
нигде жива душа, ни траг од позната слика Огништата
згаснале, ништо весело не се гледа на селското небо. Тихо
е, молк. Патуваш со страв, не ет оваа тишина арно, не
излегвит од топлата земја, не ет од семето, не идет од
живите дрвја, не ет езерото, од ветерот што блажит душата,
што разбудвит сѐ во човека и срцето го правит радосно, не
ет оваа тишина од стариот манастир, од гробот на свети
Наум, што како мевлен легвит на раната и лемит болната
душа чоечка, - не ет оваа тишина здрава оваа тишина ет
како лутата змија, како северниот мраз, го стегвит срцето и
го давит, му ги кинит конците и го гаснит, му го земат
огнот. Котка го правит срцето, шчур и пуст го остават
чоекот. Глуво ет, полноќ фатила на белден. Преку полето
идет камбани, закопи. Можит се причинило, слушате,
вистина ет, камбаните биет од сите страни, насекаде
закопи.
Беља голема, ни куче, да ве лавне, ни добиток на пат
да ви се испречит како што си беше некогаш по нашите
патишта. На секој чекор тогаш да се заприш, туку гледате
на сретпат ви се истопорил некој Торко, ајсја, ниту да се
помрднат, љубопитно ве гледат, длабоко како учен, а ако
му се подопаднете тој веднаш разврзува и разговор, - здро-
живо, добро ни дојдовте, да е за убо, да е за арно, да ви е
среќна ногата, од кај бевте, пријателе, од Македонија, - а
од Македонија, о ојс, рогот си го скршил, нашинци а, е
алал ви граот, баш ми е мило, дал бог очи истерале, не
далеку, е онде - на првоно свиоче кај бавчана на сриче
Пане Тикварот, о, ојсја, стопанка, а лимузинчево државно
ет, што убаво, што лично, - бесчувствително животно, -
ниту да се поместит, рамнодушно со опашката си шврка,
што убо чиниш не ги брка туку ги гали купот муви што го
следат по целиот пат од полето до селото. Ако сте пак
толку несреќен, а ќе морате да го платите тој данок
минејќи низ македонско село, на патот, ете ви се опрел
некој Марко, кејфот му е да се потркала во топлата прав
ајдете, златникот замолете го за поминвење - утре.
Инетчијата побргу главата ќе си ја стави под секира
отколку да попушти, ни во век. Тука е добродушниот
стопан, кое фајде, прди од радост и самиот би легнал,
жими крст, длабоко му завидува на магарчето, го болит
срцето што не е на негово место. Ех! Тој е целиот земен, не
слушат, не гледат, како во нешто најсветло, најчисто
летнал во темните облаци прав што ги кренало штурото
ајванче. Пред него лош збор за магарчето не изустувајте,
не чепкајте го тука, душата му треперит, тоа многу ќе го
навредит. „Магаре е, греотица што добро, што лично, света
работа, не се биет, сој златен, благословен", најлошо ќе ве
прекорит во името на исусовата вера. И Исус одел на
магаре по земјите и го учел народот, лекувал, чистел
пирајот. Седете си потоа со сати на патот, до ноќ. Не, такви
лоши слики сега не ќе сретнете по нашите села, што се
однесува до тоа, можете слободно да си патувате, слободен
ви е патот, пустелија Едно, само ве мачит, не ви дават мира
шчо е ова и ден и ноќ камбаните што биет, што не
престанвет.
Куќите - О, колку е немо, мртво. Куќите, двориш-
тата, бунарите, шталите, бардаците, сокачињата, прозор-
циве, враќево, воденициве, рекава, водата, градиниве, др-
вјата, - како е се укочено, мртво. Сѐ е запрено, ништо не
мрдат, од никаде глас. Можеби од есенва, од јатава чавки
што ги вјавнале белите вршки на тополите, можит од
најавената бура на небото. Денот е матен, тежок, мир на
невреме. Шоферот туку тутка со колата, како со тог го
разбудит селото, не се разбудвит, немат луѓе. Ви чинит
сосема се празни куќиве, оставени. Ами и така си
помислите не ќе бидете многу настрана, што се вел сте го
погодиле патот. Аку само малку ѕирните во куќите, о боже,
од еден поглед тие одма се отворет, ќе видит како се
остарени, истрошени, а сега и есенва сосема п легнала.
Дождот како брашнар влегол во нивните пазу ви, ги изел.
Дома, влегвиш со страв, како да не е таа куќа, си се
прелагал можит, гледаш како костен пукнал таванот па низ
него мине темна, змијулеста река, о боже, небото, истиот
час сакаш да побегнеш далеку од тоа пусто место, но
тогаш ве запира нечиј глас, зар тоа не беше вистина. Од
стариот долап дојде, слушате познат глас, нешто чудно,
нешто силно чукат, можеби срцето од куќата, срцето од
куќата заборавено во стариот долап, срцето од куќата, -
трчате по скалите што се нишет во тремот сега се слушат,
во амбарот, во новшите, потоа летнало на стрејата, без здив
се потпирате на средниот дирек што ја држит куќата, -
чукат, таму ет срцето, можеби насекаде е тоа, можеби
срцето е насекаде, двете недогорени гламни во огништето
се палат зар не го видоа очите тој пламен, таа блага светлост
што ја осветли куќата, слушаш, од бунарот се јавува, во
градините ве викат, се одврзале дрндалата, низата ѕвонци со
кои чуварот ги терат птиците за да не расипват убавите
плодови во површината, - ѕвонат дрндалата, ѕвонат, ѕвонат, о,
таму ет срцето, ѕвонат, ѕвонат... Добро утро дедо Димуш, -
Дал бог добро внуче Силјане, - многу ми си се дотерало, ко
за на свадба, дедо Димуш, - Ами за нас свадба, за нас свадба,
ќе закопвиме брачеда ти Василка Василески, печалбарот, од
Австралија го изгазило нешто бог да го прости!
Старците - Одовде, одонде тихо како од турски ку-
ќи да излегвет се јавует старците. Одет на гробишта, на
закоп. Одет полека, кроце, земјата што е газет како да ѝ
боли како на себе да си газет. Тие не заушвет бурата,
секајците, силниот ветар што ги корнит дрвјата. Шчо, ќе се
искашлет и бурата ќе заприт. Погледот им се сврзал со
земјата, како нешто да барет, чиниш нешто изгубиле, што,
не се знаит. Секој сам си знаит, секој сам си одит. Настрана
еден од друг, како да не ги земат патот. И се со истиот од,
кроце, кроце. Ќе стигнет камбанчето за закоп долго биет.
На гробишта - на гробиштава не е толку глуво и
пусто како во селото; поживо е на гробиштава, се гледат
живот, луѓе. А самово место некако повесело излегвит,
гробојте варосани, чисти, закитени со цветче, со полни
кандилца, светли. Што ако во полето свирит бурата, што
ако во градините ветрот косит дрвјата, што ако небото
рикат во крв и катран удаено, - се тоа е далеку од ова
место, многу далеку, овде си се гробишта, куќа божја. Овде
е се така мирно, заградено, околнаоколу се протегвит висок
ѕид, целиот исплетен со насмеан и вечно зелен бршлен.
На гробишта, пред сите, дошле мајките. Секоја си е
на својот гроб, подбулена во црно, се во црно, молчеливо
се шчучурила крај студениот крст. Глас или плач немат
изгорело срцето, прегорело, тутун се сторило. Рацете на
мајките како канџи се вклештиле, неподвижно лежат на
црниот скут. Чиниш како во тој стисок да се собрале сите
гласој на несреќните, сите болки, патила, како и бурата во
тие раце да е уловена, запрена. А кога одат како сенки,
чиниш, чекорите им се потивки од лисјето што се ронит.
Можеби за да не ѝ разбудат синојте, ќерките, мажите свои,
можеби се плашат да не му се расипат сонот на најмилите.
О, сонот, мајкини срца, - не, не, - молчи си срце, трај,
ништо не смеит да шумнит, овде ет божја куќа, мир.
Се отворат гроб - близу влезот од црквата се отво-
рат гроб. Четворица се, тројца мажи и една старичка, тоа е
мајката Ивана Василеска. Тој што го отворил гробот е
питропот Алексо Пиргоски. Копат и туку офкат, ама од
своја мака, нему многу му тежит гробов. Се јадит сам на
себе, на левиот образ пред печес дена му се јави црно
болче, пришт, изутрината во миењето го искорна и еве,
сега го вие целото лице, сета глава. Знаеше пак дека не
треба да правит такво нешто, сите доктори му имаа ре-
чено, „да не чепкаш таква ти е крвта, блага" и, ете, тоа
најповеќе го болит што знаеше и што не се воздржа. Ѓа-
волот го натера, - не е убава и работава што ја работи, ќе
излуди. Пак, најповеќе од се го љутит пресветиот, попот
Божин, - што му е нему, песот, сува пара и тоа каква пара
ќе си ставит во цепот, арамија, да не му даит сигурно некое
доларче, - во истиот час, што се вели, го замрази, му дојде
жив да го пикнит во гробот.
Попчето се опрело на столбот под црковното трем-
че и, чиниш, ќе го урни. Силно, рудо момче, со паларија,
палаво метната на темето. Час со едната, час со другата
рака си ја глади кратката, црвена брадичка, - да можит би
си ја искубал. Нему му е потегобно, тој е во поделикатна
положба, лудости, безумие, - мрмори, му идат да си е
изедит мантијата. Но нема што да прави, ќе спроведвит и
луди и безумни работи, таква му е професијата Црна Ама
неговиот бунт, очевидно, идет од младото чисто срце. Стар
поп за толку пари и тоа во девизи, австралиски фунти, не
само што би закопвел туку и би откопвел, ајдук би станал, -
за девизи и би плачел како за свое, од срце. Поп Божина и
бурата го плашит, облаците се пониско и пониско паѓет, се
берат од сите страни над гробиштата, за инет ќе плусне
кога ќе дојде неговиот ред. „А што ветар ќе закопвит", си
помисли несреќното попче. Немајќи каде, му додева на
питропот, „Ќе нѐ фати или не" го прашува за бурата. „Ја
фаќат, ја не нѐ фаќат", цедит питропот, лицето му се
искривува од болка. „А ако нё фатит", велит загајленото
попче. „Е, тогаш јас не знам", избезумува питропот, „тогаш
мисли му ја ти, господо работа". Ја фрли лопатата и како
без глава истрча во камбанаријата и почвит најсилно да е
биет камбаната, од тоа малку како поарно да му идет, како
да му тивнува болката Та биет, биет, ечат камбаните.
Попот за да се спаси се одлепува од столчето и до-
аѓа кај гробот, се обесува на крстот. Во гробот е мили-
ционерот, братот на покојниот, во едно вреќуле ги соби-
ра коските. Внимателно, трпеливо, ги дува, ги чисти од
земјата, од ракавот ги забришува, - на поп Божин му се
чинит овој ќе го држит до утре, милиционер можит да
издржит, што му е работа „Глупости" вели попчето, му се
обраќа на милиционерот, „чисти глупости", не издржува,
му се истурива на човекот во гробот. Овој ги бери
ковчињата и молчи, од себе не испушта никаков глас, трпи
и рочка по земјата, ги прибира и најситните и најтемните
ковчиња, „Па вие сте прогресивен, современ човек",
тихолко, нешто попријателски му вели попчето на
милиционерот, - „сигурно не сте религиозен штом сте во
таква служба" - „Да", милиционерот ја крева главата, им се
пресретнаа погледите, тој, несреќникот, е жива вода, како
во јарем да бил впрегнат. „Па и вие губите, зар не",
прашува поп Божин, - „Да ми простите, ова во светот го
нема", „Да", пак рече милиционерот, но што му значеше
тоа Да еден господ ќе знае, а попчето по природа беше
таков човек што не сакаше да препрашува Столчен се
врати на старото место под тремчето, ајде нека биде, - си
рече помирливо, - прост народ, море уште колку е назад
нашава Македонија, - го жегна една ваква мисла, го дотепа
Тоа, а и блиската бура сосема го сневеселија. А над се му
тежеше избезумениот питроп со камбаните. „Е" што би ти
отпеал, бре Алексо Пиргоски, како за себе рече попчето, но
питропот никако не престанвеше со камбаните.
Мајката Ивана Василеска - мајката иаку сосема
близу гробот, собрана на едно камче, се чини како да е
скраја од се наоколу, како да е многу далеку, отпатувала.
Мајката Ивана Василеска добриот бог како да ја оставил
само за несреќи, за маки. Отишол нејзиниот век, а сполај
богу, ниту го имала. Нејзиното срце е црно уште од пр-
виот ден. Глад болестишта, војни, умирачки, умрел татко,
умрела мајка, одма по него, заедно, умрел брате, го убија
во орманот, невидено, младо-зелено, мажачки, женачки,
партизански години, Димко партизан три години, душата
да ти се стопит, да се искинит. Со стари, со деца, со девери,
со золви, со зетој, со стока, со стравој, со сиот ужас на
бедниот, сиромашки народ. Олцкај, од ден за ден, како
сточуле, ајванче, трпи, живеј, пусто да останит, надевај се,
чекај. Даде господ се ослободивме, се врати Димко, светна
оџакот, имало господ, Мачедонија се ослободи, еднаш во
век, белким ќе поживееме, ами колку, - три дни, - не било
пишано, лошата пуста пишанија, истата есен офтика го
накапа Димко, пролетта го закопаа. И тогаш вака, грмежи,
дождој, снегој, лапајци, пусто време. Чиниш потоп,
битисува земјата, се корнит земјата. Нишчо, го закопаа
Димка. Пусти Димко, ал беше Димко за в гроб, дваесет и
девет години, убав, убав, преубав, гроб да се смејт од негова
личнотија. Луѓе и големо и мало на крст да бидит, да се чудат
од негова машка убавина. Како беше - беше, мртов човек не
се држит, не ет за овој свет. Ојде пусти Димко, ајде, како да
не бил, како да не газел на земјата, како да не летал по
дуњава личниот сокол, лесна му земја, часкум како свеќа
згасна таква ѕвезда. Си умит срцето мајкино, си предит
роданот. Овој во гробов, милиционерчево, е помалиот син,
Слободан. Слободан Димко Василески, на трите месеци по
таткова смрт се роди. Посмртче. таткова севда невидена,
татково име си доби, аманет. Аку ет машко, син, Слободан ќе
се викат, аку е женцко, ќерка, исто така ќе се викат
Слободанка. Така и никако поинаку, колнатија. За да се знајт,
за да се умит, за да не се заборавит слободата на мајка
Мачедонија Да се славит, да расцутит, со секакви мириси да
се прочует во светот. Ете така, да си умриш ич да не си
жалаш, немој некој солза да сронал, песна да ми пеет
другарите на гробот, една од борбата, за да е вечна
борбата, за да е славна, ете така како човек да си умриш, со
видело во очите, ох, стопанка, слободен су умрел, шчо
лесно за душата. Карпа Ивани ѝ беше во душата, издржа,
направи како рече Димко, атер не расипа на домаќинот. И
шчо, - нишчо. Пусти живот, мамелешка И дадоа боречка
илјада и петстотини динари за месецот. Шчо, шчо виде таа
од животот? Нишчо. Згрчена од болка, столчена од
мислите таа не го чувствуваше времето, - шчо аку врнит,
шчо аку грмит, зар еднаш врнело, зар еднаш шчурело, - од
челик да биде пустото срце ќе се стопело. Зошчо останало,
таго, зошчо, севезден и ден и ноќ си думаше мајката, -
зошчо?
Сонојте - Во скутот држит дрвен војнички куфер од
покојникот, од поголемиот син, печалбарот Василко Димко
Василески. Го гушнала куферот, го држит во себе како
првостинче, ја зеле сонојте, ја однесле далеку, многу
далеку. Можит сега сонвит Василета кај се враќат од
работа, како што си беше општ работник во „Буици". Со
велосипедот кај го туркат нагоре низ Бујароски дворој, на
сите со полна уста кај велит добра вечер, здраво-живо, што
прајте, како сте, а само мајка не гледат, дојдвит до мајка -
се качвит на велосипедот и изминвит како ветар, не постојт
мајка за жива Домазет си појде, од мајка, од татко огниште
се делит. Шчо ми си, бре, Василе, скарано на мајка, шчо
згрешила пуста мајка, го опитвит во сонево, - не су ти ја
син, си имаш ти син во Скопје, од власта, големец, не ми е
мене Димко татко, само Слободану тој е татко, - не море
мајче, не море сине, која мајка делела чедо, пет прсти на
ракава, сите различни ама сите едно болат, - што ме
јадосвиш, што ме труеш... како да се вратил пак, разбуди се
на полноќи, скокни од постела, слушај како пустиот ветер
од езерото орат земјата, слушај - слушај, скочани се, ветрот
си вејт, никој од никаде не идет, глуво доба, пусти сон што
толку многу го премам- вит чоека.
Вториот сон на мајката - Ко во Австралија се наш-
ла, во градот кај работеше Василко, жалната од село кај
излегла, на пазар само до Орид и Струга, Кича не била, со
лаѓа одвит за Австралија, низ очеани, големи воѓе, мориња,
уплав да те фатит. Браној, браној, тонит лаѓата, се давет
луѓе, се давит мајката, ко излегла и се нашла на една многу
широка улица, ко слушат свирки тапани, ко Иљо Плоско со
дајрето, Брно со грнетата, Иљо Пацев со гајдата, свадба се
правело, ајрлија да е, кого ќе женат, Василета, ечат
свиркиве, ечат толку да бидит, гледам мајката Василко зет,
костумосан... ко, ја видел кај трчат низ широката улица и
викат, - мајко, златна мајко, тргни се од улицата, излези
настрана зошто ќе те изгазит нешмо, овде многу газет, како
куче, како мачка газет, не гледат чоекот, а таа пусто, не
слушат што ѝ велит туку посреди улицата трчат кон него и
колку гласот ѝ држит викат за да е чует синот, - Василко,
Василко синко... ко, во часот се отворит голем народ,
почват да возат многу коли, летет по улицата, ќе газат
мајката, во тоа го изгуби Василкота. Опитвит мајката еден,
друг, мене - тебе, да не го видовте син ми Василка,
Василко Димко Василески, од Мачедонија, оридцко, село
Климеишта, никој не гледат во мајката, никој не слушат
нејзините зборој, туѓ народ, сите ги вртат главите, како
неми сите од ред, а таа трчат по улицата, уште трчат, ги
запират сите лимузини, автобуси, ништо не ја стигвит,
трчат и опитвит, ко во пазувата најдвит слика од Василко и
ја покажвит на луѓето, сите вртат главите, како ѓупки
гледаат во мајката, проста Мачедонка, ѝ се смејат, сите
почват да се смејат, пак и неа нешчо ја терат да се смејт, се
смејт, да се смејт... пусти соништа што човеку корнат
мозокот од главата, што како најаве се ти кажват в
темница. Соништа црни птици, до неделата стаса аберот.
Почвит погребот - една од вештите жени, срина
Ристојца Коталеска, ги тргат рацете на мајката од капакот
и го отворат куферот. Почвит погребот. Попот пејт над
отвореното куферче. Тоа е од печалбарот, во него се
собрани негови работи, кошула, работничките алишта,
бричот, чешел, огледалце, риза за лице, чорапи два рала,
зимни и летни, везани климеишки, жолти, зелени, розови,
како житото во полето, кога растит, кога зрејт, сите бои,
други од таму, фабрички, пари, австралиски фунти и една
наша цела, жените уште приклавет по нешто, цветче,
босилче, шеќерче, јаболче, писмо, поздрави, стрико му
Коле Крстаноски му пуштат цела кутија цигари „Драва", и
многу те поздравува срико ти Коле Крстаноски, - попот
завршвит пеењето и дават знак за да се спуштит куферчето
во гробот. Старците молкум го заградват гробот, се
наведват над него, како да го штитат од рофјите. Питропот
Алексо Пиргоски изгорен од болки не запират со
камбаните, не се знајт што е пострашно, - камбаните или
бурата што веќе слегла на земјата. Се слушат близок
грмеж, гром. Се пушти небото, како од кобел лиет. Силна е
бурата, ќе ја убиет земјата Можит ова е крајот, последното,
така ет пишано, водата ќе погубит земјата, попот Божин не
вервит, сака да бегат, прости селани - нека се издават, го
задржа гласот на мајката.
Гласот на мајката - мајката тихолко, како за себе
разговарат со синот, му велит: - Василе мајкино пиле, ал ми
ти е студено во туѓа земја, што земја ет, ал ми ти е тесно
меѓу тие луѓе, што луѓе се, болко, ал му е видело, мајкино,
во друга вера, што вера ет, пуста да остане... Василе,
мајкино пиле, што ми одлета од мајкини скутои, што ми
остави мајка црна до гроба, гроб да не ја земат, што ми
остави кутро брате ужалено, татко со рана на срце, пиле
мајкино, тате ми те чекаше да ми те прегрнит, болко, во една
постелка да ми легните, чедо првенче, соне татко да ми ти
чуват, слатко да ми се наспиеш, о таго, што зол час ми те
пресретна, таго ле, ал ми ти се крилца летаеќи уморнија, таго
ле, низ очеани води големи, немат кај да ми починеш, мило
ле, зашчо чедо не ми долета мајки на скуте, личотио
најлична, да си починеш, пиле мајкино, да си видиш наше
поле климеишко, наше езеро оридцко, о таго, што зол час ми
те пресретна, таго ле, ал одејќи по градиштата мајке се сети,
заборави патот, ко во наше Климеишта си рече, о пуста
болко, на пат да ѝ останиш мајко, да не ми видит, мајка да не
ми те гушнит, мајка да не ми те нахранит, напоит, мајка да не
ми те променит, нагиздат, мајка да не ми те целиват, мајка да
не ми те испратит, о пуста мајка, црна до века, што мртва
сина не виде, пуста мајка што мртва сина не промени, пуста
мајка што мртва сина не целива, пуста мајка што мртва сина
не испрати, о, клета, клетата таа... „Доста, мори мајко, жити
бате", ја молит синот милиционер, - „уште едно имат да си
кажит мајка и толку", велат жените, старичките, - „тоа морат
да си го речит мајка, оставете ја.."

Клетвата на мајката - Василе, мајкино недо, кој ми


оддели од мајка, од татко - огниште, од брате, од твоја дечица
сирочица, од твоја рода, од твој вилает, - тој што ми те од
мајка одцели, тој што ми те од татка оддели, тој што ми те од
брате, од дечиња одцели, тој што ми те од твој род, твое
огниште оддели, мајкините солзи да го изгорат, да би сарај
му се испустиле, цел свет да минит, место гроб да не му се
најдит, црна пепел род да му бидит... - Сега доста, најубаво си
кажа, си поразговара, бог да го прости, велат жените и како
со маѓија ја одделуваат од гробот.
Луѓето пак потоа, како е ред, го пуштет куферчето во
дупката, фрлет по малку земјица, велат, нека му е лесна...
Тихо е, молк, завршен е погребот.
О, патишта, пусти наши патишта! Безумно, јуриме,
бегаме, а по нас камбаните како луди нѐ престигнуваат, не
нѐ пуштаат. Чиниш низ целата земја удриле, биет камбаните,
се делит народот, срцето мое, плачит земјата.

You might also like